08 октомври, 2005

ПРИГОВОРОТ на тино097

Колку-толку го средив приговорот на тино097. Имајте предвид дека ова е приговор, не и барање за раскинување договор. Ако има некои сугестии, оставајте коментари па ќе ги вклучиме во приговорот до понеделник.

ДО
АД „Македонски телекомуникации“
Орце Николов бб-Скопје

ИЗВЕСТУВАЊЕ – ПРИГОВОР
Од [име и презиме на сопственикот на приклучокот и улица на живеење]


Почитувани,

На [ден/месец/година на потпишување на договорот] склучив договор со АД „Македонски телекомуникации“, за користење на електронската комуникациска услуга ADSL. Во чл.4 ст.4 од договорот стои дека доколку дојде до менување на цените на услугите, начинот на тарифирање на истите, како и другите услови на работење, во рок од 15 дена од приемот на известувањето, јас, корисникот писмено не ве известам за раскинувањето на договорот, тогаш сум се согласил со новите цени на услугите, начинот на тарифирање на истите, како и другите услови на работење. По узнавањето за измените на ден [ден/месец/година на приговорот] согласно со истиот член го истакнувам овој приговор:

Со новите измени за ADSL услугите, наплатата за протокот на податоци ја извршувате според количина на истите, а не според претходно утврден фиксен месечен надоместок. Во меѓусебниот договор за користење на АДСЛ услуга, во делот за условите и начините на плаќање во чл4. ст1, Вие начинот на плаќањето го утврдувате со ЕДНОКРАТЕН И МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТОК СООДВЕТНИ НА ИЗБРАНИОТ ПАКЕТ. Ние во истиот тој договор утврдивме и определивме дека може да дојде до промени на цените и условите на овој договор, но таа промена значи ПРОМЕНА НА ЦЕНАТА НА ИЗНОСОТ НА ПАКЕТ, а не промена на условите на плаќањето. Ова го образложувам од причина што и во анексот кон договорот за користење на АДСЛ услуга, во чл. 2 ст. 2 [овој дел може да се разликува од анекс до анекс] стои “КОРИСНИКОТ СЕ ОБВРЗУВА ДА ПЛАЌА МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА АДСЛ УСЛУГАТА..“.

Духот на договорот, во кој е вклучено и барањето за АДСЛ приклучок, како и начинот предвиден за користење на услугата е: неограничено користење на протокот на информации без разлика на брзината на протокот за фиксен, однапред утврден износ.

Со ваквите нови измени, Вие ги менувате битните суштински елементи на договорот, а со тоа и целиот договор. Ваквата еднострана измена од Ваша страна и Вашето толкување на договорот е спротивно со Законот за облигациони односи чл. 91 ст. 1 и ст. 2, каде стои дека одредбите на договорот се применуваат онака како што гласат, како и дека во толкувањето на договорот треба да се истражува заедничката намера на договорачите и одредбите да се разберат како што тоа им одговара на начелата на облигационото право утврдени со законот за облигациони односи. Според чл. 92 ст. 1 од законот за облигациони односи, во овој случај, кога договорот е склучен според претходно отпечатена содржина, односно подготвен и предложен од едната договорна страна (тука АД „Македонски телекомуникации“), тогаш ако некои од одредбите се нејасни, тие ќе се толкуваат во корист на другата страна (тука Корисникот).

Вам сосема Ви е јасно дека рекламираната понуда од ваша страна (непосредно пред и по склучувањето на спорниот договор), се однесуваше на фиксен месечен износ за проток на информации без разлика на брзината на истиот. Вие после (број на месеци) по потпишувањето на договорот ги менувате и условите и цените кои очигледно, ако постоеа во времето на склучување на договорот немаше да дојде до потпишување на истиот.

Во нашиот взаемен договор кој го склучивме, утврдивме дека може да дојде до промена на цени и услови, но во никој случај дека наплатата може да биде зависи од мене, т.е. Корисникот. Напротив, во анексот кон договорот стои веќе утврден, фиксен месечен износ. Нашиот договор не Ви дава за право да ги менувате елементите на договорот, меѓутоа во тој случај Вие сте обврзани да ме известите лично, а не преку средствата за јавно информирање (според чл. 11 од договорот). Договорот Ви дава за право и да ја смените цената на услугата, а не таа да стане варијабилна, во зависност од количество на информации што јас го користам.

Воведените измени се сосема нови услови и начин на плаќање кои немаат ништо заедничко со нашиот првобитен договор. Се поставува и прашањето кој е смисолот за задржување на називот на пакетот кога вие ги менувате сите услови, како и сериозноста со која стапувате во облигациони односи кога сите ваши услуги се подложни на радикални и суштински промени. Вашето самоволно толкување на договорот е неодговорно, непрофесионално и крајно подмолно. Прикажувањето на една понуда со цел привлекување што е можно поголем број корисници, за потоа да се промени драстично услугата подлежи како на морална одговорност, така и на одговорност според законот за заштита на потрошувачите, чл. 36 (чие прекршување подлежи на надзор според чл. 134, ст. 1 точка 7 од истиот закон и е казниво според чл. 136, ст. 1 точка 1 и 10 и ст. 2, 3 и 4 од истиот закон).

Согласно со чл. 122 од законот за облигациони односи, Ве исвестувам дека ако во рок од 30 дена од приемот на овој приговор, не ми доставите однапред утврдена цена за користење на АДСЛ месечни услуги, ќе сметам дека договорот е раскинат од Ваша страна. Напоменувам дека сите трошоци кои ќе настанат од раскинувањето на овој договор ќе паднат на Ваш товар, бидејќи вината за раскинувањето е на Ваша страна и Вие ја сносите материјалната одговорност. Моја најдобра и најчесна намера е Вие да си го исполните Вашиот дел од обврската, а тоа е проток на информации за претходно утврден фиксен месечен надоместок, без разлика на брзината на протокот.

При евентуалното раскинување на договорот од ваша страна, за штетата која ми е нанесена со уплата за приклучокот и другите додатни трошоци, си го задржувам правото да ја остварам со тужба пред надлежниот суд, во согласност со одредбите од законите за облигациони односи, електронски телекомуникации и заштита на потрошувачите.

Со почит,

_________ (потпис на сопственикот на приклучокот)


30 коментари:

Анонимен рече...

Еј и јас имам нпишано приговор па зато сакам да се консултирам со вас, дај некако да се организираме со приговорите. dimebt_2005@hotmail.com MSN

MaLi_MK рече...

ПРИГОВОРОТ на тино097 е одличен (браво тино097!). Јас предлагам овој приговор масовно (понеделник или среда) да го поднесеме во МТНет.
Во овој приговор има извадено многу важни законски прописи кои може да послужат и како основа за тужба до МТНет, се разбира доколку ја поднесеме како Здружение На Граѓани.

bezvrska рече...

Браво за тино и Бојан. Мали корекции:
„Во нашиот взаемен договор кој го склучивме, утврдивме дека може да дојде до промена на цени и услови, но во никој случај дека наплатата може да биде зависи од мене, т.е. Корисникот.
Болдираното е грешка, во оргиналот стои „дека наплатата може да биде варијабилна“.

Во последниот пасус место „електронски телекомуникации“ треба да стои „електронските комуникации

Мислам дека треба за секој прекршен Закон да направиме посебен приговор за да бидат работите појасни. На пример овде се испреплетуваат елементи од Законот за облигациони односи и Закон за заштита на потрошувачите што го прави приговорот нејасен при читање.

Анонимен рече...

Мислам дека треба да се напоменат и соодветните членови 92,93? од законот за електронски комуникации

тино097 рече...

Фала за пофалбите , но тие трба да одата на адреса на адвокатот. Текстот само го пастирав со мали корекции каде се спомнуваа мои лични информации.

Идеата за посебни приговори е добра. Но сепак мислам дека треба да се настапи со приговорот колу да им се даде до знаење на МТНет дека сме запознаени со нашите права.

Незнам колку е точно но имам познаник кој работи во Телеком-Битола и спомена дека можно е да се повлечат новите услови ако има помасовно приговарање. Како плус и за вработените во МтНет важат новите услови. И од нив има многу што си поднеле барање за откажување на услугите.

ExADSL рече...

Како што тие ни даваат нејасни “Договори“ зошто и ние да не даваме нејасни Приговори, макар што мислам дека приговорот со корекциите на bezvrska и не е баш нејасен. Напротив, се дава на знаење дека со еден непромислен и АЛЧЕН потег на некои лопови кои мислат дека можат да направат се што ќе посакаат во оваа т.н. држава се кршат повеќе закони. Друга работа е што веќе одамна во нашата ебиветер држава никој не води сметка за обичниот човек, за неговиот стандард и неговите права како потрошувач. Тука и самите ние сме и тоа како виновни. Ама за таа тема во некои подобри времиња.
Битно е да се настапува организирано, со исти приговори, во исто време. Идејата на mali_mk за Здружение на граѓани не е лоша, само не знам дали има време за чекање.

bezvrska рече...

Идејата за формирање здружение на граѓани на MaLi_MK е добра ама за регистрирање на здружението требаат околу две недели и околу 100 евра трошоци. Затоа прво да ги поднесеме приговорите поединечно, па после ако сакате уште да се дружиме - зошто не. :)

neo-geo рече...

во ред е што започнаа да излегуваат примери за приговори, само треба да делуваме што поскоро

Dime BT рече...

Само сакам да кажам, кога ке биде составен целосниот проговор да биде ставен на блогот во *.doc формат за да не го препишуваме истото на секое!

Gjorgji Taskovski рече...

Jas ke go iskoristam dadeniot prigovor so korekciite. Ne mozam da se organiziram so vas poradi profesionalni obvrski. Fala za urnekot.

Анонимен рече...

Link za eden od Prigovorite-baranje vo *.doc fajl



http://s44.yousendit.com/d.aspx?id=1UXP36X0EM09C38PT0P198DBDA

Анонимен рече...

http://www.mt.net.mk/Produkti/InternetPristap/ADSL/index.asp

ADSL е асиметрична дигитална претплатничка линија (Asymmetric Digital Subscriber Line), која обезбедува брз пристап на интернет со брзини до 8Mbps за download и до 1Mbps за upload. Обезбедува 24 часа интернет со фиксна ниска месечна цена, независно од времето поминатo на интернет, без потреба корисникот да се приклучува или исклучува секогаш кога ќе посака да ја отвори или затвори интернет сесијата. Нуди можност за симултано користење на телефонската линија за говор, fax сервиси и интернет пристап.

Анонимен рече...

По узнавањето за измените на ден...

Mislam deka treba da stoi "po zapoznavanjeto so promenite"
koregirajte me ako gresham..

Анонимен рече...

Dali kje se promenat onie greshki shto gi napomenaa bezzvrska i ushte eden so uznavanjeto?

Ajde.. edvaj chekam da si go isprintam i da im go dostavam :)

тино097 рече...

во врска со грешките , не ги гибнав иако и мене ми звучеа чудно по претпоставка дека е можда некој “правнички“ речник. Сепак кој што мисли поинаку слободно нека менува или нека консултира правно лице

Анонимен рече...

I sega sho ke prajme? Ke podnesuvame Prigovori i ke cekame, ili pak masovno ke se isklucvame od internet? Kazvajte pobrzo, oti resen sum vo sreda da se isklucam od adsl-ot. A drugar mi prege bil vo mt-net, i tetkicata sho rabotela tamu mu rekla deka ako se iskluci, ke si plaka penali

тино097 рече...

Вака, спрема приговорот МТНет се должни да ме(не) известат со ФИКСНА претплата за неограничен проток на информации. Доколку нема известување или она што ќе го одговорат не е во согласност со договорот тогаш договорот ќе се рачуна раскинат од нивна страна и ќе се поднеси барање за подигнување на нивната опрема, нормално без обврска за плаќање на трошоци како што е нагласено во законите.

bezvrska рече...

Има две работи што се важни во случајов:
1. постапката на МТ е незаконска;
2. договорот содржи незаконски одредби.

Може да направиме вака: прво поднесуваме ваков приговор со кој велиме дека МТ со оваа постапка го крши склучениот договор, Зак. за облигациони односи, Зак. за ел. комуникации, и Законот за заштита на потрошувачите и поради тоа сметаме дека договорот е раскинат од нивна страна и тие ги сносат трошоците за раскинувањето.

Ако го одбијат овој приговор или ако одбијат раскинот да биде на нивен трошок, бараме од суд по службена должност да ги прогласи Договорите за ништовни (неважечки) зошто во нив има одредби кои се спротивни на сите три спомнати закони. Уште покурназ варијанта е да бараме Договорите да не бидат ништавни во целост, туку за ништавни да бидат прогласени само оние одредби кои не ни одговараат (т.е. член 3 од Анексот според кој се плаќаат пенали, како и член 4 став 4 и член 11, според кој МТ може да ги менува условите од договорот). Во таков случај ние користиме АДСЛ по сегашни услови и цени и ПЛУС ќе може во секое време да се откажеме од договорот без пенали.

Во меѓувреме, по одбивање на приговорите од страна на МТ, поднесуваме претставка до Државен пазарен инспекторат и Агенција за ел. комуникации. Онака, од ќеф.

Александар рече...

Како што веќе напишав на БАГРА, сметам дека ни треба токму ваков приговор, т.е. НЕ ТРЕБА да понесуваме БАРАЊЕ за РАСКИНУВАЊЕ на договорот. На тој начин ќе МОРА да се плати заостанатиот долг иако тие се страната која го раскинува договорот. Сметам дека овој приговор е добар. Денес го отпечатив и го дадов на еден судија, кој ќе го разгледа и ќе ми каже некои сугестии во врска со него. За се ќе бидете информирани овде или на багра. Доколку се изготви уште еден КОНЕЧЕН ПРИГОВОР, во кој ќе бидат вклучени сите страни (освен Закон за Облигациони Односи, да се вметнат и точките од Законот за правата на корисниците и Законот за електронски комуникации), се надевам дека ќе имам време да го дадам на разгледување.
Ги молам револуционерите на блогов да го спастрат КОНЕЧНИОТ ПРИГОВОР утре (недела), за во понеделник да подискутираме околу него. Да се направат финални корекции, ако е потребно, и во СРЕДА секој поединечно да го достави во МТнет. Па ќе почекаме да видеме што ќе ни одговорат. Дали ќе ги променат условите, или ќе ги тужеме. До ОДГОВОРОТ, ќе имаме доволно време да се организираме и како здружение на граѓани да им „опнеме“ заедничка тужба.
На добар час.

Анонимен рече...

Па тоа, безврска цар си....... Ова постирано во 20:31 е супер....... Јас сум за така да направиме..... *THUMBS UP* :)

Анонимен рече...

Ne mi e jasno zosto nikoj ne predlozuva alternativni resenija.

Pa nikoj ne ne tera da se tepame so MT. I wireless internet na On.Net e tuka. Ima li nekoj informacija do kade se tie so postavuvanje na sistemot za wireless? Posto jas so mojot Palm PDA naogjam nivni AP-a na sekoi 200 metri. Sigurno se blisku do konecniot sistem. Ima li nekoj tocna informacija do kade se stignati?

Александар З рече...

> Ги молам револуционерите на блогов да го спастрат КОНЕЧНИОТ ПРИГОВОР утре (недела), за во понеделник да подискутираме околу него. Да се направат финални корекции, ако е потребно, и во СРЕДА секој поединечно да го достави во МТнет.

И јас сум за ова, затоа што закажав консултација со мојата адвокатка (фактички комшика, ама се наоѓа :) во понеделник, кога треба да ги разгледаме договорот, измените што ги објави МТ и предложениот приговор (кој е се` подобар) па да има време да ве известам и вас тука ако има некои забелешки (типката има работено и за другата страна, односно тужени големи фирми, и мозочето и функционира многу чудно за нас, неискусните за судски работи - ама знае да види работи што лесно може да ги превиди обичен човек). Среда е добар ден за масовно поднесување ПРИГОВОРИ (не РАСКИНУВАЊА на договорите, ќе ни ги наплатат пеналите по секој основ - подобро да ги ставиме во правнички шах, отколку да се матираме самите себе со поднесување барање за раскинување на договорот, како што стои во мојот договор од декември 2004 - член 4 пасус 4 „Се смета дека Корисникот се согласил со новите цени доколку во рок од 15 дена од приемот на известувањето (иако и ова е спорно - прием на известувањето не може да биде оглас во Дневник) писмено не го извести Операторот за раскинување на договорот“. Подобро е да се повикаме на другите важечки закони кои се апсолутно поважечки од каков било договор потпишан од кои било две страни.

Анонимен рече...

Pa nikoj ne ne tera da se tepame so MT. I wireless internet na On.Net e tuka. Ima li nekoj informacija do kade se tie so postavuvanje na sistemot za wireless? Posto jas so mojot Palm PDA naogjam nivni AP-a na sekoi 200 metri. Sigurno se blisku do konecniot sistem. Ima li nekoj tocna informacija do kade se stignati?

WiFi-то ОнНет ќе го наплаќаат бескомпромисно. После тие 4 ГБ лимит кои ги имаш од пакетот, секој нареден мегабајт ќе те чини 5 денари, што значи 5000 денари за 1 ГБ. Некој во OnNet треба да се лечи (од алчност).

Во врска со покриеноста, покриен е само мал реон: Капиштец, Козле, Карпош... во другите населби нема ни траг од сигналот.

Целава работа ми смрди на опортунизам.

Анонимен рече...

Korekcija! OnNet wireless paketot e so limit do 4GB i 100 denari za sekoi zapocnati 100MB. MTnet vo slucajov e podobra solucija, osven za brzinata (vo OnNet e 512Kb iako taa ne e zagarantirana)

Александар рече...

Сакам да Ве замолам сите, да се сосредоточиме на проблемот кој го имаме со АД „Македонски телекомуникации“. За он.нет и другите провајдери ќе разговараме подоцна...
Однапред Ви благодарам

Анонимен рече...

бидејќи неможам да си го најдам договорот, и незнам дали одогвара на овој приговор (т.е. членовите од него), може ли некој што се приклучил од 20 до 31 јануари 2005, и потпишал на две години со плаќање на приклучокот на 24 рати, да ми каже дали можам и јас да го поднесам (зошто некој некаде спомна дека не биле исти договориве)

Анонимен рече...

Spored ona shto go prochitav vo vreme ispagja deka kje treba da platime penali ako go raskineme dogovorot. Znachi.. shto ne obvrzuva da go raskineme pred 15ti okt? I na 17ti da go raskinam pak kje gi platam penalite.. Kakva ebana glupost od nivna strana..

Анонимен рече...

Od izvori od onnet doznav deka celata rabota e dogovorena megu dvata provajderi. Mtnet mozhe da zhivee samo od firmi i ova e odlichen nachin da se otkachi od golem broj obichni korisnici od koi ne profitira mnogu. Od druga strana OnNet od niv dobiva oprema i link po ekstemno povolna cena. Nabrzo wifi kako opcija ke se pojavi vo site gradovi so istata onaa psihopatska cena.

OnNet = CIGANSKA FIRMA!

ADSL Tetovo рече...

Decki, samo napred i sekoja cest za dosega zavrsenata Rabota. So netrpenie cekam da ja dobieme krajnata verzija na prigovorot i da im go plesnam na onie .... imeto ne sakam da im go spomenam. A dokolku treba da se odi i na sud so zadovolstvo ke ucestvuvam vo toa i poprvo bi dal 100 evra za da gi tuzam otkolku za da im plakjam nekakvi si "penali"

dare рече...

super e ova.bravo.jas davam sekakva podrska vo ovaa rabota.seto ova treba da se dostavi do MTnet.
P.S. bravo za site sto se vkluceni vo ova i da se nadevame na prifakanje od strana na monopolot(AD "Makedonski telekomunikacii")