11 октомври, 2005

За оние на кои им рекле: "Да дојде татко ти"

Ако сте „среќен“ корисник на АДСЛ и сакате да поднесете приговор до Телеком, но вашето име не стои на телефонската сметка - не очајувајте! Подолу има урнек овластување кое треба да ви го потпише лицето на кое се води телефонската линија по што вие со потпишан приговор и негова лична карта може да оттрчате до најблискиот салон на Телеком и да им ја искажете својата љубов. Притоа, внимавајте какво бројче ќе ви дадат да земете. Благодарност до Александар З.

Јас, [име и презиме на сопственикот на тел. број], со ЕМБ [матичен број], број на лична карта [бр на л.к.] и место на живеење [целосна адреса како во л.к] го давам следново

ОВЛАСТУВАЊЕ

на [име и презиме на оној што го носи приговорот] со ЕМБ [бројот], број на лична карта [бр на л.к.] и место на живеење [адресата од л.к.] да ме застапува пред АД „Македонски Телекомуникации“ за сите работи во врска со телефонскиот број [бројот] чиј сопственик сум јас.


[име и презиме]

_______________ [потпис на сопственикот на тел. линија]

[град и датум]

39 коментари:

Горан рече...

Да, само ова треба да биде заверено пред нотар :)

Анонимен рече...

So ke se prai utre lugje kazuvajte, informirajte neso ke se odi li negde?

Анонимен рече...

Ќе се бериме Битолчани утре за да ги доставиме групно Приговорите? Ај кажвајте денес! :)

Анонимен рече...

jas na 12.10.05 vo 11h ke odam da go podnesam prigovorot i ke cekam tamu da se prisoberime.

Анонимен рече...

ne objasniv jas vo bitola kaj dusmanite ke odam na 12.10.05 vo 11h da go podnesam prigovorot i ke cekam tamu da se prisobereme. i da prasam sakam dali e tolku dobro cuvan gazdata na internetot ?

Александар З рече...

Да, само ова треба да биде заверено пред нотар

Мене ми го примија таквото овластување, го захефтаа заедно со приговорот и на него го удрија печатот со архивското бројче. Вреди да се проба (ако добиле директива да ги примаат приговорите, нема многу да се бунат). А, ако ви мрчат, мрчете им и вие - па дојдете со татко ви (претходно објаснувајќи му дека МТ сака скроз да му ја земе платата и дека само со приговор може да избегнете трошок од 200 евра за раскинување на договорот - мислам дека тоа ќе биде доволно за секој македонски домаќин ;)

И, да, ако некој мисли дека ако зел пакет летово (кога даваа два месеци гратис) ќе плати помал пенал - без 9-10 илјадарки пак нема да можат да поминат (два месеци фул претплата плус по илјадарка разлика за секој нареден месец - малку помалку од она што би ми го ребнале мене што имам договор од декември).

Анонимен рече...

dobra slika od on.net
http://on.net.mk/SiteImages/fromweb9319.jpg

Анонимен рече...

anonymous: e aj jas kaj 11 ke dojdam. Imam rabota na fakultet pred toa, pa se nadevam deka ke zavrsham do togash. Cekaj tamu kaj klupite pred poshtata :)

Анонимен рече...

ima nekoj vo gostivar sto ce odi utre? da ne odam sam :)

Анонимен рече...

Мерачот на МТ станува се посовесен во последно време. Знаеме дека краде и поставува светски рекорди, ама се случува штом ќе украде да поднамали малку, да врати у рикверц, па си викам нема друго објаснување него дека му проработува совеста. Или па сака одма да израчуна у денари, ама до него се уште стои она MB, што не ми личи на валута, а уште помалце на Ден. или денари.
Шега на страна, крадат па сушат. Цели 270 MB за 6 минути, е ова е стварно нечуено.
За скрин-шотови да не збориме, нити за видео-камери, све је лаж, што би рекле у МТ.

Анонимен рече...

луѓе абе у скопје некој денес (среда) да не носи приговор? ај кажете и мене не ми се оди сам.... турете тука коментарче кога, каде.... па ќе се присобереме и заедно.... ;)

koskar рече...

@site so ne bile da dadat prigovor,

odete pa makar i sami. glupo e da ne se podnese prigovor poradi "osamenosta"...

Clutch рече...

Абе линковиве од страна само кај мене не се гледаат или некој го саботира блогов. Ај проверете.

bezvrska рече...

Clutch said...
Абе линковиве од страна само кај мене не се гледаат или некој го саботира блогов. Ај проверете.

Со Firefox се е ОК. Проблемот се јавува кај Internet Explorer. Јас не можам да го корегирам, се надевам дека другите револуционери ќе направат нешто.

Анонимен рече...

еј ова приговориве може да се однесат во некоја од оние малине поштички кај шо си плаќаме сметки?!
Ќе ги примат таму???

Александар З рече...

> еј ова приговориве може да се однесат во некоја од оние малине поштички кај шо си плаќаме сметки?!
Ќе ги примат таму???


Њет. Мора во деловница на МТ - денес е убав денот, прошетајте малку и направете им фрка на тоа крвопијците.

Бај д веј - Денес на вести во Телма (тие во 6 ипол ли?) ќе има прилог во врска со темава, а bezvrska ќе биде на Зевзекманија на Канал 5 во петок. Дајте тоа приговорите и повеќе потписи на петицијата, ќе останеме на 300 само? Толку ви се полни џебот на МТ?

Многу сум лут >:

Анонимен рече...

еј а ова на крајот од пиговорот нешто општина и дата треба да се внесе од некое барање. тоа е од барањето за раскинување или она за приклучок на ADSL?

Turpis рече...

Mi se javija od MT deneska. Rekoa deka koj podnel prigovor, DENES i UTRE ako raskine dogovor NE PLAKJA "PENALI"!!! OD ZADUTRE PLAKJA!!!

Mu se javija na nekoj drug?!?

Turpis рече...

Tatko mi samo sto se vrati od salonot na MT. Mu rekle deka ova e nezvanicno i ne sakale da mu dadat nekoj dokument so koj sigurno MT kje gi snosi trosocite ako se raskine denes ili utre. Mu rekle deka od zadutre sigurno kje se plakjaat penali i gi oteral u p. lepu m.

Анонимен рече...

утре полагам некој ебан испит па сакам да го искористам денов да поучам уште малку. дали е ОК да го однесам утре приговоров или финтата беше до денес??????

PrinceMk рече...

Бојане ај една молба, да ми обезбедиш контакт со Ковач за да ми кажи како го раскинал договорот посто овие ми бараат пенали (13500 ден. не се салам) во кеш првин да сум им плател.
prince_mkd2005@yahoo.com
10x

bezvrska рече...

Turpis said...
Mi se javija od MT deneska. Rekoa deka koj podnel prigovor, DENES i UTRE ako raskine dogovor NE PLAKJA "PENALI"!!! OD ZADUTRE PLAKJA!!!
Tatko mi samo sto se vrati od salonot na MT. Mu rekle deka ova e nezvanicno i ne sakale da mu dadat nekoj dokument so koj sigurno MT kje gi snosi trosocite ako se raskine denes ili utre.


Јас се јавив двапати на 0800, еднаш сабајле и уште еднаш сега и ми рекоа дека немаат информации дека нема да се плаќаат пенали денес и утре. Ми кажаа „Тоа се само шпекулации.“
На багра се јави еден што имал поднесено приговор и сега отишол да го раскине договорот при што му рекле дека ќе си плати пенали.

Anonymous said...
Утре полагам некој ебан испит па сакам да го искористам денов да поучам уште малку. дали е ОК да го однесам утре приговоров или финтата беше до денес??????

Тој нивни ебан рок од 15 дена истекува утре. Значи би требало да е ОК утре да го поднесеш приговорот.

bozint рече...

I jas kje odam denes da odnesam prigovor, ama najseriozno ne veruvam deka kje zavrsi rabota mnogu, ako oni namislile da naplatat mislam deka kje naplatat.

Na kraj kraeva, tie u salon kje ti recat decko nema nisto da platis, kje raskines dogovor i na kje ti dojde smetka u noemvri so plus pari, epa sega videte.

Inace jas koristam 6 meseci do sega a imam dogovor na 2 godini, taka da kje treba da platam dobra suma. Spored moi presmetki ako treba da se platat penali kako i da e, moze da se prefrlam na edna godinapa da go obrabotam dogovorot, bez nikakov download.

Neka iskomentira nekoj nesto i kazete dali kje se izgotvuva nekakva gotovoa verzija za raskinuvanje dogovor.

Pozdrav

Анонимен рече...

Статија во Време

http://vreme.com.mk/vest.aspx?id=32292

Анонимен рече...

И во Вест

http://vest.com.mk/default.asp?id=105529&idg=6&idb=1588&rubrika=Makedonija

Анонимен рече...

ВЕСТ вели: "Телеком на претплатниците им даде 15 дена рок во кој можат да ги раскинат договорите без да ги плаќаат казните."
Дали е ова официјално?

Подоле пак стои: "Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ) од Телеком побара наместо 15 дена, на корисниците да им даде 30 дена за раскинување на договорот поради промената на договорните услови за користење АДСЛ."

Што да се прави? Дали е можно утре да е последниот ден кога може да се раскинат договорите без плаќање?

Анонимен рече...

A inaku od vcera mojot brojac ne funkcionira se zaglavi na edna brojka i nikako da prodolzi da vrti. Izgleda definitivno treba da se bazdari :)

Clutch рече...

Ако е така, мислам дека е мал проблем утре сите да им се нацртаме пред врата и да им ги плеснеме договорите у фаца.

Анонимен рече...

Во Вест сторијата е малку чудна :/ Вели дека Петицијата е испратена во понеделникот. Тоа е грешка бидејќи на Петицијата се вели до четврток...

Анонимен рече...

Najvazno od se e vo najgolem broj ako e mozno i site korisnici na ADSL da go raskinat dogovorot uste denes. I neka nisto ne ve sprecuva toa da go napravite bidejki Telekom prv krena raka i racete konecno ke im bidat otseceni pa AKO TREBA KE SE ODI I PRED MEGUNARODNI INSTANCI. Da pokaze ednas i Makedonceto deka e Makedonec (COVEK).

Анонимен рече...

Ne e loso da se prati dokument i do nekoi pogolemi Evropski telekomunikaciski kuki za da se zapoznaat i tie kako se pecali preku telekomunikacii bidejki tie ostanuvaat mali decinja vo sporedba so MTNET Vampircinja

jovan рече...

Denes okolu 17 casot bev vo Almako da podnesam prigovor. Tamu sretnav uste 6-7 lugje so slicna cel. Edniot podnese baranje za raskinuvanje na dogovorot iako denes sabajleto imase podneseno prigovor.

Drug direktno otide na raskinuvanje na sto tetkicata go prasa zosto najnapred ne podnesete prigovor, mozebi nesto ke se sredi.

Na direktnoto prasanje dali ke se plakjaat penali odgovorot bese da, pa taka deckoto pred mene pobara i da mu preracunaat kolku ke mu bidat penalite.

Tetkicata go ukuca dogovorot vo kompjuter i mu ja kaza i cenata koja ,spored tolkuvanjeto, se sostoese od 1000 za cel mesec plus delovi za sekoj den. INstalacijata ne bese vracunata.

jovan рече...

Uste nesto za podnesuvanje na prigovori ne treba polnomosno, samo za raskinuvanje na dogovorot.

Spion666 рече...

Постои некаква опција за "ставање на ADSL во мирување"... Утре (четврток) рано ќе отиде Бојан да праша за детали околу таа опција, и информација за неа ке има негде околу 11ам. Stay tuned.

Анонимен рече...

Еј, шо прајме сега? Утре откажваме? Или ќе чекаме до крајот на месецот? Ај кажете за да знам шо да прам!

Анонимен рече...

so i da se sluci, kako i da se zavrsi cela ovaa pizdarija so mtnet nesmeat ni denar da vidat od nas morame da ostaneme cvrsto na stavot deka nema da im platime penali pa makar i na sud da treba da se odi. podobro so parite za penalite so ke treba da gi platime site zaednicki da fatime dobar advokat i na sud!!!!! toa e !!!!!

bezvrska рече...

Како што рече последниот Anonymous подобро да дадеме пари за да ги тужиме отколку да им ги даваме за пенали! Инаку најнова свињштина од нивна страна е дека бараат пеналите да се платат на лице место при раскинување на договорите. Значи не на сметка туку на рака.

Suzi рече...

Okolu validnosta na brojcanikot: proveruvam da vidam sto se slucuva i sledi interesen moment.Iako skluciv dogovor vo juni ADSL go staviv vo miruvanje 2 meseci.Za toa vreme imam ostvareno download od 36GB (ne e MB) vo sekoj od mesecite vo koj sto ne sum imala i modem.Brojcanikot isto taka na 8 oktomvri pokazuva 36GB...pa majku mu mnogu se rasfrlaat so Gigabajtive kako da sum vklucila Net kafe i da danlodira po celi denovi a jas voopsto skoro ne ni surfav tie 8 dena ne za drugo bev otsutna...:)

NNN рече...

Јас разбирам дека сите се револтирани од реакцијата на МТ, но треба да признаеме дека сите искористивме максимум од тоа што го дадоа. На еден макс АДСЛ се приклучуваа цели згради. Ај што симнуваа и по 100 Гб, ама и приклучувањето беше незаконско.
Како и да е, не знам зошто не искористивте едно не внимание на МТ во потпишаните договори. А тоа е. во делот каде што стои спорната одредба пишува отприлика, дека МТ ќе го извести корисникот за промени на цени писмено или преку СЗЈИ, а корисникот треба во рок од 15 дена да го извести МТ дали се согласува. Потребно беше само да ги известите ПИСМЕНО дека не се согласувате со новите услови и толку. ТЕЛЕКОМ нема основа да ви наплаќа и понатаму, Вие не го раскинувате договорот, решение ??? Телеком ќе мора да го раскине договорот сам, што ве ослободува од плаќање на пенали. Ова не е испробано ама сигурно правно е издржано !!!