04 октомври, 2005

Работава е итна, ама слепа кучка...

Во врска со денешниот протест во 12 пред МТ продажниот салон карши Алмако: протестирајте, дигајте џева, понесете ги и модемите со вас и парадирајте со нив и договорите пред МТ. Ова е добро за да се изврши дополнителен притисок, но немојте да очекувате дека со тоа што ќе ги изнервирате теткиците на шалтер ќе решите нешто. Нив и онака никој не ги прашува. Затоа не избрзувајте со раскинување на договорите. Нив ги усовршувале платени правници скоро две години и невозможно е ние во рок од четири дена да ги откриеме сите дупки и незаконитости. Да почекаме добро да се исконсултираме со повеќе правници, па потоа на 13 или 14 октомври да поднесеме издржани приговори по што би ги раскинале договорите. МТ може да најде милион причини да не прими набрзина подготвен приговор.

Да го корегирам Бојан, ако го раскинете договорот пред истекот на месецот месечниот надомест ќе ви го наплатат само за онолку дена од месецот колку што сте го користеле АДСЛ-от. Затоа не е неопходно да го наведете 31 октомври како датум за раскинување на договорот. Сепак, мојот совет останува дека треба да се почека неколку дена за подобро правно да се подготвиме. Во меѓувреме на протести!

7 коментари:

Анонимен рече...

ama ke im ebam mamicata na tie od mt net.
Batali toa, daj kazete mi kako stavate kirilica na bologot please

Анонимен рече...

Ако веќе се консултираат правници не е лошо да се прашаат дали може да се бара оштета за измама.

Анонимен рече...

И отштета што последниве месеци 5% од времето не работеше, а 0800 исто така беше исклучена...

Анонимен рече...

неможе да се бара оштета читај член 9 и 11

Анонимен рече...

неможе да се бара оштета читај член 9 и 11

bezvrska рече...

Не може да се бара отштета? Ајде вака. Во законот за електронски комуникации во член 96 стои дека претплатничкиот договор МОРА да има одредба за „враќање на износот за претплата и исплата на обештетување за услугите кои не се обезбедени на нивото на договорениот квалитет“.

Значи, како прво можеш да ги тужиш зошто ти подметнале незаконски договор, а како второ ако не ти обезбедиле услуга со договорениот квалитет можеш да опнеш тужба и за надомест на штета, БЕЗ ОГЛЕД на член 9 и 11 од договорот.

Александар рече...

Ке се повикате на член 4 став 4 од Договорот и член 2 став 2 од Анексот на Договорот и на тој начин ке побарате раскинување на Договорот поради суштинско менување на договорониот однос со што во рокот (15 дена- кои веќе течат) ќе се изјасните дека не се согласувате. ЦЕНАТА НА УСЛУГАТА е суштински елемент на Договорот и доколку се измени имате право да се изјасните дали ја прифаќате или НЕ. Пенали нормално нема да плаќате, ова ниеден правник и Суд нема да го оспори, освен ако не е од Лоповски Телекомуникации :)