12 октомври, 2005

За утре...

Утре, четврток (13.10.2005), рано-рано одам во Телеком да ги прашам за една опција за која Spion напиша во коментарите на претходниот post. Во најмала рака, може да ни даде уште еден месец фазла место за дишење на раат и раскинување на договор, да не испадне на врат-на-нос утре и во петок. Ќе има нов текст на блогот што и како околу тоа до 11:00.

Ќе поминам уште еднаш до ОПМ да видам што имаат да кажат утре (денеска цел ден бев на факултет). Што се однесува до Народен правобранител, ако може некој да се јави утре таму би било одлично (цел ден ќе трчам наваму-натаму, + имам заверување на семестар). Имаме 280 и кусур потписи на петицијата. Доволно/малку?

Од она што видов, со медиумски реакции се уште сме т`нки. Јас вчера цел ден бев во несостојба. Ги гледав сега вестите на Телма. Respect, Александар З. Ми се свиѓаше и коментарот на Телеком. Т.е. недостатокот на коментар: „Македонски телекомуникации со официјална изјава ќе се произнесат утре.

Како што спомна bezvrska, ќе има за ова и на Зевзекманија, на Канал 5, ама тоа е во петок (21:00).

Инаку, bezvrska утре е на службен пат. Така што каква и да е логистичка помош е добредојдена - конкретно со Народен правобранител, како и Агенција за електронски комуникации (може да ја барате Софче Јовановска, претседател на Комисијата за електронски комуникации; тел. 02 311-6543; s.jovanovska_@_aec.mk и s.jovanovska_@_kit.gov.mk (извадете ги „_“ пред да и пратите mail и ВЕ МОЛАМ НЕ И ПРАЌАЈТЕ spam, ТРЕБА ДА БИДЕ НА НАША СТРАНА!)

- Комисија за информатичка технологија (лице за контакт е исто С. Јовановска)
- Државен пазарен инспекторат; тел. 02 3162-341; 02 3116-341; 02 3220-547

Може да се однесе/прати по факс/e-mail копија од приговорот, како и линк до петицијата.

(горенаведените телефони и информации provided by bezvrska)

39 коментари:

Александар З рече...

Добро, што конкретно треба да се каже или направи кај Народниот правобранител или кај Софче?

Освен тоа:
1. 280 и кусур потписи на петицијата се малку - денес еден комшија, корисник на АДСЛ вика „абе, тоа ќе се среди за два-три дена, ќе ги вратат старите цени“. Добро, викам, поднесе ли приговор? Не, до денес имам направено 1 гига, тешко да го поминам лимитот. ?! Добро е што е потписник на петицијата, тој барем направил нешто. Што е со другите минимум 5720 адсл-аши, тоа ме интересира.

2. Кој е тој Ристо Георгијоски што се спомнува во Време? Да го вклучиме и него како фаца (тешко да има АДСЛ дома ;). Ако може човекот да помогне, нека се огребе и он малку од славата (и пак злочко ;)

3. Тоа на Телма не испадна лошо, ама заборавив на малиот (Мирко се вика) да му сублимирам некои поенти. Зборував 7 минути, а он имал 2 за прилогот. Моја грешка.
Башка, не го пушти делот во кој велам дека сме спремни да тужиме (јас сум спремен, за групна тужба и 100 души е огромна бројка, ама за петиција и 1000 е малку). А додал „социјален момент“ (тоа мислам дека не пали во нашиот случај, тешко да има социјални случаи што се корисници на АДСЛ ;)

4. Ако МТ мисли да се произнесе утре (значи, да влече тоа да испадне на вести вечер во четврток, а во весниците во петок) сака да добие во време. Мене ми се чини дека се збунети и дека притисокот треба да продолжи до исполнување на целта (а целта, колку што разбрав, е или раскинување на договорите без пенали, или останување на старите услови, поправете ме ако грешам).

Како и да е, ни фали уште малку координација (задње е дека одиме со петицијата во понеделник, ама и тоа клима - така што не треба да излегуваме со дати). Дајте, р-еволуционери, ако е нешто договорено сигурно, објавете (ве следат сите, од телеком до весниците и телевизиите) па да пукаме на уште фронтови. Телма и Дневник ми се веќе во циркулар под АДСЛ, а за другата недела има шанси да се пикне приказнава во Вечер и на А1 (без мојата фаца - ако се појавуваат еден-двајца, не е масовно - тројца-четворица е веќе Здружение на граѓани, ако не и партија - не дај Боже ;)

Значи, кој не дал приговор, нека не чека - а кој смета дека му е арно, барем петицијата нека ја потпише. Фала однапред.

Shepard рече...

а да напраите прес конференција, со договори, петиции, закани, тужби и сл.?

бар за тоа мислам дека не е проблем.

и исконтактирајте по медиуми, добра приказна е!

Анонимен рече...

Nemozam da gi razberam lugjeto koi se pomiruvaat so sudbina deka 4 GB ce im bile dovolni osven da kazam ne mi e cudno sto sme bile 500 god pod tursko poradi nivnite pra dedovci, znaci ostanale isti i nivnite naslednici tolcigi i pak ce bidat zadovolni, Lugje podnesete prigovori i potpisete peticija!
Da znaete i vrabotenite od MT koi stavile ADSL ne se zadovolni od uslugata no nemaat sto da pravat.
ThunderMS, da bideme i nie revolucioneri kako nasite pretci, a ne ugneten narod.

Анонимен рече...

Ako pravite nekoj sobir za TV gledajte da e popladne za da mozeme i nie od drugite gradovi da dojdeme. ThunderMS

bezvrska рече...

Александар З said...
Добро, што конкретно треба да се каже или направи кај Народниот правобранител или кај Софче?


За Софче може да ја прашате што мисли да прави во врска со ситуацијата и кога. Веќе е информирана за случајот, ама нека знае дека на нејзе чекаат не еден, или двајца, туку стотици луѓе.

Кај Народен правобранител може само да се информирате какви ингеренции би имал во случајов (not much како што знам). А до Пазарен инспекторат може да отидете со приговорите во рака и да барате врз основа на тоа што е наведено во нив да изработат пријава/претставка и да постапат по истата.

Clutch рече...

Очигледно, целиот проблем со петицијата е што луѓето или мислат дека не ги засега, или бројката од 7.000 е фејк, или се работи за фирми и интернет кафеа, или едноставно, никој не се информира во оваа држава за буквално ништо.

И 300 души не е мала бројка. Кога се видовме пред Алмако споменав цифра од 700 (10%), ама и вака не е којзнае колку лошо. Според мене, поентата е да се одржува притисокот додека не се произнесат јавно за проблемот. Било како.

За раскинување на договори со пенали, тоа можам да го направам без проблем и на 31 октомври. Со малку трпение и активизам можеме да се надеваме на некаква официјална реакција од МТшит. Откако ќе ги чуеме што ќе кажат, чекорите понатаму ќе бидат јасни - или судско поништување на договорите, или тужба или раскинување, на кого како му одговара. Сепак, мислам, дека најважна задача сега е, поднесување приговори и зголемување на бројот на потписници на петицијата. Пошто они имаат 30 (или 15 дена) да се произнесат за приговорите, ништо не губиме во овој меѓупростор да извршиме што поголем притисок во било каква форма.

Што се однесува до Народен Правобранител. Таму нема што повеќе да се прашува. Мене ми рекоа дојдете дечко и поднесете преставка. Кога ќе се согласиме дека е доволна бројката на петицијата, истата ќе ја однесеме таму, во Агенцијата за електронски комуникации, во КИТ и во Пазарна инспекција. Заедно со деталите во Приговорот. Јас утре ќе проверам во ОПМ што се случува и ќе постирам тука какви информации имам. Ако некој може да ги убеди А1 да направат сторија за ова, алал нека му е. Јас се искршив праќајќи маилови, ама ништо. Сепак, МТ им е главен спонзор на гомното Тоа сум јас.

ZumbaZum рече...

Работава со петицијата ни е тенка . Ако не направиме 800 ќе излезе тапа .
Добро е што Време и Вест објавија статии тоа ни иде у прилог Со состаноков дај најдете соодветно време нешто како 5 попладне да дојде народ , пуно се на работа па да известиме медиуми да дојдат да снимаат да кажеме некој збор за на вести , не е лошо да го викнеме Ристо Георгијоски , ОПМ , да добиеме у тежина . Мое лично мислење е дека у цената треба да бараме 80G со иста брзина и под тоа не одиме

Анонимен рече...

Kolku za informacija mnoguu bliska t.e. vrabotenite na mtnet za niv bil postignat dogovor demek koj ima adsl posle 4 giga ke im se namaluvala brzinata, a za nas obicnite smrtnici ke si platime.Mada ja sumnjam dali oni imaat softver za takvo neso.Sepak vrabotenite sepak si se privilegirani dali so neplakanje dali so koristenje na tugji useri itn...

Анонимен рече...

Спомнавте дека е можно да се стави ADSL во мирување. Може ли некој да ми каже како оди таа работа, и на колку време може да се стави во мирување?

Bojan рече...

Народен правобранител & Софче - притисок.

1. Кажи му на комшијата дека некој пак си играл со мерачот и дека последниве неколку дена на неколку луѓе едвај им се има мрднато, и покрај тоа што Мулињата ги цедат до крај. Сообраќај = сурфање, проверка на мејл, се во врска со нет* (*=ТВ, радио, порнографија, слики од брачеда ми од острејлија, аудио/видео комуникации, IRC, ICQ, спајвер/едвер, апдејт на антивирус/систем). И спајверот прави доста сообраќај во текот на еден месец. А сигурно има 3-4 такви парчиња дома.

2. Тужба works for me. Ја неам никаков проблем со тужба. Затоа и се спомнува во петицијата.

3. Телеком се збунети уште од самиот почеток. Цитат од еден вработен таму „Ма овде е луд-јебе-збуњеног.“ (овде = телеком) Изјавите по медиуми, разни салони и (дез)информациите што се нудат по/во истите се доволен доказ за тоа.

4. Пресови и сл., ако не се лажам, коштаат пари. Не самиот прес туку локацијата. А ако се волни да доаѓаат со камери некаде надвор, Ајде.

5. ОПМ ќе ги тормозам утре уште рано насабајле (8-9), фејс-ту-фејс. Ако има некој кандидат за друштво, бујрум. Кажете само како да исконтактираме :-)

6. Инаку, според советот на г-нот од Време, пратив мејл до Матав и Т-Ком.

Ако треба нешто: 338415253 на АјСиКју.

Bojan рече...

www.matav.hu (редирект до официјалниот сајт)

www.telekom3.de (сајтот на Те-Ком)

Имаат и двата сајта верзии на англиски јазик.

Анонимен рече...

Добро е некој да се јави по медиумите, па и да има и емисија по телевизиите,на пр. Чуму или други емисии каде што ке бидат повикани директорите на Телеком и Мобимак...

Анонимен рече...

Дали ако денеска и утре се поднесе барање за реаскинување се плакаат пенали.Во Телеком викаат да.Дали е вистина или само така викаат колку да не раскинеме?Пошто правно, во договор не пишува така,двосмислено е напишано.

jovan рече...

Kolegi, Preskonferencija se pravi okolu pladne, ako sakas da ti dojdat novinari. DA vidime vo NVO infocentarot dali ke ni go dadat prostorot za dzabe ili za nekakva nadoknada. Toa e super mesto, postop novinarite se veke naviknati na toa. SAmo treba da se spremi pres rilis.

Александар З рече...

Јас утре ќе се јавам кај Софче, чисто онака заради притисок.
Бојан, не ќе можам да ти правам друштво, иако би сакал - ти имаш обврски после тоа, јас сум до 11 кнап.
Утре ќе му се јавам и на г.г. Ѓорѓи Марјановиќ - тоа е фаца што може добро да ни дојде - а башка и правник е. Ако идеме на суд, може да го ангажираме него :)
Пошто почнаа да фрчат идеи (keep it up) за „објавата за јавноста“ (за евентуалната прес-конференција, што е изводливо, иако со НВО-а би соработувал само од крајна „голема“ нужда) за нас мислам дека се битни неколку работи.

1. МТ се однесува како монопол. Македонија сака во ЕУ. Ако може Европската Комисија да се тужи со Мајкрософт (и да го принуди) да направи Виндоуз без Медиа-плеер за европскиот пазар бидејќи ги крши анти-монополските закони, тогаш како може власта во МК да дозволува дивеење на телекомуникациски монопол?

2. Ова беше веќе споменато - Штом Владата објавила „Стратегија за информатички развој“, како се вклопува ограничувањето на пристапот на интернет само ден-два после тоа од страна на компанија чиј малцински (50-1%) сопственик е и Владата?

3. Демократски аспект (петиција и од тројца функционира тука) - поента што ми ја нафрли bezvrska - ова е спонтана акција на незадоволни потрошувачи/граѓани од насилничкото и нефер однесување на една компанија што нечесно ја користи својата положба на пазарот (иако, да сум јас во МТ, и јас би сакал да измолзам колку можам повеќе пари од овците што ми ги дале на тацна). Демократијата е малтретирање на мнозинството од страна на малцинствата (како што можевме да видиме во изминативе години). Значи, (а) имаме демократско право (на ова се фаќаат Американците) да го изразиме своето незадоволство и со тоа да одиме докрај, (б) промовираме нов начин на организирање, досега невиден на овие простори, во кибер/сајбер-просторот, во кој слободно разменуваме информации, не криеме ништо од спротивната страна (што не може да се каже за неа) и вложуваме напори да ги оствариме своите легитимни барања преку институциите на системот (значи, без тероризам и слично).

4. Правна држава - правото, колку што го разбирам јас, и како што го замислил еден наш подалечен земјак по име Јустинијан, служи за одржување на редот и мирот во една држава. Ако нема владеење на правото, нема систем, нема држава. Е сега, дискутабилно е колку има систем (освен лудачки) во нашата држава, ама наше право е да бараме работите да си функционираат како што се декларира (да оставиме на страна што ситуацијата е далеку од идеалната - ни во „поразвиените демократски земји“ ситуацијата не е идеална). Секој има право да бара да живее во идеални услови. Значи, не е спорно што МТ менува услови, туку е спорно што не го почитува договореното (тука мислам на промовирањето на фиксен месечен надомест за 24-часовен пристап на интернет), башка што и одредбите на договорот се косат со најмалку два закона (иако во нашиот приговор не се фаќаме многу за Законот за телекомуникации, повеќе на Законот за заштита на потрошувачите - којшто е донесен под притисок на ЕУ, значи со цел приближување кон вредностите на општествата и државите-членки на ЕУ. Го затворив кругот - се враќам на првата точка.

Може ве давам со систематскиов пристап, ама така ми функционира умов последниве години. Башка што ги чекам МТ на волеј одамна - сега фино се наместија и греота е да не ги рокнеме „по росна ливада“, па нека летаат кај сакаат.

Крајната причина за протестот е следнава - штом сте такви „изметлии“ (морам да пазам на речникот, имаат повеќе правници од мене :) - не ви ги давам веќе моите пари за тоа што ми е неопходно - ќе ги дадам на друг за истата работа, иако може сте и најевтини и најшизици и најбоља врска имате. Човек во животот може да си бира пријатели - а ја нејќу да се дружам со вас.

На суд ќе ги добијам, макар правел годишнини на рочишта и станам куќен пријател со судијата.

Анонимен рече...

На Јанко Show се говори за ситуацијава.

Clutch рече...

Пошто познавам луѓе кои работат во фирма што службено им преведува текстови од македонски весници на англиски за главучите од Телеком, ќе се обидам да ги добијам, да ги спакуваме и заедно со петицијата да ги пратиме до Маџар Телеком. Мислам дека е добра идејата, нели? Зошто само нашиве менаџери овде да си читаат така интересна литература.

Анонимен рече...

Гледам дека бројката стигна 300 потписи во петицијата! Не е мала но сепак мислам дека е малку за разлика од 6000 АДСЛ корисници кои се спомнуваат по веснициве! Јас лично убедив неколку да се потпишат но прашањето е како да се убедат тие кои не се засегнати од измените т.е. тие кои прават едвај 4ГБ?! По моја проценка тие составуваат над 60% од АДСЛ корисниците па затоа и имаме толку мала бројка корисници кои ја потпишале петицијата! Тука треба нешто да се стори, ако некој има идеја нека каже! Мислам како да се убеди некој кој користи само месенџер и мирц и едвај знае што е интернет да потпише петиција против МТНЕТ !!!

Анонимен рече...

Jas celo vreme visam na internet, gi citam site vesnici, gledam video, siminjam sliki i slicno, pa pak ne ja nadminuvam mesecnite 4 GB soobrakjaj. Ne znam kako toa vo Vest presmetale deka samo so citanje na eden vesnik se precekoruvaat tie 4 GB!? Ne znam i koj toa ve plasi deka site ke plakame po 15.000 denari mesecno!? Zamislete sto ke bide ako go raskinete dogovorot: 1. ke bidete tapa fraeri :) bez kvaliteten internet, 2. ke plakjate penali, 3. so tie pari sto ke gi dadete za penali, ke si plakjate uste 2 godini za ekstra soobrakjaj :))). Dajte malku matematika bre lugje.

A za tie od Telekom: MATER VI EBAM AJDUCKA!!!

MladenCO рече...

Ako de pustete gi sega da ni go nacukaat pa posle ke moze da menjaat so sakaat i bez da ni kazat

Анонимен рече...

"... тие кои прават едвај 4ГБ?! По моја проценка тие составуваат над 60% од АДСЛ корисниците..."

Ако не се лажам, во дискусиите на mt.net.mk во врска со ADSL пакетите (некаде околу Нова Година мислам), беше кажано дека 50% од корисниците надминуваат 4 GB после само 7 дена. Тој период се сеќавам имаше кратки прекини во и ни беше кажано дека тоа се случува бидејќи работат на нешто што ќе овозможи да не не ограничуваат токму поради горенаведениот факт (затоа демек биле прекините).

Анонимен рече...

Еден од нивните ценети оператори ми рече цитирам-порано немавме мозност да лимитираме сега е средено тоа, а мислам дека ке ти бидат доволно 4ГБ. Дали се доволни или не тоа не е нивна работа, тоа можеби е доволно за некои кој се почетници и затоа нив не ги интересира лимит бидејки не ни знаат што е тоа. ме интересира дали ке има колективно поднесување са раскинување да договор и ако има нека каже некој или нека ми пишува ahmedadsl@mt.net.mk, а после ова нема да го користам овој е-маил.

Анонимен рече...

eve vi eden link od ungarski matav kade pisuva neogranicen(unlimited) adsl
http://sajtoszoba.magyartelekom.hu/process?action=notice&lang=eng&id=2765

Анонимен рече...

Ne mozam da go najdam dogovorot a bez brojot kako da potpisam peticija .Neka pomogne nekoj

Анонимен рече...

404: this page is not available
Unfortunately the site that you searched for is not available on our server.
You may have clicked on a link that is no longer operational, entered an incorrect address, or our website may have included an incorrect link.

Анонимен рече...

ok moja greska:

http://sajtoszoba.magyartelekom.hu/process?action=notice&lang=eng&id=2765

Анонимен рече...

Istoto e pak. Izgleda e privremeno samo... kazi kako go najde i nie ke pobarame :)

Анонимен рече...

neznam zasto nejke da pastira,probaj vaka:
posle notice stavi (shift+7) &lang

znaci: notice&lang
(neznam dali ke izleze kako sto treba znakceto no toa izmegu notice i lang e SHIFT+7 )

Анонимен рече...

kaj serach napisi:
T-DSL Favorit Plus

p.s.izvinete ako gresam no kolku sto razbrav toa e toa-neogranicen

Анонимен рече...

Raboti ako go smenish toa (vaka http://sajtoszoba.magyartelekom.hu/process?action=notice&=eng&id=2765 ) ama nisho ne razbiram :/

Анонимен рече...

eve eden podobar link:
http://www.t-com.hu/english/residential/internet/tdslfavoritplusz.vm

znaci so ova kaj niv imas neogranicen adsl so 1mb/s i 2mb/s,18 casa vo denot besplatni razgovori kon nivnata mreza,10mb web prostor....

kaj nas si se monopol i pravat so sakaat,no im se blizi krajot na krvopijcite

коскар рече...

@kleo
ми се свиѓа студиозноста, да го преточиме тоа во прес рилис, па евентуално да се свика прес. да се појавиме 10-тина и да кажеме све што не’ мачи. добар „пишан“ новинар би тебало да стокми добар ткст од тоа.
добил ли некој одговор од матав и т-ком?

некој спомна дека и макрадули е контактиран. кажал ли он нешо или преудобно му е во ИТ фотељата? да пробам да го побарам? го знам кајнда лично..

Анонимен рече...

Sinokja edna poraka na Janko Show me potseti... Stvarno, se sekjavate li na Tajvankata pred dve godini? Koga nesto im se napizdi na Grcite od konzulatot vo Skopje, pa im se pusti, gi tormozese so nedeli, sobirase peticii, pa doagjaa grcki novinari da vidat stoe rabotata, i na kraj grcite go smenija konzulot!!! Dzigerite im gi izvadi, a edno chupe od cetirieset kila bese! Mislam deka toa mu e majkata! Se soglasuvam so toa sto pisuvase u Vreme - treba da izlezeme international! Da gi bombardirame madjarskite i germanskite mediumi so poplaki i informacii, pa da dovleckame nekoj nivni novinar ovde.... Pa da mu kazeme se so red. Ima li nekoj ideja kako da gi iskopame mejlite na glavnite madjarski vesnici i televizii?...

Citizen Kane рече...

Idejata e odli~na!!! Da uspeeme da doneseme nekoj ungarski novinar vo Makedonija. ]e im kazeme deka nivnite lu|e praat dar-mar ovde po na{va dr`ava. Neka povelat i neka napravat reporta`a - da zastanat i da pra{aat kogo sakaat na ulica: [to misli za Telekom i za ungarskite direktori! Mislam deka od iljada anketirani, }e dobijat dve iljadi negativni odgovori!
A vakva prikazna ne bi propu{til nieden novinar! ]e nadignat galama, deka nekoi nivni sogra|ani vo Makedonija go maltretiraat narodot ({to e to~no), deka go uni{tuvaat ugledot na Ungarija (to~no!), deka gi naru{uvaaat dobrite bilateralni odnosi me|u dvete zemji (i toa e to~no), i taka natamu!
Ako uspeeme da zainteresirame ungarski novinar da dojde vo Makedonija (ama da ne odi pravo do Telekom, oti tamu mo`at brgu da go "ubedat" da napi{e "sre}na i vesela" reporta`a od Makedonija), sme zavr{ile pola rabota. Ceruvajte mi, imam iskustvo so stranci koi doa|aat da rabotat vo MK po razni nevladini, vakvi-takvi organizacii - i~ ne im ~ue {to misli makedonskata javnost, ama ako ne{to za niv se provali vo nivnata doma{na javnost, e toga{ gi fa}a panika!
Receptov mora da uspee! Dajte da gi najdeme najgolemite ungarski mediumi i da si ja ka`eme makata i golgotata niz koja minuvame!

Citizen Kane рече...

KORIGIRANO:
Idejata e odlicna!!! Da uspeeme da doneseme nekoj ungarski novinar vo Makedonija. Ke im kazeme deka nivnite luge praat dar-mar ovde po nasva drzava. Neka povelat i neka napravat reportaza - da zastanat i da prasaat kogo sakaat na ulica: Sto misli za Telekom i za ungarskite direktori! Mislam deka od iljada anketirani, ke dobijat dve iljadi negativni odgovori!
A vakva prikazna ne bi propustil nieden novinar! Ke nadignat galama, deka nekoi nivni sogragjani vo Makedonija go maltretiraat narodot (sto e tocno), deka go unistuvaat ugledot na Ungarija (tocno!), deka gi narusuvaaat dobrite bilateralni odnosi me|u dvete zemji (i toa e tocno), i taka natamu!
Ako uspeeme da zainteresirame ungarski novinar da dojde vo Makedonija (ama da ne odi pravo do Telekom, oti tamu mozat brgu da go "ubedat" da napise "srekjna i vesela" reportaza od Makedonija), sme zavrsile pola rabota. Veruvajte mi, imam iskustvo so stranci koi doagjaat da rabotat vo MK po razni nevladini, vakvi-takvi organizacii - ic ne im cue sto misli makedonskata javnost, ama ako nesto za niv se provali vo nivnata domasna javnost, e togas gi fakja panika!
Receptov mora da uspee! Dajte da gi najdeme najgolemite ungarski mediumi i da si ja kazeme makata i golgotata niz koja minuvame!

Анонимен рече...

Еве адреса од унгарска новинска агенција not@mti.hu за почеток.

adrenalin рече...

eve vi nekolku linka od nekoi mediumi vo ungarija:

http://www.tvradioworld.com/region3/hng/

http://www.fsz.bme.hu/hungary/qwww.html

http://www.fsz.bme.hu/hungary/c_com.html

Анонимен рече...

Kratki pravnicki razmisluvanje na glas vo vrska so pravoto i dogovorot:
Dogovorot e kasa-popara, nestrucno, nejasno i neprecizno napisan i podzakrpen, i nikako ne bi smeelo da se tolkuva na steta na korisnicite bidejci (podvlekuvam), se raboti za t.n. dogovor-obrazec (odnapred) sostaven od edna od dogovornite strani, za sto na drugata strana ne i bilo ostaveno mesto da pregovara i da go menuva.
Glavni elementi na eden dogovor, za da bide validen se dogovaranjeto za predmetot na dogovorot i cenata na dogovorot. Vo konkretniov slucaj, predmet na dogovorot e usluga na dostavuvanje na internet vo soglasnost na izbraniot paket. Izbraniot paket e del od dogovorot(cl.4 paragraf 1) i sekoe menuvanje na karakteristikite na paketot e fakticko menuvanje na predmetot na dogovorot. Sekoe menuvanje na predmetot na dogovorot bez soglasnost na dvete dogovorni strani e prekrsuvanje na dogovorot i voedno ponuda za formiranje na nov dogovor.
Dogovorot mu dava za pravo na provajderot da gi menuva tehnickite karakteristiki na paketot (na pr. pogolema brzina za download i sl., a so cel za podobar kvalitet na uslugata i koristenje novi uslugi)no ne i da ja menuva cenata. Dogovorot veli deka ako provajderot go smeni nacinot na tarifiranje, togas za toa ce go izvesti korisnikot. Toa e vo red, no toa neznaci deka korisnikot mora da se soglasi so toa. Ta zatoa i se sklucuva dogovorot, za da dvete strani znaat odnapred sto e predmet i cena na dogovorot, i kako samiot dogovor ce se realizira. Se drugo sto se naveduva e mackanje oci. Toa sto se naveduva deka korisnikot ima pravo da go raskine dogovorot e makcanje oci. Duri i ako ne se navede vo dogovorot, dvete strani imaat pravo da go raskinat, i normalno, da platat odsteta za toa raskinuvanje. Konkretno ovde, provajderot gi upatuva korisnicite da go raskinat dogovorot za da korisnicite bidat odgovorni za nadomestokot za steta sto bi go trpela drugata strana.
Spored mene, korisnikot, bi trebalo da dostavi prigovor do provajderot, deka ne se soglasuva so promenata na nacinot na presmetuvanje na cenata, i deka bara provajderot da go pocituva dogovorot i nacinot na presmetuvanje na cenata utvrden vo dogovorot (a na denta na potpisuvanjeto na dogovorot), i deka sekoja promena na dogovorenoto ce go smeta za prekrsuvanje na dogovorot. Znaci, dokolku po eden takov prigovor (ispraten preporacano, ili so potpis/pecat za priem na prigovorot, za da se ima dokaz), provajderot pocne da presmetuva po nova tarifa, treba da se podnese tuzba za nadomest na steta poradi prekrsuvanje na dogovorot, i voedno da sudot go utvrdi dogovorot kako nistoven t.e. nevazecki. Znaci vo vakov eden slucaj, topkata e prefrlena na stranata na provajderot, bidejci toj go prekrsil dogovorot i toj treba da placa odsteta. Vo slucaj da sudoto go proglasi dogovorot za nistoven, nema da postojat uslovi za placanje penali. Od druga strana, vo najlosoto scenario, vednas po podnesuvanje na tuzbata za otsteta, korisnikot moze da go izvesni provajderot, pismeno, deka e povedena sudska postapka, i deka korisnikot go smeta dogovorot za raskinat od strana na provajderot, i deka nema da primi nikakva ponatamosna uluga od provajderot (sto vo prevod bi znacelo isto ko da go raskinuva, no bitno e sto se se desava po tuzbata), pa taka, ako provajderot resi da tuzi za penalite, ce treba da dokazuva deka dogovorot bil vo sila koga provajderot smeta deka nastanalo prekrsuvanje na dogovorot, sto pak ce zavisi od tuzbata podnesena od strana na korisnikot. Vo edna takva situacija, ako provajderot e lud da se sudi so site (losa reklama, i voopsto nepozelna sostojba za sopstvenicite i investitorite), korisnikot barem si obezbedil osnova za pobaruvanje na odsteta. Zatoa bi rekol, deka korisnicite ne bi trebalo vednas da go raskinuvaat dogovorot, tuku da ostavat provajderot da go odigra pogresniot cekor. Ako vece korisnikot e pomiren so toa da plati penali za raskinuvanje, nema razlika dali ce go raskine dogovorot vednas ili po pola mesec. Finatata e da si obezbedi osnova za da voopsto ne gi plati penalite ili duri i da obezbedi nadomest na steta (od prilika vo visina na dogovorenata cena i novopresmetanata cena).

Анонимен рече...

jas denes dadov prigovor,i mi rekoa bezrazlika dali jas ke go raskinam dogovorot ili oni sepak ke se naplakaat penali.