13 октомври, 2005

План за акција

Денеска, како што пиша подолу Бобо, бев до ОПМ и ставот беше тој: 30 дена од добивањето на известувањето имаме фора за раскинување. Впрочем, законот вели дека БЕЗ ИЗВЕСТУВАЊЕ И ПОСЛЕДИЦИ може да се раскине договорот. Во вторник е состанокот на Советот на потрошувачи, на кој се поканети луѓе од сите релевантни институции (КИТ, на пр.), како и претставници од Телеком (не мт.нет... знам дека е пократко, ама не постои веќе мт.нет).

Што значи: почнуваме посериозно.

Добив (релативно сигурна) информација дека се поднесени над 1.500 приговори (во ваква или онаква форма (т.е. не мора да се според урнекот од блогов)). Тоа значи многу повеќе од оние 300 потписи што ги дрнда анонимниот г-дин во еден од коментарите (и браво за поттикот, многу сакам кога некој ќе ме обвини за нешто што ниту сум го направил, ниту сум планирал да го направам). Исто така добив ептен информација дека луѓето се ептен замислени околу целава ситуација. Со други зборови: We got 'em on the run.

Притисокот продолжува. Гледам дека активностите се засилено забрзани (благодарение на „вработениот во МтНет“), така што почнува работа на повеќе полиња. Според активностите предложени од bezvrska, следната недела ќе биде доста исполнета со активности (предавање на петиција, активирање на КИТ и сл. „организации“, крунисано на крај со нешто како прес конференција (деталите околу активностите се уште се разработуваат и ќе бидат презентирани тука)).

Во меѓувреме, гледам дека Дојче телеком и Маѓар телеком ќе бидат зафатени со читање мејлови. Иако се слагам со еден од коментарите дека можеби личи мејлот како еден од оние нигерискине scam-ови со принцови и нивните пари, сепак... Ќе се доработи троа мејлот (урнекот). Сега ќе седнам и ќе го дополнам мејлот на Александар З. со статистичките информации што ги предложи Ѓоко во еден од коментарите на претходниот пост (и мене троа ме бива за англиски) и ќе го постирам тука. Исто така, во план е истиот мејл да се преработи како сторија за slashdot.org (не знам колку знаете сите, ама сигурен сум дека добар дел од вас го пратат slashdot, ако има некој што може да загарантира појавување на текстот таму, бујрум, понудете се во некој коментар). За оние што не знаат, slashdot.org е најчитаниот и најцитираниот сајт за информатичка технологија.


np Iron Maiden - Run to the Hills

17 коментари:

Анонимен рече...

abe sto cekate raskinuvajte gi dogovorite koj ima sansa neka se uklucuva na drugite moznost a koj nema sto da pravime telekom ne "sjeba" da prostite na izraz site

Анонимен рече...

jas vece go raskinav dogovorot i srecnodeneska se ukluciv na cadis posto sum vo novo lisice
http://cadis.net.mk/
koj e vo novo lisice ili centar neka gi pogleda ponudite
mislam deka se dobri
a za ostanatite neka posetat
http://redguy.blogspot.com/2005/10/blog-post.html tuka covekot epten se potrudil i gi ima site alternativi
inace ne mi naplatija penali za raskinot na brakot
duri ja otkazav i linijata

Анонимен рече...

raskinuvajte gi utre masovno dogovorite neznam kolku drzi voda tumacenjeto na opm za mesec dena vo dogovorot sme se slozile za 14 dena pravo na raskin na dogovorot osem eventualno ako visa sila ne go prodolzi

Bojan рече...

Дозволете да го исцитирам цел член 96 ст. 3 од законот:

„Претплатниците мораат да бидат информирани за сите предложени измени во условите наведени во претплатничкиот договор во рок не пократок од триесет (30) дена пред воведувањето на измените, како и за правото дека во истиот период, без известување или последици можат да го раскинат претплатничкиот договор доколку не се согласуваат со предложените измени.“

Има некоја дилема?

Анонимен рече...

imam slusnato deka baagi luge nema da go raskinat dogovoro,tuku ke napravat smetki so nekoi 80GB i nema da plakaat :D

коскар рече...

Anonymous said...

imam slusnato deka baagi luge nema da go raskinat dogovoro,tuku ke napravat smetki so nekoi 80GB i nema da plakaat :D

neznam bas deka ova bi donelo dobro...

Анонимен рече...

bojan, stavi go clenot 96 od zakonot na pocetnata strana na blogot.

Bojan рече...

Фала за предлогот, поставен е :-)

Clutch рече...

Пипл, јас (речиси сигурно) би можел да договорам средба со Јани Макрадули. Нека помине ова владиниов Совет на потрошувачи, па после можеме да напраиме едно состанче со него. Се разбира, доколку вие веќе воспоставивте контакт, тогаш терајте. Околу прес-конференцијата, можеме да прашаме во НВО-инфоцентарот иако мислам дека мора да имаш основано невладина организација за да го користиш. Ако ништо друго, тогаш можеме да пробаме кај некоја од нвладиниве, да ги замолиме да ни отстапат простор да одржиме прес. Ако ни така не ја бива, тогаш директ пред зградата на Телеком. Само што, таму ќе мораме да се присобереме троа појќе. Се разбира, со петицијата во рака.

Анонимен рече...

ОК, од најавите дека Телеком во четврток ќе се произнесе со своја официјална изјава во врска со целава ситуација во дневниот печат за петок 14 октомври нема ништо освен дека таа изјава треба да ја очекуваме во петок.
Но затоа не пропуштиле во Дневник на страна 18 да откупат дури половина страница за:
„СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТА“
За корисниците на услуги на АД „Македонски телекомуникации“

значи:
АД „Македонски телекомуникации“ ги повикува своите ценети корисници во фиксната телефонија дека е потребно да ги подмират сите свои обврски за телефонските сметки чиј рок за плаќање е доспеан.
Ги молиме нашите ценети корисници да извршат уплата на заостанатиот долг најдоцна до 18. 10. 2005 (Вторник) во спротивно АД „Македонски телекомуникации“ ќе ги преземе сите потребни чекори за наплата на своите побарувања, вклучувајќи го и исклучувањето од сообраќај.
Подетални информации во врска со висината на долгот и поволностите за плаќање (склучување Договори за плаќање на рати)корисниците можат да добијат во продажните места на АД „Македонски телекомуникации“ во сите градови во Република Македонија, како и на бесплатниот телефонски број на Контакт центарот на МТ - 971.

Со почит
АД „Македонски телекомуникации“

Епа, за сите вие што не купувате весници, немој да кажете дека не сте биле информирани навремно и побрзајте да си ги исполните должностите кон нашиот „ценет“ телеком. :)

Анонимен рече...

Негде прочитав одличен предлог:
да не ги раскинуваме договорите него да им ги оспориме сметките н суд . Вреди да се разглоби ова

Igor рече...

Moite se sopstvenici na skolo za stranski jazici. Ucilnicite ne se preterano golemi, no moze da soberat 10tina novinari + revolucioneri bez problem. Znam deka e mal prostor za vakvo nesto, no go nudam prostorot za navedenata pres konferencija bez nadomest (normalno). Prostorot se naoga kaj TC Biser vo Aerodrom, edno 30 metri od tamu. Imam mapa, pa ke bide lesno za naoganje. Ako ne se najde podobra opcija, bujrum.
E-mail za kontakt: ekotehna@planet_skopje.com, bez _.

Igor рече...

Uste nesto, okulu gospodinot Jani Makraduli.
Ne go znam licno covekot, nitu nekogas sum go videl vo zivo... no ne gledam deka nesto se zalaga za IT razvojot na zemjava, iako toa mu e rabota. Samoto toa sto do sega nema dadeno nikakov komentar za situacijava kazuva kolku e "zainteresiran" za vistinski razvoj na ovoj sektor vo zemjava.
Iako koga go postavija na ovaa pozicija se ponadevav vo nego, so tekot na vreme seto toa prerasna vo ogromno razocaruvanje.

Igor рече...

Okulu idejata za pres pred MTnet, ne e losa. Samo treba da se sredi so organizacija, mesta za sedenje i slicno. Moze i na sred ulica, ako najavime odnapred. Malku vnimanie nema da bide na odmet...

Zumbazum рече...

Дечки не мора тоа да биде прес во затворено , може и пред Телеком да дадеме соопштениие до јавноста ни седење ни бутур , од нога . Верувам ќе дојдат новинари само да ги известиме

Анонимен рече...

Jas denes dadov prigovor,mi rekoa bezrazlika dali jas ili oni ke mi go raskinat dogovorot sepak ke se naplakaat penali!!!

Грнч рече...

Пецо (Vortex) ми кажа дека се спремала некаква листа на барања за МТнет, па еве една идеја:

Дури и да претпоставиме дека интернет линкот према странство е скап, зошто тогаш е ограничена брзината меѓу корисниците на МТнет?!

Зошто да не може меѓу себе да разменуваме податоци (музика, филмови, што било) со максимална брзина колку што физички поддржува АДСЛ опремата (мислам дека е 8 мегабита со оваа што ја имаат), додека сите конекции према надвор нормално ќе си бидат ограничени на 384кбпс. Вака е на пример во Софија, и веројатно и на многу други места.

Конекциите меѓу корисниците апсолутно ништо не ги коштаат МТнет.

Тогаш би можеле некои од нас да инсталираат FTP или DirectConnect сервери со пристап само за корисниците на АДСЛ, со што би можеле сите меѓу себе да разменуваме најнови албуми, игри, ТВ серии, филмови, и што не, наместо секој посебно да ги симиња. Тоа и на МТнет поприлично би им го растеретило линкот према надвор, стварно не ми е јасно зошто не направат вакво нешто.

Не е лошо да се побара и ова од нив.