10 октомври, 2005

Што се случуваше денеска од сабајле...

Денеска, накај 9:10 почнавме да се собираме пред салонот на АД „Македонски телекомуникации“ и сите што дојдоа поднесоа приговор. До 11:20 имаше некаде околу 2-30 приговори. Имаше барем еден човек што немаше никаква врска со блогот/багра/IRC каналот кој ги испцу тетките во салонот.

Откако заврши тоа (се надевам дека потоа, а и до крајот на денов ќе има уште приговори) отидовме во Организација на потрошувачи на Македонија (ОПМ), каде не пречекаа со отворени раце и насмевки на лицата. Елем, имале состанок со некои „фаци“ од Телекомот при што им била соопштена нивната забелешка дека Договорот што ни го понудиле содржи неколку одредби што се далеку од фер и се максимално безобразни.

Исто така им забележале и на рокот од 15 дена што е даден во договорот, со што овие се сложиле дека „Да, арно вели законот дека можат во рок од 30 дена да го раскинат договорот корисниците“. Што значи, однесете ги приговорите денеска, во среда, четврток, а на 30ти ќе си ги раскинеме договорите. До тогаш, ОПМ има предвидено неколку активности (поконкретно следниот вторник свикуваат средба на Советот на потрошувачи, Комисијата за информатичка технологија и уште неколку други), со цел да се укине барањето „пенали“ и казни од страна на АД „Македонски телекомуникации“.

Гледав по коментарите на блогов дека на неколку луѓе им е спомнато дека нема да се наплаќаат пенали, но сепак, што е сигурно, сигурно е. Нека објават пак реклама во Дневник кажувајќи ни дека нема да плаќаме никакви дополнителни трошоци, казни, пенали, што и да е. И онака ни земаа доволно пари да може да си дозволат една реклама во Дневник (или кој и да е друг дневен весник, не сум пребирлив). А, да. И нека објават иста таква на албански во некој од дневните весници на албански јазик. Знае некој дали имаше во албанските дневни весници за промената во цената?

Исто така ние испланиравме неколку активности: утре изутрина ќе има флаер на блогов со линкот до петицијата кој ќе треба да се подели што е можно побргу и поажурно. Потпишувањето на петицијата ќе трае до четврток, кога и ќе се оди со неа во канцеларијата на Народниот правобранител при што ќе бидат презентирани договорите и приговорите (т.е. нашите забелешки каде и како се нарушени нашите права). Исто така ќе се оди во Пазарен инспекторат каде ќе биде барано да се изврши проверка на бројачот на остварен сообраќај на Телекомот.

Запомнете: договорите може да се раскинат до 30ти октомври. Што ќе им даде време и да одговорат на приговорите, ако воопшто се решат на нешто такво. Во меѓувреме (ама до крајот на неделава!!!), затрупајте ги со приговори. Покажете им дека не ги сакаме и покажете дека си ги знаете сопствените права утврдени со законот.

Напомена: Обидите на ОПМ за обврзување на АД „Македонски телекомуникации“ да не наплаќаат пенали ги вклучуваат и оние кои веќе ги раскинаа договорите со нив, што значи, би требало таквата одлука да важи ретроактивно.

64 коментари:

koskar рече...

Bravo Bojan...
Produktiven den

Bojan рече...

Четврток ќе биде многу подобар :-)

Анонимен рече...

Sega se vrakam! Zboram za Bitola!
Nikoj ne mi go potpisa Prigovorot!
Vo zamena mi dadoja prazno lifce na koe pisi "Baranje". Samo nego mozele da go primat, popolnav nesto vo nego i napisav deka vo prilog podnesuvam i prigovor. Mi kladoja pecat i arhivski broj (na baranjeto), no ne i ime i prezime , i ne br na licna karta. Vo toj moment bea vkupno 3 ca , koi ne znam so napravija. nekoi od niv samo go popolna i mu go ostavia, niti kopija za niv ne si napravija. Nezadovolen od neprimanjeto na prigovorot, se konsultirav so pravnik i go isprativ prigovorot po posta so prifatnica (sutski prifatliv nacin). Me kostase 84 denari bt-sk. Ne znam dali ova e dovolno , ako ne e ! Sto da se napravi? Povtoruvam Vo Bitola nikoj ne sakase da se potpisi na prigovorot.

Анонимен рече...

Да да и јас во Битола бев со приговорот и ми рекоја дека овај приговор не можеле да го прифатат и ми дадоја едно лифче со неколку реда и во него да сум го напишел приговорот. Ама ко му ојдов со татко ми, лифчето заедно со приговорот од 9 страни му го дадов и ми манаја печат и потпис.

Clutch рече...

Бојан, мислам дека ќе биде најдобро линкот до петицијата да го ставиш најгоре на страницава и да стои таму константно. Исто така, ако може некој од админите на Багра да отвори посебна тема (НА ВИДНО МЕСТО) само за линкот - БАНЕР ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОДОБРО. Вака линкот оди се подолу и се помалку луѓе ќе се помачат да го побараат. На што попрегледно место тоа подобро. Браво за Трендо што турил линк на ОнНЕТ.

Igor рече...

Nema osnova na koja bi go odbile prigovorot. Sledniot pat pojavi im se so kamera, snimaj se sto ke ti kazat i kazi deka sekoj nivni odgovor ili postapka moze da rezultira i vo tuzba od tebe kon niv.
Kazi i deka prigovorite se prifakani vo Skopje bez problem, pa ne e vozmozno oni da ne gi prifakaat.
Spomni i deka so pravenjeto problemi gi krsat tvoite prava kako korisnik i deka ke licno ke snosat posledici za toa.
Zakani, moze zvucat bezveze, ama ima vistina vo niv...

Анонимен рече...

да да закани, и што по самоуверено. не им давајте да ве мандаат како сакаат. може тие знаат што прават (читај: што им е наредено), ама и ние по нешто контаме, до толку барем.
p.s.:дали некој можеби знае за протестот во куманово кога е и кој ден?

Bojan рече...

clutch, линкот до петицијата е ставен во sidebar-от на блогот, така што секогаш ќе го има горе-десно. И не дозволувајте да ве маткаат во салоните... Денеска баш фино, експресно и услужно завршивме работа.

Igor рече...

Luge, zosto ne zeme sekoj od nas po edno jajce i da go lansira na prvata MtNet ispostava pokraj koja ke projde vo vecerno vreme?
Taka barem nezadovolstvoto ke izgleda povidlivo.
Treba da se bide malku i radikalen, mora da se dade do znaenje deka nivnata bezobraznost ne moze da se zaboravi.
Radikalen, no vo odredena mera, bez predizvikuvanje materijalna steta. Zatoa pazete za ne zaleta jajceto kon nesto sto e lesno krslivo. :)

bezvrska рече...

Нека не ве лажат дека не можжат да примат приговор и дека треба да го пополните тоа барање!!! Барањето е уствари барање за раскин со кое сакаат да ви лупнат пенали. Ако работникот ви рече дека не може да го прими приговорот, прашајте го за име и презиме, запишете го истото - ама онака парадерски и полека, да ве види. После со најсерозна фаца кажете дека ќе го тужите и него и фирмата за кршење на член 102 од Законот за електронски комуникации, ако не ви го прими приговорот. Ако не пали ни тоа барајте го шефот и повторете ја постапката. Спомињајте тужби, инспекции, пријави, полиции и се што ви падне на памет!

Анонимен рече...

Posted by Bojan:
"Исто така им забележале и на рокот од 15 дена што е даден во договорот, со што овие се сложиле дека „Да, арно вели законот дека можат во рок од 30 дена да го раскинат договорот корисниците“. Што значи, однесете ги приговорите денеска, во среда, четврток, а на 30ти ќе си ги раскинеме договорите."


Колку можеме да бидеме сигурни дека МТ ќе ги запазат овие 30 дена, а не 15 како што ни стои во договорите?

Инаку, ми беше мило што се собравме сабајлево, да се надеваме дека ќе има и други кои деновиве ќе поднесат приговори.

Анонимен рече...

bezvrska: малку е доцна за тоа. јас пополнив барање и им го дадов заедно со приговорот (нема потпис/печат на приговорот, само на барањето). Имам копија од барање, ама то е се :/

bezvrska рече...

Anonymous said...
bezvrska: малку е доцна за тоа. јас пополнив барање и им го дадов заедно со приговорот (нема потпис/печат на приговорот, само на барањето). Имам копија од барање, ама то е се :/


Ништо не е доцна. Денес или утре ќе одиш и пак ќе го поднесеш приговорот - онака како што ти кажав. И да ти се потпишат и удрат печат и штембил на него (со архивски број)
А да, ако не упали ни претходниот начин кажи дека си разговарал со Дарко Едровски - раководител на сектор за малопродажба во Телеком (од централата во Скопје) и дека тој ти рекол дека работникот мора да го прими приговорот во спротивно ќе подлежи на дициплинска постапка. Кажи дека ќе го пријавиш на него.
:)
Пошто имаме работа со гадови, вакви гадости се неопходни!

Анонимен рече...

bezvrska: ОК, ама ќе одам во Среда, сега е 4:45 а тие работат до 3. Утре празник... така да останува за среда. Но имаше и други луѓе таму што пополнуваа/пополниле Барање и валјда не го дале приговорот...

Bojan рече...

Рокот од 30 дена ни е загарантиран со закон. Во ОПМ стоеја цврсто на ставот дека законот за електронски комуникации е порелевантен од каков и да е договор. Тоа им го кажале и на луѓето од Телеком со кои разговарале на што овие одговориле „Паааа, дааааа, уствари у право стееее“. (шмизластички-растегнат начин на говор (знам, знам, ми фали „лилееее“)).

Анонимен рече...

Mi lici mene deka ke morame orgaizirano vo Bitola pak vo sreda!
Cela Bitola nisto ne naprajvme.
Imase deca srednoskolci, so gi vrakaja od vrata, ne ti tatkoti.
Nikoj nisto za to ne spomna, mora da go podnesi prigovorot "tatko ti" ?

Анонимен рече...

тоа ти е Бојан. малку заби покажи им и одма од маѓарска игра преминуваат на ситно колце, и по некое тешкото.

bezvrska рече...

Anonymous said...
Nikoj nisto za to ne spomna, mora da go podnesi prigovorot "tatko ti" ?


Во суштина приговорот треба да го поднесува оној на кој се води линијата. Ако тој не може треба да одите со потпишана изјава од него дека ве овластува да поднесете приговор и при тоа ќе ви треба и негова лична карта. Може да ви бараат и изјавата да е заверена на нотар. Затоа наједноставно е да оди тој што е потпишан на договорот.

Александар рече...

Линк- писмо во Утрински весник - http://217.16.70.245/?pBroj=1900&stID=44958&pR=9

Горан рече...

Имам само едно прашање...

Што сакаме да постигнеме со приговорот, да се вратат условите за користење (како до сега, т.е. да се поништи новата одлука) или да не ни наплаќаат „пенали“ кога ќе ги раскинеме договорите?

Анонимен рече...

Taka e! Ajde site bitolcani vo sreda da gi vturime Mt net so prigovori, da mu kazime so koj si fatile rabota! A do sreda izvestete gi site sho gi poznavate za sluckata so adsl-ot, i naterajte gi da napravat prigovor i tie, a isto i da se potpisat na peticijata! Nema poke zaebancii, MT fuck NET!!!!
PS. Ako ne mi go primeja prege prigovorot, ke imase nekoj nastradan od vrabotenite ;)))

Анонимен рече...

Портпаролот на "Телеком" изјави дека ќе има последици за корисниците кои ќе го раскинат Договорот, со што "Телеком" најави дека во интерес на профитот има намера брутално да го прекрши член 96 од Законот за електронски комуникации

Анонимен рече...

Ајде Битолчани да се организираме за во среда. И да одиме масовно со приговорите таму и на сите да ги прифатат.

Анонимен рече...

Vo Veles gi primaa prigovorite bez problemi kolku jas so znam

dimitar рече...

Vo strumica sabajlevo odam ja do ostavam prigovor (dve kopii) i tatko mi so men!I mi vika"ovaa nikoj nema da ti go procita,mnogu e golem,ovaa ke odi vo kanta za gubre" i mi dava edno livce nekoesi baranje i vika"eve ovde po KRATKI CRTI napisi prigovor"!E sea kazete mi dali da go prakam prigovorot od 9 strani vo skopje preku pposta ili da go potpolnam toa baranje od 3~4 reda?

Анонимен рече...

Denes so drugarmi gi dostavivme prigovorite i ni stavija shtembil so br, pecat i potpis,vo Tetovo gi primaat prigovorite i prepracaat vo Skopje, samo so zdruzeni sili pozdrav Thunder_MS

Darko156 рече...

http://www.sekojden.com.mk/ShowNews.asp?action=shownews&ID_News=5431

Момци ова е ок работа, само нека има повеќе вакви информации. Денс и на радио (мислам Сити) слусав еден децко зборесе цело време за ова, ама малку поима немаше што точно се случува. буцкајте ги сите што ги познавате по медиумите за да ја актуелизираат темава. Се додека мјак ми и баба ми не дознаат, никој не знае
:))

САМО НАПРЕД

Анонимен рече...

eve sega pred 1 saat ovde vo bitola go dostaviv prigovorot i go primija :) bez problemi i zabeleshki

Анонимен рече...

anon: кај го достави? На кое место?

MakEmpire рече...

Испратете емаил до овие медиуми. Со тоа ќе се придонесе оваа страна и перицијата да биде објевена од сите медиуми. Во емаилот кажете кои се прицините зошто се исклучувате од АДСЛ-от и кажете за блогот, и за петицијата

tv4@com.mk; desk95@a1.com.mk; majabakli@yahoo.com; btr@osi.net.mk; rtvms@unet.com.mk; tvmtm@on.net.mk; skynet@euronet.com.mk; vesnik@utrinski.com.mk; vest@vest.com.mk; zabavna@vreme.com.mk; informativna@sitel.com.mk; telma@unet.com.mk; kanal77@kanal77.com.mk; agencija@antenna5.com.mk; bubamara@radiobubamara.com.mk; mstoleska@yahoo.com; radiofortuna@hotmail.com; contact@gromradio.com; radiouno@hotmail.com; mj-radio@freemail.org.mk; info@radioravel.com.mk; radioros@on.net.mk; sulevski@mol.com.mk; zona-m1@hotmail.com; bejbi@bejbi.com; redakcija@teamoderna.com.mk; toj@mol.com.mk; denes@unet.com.mk; zabavnarubrika@yahoo.com; mia@mia.com.mk; fokusnews@mt.net.mk; info@forum.com.mk; taa@mol.com.mk; denes@denes.com.mk; dnevnik@dnevnik.com.mk; desk@kanal5.com.mk

Анонимен рече...

Decki navistina mi se dopagja cela ovaa inicijativa i stvarno bi mi bilo zadovostvo ako vi usptee seto ova.Jas isto sum korisnik na ADSL no dogovorot mi e sklucen na neopredeleno vreme t.e. si plakjam(e) ;) mesecno po 2990 den+DDV.Jas kako i da e go raskinuvam dogovorot na 30ti posto na nikoj nacin ne sum obvrzan sprema MTnet.Dali e dovolen ovoj cekor od moja strana ili vi treba nekakva poddrska?Gi informiram site lugje sto gi znam ali toa e toa.Pisete.

Анонимен рече...

I kakov internet ke koristite podocna?

Анонимен рече...

Slusajte muzika i zaebete go toj adsl i tie od mt net

Анонимен рече...

WIRLESS

Анонимен рече...

WIRRLESSSSsSSS

MakEmpire рече...

Подоцна во зависнот од тоа каде се наоѓате, каков интернет МОЖЕ да користите!!!
еве нешто ново за цела македонија, но сеуште е во тест фаза.
www.wifi.on.net.mk

можете кабловски и слично

Анонимен рече...

MakEmpire: wifi од оннет е само во некои населби во скопје. А за другите градови во македонија? :/

Анонимен рече...

Освен тоа цените се вистински грабеж, после лимитот од 4GB ви наплаќаат 100 денари за 100 MB. OnNet треба да се засрамат...

Анонимен рече...

Jas do sega "milion" prigivori imam podneseno i na nitu eden NE DOBIV NITU ODGOVOR, a kamo li da go resam problemot odnosno milion problemi sto gi imam so niv.
Treba da se udri po telekom ne samo za krsenje na dogovorite za adsl nego za milion drugi raboti kade gi krsi zakonite, kako na primer spored zakonot pristap do sluzbata za informacii treba da e dostapna za site bez nadomestok a tie naplatuvaat za toa, a voedno i go ogranicuvaat so toa sto pristapot e dostapen samo na korisnicite na telekom ili mobimak. Ova e samo del od milion raboti kade telekom go krsi zakonot, se nadevam ako ne me mrzi denovive ke objavam sekoj detal kade go krsi telekom zakonot. Atila ili nazad doma ili vo Idrizovo da si gi spakuva partalite, amnestija ke ti dademe samo vo slucaj da podneses ostavka do krajot na nedelava

Александар З рече...

> Испратете емаил до овие медиуми.

Следните мејлови се неважечки (не може да им се испорача порака)

tv4@com.mk
tvmtm@on.net.mk
zabavnarubrika@yahoo.com
ekospot@unet.com.mk
rtvms@unet.com.mk
radiofortuna@hotmail.com
zona-m1@hotmail.com
mj-radio@freemail.org.mk
denes@denes.com.mk

Clutch рече...

Браво за МИА. Нека поживее троа подолго. Одлично што ОПМ излегле со официјално соопштение. Сега, барем дневниве весници нема да можат да го игнорираат случајот ако телевизиите и понатаму се прават наудрени пошто МТ ги пумпа со пари. Тензијата МОРА да продолжи, тоа е најбитно. Сите знаеме колку е моќен Телеком, ама и они се плашат од најмоќното оружје во капитализмот - лошиот публицитет:)

Како и да е, како што праевме муабет сабајле пред МтШИТ, во четврток (паметно што малку се пролонгира) фино и културно ќе си закажеме настанче, а медиумите ќе имаат што да покриваат. Ако после тоа успееме и Народниот Правобранител да го убедиме да објави соопштение и Пазарниот Инспекторат, ќе биде одлично. Дотогаш, раскажувајте за петицијата и поднесувајте приговори во среда.

П.С. Сега одлично се гледа линкот до петицијата:) Нема шанси да го промаши човек.

Анонимен рече...

Site mejlovi sto gi ostavivte na televiziive i vesnicive mi se vratija nazad.

Recipient address rejected: User unknown in relay recipient table Giving up on bla bla bla

Анонимен рече...

ej Bojan kazi mi sea dali da go otkazuvam adsl-ot vo sreda ili na 30-ti oktomri sto e podobro gledano od tvoja strana
odnapred blagodaram

Igor рече...

Linkot od peticijata mene mi se pojavuva najdole levo. Preformatirajte malce, za da sobere i da ne bega dole.

Анонимен рече...

A be ke se isklucime site i kraj!!idi na wireless!!

ZumbaZum рече...

Clutch said...

Браво за МИА. Нека поживее троа подолго. Одлично што ОПМ излегле со официјално соопштение. Сега, барем дневниве весници нема да можат да го игнорираат случајот ако телевизиите и понатаму се прават наудрени пошто МТ ги пумпа со пари. Тензијата МОРА да продолжи, тоа е најбитно. Сите знаеме колку е моќен Телеком, ама и они се плашат од најмоќното оружје во капитализмот - лошиот публицитет:)

Како и да е, како што праевме муабет сабајле пред МтШИТ, во четврток (паметно што малку се пролонгира) фино и културно ќе си закажеме настанче, а медиумите ќе имаат што да покриваат. Ако после тоа успееме и Народниот Правобранител да го убедиме да објави соопштение и Пазарниот Инспекторат, ќе биде одлично. Дотогаш, раскажувајте за петицијата и поднесувајте приговори во среда.
ова е одлично .Пред МТ нешто као прес конференција

Анонимен рече...

Vaka sega,okolu toa sto vi rekle vo OPM deka zakonskiot rok e 30dena.Spored zakonot toj rok e tocnen odnosno iznesuva 30 dena,megjutoa ovoj rok vo dogovorot e vekje utvrden i iznesuva 15 dena so sto dvete strani (korisnikot i mtGnet) se soglasile(so toa sto ste go potpisale dogovorot). Rokot od 30 dena kojsto e spored zakonot bi vazel dokolku vo samiot dogovor ne bil striktno odreden rokot ili pak rok voopsto ne bil spomnat.
Ova ne go zboram na pamet,prethodno se konsultirav so advokat.

Preporaka e do site onie koi planiraat da podnesat baranje za raskinuvanje na dogovorot da go napravat toa vo rokot od 15 dena kako sto stoi vo dogovorot (do 14.10.2005). Ako vekje mtShnet gi prifati prigovorite (yeah,sure;) i ako go napravi toa posle 14ti veruvajte deka ke najde nacin kako da gi vrati site onie sto podnele baranje za raskinuvanje pred navedenata data.

souLLab рече...

Vaka sega,okolu toa sto vi rekle vo OPM deka zakonskiot rok e 30dena.Spored zakonot toj rok e tocnen odnosno iznesuva 30 dena,megjutoa ovoj rok vo dogovorot e vekje utvrden i iznesuva 15 dena so sto dvete strani (korisnikot i mtGnet) se soglasile(so toa sto ste go potpisale dogovorot). Rokot od 30 dena kojsto e spored zakonot bi vazel dokolku vo samiot dogovor ne bil striktno odreden rokot ili pak rok voopsto ne bil spomnat.
Ova ne go zboram na pamet,prethodno se konsultirav so advokat.

Preporaka e do site onie koi planiraat da podnesat baranje za raskinuvanje na dogovorot da go napravat toa vo rokot od 15 dena kako sto stoi vo dogovorot (do 14.10.2005). Ako vekje mtShnet gi prifati prigovorite (yeah,sure;) i ako go napravi toa posle 14ti veruvajte deka ke najde nacin kako da gi vrati site onie sto podnele baranje za raskinuvanje pred navedenata data.

Izvinete za duplo postiranje ist post no nekoi lugje insistiraa (valjda) radi vaznosta na postov da ne bide anonymous;)

Анонимен рече...

Preporaka e do site onie koi planiraat da podnesat baranje za raskinuvanje na dogovorot da go napravat toa vo rokot od 15 dena kako sto stoi vo dogovorot (do 14.10.2005). Ako vekje mtShnet gi prifati prigovorite (yeah,sure;) i ako go napravi toa posle 14ti veruvajte deka ke najde nacin kako da gi vrati site onie sto podnele baranje za raskinuvanje pred navedenata data.
Дали после овој совет постои можност да се промени официјалниот став на "организациониот одбор" и договорите да ги раскинуваме до 14-ти? - бидејќи како што разбрав идејата е ние да не ги раскинуваме договорите, туку да чекаме да видиме што ќе ни одговорат на дадениот Приговор, и ако одговорот е нагативен ќе сметаме дека MTNet ги раскинува договорите со нас, корисниците. Постои ли можност ова со 15/30 дена да ни ја искомплицира работава?
Уште нешто - дали кога би ги раскинувале договорите до 14-ти би навеле датум на раскинување 30-ти окт. (за да се искористи месецов, тако и ќе го платиме)?

insomn|ac рече...

za dimitar (strumica) i drugi so slicno iskustvo:
Ne smeat da ti go odbijat prigovorot! Toa im e rabota (pokraj zaplashuvanje, lazenje...)
da ti go potpisat. Da go potpise tatko ti (ako toj e nositel na tel.broj) i da ti udrat pecat, i da ti dadat arh.broj.

A posebno da im naglasis da ti dadat arhivsko brojce. MORAT DA DADAT!

Najspokojno ke odis, najdobro so tatko ti, da im tupnes 2 kopii, da im kazes u oci da ne serat mnogu i da zavrsite rabota zaedno. Tolku. Nema filozofii, nema objasnuvanja zasto kako, shto sega, ovo ono i sl. Simple as that.

Zapamti deka vleguvas kaj hieni, ili zmijsko gnezdo. Ke ti kazat bilo sho da ne ja zavrsis rabotata. Ke se povikuvaat na rodnini, prijatelstva, na sho li ne! Istoto i mene probaa da mi go napravat... samo sho naletaa na stativa! ;)
---------------------------------
p.s. e oti be na mene ne go mi kaza oti u kantata ke ode, taj so beelta glava li (od valandovo), gomnaro?

Анонимен рече...

ako znae nekoj za protestot za u Kumanovo neka kaze koga i kade.

dimitar рече...

Epa da taj, so belata glava.A an tebe ti go zema prigovoro,ti dade arhivsko brojce???Mi vika demek trebalo preku FAX da im go praka na mt faknet,i pokomplicirano bilo,drn drn...Kazete mi kako da go adresiram za da go pratam direk vo skopje vo salonot!Zosto tuki tie vo sr NI NAJMALKU MI SE SIGURNI!Ja ke im go dadam na tie od sr toa kratkoto lifce, ama sakam celosniot prigovor da go pratam vo SK!

Prekoc рече...

Ej a sto ako ne go podneseme baranjeto za raskinuvanje do 14? mislam sprema dogovorot nie sekogas mozeme da go raskineme i da si platime. Rabotava so prigovorov e da ne platime. A ako podneseme baranje za raskin vo sekoj slucaj treba da se plati. Popravete me ako gresam i kazete so ke praime.

Clutch рече...

Целата поента на приговорот е да ги натераме јавно да кажат дека никој нема да плаќа ништо ако го раскине договорот. Досега, неколку пати во различни салони прашав што ќе се случи ако го раскинам договорот, па макар тоа било и до 14 октомври (15 дена од објавата) и секогаш го добивав истиот одговорот - дечко ќе мораш да платиш пенали. Така што, ако они имаат намера да ти земат пари плус, ќе ти ги земат, без разлика дали тоа било во петок или на 31 октомври или на сметката што ќе ти стигне во ноември (за октомври). Вака, барем им вршиме притисок и ги тераме ЈАВНО да кажат дека поради тоа што ги смениле условите, секој што сака, може да се повлече од договорот без последици.

Анонимен рече...

momci jas znam za nekolku pogolemi firmi sto ke raskinuvaat dogovori no se spremni da si platat penali ke mora nekako da gi obavestime da ne plakaat .zosto ke ni treba podrskaod takvi firmi treba ta se spremi nekakov anti mtnet materijal kako flaeri i slicno!!!

Анонимен рече...

прашање?
во приговоров стои ПОПУСТ %
што треба да стои тамо?
барав во договоров нема таква работа?
ај брзо
поздрав

bezvrska рече...

Anonymous said...
прашање?
во приговоров стои ПОПУСТ %
што треба да стои тамо?


Види што ти пишува во Барањето за користење на АДСЛ. Во табелата колку стои за „еднократен надомест без ДДВ“ за твојот пакет? Од таа бројка ќе одземеш колку стварно си платил за инсталација (без ДДВ) и добиената разлика ќе ја поделиш со бројот од табелата по што резултатот ќе го помножиш со 100. Не е толку комплицирано како што звучи :)

Ако немало никаков попуст за инсталацијата, тогаш во реченицата „Покрај еднократниот надомест за инсталација на опремата за кој бил истакнат [ПОПУСТ ВО %] попуст“ што се јавува на страна 3 и 6 ќе го избришеш болдираното.

Анонимен рече...

еднократен надомест без ДДВ не се наплатува? гага е?
тоа значи што?
треба 100 % да стаам или треба да го избришам делот со ПОПУСТ?
Ај извини ако сум спор и не контам и давам! :)
Поздрав

Анонимен рече...

Ако не плати за инсталација, пиши 100% :)

Darko156 рече...

Момци еве еден список со медиуми кои може да се контактираат. Видов во коментариве некој се пожали дека му се вратиле пораките:
http://www.nvoinfocentar.org.mk/adresar.asp?lang=mak&tip=1

Таму има и еден список со новинари. Доколку препознаете некој кој мислите дека би можел да пише за ова пратете и таму порака:
http://www.nvoinfocentar.org.mk/adresar.asp?lang=mak&tip=2

Анонимен рече...

Fala Darko. Vreme e za mass-email :)

Prekoc рече...

decki ama baranjeto za raskinuvanje treba da se podnese 15 dena pred da se iskluci. Znaci ako go podneseme na 30 ke ne isklucat na 15 noemvri. Vo toj slucaj eden mesec poveke za plakanje. So ke praime so ova? ili so podnesuvanje na prigovor racuname deka treba da ne isklucat oni i ako ne go napravat toa na sud?

Анонимен рече...

Zdravo i jas sum korisnik na ADSL od Resen i sum zainteresiran site resencani masovno da podneseme prigovori na nasite neprijateli emte.nete!!!
Ako ima nekoj resencanec neka pishe!!

Google Page Rank 6 рече...

Want more clicks to your Adsense Ads on your Blog?

Then you have to check out my blog. I have found a FREE and Legitimate way that will increase your earnings.

Come Check us out. How to Boost Your AdSense Revenue