05 октомври, 2005

Нови моменти од утрешно Време

Не Контам. Тоа што они имаат направено пропуст во начинот на кој ја нудат услугата, т.е. воопшто можноста повеќе од еден корисник да користи еден модем, треба НИЕ, корисниците, да го кркаме стапот?! Во тој случај, може да ги дознаеме јузернејмите и пасвордите на оние што нема да имаат ограничување или се деца, роднини, тетки и швалерки на фаците од Телеком и да ги користиме нив, па нека бројат килобајти тие.

Во секој случај, ако тие толку инсистираат по медиумиве дека не го менуваат договорот ниту пак условите наведени во него туку воведуваат доплата, може (И ТОА КАКО МОЖЕ) да си ги раскинеме договорите без око да ни трепне. Баш според оној член 96 став 3 од законот за телекомуникации.




(благодарност до Бидик за брзиот скенер :))

29 коментари:

neo-geo рече...

тооооооо бато
веќе не сме сами, ако нешо од мтшит се промрќи е тогаш веќе ке бидне голема работава

Бобо Николов рече...

Јас се изнасмеав на делот: "...Според нив, реагираат само оние што редовно го пречекорувале лимитот предвиден со АДСЛ пакетите, и тоа најмногу со злоупотреба на една линија од повеќе нерегистрирани корисници"

Интересно е и тоа што МтНет се обидуваат да се извадат од гомната со тоа што изјавуваат дека ова не е промена на постојаните договори. :) Смешки.. :)

bezvrska рече...

Хм, имав филинг дека ќе се вадат на „квалитетот и развојните планови“. Не смеат да кажат дека ја менуваат цената и начинот на тарифирање зошто после тоа пеналите ќе бидат незаконски. Ама да тврдат дека ова не е промена на договорите, цените и начинот на тарифирање е небулозно! Па ако договорот и цената не се сменети мене треба да ми стига истата фиксна сума на сметка.

bezvrska рече...

:) Баш соодветна фотка ставиле!

Virus рече...

Ама треба да се демантира тоа на кое мтНет се вади дека овој чекор го направиле поради тоа што на една конекција се конектирале повеќе PCa. Нели тоа го блокираа да не може повеќе PC да вртат на иста конекција. Г'злаци педерски.

bezvrska рече...

Добро, таквото блокирање не ги погодува оние што ја делат врската преку рутер. Така да образложението можда и ќе поминеше да се работеше само за макс пакетите. Ама новиот начин на тарифирање го воведуваат и за профи пакетите, на кои веќе им е дозволено преку рутер да имаат поврзано 10 компјутери. Така да глупо е да тврдат дека причина е појавата на повеќе корисници на една конекција.

jovan рече...

Zosto nikoj ne go spomnuva i nabeduvanjeto duri i na oficijalnata strana ADSL.com.mk deka maxADSL e flate rate?
Колку чини користе?е на АДСЛ услугата на час или минут и што покрива
месечниот надомест? АДСЛ сервисот е т.н. flat-rate сервис. Се пла?а само
месечниот надоместок независно од времето поминато на интернет, односно
целокупниот трошок е месечниот надоместок. Значи со платен месечен
надоместок, може цел месец да се биде конектиран без дополнителни трошоци

i

Дали може и во Тетово да се добие АДСЛ и дали со тие 3000 ден. е платен
целиот месецен тросок без разлика од download и upload? Тетово ?е биде
покриен со АДСЛ во втора фаза. Вкупниот трошок за Hobby пакетот е 3000
денари без разлика на download или upload

i kup drugi

Анонимен рече...

А да формираме здрузение на интернет корисници, па да им мавнеме една тузба за непочитување на договорот, па да ни платат оштета и пенали!

Анонимен рече...

totalna glupost e toa deka bile primoranio poradi nelegalnite korosnici da gi voveduvaat novite pravila,demek imale pogolem soobrakaj i bile vo zaguba bullshit na majka im.Koga nekoj otkupuva link za nego plaka fiksno a vo konkretniov slucaj nivniot go dobivaat bez pari
si ebale mamata oni mislat lugevo ovde ovci se pa deri

Bojan рече...

Тоа е целата поента :-) Они се цврсто убедени дека ние СМЕ овци. Мислат дека само 30 души ќе се откажат од ADSL-от.

Dace рече...

Koj vika deka treba Ruter za povejke korisnici.NE treba samo treba modemot D-Link DSL-360T da se podesi da se povrzuva preku PPPoE namesto BRIDGE i moze da se uklucat kolku sakas samo treba posle da se podesi mrezata za korisnicite preku obicen SWITCH probano e so 4 PC-a.Ama ako odi vaka nisto od seto toa.

Se nadevam deka skoro ke ima razresnica slucajot so ADSL izmamite.

coverdile рече...

daj da se dogovorime koga kje odime pred zgradata na mt.net, Bojan kazi ti koga bidejki ponedelnik i vtornik se nerabotni denovi ostanuvaat samo petok i sreda

coverdile рече...

sega pravev proverka na brojcanikot za soobrakjaj vo interval od 5 min.
654,44 MB
956,85 MB
660,99 MB
664,37 MB
665,77 MB
666,18 MB
974,21 MB
666,63 MB
666,63 MB
682,94 MB
718,81 MB
1138,36 MB

ГРАБЕЖ

Bojan рече...

Планот е да се оди во петок, меѓутоа стрпете се до 17:00 ~ 18:00 (четврток), кога би требало да има информации за кога ќе се оди.

gorco рече...

Jas vikam da gi udrime vo petok... Pred vikend... vreme nezna koe odredete sami

Clutch рече...

Може некој да ми каже за кој петок се работи? Утре (7 октомври) или следниот (14 октомври)?

Анонимен рече...

Абе да му еам. Она шо го велат дека има само мал број на корисници што негодуваат за ова, и тоа сме САМО ние што го преминуваме лимитот и правиме огромен трансфер... Јас мислам дека само ние сме затоа што другите НЕ СЕ информирани за ова! И тие сакаат да ги ``Информираат`` за смената во договорот писмено со сметката за телефон во ноември? Во договорот пишува дека треба да не` известат ПИСМЕНО а мене ништо такво не ми стигна...

Bojan рече...

clutch:

Петок = 7ми октомври

Следниот Петок = 14-ти октомври

:-)

Clutch рече...

Е ајде де, не ја сфаќам шегата. Кога ќе се оди?

Bojan рече...

Утре, clutch. Утре. (посебно ако се среди се со пазарна инспекција и ОПМ)

Анонимен рече...

ЗА ЖАЛ Еве една информација од високи луѓе и правната служба во Телекомот во еден од градовите од внатрешноста.Секој кој ќе го раскине договорот на 1 или 2 години ЌЕ СИ ЈА ПЛАТИ РАЗЛИКАТА ВО ПОПУСТОТ ШТО ЈА КОРИСТЕЛ ЗА СИТЕ МЕСЕЦИ. Барањата за раскинување ќе бидат прифатени и ние НИШТО нема да платиме ОДМА меѓутоа во октомвриската сметка ќе биде внесена разликата и тоа ќе се третира како ДОЛГ кон Телекомот.Доколку не се плати се дава Поднесок за Извршување до локалниот суд на кој имаме право на жалба во рок од 15 дена.Доколку поднесете приговор во тој рок Поднесокот преминува во ТУЖБА кон корисникот.Е ние да се замислиме кој судија кје пресуди во наша корист и кој тежи повеќе на судската вага 1000 корисници или компанија МОНОПОЛ тешка неколку МИЛИЈАРДИ евра.Доколку само ЕДЕН предмет се реши во корист на телекомот СИТЕ други кје се повикуваат на тој.ЕДИНСТВЕНО што ќе добиеме како сожалување од нив и тоа повторно доколку имате врски кај нив е долгот да го платиме на РАТИ !!!!!!! Така да драги мои соборци водиме борба која однапред е изгубена и договорена.
П.С. Додека оваа трае телекомот во владата и министерствата МОНТИРА АДСЛ Што мислите ЗОШТО и за КОЛКУ пари?????

Clutch рече...

Сите сме свесни дека ова е битка која е неверојатно тешка за добивање, ама имаме право, а и обврска да се обидеме. Ако ништо друго, барем малку ќе им ги отвориме очите на луѓето.

Што се однесува до "пеналите", речиси сигурно е дека ќе се третираат како заостанат долг и ќе пристигнат на сметка. Само ептен ме интересира под која ставка би ги ставиле.

А за судскиот процес. Не мора да значи дека ќе изгубиш. Како што се судовите сега под притисок, ниту компанија што тежи милијарда евра има мали шанси, со самото свое постоење, да изврши пресуден притисок врз одредена одлука.

Анонимен рече...

Ajde da se utvrdi datum na koj kje se protestira! spread the word around i povikajte gi mediumite. Viknete gi vashite sestri, brakja, strini, tetki, vujni, devojki, dechkovci, drugari, drugarki i bilo koi lugje sho nemaat vrska so ADSL-ot da prisustvuvaat na protestot za da se dobie u MASA! se toa neli kje bide registrirano od kameri, a mozhe i da ja blokirame ulicata kaj chuv de chuv! ajde lugje! revolucija! i neka ne ve plashat penalite, kje ideme i na sud ako treba, na kraj kraeva i toa e dobro iskustvo... RAISE YOUR VOICE! and spread the word around!

Пецо рече...

Еве и една од индиректните причини за поскапувањето.

Македонски телекомуникации се на пат да станат нов сопственик на весникот „Вечер“. А1 дознава, преговорите за овој телекомуникациски влез во медиумскиот бизнис се во завршна фаза.

На „Телеком“ му треба медиум за да го поправи лошиот имиџ во јавноста предизвикан од постојаните телефонски поскапувања, во пресрет на евентуалната конкуренција во фиксната телефонија.

И досега, високи милионски суми евра од „Телеком“ се одлеваа во маркетинг агенциите, па раководството веројатно пресметало дека е поисплатливо за компанијата да си купи весник.


Грозно. :)

Анонимен рече...

а да го смените провајдерот комплетно ?

и да превземете и вие иницијатива adsl-от да не биде нивни монопол.

Пецо рече...

ADSL-от ќе биде нивни монопол се додека самиот МТ е монопол, од проста причина што ги поседува телефонските линии.

Освен тоа целава работа не е толку за ADSL-от колку што е за конечна промена на оној апатичен однос на граѓаните кон бројните неправди кои им се прават уште од почетокот на формирањето на оваа држава. Треба конечно да се смени „нема бе правда у државава, затоа ќе седам дома“ начинот на кој овој народ навикнал да се справува со ваквите срања.

Анонимен рече...

Abe koj gi ebe mt net.....bitno e da se zivee......

Анонимен рече...

Добро бе а тие што не го преминуваат лимитот да не се нивни миленичиња или не знам што. Се фатиле за нив и ги чуваат како очите на Атила. Преминувал не преминувал, јеби га. Еднаш мора да се деси. Или они или ми.

Анонимен рече...

Добро бе, а тие што не го преминуваат лимитот да не се нивни миленичиња или не знам што. Се фатиле за нив и ги чуваат како очите на Атила. Преминувал не преминувал, тие ќе го збрцаат. Еднаш мора да се деси. Или они или ми.