04 октомври, 2005

После првата пушка...

Благодарност до сите што се појавија денес пред МТ-Алмако. За останатите: не известија дека може да се поднесе барање за раскинување на договорите без да се плаќаат дополнителните надоместоци наведени во нив. ВНИМАВАЈТЕ! Воопшто не се за верување. Ако поднесувате барање за раскинување задолжително треба да наведете дека тоа го правите поради промена на условите на договорот од нивна страна, по што според Законот за електронските комуникации, член 96, став 3, вие имате право да го раскинете договорот без последици. Исто е важно да се наведе дека барате раскинување само ако при тоа не ги сносите трошоците од членот од Анексот на договорот во кој се предвидуваат дополнителни плаќања за предвремено раскинување на истиот.

Во контакт сум со Организацијата на потрошувачи од каде ни ветија и правна помош при составување на барања за раскинување, приговори, претставки, па ако треба и тужби. Јавете се кај нив на телефон 02/3212-440 да пријавите дека и вие сте засегнати со случајов. До 13 октомври ќе составиме и објавиме правно издржан шаблон за приговор и за барање за раскинување на договор за АДСЛ услуга. Планот е истиот ден тие масовно да бидат поднесени до МТ и до инспециски служби. Дури и да се случи МТ во меѓувреме да објават дека ја повлекуваат доплатата за надминување на лимитот, не се откажувајте од раскинување на договорот зошто истиот е катастрофален по вашите права и МТ може во секое време да ви наметне дополнителни доплати и лимити.

Во меѓувреме трпение додека се подготват шаблоните. Исто така информирајте ги сите што знаете дека користат АДСЛ и пишувајте и јавувајте се по медиуми за да се крене што е можно поголема прашина околу случајов.

3 коментари:

Анонимен рече...

Da prasam dali ova ovde e dobro sostaven prigovor i dali moze so nego da prigovaram. Eve go linkot:
http://i10.photobucket.com/albums/a132/VBB-SK-MKD/PRIGOVOR.jpg

Анонимен рече...

pa dobar e be......moze

bezvrska рече...

Не, воопшто не е добар. Како прво, адресиран е до МТнет што не е правен субјект. Проверете, договорите ви се со АД Макдонски телекомуникации - Скопје. Понатаму нема наведено телефонски број, име и презиме и адресата на подносителот. Приговорот се повикува на член 11 од договорот, но договорот има и Анекс кој го менува значењето на овој член. Приговорот се повикува дека не треба да се плаќаат пенали. Но во договорот е наведено дека корисникот при раскинување е должен да ги надмири сите обврски за плаќање, а во Анексот на договорот како обврска е наведено враќање на дадените попусти. Може да грешам, но мислам дека ваков приговор воопшто нема да примат. Дури и да го примат тој е недоволно поткрепен со факти и законски одредби, па без проблеми ќе го одбијат. Затоа, малце трпение.