05 октомври, 2005

Ако не ги читате коментарите...

... тогаш сте го пропуштиле следново:

(disclaimer: не велам дека е најдобрата солуција, но дефинитивно сакам да кажам дека си стојат до она што го кажаа вчера. Човекот што го однесе ваквиот приговор не беше со нас вчера во телеком.)

Ова е барање кое денеска е поднесено и одобрено, не е лошо да го имаме како урнек.

До АД за телекомуникации
МАКЕДОНСКИ
ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
ул Орце Николов бб Скопје

ПРЕДМЕТ: БАРАНЈЕ ЗА РАСКИНУВАНЈЕ ДОГОВОР БР (џ) џџџџ
За користенје на електронска комуникациска услуга АДСЛ

Од Име и Презиме од адреса Скопје

Барам, поради битно изменети цени на услугата сто ја нудите наведениот договор да се раскине согласно цл.4 ст4 од истиот договор.

Воедно Ве молам да ме известите за денот и цасот кога Васите монтери ке дојдат да ја земат Васата опрема како би бил дома

Со ова баранје сметам дека е испоцитуван секој рок кој е наведен во споменатиот договор.

Ве известувам дека тросоците кои евентуално се направени во врска со монтазата не ги прифакјам освен месецната претплата која ке Ви биде платена и тоа од денот на монтазата до денес 05.10.2005 година

На крај овој Вас потег со промена на условите го сметам за крајно Неодговорен и неделовен

Скопје, датум

Име и Презиме

(тука стои пецат од македонски телекомуникации

Примено: датум, Број: џ/џџџ и потпис)

3:31 PМ

14 коментари:

Анонимен рече...

„Ве известувам дека тросоците кои евентуално се направени во врска со монтазата не ги прифакјам освен месецната претплата која ке Ви биде платена и тоа од денот на монтазата до денес 05.10.2005 година“ - Овде не ми е јасно, за која месечна претплата станува збор? За онаа од тековниот месец(Октомври) или пак се мисли на разликата на месечната претплата со и без двегодишен договор(1000 ден.)

Clutch рече...

Може ли некој да потвди што значи одобрено барање? Само примено од страна на МТ под споменатите услови или прифатено како такво што значи неплаќање дополнителни средства? Пошто они ќе ви стават печат дека го примиле на разгледување, но дали тоа значи и дека ги прифатиле деталите во барањето? Ај нека разјасни тој што го поднел ова барање - едноставно, дали има некаков доказ дека на следната сметка нема да му пристигнат фамозните пенали.

bezvrska рече...

Дечкото што го постираше барањето после напиша дека не знае дали и кои пенали ќе бидат наплатени после. Демек се чека сметка па да се види. Би се зачудил одма да го прифатиле. Тоа треба да мине преку правна служба, не може некоја на шалтер да одлучува за раскинување. Аман, не брзајте толку со тоа барањата за раскинување. Немој само да им ги напуниме џебовите со пенали.

Bojan рече...

Кога сме веќе на тема „пенали“, изјавата на таа гуска (портпаролка, исто му доаѓа) во Дневник може да се земе како конкретен доказ за кршење на законот за комуникации, член 96 став 3. Затоа што корисникот мора да може да го раскине договорот без да плаќа казни во случај на промена на услугата од онаа утврдена во договорот. (а Барањето е дел од договорот)

Анонимен рече...

Дај еве нека bezvrska биде одговорен за денот кога и каде(сигурно идната недела некаде) ке одиме сите со исти договори за раскинување...Гледам дека тој е најактивен та нека не води...
Јас чекам...до тогаш да ги разгледаме сите можности

Анонимен рече...

Дечки дајте прво да видиме што дефинитивно ќе речат од здружение на потрошувачи па после да се организира нешто . Ако има нешто од нив да се фатиме за тоа , ако не да почнеме масовна анти-пропагандна кампања против МТ

Анонимен рече...

А што ако МТ ја укине доплатата за печекорениот сообраќај и ја намали брзината на пристап на 5 kb/s или 1 kb/s за што имаат право?

Анонимен рече...

Абе каква разлика во месечна претплата, ја утре ќе го раскинам договорот без ништо да платам па ќе ги чекам да тужат за пари.

Едвај ги чекам, ќе им земеме и судски трошоци, и адвокатски трошоци откако ќе го изгубат спорот.

И они се свесни за ова, само сеат страв за што помалку луѓе да се решат да се откажат. Мислам дека нема ни да тушат...

Ако се чита меѓу редови, тие едвај чекаат да се ослободат од оние групи на луѓе кои делат пакет, како и од оние што прават многу ГБ.

Има и друго, свесни се дека корисниците кои немаат алтернатива (во Скопје каде што нема кабловски, и секаде во Македонија) ќе останат и ќе припазуваат. Ова им е свесно и сериозно пресметан потег, не се залажувајте дека нешто се заебале они. Они се „заебаа“ уште на почетокот кога дадоа неограничен бендвит.

Поздрав, Горан

Bojan рече...

Горан, scare тактиката е општо позната, како во Македонија, така и насекаде низ светот. Проблемот е интернет. Им дозволува на луѓето да видат дека не се сами, дека полека се создава критична маса за издејствување на позитивни промени.

Пак ќе кажам: единство и заеднички фронт.

Анонимен рече...

Да позборуваме од формално-правен аспект.
Самиот прием на барањето за раскинување на договорот (приемен печат потпис и датум) воопшто не значи дека барателот е ослободен од предвидените казнени пенали за предвремено раскинување на договорот.
Доколку има интерес, спремен сум за заинтересираните засегнати со оваа Одлука на МТНет (или како и да се викаат сега)да им подготвам издржан Терк - барање за раскинување на договорот без да платат казнени пенали (за што од досега прочитаното мислам дека има основ). Доколку има желба за оваа работа, контактирајте ме преку блогов и доставете ми теркови од договорите (како што разбрав има неколку типа).

пс Искрено се радувам што не користам АДСЛ, монопол си останува монопол до крај.

Напред наши!

Bojan рече...

Напред наши: Договорот е секаде ист освен анексот (4-та страница). Ако некој има анекс поразличен од оној објавен на блогот, скенирајте го или искуцајте ги оние членови што се разликуваат од објавениот Анекс и поставете ги како коментар (ако имате слики, може да ги upload-ирате на http://imageshack.us/ )

F.U. MTNet рече...

Здраво. Покрај цела ова ситуација, навистина не знам што да правам, ама најверојатно 99% јас ке го раскинам договорот бидејќи не постои човек со здрав разум што би останал приклучен на адсл со 4ГБ лимит месечно. Е сега имам некои прашања во врска со раскинувањето. Јас сум приклучен со договор од 1 година, од Мај. Сакам да знам (ако некој знае) дали ке платам пенали поради предвремено раскинување на договорот (нели МТНет го прекршува дог. со воведувањето на лимит?). Како што имам прашано, тоа треба да се напраби до 14-ти овој месец, што и најверојатно ке го направам. Сакам уште да знам што вие предлагате да направам како алтернатива (ако имате на памет нешто), и што планирате и самите да направите. И дали да го искористам барањето што го имате постирано на Блог-ов или не? Сето ова ме изнервира од небо до земја и назад! :(

Lydhras рече...

Abre luge ich ne sum dobar vo ovie raboti: chat mat i nemu slichno!!!

Lydhras рече...

BAGRO, UDRI BANDU!!!
E dobro sea, zatoa shto konechno svativ kako funkcionira rabotava (toa ne znachi deka sum glup tuku deka nemam iskustvo), daj, se iznervirav kje napisham 2-3 reda!

Znaete li vie shto znachi monopol? Nashive mizerii, kopuci, ili narechete gi kako god ke vi tekne, sto ni ja vodat drzzavichkata abe nema k.. da im chue za ADSL MADSL (prvo, zatoa shto ako gi prashash sto e toa ADSL?! ke vi odgovorat " A da be, toa neshto NASA?" nema da znaat da vi kazzat. E tie LAMINJA nema nikogash, ama NIKOGASH da zemat da se potrudat da DEMONOPOLIZIRAAT, zatoa shto toa trebale da go storat so vreme. Ej, slushajte. Mnogu mi e zzal shto nishto ne vi pomognav okolu problemot tuku samo se izdrav ko glup nekoj ama chekajte da smislam neshto pametno do vecher kje napisham neshto od korist.

Bidete zzivi i zdravi, mnogu vi se izraduvav! :)