03 октомври, 2005

Правни проблеми

Како што спомнав на багра.орг, договорот е релативно совршено парче хартија. Ништо чудно и ако пробате да го запалите да не гори. Проблемот е во зборовите што се користат на нет од петокот наваму.

Оние „казни“, „пенали“ и што се не Законот за телекомуникации ги нарекува „заостанат долг“. Дозволете да објаснам:
  • Регуларната цена за (мојот) пакетот е 2.990,00 ден. месечно. Склучувајќи договор со мт.нет јас всушност велам: „Не сакам да плаќам 2.990,00 ден. месечно, туку ќе ја искористам оваа опција во вашиот пакет да треба да плаќам 1.000,00 ден. помалку, но при тоа се обврзувам да користам АДСЛ во следните 24 месеци.“
  • Е сега, со раскинување на договорот (од наша страна, како Корисници), по која било основа, ние всушност велиме: „Не, не. Пу-пу не важи.“ На што Мт.нет во самиот договор си имаат забележано дека во таков случај ќе треба да ги платиме сите пари што тие ни рекле дека не треба да ги плаќаме ако го исфураме договорот цели 24 месеци.
  • Што значи: Ќе треба да си го платиме секој денар и секоја повластица добиена со договорот на 24 месеци, и да ја (до)платиме цената на „услугата“ како да сме имале договор на неограничено време (каде месец дена АДСЛ чини 2.990,00 ден.).
  • Што значи: Не станува збор за „казни“ или „пенали“ туку „заостанат долг“, кој и законот за телекомуникации вели дека мора да се плати.
  • Проблем: Договорот. И правата што мт.нет си ги даваат со него, и нашата (тогашна) глупавост да го потпишеме тоа. Малку подоле напишав дека договорот не е бланко покана да ме силуваат кога ќе стигнат. Тоа беше пред детално да го прочитам договорот. Затоа што е токму тоа.
Без да го имам видено законот за потрошувачи, и знаејќи го договорот и што и како е напишано во него, не гледам основа за неплаќање на тој „заостанат долг“. За жал.

Меѓутоа, bezvrska ми напиша во приватна порака дека утре треба да се сретне со некоја теткица од Агенција за заштита на потрошувачи која е правник по струка. И ако има нешто од муабетот со неа, тоа ќе биде напишано тука (значи, ќе ве замолам да се стрпите уште некое време).

1 коментар:

Александар рече...

Ке се повикате на член 4 став 4 од Договорот и член 2 став 2 од Анексот на Договорот и на тој начин ке побарате раскинување на Договорот поради суштинско менување на договорониот однос со што во рокот (15 дена- кои веќе течат) ќе се изјасните дека не се согласувате. ЦЕНАТА НА УСЛУГАТА е суштински елемент на Договорот и доколку се измени имате право да се изјасните дали ја прифаќате или НЕ. Пенали нормално нема да плаќате, ова ниеден правник и Суд нема да го оспори, освен ако не е од Лоповски Телекомуникации :)