01 октомври, 2005

Официјален почеток

Genug ist genug.

Време е за промени, по ѓаволите. Толку работи отидоа во „3 лепе пизде материне“ што едноставно мора нешто да се смени за да може (барем) да се толерира живеењето во оваа држава. На страна потребата да се организира насилна револуција во која, враќајќи се на „варварските“ дејности во француската револуција, со гијотина на плоштад ќе се декапитализира државниот ни врв...

Неколку работи бараат поитна и, по можност, поостра акција. Пред се, станува збор за новите промени во АДСЛ пакетите на крвопиите од Македонски ТЕЛЕкомуникации. Се надевам веќе сите разбравте за максималното, непречено и нелубрицирано пенетрирање што мт.нет планира да го прави на нашите анални отвори. Синоќа, во Дневник излегла (не сум ја видел, затоа што не читам/купувам весници) реклама во која драгите и ценети робосопственици од мт.нет не известуваат за промена во пакетите. Имено, нема да се воведе ограничување на брзината на АДСЛ-от (како што стоеше во барањето за АДСЛ), туку над оној лимит од 4GB, секој започнат сообраќај од 512MB ќе се наплаќа по цена од 175 ден. + ДДВ.

Не знам за вас, ама јас не земав broadband интернет за да може да си сурфам и да гледам како сајтови ми се отвораат многу побрзо отколку на dial-up. Јас го користам за редовно апдејтирање на системот (користам Gentoo Linux), нешто што би било очајно тешко да се прави со dial-up. И само апдејтирањето на системот во текот на еден месец ме чини барем еден гигабајт месечно.

На страна начинот на користење на АДСЛ-от. Станува збор за принцип. Од принцип, не сакам некој да ме ебе, посебно без моја согласност. Потпишувањето на договорот не е бланко дозвола од моја страна. Напротив, во самиот договор стои дека ако не се согласувам со оние промени што ќе ги воведат можам да поднесам писмено барање за прекин на договорот.

И се е тоа кул, се е океј, ама зошто? Постојано некаде се пишува колку Македонија (говорете официјално: ПЈРМ) е интернет-неписмена држава. Колку само тоа Македончињата немаат поим што и како е интернет и колку не ги користиме неговите благодети. Дури и да отидете во некое интернет кафе ќе видите како сите или IRC-аат или играат игри. Што не е проблем, и онака не знаат луѓето што можат да направат тука. А не знаат затоа што немаат интернет пристап дома. А го немаат затоа што е прескап. Се сеќавам како пред речиси 10 години, кога една минута на мт.нет беше 3,75 ден. и како платив сметка од 9.000 ден. само за користење на интернет.

Како и да е. Планот е тука да се пишуваат предлози, идеи и планови за (барем привремено) доведување на мт.нет на коленици. Гаддемет, НИЕ сме тие што ги правиме она што се. Ако не се корисниците, нема да има мт.нет.

11 коментар:

Анонимен рече...

Koga go potpisav dogovorot za ADSL mi rekoa mozes da ja doneses licnata karta na majka ti i tolku.A uste po 15 dena koga sakav da go raskinam dogovorot togas mi vikaat e majka ti mora licno da dojde.Bidejki tel se vodi na nejzino ime.A za priklucok toa ne im bese problem.I sega oficijalno vo dogovorot sum potpisan jas.A sto ako sum ja zemal licnata karta na majka mi bez nejzino znaenje?I sega majka mi rece abe sto ke mi e mene internet jas ne sum dozvolila ,primer.Bez razlika sto sum polnoleten jas nemam polnomostvo od majka mi pa da sklucuvam dogovori vo nejzino ime.Znaci ovie MT net se ke napravat samo da sklucis dogovor za niv.Izleguva deka duri i ako nekoe treto lice von mojata familija otislo i pobaralo da se skluci dogovor oni bez nikakov problem ke mu go ovozmozele toa

Бобо Николов рече...

Хм, ова е сомнително, зар не? Се консултираше за право лице за овој случај?

Анонимен рече...

istoto e i kaj mene, i jas potpisav dogovor so licna karta na tatko mi. hmmm, zosto im trebaa na mt net golem broj korisnici??? za da pokazat na "nekoj" - da eve nie rabotime imame golem broj korisnici... mozebi bea ograniceni od "toj nekoj" pa pravea sekakvi paketi i lazea luge, pa sega koga se niv im se sredi, ni go napikaa!!
drzi voda muabetov???

bezvrska рече...

Јасно е дека имаа притисок по секоја цена да постигнат одредени таргети на склучени договори. Мислам дека тоа е резултат на очекувањето дека на крајот на оваа и почетокот на следната година конкуренцијата преку сопствени мрежи масовно ќе почне да нуди VoIP услуги и на локално ниво. Веројатно заклучиле дека мора договорно да ги врзат претплатниците да не ја откажат телефонската линија (адсл-от е нели врзан со линијата)

Анонимен рече...

Секако интересно, но тоа со телефонската линија мислам дека не држи бидејќи во прашање се две сосема различни услуги. Интересно е тоа што ги плаќаме на иста сметка. Што би се случило на пр. ако не платиме за АДСЛ, се разбира ќе ни го исклучат телефонот, НЕЗАКОНСКИ. Што се однесува до целиов случај со поскапувањето мислам дека овие мајмуниве ќе сакаат лесно да се извадат со дозвола за раскинување на договорот без надокнада за што ние имаме секакво право бидејќи спротивната страна ги менува условите на истиот.

МАКЕДОНЕЦ рече...

Што бе мајмуни едни. Од такви како вас ќовек неможе да има приватност па тоа дури бил и Атила Сендреј. СЕЉАЧИШТА ЕДНИ да не бевме ние ( телеком ) вие сеуште ЌЕ зборувате на лимени конзерви мајмуни едни. Сакате без пари пари да правите. Ви ги отвотивме очите ПРОАМЕРИКНСКИ МАЈМУНИ.ПОТПИС ПРЕЗАДОВОЛЕН КОРИСНИК НА УСЛУГАТА АДСЛ.
П.С. Доколку навистина сте транспарентни како што се прокламираме би ве молел тоа и да го докажете со објавување на ова писмо

bezvrska рече...

Ако си толку приврзаник на транспарентноста зошто не си се потпишал со вистинско име и презиме? Што се однесува до отварањето на очите моите очи се одамна отворени, дали истото можеш да го кажеш и за себе? На сите квалификации кои ги изнесе, јас ќе те прашам дали знаеш што е тоа јаничар? Тоа е измеќар кој работи против своите и против себеси. За наскоро се најавуваат 300-500 отпуштања од Телеком. Дали ќе го мислиш истово што го напиша и ако не дај боже те отуштат тебе или некој твој колега.

А со вакви цени и безочен арамилак, народот веќе е принуден да користи лимени конзерви и гулаби писмоносци за комуникација.

Поздрав
ИЗЛАЖАН, РАЗОЧАРАН И ОПЉАЧКАН КОРИСНИК НА УСЛУГАТА АДСЛ

Анонимен рече...

sranje

Анонимен рече...

Дури и во нашата татковина (барем се надевам дека сеуште е така) важи забрана за РЕТРОАКТИВНИ дејствија на билокој закон или пропис.
Со овој акт на тие господа од ТЕЛЕкомуникациите , Јас мислам дека е прекршен Уставот на државата Македонија (несакам и тоа намерно и го чинам) да го споменам службеното име нејзино во сите МЗ организации).
Еднаш склучен ДОГОВОР МОРА да се испоштува ДОКРАЈОТ на своето важење (освен ако обете страни истовремено не се согласат да го менуваат) , независно која „страна„ од договорот (условно кажано) добива или пак губи.
Но , и не треба да се заборави дека „дрскоста„ со која сме ете „почестени„ од посочениот ТЕЛЕком најверојатно е покриена со некоја тајна клаузула помеѓу ТЕЛЕкомуникациите и Владата.
Инаку не би биле така „силни„ и за што и да не кажам и крајно дрски кон корисниците , споредено со тоа што тие силни менаџери траму ни во сон не смеат да помислат им го направат на нивните домицилни корисници во Унгарија или пак недајБоже во Германија.
Добра акција која ако постои меѓусебна солидарност ,МОРА да заврши со пораз на тие кои мислат дека се наоѓаат во некоја волкоебина , а не во држава на Македонците.
ДОДЕКА ИМА ОВЦИ ЗА СТРИЖЕЊЕ ,ДОТОГАШ И ЌЕ ИМА И ВОЛНА ЗА ЏЕМПЕРИ.

Анонимен рече...

Па нормално дека и Vладата наша е таа што ќути ко онакво под јорган, зашто им годи, се влажнат на самата помисла од сите тие убави денарчиња кои би следеле со акцијава. А за оној мајмунот и таквите како него немам коментар. Нека погледне наутро у огледало и ич да не се плаши, ќе види позната му фаца.

Анонимен рече...

By the way I'm not Pro-American at all, m....fucker.