29 октомври, 2005

Македонија - МТ 2:0 ?

Како што пишува на Багра, на некои луѓе денеска им стигнал писмен одговор од МТ, во кој ги известуваат дека одговорот им е раскинат и нема да плаќаат пенали. Меѓутоа на многу луѓе им стигнал и писмен одговор во кој се известуваат дека „во телефонски разговор“ со вработен во АД „Македонски телекомуникации“ тие се откажале од раскинување на договорот.

Впрочем, ниту едно од тие писма не се однесува во целост на Приговорот што беше постиран на овој блог. Воопшто не се ни помачиле да видат за кој корисник станува збор, ниту пак што пишува во приговорите. Одговорите се шаблонски и на безобразен начин ја злоупотребуваат неинформираноста на повеќето корисници кои по телефон беа принудени, со закана, да одговорат дали ќе останат на ADSL или ќе го раскинат договорот со плаќање пенали.

Како што гледате од примерот на Ковач, пенали не им се наплатија на оние што поднесоа барање за раскинување договор. Дури и телефонските закани беа лажни! До каде ќе го тераат Телеком ова? За што следно ќе не излажат нас, нивните корисници?!

24 коментари:

Анонимен рече...

УСЛУГИТЕ НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕЛЕКОМ АДСЛ беда

extrememk.no-ip.info

Bojan рече...

И, чисто колку да знаете, ако сте се уште на ниет да останувате АДСЛ корисник, ако некој ви го знае корисничкото име и лозинката, ќе може кога сака да ги користи. Без разлика дали сте вие конектирани или не.

А продавање кориснички имиња и лозинки изгледа ќе стане доста профитабилен бизнис за вработените во МТ.

reject рече...

Kolku sto znam ADSL se instalira na telefonskiot broj i toj user/password moze da se koristi samo od toj telefon. Dali ima sansi nekoj ako mi go znae user/pass od adsl-ot da go koristi od drug telefon?

Анонимен рече...

Se razbira deka moze od drug telefon da go koristi tvojot user/password.Dovolno e da ima ADSL modem

Анонимен рече...

За сите оние што добиле писмен одговор во кој се известуваат дека „во телефонски разговор“ со вработен во АД „Македонски телекомуникации“ тие се откажале од раскинување на договорот мислам дека е една од последните игри на МТ со корисниците на АДСЛ .
Тоа е само очајнички обид на МТ да спаси што може да се спаси и да не дојде до масовно раскинување на договорите.
Телефонски разговор на кој се повикува МТ па дури и да е снимен, без ПРИЗНАНИЕ на тој на кого се однесува не може да се земе као доказ дека се откажал од раскинување на договорот ни пред еден суд.
Прво да ли тој што наводно се откажал од раскинување на договорот (во телефонскиот разговор) е вистискиот потписник на договорот или може да биде било кој. Понатаму секој разговор доколку треба може да се намести и да се сними како сакаш итн.
Затоа само со признание ( на суд) на лицето дека навистина е негов снимен глас може да се смета дека се откажал од раскинувањето на договорот, тоа би требало да го знае МТ доколку се реши своето право да го бара на суд. Се до тогаш важи она што е напишано.
МТ треба на писмен допис на секој приговор или барање за раскин на договор на секој АДСЛ корисник одговори писмено и тоа е тоа.

Анонимен рече...

Aman , veke !
Daj te i mene pustete mi edno vakvo izvestuvanje.
Raskinuvanje bes penali , konecno !
Sega ke slezam vo 1 po polnok da vidam :)

Анонимен рече...

Razgovorite ne moze da se snimani, bidejki ako sakale da snimaat morale da ve obavestat na pocetokot na razgovorot deka toj se snima. Kolku sto znam toa ne e napraveno i ako telekom saka da koristi bilo kakva snimka togas ke priznae deka go prekrsil zakonot.
Vtoro na sto sakam da ukazam e deka ne e potrebno samo da se ima adsl modem i da se uklucite na ADSL uslugata. Mora da ste pretplatnik i na vasata linija da ima adsl usluga. Togas mozete da koristite necii pasword, no vo sitacija koga ne vi naplacaat za prometot toa e nebitno i vaka i onaka 4gb ke gi ispolnite za cas. Zatoa i napomenuvam povece pati da se soceka noemvri i da vidime kakvi se tie promeni koj telekom ke gi vnese. Sega za sega iako ima validen dogovor za 4gb soobracaj NIKOMU ne slusnav deka mu e namalena brzinata sem vo onie den dva koga imase problemi. Nemojte pogresno da me svatite, no mislam deka na SITE ni e cel da imame 384 FLAT. Sega za sega go imame, mozebi ne 384K ama 300K sigurno. Imam informacii deka najbrz e internetot vo Kisela voda a najspor vo aerodrom. Sacekajte uste edna nedela, ako STVARNO ja namalat brzinata na 64K TOGAS masovno ke gi raskinuvame dogovorite, vaka se vrsi pritisok na nas denes da gi raskineme, a nikade ne sme videle nitu sme pocustvuvale deka se namalila brzina ili se ogranicil soobracaj. Sacekajte prvo nesto da se sluci pa potoa reagirajte ne skakajte na sekoja izjava sto nekoj ke ja napise na blogot.Dajte da bideme ralni i da reagirame ne ona sto ni se slucuva. Sega za sega NISTO od strana na telekom ne se slucuva. Dadoa edno soopstenie, go povlekoa putija novi paketi i tolku. Sto za nas se smenilo od denot koga sme gi potpisale dogovorite. NISTO, brzinata e ista uslovite ni se isti. Dajte nesto neka se smeni pa da znaeme za sto ke reagirame,kako sto reagiravme na soopstenieto od 30.09, a toa sto nekoj na telefon ni kazal deka ke bide 64K e isto kako i sega sto vikaat deka sme pristanale da ne gi raskinuvame dogovorite. Trpenie mimci i ladni glavi ne dozvoluvajte da bidete zavedeni, ova lesno moze da go koristi i konkurencijata na telekom i da ni pusta takvi informacii samo da ja zgolemi averzijata kon telekom i da gi raskineme dogovorite i posle sme lesen plen. Celta ni e telekom da ni go dade toa so ni go obecavase 384K i kolku sakame siminjanje na filmovi, muzika itn itn. Koncentrirrajte se naa toa a ne samo na raskinuvanje na dogovorite. Raskinuvanjeto ke go iskoristime samo koga ke vidime sto toa telekom ni spremil. Nemame nisto napismeno, nikade ne e objaveno na pismeno i toa e toa. Ni ostanuva da cekame.

Bojan рече...

Nemame nisto napismeno, nikade ne e objaveno na pismeno i toa e toa. Ni ostanuva da cekame.

Ова е апсолутно неточно. Имаме написмено, на мејл, известување дека ќе се намалува брзината на ниво на dial-up. Значи веќе не го задржуваат правото да ја намалат брзината туку ЌЕ ја намалат на ниво на dial-up.

Анонимен рече...

Ако раскинувањето се остави за после, за ноември, за да се види како ке биде тогаш се ке биде касно. Времето за ракинување без пенали ќе истече а ако тогаш се раскине договор пеналите се неизбежни затоа што тогаш вината ќе е на страната на АДСЛ корисниците (поминал рокот за приговор).
Зато сега секој добро нека размисли што ќе направи.
Усте еднаш намалувањето на брзина на ниво на dial-up без при тоа да се наведе точно со број колкава ќе биде е доказ дека МТ и понатаму игра прљаво.
Dial-up е широк појам ( 128,64,56,... 0 ) итн ). За мене договор во кој стои дека по исплнувањето на лимитот брзината ќе се намали на ниво на dial-up е неприфатлив.

Bojan рече...

Dial-up е широк појам ( 128,64,56,... 0 ) итн ). За мене договор во кој стои дека по исплнувањето на лимитот брзината ќе се намали на ниво на dial-up е неприфатлив.

Напротив. Dial-up е многу конкретен поим: Максимум до 56kbps, а тоа, кој се сеќава на dial-up времињата во МК, е Science Fiction на нашава телефонска мрежа.

И не постои договор во кој е дефинирано (па дури и спомнато) намалувањето, така што нема што ти да прифаќаш или неприфаќаш договор. Едноставно не се сложуваш со конкретната промена на условите на договорот најавена на 14 (т.е. 17) октомври 2005 и си раскинуваш договор.

Анонимен рече...

Slozni vo svoite brilijantni komentari.Dosega odamna nevideno na ovie prostori
Od komentarite samo pozitivna energija se dobiva
Stresot e simnat, zatoa sto znam posle 31 octomvri (Halloween night),nokta na vesterkite, zaminuvam od "domot na NEprijatelot".

Анонимен рече...

Na koj e-mail ima izvestuvanje deka posle 4 GB ke se namali brzinata na dial-up?
Im davam javno, na blogov, kako korisnik na MaxADSL paketot so dogovor za dve godini na MT sansa i moznost uste ednas da se izjasnat deka:
po nadminuvanje nad 4 GB soobrakaj ke ja namalat brzinata samo vo kraen slucaj ako ima nekakvi problemi ( sto ne mi se veruva deka ima potreba tuku aj!)i toa do brzina od min 256K .(So konkreten dokaz za toa - atestiran merac na soobrakaj). Bidejki veke edna godina nadminuvam mnogu nad 4 GB i ne sum zabelezal nekoe namaluvanje na brzinata - prema mene dosega bile gore-dole korektni.
Ako sakaat da gi zadrzat korisnicite neka objavat eden paket za ADSL so brzina 384/128 i bez ogranicuvanje na GB. E togas ke bidat navistina i bliski i prifateni i nikoj nema da bega od niv kaj konkurencijata.
Za so gi brkaat lugeto - bozem da izbegnat trosoci , da obezbedat podobra, poeftina i pokvalitetna usluga a so toa i poveke korisnici.
Pa aj da vidime! MT Vie ste na red. Odgovorete! Ili dobra ponuda ili cao i fiksen i Internet i mobilen.

Васко Дебелиот рече...

Јас сум сведок дека мози да се користи корисничко име на друг корисник , само ако имаш пристап до АДСЛ - услугата, а тоа ке биде усте еден поен за мене кога ке ги тужам овие профитери, зато ѓто мене во договорот ми пишува дека имам заштиа на личните податоци, а тоа споре законот си сноси и одговорност. јАС РЕШИВ ДА ДОБИЈАМ ПЕНЗИЈА ОД МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ само сакам да дознаам кој ги убеди маџарите и германиците дека во Македонија живеат само неписмени луќе и дека можат да не дупат колку сакаат. ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ДО ЛУЌЕТО ШТО ГИ УБЕДИЈА МАЏАРИТЕ И ГЕРМАНЦИТЕ ДЕКА ОВДЕ ЖИВЕАТ МОРОНИ. Луќе не се плашете се е на наша страна и спремете се за тужби па си велем од оштетата што ќе му ја наплатам ке има за ПЕНЗИЈА. И да не ги жалите имаат тие пари, ТИЕ НЕ СЕ ФИРМА ТУКУ КОРПОРАЦИЈА, а таму се поинакви и правилата.

Bojan рече...

Na koj e-mail ima izvestuvanje deka posle 4 GB ke se namali brzinata na dial-up?

MT испрати e-mail до корисниците на АДСЛ во кој го имаше овој текст.

По медиумите и во средби со претставници на МТ (конкретно зборувам за состанокот одржан во Министерство за економија на 18-ти октомври) беше потенцирано дека брзината ќе биде обичен dial up.

bezvrska рече...

Мало појаснување: во мејлот од МТ не е наведена dial-up брзина. Но во медиумите се појавија изјави од одговорни лица во МТ со изјави дека брзината ќе се ограничува на ниво на обична PSTN линија, т.е. ниво на dial-up. Истата изјава е повторена и на средбата во Министерството за економија од вработен во Телеком. Иако во првите денови од службата 0800 излегуваа со различни бројки за намалувањето на брзината, подоцна се унифицираа во изјавите, т.е. велеа дека брзината ќе се ограничува на ниво на dial-up, со спецификација од 64/32 kbps, и со напомена дека тоа е теоретска бројка, а реално истата може да биде и помала(!).

Доколку МТ нема намера да го применува намалувањето на брзината, логично ќе беше да останеа само со старите пакети. Но со известувањето од 14.10.2005 тие воведоа дополнителни пакети со кои се доплаќа за задржување на брзината. Оттука, јасно е дека во блиска иднина МТ ќе ја ограничува брзината. Можеби тоа нема да се случи токму во ноември, со цел да се стиши незадоволството, но се додека не ги повлечат новите пакети сосема е извесно намалувањето на брзината.

Анонимен рече...

Dopolnuvanje na postot do MT!
ADSL paketot so brzina od 384/128, neograniceni GB sto treba da go ponudite da bide najmalku so ista cena kako postoeckite dogovori . Bidejki i taa e preskapa za lugeto koi ziveat vo Makedonija.

Revolucioneri - Pozdrav do site Vas!

Анонимен рече...

ja podnesov obicen prigovor.ne za rskinuvanje nego za nekorektnite uslovi.e sea ako sakm da go rskinam dogovorot u ponedeljak na 31.09 ke moram da plakam penali ili ne?i uste nesto...iskreno spored nekoj koj e kompetenten na blogov-sto e najpravilno da se napravi u momentov
1.da se raskine dogovorot
2.da ne se rskinuva
ja stvarno poima neam....

Анонимен рече...

Za onie koi seuste ne go raskinale dogovorot....

Kasnite za pi/2 dosega trebase da raskinete dogovor
Koga vikavme raskinete gi dogovorite nekoj nas ni se smeese
Sega jas ke se smeam
mi stigna po posta deka nema da plakjam penalli
PRIJATNI MIGOVI POMINETE SI SO MT NET
JAS SE OTKACIV OD NIV NAVREME BEZ NIKAKOV PRIGOVOR
SAMO GO RASKINAV DOGOVOROT POSLE SOOPSHTENIETO vo DNEVNIK na 30.09.2005..
VREDESE DA RIZIKUVAM toa e..

Анонимен рече...

luge de kazete potocno STO DA PRAVIME?Neamam do sea nikakov prigovor podneseno!Za u ponedelnik neznam dali da odam da raskinuvam dogovor ili prigovor da podensuvam????Ako raskineme vo ponedelnik ke plakame li penali (posto citam deka izvestile mtШЕТnet na naekoi poedinci deka nema da se plakaat)?????

Анонимен рече...

Може ли воопшто некој тука што го раскинал договорот да каже што сега користи како солуција? Кабелски? Вај-фај? Дајал-ап? Можеби сите сакаме да се откачиме од гомнариве лоповски, ама шо понатаму? Вај-фај мене премногу ми смрди „он-нето мт-нетовски„, т.е. крајно педерски. Ај, давајте искуства, времето речиси е истечено!

dte рече...

Jas na cable ke odam. Poeftino e, i se nadevam stabilno i takvi raboti :)

Анонимен рече...

abe nie imame potpisano dogoor za adsl internet nikade ne pisuva dail up, a ako minimalna brzina na adsl internet iznesuva 256 kbps, togas tie ne mozat da mamalat pod toa, zatoa sto toa ne e vise adsl internet a nie imame dogovor za adsl internet pa togas oni krsat dogovor.

Igor рече...

I mene mi stigna odgovor deka po razgovor so covek na MT net sum se otkazal od raskinuvanje. No, vsusnost, jas nikogas ne sum pobaral dogovorot da se raskine.
Odgovorite se sema i se isti za site korisnici. Mislam deka treba da sostavime nov prigovor tokmu za ovakvite sematski odgovori.

Анонимен рече...

Abe od ova Mtnet poebiveter ke nema nisto drugo. Na edni korisnici im raskinuva bez penali, na drugi im bara penali a na treti ne im raskinuva (izmisluva razni prikazni i sl.) Pa ova nesto ni bilo ni ke bidi. EBIVETER 110,4%.