02 октомври, 2005

За мерењето на сообраќај...

Добив нови информации од специјалист од областа на "мерењата", кои се однесуваат на мерењето на направениот сообраќај на МтНет и нивното наплаќање во однос на нив. Се надевам дека ќе бидат доста интересни за вас од легален аспект, бидејќи на некои форуми видовме дека оној системот на веб-страната за адсл на МтНет знае да множи со 3, 5, па понекогаш и 10 кога го мери вашиот вкупен остварен сообраќај (пример кај еден пријател - 450MB за половина час од почетокот на 1ви октомври 0:00 дo приближно 0:30)

Имено, за да некој врши мерења во оваа држава и да наплаќа според нив, методот треба да биде атестиран од независна фирма. Исто така, методот и мерењето мора да бидат постојано набљудувани од независна фирма. Односно, МтНет мора да има докази од експерти дека нивните мерења се 100% точни и прецизно го мерат направениот сообраќај.

Да додадам само, дека aDSL создава и "overhead" сообраќај кој вообичаено се движи меѓу 10% и 25% од капацитетот на линијата или од моменталниот проток (значи тоа што МтНет го мерат може да биде 10 до 25% "поголемо" од она што реално сте го направиле како трансфер, и тоа е во ред). Секако, тие 10-25% никако неможе да бидат 100%, 200%, 500% и други смешни вредности. На Багра можете да прочитате за некои такви феномени во коментарите на сторијата.

За крај, кратка споредба што ја направив:
Мојот Bandwidth Controller пријави дека сум направил сообраќај од околу 300МБ во последните 2 дена. За споредба, сајтот на МтНет пријавува околу 1.5GB

И еден интересен совет од Сашо - Во вашиот прелистувач да си ставите домашна страна да ви биде страната за проверка на сообраќај - ако сакате секако, хехе.

Ако некој има информации за тоа како мерат сообраќај МтНет, дали (и од кого) нивното мерење е атестирано, дали се врши мониторинг на мерењето и слични информации нека напише коментар тука.

15 коментари:

Пецо рече...

Еве праам проверка пак, значи после неполни 48 часа мојата состојба е следната.

Вкупно сообраќај (upload + download): 4602,99 MB

Крш!

Bojan рече...

Луѓе. Правете скриншатови од мерачот на сообраќај. Датумот и времето да бидат на видно место.

Анонимен рече...

Definitivno nesto ne e vo red so meracot, vcera do 13:00 pokazuvase 230 MB, cel den pokasno, uste ne e mrdnat od 230

ficho рече...

Работава е "ЧУКНИ СИ ЈА ГЛАВАТА" ..

Bojan рече...

Не, работата е прави скриншат на секоја таква смешна дискрепанца. Ако веќе планираат да не носат на суд, барем да може да покажеме колку се ѓубриња.

ficho рече...

Идеата не е лоша со "ScreenShots"
300мб за еден саат не одат од овој "наш" MAXADSL

Анонимен рече...

Еве уште еден доказ дека мерењето не е адекватно.Обрнете внимание на времето

http://img131.imageshack.us/img131/6907/limit41020054fk.jpg

http://img14.imageshack.us/img14/8973/limit61020051ci.jpg

Анонимен рече...

Нјаверојатно утер ќе имам готов шаблон за поднесување на жалба(и најверојатно тужба. Имам пријател које дота добар и искусен адвокат

Bojan рече...

за последниот анонимус: Не постои основа за тужба. За жал, мт.нет си го следат секој дел од договорот и законот.

Бобо Николов рече...

Ако е така како што кажа Бојан во последниов коментар, не би требало да плаќаме пенали. Или уште не се знае?

bezvrska рече...

Бојан, со ваков дефетизам тешко се крева револуција. На багра постирав уште законски рачки http://bagra.org/node/6849#comment-78860/

Анонимен рече...

одлично безврска :D ми се допадна твојот труд за пронаоѓање на законските пропусти од мтнет. Ќе ги запишам за да му ги покажам на адвокатот утре. Сигурно е дека имаме основ за тужби само проблемот е дали сето тоа ќе помини низ нашиве судеви.

Бобо Николов рече...

Предлог: Тоа со законите да го објавиме што побрзо на блогов!

Fico рече...

Uf ja ovo sea samo sho vidov...inache fala za emailot...Bash pred malce proveriv deka vo Juli sum imal napraveno negde okolu 25GB aj toa e u red, leten raspust i sve toa...Ali u septemvri da se ima napraeno 35 GB ??!! Svashta.....Daj kazhete sho da se prai, kaj da se bunime....I isto taka daj malce poobjasnete za onie takanarecheni Penali, sho e toa?? aj pak email (da ne zalutam posle pa ova pa ona, ti rekov mi reche, drzh ne daj :D ) filip01mk@yahoo.com

Fico рече...

Ups zaboraiv...do sea za ovie 6 dena mi vika deka iam simnato/aploadirano okolu 3gb, a na int. sum samo negde okolu 3 saati dnevno (matematika - 3*6=18h 3000/18= okolu 170mb za 1h so paket MaxADSL, nije moguche)