01 октомври, 2005

Спогодбата со Непријателот

Го разгледувам договорот кој го потпишав со МтНет. Го прочитав уште тогаш, и сега принуден од моменталната ситуација, го читам повторно. Уште во третиот член ќе забележите нешто сомнително.

"Во случај на раскинување на договорот, Корисникот се обврзува на Операторот да ја демонтира и одземе АДСЛ опремата"

Така, а? Па зошто побогу платив 5000 денари за местење?! Фала, но тоа можев и сам. А, колку кошта еден таков усран D-Link модем?! Баш штета. Планирав да ја "модемувам" зградата на МтНет.

Океј, одиме понатаму. Членот 4, оној на кој деновиве се повикаа МтНет.

"Доколку дојде до менување на цените на услугите, начинот на тарифирање на истите, како и другите услови на работење, Операторот предходно на соодветен начин ќе го извести Корисникот. Известувњето може да биде писмено или преку средствата за јавно информирање. Се смета дека Корисникот се согласил со новите цени доколку во рок од 15 дена од приемот на известувањето писмено не го извести Операторот за раскинување на договорот"

Ајде бе?! Гледам дека МтНет се скршија од праќање писма, e-mailови, гулаби писмоносци и што уште не, само за да ми кажат на мене за новите услови под кои јас ќе им го полнам џебот. Имало у весник некое известување. Но јас не купувам весници, ниту пак ТВ гледам! Што ако не дознаев за ова? Тоа ќе значеше дека јас се согласувам со нивните брутални услови. И ако го откажам во рок од 15 дена, нема да ги платам казнените пенали?

Факт е дека интернетот мене ми е МНОГУ потребен. Но, други факти ми укажуваат дека го барам на погрешно место. Во погрешна држава. Од погрешни луѓе.

1 коментар:

Gorco рече...

Tocno. Vo pravo si i za ova. Na nikoj od nas www.mt.net.mk ne mu e default page pri startuvanje na browserot. Neli e taka? A nitu pa sekoj od nas kupuva "dnevnik" i detalno go prelistuva za da go najde oglasot od Mt net. Vtora rabota, MT kako golema i seriozna kompanija, treba svoite korisnici da gi informira prekiu pismo ili pak preku telefon (na istiot nacina kako sto pederski ni ja nudea adsl uslugata). Vesnikot e javno glasilo, koe sto go citaat baba mi i dedo mi, koi sto ne znaat kako da pustat edno PC, a kamoli pa da se povrzat na internet.
pozdrav