21 октомври, 2005

Да ги преброиме забите на коњот

Како што знаете Телеком страшно се грижи за своите корисници, па затоа ангажира вработени да чмаат по блогови и да следат кој, што, како рекол. Еден од ваквите пациенти се огласи со коментар.

За ограничувањето на брзината „Марјан Т.“ вели:
"Би сакал да ги демантирам неточните податоци дека се спрема лимитирање после 5 или 6 гигабајти. После намалувањето на брзината нема повеќе лимити, ќе можете да симнете колку што ви обезбедува таа брзина (64к/32к)."
Одлично! Имаме нова бројка во низата бројки со кои не лажеа деновиве. Ќе видиме дали оваа ќе остане на сила и утре. До сега добиените одговори се движат од 0 (нула) па се до 128 kbps. Ништо од ова не наликува на „супер брз интернет“.

За нивната инвентивна маркетинг стратегија со која привлекуваат нови муштерии Марјан Т. вели:
„Раскинувањето на договорите нема ништо да смени, колку што ќе раскинете толку нови луѓе ќе добиеме."
Епа луѓе раскинувајте договори за МТ да добие нови муштерии. Брилјантно! Нелогично, но брилјантно глупо! Типов заслужува Нобелова награда по економија.

„И би ве замолил еден од вас да ми посочи барем еден поповолен пакет од АДСЛ во државава. Зборувам за цена/можности."
Ајде сега искрено одговорете му на Марјанчо: со која друга понуда го имате тоа задоволство да ве е**т за ваши пари? Со која понуда треба да ги пратите огласите по весници за да не доживеете непријатно изненадување со сметката? Со која друга понуда ќе можете подобро да ги запознаете законите на милата ни држава и да дознаете како се спремаат приговори и тужби? Со која понуда добивате редовни закани со пенали и истерувачи на долгови? Со која друга понуда добивате во пакет и редовни телефонски малтретирања од типот:„Господине, дали го повлекувате приговорот?" Ма што ќе елаборирам, се знае - најдобри сте!

Ако ви текнува како при склучување на договорите не лажеа дека ќе се зголемувала брзината, ќе паѓале цените, слушнете го ова:
„Наскоро доаѓаат подобри времиња, подобри опции и подобри пакети и со тоа можности за префрлање од овие сегашниве ако не ви се допаѓаат."
Не бре, толку ни се допаѓаат што 20 дена збориме само за вашите пакети. Подобрите времиња ќе дојдат кога ќе се откачиме од вас.

„Тие што ќе раскинат нема да имаат начин да ги избегнат пеналите, ќе бидат наплатени преку Credit Express а со нив верувајте не би сакале да имате работа"
Ајде ги чекаме. И ова ли влегува во соодносот цена/можности на вашата понуда?

„Нека не ве лажат дека ќе ви поминат тужбите, договорот можеби има пропусти ама вие веќе сте го потпишале, тапшањето по рамо од недошколувани правници како овие што се појавуваат на блогов (најверојатно затоа што се незапослени и имаат вишок на слободно време) нема да ви помогне на суд."
Уф. Значи ако се пишманивте од новите цени со приговори напишани од „недошколувани правници“, што ли ќе направите ако за на суд земеме школувани правници? Тоа што договорите имаат „пропусти", таканаречени незаконитости, кажува дека правниците на Телеком се ептен, ептен, ама ептен школувани.

А ти Марјанчо што правиш на блогов? Кажа дека си „запослен", единствено останува дека имаш вишок слободно време. Мал совет: наместо да „чпиунирате" и да се заканувате по блогов, потрудете се да си ја средите малку понудата. Може тогаш нема да има потреба со „задоволните" корисници да се објаснувате по судови.

Заклучок: коњот е штрбав.

66 коментари:

Анонимен рече...

Некој ќе лета од Телеком. Само треба да се продолжи со исто темпо и посилно. Ширете, кажете на комшии/другари/пријатели, на тие што имаат адсл, немаат адсл, имаат компјутер, немаат компјутер. НА СЕКОЈ!

Само треба да се продолжи и полека ќе почнат да летаат глави. Капитализмот убаво функционира - кога ќе слушне Д2 за тоа што го прават овие ГЛУПИ, ПРОСТИ, НЕУКИ особи т.н. менаџери, маркетинг и продажба во телеком, ќе биде доста интересно.

Што се работи со сите закани? Редно време беше да се појавуваат тие на кои им гори под нозе, штом се закануваат значи се чуствуваат загрозени.

Уште една работа... се запрашувам кај се сите вработени од Телеком? Зарем и вие кутри неплатени души кои се посбособни и пообразувани од менаџерите на Телеком. Каде сте? Се жалите, но нигде ве нема? Кога ќе го покажете вашето незадоволство. Знам дека организирањето на масовно не идење на работа може да резултира во губењето на вашите работи, но доколку се жалите дејствувајте!

До вработените во Телеком:
„ВИЕ СТЕ СТОЛБОВИТЕ НА УСЛУГИТЕ НА ТЕЛЕКОМ. НЕ ТИЕ! БЕЗ ВАС ТИЕ СЕ ОБИЧНИ КЛОШАРИ! РАЗМИСЛЕТЕ...“

А, што се работеше до заканите... нема проблем. Марјан Т. одма некој ќе дознае кој си... и некој нема да ти ги прати Кредит Експрес, некој ќе ти ги прати Револвер Експрес. Поздрав до тебе.

Erase - The rules that are set there to keep you down!
Shout out - Your discontent, let your voice be heard!

Анонимен рече...

И Дојче телеком е исти курац само друго пакување, кај нив идат парите и од "Нашиов" телеком.

Сите се исти само народот е поинаков, затоа памет у глава, само со паметни идео може да се победат а не со пичкарања преку нет или закани.

Анонимен рече...

Слушнавте ли вести? Нашиов телеком дал позајмица на Дојче телеком од 20 мил ЕУР. Смешки во боја.
СЕГА МУ Е МАЈКАТА на сите странни се ебани со законот.

Clutch рече...

Се изнасмеав сеа. На Сител викаат дека од нашиот Телеком во Дојче Телеком се одлеале околу 20 милиони евра во вид на кредит, позајмица или нешто слично. Каде е сега Ковач и Марјанчо да ме убедуваат дека едвај заработуваат пари овие гомнариве. Бљак.

Volan рече...

slusnavte li na sitel 20.000.000 evra otidoa jabana nadvor od drzavata bez duri ni danok da platat...

Pa so kogo nie sklucuvame dogovori

Nasta Vlada i za pomalku od ova kleci na kolena pred MMF i Svetska banka

Fala i na narodna banka .

Ovoj podatok mi bese cel da go najdam od nivnite finansiski izvestai i presmetki.

Fala uste ednas na NB sto ni gi otvora ocite... so kogo si imame rabota.

Volan рече...

Inaku so ovie pari kolku sto znam jas treba da go kupat telekomot vo crna gora pa i niv da gi cicaat...

Bojan рече...

Anonymous said...
Сите се исти само народот е поинаков, затоа памет у глава


Токму така. Затоа викендов ќе има уште една, двојна партизанска акција за праќање мејл до Дојче Телеком и Германските медиуми. Токму затоа што народот е поинаков (во Германија имаат многу повеќе слободно време) и затоа што може да ги боцнеме дека и таму им се спрема слична работа, ќе кренеме доволно галама.

Bojan рече...

Со тоа што овие нема да бидат повик за помош, туку директни, обвинувачки мејлови.

Анонимен рече...

nemise veruva deka ke pomognata mejlovi treba direktno da se udri so antipropaganda na neprijatelot

Bojan рече...

Ќе биде добро ако специјалците за data mining ископаат мејлови на европски институции и нивни вработени/функционери.

Bojan рече...

Антипропагандата ќе почне во понеделник.

www.prespasky.com рече...

НА www.prespasky.com е ПОСТАВЕНА АНКЕТА:
На кој интернет провајдер најмногу му верувате?
1)Мт.нет
2)Он.нет
3)Мол
4)Сонет
5)не му верувам на ниеден!
Слободно ГЛАСАЈТЕ!

Toni рече...

izvadete mailovi na blogov i antireklamen materijal i ke prakame kolku sto mozeme od @mt.net.mk adresi se razbira

дте рече...

Дај кажете за шо треба адреси, па да бараме :)

Spion666 рече...

http://www.prespasky.com/ - анкетата е некомплетна и нема да гласам. Фалат провајдери, или во најмала рака фали "Друг" како опција.

Volan рече...

Informacija za vrabotenite kaj Neprijatelot, a i za vladata ni:

2002 g 3776 vrab.
2003 g 3226 vrab.
2004 g 2046 vrab.

Ova se podatoci od vasite oficijalni vebovi.

Kolku ste momentalno vie kazete.

Sto e zaklucokot.
Sekoja godina prosecno po 1000 pomalku vraboteni.

Zosto Vladata go gali "Neprijatelot" koga sekoja godina se namaluva brojot na vraboteni po prosecno 1000.????

Pa neli taa se zalaga za zgolemeno vrabotuvanje...


Jas znam a vie....

Bojan рече...

дте, европски институции...

Anti-fraud Office:
http://europa.eu.int/comm/anti_fraud/index_en.html

Европски парламент:
http://www.europarl.eu.int/news/public/default_en.htm

Европска комисија:
http://www.eu.int/comm/index_en.htm

Европска економска и социјална комисија:
http://www.esc.eu.int/index_en.asp


Би било одлично ако се наведе име, презиме, функција и институција на претставените e-mail адреси. Адресите на германските медиуми ги имаме.

Анонимен рече...

so da im prakame ima li nekoj oficijalen prigovor podgotveno ili onoj stariot

Bojan рече...

Сега за сега ни требаат адресите.

Мејлирањето ќе почне утре од пладне (има готов мејл за Дојче телеком, само да се спремат и тие за медиуми и институции).

dte рече...

хмм... малку тешко да се најдат квалитетни адреси таму... сите се како генерално нешо... нема на пр. за една личност само (или јас не најдов)

дте рече...

Informatics
- General mailbox DIGIT-EUROPA@cec.eu.int

Public opinion
- General mailbox eurobarometer@cec.eu.int

Regional Policy
- General mailbox regio-info@cec.eu.int

Youth
- General mailbox youth@cec.eu.int

Повеќе има на http://europa.eu.int/comm/contact/dg_en.htm
незнаев друго што да одберам. :)

zumbazum рече...

Адреса на:

European Commission>President
José Manuel Barroso:

sg-web-president@cec.eu.int

истиот што ја испрашува владата по повод прашалникот

zumbazum рече...

Ова за недај боже ако нешто е хитно

Bojan рече...

Па е :-) Злоупотреба на монополска позиција, а добар дел на монополот го држи кој друг ако не владата што одговара на кое-какви прашања...

zumbazum рече...

Siim Kallas
The member of the
European Commission responsible for Administrative Affairs, Audit and Anti-fraud.
CAB-KALLAS-WEB-FEEDBACK@cec.eu.int
ова CAB е изгледа кабинет али не е лошо

zumbazum рече...

Ако треба нека објасни влада али подобро е да идеме прво преку агенција за електронски комуникации па после ако не иде Прочитајте член 49 од законот за ел.ком. они се ептен одговорни па ај да им дадеме шанса

www.prespasky.com рече...

http://www.prespasky.com/ - анкетата е некомплетна и нема да гласам. Фалат провајдери, или во најмала рака фали "Друг" како опција.

- ПРЕСПАСКАЈ Е СЕКОГАШ ВО ЧЕКОР СО СВОИТЕ КОРИСНИЦИ - ОДСЕГА МОЖЕШ И ТИ ДА ГЛАСАШ НА АНКЕТАТА ПОСТАВЕНА НА ПРЕСПАСКАЈ КОЈА ГЛАСИ:
НА www.prespasky.com е ПОСТАВЕНА АНКЕТА:
На кој интернет провајдер најмногу му верувате?
1)Мт.нет
2)Он.нет
3)Мол
4)Сонет
5)не му верувам на ниеден!
6)друг
Слободно ГЛАСАЈТЕ!

злоки рече...

Е не ми се верува... овој си го користи местово за да прави реклама на својот сајт.
Дај бришете го ова... и мојот коментар и сите што ќе следат по него.

Александар З рече...

Во врска со одредени дефетистички коментари

Јас малку подоцна фаќам приклучок, ама сеедно.

Прво, ја ценам „подадената рака“ на телекомот преку писмото на гос-н Марјанчо и признавањето на нивниот втор пораз во рок од само една недела и, како мирољубив по природа (како се пишува оклештен смајли?) сум благодарен - ама тоа не е доволно, како што убаво и мирољубиво им кажува и Бојан во главниот „пост“.

Второ - за заканата со Кредит Експрес од која „многу се уплашија“. Што ви е, бре, луѓе? Ако имате АДСЛ цело ова време значи дека сте едни од најредовните платиши на МТ. Убаво кажа некој во коментар - ние сме си цивилизирани, ако не ги почитуваат законите и бараат пенали по раскинувањето на договорите - фино ќе си ги платиме, па ќе ги тужиме. Долг не застарува. Каматите не паѓаат (копирајт НБ и стенд-бај аранжмани на Мадерфакерс јунајтид звани ММФ). На нос ќе им излезат пеналите, дајте средете се.

Трето - што слушам тука, не вределе мејлови. Мислите дека МТ попушта двапати заради притисокот на јавноста? Ги заболе нив за јавноста, гајле им е само за парите и како да се прават шизици пред газдите (поилустративно за ова „шизици“ имаше доволно коментари). Еден мејл да помине кај што треба, работата е завршена. Цело време мавтаат со пеналите и покрај кршењето на законите затоа што се упрпани дека ќе изгубат добар дел од муштериите што се на АДСЛ (не заборавајте - ние сме најпрофитабилните и најредовните муштерии - не ја прочитавте веселата математика?) Тој момент, плус легитимните методи што ги користиме се нашата најголема предност и тука не ни можат ништо.

Ај, не многу наседнувајте на евтини телекомски провокации туку тепајте додека бегаат. Аце Трети од Македон немаше да стигне до Индија да ги тинтраше Персијците. Заедно не да сме јаки, не ни можат ништо.

Рудари, дајте тоа адресите да крцкаме мејлови викендов. Јас би да маваме и од не-мт.нет адреси, да не знаат каде им е главата од мејлови. И кој има повеќе резервни сандачиња - на два саати по едно писменце. Ако можат да бидат толку безобразни, ич не ги жалете.

Ќе заборавев - ако некој има помисли дека ќе и направиме беља на Македонија со тоа што ќе ја разоткриваме олигархијата на власт - Македонија може само да добие ако ги ишамараат кога идат таму да лажат.

Анонимен рече...

mi gi otekovte so toa prespa sky! anketa anketa mrsssss tamu

pero рече...

Хммм... изгледа нема оваа деценија во европска унија... ништо ново. На крајот на краиштата фајде од супермаркети немаме а очигледно нашиот министер за транспорт и врски не е уплашен туку требало да работи... епа дами и господа изгледа сите ќе поработат после овај викенд. Меѓу другото ме интересира дали постојат шанси нашите „неуки“ правници да ни состават тужба против државата и нејзините институции за невршење работа за која се платени? Поточно тужба заснована на монополската цена на АДСЛ услугата која по законот за ел. комуникации агецијата има право да ја смени и втора тужба против државата оти не прибира дополнителни даноци за маргината од 50-55%... на крајот на краиштата тие пари мене ми ги земаат швабите за во германија да има евтин интернет наместо да имам асфалтиран пат пред зграда. Препорачувам овие 2 тужби да бидат главното тело на писмата до ЕУ. Во секој случај ако заради ова не не примат во европска унија (заедно со лајната со синдикатот) јас мислам дека после таквиот чин за Македонија ќе има посветло утре.


p.s. Минатиот петок имав упатено едно писмо до Јани Макрадули (нели прошлата недела почнавме да бомбардираме) со содржина за активностите кои овде ги правиме и како ја изнесуваме кризата на меќународен план и како дечки ова е најдобра демонстрација за како едно е-општество треба да работи. Ние уште прошлата недела предупредувавме до влада и до медиумите дека ќе го изнесеме нашиот револт надвор од Македонија, ама како и по обично никој не слуша, затоа нека ова биде мое сведоштво дека се обидовме да одиме по регуларниот пат за да се чуе нашиот глас.

p.p.s ај погодете дали добив одговор на писмото?

Darko рече...

Jas se isklucuvam definitivno, ke platam penali i gotovo, go isklucuvam i domasniot telefon zosto ne mi treba (EDEN EBAN POMALKU) za MT

Анонимен рече...

Treba nekoj, koj znae, da dojde do mobilnite broevi na nashite gazolishci (politicari) i vrz niv da se pravi bombardiranje so SMS poraki.

Анонимен рече...

злоки said...
Е не ми се верува... овој си го користи местово за да прави реклама на својот сајт.
Дај бришете го ова... и мојот коментар и сите што ќе следат по него.

Anonymous said...
mi gi otekovte so toa prespa sky! anketa anketa mrsssss tamu

Od PrespaSky:
Se izvinuvame dokolku ve navredivme, nas voopsto ne ni e potrebna reklama, tuku se obidovme so nasite moznosti da gi iskoristime vo celost i da pomogneme kako medium so seta sila, postavivme 3 anketi i dve statii koi gi citaa povekje citateli od PRESPA, no poradi nezadovolstvoto koe se iskazuva vo ovie komentari nie se povlekuvame. Im blagodarime na tie koi ne sfatija vo prethodnoto informiranje deka i nie ve podrzuvame ideka sakame da pomogneme.

Zarko рече...

Do PrespaSky
Mislam deka ne treba da reagiras taka na sekoj post sto e protiv toa sto vie go pravite. Mislam deka pravite dobra rabota a koj ne saka ne mora da cita. Vo momentov e bitno sto povece informacii da se sirat a mislam deka PrespaSky dava golem pridones vo toa. Site nie imame razlicni viduvanja na nestata i verojatno kako posta ke vi dadam eden sovet pravete go toa sto go pravite dodeka mislite deka ima korist od toa. Ne e sramno da ne uspeeme sramno e da ne se obideme. Samo prodolzete so toa sto go pravite

Zarko рече...

Imam edna greskicka ne kako POSTA tuku kako POSTAR

Анонимен рече...

javuvajte se kaj janko jadi burek i drzete ja nasata tema na tv
sega samo sto se prica za nasata stvar

Анонимен рече...

djoko kar-prilep
e decki ova me raduva.Toa sakav da vidam-istomislenie.No sepak...
kako i dae da zavrsime so @-mejlovite i vo tekot na drugata nedela da se zakazi den za masovno otkazuvanje na dogovorite no prethodno seto toa da odi na mediumi za site da razberat sto se slucuva.E sega normalno toa ce kosta pa zatoa dajte predlog kako da se reso toj problem
pozdrav

reject рече...

Do Prespasky:

Samo 2 posta ne treba da ve nateraat da se povlecete, ostanatite tuka nemaat nisto protiv vas.

zumbazum рече...

Бојан батка, состави мејл до агенција за ел.ком а ако тоа не пали ,палиме ние до Баросо на крај краева ако нив не ги боли за нас и мене не ме боли за нив.Како стои работава со ОПМ?Успеаа они нешто?

Анонимен рече...

http://www.e-society.org.mk/

тино097 рече...

еве линк за конференцијата е-општество (претходниот пост) и не е лошо да с епосетат јавните дебати и да се делат флаери за моменталната ситуација

Анонимен рече...

pustajte mu na janko meilovi

Зоран рече...

Преку кур со таа реклама за преспа скај - доста е веќе! Ако имаш некој коментар - постирај, инаку не пишувај глупости!

ОК?

Анонимен рече...

od NNN
slucajno otkriv nekoi interesni email adresi koi definitivno postojat
atila@mt.net.mk
buckovski@mt.net.mk
sdsm@mt.net.mk

Cisto ako saka nekoj da proba da prati email na ovie adresi !!!

Анонимен рече...

vmro-dpmne@mt.net.mk

itn
pokanete gi na sajtov da vidat sto se slucuva, kakvi zakani ima,....

koskar рече...

decki,

zaebete partii!!!!!
niedna partija ne e dobrodojdena ovde!
bez isklucoci!!!!!!!!!!!!!

inace samo za potsetuvanje:
vmro go sitna telekom pod super povolni (za matav) uslovi.
sdsm serea koa se prodavase ptt, sea si kjutat i si sobiraat dividenda.

zatoa: partii, FUCK OFF!

Анонимен рече...

Абе ајде, ВМРО ДПМНЕ се директно одговорни за срањето кое ни се случува. Потсетете се кој го продаде телекомот и под какви услови..

Анонимен рече...

Институции на ЕУ

Corporate Social Responsibility
csr@cec.eu.int

Комисија за антитрустовска политика (овде мора да се пополнува пешки)
http://europa.eu.int/comm/competition/forms/consumer_form.html

Европски Парламент (исто се пополнува пешки)
http://www.europarl.eu.int/registre/portail/CourrierCitoyen.cfm?langue=EN

Европски Омбудсман
euro-ombudsman@europarl.eu.int

Европски Совет
public.info@consilium.eu.int

Контакти за Европска Комисија (ги има тука бајаги, претежно со веб-формулари)
http://europa.eu.int/comm/contact/dg_en.htm

Контакти на европските институции
http://europa.eu.int/geninfo/mailbox/inst_en.htm

Од последниве две адреси може да се копа понатаму.

Coci рече...

Moze li nekoj da objasni koi se tie
"Credit Express"?????????????????
Me interesira mene a i povecemina sto se prisutni na sajtov.
Fala od napred

Goran рече...

Stvarno objasnete ako moze koi se tie "Credit Express" i mene me interesira

ObiWanKenobi рече...

Јас како што знам "Credit Express" ти доаѓа како модерна варијанта на "рекетари" :) така во случај ако не им платиш итн ти ги прќаат овие момци и они "бркаат работа да ти ги наплатат парите " дали со зиманје шпорет или фрижидер од дома или со добро ќе видиме

Анонимен рече...

HM..
A KAKO KE TI VLEZAT DOMA AKO NEMAAT SUDSKI NALOG?
A SUDSKI NALOG KE NEMAAT ZATOA STO NIE KE GI TUZIME I ONI KE IZGUBAT
TAKA DA REKETARI DOMA TOA SE SAMO FILMOVI NEKA MI VLEZE DOMA DA MI ZEME NESTO PA I JAS KURSHUMOT ZNAM DA MU GO SVIRNAM
I JAS SUM DOMA JAK KE MI SE FATAT SITE!!!

Бобо Николов рече...

Ти доаѓаат Credit Express дома, и ти викаат: "Дечко, треба да платиш 400 евра пенали."

И нормално, ти им викаш: "Имам само 357..." :)

Анонимен рече...

Навистина ми се смешние овие од 971, се јавив 3 пати и секој пат различни одговори ми даваат :)
Теткициве се тотално изгубени, сепак има ефект притисоков.
Како и да е ме интересира за Октомври, го надминав лимитов од 4 GB, брзинаве не ми паѓа, и сега што, ќе ми наплаќаат за секој 512 MB???
На сајтот им стои дека автомацки ќе ја оборат брзината, а овие теткциве еднаш ми викаат ќе се наплаќа ехтра, а друг пат дека ќе падне брзинава.
Ај нека ме просветли некој што ќе се случи?
Е а на времето ме лажеа неограничен интернет, цените ќе паднад, 2 годишен договор, бла, бла, бла.
Ај нека ги уважат приговориве па да се откачиме од овие идиоти.

А да ќе заборавев честито 20 милиончина за Дојче Телеком, со вакви задоволни корисници во Македонијава овие ќе можат полека полека да ги купат сите телекоми во Европа па и пошироко.
Германциве требаше барем по една благодарница да ни испратат, ете "мала пажња", без овци како нас не ќе можат да си прават фини профити во "Немачка".

Анонимен рече...

Momci ne se plasete. Marjanco i ne znae deka Credit Express po nasite ni mili poitivni propisi NEMA pravo da naplaca dolgovi na Maktelekom od prosta pricina sto vie nemate nikakov dolg prema niv nitu imate potpisano bilo kakov dokument so koj go ovlastuvate CE za bilo sto. Znaci vo prevod CE "ako" dojdat kaj vas mozete toa vednas da go prijavite vo naseto ni MVR i da opalite MASNA tuzba do TELECOM ZA IZNUDA. Sory za greskive jas sum neucen pravnik

Анонимен рече...

Ovaj carot Marijanco pod najitno da se najde koj e. Vakov um genijalen nema da se rodi uste 50 godini vo Makedonija i posiroko.
Mooooooree moroniste nevideno.

Bojan рече...

Ако Марјан Т. не лаже за името & презимето, ќе дознаеме кој е, тоа е најмал проблем. Телеком не се тој Монолит кој си замислуваат дека се. Впрочем, самите вработени си знаат како им е таму. Добар дел од информациите што ги добиваме се од повисоки инстанци, а не само од нискорангирани чиновници.

А оние што се уште си веруваат во Компанијата, потсетете се на условите во кои работите и споредете ги со 20-те милиони евра дадени на сметка на Дојче Телеком.

Јас се уште стојам на тоа дека ограничување на 0kbps, во најмала рака, им било во план да воведат.

Патем, писмото до странците е во подготовка, само уште некои детали да се средат и ќе се објави тука (како нов пост).

Во меѓувреме (а и понатаму) јавувајте се на 0800-12345 и 971 и разговарајте си со луѓето. Им треба и на нив поддршка. Прашајте ги за тоа до каде е одговорот на вашиот приговор. За 30 мин. јавете им се повторно и прашајте ги за новите услови и за СтартАДСЛ пакетот. Тие се тука за нас, ви текнува? :-)

Анонимен рече...

Еве кои се Credit Express

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2892&stID=65560

Само никаде не видов новинаров да напише дека станува збор за унгарска фирма која си победи на "наместен" тендер а Телеком кога ја избра се правдаше дека била многу успешна и тоа во Унгарија, Хрватска, Германија - т.е баш таму каде што Матав има свои компании. Пак си перат пари, абе мамата нивна....

Зоки

Marjan P. рече...

Дечки, јас сум корисник на ADSL Hobby(сегашен MAX-Adsl) со двогодишен договор од кој до сега изминале 10 месеци.Имам поднесено барање и приговор за да го раскинам договорот уште на 12 октомври, но ниту глас ниту траг, ниту тел.јавување од нив...Си земав архивско бројче, и ништо од тогаш...
Не знам што да правам?Дали да останам на барањето за раскинување на договорот, дали да го откажам тоа што го поднесов...(ставив и потпис на АДСЛ петиција)
Сакам да ми помогнете, сакам да знам дали овие барања наши и воопшто вредат?Дали сега во ноемвриската сметка ке ми стигнат пенали?
Сакам да знам до кога ке се знае нешто прецизно, дали имаме некој од поглавните на наша страна?Како да знам што е исправно?
Не сакам да ме сватите погрешно!Јас направив се во име на револуцијата!Поднесов барање, поднесов приговор, пратив и маилови како што еден линк ме носеше, ставив потпис на петицијата...Апсолутно ве поддржувам во се што следи, и се што беше досега, сепак тоа води и во моја корист затоа што не сакам повеке да сум на овај фејк, fucking АДСЛ shit!
Само ме интересира што понатаму?Кој ке ме брани ако мене ме дадат на суд?Или кој ке ве брани ако вас ве дадат на суд?Не знам колку сме сложни...Јас сум спремен на се во ваша корист, се буквално се, само овие глупаци да ни се тргнат од патот, но вие за мене?

Поздрав

Viva La Revolucione!

Bojan рече...

Марјан П., не станува збор за наша („Бојан и неговата банда“) корист, туку за Наша (на сите нас) корист.

Правна помош за на суд не можеме да понудиме, пред се затоа што не сме правници. Тие со кои се консултираме имаат одредена тарифа, но ако дојде до зорт, сигурен сум дека ќе може да се договори некоја минимална цена + судски трошоци (кои Телеком потоа ќе ги надокнади).

Ако сакаш да се откажеш, откажувај се. Не чекај да ти се јават. Пенали тие ќе пресметаат на сметките и вака и така. Во меѓувреме, јас можам да ти ветам дека ќе продолжиме ова да го тераме до (позитивен) крај.

Анонимен рече...

Ова со јавувањето е многу добра финта до сега се јавив 6 пати и да знаете со се не ке се изнаслушате на 971 и 080012345
Поздрав
ке ги прашуем јас у наредниов месец секој ден има што да се прашуе па зошто да не се повторуваат сите прашање!!!!

VASKO DEBELIOT рече...

Неколку дена ме немаше па сега ги читам блоговите.По душа сум екстремно чесен цовек, и за правдина сум екстремно жеден. Ова како информација за тие што планираат да го ангажираат некој -Експрес-. Абе луге многу ми е криво зожто не ги читате сите блогови. Во предходните денови јас ве запрашав како Грција стана богата држава после воената хунта. ТЕРОРИСТИЧКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА 17НОЕМВРИ КОЈА ГОДИНИ ФУНКЦИОНИРА ВО ГРЦИЈА ЈА ИСЧИСТИ ДРЖАВАТА ОД СИТЕ НЕЧЕСНИ ПРОФИТЕРИ, АРАМИИ ШТО ЈА КРАДАТ ДРЖАВАТА, НЕЧЕСНИ ОБВИНИТЕЛИ , НЕЧЕСНИ СУДИИ, НЕЧЕСНИ ПРАТЕНИЦИ И МНОГУ ДРУГИ НЕЧЕСНИ СТРУКТУРИ ВО НИВНАТА ДРЖАВА. ХОШТАПЛЕРИТЕ СЕ ИСПЛАШИЈА И ДО ДЕН ДЕНЕШЕН ГЛАВА НЕМААТ КРЕНАТО. ГРЦИЈА ФУНКЦИОНИРА, И ТОА БОГАТО. Ова го пишувам само да ви кажам колку сме ние слични во нашиот случај (интернет мафија читај МТ НЕТ) со Грција. Добро е Што има умерени блогери и целата работа се тера со некој план и ред. Точно. Работата се тера со план и ред. Но затоа и ние екстремните треба да дадеме свој придонес. КАКО !?

ВАСКО ДЕБЕЛИОТ рече...

Уште нешто да кажам: Мене сега почна да ми се крева адреналинот, сега почнуваме со малце по вистинска работа. Тоа го сватив од блогот на АЛЕКСАНДАР3 и БОЈАН и другите релевантни блогери. Мејлови по цела Европа, мејлови низ села наша за пари напатена влада, и не ги заборавајте Обединетите Нации, (како план за по натаму),сите институции за човекови права, бидејќи мене лично ми се загрозени човековите права.А јас лично имам решено да лежам малце ПОД СЕНКА па сега на кој му е среката ангелите да го носат директно пред портите на Свети Петар незнам, ама некој ке патува..... ке лета кај Свети Петар.....ангели ке го носат.

Анонимен рече...

Мала информација за рекетарската компанија.
Credit Express се таканаречени collection service компанија. Collection service компанија се бави со преземање долгови од матична компанија и врши наплата на истите, а со тоа зема процент или може да ги купи долговите во вредност од 80%, 70% итн т.е. да законски ги префрли долговите на должниците на свој грб а потоа да го бара 100% долг од истите. Секако тука има добивка од разликата помеѓу вкупниот долг на должниците и парата што е дадена за да се откупи долгот. Првиот или вториот начин на наплата на долгот (постпејд или припејд) се релативни не апсолутни. Како и да е тоа ти е модерен назив за служба за наплата. Нешто као инксаторите и судските извршители што шетаа по врата во комунизмот. Најчесто овие служби работат со телефон. Ако не одговарате на телефон или не ве најдат не можат ништо да ви направат, освен ако по одреден обид на повици не ви прата писмено известување кое секако не морате да го примате и да го потпишувате. Доколку се случи да бидете известени легално вие сте информирани за долгот.

Еве ви дупка во таквиот начин работа на МТ. Според договорот кој го потпишувате со МТ, по дифолт (разгледано со закон) тие не смеат да вршат изнесување на податоците за корисниците надвор од нивниот систем. Меѓутоа Credit Express се надворешна компанија и тие ги имаат изнесено податоците и вие смеете да ги тужите за тоа.

Слично работат и банките кои имаат служби за наплата (или надворешно ангажирани служби за наплата). Меѓутоа погледнете на крај од секоја апликација за кредитна картичка или за кредит што сте го пополниле во кој е наведено дека смеат да ве чарџаат со помош на некоја друга компанија и да ви го наплатат долгот.

Поздрав до правниците на МТ од еден обичен студент на ЕТФ со 3 испити до диплома (и успат не школуван правник).

Анонимен рече...

oni ni pravat finta ustvari.
toj nekoj marianco toa so Credit Express go tresnal od rukav,i ne treba da mu se dava nikakvo znacenje,a ovde se razvi cela debata za famoznite Credit Express.nemna veze celata rabota.ako PTT se nafuraat da ti naplakaat penali to mozat da go storat ili dobrovolno ili po sudski pat-kraj na prikaznata.