04 октомври, 2005

Горчлив aftertaste

Како што наведе во претходниот post bezvrska, денеска имавме успешна експедиција. Се крена доста џева во салонот на А.Д. „Македонски Телекомуникации“ (јеби га, 30 души во таков простор и не се малку). И иако имаше повеќе луѓе отколку што очекував, сепак бевме премалку. Но, на некој начин тоа беше и позитивно. По разговорот со нивни претставник (извесна Лидија Темелковска), ни беше кажано дека „пенали“ нема да се плаќаат ако бараме раскинување на договорот.

Но, тука имаме голем проблем. Тие мислат дека станува збор за шака (30-60) незадоволни корисници и беа повеќе од среќни што можеа да се решат од нас на начин на кој се решија (ни дадоа формулари за Барање за раскинување на договорот и ни рекоа да си ги пополниме и да ги предадеме во кој и да е салон на АД „Македонски Телекомуникации“. Прашавме и што е со оние што не се во моментов тука: „Истото важи и за нив“ (разговорот е снимен на диктафон и ако има нешто спорно, може да се искористи).

Сепак, како што некој некогаш кажал: GET IT IN WRITING!!! По излегувањето од салонот и муабетот во ОПМ, во разговор со еден пријател, сфативме дека премалку луѓе знаат за новите „услови“ на пакетите на АД „Македонски Телекомуникации“. Како што кажа bezvrska во претходниот post, информирајте што е можно повеќе познаници, пријатели, соседи, што и да е. Во план е и да се изработат флаери (кои ќе се пуштат неколку пати на фотокопир) и да се поделат наваму-натаму. Имаше и една одлична идеја за собирање по 10 ден. од секој што ќе го раскинува договорот за објавување на реклама во некој дневен весник во кој ќе има известување за „новонастанатата ситуација“, како и повик до АД „Македонски Телекомуникации“ да објави (јавно) дека ќе важи тоа што ни го кажаа во нивниот салон.

И уште нешто (воедно и НАЈВАЖНО): немојте да се залажувате дека ќе се вратат на старо. Повторно, како што кажа bezvrska во претходниот post, договорот е таков што им дозволува на АД „Македонски Телекомуникации“ дури и договорот да го менуваат (за што мораат да ве известат лично, а не преку медиум, како што стои во Член 11 од договорот).

Ако успеам да останам буден, ќе пишам на што и да се сетам. До тогаш, информирајте (се).



PS: Благодарност до Трендо & http://www.on.net.mk/ за објавената информација (дел од луѓето што се појавија разбраа токму од сајтот).

24 коментари:

mite рече...

Koga go potpisuvav dogovorot ja vidov klauzulata i se pobuniv, no sluzbenickata na mt.net mi kaza deka toa samo formalno taka stoi i deka sigurno uslovite nema da se vlosuvaat tuku ke poeftinuva; vtoro, nikade vo DOGOVOROT ne stoi deka ADSL moze da se koristi nezavisno od telefonot, t.e. deka e mozno nekoj da vleze vo vasiot kompjuter, da vi gi zeme paswordot i username i posle od negova ADSL konekcija da gi koristi; e toa sega i te kako ke go ima so ovie ceni i so ovoj brojac na sekoj korisnik na ADSL gazot ke mu bide gol, t.e. mozno e brojacot da mu otcuka i 240GB mesecno, pa presmetajte !!isto kako so telefonite, brojacite se vo telekom, podsetete se na vremeto koga nemase moznost za listing, operatori vo centralite vrtea na zeski linii na holandski antili(za toa bea plateni od gazdata na zeskite linii)no ovoj narod se trpi, a posta odnosno telekom se odsekogas posilni od drzavata i toa ke prodolzi se dodeka ima monopol

bezvrska рече...

Да и мене ми рекоа дека промените можат да бидат единствено на подобро, во смисла на поефтинување или зголемување на брзините. Кога излезе огласот со кој се најавуваат дополнителни плаќања, прво мислев дека таа што ми го прими договорот немала врска и зборела на памет. Сега по форуми и во муабети со други корисници на АДСЛ дознавам дека на сите им го кажувале истото. Очигледно менаџментот на МТ ги поучил теткиците како да направат мајмуни од нас.

Анонимен рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Анонимен рече...

Znaci nie ostanatite sto treba da napravime? Koja e procedurata za ukinuvanje? Trebaat li prigovori i slicni dokumenti ili treba da donesime takvi baranja? Pozdrav

bezvrska рече...

Ќе се обидеме да составиме шаблон приговор и барање за раскинување кои ќе можат да ги пополнат сите корисници на АДСЛ pay-as-you-go услуга. После лесно е тоа да се исштампа, пополни и поднесе до МТ.

Анонимен рече...

Иако иам договор на неодредено и можам да го откажам само со најава дека го откажувам и за 15 дена ќе биде готова работата, сепак сакам да помогнам. Ќе дадам пари за печатење на флаерите и ќе делам флаери, тоа барем ми текнува во моментов. Ја разделив адресава кај што можев и пишав за целата работа и на мојот блог.

Пишете кога и каде ќе се сретнувате за собирање на средствата.

Поздрав.
ufo

Анонимен рече...

Lugje sho e ova ja sho gleam sea tuka nekoj mi kazhuva smetki, ova ona za ADSL. Ja pojma neam sho se deshava..Korisnik sum na ADSL mozhda okolu 4-5 meseci i do sea ne sum imal problemi so plakjanje ili sho vishe..Daj objasnete za sho e sve ova (vidov samo na on.net) na email: filip01mk@yahoo.com posho nekako kje zaboraam na linkov

Alekso рече...

I jas se prijavuvam dobrovolno za bilo kakvi aktivnosti potrebni da se dovede ova ludilo do kraj;

Alekso рече...

Mojata adresa e andalekso@hotmail.com.

Анонимен рече...

arno vi tekna da se organizirame.
kako sto kaza izvesna osoba (ke se prepoznae ako go procita ova :) )
mora jajceto na g..t da ni dojde pa da se pobunime za nesto.Vo sekoj slucaj odlicen poteg :)

Анонимен рече...

Koristime ADSL od 1.02.2004g so dogovor za dve godini i taman koga pomislivme (deka i pokraj skapata usluga) ke se pocustvuvame malku svetski ova so go procitav na on.net i na vasiot veb totalno me razocara. ke ve sledime se sto treba da pravime ke napravime, samo davajte instrukcii.Kolku poveke luge znaat za ova tolku podobro.

Bojan рече...

За последниот Анонимус: За да се рашири работата на што повеќе луѓе треба да дознаат некако за тоа. Има уште многу АДСЛ корисници што не ни одат на он.нет. Да не ни спомнуваме колку не читаат весници. Spread the word.

уфо и алексо: за сите информации околу организирањето и што и како ќе се прави ќе има на блогот.

За останатите: ве молам убаво прочитајте што и како пишува на блогот. Но почнете од првата, па се до последната (најновата порака). Некои од пораките (освен ЧПП) не се update-уваат со најнови информации затоа што сакаме да има некаков развоен континуитет.

Мда. Сега ќе седнам да направам флаери (се што ќе биде потребно е печатач, 30-тина денари за фотокопирање на истите и трпеливост да се исечат и поделат).

Анонимен рече...

Od posledniot so vika Bojan anonymous.Ja zgresiv godinata vo datata, od 02.2005g sme bile na ADSL. A za prosiruvanje na informacii na primer preku kontakti so poznanici i prijateli i veruvam preku mirc-ot (tuka kerka mi e maher)i preku drugi mak. veb strani (pocesto citani)

Trillian рече...

Здраво дечки, иако не користам АДСЛ и моментално не сум во Македонија, деновиве некако се заинтересирав за ситуацијава со проблемот со Мт нет и можам само да ви дадам ГОЛЕМА ПОДДРШКА и едно огромно БРАВО за акцијава. Заради тоа што ова има многу поголеми последици отколку што можда ви изгледа. Може сега ќе звучам патетично, ама ова е ЗНАК НА ФОРМИРАЊЕ НА ДЕМОКРАТСКА СВЕСТ кај граѓаните, затоа што сакате да знаете и СЕ ИНФОРМИРАТЕ ЗА СВОИТЕ ПРАВА!!! Ме изненади колку добро сте правнички ихнформирани за ситуацијата. Едноставно, сеуште не можам да поверувам дека вакви акции почнуваат да се случуваат во Македонија.
Доволно патетика, читајки ги постовите (почнав од најстариот) сакав да укажам токму на фактот, што гледам дека веќе сте го разјасниле, во врска со плаќањето пенали - тоа е во случај на еднострано раскинување на договор. Но бидејќи во ситуацијава се работи за промени во условите на договорот, другата страна има право да го раскине без последици - ова произлегува од основниот принцип на на облигационото право дека договорот треба да се почитува онака како што е склучен (pacta sunt servanda). Ама гледам дека ова веќе го знаете Ч) Голем поздрав, и пак ќе кажам, многу ми е кеиф што гледам дека луѓето почнуваат да завземаат АКТИВНА улога во остварување на нивните права. Ваквите акции ми даваат надеж дека можда сепак има добра иднина за државава.

Александар рече...

Ке се повикате на член 4 став 4 од Договорот и член 2 став 2 од Анексот на Договорот и на тој начин ке побарате раскинување на Договорот поради суштинско менување на договорониот однос со што во рокот (15 дена- кои веќе течат) ќе се изјасните дека не се согласувате. ЦЕНАТА НА УСЛУГАТА е суштински елемент на Договорот и доколку се измени имате право да се изјасните дали ја прифаќате или НЕ. Пенали нормално нема да плаќате, ова ниеден правник и Суд нема да го оспори, освен ако не е од Лоповски Телекомуникации :)

koskar рече...

Bojan,

prati mi go flaerot na mail, milevskid@mt.net.mk, ja ke istampam i ke isfotokopiram kolku mozam. za delenje malku potesko ali i toa bi se obidel. dobrovolci se dobrodojdeni.
p.s. ti go davam bash mtshit mailot, just for the hell of it :)
p.p.s. bef i ja denes kaj almako. teget duks, cvikeri, retka kosa (uste ziveam vo nadez :), za kosata de).

Анонимен рече...

2 prasanja:

1. dali site 30tina lugje koi denes se pojavija vo salonot na MT oficijalno gi raskinaa dogovorite (bez da plakjaat penali)?

2. dali znaeme koga prv pat mt.net ja objavi informacijata za noviot nacin na tarifiranje (t.e. od koga zapocnaa da tecat 15-te dena za koi imame vreme da reagirame)?

Blagodaram.

Bojan рече...

Колку што знам, никој не го раскина договорот на лице место. Важно беше да дознаеме дали ќе се плаќа или не.

Првиот датум беше 30-ти септември (минатиот петок), и имаме до 14-ти октомври (следната недела) да се заврши целиот процес.


On a side note: јас сум заспал врз тастатура. Имам спиено само 5-6 саата последниве 72 часа. Морам да легнам, ќе има флаер утре.

Bojan рече...

Флаерот ќе биде подготвен за печатење, но, ќе мора да се печати од двете страни. „Дури“ и местото за сечење на хартијата ќе биде обележано.

Поздрав, се читаме утре.

Анонимен рече...

Објавив јас на мојот блог на 30-ти ( и тазе ви го отскенирав огласот) за промената која случајно ја видов во весник ...

Анонимен рече...

Во "Македонски телекомуникации" велат дека корисникот при склучување на договорот знае колкав обем на сообраќај му следува.

- Не ја менуваме цената за услугата, таа и понатаму останува иста, не го менуваме начинот на тарифирање, нема нови пресметковни блокови кај услугата. Корисникот и понатаму може да остане на фиксниот износ, со тоа што во текот на месецот ќе го контролира сообраќајот преку интернет страната за АДСЛ услугата. Нема повеќе да се намалува брзината по достигнување на лимитот, туку секој ќе може да продолжи да ја користи услугата со определена доплата. Инаку, согласно договорот при неговото раскинување се плаќаат пенали со тоа што одлуката за тоа е на корисникот - вели Валентина Неткова, портпаролка на телекомот.

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2878&stID=64456

Анонимен рече...

ajde da se dogovorime na mirc na nekoj kanal #antitelekom i da se dogovorime sto ke pravime ova ne ide vaka .
Pa koj saka tamu sme #antitelekom

Анонимен рече...

Najseriozen problem po se izgleda deka ke bide protokolot spored koj ke se meri protokot na informacii. Da ne se zalazuvame deka MT ke popustat pod pritisok na korisnicite. Ova e sigurno dobro razraboteno scenario i se predvideni i presmetani.
Najverojatno veke site go imaat instalirano onoj brojac koj go ima na oficijalnata stranica na MT. (NET Traffic Meter). Prasanjeto e dali ke dobieme nekakov validen brojac, koj bi mozel da se koristi za sporedba na ona sto MT ke go prikaze kako napraven protok.
Pritisocite se dobra rabota, ama so MT se djabe. Atila e edinstven menager vo cel svet sto uspea da skara cela drzava so kompanijata so koja rakovodi. Ama ne e toj kriv...

DeeJay рече...

Za toj sto se rasprasuvase za IRC...
Vece nekolku dena toa go ima. Poseti go IRC kanalot #anti-mtnet na UnderNet .