15 октомври, 2005

Остануваат проблемите и незадоволството

Со објавата од страна на МТ дека за веќе склучените АДСЛ договори нема да се наплатува дополнително по надминување на специфираниот обем на сообраќај, јасно е само дека ништо не е јасно. Хаосот, кој со своето неодговорно однесување го создаде Телеком, се' уште е присутен. Измачените корисници на АДСЛ услуга си поставуваат повеќе прашања.

1. Што ќе се случи со тие што ги раскинале договорите, по најавените измени од МТ? Дали на нив ќе им бидат пресметани пенали во октомвриските сметки, т.е. дали ќе им бидат вратени парите кои веќе ги дале за исплата на пеналите? Законот за електронските комуникации е јасен, но не е јасно дали Телеком ќе се придржува до него.

2. За оние што ќе продолжат да ги користат АДСЛ услугите, колкаво ќе биде ограничувањето на брзината по надминувањето на специфираниот обем на сообраќај? Тоа ограничување не смее да ја измени суштината на услугата. Корисниците склучиле договор за „брз интернет“ и треба тоа да го добијат, дури и по надминувањето на специфираниот обем на сообраќај.

3. Кој ќе ја гарантира точноста на мерењето на сообраќајот? Досегашните искуства ја доведуваат во прашање веродостојноста на опремата која се користи за оваа намена. Досега не чувме дали истата е атестирана и дали има независна институција која го контролира мерењето. Како Телеком ќе ја спречи злоупотребата на едно исто корисничко име и лозинка за приклучување на повеќе корисници?

4. Во изминативе две недели бевме сведоци на исклучително дрско однесување на Телеком. Почнувајќи од најавените измени, начинот на нивно објавување, непочитувањето на законските и договорните одредби, па се до арогантниот однос и навредите упатени кон корисниците на АДСЛ услугата преку средствата за јавно информирање. Дел од корисниците, со право, повеќе не сакаат да соработуваат со компанија која покажа толкав степен на непрофесионалност и непочитување. Зошто да бидат изложени на плаќање пенали, ако повеќе не сакаат да ги трпат злоупотребите од другата договорна страна?

5. Консултациите со правници наведуваат на мислење дека договорите за АДСЛ услуги содржат нечесни и нефер одредби. Со нив максимално се штити само едната договорна страна, а другата страна, т.е. потрошувачите, се препуштени на самоволието на Македонски телекомуникации. Постои сомневање дека договорите не се во согласност со повеќе закони. Оттука, се јавува потреба договорите за користење на АДСЛ услуга да претрпат измени со цел подеднакво да ги штитат интересите на двете страни и да ги исполнуваат законските барања.

6. Ваквите проблеми демонстрираа дека е неопходно поактивно вклучување на државните институции во обезбедувањето на лесно достапни, квалитетни интернет и други електронски комуникациски услуги по прифатлива цена. Очигледно е дека македонскиот пазар на интерет услуги не е доволно созреан за да овозможи остварување на целите зацртани во Националната стратегија за развој на информатичкото општество. Што ќе преземе државата за декларациите да ги преточи во реалност?

Останува надеж дека закажаната средба на Советот за заштита на потрошувачите, на која треба да се разгледува случајов, ќе понуди одговори и решенија барем за дел од овие прашања и проблеми. Можеби во вторник работите ќе бидат барем малку појасни. Можеби...

62 коментари:

Анонимен рече...

Не верувам дека ќе ни дадат побрзо од 64kbps после тие 4ГБ! Инаку ретко кој би доплатил 175 денари за да преостане на 384kbps (128 не е малку дури и за даунлоад)! Но сепак се што под ISDN брзина веќе губи смисла и неможе да се нарече АДСЛ услуга нели, да не не заебат овие од МТНЕТ пак па да не остават на бедни 32kbps.

Анонимен рече...

Nema komentari ?!? normalno :)) ova sto go prevzemavte vie trebase da go prevzemat drugi organizacii ( no momentalno se prezafateni so ... a moze ne ni postojat ne sum zapoznaen :) ne e vazno samo edno nesto zapamtete site koi cekaa drugite ( i jas pripagam tuka ) da go otkazat dogovorot za da se postigne nesto: daj da ne gi ostavame na cedilo. :) cekam predlozi :)

Martin рече...

64kbps Nema sansi. Ne plakam jas pari za dial up usluga. Napred. Bitkata neka prodolzi decki!!!!!!!!

Анонимен рече...

I jas mislam da se otkazeme site, t.e.da go raskineme dogovorot i zaedno da podneseme tuzba, so toa sto nema da plakame penali. Ke se dogovorime i site zaedno (grupno ako treba) ke gi plakame sudskite trosoci. . .

Анонимен рече...

Luge olabavete malce da ne ja izgubime bitkata, toa sto popustija ne treba da ni dava tolkava sila i da pocneme so ultimatiumi. Barem site znaeme vo dogovorot stoi deka posle 4GB imaat pravo da ja namalat brzinata i sea ako pocneme za toa da se bunime site ke se svrtat protiv nas, e sea jebiga sto jas i drugi poedinci poveruvavme na praznite muabeti demek nema nikakov limit fura download bez problem. OK ne gi branam MTNET, naprotiv da mozam bi im gi zapalil 2 zgradi vo centar, ali ako sakame da napravime nesto ne smeeme da preteruvame. Inace so sigurnost garantiram deka situacijava ke se sredi za brzo vreme i ke imame pokvalitet internet brzo.

Анонимен рече...

Да но сепак нема да има долата само за постоечките корисници! А што за тие што сакаат да стават АДСЛ? ние се боревме само за нас или за АДСЛ пакетите воопшто? Тие сакаат нас да не заќутат за потоа да ги сечат новите корисници кои ќе се заебат да потпишат АДСЛ договор :(.

Анонимен рече...

Нема да има доплата и за новите корисници, освен ако сакаат да ја задржат брзината 384/128.

тино097 рече...

само ќе напоменам дека ЈАС не го спремав договорот, тој е подготвен од нивна страна и мие приложен мене. Кој име крив дека пола договор име со пропусти од технички карактер. Си земаат за право да намалуваат брзина но не прецизираат заколку или до колку. И сега ако ми намалат на 64,32 или евентуално на 16 kbps а ваму ми нудат брз интернет. Шо сум јас крив шо нем и прецизирале?
Ако ми понудат брзина сега јас пак ќе го рачунам за нов договор

Анонимен рече...

Ако нема доплата и за новите корисници тогаш кој го напишал ова ???

http://www.mt.net.mk/baneri/email/ADSL_Promeni/Tx11.gif

Анонимен рече...

На http://www.mt.net.mk/baneri/email/ADSL_Promeni/Tx11.gif убаво си пишува дека новите корисници ќе може да одберат MaxADSL, Office или Pro со рестрикција на брзина, значи без дополнително плаќање.

тино097 рече...

прочитај го последниот дел од соопштениет каде е нагласено дека 3те пакети се со рестрикција на брзината.
За корисници кои сакаат целосна контрола на трошокот (е ова име јако)

Анонимен рече...

Извинете изгледа не сум прочитал убаво до крај ... фала за корекцијата.

Анонимен рече...

Моќта во телеком лежи во вашите пари. 6000 корисници само за АДСЛ се преку 240000 евра месечно, или околу 3 милиона годишно.
Што се може да се направи со тие пари, каков сакаш интернет.
Одјебете ги Мтшит и организирајте се, ПАРИТЕ СЕ КАЈ ВАС!!!

Анонимен рече...

Тука си во право. Мислам дека сепак треба да се почне со притисок до Матав и Дојче да се подобри интернетот кај нас и да им се дае до знаење дека либерализација на пазарот наскоро ќе има, и ако сега не превземат нешто со сигурност ги губат муштериите понатака. Ова мозе да упали.

Анонимен рече...

Анонимус кажа:
Luge olabavete malce da ne ja izgubime bitkata, toa sto popustija ne treba da ni dava tolkava sila i da pocneme so ultimatiumi. Barem site znaeme vo dogovorot stoi deka posle 4GB imaat pravo da ja namalat brzinata i sea ako pocneme za toa da se bunime site ke se svrtat protiv nas

Мене во договорот(ни во анексот) не ми пишува за никакво ограничување, а барање не сум пополнил туку преку телефон им ги кажав моите податоци за они да можат да состават договор.

Анонимен рече...

Еве една мала демонстрација (интересна) за разликите во брзината (мислам дека ке ве интересира разликата меѓу 384 и 56!).

http://english.oteshop.gr/ote_adsl.htm

Јован рече...

Би се задржил на коментирање на шестата точка која е одлично поставена како прашање:

„6. Ваквите проблеми демонстрираа дека е неопходно поактивно вклучување на државните институции во обезбедувањето на лесно достапни, квалитетни интернет и други електронски комуникациски услуги по прифатлива цена. Очигледно е дека македонскиот пазар на интерет услуги не е доволно созреан за да овозможи остварување на целите зацртани во Националната стратегија за развој на информатичкото општество. Што ќе преземе државата за декларациите да ги преточи во реалност?“

Не знам дали знаете но во моментов започнува проект за изработка на Национална стратегија за бродбенд. Овој проект го работи директно Министерството за транспорт и врски, има канцеларија и двајца нововработени луѓе кои го припремаат процесот. Оваа стратегија директно ќе ги одговори (или барем би требало да ги одговори) сите делови од ова многу добро прашање. Можеби треба малку повеќе да се осмисли на тоа како и на кој начин би се подобрила интернет конективноста во МК, па кога ќе дојде време за вклучување на јавноста да се дадат квалитетни предлози за оваа (според мене) најбитна работа... Многу побитна од тоа колку ДВДија ќе се симнеле со даден пакет...

Анонимен рече...

Najinteresno e toa sho vo makedonija, se shto treba da e dobro ima pridavka "kje" ili "treba da" ;)
- DrunkY

Анонимен рече...

dobro, denes e 15, nerabotat. sto ako denes trebase da go otkazavam. t.e. ako go odkazam se plakat peali sega ili ne???
navistina neznam sto da pram.
sega i od moite doma imam pritisok, koga procitale vo vesnik deka nema da se plaka, pa vikaat da go otkazvam!.

Clutch рече...

Можеби едно барање е исполнето (враќање на старите услови, иако за мене тоа не важи пошто јас немам барање во кое се споменува било какво ограничување), но целава оваа работа на површина исфрли уште неколку пострашни работи - ШТЕТНОСТА НА ДОГОВОРИТЕ, НИВНАТА НЕЗАКОНИТОСТ ВО НЕКОЛКУ НАВРАТИ И МОЖНОСТА ЗА ЗЛОУПОТРЕБА НА КОРИСНИЦИТЕ.

Остајте се друго, само на мерачот можеме да се фатиме и да ја завршиме работата. За тој бројач, НИКОЈ, ама баш НИКОЈ корисник не видел ДОКАЗ дека е точен. Можноста за злоупотреба е ОГРОМНА, а нашите права како корисници се целосно загрозени. Неможноста да се подели даулоуд/аплоуд фактички со смалува пакетот на 2 до 3 ГБ трансфер на податоци. Исто така, непотенцирањето за колкаво намалување на брзина се работи, остава можност за уништување на суштината на продуктот, а тоа е брз интернет за фиксна цена. Јебеш ти 24 часовен пристап со (најверојатно) помала брзина и од дајл-ап. Пошто, не верувам дека после ова ќе дозволат и мочани 64 кбпс.

Искрено, целава фрка требаше на СИТЕ да ни ги отвори очите за ШТЕТНОСТА НА ДОГОВОРОТ и нефер клаузулите во него. Е, сега, лесно е да се каже, кој ве терал да потпишете, ама, луѓе, да бидеме искрени, повеќе од нас немаат можност да носат правници кога ќе потпишуваат договор во ТелеШИТ. Токму затоа, бидејќи нашите права како КОРИСНИЦИ се ЗАГРОЗЕНИ, треба да се продолжи со притисокот. Најфер решение ќе биде да се поништат овие договори (ЗАШТО СЕ БОЛНО ШТЕТНИ ЗА НАС) и да им се овозможи на луѓето да ја преиспитаат својата одлука за евентуална повторна соработка со МТшит. Искрено, многумина, и покрај се, ќе сакаат таа да прекине.

zumbazum рече...

clutch , подобри услови од овие што ги изборивме нама да добиеме нигде во Македонија . ОнНет , Унет , МОЛ се е полошо . Ако ги раскинеме договорите ќе ги здоболи малце али ништо страшно а ние ќе останеме без интернет . Пошто пропагандата е нашето оружје да продолжиме на тоа да работиме да добиеме неограничен даунлоуд . Мејлови ,весници ,ТВ али аргументирано и културно . Имаме пристап до информации,има меѓу нас луѓе по струка , знаеме и многу незадоволни корисници на телефони итн ,ќе помагаат сигурно.Така дојдовме до овде така и да продужиме

Clutch рече...

Веќе неколку пати споменав. Доколку Телеком, уште на почетокот речеше, "поради огромен трансфер на податоци, понудуваме НОВ ФЛЕТРЕЈТ пакет кој ќе чини 3500 - 4500 денари (значи речиси дупло од она што е сега и дупло од било која држава во регионов) без намалување на брзина и кој воли нек изволи". Без проблем ќе прифатев во истиот момент. Кој сака службеник нека тврди дека никаде нема таква работа, ама само треба да се проверат сајтовите и ќе се види дека во секоја држава има пакети со лимит и без лимит. Со самото тоа што МТ не овозможува НИТУ ЕДЕН ПАКЕТ без лимит (дури и оној за фирми, што е целосна глупост - 9 компјутера 25ГБ) зборува дека тие сакаат да кешираат од целата ситуација.

Лошиот момент во целава ситуација е тоа што Телеком намерно КРИЕЛ детали од договорот со цел да навлече што поголем број корисници и после да им го набие ножот у грб. Во секоја држава каде корисниците СИ ГИ ЗНААТ СВОИТЕ ПРАВА И СЕ БОРАТ ЗА НИВ само ова ќе биде доволно за превземање граѓанска акција од било каков вид која нема да запре на "ограничување на брзината".

А дека битката треба да ја водиме културно и законски, тука нема збор. И досега беше така, не знам зошто и понатаму да не биде така.

Анонимен рече...

Абе они можат да кажат што сакаат, ама и сами знаат дека секаде има flat rate пакети, па еве и хрватски телеком кој е во сопственост на истите ни газди од Имачка(Немачка) си има таков пакет(како што имавме и ние до пред 2 недели)
http://www.tportal.hr/maxadsl/fset.html

Анонимен рече...

А бе луѓе се повеќе и повеќе изјави слушам дека ова е најмногу што можеме да добиеме. Во мојот(а верувам и во на многу други) договор не стои клаузула за никакво ограничување, а барањето не го пополнував туку преку телефон побарав поставување на ADSL, што значи, и да имало неков лимит во барањето јас за него не сум ни слушнал а камоли да го потпишам, а ви гарантирам дека не ми беше кажано од нивна страна по телефон кога го барав ADSL-от.Дури и некому да му било кажано не верувам(поправете ме правници) дека снимена аудио касета(ако имаат таква од вашето јавување)е доказ на суд,ако претходно не бил издаден судски налог за нејзино снимање.

Анонимен рече...

Нажалост, и она нивното не е баш некое цвеќе: 64kbps upload? Знам дека АДСЛ значи "асиметричен" ДСЛ ама 64 upload е безобразно малку. Ебате broadband-ot.

Глиша рече...

Да го потегне некој муабетот горе во точките зашто ни го тарифираат и локалниот сообраќај кога тоа нив ништо не ги чини?

Со тоа што нема да го рачунаат локалниот сообраќај (пред се сурфање на македонски сајтови) ја унапредуваат интернет културата и си создаваат нови корисници бла бла...

Анонимен рече...

Mora da se raskinat dogovorite!
Ako treba i penali da se plakat!
Zamislete sitoacija 50 % out .
Taka ke stignime do drugi ponudi.
Nema poke dogovor, davaj mi ti mesec za mesec, pa ako sum zadovolen igrame ako ne ne!
Ne vaka mu se dumam, edno za parite nebare kredit sum zel. drugo ne cini internetot ili ima pouba ponuda ne mozis da se otkacis. So ako za 2 godini se ponudi 500 den neogranicen dsl ?
Bidete svesni , vo ovoj moment 90% od nas se vistinski sposobni da odvojat 500 den za net, natrajte si takva ponuda i da mrdni rabotata. Vie ste krivi za lokalnite mrezicki so se napraja niz gradovite od po 3-4 ca. Ne vie 1500 za 512 megi = 3 den/MB i drugata ponuda 2500 za 4000 megi 1,6 den/MB. 1.6 i 3 ?!?!!?!?!
Demek naprajte si mreza ako sakate da vi dojdi po 1,6 ako ne 3 .
Ova e samo za najnoviot paket starite da ne gi spomnuvam. Da zavrsam istruv , 500 den 1 giga limit. To mislam deka treba da e osnovniot paket.

Анонимен рече...

Dosega bese 500 den , 5 dusi na eden adsl so dogovor i gotovo. Ama ocigledno taka ne mu cini na lopovite. Ako imavme pari da platat poke , ke platevme pr 1500 , nemase da si gi vadime ocite edni so drugi . em 500 den em bez internet.

Анонимен рече...

Sega go citav mailot od mtшит , za koi to novi korisnici spomnuvaat ? Koj e toj so ke potpisi "aha mozi da mi naplakate kolku ke vi tekni"? Nigde ne spomnaa , da ne treba pak na 2 godini dogovor da se potpisi ? lol ! I sega ispadna blaze si ni na nas starite, so dogovori , ako si nov tesko ke uspees da dobies smetka od 2400 :).

pero рече...

ок... да ви ја честитам победата како прво и најважно нешто. без обединетиот труд на сите кој што го потпишаа приговорот немаше да сме овде, а да бидеме искрени претпочитам да сум со старите услови одколку со новите. моето искуство со интернетот во бугарија сакам да го споделам со вас тука за да покажам како можат да се решат проблемите на broadband во македонија. значи ... еден пакет кој може да се купи во студентски град (за тие кој што не знаат 60-70 згради наменети како студентски домови во посебна населба во софија) и кој сега е најактуелен е пакетот на 35-ката (интернет клуб значи а не интернет провајдер) кој нуди... 9 Mbit/s бугарски интернет (интернет врска само до бугарските провајдери и нивните сервери и нивните корисници) и 1,5 Mbit/s надворешен интернет (пример до македонија) и сето ова дами и господа на цена 65 lv (33 евра). тоа е најскапата понуда а има и уште 2 па повелете и видете (ова важи и за чичкото од мт.нет што ни кажуваше пред некој ден каков е интернетот во бугарија и србија) www.club-35.com (од таму логички клик интернет). сега ова сето звучи идилично ама не е баш така. значи и овие провајдери плаќаат исто како и мт.нет на трансфер на податоци (колку да се знај во моето баранје пишеше дека намалувањето ќе биди на 64up со 64 down и исто трафик се мери во 2-те насоки)и тој факт е онај кој што ги боли мт.нет па сакат да не одерат (мислам кога веќе покриваме трошоци зошто и да не ќариме малку). е како се решава проблемот во бугарија ... се што би сакал да download-ираш веќе го има во бугарската мрежа до која што ти имаш 9 Mbit/s (8 Mbit/s down 1 Mbit/s up) и соодветно ќе го земиш од таму затоа што тоа тие 7 пати побрзо. дополнително на тоа договорите меѓу интернет провајдерите се направени така да трафикот меѓу нив е бесплатен. и еве не пак кон алчноста на мт.нет. ако нашите дами и господа дозволат да се направи еден нормален договор помеѓу внатрешниот македонски интернет и ако нашата влада (не мешам партии и неќам да мешам) дозволи да се образуваат провајдери на едноставен начин сите овие проблеми кои ги има мт.нет заедно со нас ќе бидат експресно решени. незнам како е во скопје (јас сум од битола) ама овде кабелскиот оператор нуди нешто слично на погоре кажаното со интерконекција меѓу корисниците на кебелски интернет од 10 Mbit/s и исто спомнуваа дека ќе кренат внатрешни ftp сервери кон кои што нема да пресметуваат трафик (еден вид proxy).
тоа ме носи до последниот пасус.
препорака за оние кои делат интернет на повеќе луѓе. прво инвестирајте еден постар компјутер за linux или freeBSD рутер (имате неограничен интернет до крајов на месецот па читајте господа, лично препорачвам pfSence) и на него ставете едно proxy кое што може да ви заштеди определен дел од трафикот под некои услови (squid е стандард).

и колку да се знај ако некој се запраша... не сум вработен кај никој интернет провајдер и всучност барам работа :)

Анонимен рече...

Da ne saka nekoj da mu go sitnam adsl-ot , uste samo 14 meseci po 2400 na mesec ne poveke! Ova e esenska ponuda!!! :))))))))))))

Анонимен рече...

Кога веќе започна борбата со Телеком, треба да продолжиме да се бориме за да добиеме поефтин и побрз интернет. Во глава имам две идеи како да го оствариме тоа:

1. Секој ден (на пример од 12 до 13 часот, кога е шпицот) да го бојкотираме интернетот. Мислам дека секој може да се воздржи од еден час сурфање или превземање. Знам дека е ова тешко да успее кај нас, затоа што секогаш ќе се најдат „паметни“ што баш во тоа време ќе сакат да превземаат содржини од интернет, затоа што тогаш мрежата би била помалку оптоварена. Но мислам дека вреди да се обидеме барем еден саат во денот, синхронизирано да ги исклучуваме ADSL модемите.

2. Секој ден во траење од 1 час да ја блокираме нивната работа. на тој начин што сите истовремено ќе вртиме на 971 или 0800 12345 (БЕСПЛАТНИ СЕ). Не мора да ги пцуеме, ќе бидеме културни (може да ги прашуваме како се по дома и сл. или да им поставуваме едно исто прашање), но ќе ги задржуваме што е можно повеќе. Тие мора да бидат културни, и мораат да разговараат со нас, затоа што не знаат со кого зборат. Покрај тоа разговорите се снимаат. Претпоставувам дека на тој начин и вработените во Телекомот ќе вршат притисок врз претпоставените.

Ако уште некој има идеја, мислам дека ќе биде добро да биде разгледана.

FUNMAC рече...

Ajde braka pobedivte vo ime na site korisnici na adsl

Ve pozdravuvam --Mone Bitola

александар рече...

Хммм... Значи вратија се по старо (рекоа пу-пу-не-важи) и си мислат дека така ќе си поминат.
Јас пак велам да се продолжи со активностите.
1. Да се побара (од судот, најверојатно) да се прогласат договорите (или некои делови од нив) за неважечки, поради веќе образложените причини. На тој начин ќе ги заштитеме и оние кои веќе го раскинаа договорот.
2. Да се инсистира на увид во мерењето на трансферите. Ова, се разбира, не е возможно, па еве ни уште една основа за да се „измрда“ од дополнителните ограничувања. Да се разбереме, јас реално немам ништо против тоа да ми ја намалат брзината по 4 ГБ (оти тоа го имам потпишано и знаев за тоа ограничување, за разлика од некои други корисници), но како тие ќе ме заштитат од неавторизирано конектирање и сурфање преку мојот акаунт? Бидејќи секој кој што работи во МТнет, ќе може да сурфа на сметка на мојот акаунт. Ова, впрочем, беше и најголемата причина зошто се вклучив во целата оваа работа.
3. Погоре некој спомена дека ПАРИТЕ СЕ ВО ВАС. Таа идеја и мене ме „грее“ веќе подолго време. Знам дека треба голема организација и работа, ама ете - покажавме дека тоа знаеме и можеме да го направиме. Значи да си формираме едно здружение (некаква непрофитна организација), па да си се поврземе во една поголема мрежа, а? А кога ќе добиеме поголема маса на членови да си откупиме наш, независен од било кој провајдер, линк од страна (Швајцарија, Бугарија, Косово...). Или како што направија студентите во Бугарија (за што зборуваше Перо погоре) да ја дадеме мрежата на користење на два-три провајдери. На тој начин тие ќе плаќаат ќирија (за одржување на мрежата), а цените на Интернетот ќе бидат конкурентски (читај ефтини). Македонскиот Интернет ќе ни биде БРЗ.
Туку, ова за понатака. Сега да се сконцентрираме на првите две точки и да се ослободиме од прегратката на монополот.

Анонимен рече...

A moze li nekoj da mi dade odgovor na prasanjeto


KADE VO DOGOVOROT GI PISUVA TIE 4GB?


sega go gledav dogovorot i nikade ne pisuva deka posle 4GB ke ima namaluvanj na brzinata

Ivan рече...

Браво дечки одлична работа. Кој вика дека не се можело против Телеком. Е сега не е тоа на што сите се надевавме ама пак е подобро отколку да плакаме за секои 512мб по 200ден. Јас во еден претходен пост имам напишано дека они мене ми се имаат јавено на телефон уште фебруар 2004 како нивен голем потрошач на интернет (4000-8000ден месечно само интернет)дали сакам да се претплатам на новата услуга што ја нудат АДСЛ. Кога разбрав дека е 3500 со ДДВ и имаш интернет колку сакаш одма приватив и така отидов утредента потпишав договор и толку. Ми се јавуваат после 6 месеци да ми кажат дека ми истекол договорот и ако сакам можам да го продолжам, ана јас им реков не фала ќе чекам да излезе нешто подобро. И така стигна март 2005 и гледам нема ни трага ни глас од кабловскиот интернет во Лисиче па реков ај ќе му се плукнам па ќе пишам договор на 2 години, поскапо неможе да биде само поевтино. Арно ама гадно се заебав. Али батали сега тоа доста го тупам сакам да кажам дека јас немам добиено никакво барање и во мојот договор нигде не пишува за некаков лимит на сообраќај. Па ме интересира дали имам некоја основа да се бунам или да го раскинам договорот?
Фала дечки одлична работа направивте

Анонимен рече...

Ne sme izvojuvale nikakva pobeda. Dajte da gi naterame da daday podobri uslvi. Edinstven nacin e SITE da gi otkazeme dogovorite. Po zakonot imame pravo 30 dena. Ako toa go napravime site ke moraat da dadat podobri uslovi inaku cao 300000 evra mesecno. VERUVAJTE nikoj nema taka lesno da se otkaze od tie pari. Penalite se nisto vo odnos na parite koi bi ni gi zemae za 2 godini po dogovorot. OTKAZUVAJTE se site i ke gi naterame da dobieme 384K FLAT. Pa toa ni bese celta zar ne? KOJ NE GO OTKAZAL DOGOVOROT NEKA GO NAPRAVI TOA VO PONEDELNIK ILI VTORNIK. Nema tek taka da se otkazat od nasite pari. NASATA CEL E 384K FALT RATE i toa ke go dobieme na kraj. SITE OTKAZUVAJTE SE

Анонимен рече...

Ajde revolucioneri bitkata ne zavrsuva na prvata barikada. Do celta treba site da gi stusime. OTKAZUVAJTE GI DOGOVORITE. Pa zar vie bi se otkazale od toj prihod. Nema ni tie. Zatoa i popustija znaat deka nemaat pravo da naplatat penali i ke mora na kraj da go izgubat vece potpisaniot prihod. NIKOJ a najmalku MATAV nema da se otkaze od 10000 potpisani dogovori na kraj ke mora da pupustat i da ni dadat 384K FLAT. Pa na zapad za tie pari davaat povece ama tamu imaat konkurancija. E tuka ja nemaat ama zatoa imaat REVOLUCIONERI. NE SE OTKAZUVAME ODIME DO KRAJ

ДТЕ рече...

Абе ако раскиниме сите, треба да ни дадат подобри услови. Не како што беше до сега. Ќе треба побрза врска, флат-рејт и барем 50% поефтино од колку што е сега... :)

Анонимен рече...

Anonymous said...
OTKAZUVAJTE se site i ke gi naterame da dobieme 384K FLAT. Pa toa ni bese celta zar ne? KOJ NE GO OTKAZAL DOGOVOROT NEKA GO NAPRAVI TOA VO PONEDELNIK ILI VTORNIK. Nema tek taka da se otkazat od nasite pari. NASATA CEL E 384K FALT RATE i toa ke go dobieme na kraj. SITE OTKAZUVAJTE SE
***************************
Kazi mi na osnova na sto da se otakzuvaat site !!! koga vo dogovorot sto skoro site go potpisavme pisuva deka MT go zadrzuvaat pravoto da ja namalat brzinata ako korisnikot go nadmine limitot od 4 GB.

Анонимен рече...

Bas na taa osnova, Vo uslugata koja ni e ponudena i koja ne sme ja "videle" vo momentot na potpisuvanje a i denes, ne znaeme na kolku ke se namali taa brzina. Vo fer dogovor toa treba da e napisano a i nikade ne stoi kako ke se meri individualniot soobracaj, ispadja deka sme kupile macka vo vreca. Sega moze i po 2 saata da ti napise 4GB i da ti dade 16K protok, I po dogovorot ne im mozes nisto. Osnovata e DOGOVOROT GO SMETAME ZA NEFER I ZATOA I GO RASKINUVAME. Mislite li deka se isplasija od toa sto pustavme mejlovi sekade. Dobija okolu 6000 otkazuvanja i se pismanija. Toa se 180000 evra mesecno. Ako taa brojka se zgolemuva ke mora da menuvaat nesto. Jas rizikuvam ostanuvam na moeto otkazuvanje. Ako ostaneme site ke mora nesto da menuvaat. Pa zar vie na vasite prijateli ne im go reklamiravte ADSL-ot deka 1990 den + DDV imate FLAT. Pa site ne dobia na toa. Toa i si go barame. Ona sto go imame do 1.11 da si ostane a toa e 384K flat inaku otkazite ostanuvaat

Анонимен рече...

Luge a da se napravi forum, kade site ke se registrirame sto imame potpisano dogovori, taka za da si go znaeme brojot, pa da izvadime eden oglas vo vesnik ili da zamolime na Tv bez pari da ni pustat edna reklama koja ke go reklamira veb sajtot, da gi stavime deckive koj go napravia sajtot za moderatori, i da se objavuvaat sopstenija sto ke pravime dalje, ama site zaedno, ako gi raskinuvame dogovorite site a ne 20 dusi da gi raskinata a nie drugite da gi zezneme.

Анонимен рече...

Zosto mislite deka ograniuvanjeto e staveno pod * so sitni bukvi a ne e staveno vo grafa kako i se drugo

Анонимен рече...

Use ednas da razjasnam. Starite korsnici si imat limit. Novite ke si imaat eksta za plakanje. Jas licno ko ke gi sporedam ovie "2 paketi" kako "nov korisnik" iako nemam izbor, znaci mora da go odberam "paketot so doplakanje". Koi sto jas licno go smetam za ponepoloven. Suma sumarum ,telekom (iako ke se otarasi od prekumeren trafik) rabotata so paketite si ja pikna vo korsokak. Nie "postoeckite korisnici" do pred 15tina dena "bevme zadovolni" od usluga/cena od adsl-ot so toa normalno i go reklamiravme. Znaci tendencijata bese da se zgolemuva brojot na adsl korisnici. Sega 15 tina dena pokasno "atraktivnot adsl" go snema , i po cena i po kvantitet a i kvalitet, i dojde "ADSL" koi so postoeckite koricnici duvaat begat od nego kamoli novi da se zakacat. Zgora na to nie "postoeckite korisnici " ne sme ni svesni seuste sto izgubivme, ke pomini ovaj mesec mozi po staro. Od drugiot mesec ko ke ni stani jasno deka sekoj klik na download ke predizvika mozocna podsvesna reakcija na presmetka na preostanatite megabajti , ili presmetka na denarcinjata koi ke ti letnat. Ke vidite kako ke se pretvorime vo buntovnici i kako ke potece edna prirodna anti kapanja za "ADSL"-ot. Tendencijata definitivno ke bidi odliv a ne priliv na korisnici. Znaci za mesec dena onie koi se na godina ke mozat da ja pomirisaat slobodata. Znaci edinstveno so mozi da pravime e da ja zabrzame taa anikampanja, vervajte mnogu ke bidi lesno. Namesto da cekame finansiskite nerezultati da go naterat telekom da ni gi smeni paketite , odnosno da vovede novi. Dobar pocetok za revolucijata da dobie na zestina ke bidi naplakanjeto na penali na onie koi veke go raskinaa dogovorot.
Bilo jas ili nekoj od telekom da ja pravi ovaa matematika rezultatot e -. Taka da ne se macime mnogu ni vie ni nie. Digitronite vrace i so poskoro novi paketi. Moja preporaka iskustvena 500 den za giga. Kaj se culo i videlo, jas da mu prodavam od utre 500 gigi za 500 denari , a istiot od vas da gi cini 1500. Koj mozok vi go izmisli novio paket alal da mu e . I na kraj poraka do revolucionerite , ne sme ama za skoro ke bidime pobednici. Do nova godina najkasno.

Анонимен рече...

Dali ste spremni za 1990 den + DDV da dobiete 32K p2p blocked. Pa utre ke ni blokiraat sto sakaat, vo dogovorot ti vika pristap a ne i sto mozes da pravis na internet. Pa izracunajte samo Update na Windows, Antivius, Adware ili bilo koj drug program sto go imate kolku od tie 4G ke vi lapne. Ke im placame nekoj spor internet za baznoslovna suma. Otkazuvanja ima dajte toj broj da se zgolemi

Анонимен рече...

Jovan-e, a da se fuknesh ti malko u g'z kude Janita, a posle toj, da si gi viknesh na grupnjak bez granice: tvoi drugari od Metamorfozis i KIT, i prevaranti od USAID, Onnet i Soros????

Potrcko mali, ne se reklamiraj ovdeka, imash si svoj blog (http://jovansblog.dobroutro.com/?p=249,). Da sakashe tvoja malenkost da napravi neshto pozitivno na informaticki plan, do sga imashe dosta prostor i vreme toj da ga napravi, a ne "na papiru lepo slovo" (citaj: startegija).

Bidi koristan i kazi detalji za tuj "Национална стратегија за бродбенд", a ne u zavienu formu da ni kazuesh deka dvoica novovraboteni ga pripremav proces, bla, bla, bla.... i toj b'sh edno od najkorumpirani ministerstva u drzavu.

Zashto b'sh od tebe, NA BLOG treba da doznaemo deka ima neshto takvo u pripremu????

P.S Ako nemash odgovor, ne ni repliciraj!

Анонимен рече...

Ma koja strategija, ke se smeni vlasta i cao. Da imaa strategija ke napravea DRZAVA vaka ostanuva sani da se borime. SI GO BARAME TOA STO GO REKLAMIRAA. Pa ne sme ni prvi ni posledni koi mangupive so smislen dogovor gi navlekle. Nie sme prvi koi zastanavme protiv toa, OTKAZUVAJTE GI DOGOVORITE REZULTATITE SAMI KE DOJDAT I NEMA DA BIDAT NA NASA STETA

cavka рече...

daj da ne se lazeme so noviov paket na mtnet bidejki e zivo sranje 2400 den. za dialup konekcija! daj da se organizirame da izvadat uste nekoj paket zosto vaka ne biva!

Анонимен рече...

Nego kazete sto ke bide so nas sto go raskinavme dogovorot? Jas probav da go vratam naredniot den ama ne mi dadoa. Sega se zaebav i ke mora nov dogovor da pravam na 2 godini? Daj gi molam organizatorite na revolucijata da napravat nesto da gi vratime starite dogovori!

Alek рече...

Decki pocnavte da zabeguvate do picku mater.

Jas prv ke priznaam deka simnuvav ko nenormalen, ama novava ponuda (kompromis) od mt-net e itekako fer i praveden. Mislam... da ne se 20GB (tolku mu ispaga) vo mesecot malku? Koj moze na cista sovest da tvrdi deka toa ne e dovolno za osnovni potrebi, zabava, klipcinja, radio, video streams etc... etc...

Fakt e deka ako simnuvas tolku golem broj podatoci, FAKT e deka veke mora da navleguvas vo piraterija i pornografija.

Taka da ne mozam da ja opravdam ovaa borba.

Edinstveno mozam da se pridruzam ako se borite za namaluvanje na cenata... Smesno e borbava za poveke materijal za drkanje i materijal za dengubenje.

Јован рече...

Не одговарам на анонимни „обожаватели“... ;)

bezvrska рече...

@alek:
Во постот имаше наведено 6 точки, а ти си се фатил за само една од нив и си ја искарикирал како „borba za poveke materijal za drkanje i materijal za dengubenje“. Да те потсетам, 5 точки се однесуваат на борба за потрошувачки права кои се загарантирани со закони, а 6-тата се однесува на Стратегија усвоена во Собранието со која државата си презела конкретни обврски. Ако мислиш дека „компромисот“ на МТ е фер и праведен, да те потсетам дека за да се постигне мораше да се потсети МТ колку нефер и незаконски постапиле. Јас воопшто не сметам дека треба да сум благодарен на некој затоа што после малку премислување решил сепак да испочитува закон. Не сакам кога некој ме прави овца за мои пари. Тоа што го поистоветуваш интернет со „piraterija i pornografija“ покажува колку „далеку“ сме стигнале со она што е наведено во точката 6.

„Edinstveno mozam da se pridruzam ako se borite za namaluvanje na cenata“ Зошто борбата за цената е поразлична од борбата за брзината? Некој после ова може да те нарече гагаџија, баш по теркот на етикетите кои си ги залепил погоре. Секој има право интернетот да го користи за различна намена, а ако сакаме да се развиваат оние „корисните“ намени (на пр. е-бизнис или е-влада) мора да се бориме за што е можно пониски цени, подобар квалитет и брзина и помалку лимити. И по можност почитување на законите и на нашите права како потрошувачи.

Goran L. рече...

Jovan-co, tacno takoj, ti odgovarash samo na Janita i Bardita.
Sve drugo ti e politicko-informaticka reklama!

Alek рече...

Ubav odgovor bezvrska, ama seuste ne mozam da sfatam legitimna potreba za poveke od 20gb vo nasoka "razvivanje na informatickata kultura, e-biznis i sirokoprostraneta dostapnost na informacii"

Smaluvanjeto na cenata e idealno vo taa nasoka, zgolemuvanjeto na protokot pri *postoeckata* cena ne pravi NISTO, vo taa nasoka. Vo nasoka na opstestveno-kulturen razvoj.

1) Se namaluva cenata na ADSL paketot za edno tri pati pri segasnata fer ponuda... 1b) FAKT: Ke se zgolemi prosirenosta na internetot za nekolku pati

2) Se zgolemuva protokot od 20gb nagore pri postoeckava cena 2b) FAKT: nema da se privlece nitu eden korisnik od onie koi ne mozat da si dozvolat internet... 2c) ke se zgolemi enormno protokot sto go pravime kon zemji koi ne oshuruvaat (za protok)cisto vo nasoka na bespotreben material i pornografija.

Ajde da ne go koristime "razvojot na informatickata svest" kako opravdanie za megalomanski internet simnuvanja.

Vo nasoka na razvoj smetam deka uste edna KRITICNA rabota sto treba da se izbori e BESPLATEN soobrakaj vnatre vo makedonija, znaci da ne vleguva vo protok na korisnikot. Ova realno pridonesuva kon razvoj.

Poveke od 20Gb kon amerikanski serveri... Abe ajde? ;)

bezvrska рече...

@alek:
Ubav odgovor bezvrska, ama seuste ne mozam da sfatam legitimna potreba za poveke od 20gb vo nasoka "razvivanje na informatickata kultura, e-biznis i sirokoprostraneta dostapnost na informacii"

Не знам од каде ти е таа бројка од 20 ГБ. Колку што знам лимитот на брзината е по 4 ГБ за макс и 10 ГБ за офис АДСЛ. Во овие 4 ГБ влегува и аплоуд и даунлоуд, и меѓународен и локален сообраќај. Тука влегуваат и оние контролни битови за секој бајт кој го примаш/праќаш. Не знам дали си користел open source софтвер ама често може да ти треба и над 1 ГБ месечен сообраќај за редовен апдејт на истиот.

Немој да ми кажеш дека брзината не е важна! Ти си корисник на broadband? Зошто си земал broadband? Поради, како што ги викаш, „фер“ условите? Ако брзината не била важна, што не си се држел до dial-up? Тезава е како да застапуваш став дека 486-ка e исто толку продуктивна како пентиум 4.

Прво велиш дека условите биле ептен фер, а после велиш дека ти смета цената. Цената е еден од главните услови на понудата. Контрадикторно, не?

И на крај, може да ми објасниш што е тоа „легитимна“ потреба за интернет сообраќај? Да не има некоја агенција која издава сертификати за легитимен сообраќај? Дали тука е вклучен и сообраќајот кој се прави со e-donkey и kazaa media desktop кои можат да се симнат од адсл сајтот на МТ? Абе ајде ;)

Анонимен рече...

abe mrsulot sigurno e od aDSL cim pisuva vaka
i seushte nemozham da poveruvam na ovoj narod
se raduvate shto vi gi vratile pravilata vo dogovorot na koi ste slozhija dvete strani
?

a toa shto probaa da ve izebat
ili toa ne se rachuna
epa zatoa ke ne ebat
ne znam koj celo vreme tvrdi RASKINUVAJTE DOGOVORI, KE NAMALAT CENI
ama da znaete VO PRAVO E
TOA I TREBA

Анонимен рече...

i ako mozhe nekoj da presmeta, ke dobie slichni rezultati:
so 384 (48 KB)/s MAXIMUM (so nekolku skoro i nevozmozhni faktori) shto mozhete da prefrlite/transfer mesechno (da pretpostavime 30 dena) e:
115 GB
od site tie, nie dobivame samo 4
toa e 28.75 pati pomalku..
sakate da sum zadovolen a dobivam 28.75 pati pomalku od toa shto stvarno treba da go ponudat za tie pari
ma ova e nemoguche!

Alek рече...

De be luge... Mnogu e ednostavna presmetkata. 4GB simnuvas za eden den pri celata brzina... Posle narednite 29dena ti ostanuva brzina 64K... So 64k se simnuvaat 700mb na den. 29 dena po 700 mega, mu doaga okolu 20 giga... Znaci ustvari 24 giga vo mesecot mozes da simnes, zaokruzeno 20 giga...

E sega luge JAS licno otkako imam ADSL do pred 5 meseci simnuvav ko lud... Mislam imam simnato se sto voopsto postoi na internetov... Mislam nema album sto go nemam, nema programa sto ja nemam, nema kniga, ili spisanie sto nemam. Plus celo malo snabduvav so porki i filmovi sto im trebaat. A eve sega zirnav da vidam kolku sum vadel prosek... Mi vika 30GB na mesec sum vadel prosek.

E sega... Eve jas priznavam deka ko nenormalen sum simnuval... I PAK ispaga deka i so kompromisov bi go postignal istoto. Vie sfakate li kolku se 24 GIGA?!?!?!?!

E sega fintata e sto bez ogranicuvanjeto mu doagase okolu 120 giga u mesec... I to go nafukuvaa tipci ko dzvonko i nekoi DVDteki koi simnuvaa DVD-inja... Sega nie plakame za niv... Nema vrska so ona poveke luge u zgrada.

E sega za onoj komentar deka si platil za broadband i sakas broadband brzina... Ponudata si e super fer... Ne go zloupotrebuvaj ADSL za preterano simnuvanje (a da se razbereme 4 giga ne moze slucajno da ti gi SNEMA) i ke si imas super brzini. Iako mislam deka idealno bi bilo 10giga da e vkluceniot soobrakaj, zasto eve i da si normalen korisnik (sto ne preteruva, kako na primer biznis da pravi od toa)... Mozes da nacukas 10 giga od simnuvanje klipcinja, po nekoe filmce i albumce i sl...

Taka da najidealno fer ponuda bi bila ja mislam 10giga pred da se namali brzina. I da se namali pretplata na edno 1500 denari.

Stvarno e glupo nie da plakame za DVD-tekite.

Alek рече...

Ooops. Samo sto procitav porakata od redGuy.

"МТнет има 2 линии по 34 Mbps до Матав и неплаќа ВКУПНО за интернет повеќе од 8000 долари месечно. 8000 долари месечно ЗА ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА. Само профитот од околу 6000 АДСЛ корисници му донесува годишно околу 3.600.000 долари (пред поскапувањето) и тоа рачунато ако сите имаат договор на 2 години, да не праиме муабет ако плаќаат 3600 без договор или за поскапите пакети што ги користат интернет кафеата. Тука исто не спаѓаат и 6-те Mbps што ОНнет ги зема преку нив."

MAMETO IM EBAM. Povlekuvam se sto rekov. Ja se si mislev deka im se trosocite ko pred 3 godini i gi opravduvav. Aj da si ebat vekot. Ova treba da e 500 denari za 240 giga.

bezvrska рече...
Коментаров го отстрани администратор на блог.
bezvrska рече...

@alek:
Мислев да ти одговарам, ама гледам дека си сфатил како не музат и тоа го оправдуваат со смешни изговори „вие не знаете колку е скап bandwidth-от“... Среќа што најголем број луѓе не знаат колку е стварно „скап“. Да знаеа ова немаше да биде р-еволуција туку револуција :)

Анонимен рече...

Awesome site. I bookmarked it for future use. I also suggest you check out sex toy adult vibrator