15 октомври, 2005

Најава за утре...

Сите сме, очигледно, трогнати од загриженоста на АД „Македонски телекомуникации“ за нас, нивните корисници. Посебно од фактот дека внимателно ги следат нашите коментари (на корисниците, не на блогот, се разбира) за да ги разберат нашите желби и потреби.

Сфаќајќи ја сериозноста со која АД „Македонски телекомуникации“ се грижи за своите корисници, една група такви корисници денеска се состана и реши утре да објави неколку желби и потреби на АДСЛ корисниците што се далеку од задоволени, а би требало да бидат имплементирани со цел подобрување на квалитетот на услугата и промовирање на Македонија како е-општество. Списокот ќе биде испратен и до сите медиуми заинтересирани за тоа како може АД „Македонски телекомуникации“ да покаже, барем уште еднаш, дека се грижи за потребите на сопствените корисници.

Во меѓувреме, погледнете што пишува во Време, Дневник и Утрински Весник. Текстот во Утрински е еден од поинтересните, затоа што има цитат и од човек од Телеком кој вели дека „го имаат најточниот мерач во државава“. Мислам дека и другите корисници на услугата на АД „Македонски телекомуникации“ ќе спијат полесно кога ќе видат дека ако другите провајдери може да им измерат 1, 2, па дури и 10 гигабајти повеќе сообраќај, Телекомот ќе им измери секогаш помалку од тие, „помалку точните мерачи во државава“.

61 коментар:

Анонимен рече...

(ВРЕМЕ):Телекомот ќе ја намалува брзината на интернет-сообраќајот од 384 килобајти во секунда на 56 килобајти во секунда доколку правните и физичките лица, кои ќе изберат ограничени АДСЛ-пакети, го пречекорат месечниот лимит за интернет-сообраќајот.

BTW! Однапред ја добиле правната борба? Па и ова е менување на договорот, во договорот стој дека брзината се намалува на 64кбпс! Преку к*ов! А ако им се прикачуваат незаконски, нека лимитираат 1 јузер на 1 акаунт и крај!

fuck mt-net!

Bojan рече...

Ќе бидат сите аспекти опфатени во списокот, Анонимусу. Впрочем, ако добро се сеќавам на dial-up времињата, брзината никогаш не беше поголема од 3-40 kbps.

Анонимен рече...

Da be jas nikogas ne mzoev da povrzam poveke od 44KBPS, sega da im plakam 2400 den - za 56k posle 4GB. Ne doaga predvid. Ke go raskinam dogovorot pa ako treba ke platam i penali i nikogas poveke dogovor so MT fuckNET.
Ovde vo strumica imam 2 operatori: Wireless i Cabel so ponudi od 256/128 za 1890 den. Sto ke mi e 384/128 -> 56/56 posle 4 GG. Apsird. Da ne go spomenuvame i toj brojacot sto pokazuva gluposti, siminjas file of 100 mb on pokazuva pola giga.

Анонимен рече...

bojan moze li da mi kazes

KADE VO DOGOVOROT GI PISUVA TIE 4GB?

sega go gledav dogovorot i nikade ne pisuva deka posle 4GB ke ima namaluvanj na brzinata


tomi

Анонимен рече...

Use ednas da razjasnam. Starite korsnici si imat limit. Novite ke si imaat eksta za plakanje. Jas licno ko ke gi sporedam ovie "2 paketi" kako "nov korisnik" iako nemam izbor, znaci mora da go odberam "paketot so doplakanje". Koi sto jas licno go smetam za ponepoloven. Suma sumarum ,telekom (iako ke se otarasi od prekumeren trafik) rabotata so paketite si ja pikna vo korsokak. Nie "postoeckite korisnici" do pred 15tina dena "bevme zadovolni" od usluga/cena od adsl-ot so toa normalno i go reklamiravme. Znaci tendencijata bese da se zgolemuva brojot na adsl korisnici. Sega 15 tina dena pokasno "atraktivnot adsl" go snema , i po cena i po kvantitet a i kvalitet, i dojde "ADSL" koi so postoeckite koricnici duvaat begat od nego kamoli novi da se zakacat. Zgora na to nie "postoeckite korisnici " ne sme ni svesni seuste sto izgubivme, ke pomini ovaj mesec mozi po staro. Od drugiot mesec ko ke ni stani jasno deka sekoj klik na download ke predizvika mozocna podsvesna reakcija na presmetka na preostanatite megabajti , ili presmetka na denarcinjata koi ke ti letnat. Ke vidite kako ke se pretvorime vo buntovnici i kako ke potece edna prirodna anti kapanja za "ADSL"-ot. Tendencijata definitivno ke bidi odliv a ne priliv na korisnici. Znaci za mesec dena onie koi se na godina ke mozat da ja pomirisaat slobodata. Znaci edinstveno so mozi da pravime e da ja zabrzame taa anikampanja, vervajte mnogu ke bidi lesno. Namesto da cekame finansiskite nerezultati da go naterat telekom da ni gi smeni paketite , odnosno da vovede novi. Dobar pocetok za revolucijata da dobie na zestina ke bidi naplakanjeto na penali na onie koi veke go raskinaa dogovorot.
Bilo jas ili nekoj od telekom da ja pravi ovaa matematika rezultatot e -. Taka da ne se macime mnogu ni vie ni nie. Digitronite vrace i so poskoro novi paketi. Moja preporaka iskustvena 500 den za giga. Kaj se culo i videlo, jas da mu prodavam od utre 500 gigi za 500 denari , a istiot od vas da gi cini 1500. Koj mozok vi go izmisli novio paket alal da mu e . I na kraj poraka do revolucionerite , ne sme ama za skoro ke bidime pobednici. Do nova godina najkasno.

Bojan рече...

Ги пишува во барањето и самата понуда на пакетот. Меѓутоа никаде не е кажан како „лимит“ туку како „загарантиран месечен сообраќај“ (АКО добро се сеќавам).

Beto рече...

Hehe...ej a zasho stranata za proverka na soobrakaj e UNDER CONSTRUCTION??????????????????????????????????????????????????????????????????????????SEa da nemoze ni da vidam kolku soobrakaj pravam a?

Анонимен рече...

nego kazuvajte so ke se pravi KONECNO
ke ostanuvame site ili ke se isklucuvame? bitno e da ostaneme slozni!

Анонимен рече...

56К ... не ми се верува, иако со модем никој не достигнал брзина поголема од 44К но сепак и со АДСЛ не очекувајте ВИСТИНСКИ 56К !! Пример сега имаме 384К и тоа теоретски треба да биде 48КБ во секунда а реално гледано никој не достигнал над 41КБ во секунда даунлоад! Значи и со 56К ние ке добиеме реални 50К или ако некој мисли дека не сум во право нека ме корегира :(.

Beto рече...

idete na stranata na redguy i se ke vi stane jasno kako den!

Анонимен рече...

Jas vece edna godina ja meram brzinata na adsl -ot ,no nikogas ne dobiv brzina pogolema od 245Kbs.Se zalev vo telekom no mi kazuvaaa deka taa brzina bila samo za MK sajtovi sto e totalna glupost.
Jas im barav da mi se namali predplatata za 1/3 bidejci ne dobivam ona sto sum go platil.
zamislete sto ke se sluci sega so ogranocuvanjeto na brzinata.Ima da dobivame po 10-15 Kbs i nema da mame pravo da se zalime
Najdobro e site da im gi udrime modemite v glava.Toa ke resi mnogo problemi.
mislam deka tuka reba da proraboti gradzanska neposlusnost nikoj da ne placa i tocka .Neka ne dadat site na sud,a ADSL-ot neka im stoi za ukras

Анонимен рече...

Mene mi miris na Mtnet-Onnet zavera.

Logika: Mtnet ne mu dira na Onnet vo Wifi, a posebno vo "tenderot" na USAID za umrezuvanje na shkolite, shto e golem profit. Onnet za vozvrat, ne mu dira na Mtnet vo ADSL (se secavate kolku Onnet galameshe?), pri shto WiFi paketite za "narodnite masi" ce gi prodava so ceni priblizni kako ADSL.

Ako ostavime konkurencijata da donese podobri ceni-uslovi, site ce "naebeme".

EDISTVENO resenie e raskinuvanje na dogovorite, pa da vidime kako taa investicija na MATAV vo ADSL oprema ce se vrati?!

Na site ni e jasno deka poslednoto od Mtnet e se so cel da ne se izgubat pretplatnicite.

Koj ima biznis-ZAVISNOST od ADSL, razbirlivo e da ne go raskine dogovorot, ali site drugi moze da se strpime i da pokazeme INAET... setete se samo kolku ne ograbuvaa so dial-up.. sega so ADSL, ako prodolzime so ovoj dogovor, ushte povece ce ni go "nacukaat"!!!!!

cavka рече...

Mora da se otkacime od mtnet so pobrgu ne za drugo GADOVI SE GOLEMI!!!
nema da plakam 2400 den. za dialup konekcija!!!

Анонимен рече...

Imam dogovor od 07.12.2004 koj ne se vika MAX adsl, tuku e bezimen i e za brzina 384/128 i stvarno nikade ne se spomenuvaat limiti, ogranicuvanja,4 GB, i namaluvanja brzini.
Mozam li da raskinam dogovor?

Martin рече...

Ova mislam deka treba da se doznae vo cela Makedonska javnost, do vladata i do site onie koi sto velat deka vlijaat vo nashata zemja za razvoj na Informatickoto opstestvo. Neka im se pokaze kolku bezobrazni mozat da bidat Mt-Net, neka se doznae i nadvor od MKD, taa idejata za prakanje mailovi do CNN, BBS, do site svetski mediumi bese super, neka se prozolzi i ponatamu da se vidi kade vo svetot se plaka za ADSL usluga, a se dobiva dial-up brzina.

Анонимен рече...

Ako nesi stavil potpis na dokument kade se slozuvash deka Mtnet moze da vlijae na kavlitetot na uslugata (4gb limit, namaluvanje na brzina, isklucuvanje na P2P portovi), togash tie promeni, ako nastanat, ne se rezultat na VISHA SILA.

Toa e isto kako i so nivnata najavena promena da naplacaat 175 denari... SPROTIVNO OD DOGOVOROT.

Se podnesuva ushte eden prigovor, slicen na prethodniot.

Анонимен рече...

imam 2 drugari koi isto taka nevnite rabotat vo Telekom i 2 ta koristat ADSL , a voopsto ne plakaa za toa. PA izgleda tie se divite korisnici . MTNET nemaat pojma koj im se preplatnici , a koi se divi !

Анонимен рече...

Anonymous said...
Jas vece edna godina ja meram brzinata na adsl -ot ,no nikogas ne dobiv brzina pogolema od 245Kbs.Se zalev vo telekom no mi kazuvaaa deka taa brzina bila samo za MK sajtovi sto e totalna glupost.
Jas im barav da mi se namali predplatata za 1/3 bidejci ne dobivam ona sto sum go platil.
zamislete sto ke se sluci sega so ogranocuvanjeto na brzinata.Ima da dobivame po 10-15 Kbs i nema da mame pravo da se zalime
Najdobro e site da im gi udrime modemite v glava.Toa ke resi mnogo problemi.
mislam deka tuka reba da proraboti gradzanska neposlusnost nikoj da ne placa i tocka .Neka ne dadat site na sud,a ADSL-ot neka im stoi za ukras

Covek i ja koga go meram mi pokazuva deka e negde 245, nikad nad ova.

pero рече...

Јас мислам ... (значи постојам или...) дека треба да се организираме како здружение на потрошувачи или слично и како такво да купиме рекламен простор во сите домашни интернет портали на кој што ќе рекламираме колку е „добар“ нашиот АДСЛ. Ако нашата кампања успее во некаков степен тоа ќе значи намалување на бројот на потпишување на нови АДСЛ претплати кое што понатаму ќе го постави прашањето на газдите на МТ.нет зошто кога имаме монопол бројот на корисници не ни се зголемува? дали тоа ќе придонесе за нови подобри пакети? искрено се надевам да.
just my 2 cent's

Анонимен рече...

Што сте смешни. Зар навистина мислите дека ќе ја спуштат на 4kbs
Пресметајте сами ако 4 gb na 40 kb/sec = 28 часа, и наредните 29 дена
имате конекција со 4 kb/sec вие ќе спуштите + 10 gb.
МТшит велет дека додатни 512 mb се наплатуваат 175 ден + ддв,
За 10 gb тоа се 3500 ден + ддв = 4130 ден.
Нема да добиеме ништо повеќе од тие 4 gb, зошто тоа би било неправедно
за оние ко ко користат пакетот со доплаќање.
Не верувам дека ќе имаме интернет после тие 4 gb.

Анонимен рече...

Мое мислење е дека Старт пакетот треба да има лимит од 4GB, 10GB за МАКС пакетот итн. Не знам со кој памет МТНЕТ даваат пакет со 512МБ лимит за 1500 денари (и тоа со 2 годишен договор)! Гледам луѓе кои врска немаат од оваа работа наседнале на финтава и ми викаат леле 24 часовен интернет за 1500 денари (зборувам за места каде нема кабелски) и сакаат да се приклучат :( , ги жалам навистина бидејќи не можат да ми веруваат кога им викам дека дека интернет провајдерот не мислел за тоа дека 512 може се премалце дури и за сурфање и ништо друго (на шалтер тоа сигурно нема да им го кажат)!!!
Мене лично лимитот не ми смета но мислам дека границата е смешна, замислете 4ГБ од можни 80ГБ а тоа е само 5% од потенцијалот на 384кбпс :(.

bezvrska рече...

Луѓе немојте се уште да ги раскинувате договорите зошто може да ви наплатат пенали. Наредниве два-три дена ќе се исконсултираме со правници како тоа може да се направи без плаќање пенали. Имаме добра законска основа за ова, а ќе гледаме да се изврши и дополнителен медиумски и политички притисок врз Телеком за истото.

Слично како што објавивме приговор за промената на цената и начинот на тарифирање, ќе објавиме и правно упатство за бесплатно откачување од МТ. Hang on.

Анонимен рече...

2 nedeli istoto go ovtoruvate a rezultati??? NEMA!

Darko рече...

Mamu im ebam, jas mislam deka treba site da gi raskineme dogovorite bez plakanje nikakvi penali i gotovo, posle koj gi ebe neka ne tuzat ne ni mozat nisto na tolku luge!!

Анонимен рече...

Anonymous said...

2 nedeli istoto go ovtoruvate a rezultati??? NEMA!

Резултати ќе има ако сите се ангазираат да направат нешто, а не да се чека нешто конкретно од бојан, безврска итн. Значи апелот е на пример кога се испраќаат мајлови сите да го прават тоа, а не само да се доаѓа тука да се види што има ново.

Анонимен рече...

ja samo da si kazam deka ja prakav e-mailovi, i od dojce telekom mi gi vratia kako spam, drugite si stignaa na mesto.

ama u pravo ste koga vikatea deka site kecame od osnovacite na sajtov.

Александар З рече...

Си играв малку со news.google.com, уфрлив АДСЛ како критериум за
пребарување и ми го даде ова:

http://www.metamorphosis.org.mk/eng_vesti_detal.asp?id=481

како 3 линк во списокот.

Имаше и уште една интересна вест - Чешки Телеком има 220 000 корисници
на АДСЛ (http://www.praguemonitor.com/ctk/?id=20051012E01985;story=Telecoms-ADSL-connections-double-this-year)
- од кои 60 000 само во Прага (според http://www.prague.cz/aboutp.asp,
Прага има 1,21 милион жители од вкупно 10,28 во Чешка - 10% од
вкупното население живее во главниот град), што значи ~5% од
Пражаните, наспроти ~2% од вкупното население во Чешка користат АДСЛ.
Мали проценти, ама тоа се само оние што плаќаат „услуги со додадена
вредност". Вкупниот број на корисници на
Интернет изнесува, според истата статија (можно е -100 000, ако се
дуплираат мобиљките со АДСЛ) 1 120 000 - нешто под 10% од населението.

Споредба со Македонија? Ај, ако може да се прави :)

Според ЦИА (http://www.cia.gov/cia/publications/factbook/geos/mk.html)

Македонија има 2 045 262 жители
Скопје има ... милион луѓе зиме (според извесни проценки) и макс.
200.000 лете. Да земеме 500.000 отприлика.
Корисници на интернет (пак според ЦИА) - 100,000 (во 2002) тоа е 5% од
населението - има простор за ширење, ама кој да го искористи ;).
Телефони - 560.000 фиксни линии (сите се на Телеком, нели). Значи -
~18% од нив користеле дајал-ап.
Мобилни - 830.000! Ова ќе стане милион многу брзо. Значи, 40% and
rising! Мобилен интернет во Чешка имаат 200.000 корисници. Кај нас?
Космофон пред месец-два почна да дава пристап (со 10 мега бесплатни и
едно око и бубрег за секој нареден мегабајт)
АДСЛ користат 7300 лица (со потпишани договори) или 18500 (според
бафтана проценка на Телеком)
Во проценти? Нешто под 1% од населението. Во Скопје е уште
покатастрофален процентот, ако се спореди со Прага.

Чуму бројкиве?
Па за бизнис-планот што треба да им го предложиме на телеком - да
воведат бесплатен дајал-ап (да се плаќаат само тел. импулси) и 200
посто повеќе корисници на АДСЛ за една година, ако имаат малку акал (наместо да им се преполови корисничката база за 50 и повеќе посто, како тргнале).

Замислете им го само бизнис-планот за 2006-та (под услов да не им доаѓа памет). 1-ва цел: освојување на АДСЛ-пазарот и 500% зголемување на бројот на корисниците (значи, да имаат 500 корисници на 31.12.2006 во споредба со 1 (еден - на што ќе спаднат ако продолжат вака) на 1.1.2006 :)

Анонимен рече...

Dali nekoj znae na kolku vreme se menuva sostojbata na brojacot. Siminjam vece 20 minuti sostojbata mi e ista. Na kraj ne znam sto ke pokaze. Dali ova ke bide i sto so onie 4GB pa na kraj ke mi bide 5GB i ke moram da doplatam 350 den + DDV.

koskar рече...

Dali nekoj znae koj e Vortex sto ima ostaveno interesen post na wifi onnet forumot?

Vortex, ako go citas ova, te molam postiraj go istoto ovde....

@site,
ako ne vi se ceka, trk na wifionnet na forumot na zalbi i pofalbi.

super post :)

DTE рече...

Да, браво за Vortex. И супер понуда исто така :)

Dr. Philem0n рече...

Ајде да си играме со бројките уште малце:

СПОРЕДБА НА ADSL ЦЕНИ:

(во предвид се земени брзината на конекцијата, лимитот - ако го има, другите ограничувања, цената на опремата, и конечно, самата цена на пакетите претставена како процент од Бруто Национален Доход по глава, за секоја држава соодветно):

http://www.hellkom.co.za/research/adsl2.htm

Најобјективно, судејќи според горниов линк, препораките до нашиот Телеком се следниве:

- треба да се воведе апсолутен flat rate пакет, ако треба и по поголема цена од постоечкиве, но не поголема од 25% од бруто националниот доход;

- доколку и постои смалување на брзината по истекот на дадениот лимит, истиот треба да се однесува само на интернационалниот интернет сообраќај, никако и домашниот!;

- за да се осигура целосна доверба и транспарентност во работењето на компанијата, конекцијата треба да биде дефинирана спрема телефонски број, а не спрема username & password, затоа што така се остава простор за разноразни манипулации. Во контекст на ова и воведувањето статичка IP адреса;

- лимитот од 4 GB не е разумен, истиот треба да се помести на 20 GB за Max ADSL и соодветно на тоа за останатите пакети;

- цените кои ги наплакјаат за опремата (модемот и сплитерот) исто така не се разумни, без оглед на тоа што сме апсолвирани од истите при склучување на договор за определен период, видовме на што се сведуваат договорите со Телеком;

- во пакетот за ADSL треба да следува еден бесплатен dial-up приклучок, при што ќе се наплаќаат само телефонските импулси.

Еве, како што тие се грижат за благосостојбата на нивните корисници, така и ние се грииме за профитот и пред се добриот имиџ на нашата омилена компанија.

Срдечни поздрави и многу успех во работата.

Гоки рече...

Ако го ѕирнете хрватскиот АДСЛ, ќе видите дека за 1990 месечно (сосе ДДВ) добиваат 10ГИГА. Мислам дека и ние би требале да побараме нешто такво.

Значи, ајде да се обидеме да ги „заиграме“ Телеком да го отворат ќесето.

Кога даваат земај, кога бегаат - тепај!

Анонимен рече...

Александар said:
Замислете им го само бизнис-планот за 2006-та (под услов да не им доаѓа памет). 1-ва цел: освојување на АДСЛ-пазарот и 500% зголемување на бројот на корисниците (значи, да имаат 500 корисници на 31.12.2006 во споредба со 1 (еден - на што ќе спаднат ако продолжат вака) на 1.1.2006 :)


500% значи 5 пати повеќе што би се рекло 5 нови на секој 1 постоечки корисник

Анонимен рече...

ima edno programce DUMETER -za download merac ali nema veze zo ova ADSL brojacov,neznam dali e verodostojno.

zzz рече...

ovie se stvarno totalno mrdnati od MTNet ...jebes dialup 56kb..mislam ne zaebavaj...so sme nie kazahstan!

Анонимен рече...

Хрватите(и на нив им е газда Deutche Telecom) даваат и FLAT RATE за:
- 46 евра(со вклучен ддв)за
384/64 kb/s
- 63 евра(со вклучен ддв)за 768/128 kb/s
- 84 евра(со вклучен ддв)за 1536(1МБ)/192 kb/s
Па сега чичкото од МТ нека дојде и нека кажува како никаде нема интернет без ограничувања и како они имаат најбољи интернет у регионов

Анонимен рече...

Mozda treba da koristime Gulabi kako tarnsfer.
I toa e mnogu pobrzo.....
Mozda zelki???

Анонимен рече...

Само незнам кога ке се офарбаат у розево(T-Com) дали нешто ке се смени (чисто сумњам)

zzz рече...

nema poenta ni logika da plakas 2.300 den. za dial up

Анонимен рече...

Onnet vece placa za svojot backbone link, a dava privremen besplaten wifi. Isto ima lapnato golemi pari od USAID za "povrzuvanje" na shkolite vo Makedonija (www.mkconnects.org).

Zoshto togash ne go deklasiraat Mtnet so ponuda za obicni korisnici kako shto e na primer predlogot na Vortex (http://wifi.on.net.mk/node/2#comment-51)??

Odgovorot e jasen: si imaat spogodba so Mtnet za podelba na trzishteto!

Александар рече...

NIKADE VO DOGOVOROT NE SE SPOMNUVA NAMALUVANJE NA BRZINA NA NIVO NA DIAL-UP! OVOJ PAT STVARNO PRETERAA I TREBA DA GI TUZIME... OVA MADZARIVE NE SE KO SO TREBA, ILI MISLAT OVA DEKA E BURKINA FASO?!? 2.400 DENARI ZA 1 KBPS DOWNLOAD NEMA TEORETSKI SANSI... DOLE MT!

ShadoW рече...

ОК прво честито за победава (леле колку каснам, го положив ЕБАНИОТ испит и сега неможам да постигнам со читање на коментариве, луѓе многу пишувате, а тоа е супер)........ значи ни тргна.... ај наздравје и nick си турив (ама ич не било тешко :)))) .... ова со намалувањево брзина sucks... ке го средиме и тоа.... keep up the good work ;) .......

Анонимен рече...

Mnogu se downloadiralo?!?!?!

Breee,... ete jas ne kidam od net, ali pak za toa koristam Skype i web-cam. Tie dva servisa neprifatlivo rabotat na dial-up, a jadat trafik.... GOVEDA provajderski!!!

jozo_boy рече...

Pa morame nekako da gi spustime, da vidat so mozime!! Za revolucijata napred!!!

mk! рече...

Mislam deka mozime da gi skinime so toa sto vo komentarite na idividi ke gi preplavime so tekstovi protiv niv vo angliskata verzija koja ja citaat mnogu stranskite mediumi, a i vo makedonskata da im isprakjame komentari bez razlika shto vest e, a so toa gi educirame i idnite korisnici, a i ja zasiluvame kampanjata protiv mtnet. Kazete nesto za ova, dali e ok?

Анонимен рече...

Komentari isprateni na idividi preku ADSL ili Mtnet dial-up priklucok?!?!?!

No,no,... ne ide to tako!

Анонимен рече...

http://www.t1shopper.com/tools/speedtest/#M

na ovoj link mozite da najdite povekje testovi na brzinata na adsl-ot

Анонимен рече...

Во Струга веке имаме 3 корисници на старт АДСЛ...
Катастрофа

Луге,што ке правиме?

Злочко рече...

Не се секирај... после месец-два сами ќе се откажат. Некој од нив можеби пред да се откажат ќе прејдат на MaxADSL... ама ќе се откажат!

Него ако сакате да ги раскинете договорите, мислам дека може да им се направи финта. Претпоставувам дека ако се префрлите од Max на Start ќе треба да се потпише нов договор... а пошто се алчни за пари ќе се полакомат и ќе ви го „ресетираат“ тајмерот за истек на 1, те 2 годишниот договор на нула. :)) Епа посурфајте си малце.. потрошете ги тие 512MB со тоа што 10 пати ќе ја отворите idividi.com.mk и потоа идете и раскинете им го договорот... пенали?!? Why not... за некои 10 дена. :)

Горан рече...

Дечки од ЦеКа овде... би сакал да ве замолам да се распрашате кај вашите извори што ќе се случи со тие кои пратија изјава дека не се согласуваат со новите услови и затоа го раскинуваат договорот.

Дали сеуште важи таа изјава па ќе ни го раскинат договорот или сега е пу-пу не важи па никому ништо.

И да не треба да ја повлечат изјавата оние кои сепак сакаат да продолжат со користење?

Ви благодарам.

Анонимен рече...

Jas fino lepo go ponistiv baranjeto za ADSL uste pred da mi go stavat :)),se spasiv od stresovi za vo idnina blagodarenie na Revolucija;POZDRAV!!A onoj Atila Hunski treba da se proglasi za persona non grata!!!!

zumbazum рече...

Дечки треба да продолжиме со притисокот , да удриме на тоа дека сопственикот на Матав т.е Т швапското во Хрватска дава за 50 евра флет рејт а за МТ малце радикална антиреклама
Да ја известиме ОПМ за состојбата подетално ,па врз основа на тоа нека излезе со соопштение до јавноста дека мерачот не е нигде баждарен со тоа и невалиден и дека системот со јузер нејм / пасворд е тотално небезбеден и додека повисоките инстанци во државата не се произнесат по тоа прашање не им препорачува на потенцијалните корисници склучување на договори .Како второ некса ги предупреди потенцијалните корисници добро да го прочешлаат договорот бидејќи според поплаките на повеќе од 35% од постоечките корисници договорот е нејасен и штетен по корисник . Ако вакво соопштении излезе па макар и ја го платил у дневен весник да видиме кој че се нафати

Гоки рече...

Кампања, браќа, КАМПАЊА. Само така заедно ќе можеме да ги средиме. Знаете за Давид и Голијат.
Математиката е проста:
1 Голијат = 200 Давиди, ОК,
но 500 Давиди > 1 Голијат.

Значи, само заедно, и во што поголем број... Но, некој треба (неполитизирани луѓе) да ја развива стратегијата.

Е да, идејата со здружение е одлична.

Анонимен рече...

Само да знаете: Телеком има такви цени какви што има не затоа што е продаден на Матав или Дојче Телеком, туку затоа што е сеуште МОНОПОЛ. Затоа не фрлајте дрва и камења по матав и дојче телеком, туку по тој што за соодветна дивиденда им овозможил да бидат монопол!

Bojan рече...

Луѓе, избегнувајте политички коментари и спомнување имиња на членови на политички партии, затоа што точно сите знаеме кој е крив за тоа што е продаден телекомот, како и тоа кој е крив што се уште е монопол. Сите се криви, и сите се подеднакво големи ѓубриња. Доста веќе со политика...

Bojan рече...

(последниот коментар се однесуваше на еден коментар што го избришав... го разбирам револтот, ама да ги оставиме нив на страна, бидејќи и онака до сега само ни одмогнале...)

bozint рече...

Edno prasanje?

Treba li sega da idam u mtnet i da kazam na koj paket sakam da bidam, (da ne doplakjam) sega za sega ne raskinuvam dogovor (ne planiram da plakjam).
Da ne mi dojde nekoja cifra u dekemvri pa da kolam posle.

A za 56 kbps e stvarno sramota.

Bojan рече...

Според она што го пишува во мејлот што (се надевам) сите го добивме на @мт.нет.мк адресите, по дифолт си останува неплаќањето екстра, т.е. намалувањето на брзината, а АКО сакаш да нема намалување на брзината, ќе мораш да реагираш во салоните на Телеком за да те префрлат на пакетот со екстра плаќање.

bozint рече...

Fala Bojan, prodolzete so rabotata ve podrzuvam 100%, ako treba pak da se plakjaat mailovi ili slicni raboti kazete.

Pozdrav

Анонимен рече...

Браво дечки, само така продолжете..на курвинската политика која ја води Мтнет треба да се одговара оштро

Раде рече...

Не доагаат во предвид никакви пенали..ке ги тужиме сигурно и ке бараме голема оштета..како на запад..тужбата треба веднаш да им се стегни за нечесни одредби или нешто слично
Поздрав до сите