04 октомври, 2005

Не е којзнае што, но сепак...

Како што пишува во Договорот, Член 12, став 1 (подвлечено со зелен „маркер“), корисникот треба да го поднесе приговорот најмалку 15 дена пред раскинувањето на договорот.

Значи, ако сте нестрпливи и сакате што побргу да го направите ова, во приговорот обавезно да барате раскинувањето на договорот, т.е. прекинот на услугата да се изврши на 31 Октомври 2005 г. во 23:59 часот. И онака ќе ви го наплатат октомври, искористете го додека можете. Ако ја прекинат услугата подоцна/порано, ќе може дури и да се буниме кај „надлежните органи“ и да бараме поништување на „заостанатите долгови“ (или барем оние за месец октомври) во име на непочитување на Договорот.

И уште нешто. За оние нетрпеливите: Направете 3 копии од приговорот, 2 за вас, една за нив и обавезно оставете место за потпис и печат на оној што го примил приговорот. Да барате да ви се потпишат на сите 3 копии. Да не заборавите и датум да напишете, кога е оставен приговорот.

EDIT: Ако теткицата на шалтер (или каде и да е) не сака да се потпише затоа што не е овластена or something, тогаш инсистирајте да се појави некој што може да се потпише. Или барем да ве упати кон некој таков.


EDIT #2: на Багра.орг VBB постираше Шаблон Приговор, кој, како што спомна во коментарот ќе го донесе денеска на пладне пред зградата на мт.нет по што ќе може да го фотокопираме.

8 коментари:

Анонимен рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
Анонимен рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
MaLi_MK рече...

Не ми се допаѓа баш приговорот на VBB. Јас само ќе ги известам дека пакетите што ги нудат во моментов не ми одговараат и доколку не се во можност да продолжат да ја овозможуваат договорената услуга, за истото да ме известат, при што согласно со член 15 (или кој и да беше) ќе барам раскинување на договорот. (за пенали ке видиме покасно, во секој случај не добиваат пари од мене). Јас не сакам да живеам во некој законски трилер туку во она што мислев и ми беше кажано (протолкувано) дека потпишувам. Доколку мислат дека ќе профитираат од пеналите што ќе ги платам, гадно се заебале, кај мене дома ни комшиите не влегуваат без претходно да се најават, а не некој кој треба да ги наплати тие пенали (малку сум на "порурална" локација со "бесни :)" кучиња во двор).
Па ако сакаат можат слободно да ми го исклучат телефонот(и така не го користам многу,само жицата за ADSL).
А протестот го подржувам и доколку треба да се поднесува некоја масовна тужба до МТНет јас би се приклучил, онака, за да си го направам меракот.

bezvrska рече...

Посетувај го блогов. Ако ништо друго не успее ќе се договориме да удриме колективна тужба, па ако треба ќе ја тераме работава и до Стразбург :)

Веќе ми е преку глава од „битни“ главучи кои мислат дека може да прават што сакаат и уште кога ќе се побуниш да бидат арогантни и да ти се смеат во лице. Ако не речеме „ТОЛКУ, ДОСТА БЕШЕ!“ работите ќе стануваат се полоши.

da Ckomp рече...

Поддршка од уште еден незадоволен корисник на АДСЛ услугата. А еден од условите за влез во ЕУ е мислам и бројот на корисници на интернет (индиректно), со ова се сомневам дека се подобрува сликата за "ИТ писменоста" на Македонија и македонците. Внимателно следам што се случува и постовите се од голема помош.

Анонимен рече...

Дајте луѓе организирајте некоја on-line петиција, папосле да им ја пратиме на педерите од МТ НЕТ, сево ова е мислам опипуванје на пулсот, и ако не се побуниме ке ни го стаат до коска...инаку според мене, ако некој сака сега е моментот да се раскине договорот, пошо убаво пишува, корисниокт има право во рок од 15 дена да го извести операторот далисе служува со новите услови, а ако не тогаш се раскинува договорот, во кој никаде не пишува дека треба да се плакаат казни....ни прават само финти и играат на наша неинформираност...матер да им ебам у пичка, али се уште има време до 14 овој месец да се организираме помасповно и после не само шо ке ни вратат на старо туку ке не молат да останеме корисници и ке ни понудат подобри услови....само ни треба малку заби да им покажеме, знаете како иде она ( тепај да те слуша, еби да те сака ) така треба со МТ НЕТ....иначе сум правник, али сеуште без адвокатска лиценца, во скоро време се надевам....поздрав

Анонимен рече...

AJDE DA ZEMEME BEZBOL PALKI SITE...

mrnch рече...

Само што зборев со еден пријател, бивши вработен во МТШит кој што ме убеди дека доколку поднесете приговор и тоа нешто излезе на суд, МТШит немаат шанси да го добијат тој спор затоа што ги прекршуваат законите наведени во темплејт приговорот :)) Бај д веј, кој проба да се јави на 0800-11-333, т.е. државна инспекција или whatever, се што ќе добие е Бројот неможе да биде поврзан од вашиот телефон.

поздрав