04 октомври, 2005

Често Поставувани Прашања (ЧПП)

Конечно, еве го ЧПП-то (често поставувани прашања) што го составивме. Ако сметате дека фали некое прашање или има непокриени информации, напишете во коментарите.



Прашање: Слушнав за лимитот на АДСЛ. Дали важи сево ова? Од кога? За кого? Дали е само за симнување, или...?

О: Да, важи. Иако сеуште стигаат по некои информации дека МтНет не биле сигурни дали навистина ќе го воведат договорот и за кого, сега за сега "знаеме" дека - важи за сите. Пишува на сајтот на МтНет, во нивниот оглас во весникот (подолу на блогот) и на други места дека:

По надминувањето на лимитот од X гигабајти трансфер (на пример 4GB za MaxADSL), секои 512MB направен трансфер ќе се наплаќаат 175 денари (без ДДВ). Ова важи за сите корисници на ADSL. Наплатата почнува од 1ви ноември. (мизда им патер, како што вели StormAngel).

За сообраќајот направен од 1ви ноември па натаму (НЕ и за октомври) МтНет ќе ви наплаќаат по мегабајт. Тоа оди вака некако: ако надминете бајт над лимитот, ќе платите 175 денари. Ако надминете 512 мегабајти плус еден бајт, плаќате 350 денари. За надминување од 1024MB + 1 бајт - 525 денари (сето ова без ДДВ).

Во трансферот е вкчучено се: симнувањето, инстант пораките, IRC, мрежите за симнување (eMule, BitTorrent, итн) - буквално се. Моменталниот остварен сообраќај може да го проверите на адресата дадена на оваа страна: линк



Прашање: Бројачот за проверка на сообраќај е неточен и претерува! Што да правам?

О: Го забележавме ова, и имаме напишано порака подолу на странава со некои информации и споредби.

Инаку можете да правите "screenshots" со притискање Alt+Printscreen на страната за проверка на сообраќај на МтНет. Потоа отворете го MsPaint и направете "paste" (со притискање Ctrl+V секако). Зачувајте го документот (сликата) со име во кое го има датумот и времето на проверка - некаде на страна. Може да притреба.



Прашање: Сакам да го раскинам договорот! Знаете ли нешто за плаќањето пенали/долгови? (1-годишни и 2-годишни договори)

O: Знаеме и незнаеме.

- Прво, луѓето од техничка поддршка на МтНет се уште се (прават) збунети во однос на информациите за раскинување. Според некои, тие што биле на "хоби" пакетот, на пример (од постарите пакети) НАЈВЕРОЈАТНО немало да плаќаат. Потоа (неверојатно!), во други случаи имало одговор дека "важело за сите"! На крај, во трети случаи незнаеле ништо. Мој совет ако се јавувате на техничка поддршка и немаат информации, е да инсистирате да ве поврзат со некој кој што ќе ви ги даде потребните информации! Некој од повисоките редови на МтНет. Информација што дошла од МтНет МОРА да важи. Само, како да се дојде до неа...

- Еве што имаме собрано ние од информации:

а) Колку што знаеме, ситуацијата за раскинување 2-годишни договори е најлоша. Ете, подолу можете да прочитате во пораката на Бојан дека договорот е мошне цврсто направен. Значи, ако го раскинете договорот (пример - 2 годишен MAX ADSL, и/или хоби пакетот) ги плаќате тие 1000 денари месечно од досегашните потрошени месеци. Без разлика што во членот 11 стои дека имате 15 дена за приговарање, а во законот за електронски комуникации стојат повеќе денови (30) - тие можат да сменат договор "кога ќе им текне" и вие СЕПАК да плаќате пенали при раскинување, кои ТИЕ ќе ги наречат "заостанати долгови".

Всушност, како да нема никаква врска со тој член ДАЛИ ќе раскинете договор сега, во минатиот месец (септември), во Јули, пред 6 месеци или било кога (лошо!). Плаќањето важи.

Ако грешиме овде и ако имате СИГУРНИ, поинакви информации, пишете коментар слободно!

b) bezvrska, Бојан, и уште една правничка го разгледуваат Законот за потрошувачи како алтернативен метод за елиминирање на плаќањето пенали. За ова, информациите сеуште ги немаме разработено, и веднаш штом ги имаме ќе се појават овде. Воглавно овој закон се однесува на нефер однесување спрема потрошувачите.

edit: ВАЖНО!!! ИМАМЕ НОВИ (04.10.2005) ИНФОРМАЦИИ ВО ВРСКА СО РАСКИНУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ! ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВИЕ ДВА ЛИНКА од блогот: (тука) и (тука)


Прашање: Каде можам да ги најдам законот за електронски комуникации, законот за заштита на потрошувачите и членовите на договорот (линк)?

О:

1. Законот за електронски комуникации (13/2005) (мислиме дека нема многу да помогне):
линкот е овде (pdf документ)

Интересни моменти:
Член 102
Член 96, став 3 (рок од 30 дена)
Член 96, став 1, точка ж, (предвидена казна според член 140, став 1, точка 5 од законот, како и член 143)
Член 139, став 1, точка 40, како и член 143 (ова е поврзано само со рекламите што ви стигаат на е-mail адресата дадена од МтНет заедно со АДСЛ-от)

2. Закон за заштита на потрошувачите (3/8/2004): линкот е овде (pdf документ)

Интересни моменти:
Член 8, став 9 (казна член 137, став 2, точка 15, како и став 2, 3, 4 од истиот член)
Член 36. (мерки на надзор во член 134, став 1, точка 7, како и казна согласно член 136, став 1, точка 10, како и став 2, 3, 4 од истиот член).

(благодарност до bezvrska)

3. Еве линкови до 3-те страници на договорот и + анексот. Овој договор е склучен во февруари 2005 г. Така што можеби не важат истите работи за поновите/постарите корисници. Релевантните работи се подвлечени со зелен „маркер“, а страшните, правни работи кои им дозволуваат на мт.нет да прават што сакаат, со црвен.

Страна 1
Страна 2
Страна 3
Страна 4 (Анекс на Договорот)



Прашање: Што можеме да направиме во врска со ова? Некои додатни совети можеби?

О: Имаме неколку идеи.
  • Една од првите е да се напише приговор до МтНет врз основа на договорот, Законот за заштита на потрошувачите и законот за електронски комуникации. bezvrska ќе направи муабет со правник за сето ова да го има како бланко-форма на блогов. Нови информации се дека тоа немало да помогне, меѓутоа чекаме до утре да се направи муабетот со правникот. Да се надеваме дека ќе излезе нешто од тоа
  • Друга е раскинување на договорот. Во најлош случај, оние што имаат едногодишни и двогодишни договори ќе треба да плаќаат заостанати долгови. ДА ГЛЕДАМЕ НЕКАКО ДА НЕ ДОЈДЕ ДО ТОА! Битно е да се расчисти ВЕДНАШ кој, колку и дали ќе плаќа пенали ако го раскине договорот! Погоре во ЧПП-то има повеќе информации за ова. Ако имате различни, сигурни информации - ќе повторам: Пишете коментар.
  • Трета е контактирање со техничка поддршка. До сега информациите се дека незнаат многу (речиси ништо), ама ако ве поврзат со некој друг кој што знае - можеби и ќе добиете дополнителни информации
  • Четврта е - SPREAD THE WORD! Кажете и на бабичката од 5-ти која планира да стави аДСЛ што се случува. Кажете им на другарите заинтересирани за интернет што се случува. Кажете на секој што мислите дека не е информиран за работава а има/планира да стави аДСЛ. Нека се шири информацијата за безобразлукот на МтНет. Луѓето треба да знаат! Што побрзо знаат, толку побрзо може да изреагираат - пред да почне "стрижењето".
  • - За секој случај, сменете си ја шифрата за вашето корисничко име (АКО знаете како - и ако знаете да ги направите потребните подесувања). Да не случајно излезе дека некој друг ви го знае и користи.
  • Правете "screenshots" со притискање Alt+Printscreen на страната за проверка на сообраќај на МтНет. Потоа отворете го MsPaint и направете "paste" (со притискање Ctrl+V секако). Зачувајте го документот (сликата) со име во кое го има датумот некаде на страна - можеби ќе ви притреба.
Доколку имаме дополнителни идеи, ќе ги додадеме во ЧПП-то. Тие ќе зависат и од тоа како се одвива ситуацијата.



Прашање: Ќе има некаков протест/собир?

O: Денес, (вторник), во 12 на пладне, овде: (мапа за собирот) - Дојдете!



Ако имате некои прашања кои знаете дека се често поставувани а не се покриени овде, напишете во коментар и ќе ги објавиме.

Нема коментари: