07 октомври, 2005

Печатените медиуми

Денеска во Дневник и Време се појавија текстови за „незадоволството“ од „самоволното воведување нови правила на игра“ на Македонски Телекомуникации.

Текстот во Дневник (цитиран е текстот од флаерот)
Текстот во Време (скенираната статија ја има преку еден пост од овој)
Текст во Време за реакцијата на ОПМ
Текст во Време за новите отпуштања од АД „Македонски Телекомуникации“

Писма на читатели во Дневник


Индикативно е тоа што на сајтот на Утрински Весник нема ништо. Впрочем, погледнете кој им е во листата спонзори. Изгледа не сфаќаат дека и тие ќе бидат погодени од ова.

EDIT: На IRC каналот #anti-mtnet некој цитираше текст од Вест (да, оној шлајм таблоид што излегува секој ден), во кој се спомнуваат некакви напади врз некакви „data network system“ со цел да се блокира целата „интернет мрежа“ во Македонија. Истите тие „злонамерници“, велат од Вест (оние чиј слоган е „Читај и мисли слободно“ (ама само во рамките на интересите на спонзорите)), ширеле лаги и дезинформации за услугата на Македонски Телекомуникации (ова нема ни да го коментирам, видете го скенот од огласот објавен во Дневник на 30.09.2005).

Океј, мало појаснување за неписмените во Вест: овој блог, и IRC каналот поврзан со него немаат никаква врска со некакви напади чија цел е блокирање на интернет пристап. Извинете вака, ама КОЈА БУДАЛА ЌЕ СИ ЈА СЕЧЕ ГРАНКАТА НА КОЈА СЕДИ?! (освен можеби Македонски Телекомуникации, кои веќе одамна ги отсекоа своите корисници)

Мислам, свестете се што пишувате! Ако немам пристап на интернет, нема да можам да информирам никого! Посебно не во толкав број (погледнете го бројачот на посети). А очигледно е дека човек не може да очекува фер и објективно информирање од страна на (некои) медиуми. Секоја чест на исклучоците.

Да погодам, со овој коментар злонамерно го напаѓам вашиот медиум и ширам дезинформации. „Слободен дневен весник“ my ass. Се додека дозволувате спонзори да ве тегнат за нос, нема да бидете слободни.

EDIT II: Само што ја добив скенирана веста од Вест. И иако тоа што го пишува е претежно цитат од изјава на Телекомци, најважните делови се изоставени. Како на пример, Каков е тој обид за „заведување на чесни ADSL корисници“? Бавете се малку со истражувачко новинарство, Вест. Не зависете само од изјави на портпароли и „официјални претставници“.

58 коментари:

Анонимен рече...

"Во „Македонски телекомуникации“ велат дека биле принудени да ја воведат оваа промена бидејќи одреден број корисници вршеле злоупотреба на АДСЛ-услугите на тој начин што преку една линија Интернет користеле повеќе нерегистрирани корисници."

Леле, како ме нервира ова! Кога ми го инсталираја модемот и такви работи, тие чичковците ми рекоа ЗОШТО (!?) не се поврзам со повеќе луѓе од улицата за да ми е поефтино!!! А сега овде ми јадат лајна да му е**м се!

Анонимен рече...

Нека има лимит ама нека е во разумни граници, на пр. 40ГБ даунлоад и 40 аплоад... (што тешко некогаш да се надмине со оваа брзина)... ама 4ГБ е смешно... денес само шо читав на багра и овде имав едно 50 МБ... а да слушам радио или да сурфам повеќе.. хех...

Анонимен рече...

А оти да плаќаме и инсталација? Јас кога прашав што треба да платам ако го прекинам договорот та тетката ми рече само разликата во цената.. т.е. околу 400 денари/месец за на една година договор... за сите месеци користен интернет. Ич не ми кажа за тие 4900 денари...

Мартин рече...

Незнам како можат да одат кон тоа да не се поврзуваат повеќемина на една конекција. Тоа требало да му биде јасно и пред да пуштат ADSL во земјава. Тоа неможат тие да го контролираат на никаков начин. Нека спуштат цена од 10евра за една конекција сите дома ќе си наместиме Интернет за евтини пари, зошто тие мороните изгледа никогаш не ја погледнале економската положба во нашата земја. Мт-Нет и Телеком се нешто најлошото што ни се случува во оваа наша земја, со прескап Интернет и телефонски услуги што во другите земји сите ни се смеат поради сево ова. Да дојде втор фиксен оператор никогаш во животот нема да користам услуги од Телеком па макар и без пари да ми ги нудат. Во секој случат тие треба да ја намалат брзината на 128/128кбпс па на корисникот останува дали е сам или со некој друг ја дели конекцијата што е пропорционално на тоа, колку пари толкава брзина, што и самите сме свесни дека ако бидиме сами на една конекција брзината е далеку поголема и подобра.

Bojan рече...

Најстрашното е што тој „еднократен надомест за инсталација“ не е ништо. Не го плаќаме модемот и сплитерот, туку едноставно маката што ја претрпеле „техничарите“ за да го инсталираат модемот. Како што пишува во договорите, крвопиите си ја земаат опремата назад при раскинување на договорот (не дека ќе имам некоја корист од ADSL модем без ADSL врска, но сепак...)

Без оглед на се, изјавите по веснициве им се само изговори.

DeeJay рече...

Kakvi izjavi vo vesnici... Tie novinarite se lameri za termini od IT svetot (cest na isklucocite). Kako sto tie ce go razberat muabetot na MT Net-ovci, taka i narodot. Znaci nikako. Samo korisnicite sto znaat kaj e cakata ce gi "procitaat" ovie od zgradana karsi "Dom na gradeznici".

Анонимен рече...

Licno mislam deka so promenata sto MT Net ja pravat ednostavno prestanuvaat da ja nudad uslugata za koja nie sme potpisale dogovor. So toa, se ispolnuva uslovot koj veli deka dogovorot avtomatski se prekinuva dokolku Operatorot (Mt Net) e sprecen od nekoja visa sila (ili drugo) da ja nudi dogovorenata usluga. Od 1vi Mt Net saka da prestane da ja nudi uslugata od mojot dogovor, sto znaci deka istiot avtomatski ke bide raskinat.
Vsusnost, postoi i clen vo zakonot za elektronski komunikacii koj veli deka dokolku operatorot gi promeni uslovite od dogovorot, a korisnikot ne se soglasi na istite, togas korisnikot moze da go prekine dogovorot bez nikakvi posledici.
Ne veruvam deka Aneksot na nasite dogovori od 1 ili 2 godini e pojak od zakonot.
Vo ovoj slucaj MT Net gi menuva uslovite od dogovorot. Aneksot (bez razlika sto pisuva vo nego) nemoze da im dava za pravo da menuvaat uslovi kako ke posakaat vo periodot dodeka trae (1 ili 2 godini).
Nema sud sto bi presudil deka Mt Net ima pravo da ne drzi pod ucena so Aneksot i da ja koristi nasata doverba (ili glupost) i gi menuva uslovite kako sto saka.
Ako im e dozvoleno da gi menuvaat uslovite, a nie da sme tie sto trpat posledici (so plakanje na penalite), sto bi se desilo ako resat da ja nakacat mesecnata cena na 500 evra?
Celata rabota so penalite nema logika. Daj da najdeme eden advokat, neka razgleda i neka kaze sto misli. Licno jas gledam duri i solidna pricina za tuzba od mene kon niv za da oni mi plakaat penali sto ja ukinale uslugata za koja mi garantiraat vo dogovorot, a toa ne bilo rezultat na visa sila.
Znam deka vo demokratska drzava Mt Net bi go krkal stapot do kraj. No, kaj nas...

Анонимен рече...

Абе ај остај утрински... а Вечер, а Факти :)))))) Ова е една глобална завера против сите нас... мора да истраеме

Бобо Николов рече...

ВЕСТ кажѕува дека Македонија вчера првпат останала пет часа без интернет???? Ма, немој! Летово јас немав цела недела АДСЛ!!!

bezvrska рече...

„организирано го нападнаа таканаречениот 'дата нетворк системот' - ДНС“???

Ај некој нека ми објасни што значи ова. Oва го изјавиле од МТ?!

Анонимен рече...

Добро сега ке има денес пак собирање пред Алмако или не??

Clutch рече...

На Багра предложив и сега тука ќе кажам. Имате ли намера да направиме петиција зашто сите барања пред институции вака паѓаат во вода бидејќи изгледаме дека сме мала неорганизирана група на луѓе што го злоупотребувале АДСЛ системот? Петицијата може да се надополнува преку маил и би можела да содржи име и презиме и број на договор. Да ја направиме викендов и да ја имаме за понеделник или среда. Ќе ја ставиме во секој проглас до медиуми или институции. Така нема да можат да го игнорираат тоа што се случува. А и така ќе ги прилучиме луѓето до внатрешноста на Македонија.

Анонимен рече...

Што се прават паметни, на легалните им сметале нелегалните корисници. Ајде де.. Браќа нема везе тоа, еден влече исто како и петмина, него дај ако можат да удрат по нас пред да удри конкуренцијата по нив, да ги удри Катрина да даде Господ.

Анонимен рече...

Decki mislam deka peticijata e dobra rabota , da se otkazat od promenite da si smislat drug nacin za otkrivanje na zloupotreba i zarabotka na pari a ne nas da ne maltretiraat.Sme si potpisale dogovor i koga ke zavrsi togas neka nudat drugi uslovi. Nesto vo toj stil!

Анонимен рече...

Луѓе супер е ова да направиме петиција, мислам дека многу ке помогне ама ај да се организираме, на кој маил би праќале "потписи"......... А да, и мене ми го направија истиот филм, демек ај ставете се повеќе луѓе на една линија и ќе ви биде поевтино.... :))))))

Анонимен рече...

Kako da gi najdeme koi se lugeto prikluceni na ADSL so dogovori vo razni gradovi i site da se vklucat vo peticijata i dali ova nova presmetka za ADSL vazi na primer i za firmi , opstini i sl. Ne mi e jasno

Анонимен рече...

Pismo do MT-NET:
Pocituvani,

Donekade ve razbiram za ovie novi momenti sto gi vovedovte so 4GB limit,
navistina ima korisnici koi sto pravat soobrakjaj po 50,60,70,100
GB,(neznam non stop siminjaat filmovi, muzika, piraterija i sl)i po 10
lugje na 1 ADSL, ne se razbiram mnogu megjutoa po nekoja moja logika
verojatno toa doveduva do nekoe gushenje na soobrakjajot i mozebi ja
namaluvaat brzinata za nas da kazam normalni korisnici.

Megjutoa 4GB sepak e premalku! Eve jas trgam po ovaa logika: sekoj mesec
Microsoft izdava zakrpi za Windows sto moram da gi siminjam za sigurnost
neli, tuka e sekojdneven update na Antivirusot, sekojdneven update na
AntiSpyware programite sto gi imam, i uste desetina programi sto moram da
im pravam update. I doagjam do zaklucok deka jas mozebi pola od limitot ke
trosam za redovno azuriranje na mojot kompjuter.

I mi ostanuva mnogu malku za moite licni potrebi (surfanje-denesnive
sajtovi se tolku napredni sto se minimum nad 1 mega so tekstovi muziki
klipovi animacii i sl,forumi, slusanje int.radio, e-mail, gledanje po
nekoe klipce i sl...)

Znaci jas kako eden prosecen korisnik koj sto pominuva dosta vreme na net,
megjutoa so voobicaeni aktivnosti sto gi navedov pogore, ednostavno ne mi
stigaat tie 4GB.

Spored nekoe moe skromno mislenje neli bese podobro da vovedete pogolem
limit 7,8,9,10 GB ili pak mozebi uste podobro nekako da gi ogranicite tie
P2P programi zatoa sto vo krajna linija sve e toa piraterija i kaznivo so
zakon.Kolku sto znam jas legalno siminjanje muzika, filmovi, programi,si
ide normalno preku sajt, taka da sve ova piraterijava odpagja na P2P
programi.

Apsolutno ne e fer nie sto si go koristime ADSL za raboti sto gi navedov
pogore da ne stavate vo ist kosh so ovie sto siminjaat filmovi, muzika,
programi i posle gi prodavaat na pazarce i praat biznis. Ili sto na eden
ADSL priklucuvaat 10 dusi pa praat biznis pak.

Zatoa Ve molam da go zemete ova vo predvid i nekako da iznajdete nacin da
napravite distinkcija pomegju sovesni korisnici i korisnici sto pravat
zloupotreba. Vo ovoj slucaj navistina se cuvstvuvam navreden sto me
poistovetuvate so takvite nesovesni korisnici i vo slucajov moram da trpam
posledici radi nivnite zloupotrebi!!

Ubeden sum deka kako vas lojalen korisnik imam pravo na toa.

p.s. Bi bil zadovolen ako dobijam vase mislenje/komentar na ova.

Анонимен рече...

Aj neka priznae vest deka koristi dve megabitni adsl konekcii i gi deli na "n" novinari so pomos na Linux NAT server i firewall. Neli e toa kriminal spored MT? Pa i jas vo sekoja mozna firma go pravam istoto. Mise moze be! Ja imam tehnologijata. A ako se MT tolkavi fraeri neka se zastitat. Lele sto mi e keif sto pravam vakov "kriminal". Ne se sekirajte. Sega ke stavi On.Net wireless za evtini pari bez nikakvi "crap" ogranicuvanja...

Анонимен рече...

Gospodine, ne postoi nikakva zloupotreba!!! Ako e nelegalno, neka gi zabranat P2P programite. Ako e nelegalno neka se zastitat da ne moza da se deli konekcijata pomegju poveke lugje. Ednostavno tuka e tehnologijata i se sto ne e zabraneto e legalno. A ogranicuvanjeto jas go sfakam kako blokiranje na moeto ustavno pravo na slobodno izrazuvanje. Inace lazat deka bile napadnati nivnite DNS. Ako obvinuvaat nekogo neka dadat dokazi. Mozat da ja lazat sirokata publika no nas komp. inzeneri ne mozat. Ke vi kazam deka toa sto go velat e tehnicki nevozmozno. No teorijata sekako postoi. Ubavo veli prethodniot. On.Net ke pustat mnogu podobra usluga za poevtini pari. Strpete se toa ke bide nakaj 15 Dekemvri najdocna. Pozdrav

Анонимен рече...

Поздрав
Еве што добив од продадени души-македонски, како одговор на е-мајлот со кој ги информирам сите што ги знам за оваа акција :

Toa e poradi pedercinja kako tebe sto siminjaat filmovi i gi prodavaat za mizerni pari, seljachino. I ne gi lazi lugeto za tebe da ti odi skapaniot biznis


Испратено од :

kike [kike@mol.com.mk]

Се' уште има предавници во оваа земја.


Звонко
e-mail : divx@mt.net.mk

Clutch рече...

Види вака, продавање филмови симнати од интернет и јас не го оправдувам (размена да), ама вработените од интернет провајдерите (од сите) немаат никакво право да се бунат зашто до пред некое време само они се СОКРШИЈА од симнување филмови, музика и што уште не. Забележав на неколку пати од луѓе што работат во вакви фирми дека чекорот на МТ е оправдан поради ненормалното симињање, ама нека бидат реални и чисти према себе и нека се прашаат што се немаат симнато на компјутерите на своите работни места. Ваљда не мислат дека само они имаат право тоа да го прават. Или, пак, сега се почувствуваа повредени кога некој "обичен" смртник земал тоа да го прави.

Анонимен рече...

Zvonko-Divix pa vo pravo e covekot od takvite kako tebe ni go nacukaa na site.

Nego sto filmovi imas na lager :)

Анонимен рече...

Bratche a ti da ne pravish sluchajno legalen update. Daj te molam...

Анонимен рече...

Prodavanje filmovi simnati od Internet.
Pa site novi filmovi se simnati od internet.
Pojdete vo koja sakate DVD-teka i pobarajte nekoj najnov film i ke vi dadat kino -kopija, koja dilerite na filmovi ja simnale od internet ...
I posle kazuvate deka prodavanjeto se opravduva , a razmenata NE!!!
Pa i ednoto i drugoto e isto nelegalno i nemoralno, ako cepidlacime...
Mene ne me interesira sto pravi nekoj so ADSL-ot ( mozebi gleda pornografija , simnuva filmovi , muzika ) .Negovo pravo...
No sakam MT-NET ( i bilo koj drug) da se drzi do dogovorot, dodeka e na vaznost ili dvete strani doborovolno ne go raskinat ili promenat.
Ovde ne e takov slucaj...
Resenieto za MAX-paketite , da nema poveke prikluceni na eden priklucok e sredeno, ne znam zosto se vadat na toa od MT-NET.
A moze i nekoj od niv da dade/prodade tuga sifra na nekoj svoj i posle soobrakajot odi kaj onoj cija sifra se koristi.
Koj ke me zastiti od toa?!

Звонко
e-mail : divx@mt.net.mk

Анонимен рече...

Абе тоа тие ама кој да слуша. Само тропкањето на парите ги интересира. Па некој мора да оди по одмори на ексклузивни места, а ти чмај у темница.

cyberbaze рече...

Хакери го нападнале ДНС протоколот . лол. Очигледно треба да ги уочат термините хакер и кракер :)

Анонимен рече...

Jas ke go otkazam sex-o so mtnet.
Ako ova mu pomini, mamata mamina ke ni ja ebat. So ke gi spreci da mi naplakat 9000ki na mesec. e sega tie so nema da podnesat prigovor sigurno ke si platat penali. Ne penali kakvi so si mislite, odnosno 2-3 meseci od sega ke imate smetki pr. 100 evra . ne dami i gosapodo nema mt net da vi gi vrati parite do 3600 kako bez dogovor, nego ke vi naplati +, oti se pametni mnogu.
osnovata na dogovoro e poniska cena
a ova ?!?!?!?! Spreme te si gi penalite vdjeb i prigovor, +nades deka nema da gi platite , ama koj ke go tuzite drzavata ??? so e 49% sopstvenik na telekom ???? koklu poke cekate to poveke penali ke vi se sobiraat + povisoki smetki. + dali to so ke go zadrzite od adsl ke bidi internet ????? pak da brojam vreme ili protok ??!??! glata da me boli za moi pari ???
nema sansi!!! protok nadvor od makedonija bez lokalen, + 0 start smetka ke razmislam.. vaka ... jok.

Анонимен рече...

Gotovo e!!!Бројам кога ќе исклучат, а не веќе сообраќајници на МТ.

Анонимен рече...

narode makedonski so kakvi idei si ti, dosta bese razbudi se svesti se ne spi ti................

Анонимен рече...

Поздрав до сите што се јавуваа и не се секирајте пак ќе се чуеме едно убаво утро оваа, а можеби и наредната година.

Анонимен рече...

ADSL e најраспространета технологија за брз ( broadband ) интернет пристап, со над 100 милиони претплатници во светот. (minus makedonskite)

Анонимен рече...

Така е братко. За жал. Поздрав од Куманово од Оки. Отидовме у аут.

Bojan рече...

Политики оправајте надвор, не тука.


Не е поентата кој што симнувал и што правел потоа со симнатото. Изговорот на Телеком е само изговор и нема никаква основа во реалноста. Постојат начини како да се справат со тие што го пречекоруваат тој нивни лимит од 4 гига. Постојат начини и како да се справат со тие „многу луѓе што користат една линија“. Ваквиот потег нема врска со нешто што некој од НАС го направил туку со тоа колку пари може да ни соберат. Сите имаме искуство или знаеме луѓе што имале искуство со телефонски сметки од неколку илјади денари затоа што некој си правел муабет со Гвинеа Бисао.

Петиција ќе составам наскоро, па ќе постирам линк до неа на блогот.

Анонимен рече...

Што зборите глупости за p2. Не може да забранат p2p, пошто p2p како протокол е сосема легален, а ако содржините што се делат се нелегални тоа е проблем на тие што ги шират нели? Тие не постојат на ниеден сервер, тие се кинат од хард дисковите на поедицни. Може ја ширам freeware софтвер преку p2p, и тогаш што праиме?

Vlatko рече...

Ova go pisuva na stranata od mt net:

Развојот на АDSL услугата ќе биде во насока на комплетно географско покривање на целата територија на Македонија, и тоа зависно од интересот, барањата и потребите на корисниците од одделни региони низ државата.!!!!!!!!!!!!!!

da ne odat vo sprotivna nasoka slucajno?

Анонимен рече...

Бојан добро е тоа со петицијата, но тоа набргу ќе биде прекасно. Да бидеме реални, во Македонија вода исклучија два месеци и никој не реагираше, а не па за Интернет.

Анонимен рече...

nisto nema da bide od ova.....
da pocneme da se naviknuvame bez internet..........

Анонимен рече...

komu mu e gajle za adsl-ot. sme se sobrale edvaj 500 dusi i komentirame samo po forumive. drzavava ne intervenirala za raboti koi se neminovni, ce intervenira za adsl. chareto da si go barame vo nekoj kablovski internet ili da se molime da vleze nekoj drug fiksen operator koj ce ponudi nekakvi podobri uslovi (a toa nema da se sluci vo bliska idnina)

coverdile рече...

Daj be ne zborite se i sesto na forumot daj nekako da se organizirame, sega mi stana jasno zosto nasata mala drzavicka ne ja biva, od takvi koi se cukaat vo gradi dosta ni e.

So ova so go napisa janko "vojvodata" deka internetot e samo za onie sto imaat diplomirano informatika se gleda deka e zaostanat so vremeto. Na zapad nema covek sto nema internet doma.

Aleksandar Z рече...

Во врска со вчерашниот „напад“ или напад на мт.нет.

Јас знам дека во К. Вода немаше интернет од 11 до кај 6 вечерта, ако не и подолго. Бидејќи работата ми зависи од интернет, купив 50 ден. за 24 саати на он.нет, ама и тоа слабо се закачињаше. Мејл не можев ни да пратам ни да примам докај 4 - ни преку јаху, ни преку џи-мејл. Е, после 4 беше малку попристојно, па успеав да си завршам работа (а фала Богу и за СМС-ите). Бесплатниот нон-стоп суперуслужен број 0800, се разбира, нон стоп беше зафатен, освен првиот пат кога ги побарав и ми рекоа дека наскоро ќе го решат проблемот. Не работеше ни пристапот со dial-up преку мт.нет (зборувам за К.Вода).

Што можев да забележам на мојата врска (АДСЛ) - од понеделникот имав ненормални цифри на она компјутерчињата во ќошот кај саатот. На еден примен мејл имав исцицан мегабајт. Ништо не правам (сите други машини на ланот исклучени) а тоа некој ме цица ли цица со максимална брзина (поголема од 12 кила у секунда, гарант). Е, пошто дознав дека ќе поскапувало ова - ги исклучив сите автоматски прикачувања на програмите на машината. Арно ама, еден процес (нешто како r..update..exe) упорно бараше да се поврзе со myserver.cjb.net. Го ликвидирав процесот, пак ми се разбуди. Го избришав фајлот (го имаше на две места) и Виндоузот ми изјави дека не му чинеле програмите што ги има и дека го бара ЦД-то. Кога го откачив, ми се сроза системот... Преинсталирав Виндоуз, немам веќе таков процес.

Го затупев... кој издржа дотука, ќе разбере што ми е муабетот.

Можно е да имало напад на мт.нет, ама подготвуван постепено, не било тоа за еден ден. Тоа може да ги објасни и ненормалните бројачи на 1 октомври (и јас до понеделникот си ја оставав машината приклучена без да се мислам - и кога не симињав филмови од емуле ;) - не за на пазарче, се разбира).

Второ - бидејќи забележувам голема омраза кон мт.нет и се јавува некаква „љубов“ кон он.нет. Се распрашав и кај нив. Ај погодете каков пакет ни спремаат нам, бунтовните АДСЛ-џии што ќе ги баталат оние безобразни од мт.нет... Месечна претплата 1899 ден., лимит од 4 гига, секој нареден мегабајт 5 ден. (значи, поскапо од мт.нет, само што „он“ наплаќаат на парче, а „мт“ на кило). И, да, со договор на 2 години :)) Нешто ми е познато...

Не надевајте се многу на нив, и тие ќе сакаат да ни брцнат во џебовите. За безжичното не знам што планираат, ама не верувам дека ќе бидат нешто ептен нежни.

Инаку, и јас сум за петицијата, пошто во К. Вода немам некоја пристојна алтернатива (може он.нет ќе ми дадат нешто што ќе ме чини помалку од 100 евра месечно за промет од 8 гига, што би била некоја нормала, ама чисто сумњам). Кај нас интернет преку кабелска чини 6000+3800+1500 за старт (кој ми е крив што не гледам телевизија, па не се прикачив на време, сега ќе ме чини ѓавол и пол) и тоа преку МОЛ - познати по својата професионалност и добри врски, нели.

И уште една рачуница - ако ми наплатат разлика во претплата - откачување од бракот со МТ, па влегување во нов „брак“ нема да ме чини помалку од 300-400 евра. Нешто не ми се даваат...

И за крај... да за раскинување на договорот со МТ (ама без разликата во претплата, тоа треба да се изведе некако), ама првин петиција, ако може со притисок да се премислат. Јас и со модем можам да се ограничам на трошење до 2500 денари за интернет, само АДСЛ си е АДСЛ (ќе ми недостига да си пуштам кое сакам радио... на пример).

Извинете ако ве удавив

kurov moj рече...

Ја мислам дека претеравме со филозофирање и оправање криви дрини. Треба секој ден да се кисне пред зградите на телекомот, да се урла, да се фрла јајца, да се малтретираат вработените... вака со дај ми го/на ти го не бива....

И да, преку кур од сите вас разумни души.

ZumbaZum рече...

Има ли некој правник вистински меѓу нас? Може ли да се да се жалиме до некоја регулаторна комисија за цени?
За жал МТ НЕТ се најевтини . Проверете сегде џабе приказни ОнНет МОЛ итн . Поскапи се сигурно а ограничувања на проток имаат пошто се дилери проверете за сателитски интернет сегде ограничувања , ferr share итн . Втора опција жалби до комисија за ИТ . Трета опција да ќутиме

Анонимен рече...

daj da sobereme peticija da sobereme pari i da pustime grupna tuzba ili taka nesto,nemame uste mnogu vreme.
dosta so ovie prazni muabeti!!! raskinuvame ili ne.jas raskinuvam pa neka mi iskljucat i telefon i se koj gi fuck-a
p.s.mubatot so go pravime da ide kon
toa koga i kako da raskineme

Анонимен рече...

Bojan dali go procita odgovorot na blog.ebiznis.info na nekoe prasanje vo vrska so nasava tema.Mislam dega blogot e od nekoj od Ekonomski fakultet ako tocno mi kazaa.

Анонимен рече...

Za gospodinot sto e cesen korisnik na Adsl.
Pa sto ako ima na edna konekcija .ili 10 korisnika .Da ne mislite deka sekoj vlece po 386Kbs.Toa se deli na site i na kraj izleguva na isto.Kako sam da vlecam so dva p2p programa sto redovno go pravam.Toa se samo izgovori na telekomot.
Tie ne placaat po prezemen trafik a na nas sakat da ni go naplatat i da zarabotat ekstra profit.
Kakvo e toa gusenje na sistemot,sto ni go prezentira MTnet.Se e toa laga.Jas vo ponedelnik odam i go raskinuvam dogovorot pa ako treba ke platam i penali.Toa ke izleze po eftino od krazbata sto ni ja gotvi gospodinot Atila lopovot.
Medzu drugo i vo Kumanovo vcera imase protesti pred salonot na MTnet,so slogani LOPOVI,LOPOVI
Ke treba da se organizirame malku po aktivno zosto vremeto izminuva.
I ne cekajte pomos od vlasta .Taa odavna dignala race od zastita na svoite gradzani od lopovskata firma sto se vika telekom.
Koga ja montiraa mrezata na ADSL se e presmetano.
sekoj korisnik ima

Анонимен рече...

Jas utre zemam jajca so mene vo kola i prva moznost (na samo) ke lansiram nekolku nakaj prvata ispostava na Mt Net, kade i da ja vidam.
Aj da napravime edna akcija, pa narodot i sam ke zabelezi deka ima nezadovolstvo. A ne veruvam i deka vesnicive ke ostanat "gluvi" na radikalizam (dokolku ova moze da se narece so ovie zborovi).
Fizicka steta nema da napravime, samo vizuelna. Samo tetkicata sto im cisti ke ni bide malce luta, ama jebi ga, taa zema pari za toa, pari sto Mt Net gi krade od nas. :)
ZEMAJTE JAJCA VO RAKA I NAPRAVETE NESTO... POKAZETE MALCE ZABI!!!

Анонимен рече...

Играат на карта - страв за они кои го пречекориле лимитот, во иднина да не им се повтори зашто се знае-чорба македонче. А договорот мислам дека е и повеќе од јасен, добро е срочен и за цената и за прекорачувањето, но тоа не е хендикеп за нас туку во овој случај за нив. Е па сега треба да се подберат судски, има основа и тоа како. Искрено се надевам дека и до таму ќе дојде и го чекам денот кога тоа ќе се случи. Па имаме еден куп организации од оние невладините, кај се тие сега да ги бранат обесправените. А за совесните корисници, нека си сурфаат ама по малку, и проверка секои 10 минути зашто сообраќајот на МТ бил густ у последно време, а у густо свашта е могуче!!!

Анонимен рече...

Poveke od jasno e deka Mt Net ne e vo pravo. Site nie imame pretpostavki, sto najcesto se dosta logicni i realni. Siguren sum deka postojat barem 5 nacini da se sredi ova vo nasa polza.
No, tuka e problemot. NEMA LI BAREM EDEN OD 10000+ POSETITELI NA BLOGOV STO IMA TATKO/MAJKA/BRAT/SESTRA/CICKO/TETKA... STO SE PRAVNICI/ADVOKATI PA DA NI POMOGNAT, PA MAKAR I DA TREBA DA SOBEREME PARI I IM PLATIME NA LUGETO???

тино097 рече...

http://bagra.org/adsl#comment-79204

еве линк до ПРИГОВОР напишан од адвокат. Денес го поднесов. Ако евентуално некој се нафати да го печати и поднеси нека го има во две копии од кои едната МОРА да има печат од МТНет. Кој што сака нека се консултира со адвокат дополнително.

Анонимен рече...

Ако останеме разделени се вака ќе ни прават, до моментот кога не почнеме организирано да дејствуваме-рој пчели чудо прават. Е па и ние така. Ако е откажување нека е откажување. Да не биде како и 1.000.000 пати до сега ќе видат они, а ете ти го утре МТ работи пуном паром. Ова ќе ги засегне оние лојалните корисници, ама корисници сме сите, и јас сум лојален, кога ќе стигне сметка лојално се фаќам за џеп.

Анонимен рече...

тино097 said...
http://bagra.org/adsl#comment-79204

еве линк до ПРИГОВОР напишан од адвокат. Денес го поднесов. Ако евентуално некој се нафати да го печати и поднеси нека го има во две копии од кои едната МОРА да има печат од МТНет. Кој што сака нека се консултира со адвокат дополнително.


Moze li nekoj da go stavi ova na glavnata stranica na blogov? Ke koristi...

Анонимен рече...

Не сакам да бидам ситничар ама на приговорот од последниот линк сериозно му треба лектура...

Александар З рече...

> еве линк до ПРИГОВОР напишан од адвокат. Денес го поднесов.

Тоа значи дека ти го примиле? Јас сум за оваа варијанта - сите незадоволни да го поднесат токму овој приговор, остава простор за колективна тужба.

Инаку, од моето искуство со судовите - постапките може да бидат бавни (особено ако тужената страна има добар адвокат - според нашите закони, а и според правото воопшто, тужителот има обврска да докаже дека тужениот згрешил и на тужителот паѓа товарот на обезбедување докази. Значи, на прво рочиште поднесуваш докази, тужителот бара време да одговори на тоа, на следното рочиште одговара, ти бараш време да поднесеш нови докази или побивање на неговата одбрана - со пауза од два-три месеци меѓу рочишта.) Меѓутоа, тоа не може да се влече подолго од 3 години - што и не е толку многу кога тужиш и кога имаш добра основа да добиеш - затоа што каматите и трошоците ги плаќа оној што ќе изгуби).

Анонимен рече...

Поздрав
Како мислите , да поднесат приговор , па потоа тужба.Поднесувањето на приговор ,мислам дека не Ве ослободува од плаќањето на нова, повисока сметка.Вие приговарате, но сметките си идат и мора да се платат.
Најдобро е приговор , и веднаш БАРАЊЕ за откажување на договорите за АДСЛ.А и кој Ви гарантира дека после тужвата ќе биде во наша полза?!
Јас сум бил вештак во неколку судења каде на луѓе кои НЕ користеле телефон им се наплаќани ненормални сметки ,кои некој друг ги направил ( телеком или неговите..) и сите тужби ги доби Телеком...Не сакам да Ве обесхрабрувам со тужбите , но си играте со монопол ( скоро држава).Тоа успева по филмовите и надвор , ама во МК тешко ( читај НЕВОЗМОЖНО )..

Звонко
divx@mt.net.mk

Darko156 рече...

МОМЦИ не се откажувајте, бидете поконструктивни, имате поддршка од јавноста. Кој може нека ги припои медиумите повеќе кон оваа група на незадоволни корисници и така ќе изгледа дека се многу повеќе.
Константно во весниците се труби дека само еден корисник се откажал до сега.
Манипулација е тоа. И да се откажал само еден, не е важно, може да се пласира информација која ќе го вели спротивното, оние медиуми кои се против целава доминација на МТ ќе ги објават. Мора да се води малку и медиумска војна. Изнајдете сили или помош и борете се паралелно и на тоа поле. Сите петиции, флаери и извадоци од овој блог потрудете се да се појават на ТВ, Радио, Весници.

Има шанси ова да биде успешна револуција.

Го пратам секој чекор. Доколку оценам дека можам директно да помогнам влетувам.

Инаку BTW не сум корисник на АДСЛ :))

Clutch рече...

Има шанси некој да каже до каде е работава со формулирањето на приговорот? Вчера нели требаше од ОПМ да одат во МТ и да ги известат за целава ситуација. Што се случи со тоа? Гледам дека немаме некои конкретни информации или?

ZumbaZum рече...

Нека пише некој што направиле ОПМ на состанокот закажан вчера и да бараме сите мислења од познати правници за текстот на приговорот што го поднел тино097 па ако е добар да го поднесеме и да иштампаме флаери со содржината

bezvrska рече...

Во врска со ОПМ. Вчера во 10 саат се чув со нивната правничка и ми кажа дека во 11 има состанок со менаџментот на МТ на кој ќе побара да ни дозволат да ги раскинеме договорите без плаќање пенали. Ми вети дека ќе ме информира но потоа не се јави, а јас бев затрпан со работа па не ја исконтактирав пак.

И го изнесов предлогот ОПМ да излезе со соопштение за јавноста во кое ќе застане на наша страна. Одговорот беше дека за тоа не одлучува сама и дека одлука треба да се донесе на повисоко ниво, но дури после состанокот во МТ.