09 октомври, 2005

The План

Во моментов се досредува приговорот (кој ќе биде истакнат како Word документ на блогов), а како активност се планира следното: Утре (понеделник, 10.09.2005) да се оди во салоните на АД „Македонски телекомуникации“ и да се достави приговорот (сега за сега има 8 страници, а можно е да испадне и поголем на крај). Приговорот е компилација од она што го добив на mail (од bezvrska, Ѓорѓи Ј. и Филип З., како и оној на tino097) и примарна цел му е да се искаже незадоволството на корисниците од новите услови, со што ќе им се остави период од 48 часа да си ја повлечат одлуката за измените. Во спротивно, во среда наутро одиме со барање за раскинување на договорите.

Во меѓувреме, не заборавајте да ги информирате оние што се уште не знаат за новите услови на АД „Македонски телекомуникации“, со посебен акцент на правните субјекти (фирми) што имаат Офис или Профи пакет. Јас знам за 2 фирми (од кои едната е ГОЛЕМА) што сигурно ќе го раскинат договорот.

Ако има некоја забелешка за планот, бујрум, коментарите се тука (инаку, штом ќе биде готов приговорот, ќе биде готово и барањето за раскинување на договорот, па кому му е што помило, или како ќе се договориме до вечер, 19:00).

18 коментари:

coverdile рече...

Јас утре нема да можам да дојдам во салоните на мт.нет, бидејки не сум во Ск.
Имам предлог на тој приговор да се потпшиме сите кои што саакат да го раскинат договорот со име, презиме и матичен број, за да не им однесеме 100 исти приговори.
Јас сум решен и да ја исклучам и телефонската линија заедно со адсл-от во среда.

Bojan рече...

Приговорот треба да се однесе во кој и да е салон на АД „македонски телекомуникации“. Нема потреба тоа да биде во Скопје.

Со мене нашле бостан да садат рече...

Во дух на коментарот за информирање и на компаниите кои ги користат сега прескапите услуги, мислам дека ќе биде паметно да се искористи идејата промовираната од новинарот на „Време“. Имено би било добро да се искористи страницата webiste analyzer и да се припреми компаративна анализа колку би требало да се доплати ако само ги читате најпопуларните македонски интернет изданија: idividi.com.mk, on.net.mk, bagra.org... итн. и сликовито да им се прикаже на постоечките и новите корисници за колку време би го истрошиле постоечкиот лимит и колку би требале да плаќаат под одредени хипотетични ситуации прикажани преку временски интервали (ако се отвара еднаш дневно една страница, те. првата, ако се отварат уште 5 понатамошни линкови... итн).
Со резултатите од ваквата компаративна анализа би требало да се направи email и да се испрати до сите... па макар го нарекле и спамирање (впрочем и мт.нет го прави истото преку info@mt.net.mk), а исто така да се испечатат и флаери кои што би ги оставале по поштенските сандачиња и компаниите.
Од другата страна на фалерот би било добро да се постават линкови и кратки објаснувања од останатите интернет провајдери и нивните понуди. Не зборам за ценовници него за кратки информации (web адреса, телефон, како и конкретна понуда). Пример: Он.Нет - wireless интернет. НеоТел: WiMax интернет, итн...
Бидејќи господата играат крајно прљаво, не гледам зошто ние да бидеме цвеќиња!


Лично исто така сметам дека треба да се зголеми листата на барања до МТ со следните:
- итна исправка на бројачот поставен на adsl.com.mk
- како и НЕНАПЛАТУВАЊЕ на сообраќајот помеѓу МТ и останатите македонски провајдери со кои тие имаат peering (пиринг) врски! Човече божји тие ќе не дерат и на тоа што нив ги кошта точно 0 денари!
...и не заборавајте, секогаш барајте ПОВЕЌЕ, оти на крај се ќе сведе на некој компромис од кој доколку бараме само враќање на старите услови, ние, потрошувачите ќе бидеме тие што ќе го извлечат подебелиот крај!!!

Сосема крајот едно предупредување: не ги напуштајте продажните салони на МТ без да земете архивско бројче, те. без да се уверите дека приговорот кој сте го предале е заведен. Ова ни е круцијално доколку потоа мораме да одиме на суд!

И еден мал куриозитет!! :)) МТ почна да го блокира сајтов до извесна мера (барем за ADSL корисниците), што би се рекло не можев да оставам коментар и страниците тешко се отвараа се додека не решив да поставам anonymizer proxy. Листа на public free адреси имате на: publicproxyservers.com

Анонимен рече...

Planot e OK, cekame detali...

Бобо Николов рече...

Октомвриска р-еволуција. :)
Дали ќе може приговорите да ги поднесеме во поштите кај што ме склучиле договорите?

александар рече...

Би било добро да го објавите приговорот и во .pdf формат, оти не користиме сите Windows. На местата (име и презиме) може да се остават долни црти _______ и потоа да бидат пополнети рачно.

Mocca рече...

Убаво е што вака се организираме, но апсолутно сум сигурен дека нема ништо да направиме :) На пример, телефонот има поголема квантитативна употребливост од адсл-от, и кога ги покачија цените неколкупати за неколку години, цела држава се побуни, па пак ништо не се случи. Не па за адсл. Нема ни со прст да мрднат, оти се монопол и оти знаат дека нема ништо подобро на пазарот и оти знаат дека не функционира судскиот систем, па ништо нема да им можеме. Во лоповска држава сакаш некој да те послуша за адсл??? Нема шанси. Јас нема да го поништам договорот, оти нема што друго да земам. На dial-up не се враќам, а на работа конекцијата е уште полоша. Немам избор, затоа нема да го поништам договорот.

Анонимен рече...

ITNO PRATETE PORAKI DO GLAVNITE NA MT.NET VO OGROMEN BROJ PREKU: http://www.hivecluster.org/mkadsl

koskar рече...

@mocca,

Момак и јас нејќу раскинување, тоа не значи дека нема да се борам за враќање на старите услови кои се впрочем дел од мојот двогодишен договор со мтшит.
а ти, со такво размислување сигурно нема да направиш ништо. нема да знаеш, анлес ју трај.
тебе изгледа ти одговара ова трај ама на македонски.... јебига... :(

Mocca рече...

do koskar:

Jas rado bi se obidel da si gi baram pravata, no vo predlog prigovorot "im davame" 48 casa za da se popravat, a potoa ke gi raskineme dogovorite. Posto sigurno nema nisto da bide, ke gi raskinat dogovorite? Sto ke pravime potoa?

Анонимен рече...

Ќе апстинираш од интернет или ќе бараш поефтино решение. Размислете малку со главите, ако сите корисници се откажат на мтнет нема да им биде сеедно нели?

Анонимен рече...

Ve poddrzuvam vo nametite no vo ponedelnik sum na rabota i ne sum od SK, ako moze nesto od tuka ce pomagame. Kaj vas ima i kabelski a nie ce mora da se spravuvame najverojatno so satelitski internet. Ja sum za raskinuvawe na dogovorot. Brojacot vo start bez dva dena koristenje mi pokaza 2.5GB. Isprativ poraka i da site mail adresi sto gi najdov.Napravete go i vie.
MostTallented Robbers

Анонимен рече...

Jas kolku sto slusnav vo Veles veke podnele prigovori i site sto gi znam ke baraat raskinuvanje na dogovorot bidejki na nikoj ne mu odgovara ova novoto.Nie go cekame vasiot prigovor i utre se konsultirame so eden prijatel advokat i go podnesuvame prigovorot.Poloso mislam ne moze da bide.

koskar рече...

@ mocca,

gopromasuvas pointot... ama sto da pravam... me mrzi da ti objasnuvam. ne doagjaj, ne prigovaraj i od 1 noemvri brisi go muleto. koga posle toa, sepak ke ti dojde golema smetka, plati si ja bez cmizdrenje.

Анонимен рече...

Mozno e da se simne data counter od net i da si ja kontroloras kolicinata na simnati podatoci i da ja sporeduvas so onaa na oficijalniot sajt na mt net.Jas denes go simnav i bas me interesira dali e vistina toa za nivnite napumpani cifri na counterot.
Mac

Анонимен рече...

И јас се сложувам со раскинување на договорот само сметам дека мала е организираноста на АДСЛ корисниците или пак (МАКЕДОНЧЕТО ЌЕ СИ ТРПИ И ПЛАЌА) како и за се друго во "државава" наша.А ништо не се губи ако сите се откажат од АДСЛ и се види што ќе биде, па ако не попуштат од МТ-НЕТ по 1-месец мозжи да си направи пак договор.За проба не земаат пари.Јас мислам дека ако 50%-70% од ADSL корисниците се откажат тие ќе попустат. Оти сепак му е од интерес да имаат што поголем број корисници. :) ДА БИДЕМЕ СЛОЖНИ

Анонимен рече...

dobro be luge sto vi e? sto stavis svoj couner za internet soobrakas, sto ako nivniot counter pokaze 25GB, a tvojot 5 i tie ti fakturiraat 25 GB. sto ke im napravis? neli imase tel. smetki od 50.000 den na 90 god. lica so ragovori vo havai? ke si plates ili ke bides tuzen? toa ti e kako da biras megu magareto i zmijata :)
pozdrav

Google Page Rank 6 рече...

Want more clicks to your Adsense Ads on your Blog?

Then you have to check out my blog. I have found a FREE and Legitimate way that will increase your earnings.

Come Check us out. How to Boost Your AdSense Revenue