06 октомври, 2005

Се вклучуваат и институциите

Браќа и сестри револуционери!:)
Стапив во контакт со Агенцијата за електронски комуникации и со Комисијата за информатичка технологија. Заинтересирани се за случајот и сакаат да го испитаат. Се договоривме да ги пратам потребните документи и се надевам дека ќе следат конкретни активности од нивна страна.

На другите фронтови, правник од Организацијата за потрошувачи на Македонија утре ќе има средба со одговорните лица од МТ на која и официјално ќе биде презентиран нивниот став дека промените на договорите се незаконски и ќе биде побарано МТ да ги прекине ваквите активности.

Поради ваквиот развој на настаните предлагам поднесувањето на приговорите и барањата за раскинување на договорите да се одложи за следната недела. Да почекаме што ќе се случи, па средбата пред МТ да ја одржиме во понеделник или среда. Така ќе имаме повеќе време да се подготвиме правно, да информираме што е можно повеќе луѓе и да видиме каква помош можат да ни дадат горните институции.

We will not go quietly into the night, we will not surrender without a fight.

42 коментари:

Bojan рече...

Muy bien. Меѓутоа max (хехехе) рок да се направи нешто им давам до Среда. (понеделник и вторник се ваљда празници?)

Clutch рече...

Приватните фирми би требало да не работат само во вторник, освен ако не спојуваат самоволно. Среда е тамам рок. Ако треба некаква фактичка помош, бујрум кажете. Јас вчера правев муабет и со Народен Правобранител и ми рекоа дека може и кај нив да се поднесе претставката - ако собереме групна ќе реагираат побргу.

Clutch рече...

Може ли Организацијата да испрати соопштение до јавноста дека ќе има таква средба или евентуално од името на блогов да се испрати писмо до медиумите дека Агенцијата и Комисијата се заинтересирани за случајот. Така ќе ги вклучиме во играта и кога тогаш ќе мора нешто да кажат јавно за проблемот.

Анонимен рече...

Тие луѓе што се ангажирани во таквите организации што се „занимаваат“ со штитењето на правата на граѓаните, кои воедно ќе одат на состанок.

Ќе бараат гага интернет за да не ни помогнат нас?

Друго што би правеле таму?

Анонимен рече...

Поздрав
Знам дека многумина ова го откриле , но дали знаете што точно тоа значи?
Корисник на МАХ-АДСЛ може , ако сака , да користи шифра на друг корисник , без оглед дали е од тој пакет или од ПРОФИ или др.
И тогаш сообраќајот се впишува на оној чија шифра се користи..
Тоа е големо место за злоупотреба .Кој мене ќе ми гарантира дека некој друг не ми направил сообраќај за кој јас треба дебело да платам?
И што им е гајле на МТ-нет дали се еден или повеќе компјутери на еден АДСЛ-приклучок, кога протокот е тој , кој што е ...Значи ефтино извлекување им е тоа...
Звонко

ufo рече...

Денес бев во Мт.нет да побарам барање за раскинување на договор и видов неколку дечки што го пополнуваа истото она барање кое што го добив јас. Дури и наслушнав како еден од нив и расправаше на таа службеничката дека сака да го раскине договорот за АДСЛ веднаш. Закон! Еве сеа ја попунуем али најверојатно ќе треба татко да го замарам да иде да поднесе пошто ќе го откажуем и телефонот. Продужуем со информирање и раздавање на адресава на блогов и се надевам дека ќе бидат раскинати уште многу договори. :)

газдата на блого рече...

ами убо ко така... ама мислам дека ќе не ебат тотално... кај нас стално се дешават такви срања.... енивеј - дали некој има идеја шо ќе прај ако се исклучи од мтнет интернет... мислам стварно ми треба интернет ама ако не на мтнет шо? шо има поволно?

Анонимен рече...

i Vo strumica ima inicijativa za masovno isklucuvanje od ADSL, daj kazete koga ke bide raskinuvaweto na dogovorite da gi sinhronizirame vo Skopje i Strumica

Pozdrav

Анонимен рече...

Знаете, никогаш во историјата не сме се докажале согласност, единство како народ...така ке биде и сега...жалам, но предвидудам дека целата работа ке заврши така што ке не изебат добро а ние со наведнати глави ке се тешиме дека и не е така лошо, пошто последниот пат болеше повеќе...
Некои ке дојдат на собир некои ке чекаат да излезе весникот за да прочитат што се случило...организираноста е слаба, читам де на револуција де на багра...и ке се собереме и што со тоа?
Јас би дошол на собирот само ако сме спремни за преземање на радикални мерки. Само така ке бидеме чуени.
Во земја каде власта е земена на радикален начин не може со мирен протест да се добие нешто. Попрво би дошол со палка, табла јајца, камења или молотови коктели отколку со наведната глава, гнев во душата и модемот под мишка...
А кога инаку се собираме? Дали доволен број луѓе се информирани?

Dr. Philem0n рече...

Интересна 'странична' информација за дупка во системот на евентуално плаќање. Едноставно, без никаква доплата се префрлувате од MAX ADSL на Start пакетот и во рок од 5 минути истиот го раскинувате, при што треба да се платат 'само' трошоците за инсталација. Но, се разбира, ова не е крајното и конечно решение.

Анонимен рече...

Negde od kaj 14:00 do 20:00 gleam neam ADSL, si vikam ah malce im bese ova sto ni go napravija so zgolemuvanje na cenite, nego izgleda se naljutija i ni isklucija sve:))
Nego se javuvam na 080012345 i toj deckoto mi vika : cela Makedonija nema ADSL imame napad na DNS serverite...
Znaete nesto za ova ili deckovo fantazira nesto??

Анонимен рече...

Да , и јас немав нет... Него ви текнува во договорот, вика „МТ НЕТ се обврзува да ви нуди квалитетна услуга 24/7“ Можат ли овие 6 саати без интернет да се искористат како „кршење на договор од нивна страна“???

tucence рече...

I vo gostivar ce ima raskinuvanja na dogovori

tucence рече...

ако се прави некој собир кажете!

Stefan рече...

Во однос на постот од 20:28h. Точно е дека денешните 6 часа без никаков Интернет (и засега со слабата брзина) се кршење на договорот, но претпоставувам дека МТ ќе се бранат дека нападите биле од надвор и дека тие не се виновни за таквата ситуација. Таквиот став делумно е точен. Но од друга страна, дали МТ имаат разбирање кога ги плаќаме телефонските сметки или директно се нафрлаат на исклучување на корисниците? Ситуацијата кај нас е голема каша. Како што корисникот има обврска да плати за користената услуга, така и давателот на услугата (во случајов МТ) МОРА да ја извршува истата соодветно на склучениот договор.

Dr. Philem0n рече...

Еве појаснување за мојот претходен коментар, и како што јасно може да се види, од ова нема никакво фајде.

Член 1
Предмет на овој Анекс е уредување на правата и обврските на договорните страни при мигрирање на Корисникот од еден во друг АДСЛ пакет, по избор на Корисникот.

Корисникот се обврзува да ја користи АДСЛ услугата во период од 2 (две) години, сметано од денот на стапувањето во сила на овој анекс.
Член 2
Еднократниот надомест за инсталација на АДСЛ опрема (АДСЛ сплитер и АДСЛ модем), утврден во барањето за користење на АДСЛ услуга соодветно на избраниот АДСЛ пакет, како и надоместот за мигрирање на Корисникот од еден во друг АДСЛ пакет, не се наплатува.

Во периодот утврден во ставот 2 од членот 1 од овој Анекс, Корисникот се обврзува да плаќа намален месечен надомест за користење на АДСЛ услугата во износ од 1.299,00 денари без пресметан ДДВ.

Член 3
Доколку Корисникот во периодот на задолжително траење на овој Анекс еднострано го раскине договорот или овој Анекс или ако по вина на Корисникот дојде до раскинување на договорот или овој Анекс пред истекувањето на периодот утврден во ставот 2 од членот 1 од овој анекс, Корисникот се обврзува:

1. да плати договорна казна во износ од 4.900,00 денари, доколку раскинувањето на договорот е во првите 6 (шест) месеци од потпишувањето на овој анекс;
2. да ја плати разликата меѓу редовниот месечен надомест, кој важи за договор на неопределено време и е наведен во барањето, и намалениот месечен надомест, наведен во член 2, став 2, од овој договор, за цело време на користење на услугата од потпишувањето на овој Анекс, доколку раскинувањето на договорот е после периодот од 6 (шест) месеци од потпишувањето на овој Анекс.

Член 4
Доколку ниту една од двете договорни страни во рок од 15 дена пред истекот на периодот на важност не достави писмено известување до другата договорна страна дека го раскинува овој Анекс, се смета дека овој Анекс автоматски се продолжува за период од 2 (две) години, по цена и услови кои што важат во моментот на неговото продолжување.

Член 5
Во случај на непостапување согласно одредбите на овој aнекс кон Договорот, Операторот го задржува правото да изврши наплата на паричните побарувања по судски пат.

Член 6
Овој Анекс е составен во 2 (два) истоветни примероци, од кои 1 (еден) за Корисникот и 1 (еден) за Операторот и истиот стапува во сила на денот на неговото потпишување од двете договорни страни.

Dr. Philem0n рече...

Информации околу оваа опција на 3299450 утре преку ден... Размислете, во секој случај, да не испадне дека сугерирам нешто, скраја да е.

Iceman рече...

i Kicevo se prikluci na masovnoto isklucuvanje na ADSL dosta bese cel svet se obrazuva preku internet nasive sakaat da ne vratat vo cetirieset i petta

Iceman рече...

Krenise narode makedonski i kazi ne na MT dosta bese ovie kao Sadam pocnaa red redum da ne nistat

Clutch рече...

Очигледно има повеќе верзии на договорот. Во мојот вакви детали нема. Сите членови што ги имам се така болно двосмислено составени што е тешко да им излезеш на крајот. Што е уште позабавно, немам ниту БАРАЊЕ. Поднесов барање (хм) да ми испратат копија од барањето (дабл хм), во случај да не било земено при потпишувањето (пошто ја не потпишував) ама ќе биде многу интересно ако излезе дека немам БАРАЊЕ за инсталирање АДСЛ услуга. Мислам дека во тој случај договорот е ништовен, оти еден негов сегмент го нема. А мислам дека не сум само јас без барање.

Анонимен рече...

BTW
Пред некое време Windowsot нешто ми се зезна па морав да г преинсталирам. Нормално со преинсталација следување и губење на моето корисничко име и шифра. Кога се јавив на 0800 12345 и побарав да ми ја сменат шифрата бидејќи ја имам заборавено дечото за неполни 5 секунди и без никаква проверка кој сум и што сум ми ја кажа старата шифра.
Така да вие пресметајте колку системот им е сигурен и какви се шансите лимитот да биде НЕпречекорен.

bezvrska рече...

Dr. Philem0n, во врска со опцијата за префрлање на старт пакет и инстант раскинување израчунав пенал од ~5800 МКД. Не знам, ја неќу ни ДЕНАР да им дадам. Мислам дека они мене треба да ми платат за 7 изгубени дена, поминати у нервози, читање закони, договори и бркање авторитети.

Да, и за овие 6 саати сакам ПАРИ НАЗАД. Мада они веројатно ќе речат дека е тоа Виша сила. Act of God :)

Анонимен рече...

ima nekoj drug forum na ovaa tema?

Se mislam рече...

I jas sakam da se isklucam od ADSL. No problemot e kade potoa? Koj nudi po povoli uslovi? Nekam da se vratam na dial-up. Znam deka kablovskiot e tuka. No samo za odredeni naselbi. Jas konkretno ziveam vo taftalidze kade provajder e ZORA. Ne sum siguren vo nivnata usluga. Kazete poveke informacii za kabelskiot internet na telekabel i telenet... dali se namaluva brzinata ako pocnes da downloadiras i sl. kolku pari e? 1500den neogranicen soobrakaj? so koja brzina? Kazete ja realnata alternativa na ADSL da znaeme na sto sme!

Se mislam рече...

Mozebi e podobro da se stegne kaisot i da se ostane na tie 4 giga... posto realno posle ovie godina dena i neznam sto vise da simnuvam od intenret. simnuvam po nekogas samo i tranferot od 4 giga stanuva i dovolen. Dokolku kablovskiot e podobar vo pogled cena-preformansi odma se prefrlam! Daj nekoj so ima doma kablovski neka kaze...

Анонимен рече...

po edna bela tocka sekoj da nacrta pred MT, i ... se znae modemot na tocka. Switch-ot ke mu go podaram na sinot na Atila za da moze da si podeli Internet so drugarcinjata.

Анонимен рече...

ke bide belja i kumanovo. mamkata nivna adslistichka. Нема друго чаре него одјава у најава.

Анонимен рече...

Ова со организацијата на потрошувачи е најбоље решение ама тоа е прв чекор пошто овие сигурно правно ќе не зез- нат Треба да почнеме масовно да пуштаме мејлови како прво до прет- седателот на државата( со линкови до страни од странски компании со цени и услови и барање јавно да застане на наша страна ) со жалби за ситуацијава па ако во рок од три дена нема одговор за тоа да ги известиме весниците да собереме пари да дадеме оглас на цела страна со јавен повик до него и комисијата за информатика каде ни оди државата , а како второ одма да почнеме со мејлови со иста содржина до весници да почнат поопширно да пишуваат за состојбата . Вака е единствен начин да се спротиставиме Ја веќе им пуштив на МТ со линк до БеоНет или така некако каде за 1700 динари нуди 256Kbps со лимит од 80G
а сега почињам и до дневник,утрински

Гоце рече...

...и обавезно мејловите со име и презиме

Анонимен рече...

Инфо за сите од Битола:
Алтернатива е кабелскиот од Моби. 1500 флат рејт без забрана на п2п програми. 512/64 брзина. 1900 модем. Или пак кабелските на Он.нет и МОЛ(кои помалку се исплаќаат). Јас во секој случај го укинувам договорот, иако не го преминувам лимитот, не сакам никој да си прави мајтап со мене за мои пари

Анонимен рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Анонимен рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Анонимен рече...

„Ова со организацијата на потрошувачи е најбоље решение ама тоа е прв чекор пошто овие сигурно правно ќе не зез- нат Треба да почнеме масовно да пуштаме мејлови како прво до прет- седателот на државата( со линкови до страни од странски компании со цени и услови и барање јавно да застане на наша страна ) со жалби за ситуацијава па ако во рок од три дена нема одговор за тоа да ги известиме весниците да собереме пари да дадеме оглас на цела страна со јавен повик до него и комисијата за информатика каде ни оди државата , а како второ одма да почнеме со мејлови со иста содржина до весници да почнат поопширно да пишуваат за состојбата . Вака е единствен начин да се спротиставиме Ја веќе им пуштив на МТ со линк до БеоНет или така некако каде за 1700 динари нуди 256Kbps со лимит од 80G
а сега почињам и до дневник,утрински“

Се согласувам. Што повеќе прашина креваме поблиску сме до остварување на целите.

Анонимен рече...

[b]QUOTE[/b]
[i]"se mislam said:

I jas sakam da se isklucam od ADSL. No problemot e kade potoa? Koj nudi po povoli uslovi? Nekam da se vratam na dial-up. Znam deka kablovskiot e tuka. No samo za odredeni naselbi. Jas konkretno ziveam vo taftalidze kade provajder e ZORA..."[/i]

I jas ziveam vo Taftalidze i denes bev do ZORA. Tamu me upatija do On.Net ili MOL. Se javiv vo MOL i se rasprasav za paketite. Ako s(v)e se zavrsi dobro so raskinuvanjeto dogovor za ADSL planiram da zemam paket od 1500 den. mesecno, 512 kbps DL (za UL ne znam, ne prasav, zaboraviv), bez limit, MEGJUTOA - 512 e max. brzina, a minimalna garantirana brzina ke bide 64 kbps. Na edna konekcija odat max. 7 korisnici, sto znaci deka brzinata ke se deli na tie 7 lugje. Ako ima covek srekja da ostane sam, poubavo. Kako i da e, i so minimalna brzina, (eve neka bide 7-8 KB/s) za eden mesec moze da se download-uva 18+ GB, a za tie 18 GB preku MT.Net (so novite ceni) ke treba 2400 den. (so DDV) + uste okolu 6000+ den. mesecno (gruba presmetka).
Znam deka paketot na MOL e mnogu poslab od toa sto go imavme do sega, megjutoa sporedete gi finansiite.
A da, za ova so MOL, se dava i ednokraten nadomest od 3800 den. pri instalacija.
Ispadna sega ova reklama, megjutoa za sega toa mi izgleda kako najdobro
resenie.

DTE рече...

" Anonymous said...

Инфо за сите од Битола:
Алтернатива е кабелскиот од Моби. 1500 флат рејт без забрана на п2п програми. 512/64 брзина. 1900 модем. Или пак кабелските на Он.нет и МОЛ(кои помалку се исплаќаат). Јас во секој случај го укинувам договорот, иако не го преминувам лимитот, не сакам никој да си прави мајтап со мене за мои пари "

Абе јас бев и прашав во Моби и ми рекоа дека кај мене нема сеуште, и дека "планираат" до Нова Година да има скоро низ цел град. Ама незнам дали да му верувам оти 2 години ми велеа "за 2 месеци ке има интернет" ама се напраја 2 години... а за на диал-ап до нова година... малку е за никаде... па незнам шо да прам...

Анонимен рече...

Еј, дај кажете каков е интернетот од Моби, од Битола? Барам некој што има да ми каже дали паѓа многу често, како е брзината итн... plzz! :)

Анонимен рече...

Моментално во Бт кабловскиот преку Моби се покриени само делот над болницата и деновове Карпош. Нема многу корисници и брзината е околу 60-70 кб/с. Засега нема проблеми со пажѓање, ама за потаму незнам

Анонимен рече...

Treba da se bide kompleten idiot da se prifatat novive uslovi na Mt Net za ADSL. Podobro dial up, odkolku uste prviot mesec da ni dojde smetka od 5000 denari, pa da morame da isklucime i telefon.
Podobro sega da se reagira, pa makar i da se poceka nekoj mesec da se pojavi podobra opcija. No, kolku sto jas sum informiran, ima dosta opcii, pred se kablovski i wireless.

Bojan рече...

Корисникот се обврзува:

1. да плати договорна казна во износ од 4.900,00 денари, доколку раскинувањето на договорот е во првите 6 (шест) месеци од потпишувањето на овој анекс;


Ако некој има копија од ваков анекс, мора да се однесе во ОПМ и Народен правобранител. Според болдираниот текст, Телеком обврзуваат наплата на КАЗНА, и тоа по ДОГОВОРНА линија (т.е. штом потпишете, се согласувате да си ја платите казната).

siguren рече...

CITAM POGORE MNOGU SE MISLAT DALI DA SE OTKAZAT ILI NE!!! JAS KE SE OTKAZAM I .TOCKA. SO VI E BE LUGE?AKO VI SE DOVOLNO 4GB IMATE I WIRELESS INTERNET OD ON-NET.JAS SE JAVIV(TEL:223100800)I PRASAV 1500 DEN SO DVEGODISEN DOGOVOR.BEZ DOGOVOR 1800,4GB OGRANICUVANJE +AKO PLATIS 150 DEN KE MOZES DA KORISTIS I O-ZONE.BASKA TOA SLUSNAV DEKA VO NEKOI GRADOVI SE ORGANIZIRALE SAMI I IMALE WIRELESS INTERNET.SLUSNAV DEKA I VO SKOPJE IMALO NEKOI DECKI KOI SAKALE DA NAPRAVAT WIRELESS POVRZUVANJE SO SATELITSKI NET.MOZEBI NEKOE VREME(MESEC DVA)NEKOI KE OSTANAT BEZ INTERNET AMA KE SE NAJDE RESENIE.KAJ MENE VO NOVO LISICE IMA KABLOVSKI INTERNET SO DOSTA SOLIDNI USLOVI.AKO POMINES 4GB NAMALUVAAT LINIJA(ZA 1000 DENARI PRETPLATA).WWW.CADIS.COM.MK.
SE NADEVAM DEKA SITE KABLOVSKI OPERATORI KE POCNAT SO VOVEDUVANJE NA INTERNET(DO SEGA IMA DOSTA)
I ZATOA NE SE MISLETE!!!!!!!!
AKO ZA NEKOLKU DENA MT.NET NE GO POVLECAT NOVOTO POSKAPUVANJE OTKAZETE SE KE IMA MNOGU MNOGU PODOBRI USLOVI!!!!VERUVAJTE!
NIE NE ZAVISIME OD NIV TUKU OBRATNO
P.S.GO PODRZUVAM OVOJ BLOG I SAMO NAPRED!!!
POZDRAV

siguren рече...

zaboraviv da kazam uste ova:
za toa sto ne im e tocen meracot na transfer,zemete kamera i prvo snimete go vasiot ostvaren soobrakaj.posle toa snimete kako siminjate nekoj fajl primer od 10mb i posle toa pak proverete kolku transfer ste napravile(bez da pauzirate!!!).toa ke ni bide dokaz deka mt net ne zloupotrebuvaat bidejki nikogas meracot ne e tocen.jas ke go napravam toa, i ke dokazam kakva usluga imaat mtFUCKnet.
PROBAJTE!
Pozdrav:)

se mislam рече...

Najdov eden drugar sto ima wireless intenret od on.net. internetot e super za surfanje i proveruvanje mail, no koga ke stane zbor za download brzinata za 10min postepeno se simnuva pod 10kbps odnosno i skroz se isklucuva za da koa ke prestanes so download posle 10-20 min pak se uklucuva. znaci glavnata rabota (DOWNLOAD vo golemi kolicini) pak e onevozmozena! Edno e sigruno, kanalceto i na mt.net i na on.net i na mol i na bilo koj ne e neograniceno. Na eden ili na drug nacin moraat da go ogranicat. Jas seuste se mislam!