31 октомври, 2005

Помен за Брз „ADSL“ Интернет

Вторник, 1.11.2005 г., со почеток во 11 часот, ожалостените пријатели и корисници на Брз „ADSL“ интернет, ќе одржат помен во чест на убиениот на плоштадот Македонија во Скопје. Сите членови на поширокото семејство на Брз „ADSL“ Интернет се поканети да дојдат и да му оддадеме почит.

По 12 часот, поворката ќе се упати кон најблискиот салон на АД „Македонски телекомуникации“, убиецот на Брз „ADSL“ Интернет, при што ќе бидат предадени преостанатите приговори и барања за раскинување на договорот со Непријателот.

Мала дигресија: Купете го утрешниот број на Дневник и свртете на 12-та страна.

Што се однесува до прашањата за раскинување на договорот:
  • МТ, со mail-от што ни го испрати на 14.10, како и со изјавите за медиумите, фактички повторно ги менува условите на договорот;
  • според законот за електронски комуникации, тоа ни дозволува да го раскинеме договорот без плаќање на „пенали“;
  • намалувањето на брзината и условувањето со „плати екстра ако сакаш брзина“ е безобразно кршење на договорот (т.е. менување на условите на договорот);
  • МТ официјално се уште стои на ставот дека ќе наплаќа пенали;
  • телефонските разговори (кои, најчесто, ги немало) се невалидни и за нив треба и посебен приговор да се напише (како што кажа некој во коментарите, треба да се користат истите - бирократски - оружја против нив);
  • никој од р-Еволуција не може да ви гарантира дека МТ нема да засмета пенали во следната телефонска сметка, но може да ви гарантираме дека секаков судски спор за истите може и ЌЕ биде добиен (одлична шанса да покажеме дека судството е на страната на законот);
  • групната тужба се подготвува. Имајте разбирање, таква работа не се прави за еден или два дена.
Се гледаме утре на плоштадот Македонија во Скопје на блага пченица и лаф-муабет за нашиот починат пријател Брз „ADSL“ Интернет.


РЅ: Иако главниот настан е предвиден да се одржи во Скопје, тоа не значи дека некој ги спречува членовите на поширокото семејство на Брз „ADSL“ Интернет да организираат помен во сопствените градови.

„Плакатот“

Најпрвин, извинување што појавата на „плакатот“ (т.е. „читуљата“) беше толку конспиративна, но сепак сакавме да имаме изненадување за Непријателот. Онака, понеделнички.

За оние што не го виделе и не се од Скопје или Битола (dte!), премиерно на блогот и Читуљата за нашиот пријател ADSL:

Free Image Hosting at www.ImageShack.us

30 октомври, 2005

Втора шанса за поднесување на новиот приговор

Доколку во саботата не успеавте да поднесете приговор, истиот е малку модификуван и можете да го поднесете во недела (само во Рамстор, Скопје) или понеделник (31.10.2005). За повеќе трк овде.

За пријавување за приклучување кон групната тужба против МТ кликнете овде.

29 октомври, 2005

Македонија - МТ 2:0 ?

Како што пишува на Багра, на некои луѓе денеска им стигнал писмен одговор од МТ, во кој ги известуваат дека одговорот им е раскинат и нема да плаќаат пенали. Меѓутоа на многу луѓе им стигнал и писмен одговор во кој се известуваат дека „во телефонски разговор“ со вработен во АД „Македонски телекомуникации“ тие се откажале од раскинување на договорот.

Впрочем, ниту едно од тие писма не се однесува во целост на Приговорот што беше постиран на овој блог. Воопшто не се ни помачиле да видат за кој корисник станува збор, ниту пак што пишува во приговорите. Одговорите се шаблонски и на безобразен начин ја злоупотребуваат неинформираноста на повеќето корисници кои по телефон беа принудени, со закана, да одговорат дали ќе останат на ADSL или ќе го раскинат договорот со плаќање пенали.

Како што гледате од примерот на Ковач, пенали не им се наплатија на оние што поднесоа барање за раскинување договор. Дури и телефонските закани беа лажни! До каде ќе го тераат Телеком ова? За што следно ќе не излажат нас, нивните корисници?!

28 октомври, 2005

Сакате да малтретирате теткици?

Еве како: Оние што немаат поднесено барање за раскинување на договорите може да поднесат уште еден приговор до Телеком :) Приговорот се однесува на намалување на брзината на ниво на dial-up и за неисполнување на договорот поради прекинот на услугата на 25 и 26-ти октомври.

ВАЖНО: Приговорот е модифициран за да може да се поднесе на 31.10.2005, понеделник. Салонот на МТ во Рамстор, во Скопје, работи и во недела. Покрај можноста приговорот да се поднесе во салоните на МТ, истиот може да се прати преку пошта, како препорачано писмо на адреса АД „Македонски телекомуникации“ Ул. „Орце Николов“ бб, 1000 Скопје.

Има две верзии:
  1. Прва верзија е за оние што имаат потпишано Барање за користење АДСЛ услуга (тоа е оној документот кој се потпишува пред потпишување на договорот).
  2. Втора верзија е за оние што не потпишале Барање за користење АДСЛ услуга (т.е. оние што поднеле барање по телефон, и не им подметнале да потпишат Барање кога го потпишале договорот).
Целта на приговорот е двојна:
  • Да се укаже дека намалувањето на ниво на dial-up брзина е промена на договорите со што оние што ќе го поднесат ќе имаат можност до 14.11.2005 да ги раскинат договорите, а за секој обид на МТ да ги наплатат пеналите ќе се има уште една законска рачка. Како ќе се искористи оваа рачка ќе зависи од средбите со адвокати кои ќе се одржат следната недела.
  • За 15 дена да се има право на жалба до Агенцијата за електронски комуникации, врз проширена основа, зошто претходниот приговор дава основа за жалба само за мал број прашања.
Во приговорот треба само да ги пополните црвените полиња и да го испечатите во два примерока. И нормално да ви удрат штембил со бројче, при што еден примерок ќе си земете за себе. Приговорот го поднесува потписникот на договорот, или некој со овластување од него... неа :)

Ова е аспиринот, а вистинскиот лек е овде.

26 октомври, 2005

Чаре

АДСЛ-от вчера вечер не работеше, а и денес беше за жалење. А во член 5 од договорот пишува: „Операторот се обврзува: На Корисникот да му обезбеди квалитетно и непрекинато користење на АДСЛ услугата.“ Доста беше кукање и лелекање! Време е за акција.

Не е првпат МТ да дава срање услуга за куп пари. Јас не сакам да плаќам за ваква лимитирана, неквалитетна и непостојана „услуга“. Единствено чаре е раскинување!

Договорот за АДСЛ може да се раскине врз три основи:
1) МТ го имаат сменето истиот со воведување на dial-up брзина;
2) МТ не го почитуваат истиот со давање на НЕквалитетна и НЕпостојана услуга (договорената брзина не се почитува и има редовни прекини);
3) Договорот е незаконски и мерењето на сообраќајот е незаконско.

Но, за секое раскинување МТ ќе ви засмета дебели пенали во следната сметка.

Затоа главно прашање е: Како да се раскине договорот без да се платат пенали? Одговорот е: Со поднесување групна тужба до Основен суд по било кој од претходнонаведените основи. Со тужбата ќе има и барање судот да изрече времена мерка со која ќе му забрани на МТ да наплати пенали се до завршување на процесот.

Сите кои не сакаат, покрај купот пари кој го давале за катастрофалната „услуга“, да дадат уште еден куп пари за МТ да престане така „услужно" да ги д***, нека пратат мејл на bez_vrska@hotmail.com. Во пораката наведете име и презиме, место на живеење и контакт телефон. Колку повеќе луѓе се собереме толку помали ќе бидат трошоците за судењето. Во секој случај, пеналите кои сакаат да ни ги наплатат се многу поголеми од судските трошоци.

И немој некој да почне со коментари дека судовите биле корумпирани, вакви или онакви... Кој нема да проба нема да дознае какви се судовите, ама сигурно ќе дознае како удираат пеналите по џеб. Јас сум спремен работава да ја терам до Стразбург!

24 октомври, 2005

Што направивме и што треба да правиме во иднина?

Долгопосакуваната револуција најпосле се случи. Корисниците на АДСЛ услуга ја покажаа сета јунаштина и готовност бескомпромисно да се борат за своите интереси. АД Македонски телекомуникации отстапија од најавените нови цени, но нашата борба не е завршена. Врз основа на консултации со повеќе корисници и правници, остануваат следните отворени прашања:
1) АД Македонски телекомуникации ќе го прекрши член 96 од Законот за електронските комуникации ако наплати пенали од корисниците кои ги раскинаа договорите меѓу 30.9.2005 и 14.10.2005.
2) АД Македонски телекомуникации не презентираа доказ дека опремата за мерење на сообраќајот е атестирана и контролирана од независна институција. Презентирање на ваков доказ од Телеком бара и Министерството за економија. Доколку Телеком не поседува ваков доказ, не смее да го мери сообраќајот.
3) Голем број корисници забележале дека не ја добиваат договорената брзина на пристап (384/128 kbps), т.е. дека во нивниот случај АД Македонски телекомуникации не го исполнува договорот. По овој основ може и треба да се бара отштета.
4) АД Македонски телекомуникации најавија ограничување на брзината на пристап на ниво на dial-up по надминување на „лимитот". Ваквата промена означува промена на склучените договори. За дел од корисниците на услугата ограничувањето на брзината на пристап е незаконско бидејќи во нивните договори нема одредба за намалување на брзината (т.е. тие немаат потпишано такво Барање за користење на АДСЛ услуга). Кај други, во Барањето стои сосема друга цифра за ограничувањето на брзината. Изјавите од Телеком дека брзината ќе се ограничува на ниво на dial-up е спротивна и на рекламите со кои ги привлекле корисниците да склучат договор. Рекламите беа за „супер брз интернет", а dial-up пристапот не може да се смета за брз интернет, т.е. за широкопојасен интернет пристап. Бидејќи со ова се менува суштински елемент на договорот, Телеком согласно Законот за електронските комуникации мора да им овозможи на корисниците во рок од 30 дена од најавата на ваквите измени без последици да ги раскинат договорите.
5) Постои основано сомневање дека договорите за користење АДСЛ услуга содржат нечесни одредби забранети со Законот за заштита на потрошувачите. ОПМ веќе поднесе претставка до Државниот пазарен инспекторат, кој најави истрага за ваквите пријавени неправилности.

Во следните три дена ќе се поднесе уште една проширена претставка до Пазарниот инспекторат за сите неправилности околу АДСЛ „услугите" на Телеком. Притоа ќе биде предадена и АДСЛ петицијата во која се посочува на нечесноста на договорите. Истиот ден, за оние кои го поднеле шаблон приговорот од блогот ќе се објави и друг шаблон приговор кој ќе може да го пополнат и поднесат до Агенцијата за електронски комуникации. За да поднесете приговор до Агенцијата треба да се изминати најмалку 15 дена од денот кога сте поднеле приговор до Телеком. Агенцијата ќе постапи по приговорот, а доколку исходот е незадоволителен може да се поднесе тужба пред Врховниот суд. На блогот ќе биде објавен и дополнителен приговор кој ќе може да се поднесе до Телеком, а кој ќе се однесува на новооткриените потенцијални незаконитости. Се надевам дека не ве збунив со олку приговори!

Независно од претходнава постапка имаме право да поднесеме и тужба пред Основен суд. Правото на тужба пред Основен суд го имаат сите, т.е. и оние што не поднеле ниту приговор, ниту барање за раскинување. Тужбата е најдобро да биде поднесена групно и зад неа да застане Организацијата на потрошувачи на Македонија. Притоа е важно да се побара судот да издаде времена мерка во наша корист, за да може да се заштитиме во случај ако спорот потрае. Бидејќи ние плативме за супер брз интернет, а добивме непостојана и несоодветна услуга, произволни толкувања на договорите и законите, закани и клевети, нервози, загуба на време и пари, со тужбата е можно да се бара и надомест на штета.

За оние што размислуваат да поднесат индивидуална тужба, неколку напомени:
1) Групната тужба има поголема тежина и секој судија ќе биде „мошне внимателен" кога ќе решава по таков предмет.
2) Со групната тужба трошоците за постапката се делат меѓу повеќе лица.
3) Дури и да поднесете индивидуална тужба, доколку има повеќе предмети кои се однесуваат на ист случај судот може да реши да ги спои во еден.

Резултатите од консултации со правници ќе бидат објавени на блогов, а можете и вие да дадете свој придонес преку коментарите.

Наведените правни можности не значат дека борбата нема да се води и на други фронтови. Ќе ги користиме сите средства кои ни се на располагање: кампања насочена кон потенцијалните нови корисници на АДСЛ услугите, медиумски и личен притисок врз политичарите и државните институции, документирање и објавување на сите потенцијални незаконитости во кои е вмешан Телеком, контакти со сопствениците (Влада на РМ, Magyar Telekom, Deutche Telekom, International Finance Corporation), известување на унгарски и германски медиуми, известување на институциите на ЕУ... и... ајде да не откриваме се :)

Една мала незавршена приказна

Си бил еднаш еден програмер. Се викал ***** ********. Тој, за потребите на една ГОООЛЕМА компанија направил бројач на остварен интернет сообраќај. По барање на еден од менаџерите во таа компанија, тој го направил мерачот да ги краде корисниците, т.е. по некоја Х прогресија да покажува поголем сообраќај од остварениот (колку повеќе сообраќај имале корисниците, толку за Х% да ја зголемува конечната бројка).

Откако некои од корисниците на Компанијата дигнале џева, бројачот бил наводно поправен. Но, сепак, никој не можел да остане сигурен до кога тоа ќе останело така. Затоа корисниците продолжиле да креваат џева...

Крајот на оваа приказна можете сами да го напишете.

РЅ: Секоја сличност со личности, компании, имиња и случки во вистинскиот живот е ненамерна.

РРЅ: За задолжените за читање на блогот од Мактел, името не е напишано затоа што е греота човек кој слуша наредби да биде цел на гневот на корисниците.

Во меѓувреме...

Активностите продолжуваат, во меѓувреме видете го овој коментар:

Anonymous said...

Мала информација за рекетарската компанија.
Credit Express се таканаречени collection service компанија. Collection service компанија се бави со преземање долгови од матична компанија и врши наплата на истите, а со тоа зема процент или може да ги купи долговите во вредност од 80%, 70% итн т.е. да законски ги префрли долговите на должниците на свој грб а потоа да го бара 100% долг од истите. Секако тука има добивка од разликата помеѓу вкупниот долг на должниците и парата што е дадена за да се откупи долгот. Првиот или вториот начин на наплата на долгот (постпејд или припејд) се релативни не апсолутни. Како и да е тоа ти е модерен назив за служба за наплата. Нешто као инксаторите и судските извршители што шетаа по врата во комунизмот. Најчесто овие служби работат со телефон. Ако не одговарате на телефон или не ве најдат не можат ништо да ви направат, освен ако по одреден обид на повици не ви прата писмено известување кое секако не морате да го примате и да го потпишувате. Доколку се случи да бидете известени легално вие сте информирани за долгот.

Еве ви дупка во таквиот начин работа на МТ. Според договорот кој го потпишувате со МТ, по дифолт (разгледано со закон) тие не смеат да вршат изнесување на податоците за корисниците надвор од нивниот систем. Меѓутоа Credit Express се надворешна компанија и тие ги имаат изнесено податоците и вие смеете да ги тужите за тоа.

Слично работат и банките кои имаат служби за наплата (или надворешно ангажирани служби за наплата). Меѓутоа погледнете на крај од секоја апликација за кредитна картичка или за кредит што сте го пополниле во кој е наведено дека смеат да ве чарџаат со помош на некоја друга компанија и да ви го наплатат долгот.

Поздрав до правниците на МТ од еден обичен студент на ЕТФ со 3 испити до диплома (и успат не школуван правник).

21 октомври, 2005

Да ги преброиме забите на коњот

Како што знаете Телеком страшно се грижи за своите корисници, па затоа ангажира вработени да чмаат по блогови и да следат кој, што, како рекол. Еден од ваквите пациенти се огласи со коментар.

За ограничувањето на брзината „Марјан Т.“ вели:
"Би сакал да ги демантирам неточните податоци дека се спрема лимитирање после 5 или 6 гигабајти. После намалувањето на брзината нема повеќе лимити, ќе можете да симнете колку што ви обезбедува таа брзина (64к/32к)."
Одлично! Имаме нова бројка во низата бројки со кои не лажеа деновиве. Ќе видиме дали оваа ќе остане на сила и утре. До сега добиените одговори се движат од 0 (нула) па се до 128 kbps. Ништо од ова не наликува на „супер брз интернет“.

За нивната инвентивна маркетинг стратегија со која привлекуваат нови муштерии Марјан Т. вели:
„Раскинувањето на договорите нема ништо да смени, колку што ќе раскинете толку нови луѓе ќе добиеме."
Епа луѓе раскинувајте договори за МТ да добие нови муштерии. Брилјантно! Нелогично, но брилјантно глупо! Типов заслужува Нобелова награда по економија.

„И би ве замолил еден од вас да ми посочи барем еден поповолен пакет од АДСЛ во државава. Зборувам за цена/можности."
Ајде сега искрено одговорете му на Марјанчо: со која друга понуда го имате тоа задоволство да ве е**т за ваши пари? Со која понуда треба да ги пратите огласите по весници за да не доживеете непријатно изненадување со сметката? Со која друга понуда ќе можете подобро да ги запознаете законите на милата ни држава и да дознаете како се спремаат приговори и тужби? Со која понуда добивате редовни закани со пенали и истерувачи на долгови? Со која друга понуда добивате во пакет и редовни телефонски малтретирања од типот:„Господине, дали го повлекувате приговорот?" Ма што ќе елаборирам, се знае - најдобри сте!

Ако ви текнува како при склучување на договорите не лажеа дека ќе се зголемувала брзината, ќе паѓале цените, слушнете го ова:
„Наскоро доаѓаат подобри времиња, подобри опции и подобри пакети и со тоа можности за префрлање од овие сегашниве ако не ви се допаѓаат."
Не бре, толку ни се допаѓаат што 20 дена збориме само за вашите пакети. Подобрите времиња ќе дојдат кога ќе се откачиме од вас.

„Тие што ќе раскинат нема да имаат начин да ги избегнат пеналите, ќе бидат наплатени преку Credit Express а со нив верувајте не би сакале да имате работа"
Ајде ги чекаме. И ова ли влегува во соодносот цена/можности на вашата понуда?

„Нека не ве лажат дека ќе ви поминат тужбите, договорот можеби има пропусти ама вие веќе сте го потпишале, тапшањето по рамо од недошколувани правници како овие што се појавуваат на блогов (најверојатно затоа што се незапослени и имаат вишок на слободно време) нема да ви помогне на суд."
Уф. Значи ако се пишманивте од новите цени со приговори напишани од „недошколувани правници“, што ли ќе направите ако за на суд земеме школувани правници? Тоа што договорите имаат „пропусти", таканаречени незаконитости, кажува дека правниците на Телеком се ептен, ептен, ама ептен школувани.

А ти Марјанчо што правиш на блогов? Кажа дека си „запослен", единствено останува дека имаш вишок слободно време. Мал совет: наместо да „чпиунирате" и да се заканувате по блогов, потрудете се да си ја средите малку понудата. Може тогаш нема да има потреба со „задоволните" корисници да се објаснувате по судови.

Заклучок: коњот е штрбав.

Директно од устата на коњот

(Не велам дека човекот е коњ, или нешто сл., пу-пу скраја да е, само буквално преведувам на македонски една американска изрека)

Марјан Т. (МТНЕТ) said...

Би сакал да ги демантирам неточните податоци дека се спрема лимитирање после 5 или 6 гигабајти. После намалувањето на брзината нема повеќе лимити, ќе можете да симнете колку што ви обезбедува таа брзина (64к/32к).

Да се разбереме, како вработен во МТ сметам дека сите претерувате. Раскинувањето на договорите нема ништо да смени, колку што ќе раскинете толку нови луѓе ќе добиеме. И би ве замолил еден од вас да ми посочи барем еден поповолен пакет од АДСЛ во државава. Зборувам за цена/можности.

Мој разумен совет до сите е да си го користат она што сега го имаат. Зошто? Затоа што поповолна понуда моментално нема и нема да има а наскоро доаѓаат подобри времиња, подобри опции и подобри пакети и со тоа можности за префрлање од овие сегашниве ако не ви се допаѓаат. Сегашниве пакети се далеку од идеални, но за Македонија се премија. Зарем мислите дека Он.нет е пофер компанија од МТ? Епа, мили мои револуционери, инфраструктурата на вајерлесот им е изградена со пари од USAID со цел на граѓаните да обезбедат брз и ефтин интернет а оннет сакаат да ви наплаќаат 100 мегабајти за 100 денари. Пресметајте ги оние потенцијални 20 гигабајти кои можете да ги симнете со ADSL колку би ви ги наплатиле? Доволно кажано.

Одговори на приговорите ви се во припрема, исто како и известување и прецизирање на лимитот. Значи уште еднаш:
- намалувањето ќе биде на 64к/32к
- лимит после намалувањето НЕМА да има
- тие што ќе раскинат нема да имаат начин да ги избегнат пеналите, ќе бидат наплатени преку Credit Express а со нив верувајте не би сакале да имате работа
- нека не ве лажат дека ќе ви поминат тужбите, договорот можеби има пропусти ама вие веќе сте го потпишале, тапшањето по рамо од недошколувани правници како овие што се појавуваат на блогов (најверојатно затоа што се незапослени и имаат вишок на слободно време) нема да ви помогне на суд

3:15 PM, октомври 21, 2005


Заканите во овој коментар на претходниот пост најдете ги сами.

20 октомври, 2005

Имаме тазе муниција!!!

Во некои од коментарите се појавија гласини дека АД „Македонски Телекомуникации“ ќе го почитуваат „лимитот“ од 4GB, по што ќе ја намалат брзината на 56kbps, а дека по 6GB остварен сообраќај ќе ја намалат на 0kbps - илити, ќе не исклучат.

Добив ваква информација од неколку места и луѓе (дел од кои вработени во АД „Македонски телекомуникации“), така што не е лошо да се провери кај вашите познати (сигурно ги имате).

Има потреба да се објаснува детално што е проблемот со ваквото „намалување на брзината“? Ете инаку и конкретна причина зошто не специфицираат брзина, туку останува на она „dial up“!

Ако до сега немавте повод за безусловно раскинување на договорите, размислете подобро. Како ќе дознаваме нови детали, ќе бидат поставени на блогот.

19 октомври, 2005

Интегрално, одговорот од Дојче телеком

SDear Mr. Bojan,

Thank you for the information provided with your e-mail. We
have forwarded your e-mail to the appropriate department
within Maktel and asked them for more detailed information
for further elaboration on subject matter.

Yours sincerely,

Manfred Arndt
for T-Com


--


Ihre Mail vom 12.10.2005 17:58:
Name: Bojan Bojan
PLZ/Ort: 1000 Skopje, Macedonia
>Dear Sirs,
>
>I am writing You in hope to right a great wrong
>commited by someone in the Macedonian Telekom very
>recently. The ADSL offer in Macedonia is (so far)
>the only decent broadband internet access offer,
>disregarding its steep price (the average
>Macedonian salary is somewhere between 150-200
>euros, and the MaxADSL package costs around 40 euros).
>
>However, Your representatives here have made
>matters even worse by disregarding all signed
>contracts between the company and their customers
>and established a completely new way of payment
>(including the aforementioned 40 euros fixed
>price). Namely, starting November 1st, all ADSL
>users (including both Office and Pro ADSL
>packages) will have to pay, for each 512MB of
>traffic over the limit, a ridiculous (meaning:
>high) price of 3,5 euros. According to some
>estimates, some users will have to pay around
>400-500 euros per month (VAT of 18% included).
>
>Macedonia is already ranking near the end of
>countries with an internet-literate population,
>please do not make matters worse by allowing Your
>representatives here give You a bad name.
>
>Sincerely,
>an ADSL user from Macedonia

Знам, малку е застарен мејлот, но сепак стигнал до некого...

„Што знаеме?“ и „Што можеме да направиме?“

Двете најчесто поставувани прашања последниве неколку дена...

Што се однесува до тоа „Што знаеме“, најкраткиот одговор е „Не сѐ, но доволно“. Првин, што не знаеме:
  • Дали АД „Македонски телекомуникации“ ќе наплаќа пенали на оние што сакаат да ги раскинат договорите;
  • На која брзина ќе се намалува протокот при пречекорување на „лимитот“;
  • Колку луѓе би раскинале договори ако се оди на раскинување договори.
А што знаеме?
  • Договорите содржат нечесни и (најверојатно) незаконски одредби;
  • АД „Македонски телекомуникации“ телефонски врши притисок, а воедно и ги застрашува своите корисници со „наплаќање пенали“ ако го раскинат договорот;
  • АД „Македонски телекомуникации“ нема одговорено писмено на приговорите што се поднесени од страна на корисниците во врска со проблемите кои произлегуваат од првата точка на „А што знаеме?“ списокот;
  • Во телефонските јавувања од вработени во АД „Македонски телекомуникации“ во последните неколку дена се наведува дека приговорите се уважени, без притоа да има одговор на кој и да е дел од приговорите (проблемот со промената на тарифирањето, т.е. наплаќањето по количество остварен сообраќај беше само мал дел од приговорот);
  • Информациите што ги даваат вработените во АД „Македонски телекомуникации“ во врска со брзината на која ќе биде намален протокот по надминување на „лимитот“ се, во најмала рака, хаотични, непрецизни и, во некои случаи, непостоечки;
  • Тоа значи дека тоа намалување на брзината на протокот може да биде од 384kbps, па сѐ до 1kbps;
  • Дури и намалувањето на брзината да е специфично одредено, избрзаните промени во пакетите и Договорите во ваква форма каква што се, им дозволува утре да направат нови промени, кои може, а може и нема да им одговараат на корисниците;
  • Намалувањето на брзината на ADSL приклучок не може и не смее да се продава како broadband пристап на интернет;
  • АД „Македонски телекомуникации“ смета дека проблем со нив и нивните услуги имаат само „пирати“ и оние што делат една линија;
  • Иако е, најверојатно, точно дека има „пирати“ и такви што се повеќе од еден приклучени на една линија, постојат надлежни институции на кои им е обврска да спречуваат „пиратерија“, како и начини како да се спречи приклучувањето на повеќе од еден корисник на една линија.
Сигурно некој ќе се сети на уште работи што ги знаеме, па ќе ме потсети во коментарите на овој пост.

„А што може да направиме и што се прави во моментов?“
  • Државниот пазарен инспекторат го разгледува договорот и ќе се произнесе деновиве со решение по повод секои евентуални незаконитости во договорот (тоа не значи дека АД „Македонски телекомуникации“ ќе решат да го испочитуваат решението);
  • Информирање на што е можно повеќе постојни или идни корисници за хаосот што настана од 30.09.2005 па наваму;
  • Информирање на медиуми, како домашни, така и странски (во моментов работиме на странските медиуми, а сме во горе-долу постојан контакт со македонските медиуми);
  • Информирање на сопствениците (меѓу кои и Владата на Р. Македонија) на АД „Македонски телекомуникации“ за тоа што се случува;
  • Анимирање на државните институции (знам, и јас не ги сакам, но ако можат да помогнат, ќе им годи на имиџот);
  • Активно учество во „партизанските акции“ за кои се зборува во коментарите на овој блог, координирани преку http://cudo.blogspot.com/ ;
  • Избегнување на вмешување на политички партии (институциите на власта не се политички партии);
  • Предлози и сугестии за сето она што може да се направи, а е заборавено или изумено во овој список.
Во моментов се води битка да не се наплаќаат пенали на оние што ги раскинале договорите или поднеле барање за нивно раскинување до објавувањето на новиот оглас на АД „Македонски телекомуникации“ во Средствата за јавно информирање.

Опции за оние што имаат поднесено само приговори има две. Или да продолжат со користење на услугата, таква каква што ќе биде - осакатена, или да го раскинат договорот. Меѓутоа при раскинување на договорот ќе бидат пресметани пенали, кои ќе ви стигнат на телефонската сметка (иако е можно да се обидат да ви ги наплатат на лице место). Тие пенали можете или да ги платите, или да не ги платите и да чекате судски да се обиде да ви ги земе АД „Македонски телекомуникации“. Како што некој имаше кажано во коментарите, тоа ретко (ако воопшто) се случува, освен за сметки за кои им се исплати да ги протуркаат на суд (Имајте на ум дека не ви давам совет, туку само ги изложувам сите опции. Што ќе одберете останува на вас.).

Во меѓувреме, треба да се најде некој што поднел барање за раскинување договор или го раскинал договорот минатата или предминатата недела и да оди во Државен пазарен инспекторат за да може да се разгледаат опциите за „Што со пеналите“.

Како ќе има нови (разумни, ненасилни) предлози (во коментарите), ќе бидат истакнувани тука.

Чукни ја главата...

...но овој пат без џумки.

Ѕирнете што има тука напишано и следете го упатството.

Како што некој еднаш напиша, Никој нема да ти помогне, ако сам (во нашиов случај со здружени сили) не си помогнеш.

18 октомври, 2005

„Се грижиме за корисниците“... Златни тие!

Откако Непријателот излезе со став дека внимателно ги следи сите предлози и сугестии од „злонамерните“ корисници, денес се одржа неформална средба на која се расправаше за чувството на мачнина и нагонот за повраќање што се јавува кај корисниците на АДСЛ услуга. Непријателот ги дозна трите главни причини за тоа:
1. Пеналите кои се бараат од оние кои поднеле барање за раскинување на договор во моментите меѓу два огласа во дневните весници.
2. Контрадикторните информации за брзината на пристап по надминувањето на специфицираниот обем на сообраќај.
3. Неточноста на мерењето на сообраќајот и можностите за злоупотреба на корисничкото име и лозинка за генерирање сообраќај од друг телефонски број.

Неофицијално се дознава дека неофицијалниот став на Непријателот е:
1. Најавените промени се повлечени и оттаму не може да се раскинат договорите без плаќање пенали.
2. Брзината на пристап ќе се намалува на ниво на dial-up, иако била спомната и бројка од 0 kbps.
3. Непријателот го поседува „најточниот мерач во државата“, а неговите вработени ни на сон не би помислиле да злоупотребат туѓо корисничко име и лозинка.

Неофицијално ставот на институциите (Секторот за конкуренција при Министерството за економија, Агенцијата за електронските комуникации и Државниот пазарен инспекторат) бил:
1. Непријателот треба да овозможи на луѓето што поднеле барање за раскинување на договорите да изберат дали и натаму ќе ги користат нивните „услуги“ или ќе го раскинат договорот БЕЗ ПЕНАЛИ.
2. Правно да се регулира минималната брзината на пристап.
3. Бирото за метерологија да провери дали „најточниот мерач во државата“ е навистина точен, а Непријателот да преземе мерки со кои ќе се минимизира можноста за злоупотреба на корисничките имиња и лозинки од страна на други корисници.

Државниот пазарен инспекторат врз основа на добиени информации дека АДСЛ договорите содржеле нечесни одредби со кои се повредени правата на корисниците, ќе ги истражи правните аспекти по што ќе истапи со конкретни мерки за отклонување на евентуалните неправилности.

Организацијата за заштита на потрошувачите во целост ги поддржува барањата на корисниците и во соработка со нив ќе продолжи да се бори против нашиот омилен интернет провајдер. Борбата продолжува!

Се очекува и официјалниот став на Непријателот. Барајте некој оглас по весниците :)

17 октомври, 2005

ИТНО, ВАЖНО & ПРИЛИЧНО ПОУЧНО!!!

Само што ми кажа една пријателка дека и се јавиле од АД „Македонски телекомуникации“ да ја прашаат дали останува „корисник“, и кој модел на пакет ќе користи ако остане. Гледам дека и cavka имал исто искуство. Потенцираат дека пенали ќе се плаќаат во случај на раскинување на договор.

КАЖЕТЕ ИМ ДЕКА ТРЕБА ПИСМЕНО ДА ВИ ОДГОВОРАТ НА ПРИГОВОРОТ!!! Утре се одржува состанокот на Советот на потрошувачи, каде ќе се расправа за тие проклети пенали!

Верувајте, паничат! Што од утрешниот состанок, што од други причини кои наскоро (од среда па натаму) ќе ги објавиме на блогот. Одложете го давањето одговор за некој ден. И ако има некој што не поднел приговор а му се јават, обавезно нека каже каков муабет истерал со тие што му се јавиле и дали му спомнале нешто од типот „Вашиот приговор е уважен (или што и да е)“. Ако ви се јават а немате потпишано Барање (за воспоставување АДСЛ приклучок), обавезно да ги малтретирате околу тоа „Зошто и како ограничување кога јас немам појма за такво нешто!“

ОК, дополнување по добивање на нови информации (од bezvrska): Ако ви го спомнат приговорот и дали го повлекувате, кажете дека очекувате писмен одговор, затоа што во приговорот се наведени повеќе спорни точки кои очекувате да ви бидат објаснети. Откако ќе го добиете одговорот, ќе решите дали да продолжите со користење на нивната „Услуга“. Ова е уште една правна стапица на Телеком, затоа што според Законот за електронски комуникации мораат да ви одговорат по сите точки од приговорот писмено.

16 октомври, 2005

Соопштение за медиуми

АД „Македонски телекомуникации“ на 14.10.2005 излезе со нова промена на пакетите, која следуваше на приговорите и барањата за раскинување договор од корисниците по промената најавена на 30.09.2005. Наша проценка е дека новата промена е настаната, како под притисок на незадоволните корисници, така и поради најавените раскинувања на договори со АД „Македонски телекомуникации“.

Новата промена, според претставниците на АД „Македонски телекомуникации“ е со цел компанијата да им покаже на своите корисници дека се грижи за нив. Дури и тоа да е вистина, сепак не се менува фактот дека договорите склучени помеѓу корисниците на АДСЛ услугата и АД „Македонски телекомуникации“ содржат како нефер, така и незаконски одредби, со што АД „Македонски телекомуникации“ си го задржува правото да направат сосема трети промени за 15 дена. Ваквиот потег покажува дека АД „Македонски телекомуникации“ се свесни за незаконитостите во договорите и не се подготвени да изгубат илјадници случаи (а и корисници) во најавените судски процеси.

Останува нејасна судбината на оние што веќе поднесоа барања за раскинување на договорите, поттикнати од промената најавена на 30.09.2005. Наплаќањето „пенали“ е незаконско и не смее да се имплементира под изговор дека новата промена ги апсолвира АД „Македонски телекомуникации“ од претходно најавеното наплаќање по количество остварен сообраќај. Во пресрет на состанокот на Советот на потрошувачи во вторник, 18.10.2005, продолжуваат консултациите со правници за чекорите што ќе мора да се преземат доколку АД „Македонски телекомуникации“ реши да „наплаќа пенали“ на револтираните корисници на АДСЛ услугата кои веќе ги раскинаа договорите со нив.

Спорно е и ограничувањето на брзината спомнато во новата промена на АДСЛ пакетите на АД „Македонски телекомуникации“, посебно имајќи го предвид фактот дека голем број од постојните корисници немаат никаков документ кој ги информира за ограничување на сообраќај на одредено количество, како и намалување на брзината по остварување на сообраќај од 4, 10 и 25GB соодветно за Макс, Офис и Профи АДСЛ пакетите на АД „Македонски телекомуникации“.

Мерењето на остварениот сообраќај и понатаму останува проблематично, имајќи го предвид фактот дека јавноста нема увид во апсолутната точност на мерачот на сообраќај. Изјави од типот „Ние го имаме најточниот мерач во државава“ не укажуваат на тоа дали мерачот е атестиран од независна странка, ниту пак дека мерачот е апсолутно точен. Корисниците исто така се сомневаат дека може да дојде до надминување на лимитот доколку некој го злоупотреби нивното корисничко име и лозинка (проблем кој може да се реши со доделување на статичка IP адреса и мерење на сообраќајот остварен на таа адреса, наместо на корисничкото име).

На крај, намалувањето на брзината на АДСЛ линија на ниво на „обичен dial up“ пристап е спротивно на поимот broadband или „брз интернет“.

15 октомври, 2005

Најава за утре...

Сите сме, очигледно, трогнати од загриженоста на АД „Македонски телекомуникации“ за нас, нивните корисници. Посебно од фактот дека внимателно ги следат нашите коментари (на корисниците, не на блогот, се разбира) за да ги разберат нашите желби и потреби.

Сфаќајќи ја сериозноста со која АД „Македонски телекомуникации“ се грижи за своите корисници, една група такви корисници денеска се состана и реши утре да објави неколку желби и потреби на АДСЛ корисниците што се далеку од задоволени, а би требало да бидат имплементирани со цел подобрување на квалитетот на услугата и промовирање на Македонија како е-општество. Списокот ќе биде испратен и до сите медиуми заинтересирани за тоа како може АД „Македонски телекомуникации“ да покаже, барем уште еднаш, дека се грижи за потребите на сопствените корисници.

Во меѓувреме, погледнете што пишува во Време, Дневник и Утрински Весник. Текстот во Утрински е еден од поинтересните, затоа што има цитат и од човек од Телеком кој вели дека „го имаат најточниот мерач во државава“. Мислам дека и другите корисници на услугата на АД „Македонски телекомуникации“ ќе спијат полесно кога ќе видат дека ако другите провајдери може да им измерат 1, 2, па дури и 10 гигабајти повеќе сообраќај, Телекомот ќе им измери секогаш помалку од тие, „помалку точните мерачи во државава“.

Остануваат проблемите и незадоволството

Со објавата од страна на МТ дека за веќе склучените АДСЛ договори нема да се наплатува дополнително по надминување на специфираниот обем на сообраќај, јасно е само дека ништо не е јасно. Хаосот, кој со своето неодговорно однесување го создаде Телеком, се' уште е присутен. Измачените корисници на АДСЛ услуга си поставуваат повеќе прашања.

1. Што ќе се случи со тие што ги раскинале договорите, по најавените измени од МТ? Дали на нив ќе им бидат пресметани пенали во октомвриските сметки, т.е. дали ќе им бидат вратени парите кои веќе ги дале за исплата на пеналите? Законот за електронските комуникации е јасен, но не е јасно дали Телеком ќе се придржува до него.

2. За оние што ќе продолжат да ги користат АДСЛ услугите, колкаво ќе биде ограничувањето на брзината по надминувањето на специфираниот обем на сообраќај? Тоа ограничување не смее да ја измени суштината на услугата. Корисниците склучиле договор за „брз интернет“ и треба тоа да го добијат, дури и по надминувањето на специфираниот обем на сообраќај.

3. Кој ќе ја гарантира точноста на мерењето на сообраќајот? Досегашните искуства ја доведуваат во прашање веродостојноста на опремата која се користи за оваа намена. Досега не чувме дали истата е атестирана и дали има независна институција која го контролира мерењето. Како Телеком ќе ја спречи злоупотребата на едно исто корисничко име и лозинка за приклучување на повеќе корисници?

4. Во изминативе две недели бевме сведоци на исклучително дрско однесување на Телеком. Почнувајќи од најавените измени, начинот на нивно објавување, непочитувањето на законските и договорните одредби, па се до арогантниот однос и навредите упатени кон корисниците на АДСЛ услугата преку средствата за јавно информирање. Дел од корисниците, со право, повеќе не сакаат да соработуваат со компанија која покажа толкав степен на непрофесионалност и непочитување. Зошто да бидат изложени на плаќање пенали, ако повеќе не сакаат да ги трпат злоупотребите од другата договорна страна?

5. Консултациите со правници наведуваат на мислење дека договорите за АДСЛ услуги содржат нечесни и нефер одредби. Со нив максимално се штити само едната договорна страна, а другата страна, т.е. потрошувачите, се препуштени на самоволието на Македонски телекомуникации. Постои сомневање дека договорите не се во согласност со повеќе закони. Оттука, се јавува потреба договорите за користење на АДСЛ услуга да претрпат измени со цел подеднакво да ги штитат интересите на двете страни и да ги исполнуваат законските барања.

6. Ваквите проблеми демонстрираа дека е неопходно поактивно вклучување на државните институции во обезбедувањето на лесно достапни, квалитетни интернет и други електронски комуникациски услуги по прифатлива цена. Очигледно е дека македонскиот пазар на интерет услуги не е доволно созреан за да овозможи остварување на целите зацртани во Националната стратегија за развој на информатичкото општество. Што ќе преземе државата за декларациите да ги преточи во реалност?

Останува надеж дека закажаната средба на Советот за заштита на потрошувачите, на која треба да се разгледува случајов, ќе понуди одговори и решенија барем за дел од овие прашања и проблеми. Можеби во вторник работите ќе бидат барем малку појасни. Можеби...

14 октомври, 2005

Првата битка е добиена, но р-Еволуцијата продолжува!

До сега се надевам дека веќе сите дознавте дека АД „Македонски телекомуникации“ се пишманеа за промените, но за оние што не знаат: Телеком се повлече (делумно). Оној компромис што го најавија вчера (т.е. денеска) во Време не е којзнае каков компромис, затоа што се вратија на старото, но не на она како што беше туку како што стои во Договорот и Барањето: секое надминување на „лимитот“ од 4GB, 10GB или 25GB ќе се санкционира со намалување на брзината.

Исто така, никаде не се спомнува наплаќање или ненаплаќање на пенали за оние што веќе ги раскинале или се решени без оглед на се да ги раскинат договорите. Сигурно го добивте и мејлот од Телеком во кој ви објаснуваат колку на нив им значат вашите коментари и забелешки. Треба да ви објаснувам колку тоа не е така?

Ова е минорна победа. Како што спомнав уште во првиот пост на блогов, време е да се доведат на коленици Телеком. Почнавме ситно, со негодувања и пцуења, да продолжиме уште порешително и единствено! Оној ефект на снежна топка што се тркала удолу по планината е очигледен. И екипата од р-Еволуција (како оние што постираат на блогот, така и некои од коментаторите) ќе продолжи понатаму.

Зацртаното останува: чекаме да добиеме одговор за оние што ги раскинале договорите или планираат тоа да го сторат (а ги има, сигурно... знаете, лажгото секогаш си останува лажго). Во понеделник ќе имаме средба со неколку правници при што ќе се разгледа добро договорот и примената на законот за облигациони односи, по што ќе бидете известени тука. Во вторник ќе го чекаме и коментираме исходот од состанокот на Советот на потрошувачи. Петицијата и понатаму останува on-line, а во текот на викендот и следната недела ќе се спроведе акција за делење флаери (со ваша помош, се разбира) да се информираат и оние што не знаат. Знам дека многу ќе останат на АДСЛ (или аЛСД, исто му доаѓа), но оние што веќе ги раскинаа договорите НЕ СМЕЕ ДА ИМ СЕ НАПЛАТАТ НИКАКВИ ПЕНАЛИ! И тоа нема да го дозволиме.

Сега за сега, до следното известување, олабавете со Меѓународен притисок и сконцентрирајте се вечерва на релаксација. Од утре почнуваме повторно, пожестоко и многу подобро координирани.

13 октомври, 2005

HELP!!!

To any and all foreigners reading this: HELP!!!

Help us get our message through: Deutsche Telekom through their proxies Magyar Telekom and the Macedonian Telecom is terrorizing ADSL users in Macedonia by abusing their position as a monopoly.

The Macedonian Telecom is the only broadband internet, telephone and ADSL service provider in Macedonia. They were bought by the Hungarian Magyar Telekom, who in turn are owned by Deutsche Telekom. So far, the price for a (standard) ADSL package was around 50 USD (VAT included) for a 384/128 kbps connection, and was the cheapest available option.

However, starting November, they plan on introducing a new internet traffic limit of 4GB, and every initiated unit of 512MB above said limit will be charged at (around) $4, thus not only enabling users to do nothing more but surf "light" sites, but also violating several Macedonian laws. Since 49% of the shares of Macedonian Telecom are owned by the Government, we are (to put it mildly) doomed to go back to dial-up.

Now, don't get me wrong. There is nothing wrong with dial-up. When you have a phone to dial out from. You see, most users were duped into signing a 2-year contract with the Macedonian Telecom, which upon being disputed by the User invokes a clause which in turn forces the User to pay ridiculous penalties. Being the only ADSL and telephone provider in Macedonia, the Telecom couples the phone with the ADSL bill. If the user decides not to pay the penalties invoked by the breaking up of the contract, they won't be able to pay the phone bill as well, which means they won't have a phone as well.

And to put this in perspective, the average Macedonian wage is around 200 euro, or 300 USD. Of course, that's if they ARE employed, since the official unemployment rate is 38,6%.

The Macedonian media are silent, since most of their income comes from ads by the Macedonian Telecom, and the Government is in on the deal. Macedonia is already cut off from the rest of the World by having to go through a long, difficult and uncertain process in order to obtain a visa for almost all major Western European countries, as well as the USA and Canada. Don't let Deutsche Telekom, Magyar Telekom and the Macedonian Telecom make matters worse!

Help us put pressure on Deutsche Telekom and Magyar Telekom while we continue our battle here!!!

Тековни активности

Еве го текстот што е постиран за објавување на slashdot.org (треба да го одобри објавувањето на текстот некој од админите (колку што знам)):

Macedonian ADSL users seek to sell organs to pay bill

Untill recently, the average ADSL user in Macedonia had to put aside nearly $50 (US) of their monthly salary in order to pay for the generous 384/128 kbps DL/UL speed offered by their only ADSL provider, Macedonian Telecommunications (owned by Magyar Telekom, which in turn is owned by Deutsche Telekom). However, starting November 1st, the only company providing ADSL services in Macedonia is asking for an arm, two legs, and a kidney from their existing users.

The Macedonian Telecom plans to introduce a 4GB traffic limit, after which each user will have to pay $4 for each 512MB additional traffic. Some users, putting into account their current traffic, will have to pay sums of up to $350.

For comparison, the average Macedonian salary is around $300 (US), and many people make less than that since the official unemployment rate is 38,6%.

EDIT: Еве скриншат од пакетите на Македонски Телекомуникации (png фајл). На web.archive.org има само до ноември 2004 (колку што можев да видам) архиви од www.mt.net.mk

План за акција

Денеска, како што пиша подолу Бобо, бев до ОПМ и ставот беше тој: 30 дена од добивањето на известувањето имаме фора за раскинување. Впрочем, законот вели дека БЕЗ ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОСЛЕДИЦИ може да се раскине договорот. Во вторник е состанокот на Советот на потрошувачи, на кој се поканети луѓе од сите релевантни институции (КИТ, на пр.), како и претставници од Телеком (не мт.нет... знам дека е пократко, ама не постои веќе мт.нет).

Што значи: почнуваме посериозно.

Добив (релативно сигурна) информација дека се поднесени над 1.500 приговори (во ваква или онаква форма (т.е. не мора да се според урнекот од блогов)). Тоа значи многу повеќе од оние 300 потписи што ги дрнда анонимниот г-дин во еден од коментарите (и браво за поттикот, многу сакам кога некој ќе ме обвини за нешто што ниту сум го направил, ниту сум планирал да го направам). Исто така добив ептен информација дека луѓето се ептен замислени околу целава ситуација. Со други зборови: We got 'em on the run.

Притисокот продолжува. Гледам дека активностите се засилено забрзани (благодарение на „вработениот во МтНет“), така што почнува работа на повеќе полиња. Според активностите предложени од bezvrska, следната недела ќе биде доста исполнета со активности (предавање на петиција, активирање на КИТ и сл. „организации“, крунисано на крај со нешто како прес конференција (деталите околу активностите се уште се разработуваат и ќе бидат презентирани тука)).

Во меѓувреме, гледам дека Дојче телеком и Маѓар телеком ќе бидат зафатени со читање мејлови. Иако се слагам со еден од коментарите дека можеби личи мејлот како еден од оние нигерискине scam-ови со принцови и нивните пари, сепак... Ќе се доработи троа мејлот (урнекот). Сега ќе седнам и ќе го дополнам мејлот на Александар З. со статистичките информации што ги предложи Ѓоко во еден од коментарите на претходниот пост (и мене троа ме бива за англиски) и ќе го постирам тука. Исто така, во план е истиот мејл да се преработи како сторија за slashdot.org (не знам колку знаете сите, ама сигурен сум дека добар дел од вас го пратат slashdot, ако има некој што може да загарантира појавување на текстот таму, бујрум, понудете се во некој коментар). За оние што не знаат, slashdot.org е најчитаниот и најцитираниот сајт за информатичка технологија.


np Iron Maiden - Run to the Hills

Изутринава...

Само што ми се јави Бојан, да ме извести за денешниот разговор со ОПМ.

Значи, вака. Таму му рекле дека рокот за раскинување на договори, е 30 дена по објавувањето на веста за измените во истиот, односно до 30.10.2005.

Исто така, во случај МтНет да го оспори овој рок, имаме основа за тужба против нив, бидејќи сепак законот е над нивниот договор.

Ова е значи, основната информација, за повеќе детали ќе го почекаме Бојан.

12 октомври, 2005

За утре...

Утре, четврток (13.10.2005), рано-рано одам во Телеком да ги прашам за една опција за која Spion напиша во коментарите на претходниот post. Во најмала рака, може да ни даде уште еден месец фазла место за дишење на раат и раскинување на договор, да не испадне на врат-на-нос утре и во петок. Ќе има нов текст на блогот што и како околу тоа до 11:00.

Ќе поминам уште еднаш до ОПМ да видам што имаат да кажат утре (денеска цел ден бев на факултет). Што се однесува до Народен правобранител, ако може некој да се јави утре таму би било одлично (цел ден ќе трчам наваму-натаму, + имам заверување на семестар). Имаме 280 и кусур потписи на петицијата. Доволно/малку?

Од она што видов, со медиумски реакции се уште сме т`нки. Јас вчера цел ден бев во несостојба. Ги гледав сега вестите на Телма. Respect, Александар З. Ми се свиѓаше и коментарот на Телеком. Т.е. недостатокот на коментар: „Македонски телекомуникации со официјална изјава ќе се произнесат утре.

Како што спомна bezvrska, ќе има за ова и на Зевзекманија, на Канал 5, ама тоа е во петок (21:00).

Инаку, bezvrska утре е на службен пат. Така што каква и да е логистичка помош е добредојдена - конкретно со Народен правобранител, како и Агенција за електронски комуникации (може да ја барате Софче Јовановска, претседател на Комисијата за електронски комуникации; тел. 02 311-6543; s.jovanovska_@_aec.mk и s.jovanovska_@_kit.gov.mk (извадете ги „_“ пред да и пратите mail и ВЕ МОЛАМ НЕ И ПРАЌАЈТЕ spam, ТРЕБА ДА БИДЕ НА НАША СТРАНА!)

- Комисија за информатичка технологија (лице за контакт е исто С. Јовановска)
- Државен пазарен инспекторат; тел. 02 3162-341; 02 3116-341; 02 3220-547

Може да се однесе/прати по факс/e-mail копија од приговорот, како и линк до петицијата.

(горенаведените телефони и информации provided by bezvrska)

11 октомври, 2005

За оние на кои им рекле: "Да дојде татко ти"

Ако сте „среќен“ корисник на АДСЛ и сакате да поднесете приговор до Телеком, но вашето име не стои на телефонската сметка - не очајувајте! Подолу има урнек овластување кое треба да ви го потпише лицето на кое се води телефонската линија по што вие со потпишан приговор и негова лична карта може да оттрчате до најблискиот салон на Телеком и да им ја искажете својата љубов. Притоа, внимавајте какво бројче ќе ви дадат да земете. Благодарност до Александар З.

Јас, [име и презиме на сопственикот на тел. број], со ЕМБ [матичен број], број на лична карта [бр на л.к.] и место на живеење [целосна адреса како во л.к] го давам следново

ОВЛАСТУВАЊЕ

на [име и презиме на оној што го носи приговорот] со ЕМБ [бројот], број на лична карта [бр на л.к.] и место на живеење [адресата од л.к.] да ме застапува пред АД „Македонски Телекомуникации“ за сите работи во врска со телефонскиот број [бројот] чиј сопственик сум јас.


[име и презиме]

_______________ [потпис на сопственикот на тел. линија]

[град и датум]

10 октомври, 2005

Што се случуваше денеска од сабајле...

Денеска, накај 9:10 почнавме да се собираме пред салонот на АД „Македонски телекомуникации“ и сите што дојдоа поднесоа приговор. До 11:20 имаше некаде околу 2-30 приговори. Имаше барем еден човек што немаше никаква врска со блогот/багра/IRC каналот кој ги испцу тетките во салонот.

Откако заврши тоа (се надевам дека потоа, а и до крајот на денов ќе има уште приговори) отидовме во Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ), каде не пречекаа со отворени раце и насмевки на лицата. Елем, имале состанок со некои „фаци“ од Телекомот при што им била соопштена нивната забелешка дека Договорот што ни го понудиле содржи неколку одредби што се далеку од фер и се максимално безобразни.

Исто така им забележале и на рокот од 15 дена што е даден во договорот, со што овие се сложиле дека „Да, арно вели законот дека можат во рок од 30 дена да го раскинат договорот корисниците“. Што значи, однесете ги приговорите денеска, во среда, четврток, а на 30ти ќе си ги раскинеме договорите. До тогаш, ОПМ има предвидено неколку активности (поконкретно следниот вторник свикуваат средба на Советот на потрошувачи, Комисијата за информатичка технологија и уште неколку други), со цел да се укине барањето „пенали“ и казни од страна на АД „Македонски телекомуникации“.

Гледав по коментарите на блогов дека на неколку луѓе им е спомнато дека нема да се наплаќаат пенали, но сепак, што е сигурно, сигурно е. Нека објават пак реклама во Дневник кажувајќи ни дека нема да плаќаме никакви дополнителни трошоци, казни, пенали, што и да е. И онака ни земаа доволно пари да може да си дозволат една реклама во Дневник (или кој и да е друг дневен весник, не сум пребирлив). А, да. И нека објават иста таква на албански во некој од дневните весници на албански јазик. Знае некој дали имаше во албанските дневни весници за промената во цената?

Исто така ние испланиравме неколку активности: утре изутрина ќе има флаер на блогов со линкот до петицијата кој ќе треба да се подели што е можно побргу и поажурно. Потпишувањето на петицијата ќе трае до четврток, кога и ќе се оди со неа во канцеларијата на Народниот правобранител при што ќе бидат презентирани договорите и приговорите (т.е. нашите забелешки каде и како се нарушени нашите права). Исто така ќе се оди во Пазарен инспекторат каде ќе биде барано да се изврши проверка на бројачот на остварен сообраќај на Телекомот.

Запомнете: договорите може да се раскинат до 30ти октомври. Што ќе им даде време и да одговорат на приговорите, ако воопшто се решат на нешто такво. Во меѓувреме (ама до крајот на неделава!!!), затрупајте ги со приговори. Покажете им дека не ги сакаме и покажете дека си ги знаете сопствените права утврдени со законот.

Напомена: Обидите на ОПМ за обврзување на АД „Македонски телекомуникации“ да не наплаќаат пенали ги вклучуваат и оние кои веќе ги раскинаа договорите со нив, што значи, би требало таквата одлука да важи ретроактивно.

Приговор за оние што веќе го раскинале договорот

Ковач, еден од админите на Багра, кој веќе го има раскинато договорот, ми испрати малку едитирана верзија од Приговорот која би одговарала за оние што веќе го раскинале договорот. Имајте на ум дека би било паметно да се однесе ваквиот приговор, и покрај тоа што се го раскинале договорот. За секој случај.

Еве ги 3-те flavour-и на приговори, host-ирани на Багра:

Приговор за оние што веќе го раскинале договорот .doc верзија
Приговор за оние што веќе го раскинале договорот .sxw верзија
Приговор за оние што веќе го раскинале договорот .pdf верзија

09 октомври, 2005

П Р И Г О В О Р!!!

Конечно и приговорот е on-line. Го има во секаков flavour, за MS Word, OpenOffice.org и, нормално, pdf верзија (со тоа што во таа верзија оние лични податоци и информации треба да се пополнат врз празните линии, додека во .doc и .sxw верзиите е објаснето што и како треба да стои на тоа место со црвени букви во [] средни загради).

Приговорот во .pdf верзија
Приговорот во .doc верзија (Microsoft Word)
Приговорот во .sxw верзија (OpenOffice.org)

Внимавајте, приговорот има 9 страници, во обид да се вклучат сите (или барем повеќето) релевантни закони.

Ако има проблеми со горните линкови, верзиите на приговорот се mirror-ирани и кај Бидик на следните места:

тука за .pdf
тука за .doc
тука за .sxw

Напомена: Здружениот фронт почнува утре од 9:00 пред салонот на АД „Македонски телекомуникации“ спроти АЛМАКО (каде што беше и протестот). Таму ќе бидеме до 10:30. Се' пред или по тоа ќе зависи од вас, т.е. се надевам дека во што е можно поголем број ќе се однесат приговори утре. Во случај да не изреагираат по приговорите, во среда ќе има масовно раскинување на договорите, кога ќе им биде доставена и петицијата.

И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ!!! Како што некој наведе во некој од коментарите, НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ДА ДОБИЕТЕ ПОТПИС, ПЕЧАТ и АРХИВСКО БРОЈЧЕ кога ќе го поднесете приговорот! По можност, носете 2 копии од приговорот, па барајте да ви се потпишат и удрат печат и на двете! АКО ВИ КАЖАТ ДЕКА НЕ СЕ ОВЛАСТЕНИ ЗА ТОА, ИНСИСТИРАЈТЕ ДА ДОНЕСАТ НЕКОЈ ШТО Е ОВЛАСТЕН И НЕ СИ ОДЕТЕ ДОДЕКА НЕ ГО ДОБИЕТЕ ТОА ШТО ГО БАРАТЕ!!!

Благодарност до bezvrska за максималните напори во составувањето на приговорот, тино097 за понудата на одличен урнек за приговор и правната помош што ја најдоа Ѓорѓи Ј. и Филип З., како и до drown и Бидик за hosting-от и mirror-от.

П Е Т И Ц И Ј А!!!

Петицијата е готова! Потрудете се да ја пополните точно, затоа што сакаме да покажеме дека станува збор за ADSL корисници, а не само за луѓе што не го сакаат АД „Македонски телекомуникации“.

Напомена
: Информациите треба да ги отсликуваат оние во договорите со АД „Македонски телекомуникации“, т.е. да бидат наведени имињата на корисниците на телефонските приклучоци, а не имињата на актуелните корисници (ова се однесува на оние чии телефонски линии гласат на име на родител или некој друг роднина).
Ако сте правен субјект (фирма), во полето обележено како *Име: напишете го името на фирмата што го склучила договорот за ADSL приклучок со АД „Македонски телекомуникации“, додека во полето обележено како *Презиме: напишете Правен субјект.

Напомена II
: Форматот на информацијата што треба да се внесе во полето означено како *Број на АДСЛ договор: е (xx) xxxx , што одговара на бројот на вашиот договор. (хх) може да биде и 0 (нула) како во некои од анексите кон договорите.

Линк до Петицијата

PS: Извинете што толку се развлечка работава со приговорот, но се работи на него и ќе биде наскоро поставен линк до .doc и .pdf верзија.

Благодарност до Ѓорѓи Ќ. за кодот, Бидик за помошта, Ѓорѓи Ј. и Филип З. за помошта во истражувањето на информациите...

The План

Во моментов се досредува приговорот (кој ќе биде истакнат како Word документ на блогов), а како активност се планира следното: Утре (понеделник, 10.09.2005) да се оди во салоните на АД „Македонски телекомуникации“ и да се достави приговорот (сега за сега има 8 страници, а можно е да испадне и поголем на крај). Приговорот е компилација од она што го добив на mail (од bezvrska, Ѓорѓи Ј. и Филип З., како и оној на tino097) и примарна цел му е да се искаже незадоволството на корисниците од новите услови, со што ќе им се остави период од 48 часа да си ја повлечат одлуката за измените. Во спротивно, во среда наутро одиме со барање за раскинување на договорите.

Во меѓувреме, не заборавајте да ги информирате оние што се уште не знаат за новите услови на АД „Македонски телекомуникации“, со посебен акцент на правните субјекти (фирми) што имаат Офис или Профи пакет. Јас знам за 2 фирми (од кои едната е ГОЛЕМА) што сигурно ќе го раскинат договорот.

Ако има некоја забелешка за планот, бујрум, коментарите се тука (инаку, штом ќе биде готов приговорот, ќе биде готово и барањето за раскинување на договорот, па кому му е што помило, или како ќе се договориме до вечер, 19:00).

Време strikes again!

Текст во денешно Време за новите тарифи. Дури направиле и пресметка за колку време се трошат 512MB читајќи електронски изданија на македонските дневни весници.


EDIT: добив повеќе видови приговори на mail, така што моментално ги разгледувам и ќе спремам еден конкретен приговор. Наскоро и on-line петицијата.

08 октомври, 2005

ПРИГОВОРОТ на тино097

Колку-толку го средив приговорот на тино097. Имајте предвид дека ова е приговор, не и барање за раскинување договор. Ако има некои сугестии, оставајте коментари па ќе ги вклучиме во приговорот до понеделник.

ДО
АД „Македонски телекомуникации“
Орце Николов бб-Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ПРИГОВОР
Од [име и презиме на сопственикот на приклучокот и улица на живеење]


Почитувани,

На [ден/месец/година на потпишување на договорот] склучив договор со АД „Македонски телекомуникации“, за користење на електронската комуникациска услуга ADSL. Во чл.4 ст.4 од договорот стои дека доколку дојде до менување на цените на услугите, начинот на тарифирање на истите, како и другите услови на работење, во рок од 15 дена од приемот на известувањето, јас, корисникот писмено не ве известам за раскинувањето на договорот, тогаш сум се согласил со новите цени на услугите, начинот на тарифирање на истите, како и другите услови на работење. По узнавањето за измените на ден [ден/месец/година на приговорот] согласно со истиот член го истакнувам овој приговор:

Со новите измени за ADSL услугите, наплатата за протокот на податоци ја извршувате според количина на истите, а не според претходно утврден фиксен месечен надоместок. Во меѓусебниот договор за користење на АДСЛ услуга, во делот за условите и начините на плаќање во чл4. ст1, Вие начинот на плаќањето го утврдувате со ЕДНОКРАТЕН И МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТОК СООДВЕТНИ НА ИЗБРАНИОТ ПАКЕТ. Ние во истиот тој договор утврдивме и определивме дека може да дојде до промени на цените и условите на овој договор, но таа промена значи ПРОМЕНА НА ЦЕНАТА НА ИЗНОСОТ НА ПАКЕТ, а не промена на условите на плаќањето. Ова го образложувам од причина што и во анексот кон договорот за користење на АДСЛ услуга, во чл. 2 ст. 2 [овој дел може да се разликува од анекс до анекс] стои “КОРИСНИКОТ СЕ ОБВРЗУВА ДА ПЛАЌА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АДСЛ УСЛУГАТА..“.

Духот на договорот, во кој е вклучено и барањето за АДСЛ приклучок, како и начинот предвиден за користење на услугата е: неограничено користење на протокот на информации без разлика на брзината на протокот за фиксен, однапред утврден износ.

Со ваквите нови измени, Вие ги менувате битните суштински елементи на договорот, а со тоа и целиот договор. Ваквата еднострана измена од Ваша страна и Вашето толкување на договорот е спротивно со Законот за облигациони односи чл. 91 ст. 1 и ст. 2, каде стои дека одредбите на договорот се применуваат онака како што гласат, како и дека во толкувањето на договорот треба да се истражува заедничката намера на договорачите и одредбите да се разберат како што тоа им одговара на начелата на облигационото право утврдени со законот за облигациони односи. Според чл. 92 ст. 1 од законот за облигациони односи, во овој случај, кога договорот е склучен според претходно отпечатена содржина, односно подготвен и предложен од едната договорна страна (тука АД „Македонски телекомуникации“), тогаш ако некои од одредбите се нејасни, тие ќе се толкуваат во корист на другата страна (тука Корисникот).

Вам сосема Ви е јасно дека рекламираната понуда од ваша страна (непосредно пред и по склучувањето на спорниот договор), се однесуваше на фиксен месечен износ за проток на информации без разлика на брзината на истиот. Вие после (број на месеци) по потпишувањето на договорот ги менувате и условите и цените кои очигледно, ако постоеа во времето на склучување на договорот немаше да дојде до потпишување на истиот.

Во нашиот взаемен договор кој го склучивме, утврдивме дека може да дојде до промена на цени и услови, но во никој случај дека наплатата може да биде зависи од мене, т.е. Корисникот. Напротив, во анексот кон договорот стои веќе утврден, фиксен месечен износ. Нашиот договор не Ви дава за право да ги менувате елементите на договорот, меѓутоа во тој случај Вие сте обврзани да ме известите лично, а не преку средствата за јавно информирање (според чл. 11 од договорот). Договорот Ви дава за право и да ја смените цената на услугата, а не таа да стане варијабилна, во зависност од количество на информации што јас го користам.

Воведените измени се сосема нови услови и начин на плаќање кои немаат ништо заедничко со нашиот првобитен договор. Се поставува и прашањето кој е смисолот за задржување на називот на пакетот кога вие ги менувате сите услови, како и сериозноста со која стапувате во облигациони односи кога сите ваши услуги се подложни на радикални и суштински промени. Вашето самоволно толкување на договорот е неодговорно, непрофесионално и крајно подмолно. Прикажувањето на една понуда со цел привлекување што е можно поголем број корисници, за потоа да се промени драстично услугата подлежи како на морална одговорност, така и на одговорност според законот за заштита на потрошувачите, чл. 36 (чие прекршување подлежи на надзор според чл. 134, ст. 1 точка 7 од истиот закон и е казниво според чл. 136, ст. 1 точка 1 и 10 и ст. 2, 3 и 4 од истиот закон).

Согласно со чл. 122 од законот за облигациони односи, Ве исвестувам дека ако во рок од 30 дена од приемот на овој приговор, не ми доставите однапред утврдена цена за користење на АДСЛ месечни услуги, ќе сметам дека договорот е раскинат од Ваша страна. Напоменувам дека сите трошоци кои ќе настанат од раскинувањето на овој договор ќе паднат на Ваш товар, бидејќи вината за раскинувањето е на Ваша страна и Вие ја сносите материјалната одговорност. Моја најдобра и најчесна намера е Вие да си го исполните Вашиот дел од обврската, а тоа е проток на информации за претходно утврден фиксен месечен надоместок, без разлика на брзината на протокот.

При евентуалното раскинување на договорот од ваша страна, за штетата која ми е нанесена со уплата за приклучокот и другите додатни трошоци, си го задржувам правото да ја остварам со тужба пред надлежниот суд, во согласност со одредбите од законите за облигациони односи, електронски телекомуникации и заштита на потрошувачите.

Со почит,

_________ (потпис на сопственикот на приклучокот)


07 октомври, 2005

Печатените медиуми

Денеска во Дневник и Време се појавија текстови за „незадоволството“ од „самоволното воведување нови правила на игра“ на Македонски Телекомуникации.

Текстот во Дневник (цитиран е текстот од флаерот)
Текстот во Време (скенираната статија ја има преку еден пост од овој)
Текст во Време за реакцијата на ОПМ
Текст во Време за новите отпуштања од АД „Македонски Телекомуникации“

Писма на читатели во Дневник


Индикативно е тоа што на сајтот на Утрински Весник нема ништо. Впрочем, погледнете кој им е во листата спонзори. Изгледа не сфаќаат дека и тие ќе бидат погодени од ова.

EDIT: На IRC каналот #anti-mtnet некој цитираше текст од Вест (да, оној шлајм таблоид што излегува секој ден), во кој се спомнуваат некакви напади врз некакви „data network system“ со цел да се блокира целата „интернет мрежа“ во Македонија. Истите тие „злонамерници“, велат од Вест (оние чиј слоган е „Читај и мисли слободно“ (ама само во рамките на интересите на спонзорите)), ширеле лаги и дезинформации за услугата на Македонски Телекомуникации (ова нема ни да го коментирам, видете го скенот од огласот објавен во Дневник на 30.09.2005).

Океј, мало појаснување за неписмените во Вест: овој блог, и IRC каналот поврзан со него немаат никаква врска со некакви напади чија цел е блокирање на интернет пристап. Извинете вака, ама КОЈА БУДАЛА ЌЕ СИ ЈА СЕЧЕ ГРАНКАТА НА КОЈА СЕДИ?! (освен можеби Македонски Телекомуникации, кои веќе одамна ги отсекоа своите корисници)

Мислам, свестете се што пишувате! Ако немам пристап на интернет, нема да можам да информирам никого! Посебно не во толкав број (погледнете го бројачот на посети). А очигледно е дека човек не може да очекува фер и објективно информирање од страна на (некои) медиуми. Секоја чест на исклучоците.

Да погодам, со овој коментар злонамерно го напаѓам вашиот медиум и ширам дезинформации. „Слободен дневен весник“ my ass. Се додека дозволувате спонзори да ве тегнат за нос, нема да бидете слободни.

EDIT II: Само што ја добив скенирана веста од Вест. И иако тоа што го пишува е претежно цитат од изјава на Телекомци, најважните делови се изоставени. Како на пример, Каков е тој обид за „заведување на чесни ADSL корисници“? Бавете се малку со истражувачко новинарство, Вест. Не зависете само од изјави на портпароли и „официјални претставници“.

06 октомври, 2005

Се вклучуваат и институциите

Браќа и сестри револуционери!:)
Стапив во контакт со Агенцијата за електронски комуникации и со Комисијата за информатичка технологија. Заинтересирани се за случајот и сакаат да го испитаат. Се договоривме да ги пратам потребните документи и се надевам дека ќе следат конкретни активности од нивна страна.

На другите фронтови, правник од Организацијата за потрошувачи на Македонија утре ќе има средба со одговорните лица од МТ на која и официјално ќе биде презентиран нивниот став дека промените на договорите се незаконски и ќе биде побарано МТ да ги прекине ваквите активности.

Поради ваквиот развој на настаните предлагам поднесувањето на приговорите и барањата за раскинување на договорите да се одложи за следната недела. Да почекаме што ќе се случи, па средбата пред МТ да ја одржиме во понеделник или среда. Така ќе имаме повеќе време да се подготвиме правно, да информираме што е можно повеќе луѓе и да видиме каква помош можат да ни дадат горните институции.

We will not go quietly into the night, we will not surrender without a fight.

05 октомври, 2005

Нови моменти од утрешно Време

Не Контам. Тоа што они имаат направено пропуст во начинот на кој ја нудат услугата, т.е. воопшто можноста повеќе од еден корисник да користи еден модем, треба НИЕ, корисниците, да го кркаме стапот?! Во тој случај, може да ги дознаеме јузернејмите и пасвордите на оние што нема да имаат ограничување или се деца, роднини, тетки и швалерки на фаците од Телеком и да ги користиме нив, па нека бројат килобајти тие.

Во секој случај, ако тие толку инсистираат по медиумиве дека не го менуваат договорот ниту пак условите наведени во него туку воведуваат доплата, може (И ТОА КАКО МОЖЕ) да си ги раскинеме договорите без око да ни трепне. Баш според оној член 96 став 3 од законот за телекомуникации.




(благодарност до Бидик за брзиот скенер :))

На страниците на "Дневник"...

..излезе статија за моменталната кризна состојба. Кликнете тука за да го видите целиот напис.

Има еден дел на кој треба да се обрне внимание:
- Не ја менуваме цената за услугата, таа и понатаму останува иста, не го менуваме начинот на тарифирање, нема нови пресметковни блокови кај услугата. Корисникот и понатаму може да остане на фиксниот износ, со тоа што во текот на месецот ќе го контролира сообраќајот преку интернет страната за АДСЛ услугата. Нема повеќе да се намалува брзината по достигнување на лимитот, туку секој ќе може да продолжи да ја користи услугата со определена доплата. Инаку, согласно договорот при неговото раскинување се плаќаат пенали со тоа што одлуката за тоа е на корисникот - вели Валентина Неткова, портпаролка на телекомот.

Ако не ги читате коментарите...

... тогаш сте го пропуштиле следново:

(disclaimer: не велам дека е најдобрата солуција, но дефинитивно сакам да кажам дека си стојат до она што го кажаа вчера. Човекот што го однесе ваквиот приговор не беше со нас вчера во телеком.)

Ова е барање кое денеска е поднесено и одобрено, не е лошо да го имаме како урнек.

До АД за телекомуникации
МАКЕДОНСКИ
ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
ул Орце Николов бб Скопје

ПРЕДМЕТ: БАРАНЈЕ ЗА РАСКИНУВАНЈЕ ДОГОВОР БР (џ) џџџџ
За користенје на електронска комуникациска услуга АДСЛ

Од Име и Презиме од адреса Скопје

Барам, поради битно изменети цени на услугата сто ја нудите наведениот договор да се раскине согласно цл.4 ст4 од истиот договор.

Воедно Ве молам да ме известите за денот и цасот кога Васите монтери ке дојдат да ја земат Васата опрема како би бил дома

Со ова баранје сметам дека е испоцитуван секој рок кој е наведен во споменатиот договор.

Ве известувам дека тросоците кои евентуално се направени во врска со монтазата не ги прифакјам освен месецната претплата која ке Ви биде платена и тоа од денот на монтазата до денес 05.10.2005 година

На крај овој Вас потег со промена на условите го сметам за крајно Неодговорен и неделовен

Скопје, датум

Име и Презиме

(тука стои пецат од македонски телекомуникации

Примено: датум, Број: џ/џџџ и потпис)

3:31 PМ

НАВАЛИ НАРОДЕ, ТАЗЕ ФЛАЕРИ! (овој пат 150dpi)

Готов е флаерот. Поентата беше да биде информативен како за постоечки, така и за можните идни корисници.

EDIT: Овој пат сликите се 150dpi (би требало поасално да изгледаат отштампани), грешката е исправена (благодарам на забелешката), а за маргините ви препуштам вам.

Страна 1 од флаерот
Страна 2 од флаерот

Tip: Флаерот е двостран, т.е. кога ќе фотокопирате, треба од едната страна да биде овој текст, од другата страна овој.

EDIT: Од пред малку имаме и „постер“ кој може да се закачи каде стигнете (овој пат во pdf формат). Благодарност до Бидик за hosting.

PDF Постер .

04 октомври, 2005

Горчлив aftertaste

Како што наведе во претходниот post bezvrska, денеска имавме успешна експедиција. Се крена доста џева во салонот на А.Д. „Македонски Телекомуникации“ (јеби га, 30 души во таков простор и не се малку). И иако имаше повеќе луѓе отколку што очекував, сепак бевме премалку. Но, на некој начин тоа беше и позитивно. По разговорот со нивни претставник (извесна Лидија Темелковска), ни беше кажано дека „пенали“ нема да се плаќаат ако бараме раскинување на договорот.

Но, тука имаме голем проблем. Тие мислат дека станува збор за шака (30-60) незадоволни корисници и беа повеќе од среќни што можеа да се решат од нас на начин на кој се решија (ни дадоа формулари за Барање за раскинување на договорот и ни рекоа да си ги пополниме и да ги предадеме во кој и да е салон на АД „Македонски Телекомуникации“. Прашавме и што е со оние што не се во моментов тука: „Истото важи и за нив“ (разговорот е снимен на диктафон и ако има нешто спорно, може да се искористи).

Сепак, како што некој некогаш кажал: GET IT IN WRITING!!! По излегувањето од салонот и муабетот во ОПМ, во разговор со еден пријател, сфативме дека премалку луѓе знаат за новите „услови“ на пакетите на АД „Македонски Телекомуникации“. Како што кажа bezvrska во претходниот post, информирајте што е можно повеќе познаници, пријатели, соседи, што и да е. Во план е и да се изработат флаери (кои ќе се пуштат неколку пати на фотокопир) и да се поделат наваму-натаму. Имаше и една одлична идеја за собирање по 10 ден. од секој што ќе го раскинува договорот за објавување на реклама во некој дневен весник во кој ќе има известување за „новонастанатата ситуација“, како и повик до АД „Македонски Телекомуникации“ да објави (јавно) дека ќе важи тоа што ни го кажаа во нивниот салон.

И уште нешто (воедно и НАЈВАЖНО): немојте да се залажувате дека ќе се вратат на старо. Повторно, како што кажа bezvrska во претходниот post, договорот е таков што им дозволува на АД „Македонски Телекомуникации“ дури и договорот да го менуваат (за што мораат да ве известат лично, а не преку медиум, како што стои во Член 11 од договорот).

Ако успеам да останам буден, ќе пишам на што и да се сетам. До тогаш, информирајте (се).



PS: Благодарност до Трендо & http://www.on.net.mk/ за објавената информација (дел од луѓето што се појавија разбраа токму од сајтот).

После првата пушка...

Благодарност до сите што се појавија денес пред МТ-Алмако. За останатите: не известија дека може да се поднесе барање за раскинување на договорите без да се плаќаат дополнителните надоместоци наведени во нив. ВНИМАВАЈТЕ! Воопшто не се за верување. Ако поднесувате барање за раскинување задолжително треба да наведете дека тоа го правите поради промена на условите на договорот од нивна страна, по што според Законот за електронските комуникации, член 96, став 3, вие имате право да го раскинете договорот без последици. Исто е важно да се наведе дека барате раскинување само ако при тоа не ги сносите трошоците од членот од Анексот на договорот во кој се предвидуваат дополнителни плаќања за предвремено раскинување на истиот.

Во контакт сум со Организацијата на потрошувачи од каде ни ветија и правна помош при составување на барања за раскинување, приговори, претставки, па ако треба и тужби. Јавете се кај нив на телефон 02/3212-440 да пријавите дека и вие сте засегнати со случајов. До 13 октомври ќе составиме и објавиме правно издржан шаблон за приговор и за барање за раскинување на договор за АДСЛ услуга. Планот е истиот ден тие масовно да бидат поднесени до МТ и до инспециски служби. Дури и да се случи МТ во меѓувреме да објават дека ја повлекуваат доплатата за надминување на лимитот, не се откажувајте од раскинување на договорот зошто истиот е катастрофален по вашите права и МТ може во секое време да ви наметне дополнителни доплати и лимити.

Во меѓувреме трпение додека се подготват шаблоните. Исто така информирајте ги сите што знаете дека користат АДСЛ и пишувајте и јавувајте се по медиуми за да се крене што е можно поголема прашина околу случајов.

Работава е итна, ама слепа кучка...

Во врска со денешниот протест во 12 пред МТ продажниот салон карши Алмако: протестирајте, дигајте џева, понесете ги и модемите со вас и парадирајте со нив и договорите пред МТ. Ова е добро за да се изврши дополнителен притисок, но немојте да очекувате дека со тоа што ќе ги изнервирате теткиците на шалтер ќе решите нешто. Нив и онака никој не ги прашува. Затоа не избрзувајте со раскинување на договорите. Нив ги усовршувале платени правници скоро две години и невозможно е ние во рок од четири дена да ги откриеме сите дупки и незаконитости. Да почекаме добро да се исконсултираме со повеќе правници, па потоа на 13 или 14 октомври да поднесеме издржани приговори по што би ги раскинале договорите. МТ може да најде милион причини да не прими набрзина подготвен приговор.

Да го корегирам Бојан, ако го раскинете договорот пред истекот на месецот месечниот надомест ќе ви го наплатат само за онолку дена од месецот колку што сте го користеле АДСЛ-от. Затоа не е неопходно да го наведете 31 октомври како датум за раскинување на договорот. Сепак, мојот совет останува дека треба да се почека неколку дена за подобро правно да се подготвиме. Во меѓувреме на протести!

Не е којзнае што, но сепак...

Како што пишува во Договорот, Член 12, став 1 (подвлечено со зелен „маркер“), корисникот треба да го поднесе приговорот најмалку 15 дена пред раскинувањето на договорот.

Значи, ако сте нестрпливи и сакате што побргу да го направите ова, во приговорот обавезно да барате раскинувањето на договорот, т.е. прекинот на услугата да се изврши на 31 Октомври 2005 г. во 23:59 часот. И онака ќе ви го наплатат октомври, искористете го додека можете. Ако ја прекинат услугата подоцна/порано, ќе може дури и да се буниме кај „надлежните органи“ и да бараме поништување на „заостанатите долгови“ (или барем оние за месец октомври) во име на непочитување на Договорот.

И уште нешто. За оние нетрпеливите: Направете 3 копии од приговорот, 2 за вас, една за нив и обавезно оставете место за потпис и печат на оној што го примил приговорот. Да барате да ви се потпишат на сите 3 копии. Да не заборавите и датум да напишете, кога е оставен приговорот.

EDIT: Ако теткицата на шалтер (или каде и да е) не сака да се потпише затоа што не е овластена or something, тогаш инсистирајте да се појави некој што може да се потпише. Или барем да ве упати кон некој таков.


EDIT #2: на Багра.орг VBB постираше Шаблон Приговор, кој, како што спомна во коментарот ќе го донесе денеска на пладне пред зградата на мт.нет по што ќе може да го фотокопираме.

Често Поставувани Прашања (ЧПП)

Конечно, еве го ЧПП-то (често поставувани прашања) што го составивме. Ако сметате дека фали некое прашање или има непокриени информации, напишете во коментарите.



Прашање: Слушнав за лимитот на АДСЛ. Дали важи сево ова? Од кога? За кого? Дали е само за симнување, или...?

О: Да, важи. Иако сеуште стигаат по некои информации дека МтНет не биле сигурни дали навистина ќе го воведат договорот и за кого, сега за сега "знаеме" дека - важи за сите. Пишува на сајтот на МтНет, во нивниот оглас во весникот (подолу на блогот) и на други места дека:

По надминувањето на лимитот од X гигабајти трансфер (на пример 4GB za MaxADSL), секои 512MB направен трансфер ќе се наплаќаат 175 денари (без ДДВ). Ова важи за сите корисници на ADSL. Наплатата почнува од 1ви ноември. (мизда им патер, како што вели StormAngel).

За сообраќајот направен од 1ви ноември па натаму (НЕ и за октомври) МтНет ќе ви наплаќаат по мегабајт. Тоа оди вака некако: ако надминете бајт над лимитот, ќе платите 175 денари. Ако надминете 512 мегабајти плус еден бајт, плаќате 350 денари. За надминување од 1024MB + 1 бајт - 525 денари (сето ова без ДДВ).

Во трансферот е вкчучено се: симнувањето, инстант пораките, IRC, мрежите за симнување (eMule, BitTorrent, итн) - буквално се. Моменталниот остварен сообраќај може да го проверите на адресата дадена на оваа страна: линк



Прашање: Бројачот за проверка на сообраќај е неточен и претерува! Што да правам?

О: Го забележавме ова, и имаме напишано порака подолу на странава со некои информации и споредби.

Инаку можете да правите "screenshots" со притискање Alt+Printscreen на страната за проверка на сообраќај на МтНет. Потоа отворете го MsPaint и направете "paste" (со притискање Ctrl+V секако). Зачувајте го документот (сликата) со име во кое го има датумот и времето на проверка - некаде на страна. Може да притреба.



Прашање: Сакам да го раскинам договорот! Знаете ли нешто за плаќањето пенали/долгови? (1-годишни и 2-годишни договори)

O: Знаеме и незнаеме.

- Прво, луѓето од техничка поддршка на МтНет се уште се (прават) збунети во однос на информациите за раскинување. Според некои, тие што биле на "хоби" пакетот, на пример (од постарите пакети) НАЈВЕРОЈАТНО немало да плаќаат. Потоа (неверојатно!), во други случаи имало одговор дека "важело за сите"! На крај, во трети случаи незнаеле ништо. Мој совет ако се јавувате на техничка поддршка и немаат информации, е да инсистирате да ве поврзат со некој кој што ќе ви ги даде потребните информации! Некој од повисоките редови на МтНет. Информација што дошла од МтНет МОРА да важи. Само, како да се дојде до неа...

- Еве што имаме собрано ние од информации:

а) Колку што знаеме, ситуацијата за раскинување 2-годишни договори е најлоша. Ете, подолу можете да прочитате во пораката на Бојан дека договорот е мошне цврсто направен. Значи, ако го раскинете договорот (пример - 2 годишен MAX ADSL, и/или хоби пакетот) ги плаќате тие 1000 денари месечно од досегашните потрошени месеци. Без разлика што во членот 11 стои дека имате 15 дена за приговарање, а во законот за електронски комуникации стојат повеќе денови (30) - тие можат да сменат договор "кога ќе им текне" и вие СЕПАК да плаќате пенали при раскинување, кои ТИЕ ќе ги наречат "заостанати долгови".

Всушност, како да нема никаква врска со тој член ДАЛИ ќе раскинете договор сега, во минатиот месец (септември), во Јули, пред 6 месеци или било кога (лошо!). Плаќањето важи.

Ако грешиме овде и ако имате СИГУРНИ, поинакви информации, пишете коментар слободно!

b) bezvrska, Бојан, и уште една правничка го разгледуваат Законот за потрошувачи како алтернативен метод за елиминирање на плаќањето пенали. За ова, информациите сеуште ги немаме разработено, и веднаш штом ги имаме ќе се појават овде. Воглавно овој закон се однесува на нефер однесување спрема потрошувачите.

edit: ВАЖНО!!! ИМАМЕ НОВИ (04.10.2005) ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО РАСКИНУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВИЕ ДВА ЛИНКА од блогот: (тука) и (тука)


Прашање: Каде можам да ги најдам законот за електронски комуникации, законот за заштита на потрошувачите и членовите на договорот (линк)?

О:

1. Законот за електронски комуникации (13/2005) (мислиме дека нема многу да помогне):
линкот е овде (pdf документ)

Интересни моменти:
Член 102
Член 96, став 3 (рок од 30 дена)
Член 96, став 1, точка ж, (предвидена казна според член 140, став 1, точка 5 од законот, како и член 143)
Член 139, став 1, точка 40, како и член 143 (ова е поврзано само со рекламите што ви стигаат на е-mail адресата дадена од МтНет заедно со АДСЛ-от)

2. Закон за заштита на потрошувачите (3/8/2004): линкот е овде (pdf документ)

Интересни моменти:
Член 8, став 9 (казна член 137, став 2, точка 15, како и став 2, 3, 4 од истиот член)
Член 36. (мерки на надзор во член 134, став 1, точка 7, како и казна согласно член 136, став 1, точка 10, како и став 2, 3, 4 од истиот член).

(благодарност до bezvrska)

3. Еве линкови до 3-те страници на договорот и + анексот. Овој договор е склучен во февруари 2005 г. Така што можеби не важат истите работи за поновите/постарите корисници. Релевантните работи се подвлечени со зелен „маркер“, а страшните, правни работи кои им дозволуваат на мт.нет да прават што сакаат, со црвен.

Страна 1
Страна 2
Страна 3
Страна 4 (Анекс на Договорот)



Прашање: Што можеме да направиме во врска со ова? Некои додатни совети можеби?

О: Имаме неколку идеи.
  • Една од првите е да се напише приговор до МтНет врз основа на договорот, Законот за заштита на потрошувачите и законот за електронски комуникации. bezvrska ќе направи муабет со правник за сето ова да го има како бланко-форма на блогов. Нови информации се дека тоа немало да помогне, меѓутоа чекаме до утре да се направи муабетот со правникот. Да се надеваме дека ќе излезе нешто од тоа
  • Друга е раскинување на договорот. Во најлош случај, оние што имаат едногодишни и двогодишни договори ќе треба да плаќаат заостанати долгови. ДА ГЛЕДАМЕ НЕКАКО ДА НЕ ДОЈДЕ ДО ТОА! Битно е да се расчисти ВЕДНАШ кој, колку и дали ќе плаќа пенали ако го раскине договорот! Погоре во ЧПП-то има повеќе информации за ова. Ако имате различни, сигурни информации - ќе повторам: Пишете коментар.
  • Трета е контактирање со техничка поддршка. До сега информациите се дека незнаат многу (речиси ништо), ама ако ве поврзат со некој друг кој што знае - можеби и ќе добиете дополнителни информации
  • Четврта е - SPREAD THE WORD! Кажете и на бабичката од 5-ти која планира да стави аДСЛ што се случува. Кажете им на другарите заинтересирани за интернет што се случува. Кажете на секој што мислите дека не е информиран за работава а има/планира да стави аДСЛ. Нека се шири информацијата за безобразлукот на МтНет. Луѓето треба да знаат! Што побрзо знаат, толку побрзо може да изреагираат - пред да почне "стрижењето".
  • - За секој случај, сменете си ја шифрата за вашето корисничко име (АКО знаете како - и ако знаете да ги направите потребните подесувања). Да не случајно излезе дека некој друг ви го знае и користи.
  • Правете "screenshots" со притискање Alt+Printscreen на страната за проверка на сообраќај на МтНет. Потоа отворете го MsPaint и направете "paste" (со притискање Ctrl+V секако). Зачувајте го документот (сликата) со име во кое го има датумот некаде на страна - можеби ќе ви притреба.
Доколку имаме дополнителни идеи, ќе ги додадеме во ЧПП-то. Тие ќе зависат и од тоа како се одвива ситуацијата.



Прашање: Ќе има некаков протест/собир?

O: Денес, (вторник), во 12 на пладне, овде: (мапа за собирот) - Дојдете!



Ако имате некои прашања кои знаете дека се често поставувани а не се покриени овде, напишете во коментар и ќе ги објавиме.