19 октомври, 2005

„Што знаеме?“ и „Што можеме да направиме?“

Двете најчесто поставувани прашања последниве неколку дена...

Што се однесува до тоа „Што знаеме“, најкраткиот одговор е „Не сѐ, но доволно“. Првин, што не знаеме:
  • Дали АД „Македонски телекомуникации“ ќе наплаќа пенали на оние што сакаат да ги раскинат договорите;
  • На која брзина ќе се намалува протокот при пречекорување на „лимитот“;
  • Колку луѓе би раскинале договори ако се оди на раскинување договори.
А што знаеме?
  • Договорите содржат нечесни и (најверојатно) незаконски одредби;
  • АД „Македонски телекомуникации“ телефонски врши притисок, а воедно и ги застрашува своите корисници со „наплаќање пенали“ ако го раскинат договорот;
  • АД „Македонски телекомуникации“ нема одговорено писмено на приговорите што се поднесени од страна на корисниците во врска со проблемите кои произлегуваат од првата точка на „А што знаеме?“ списокот;
  • Во телефонските јавувања од вработени во АД „Македонски телекомуникации“ во последните неколку дена се наведува дека приговорите се уважени, без притоа да има одговор на кој и да е дел од приговорите (проблемот со промената на тарифирањето, т.е. наплаќањето по количество остварен сообраќај беше само мал дел од приговорот);
  • Информациите што ги даваат вработените во АД „Македонски телекомуникации“ во врска со брзината на која ќе биде намален протокот по надминување на „лимитот“ се, во најмала рака, хаотични, непрецизни и, во некои случаи, непостоечки;
  • Тоа значи дека тоа намалување на брзината на протокот може да биде од 384kbps, па сѐ до 1kbps;
  • Дури и намалувањето на брзината да е специфично одредено, избрзаните промени во пакетите и Договорите во ваква форма каква што се, им дозволува утре да направат нови промени, кои може, а може и нема да им одговараат на корисниците;
  • Намалувањето на брзината на ADSL приклучок не може и не смее да се продава како broadband пристап на интернет;
  • АД „Македонски телекомуникации“ смета дека проблем со нив и нивните услуги имаат само „пирати“ и оние што делат една линија;
  • Иако е, најверојатно, точно дека има „пирати“ и такви што се повеќе од еден приклучени на една линија, постојат надлежни институции на кои им е обврска да спречуваат „пиратерија“, како и начини како да се спречи приклучувањето на повеќе од еден корисник на една линија.
Сигурно некој ќе се сети на уште работи што ги знаеме, па ќе ме потсети во коментарите на овој пост.

„А што може да направиме и што се прави во моментов?“
  • Државниот пазарен инспекторат го разгледува договорот и ќе се произнесе деновиве со решение по повод секои евентуални незаконитости во договорот (тоа не значи дека АД „Македонски телекомуникации“ ќе решат да го испочитуваат решението);
  • Информирање на што е можно повеќе постојни или идни корисници за хаосот што настана од 30.09.2005 па наваму;
  • Информирање на медиуми, како домашни, така и странски (во моментов работиме на странските медиуми, а сме во горе-долу постојан контакт со македонските медиуми);
  • Информирање на сопствениците (меѓу кои и Владата на Р. Македонија) на АД „Македонски телекомуникации“ за тоа што се случува;
  • Анимирање на државните институции (знам, и јас не ги сакам, но ако можат да помогнат, ќе им годи на имиџот);
  • Активно учество во „партизанските акции“ за кои се зборува во коментарите на овој блог, координирани преку http://cudo.blogspot.com/ ;
  • Избегнување на вмешување на политички партии (институциите на власта не се политички партии);
  • Предлози и сугестии за сето она што може да се направи, а е заборавено или изумено во овој список.
Во моментов се води битка да не се наплаќаат пенали на оние што ги раскинале договорите или поднеле барање за нивно раскинување до објавувањето на новиот оглас на АД „Македонски телекомуникации“ во Средствата за јавно информирање.

Опции за оние што имаат поднесено само приговори има две. Или да продолжат со користење на услугата, таква каква што ќе биде - осакатена, или да го раскинат договорот. Меѓутоа при раскинување на договорот ќе бидат пресметани пенали, кои ќе ви стигнат на телефонската сметка (иако е можно да се обидат да ви ги наплатат на лице место). Тие пенали можете или да ги платите, или да не ги платите и да чекате судски да се обиде да ви ги земе АД „Македонски телекомуникации“. Како што некој имаше кажано во коментарите, тоа ретко (ако воопшто) се случува, освен за сметки за кои им се исплати да ги протуркаат на суд (Имајте на ум дека не ви давам совет, туку само ги изложувам сите опции. Што ќе одберете останува на вас.).

Во меѓувреме, треба да се најде некој што поднел барање за раскинување договор или го раскинал договорот минатата или предминатата недела и да оди во Државен пазарен инспекторат за да може да се разгледаат опциите за „Што со пеналите“.

Како ќе има нови (разумни, ненасилни) предлози (во коментарите), ќе бидат истакнувани тука.

28 коментари:

reject рече...

Treba da pocneme emailovi do AED da prakame i da im kazeme kakva katastrofalna ni e situacijta so internetot tuka, a ne da mi pisuvaat 95% od populacijata na makedonija sea moze da uziva wireless internet.

Znaev рече...

Mozno e mteb da ne go aktivira namaluvanjeto na brzinata. Se dodeka ne smislat novi ceni (paketi). A za nenaplakanje na extra po MB ne e problem zatoa sto nema da ima takvi.

Zarko рече...

Ona sto e mozno e mozno. Ne znaeme sto oni ke napavat. Zatoa koncentrirajte se na ona sto nie moze da napravieme. Znaete kako e vojska zboruva za skratuvanje na voeniot rok, ucenicite za dodaten raspust ama i ednoto i drugoto ne doadjaat. GI MOLAM SITE KOI IMAAT NAMERA DA NAPISAT NESTO VO STILOT MOZEBI NEMA DA NAMALAT ILI NEMAAT SO STO DA NAMALAT ILI NE IM E TOCEN BROJACOT, DA NE PISUVAAT. Se iznacitavme milion takvi postovi i mislam deka e dosta. Sto se odnesuva do penalite tie se 1000 denari plus ddv znaci 1180 denari mesecno. Taka da sekoj moze da si gi izracuna. Toa e se. Ne moze da vi naplatat za besplatna instalcija nitu za nisto drugo bidejki samite gi limitirale na razlikata pomedju povlastenata cena i normalnata cena. Mislam deka treba da se koncentrirame na otkazuvanje na dogovorite. Za toa ne vi treba nikakva pricina. Prethodno bi trebalo sekoj od nas da se potrudi da najde sto povece mejlovi od ludjeto vo Deutche telecom, Matav no i do drugi organizacii od evropska unija a oni koi go sostavija prvoto pismo da napisat uste edno koe ke se prevede na angliski i dvete verzii ke se pracaat zaedno. Po mene vo pismoto mora da se navede kolku toa MTNET ni dava i da se objasni sto toa znaci. Kolku od toa ke odi upgrade na software, kolku na citanje stranici i surfanje. Obicniot korisnik na zapad na koj mu e normalno da nema ogranicuvanje na internetot i nema pojma sto toa znaci. Zatoa treba da im se naslika. Gi molam site koi mozat da dadat pridones vo edno takvo pismo so provereni podatoci da pacaat informacii na blogot vo narednive denovi kako bi mozelo da se sostavi izdrzano pismo koe ke se praca sekade, EU, OON, OSCE itn itn

Zarko рече...

Da ne zaboravam toa povtorno i na nasiot vrv mora da go pustime vo isto vreme so site drugi

Анонимен рече...

Prasane u tekstot stoi," uslugata ja koristat pirati"

u koj kontekst se misli pirati?

Zarko рече...

Samo za vasa informacija Microsoft na 14 i 15 oktomvri imase 10 updejta. Zamislete sega da im tekne SP3 da napravat, kolku toa soobracaj ke vi zeme od tie 4gb.

SwordSman рече...

Veke im teknalo :), ima SP3 beta ako sakas da ja simnes (ne go pamtam linkot ama preku google go najdov)! Krajnata verzija na SP3 za XP MS veli deka ke izleze zaedno so VISTA, znaci vtorata polovina na 2006!

Bojan рече...

Пирати = Луѓе што заработуваат од музика/филмови симнати од интернет.

Анонимен рече...

pa j simnuvam filmovi i muzika, po definicija ja sum pirat, iako ja ne gi preprodavam ili pak ostvaruvam nekakva zarabotuvaceka od toa.

PS: Ne im stoi niv vo reklamata, adsl za simnuvane muzika i filmovi?

Bojan рече...

Пак ќе кажам: Заработувачка, колку и да е мала, од филмови и музика симнати од интернет те бележи како пират, во мојот тефтер. Има луѓе од „металската“ интернет заедница (мкМетал) кои, буквално, делат музика на оние што немаат АДСЛ. Без да земат денар за тоа.

Анонимен рече...

Не се секирајте дечки. Сега ми се јави теткицата од MT-Net и ми кажа дека брзината од први ноември ќе биде намалена на 20 MB. Не бита, не кила тука МегаБајти.

Хахаххахахаххахааа, неможев да издржам....хахахахаххахахахаххааххаа

поздрав

Dr. Philem0n рече...

Broaband интернет за мене значи слобода. Слобода да се прави она поради која е ставен уште од почеток. Било да е тоа учење на далечина, било да е тоа аудио-видео конференција помеѓу луѓе кои поради приватни или професионални причини се наоѓаат на големи географски далечини, било да е изработка и следење на разновидни мултимедијални програми кои во денешно време се достапни на (а понекогаш и само преку) интернет, следење на online телевизија и радио, размена на големи фајлови или какви и да било други податоци... изговорот дека брзината се намалува поради пиратерија и авторски права е благо речено мизерен и ги навредува сите корисници, без исклучок. Загрозена е нашата слобода, и тоа буквално.

Анонимен рече...

vo tekstot pisuva:
Намалувањето на брзината на ADSL приклучок не може и не смее да се продава како broadband пристап на интернет;

mislis na dial up internet ?
pozdrav

SwordSman рече...

Vaka, piraterija se kaznuva spored zakon (ako ima takov kaj nas) a ne od MTNET :) niv treba da gi interesira brzina/kolicina na podatoci i sve sto e vrzano so kvalitetot na konekcijata koja ja nudat a ne konkretno STO siminjame od internet i za sto toa go koristime! a kolku za piraterija nemora da go preprodavas filmot ili slicno tuku dovolno e da si go simnal od internet bez ovlastuvanje od avtorot! Piraterija znaci krazba na softver, t.e. ne go kupuvas tuku "nekoj" koj nema avtorizacija da go distribuira ili preprodava ti go dava preku internet!! Ama pak ke kazam NEMA VRSKA OVA SO MTNET ili bilo kakov internet provajder I NE TREBA DA GI INTERESIRA NIV, provajderite gi limitiraat P2P programite (kako emule, torrent itn.) bidejki konzumiraat mnogu bandwidth a ne deka se koristat za simnuvanje na ilegalen softver...

Анонимен рече...

Potpolno se slozuvam /a veruvam i mnogu drugi/ so Dr.Philem0n. Od G-in S.

Анонимен рече...

Deckoto e od NL pa videte sami sto kazuva za nasiot internet, a sto i kakov e negoviot ....

- says:
government pays
Aleks - OUT says:
what they pay ?
- says:
1000 euro p/month
Aleks - OUT says:
why they pay ?
- says:
money
- says:
else we cant live
- says:
no food
- says:
lol
Aleks - OUT says:
ur parents dont work ?
- says:
no
- says:
50+
Aleks - OUT says:
1 work 1 dont work
- says:
bolth dont work
Aleks - OUT says:
1000 for here is very much
- says:
here not real
- says:
if somebody work he earn 2500$ +
Aleks - OUT says:
lol
- says:
cuz only hire is about 300 euro
- says:
:\
- says:
dont own house
Aleks - OUT says:
here my father earn 340 euro
- says:
soon lol
- says:
yea but its good for ur country
- says:
some country doctor earn 200 euro
- says:
:O
- says:
but its cheap there
- says:
here its not
Aleks - OUT says:
i will come and live in nl
Aleks - OUT says:
how u pay for internet ?
- says:
32 euro
Aleks - OUT says:
unlimited ?
- says:
yep
- says:
its fast
- says:
not real fast
- says:
but its not slow
Aleks - OUT says:
how fast ?
Aleks - OUT says:
512/256 ?
- says:
dunno sometime I download about 400kB p/s
Aleks - OUT says:
loool
- says:
bro thats realy bullshit man
Aleks - OUT says:
loooooool
Aleks - OUT says:
it's very fast for here
- says:
in turkey 512 downloads with 10kB
Aleks - OUT says:
i'm dl with 38kb
Aleks - OUT says:
more never
- says:
I download 100kB + with torrent
Aleks - OUT says:
lol
Aleks - OUT says:
crazy\
- says:
how much u pay
Aleks - OUT says:
31 euro
Aleks - OUT says:
for 386/128
Aleks - OUT says:
4gb limited
Aleks - OUT says:
but they remove the limit now
Aleks - OUT says:
but when u will download more than 4GB they will give you slow line ...
- says:
man they rape u
- says:
:S
Aleks - OUT says:
very
- says:
in uk
- says:
20Mb downloading p/s for 21 pound
- says:
man
- says:
lol not 20Mbit
- says:
20Mbyte
Aleks - OUT says:
w0w :))

stand-by рече...

Ako pazarniot inspektorat gi potvrdi zakonskite prekrshoci vo dogovorot, togash toa mu doadja kako "pecat" za raskinuvanje na dogovorot.

Pri raskinuvanje ce treba da se podnese izjava vo koja ce se citiraat zakonskite prekrshoci (koi gi ima vo orginalniot prigovor), izjavata na pazarniot inspektorat i clenovite od "Zakonot za Obligacioni Odnosi":


Clen 92

Vo slucaj koga dogovorot e sklucen spored odnapred otpecatena sodrzina, ili koga dogovorot bil na drug nacin podgotven i predlozen od edna dogovorna strana, nejasnite odredbi ce se tolkuvaat vo korist na drugata strana.


Clen 95

(1) Dogovorot koj ne e vo soglasnost so Ustavot, zakonite i dobrite obicai e nishtoven, ako celta na povredenoto pravilo ne upatuva na nekoja druga sankcija ili ako so zakonot vo opredeleniot slucaj ne e predvideno neshtto drugo.


Clen 96

(2) Ako dogovorot e nishtoven poradi toa shto spored svojata sodrzina ili cel ne e vo soglasnost so Ustavot, zakonite i dobrite obicai sudot moze da go odbie, vo celost ili delumno, baranjeto na nesovesnata strana za vracanje na ona shto i go dala na drugata strana, a moze i da odluci drugata strana ona shto go primila vrz osnova na zabranetiot dogovor da i go predade na opshtinata na cija teritorija taa ima sedishte, odnosno zivealishte ili prestojuvalishte.


http://www.mlrc.org.mk/ZAKONI/Z2001054.htm

Анонимен рече...

vaka...za brzo vreme MTNet ke vovede nov model na limit-na primer posle pominati 6 GB za paket od 4 GB brzinata se sveduva na 0.
e toa e!fakticki,posle 10 dena pominati na net korisnikot ke ostane bukvalno bez net at home(ova stvarno od doverlivi izvori i e dovolno seriozno za razmisluvanje)

pero рече...

Охх камо таа среќа да воведе такво нешто... тогаш мислам дека сите сме согласни да го исклучеме АДСЛ-от заедно со телефонската сметка без грижа на совест дека треба да се платат пенали и такви глупости. Ако ова што го вели последниов пост е вистина ... ко ќе слушнам официјално за таа работа вервајте само ќе се насмевнам и ќе го раскинам договорот и ќе си ја запеам „Perfect Day“.

p.s. сите примеси на цинизам се сосема случајни.

Анонимен рече...

Pozdrav
Za Bojan , koj kaza deka piraterija e simnuvanje na filmovi i muzika od Internet i preprodavanje na drug....
Bi go potsetil nego i drugite za ova deka piraterija e SEKAKVO "simnuvanje" i koristenje
na bilo kakov softver koj se koristi na nivnite kompjuteri , a pritoa ne se plateni nikakvi avtorski prava...
Bi go prasal Bojan dali ima licencirana kopija na Windows, office , arhiveri , view-eri i se ' ostanato sto koristi na negoviot kompjuteri.
I samiot ke odgovoram : NEMA ...
I zatoa neka ne drzi predavanja za toa koj e pirat, akoj ne e..
JAS SUM PIRAT po negovata definicija, zosto simnuvam i KUPUVAM filmovi i gi prodavam na drugi, kako i vprocem cela Makedonija so DVD-teki i ostanati videoteki i avtopazari..
Najdete edna ORGINALNA kaseta koja se IZNAJMUVA vo nekoj DVD-klub.Orginalna , a ne kopija na orginalnata, zosto po zakon moze da se iznajmuva samo orginalot , a ne negovata kopija...
So akcijata bev od samiot pocetok, isprakav e-majli do site sto gi znam , moi musterii , i pritoa trpev navredi od tipot " taka vi treba zosto simnuvate filmovi " , no mene mi e bitno deka jas plakam za nesto , a moja rabota za sto ke go koristam, dali za filmovi , muzika ili dr.
Ako i ovaa poraka se izbrise ( kako i prethodnite dve ) togas ke ostanam samo so sledenje na ovie poraki na blogov i gorko cuvstvo na cenzura...

Zvonko , PIRAT
P.S. Zopsto ne mozam da se prijavam na blogov???

Анонимен рече...

toa so limitot koga nad 6 GB(so paket od 4 GB) brzinata se sveduva na 0 kako informacija e dobieno od vraboten vo MTNet koj najdobronamerno mi kaza kakva dubara ni podgotvuvaat MTNet i stvarno pogolem del od korisnicite koi ke ostanat pri dogovorite ne se ni svesni kakov sok gi ocekuva-monopolot ceka da se spusti prasinata okolu frkava i posle na site kolektivno ke ni go nacuka u g.. RAZMISLETE!!!!!!!!

daywalker рече...

До претходниот анонимус...

Колку те плаќаат господата од он-нет за вакви небулози?

Анонимен рече...

backo, ako sakas ne moras da veruvas,na kraj kraeva i nikoj ne te tera da veruvas....macedonian reality

Bojan рече...

Звонко, за твоја информација, немам никаква верзија на Windows. Веќе година ипол сум ексклузивно на Linux. Немам dual boot затоа што немам Windows. А се што имам на машинава е open source софтвер.

Мојот став е дека уметноста (филм, музика, што и да е) им припаѓа на сите, дури и на оние што не можат да си дозволат да ја платат (посебно имајќи предвид дека 90% од тие пари одат за компаниите, а не и за уметниците).

Твојот пример со DVD-теките е, во најмала рака, невкусен. Пред се затоа што тоа е сосема друг муабет. Но ако почнуваме, тогаш 98% од тие DVD-а не се ништо друго туку конвертирани DivX-и. Оние што не се се Screener-и, а „преводите“ се бизарно очајни. Затоа не ми продавај муда за бубрези, а посебно не DivX-и. Барем не на блогов. Затоа и ти се избришани коментарите (твоите и на Гусар).

Анонимен рече...

Pozdrav Bojane
Ne bea moite komentari za nekakvo si reklamiranje na filmovi na blogov ( toa ne si go dozvoluvam , si imam strana za toa ) tuku bea za nasava rabota so ADSL-ot.
Prvata poraka ne e snimena , no vtorata , vo koja prasuvam zosto mi e izbrisana prvata ja snimiv zaedno so drugite komentari od blogov.Po nekoe vreme , kratko , ja snema i nea.
Se soglasuvam so tebe za piraterijata, iako zvuci kako eftina demagogija, bidejki go prodavam istoto...
Celata poenta mi bese deka ne treba nikoj da go zasega za sto jas go koristam ADSL-ot.
Tolku za toa .
Samo edna rabota okolu tuzbite prema MT.
Jas rabotev pred 11 godini vo MT, ottogas sum privatnik , firma za odrzuvanje na telefonska oprema imam, i mnogu ranoti znam za MT.
Megudrugoto sum bil i na nekolku vestacenja za zlouptrebi na telefonskite broevi , pa ti stigaat smetki nenormalni.
Iako sekoe moe vestacenje na sud bilo vo korist na strankata, bidejki telekom moze ( negovite vraboteni ) da ja zloupotrebat necija linija koga sakaat i kade sakaat, nitu edna , povtoruvam NITU EDNA tuzba ne bese resena vo korist na strankata.I jas samiot imam plateno takva smetka.

Toa e se' od mene.
Pozdrav , prodolzete so borbata, a jas ke pomagam kolku mozam...
Zvonko
P.S. Te prasav zosto ne mozam da se prijavam na blogov?!
Probav nekolku pati , no me "otkacuva".Ke "odam" kako ANONYMOS , no so moj potpis..

Анонимен рече...

I jas samiot imam plateno takva smetka.

A da zemesh i da go dokumentirah celiot tvoj clucaj, zaedno so skenirani dokumenti?

Isto moze i da dadesh opis na tvojata rabota pri vestacenje i samat rabota na sudot pri takvi slucai.

The Computer Guys рече...

Yo, you have a Terrific blog here! Lots of content means more readers, more readers means more Sales!
I'm definitely going to bookmark you!
I have a file repair window xpfile repair window xp site/blog. It pretty much covers file repair window xp Problems with your Windows Xp Computing !
Come and check it out if you get time We are just a Click Away ! :-)

Анонимен рече...

That sounds great, but I've seen very different opinions of aed history