18 октомври, 2005

„Се грижиме за корисниците“... Златни тие!

Откако Непријателот излезе со став дека внимателно ги следи сите предлози и сугестии од „злонамерните“ корисници, денес се одржа неформална средба на која се расправаше за чувството на мачнина и нагонот за повраќање што се јавува кај корисниците на АДСЛ услуга. Непријателот ги дозна трите главни причини за тоа:
1. Пеналите кои се бараат од оние кои поднеле барање за раскинување на договор во моментите меѓу два огласа во дневните весници.
2. Контрадикторните информации за брзината на пристап по надминувањето на специфицираниот обем на сообраќај.
3. Неточноста на мерењето на сообраќајот и можностите за злоупотреба на корисничкото име и лозинка за генерирање сообраќај од друг телефонски број.

Неофицијално се дознава дека неофицијалниот став на Непријателот е:
1. Најавените промени се повлечени и оттаму не може да се раскинат договорите без плаќање пенали.
2. Брзината на пристап ќе се намалува на ниво на dial-up, иако била спомната и бројка од 0 kbps.
3. Непријателот го поседува „најточниот мерач во државата“, а неговите вработени ни на сон не би помислиле да злоупотребат туѓо корисничко име и лозинка.

Неофицијално ставот на институциите (Секторот за конкуренција при Министерството за економија, Агенцијата за електронските комуникации и Државниот пазарен инспекторат) бил:
1. Непријателот треба да овозможи на луѓето што поднеле барање за раскинување на договорите да изберат дали и натаму ќе ги користат нивните „услуги“ или ќе го раскинат договорот БЕЗ ПЕНАЛИ.
2. Правно да се регулира минималната брзината на пристап.
3. Бирото за метерологија да провери дали „најточниот мерач во државата“ е навистина точен, а Непријателот да преземе мерки со кои ќе се минимизира можноста за злоупотреба на корисничките имиња и лозинки од страна на други корисници.

Државниот пазарен инспекторат врз основа на добиени информации дека АДСЛ договорите содржеле нечесни одредби со кои се повредени правата на корисниците, ќе ги истражи правните аспекти по што ќе истапи со конкретни мерки за отклонување на евентуалните неправилности.

Организацијата за заштита на потрошувачите во целост ги поддржува барањата на корисниците и во соработка со нив ќе продолжи да се бори против нашиот омилен интернет провајдер. Борбата продолжува!

Се очекува и официјалниот став на Непријателот. Барајте некој оглас по весниците :)

50 коментари:

Владимир рече...

И што ќе се случува понатака? Да се чека на утрешните весници или..? Не можам да издржам, затоа сум волку нестрплив за да го раскинам договоров.Ако се плаќаат пенали,мене не ми гинат 12.000 денари,ако се смилуваат да не се плаќаат пенали, мене повеќе ќе ме нема во базата на корисници на "супер брз интернет АДСЛ". Така да ајде нека излезат со какво и да е соопштение, затоа што неизвесноста убива. Инаку до кога би можел да го раскинам договорот, до 30ту октомври?
POWER to the PEOPLE!!! :)

Анонимен рече...

Mozebi i ke zavzemat stav a mozebi i ne. U M A J Ч I N U V I Ш E

Александар З рече...

Приговор со мејлови - претходно објавено на претходната тема - и клик на моето име за комплетното упатство на блогот.

Анонимен рече...

More parite otrov da im se storat u grob da si gi odnesat!!

Bojan рече...

Имајте на ум дека тоа што го пишува во post-от се неофицијални информации дознаени од неофицијални извори, и би важеле само за оние што поднеле барање за раскинување или го раскинале договорот до објавувањето на последниот оглас во печатените медиуми.

Причекајте официјален став.

OnNet hater рече...

Od druga strana ni onnet ne se podobri, proverete go nivniot forum na wifi.on.net.mk, spored niv se shto e nad 1GB za 1200 denari e pusta zhelba.

Анонимен рече...

Не знам колку ви е ова познато, газдата на ОнНет имал 5-6 средби со врвот на МТ само 2 месеци пред да се случи целава работа.Имам брат кој работи во ОнНет кој најверојатно ќе ме убие откако ќе го прочита ова (иако сум анонимс) ама морав да кажам.Она што се договорало меѓу нив го гледаме сега ни се случува во моментов.

pero рече...

Ајде брзо 150 пост-а :) некој некаква идеа кога со официјално соопштение и дали во меѓувреме да ги избомбардираме чичковците од МТ како што предлага александар з, погоре

Bojan рече...

Споредбата со други (во моментов) broadband провајдери е смешна. Сите го имаат ограничувањето на брзината, а некои имаат и каде-каде пожестоки цени од Телеком (он.нет на пример).

Како што имав кажано во еден претходен post, деновиве ќе се изнесе и предлог до АД „Македонски телекомуникации“ со кој и волкот ќе биде сит, и овците на број (евентуално и поголем од сегашниот).

Анонимен рече...

masovno otkacuvanje od adsl bez plakanje na penali pa oni pravno neka ne brkaat nas ako sakaat!!! drugo care nema!!!

laf рече...

Во писмото до Атила има една печатна грешка:
"...We were all lured by the advertisements claiming that we could use the ADSL access to Internet with speeds from 384 and greater for download, and 128 and greater for download..." (треба upload)

A ova e dobro: :)))
"Best regards (Wishing you the best health)"

Анонимен рече...

alex_mkd

Државниот пазарен инспекторат врз основа на добиени информации дека АДСЛ договорите содржеле нечесни одредби со кои се повредени правата на корисниците, ќе ги истражи правните аспекти по што ќе истапи со конкретни мерки за отклонување на евентуалните неправилности.

Јас мислам дека ова е најдобрата варијанта што може да ни се случи. Да се прогласи од државниот пазарен инспекторат за неважечки тој договор. Така со еден удар се е решено.

Анонимен рече...

abe kakov drzaven inspektorat jas mislam deka site ovie nisto ne im mozat na mtnet zaedno so vladata u koalicija!!!

Bojan рече...

Пазарниот инспекторат може да се произнесе и со решение во кое се вели „Одредбите бр. тој и тој се вакви или онакви“ и може тие одредби да немаат врска со нашиот проблем. А ако добро се сеќавам, за да еден договор биде неважечки/ништавен, треба повеќето (ако не и сите) одредби да бидат неважечки.

Анонимен рече...

mora da i se zapreti na vladata da se stresat malce, pa izbori se blizat, valjda ke gi zasega ova vaka ne ja biva nema da otstapat!!!

Анонимен рече...

Masovno raskinuvanje na dogovorite
samo toa mu e careto za ovie govna
Ne smeeme da se ostavime na cedilo..
Ako ostaneme vo Telekom oni ke se custvuvaat kako pobednici
Sega ne zaplashuvaat so penali
Megutoa treba da bideme edinstveni i da ne potpagame pod nivnite zakani...
Zarem seuste ima nekoj sto saka da ima adsl doma pod Noz na grlo od telekom mene stvarno ne mi e jasno zasto voopshto se pravi muabet na taa tema....
Otprvin mislev deka site so se na blogov imaaat edna cel da se otkacime od niv zasekogas no kako minuva vremeto makedonceto se pokazuva u pravo svetlo...
Koga e gusto se povlekuva
tie so gi raskinaa dogovorite se za mene Heroite na blogov...
Site zaedno trebase da go storime toa zatoa sto vaka oni nas ne razdvoija na dve pomali grupi.
Ednite sme nie so raskinavme dogovori
i sto sega treba da mu ja mislime a drugite se onie sto podnosea prigovori i cekaat seir dali ke se naplakjaat penali sto ne e vo red.
DOGOVORITE TREBASE DA GI RASKINEME SITE...
Edno prasanje zasto sega se javuvaat doma i vikaat ako sakame mozeme da se vratime po staro?
mene ne mi e jasno sega..
Vtora rabota
Telekom izleze so soopshtenie deka ke NAPLAKjA posle 4 GB
i sega pu pu ne vazi se predomislile fraerite
Pa dobro be majku mu toa li e nivanata griza za korisnici
Dali treba da ni naparavat use nesto za da ni tekne na site so kogo si imame rabota...
Ako se grizrea za korisnicite ke ne izvestea pismeno za promenite sto planiraat da gi napravat
ke napravea anketa ke videa kakov e pulsot na lugeto po toa prashanje..
NE ONI NE SE GRIZAT ZA KORISNICITE
ONI SE GRIZAT ZA DZEBOT DA IM SE NAPOLNI ZATOA TREBA DA GI NAPUSTITE SITE A NE DA CEKAME
ZATOA STO IMA EDNA RABOTA STO TREBA DA SE JA ZNAEME


ZAEDNO SME POSILNI!!!

POZDRAV...

daywalker рече...

По долго време, пак јас... ;)

Според мене, на состанокот е заборавено да се спомнат неколку точки, и тоа можеби, најважни во целиов случај.

Се спомнува дека МТ не можеле да поднесат голем трансфер на податоци од интернет...

1. Од Матав, при потпишување на договор за откупување акции во МТ, врз себе презеле и обврска за финансиско вложување во осовременување и надградба на постоечките капацитети. Очигледно, тоа немаат намера да го спроведат, а може, од страна на Владата, да им се наложи тоа да го спроведат. Во спротивно...

2. Требало да се спомне и каква е состојба во светот со АДСЛ услугите, т.е. цени, број на провајдери што ја нудат таа услуга и технички карактеристики на истите.

3... Има уште, ама не ми текнува во моментот :)

Анонимен рече...

Zarem ne vi e jasno deka, ako Telekom JAVNO kaze deka nema da se placaat penali, toa znaci:

1. Priznavaat deka kvazi-dogovorot e nezakonski!

2. Gubat pretpaltnici t.e. golema suma na pari!

Treba od niv da se bara, JAVNO da objavat vrz osnova na shto (zakon, clen, stav,..) imaat pravo da gi naplatat tie nivni penali!.

Анонимен рече...

„Претплатниците мораат да бидат информирани за сите предложени измени во условите наведени во претплатничкиот договор во рок не пократок од триесет (30) дена пред воведувањето на измените, како и за правото дека во истиот период, без известување или последици можат да го раскинат претплатничкиот договор доколку не се согласуваат со предложените измени.“

SPORED OVA
TREBASE DA SE RASKINAT DOGOVORITE.
TELEKOM IMASE NAJAVA ZA PROMENA NA USLOVITE I TOA NA 30 TI SEPTEMVRI.
I STO SEGA ONI SE ZAFRKAVAA TOGAS IZGLEDA I SEGA GI VRAKJAAT USLOVITE
PO DOGOVOROT...
PA I DA E TAKA NIE NE SME OVCI ZA NASI PARI NEKOJ DA NE EBE..
NE SME IM ZAMORCINJA DA NE TESTIRAAT DALI KE IZDRZIME...

RASKINETE GI DOGOVORITE SITE IMAAT PRAVO LUGETO STO SE BUNAT

Анонимен рече...

.... da se nadopolnam.

Zaboravete na instituciite, samo ce ne vrtat vo krug so nepotrebni odlaganja i bespotrebi "podrski". Site se formirani ili imaat clenovi bliski do vlasta, a znaeme koj e najgolem supporter na Telekom.

Da se skoncentrirame na podgotvuvanje na 100% odbrana, vo slucaj Telekom da ne tuzi za neplatenite "penali".

VASKO DEBELIO рече...

Па, се гледа од соопштението дека овие продолжуваат да не прават малоумни што јас лично и очекував но нејсе, сакам да предложам: да се побара совет од заинтересираните адвокати како можи јас да му верувам нив (на жими мајка ? )дека нивниот мерач е најточен и дека тие ( непријателот со неговите вработени) жими мајка нема да ги даваат нашите адреси на друг корисник поготово сега одкако имаме само 4 гб.Јас дефинитивно заминувам од АДСЛ и не сакам да имам работа со оваа стока профитерска и нивниот партнер владата, ги молам сите што имаат контакт со салам адвокат да предложат текст за тужба и јас во секој случај ке ги тужам Макед-телек. ЗОШТО ? Ако треба да му плакам пенали и да му го земат млекото на моите деца тогаш барем се што имам ке потрошам и одам на суд за ЧОВЕКОВИ ПРАВА. Мене овие ме сведоа на нивото на змија или гуштер и можат да ме газат колку сакаат.Е, не оди така !!! Верувајте ми луге дека, кога приватно лице тужи фирма па нарочито европска, го добива спорот и му се плака оштета. Јас тужам. Можеби ке се видиме со некои од вас по судовите. ЈАС СУМ ВАСКО ДЕБЕЛИО

Анонимен рече...

luge .. ne gi sisam ni dva posto.. cekam samo da vidam kolku ke bide smalena brzinata... ako e 128 ostanuvam ako e podole... ma neka baraat penali kolku sakaat. peace

Zarko рече...

Pa ocigledno e deka nemaat namera da popustat. Od organite se vide fajde. Imam podneseno baranje pred nivnot vtoro soopstenie deka se povlekuvaat i ke insistiram da mi se raskine dogovorot. Ako na smetkata mi stavat penali ke si gi platam i potoa ke tuzam (se nadevam deka ova ke se sluci, moze i nesto u kar ke izlezam od sevo ova). Ne gledam deka imame so sto da gi pritiskame koga povece. Edinstven pritisok e sega da se raskinat dogovorite. Drugo nema koga ke pocnat da gubat pari ke vidat deka sme seriozni.

Анонимен рече...

Ako te zadovoluva 128k ti si premnogu bogat ili tatko ti ja placa smetkata. Jas se odam, mozebi nekogas koga ke imame podobar internet ke me vidat pak. Za tie uslovi kaj kabelskite e 500 denari

Владимир рече...

Види сега каква ситуација. Прво се брзаше да се раскинат договорите. Па после тоа се појави приговорот. Па се советуваше да не се брза со раскинувањето на договорите,дека има време до 30ти октомври, па сега Јас сум, предавник и сеирџија затоа што не сум го раскинал договорот и затоа што сега сакам и се интересирам за раскинување на договорот (а моите пенали се меѓу највисоките) па what a fuck? веќе! Ако не бидне ништо со ова со пеналите, ќе мора да си ги платам, и најверојатно, најпаметно ќе биде да си се договорам со нив, да си ги плаќам на ебани рати (не помалку од 6 рати) и да ми се скинат к***у веќе еднаш за секогаш!

Анонимен рече...

momci neka mi kaze nekoj da se prakaat li uste mejlovi do atila i kompanija

Анонимен рече...

alex_mkd

Само револуција браќа!
Правиме споредба во другите држави како е. Земете ги за пример само соседниве држави, секаде имасхе револуција (народ), па промена на власт и систем. Нема задрава дрзава без револуција. Сетете се само какви понуди беа одбиени од досегашните власти, ги избркаа големи компании за да мозат они да не стрижат. Ви текнува ли за концесиите за мобилен оператор, имаше една понуда мислам дека беше од минт или тие со пејџерите, нудеа уште тогаш денар/минута. Последново со мрежата на електродистрибуција, повторно поволности за граѓаните (ефтин брз интернет, ефтин телефон, ефтина дигитална телевизија итн...). Ништо не се прави за граѓаните, се гледа само како да ги исцицаат до последна капка крв, до последната пара да им ја земат. Не ебат во секој сегмент од животот.
Не треба тука да застанеме со револуцијата, одкако ќе ја добиеме оваа битка (сигурен сум во тоа 100%)треба да продолжиме понатаму!

zumbazum рече...

Полека запаѓаме у конфузија.Дајте излезете со конкретен план и предлози и пред се со јасна цел.

Анонимен рече...

mora da se prodolzi!
a inaku makedonski telekomunikacii e najprofitabilna firma vo makedonija.
-objaveno ima vo vesnici

Epa picka im mater ako sakaat uste nesto povece, od mene nikad nema da dobijat i telefon i se ce isklucam. Da ti gi ebam tie komunisticki menageri. No za prostiot narod na Makedonija -najdobri menageri se.

stand-by рече...

Gi citam komentarite od blogot i me potsecaat na situacija koga ce se sobereme 10-15 coveka pred TV-a i gledame fudbal, a sekoj se ima oblozeno so nekoja kombinacija.

Prestanete so bespotrebo pcuenje i zalenje kolku ne "ebat" od Telekom, toa na site ni e jasno!

Vo site tie NOISE-komentari moze da se izgubi nekoj dobar predlog ili informacija

Ako nemate ideja kako da "pomognete", strpete se i cekajte celata rabota okolu raskinuvanje na dogovorot da se definira!

Александар З рече...

Ај, уште еднаш да кажам.

ПИСМОТО ДО АТИЛА и комп. е на мојот блог (клик на името ве води таму) и во еден од последните коментари на последната тема (ама првиот метод е побрз). Целта е да му се обрне вниманието на менаџментот на МТ дека им смрди пристапот. Наместо да плукате по блогот, направете нешто корисно и пуштете еден мејл, мајката.

Мој личен совет - кој му се раскинува договор, нека раскине, ама никој не му гарантира дека ќе му се вратат пеналите што ќе ги плати (преку сметка). Кој знае начин да се убедат 5000 луѓе да ги раскинат договорите ВЕДНАШ - нека каже, јас чисто од солидарност ќе го направам тоа. Во моментот играме според правилата на играта.

BTW, на тие што ги раскинаа договорите до 14-ти МТ со задоволство ќе им ги опне пеналите да не е општиот револт и трудот и времето и енергијата на неколку луѓе, така што таквите коментари немаат основа. Сега можете да помогнете со тоа што масовно ќе му пратите писменце на Атила и комп.

Благодарам.

Анонимен рече...

bi mozele da istaknete nekoja lista kako peticija dali i kolku se za beskompromisno raskinuvanje pa na sud , ili nesto slicno, cisto kolku da se vidi kolku luge sme! zatoa sto ako sme pomalku od 500 dusi koj se odluceni da odat energicno do kraj tesko nas ili da kazam zdravo dial up!!!

Анонимен рече...

Ajde site na:

http://cudo.blogspot.com

I prakajte mailovite.

Анонимен рече...

Dali nekoj moze da mi objasni. Mtcom gi prifati nasite argumenti i go vrati dogovorot sto go potpisavme, kakov takov nikakov. Arno ama seuste brzinata ni e ista. Zosto, dogovorot kako takov vazi i sega a ne od 1.11. Prigovorot do Atila go pustiv ama sepak mislam deka otkazuvanje mu e majkata. Ne ce mozat taka lesno na nekolku iljadi ludje bespravno da im opalat penali, tek togas ke go zasipeme cel svet so mailovi. Ke mora da pristanat na kompromis

Анонимен рече...

Abre luge dajte malce po-organizirano so ovie prakanja na mailovi. Kako gledam tuka sme edno maximum 30 dusi sto sme aktivni na blogov i isto tolku prakame mailovi. Dajte malce poseriozno so ubavo napraven plan odnapred pred da se pocne so spamiranje, znaci mora nekako site da se informiraat.... kade e bagra.org da objavi deka se prakaat mejlovi do mediumi, atila i tn? i ne samo na bagra, na site forumi ( kajgana, dnb, 4fun ) mora da im se dade do znaenje na site tocno koj den ke se isprakaat emailovive.

M рече...

За она: "газдата на ОнНет имал 5-6 средби со врвот на МТ"

И јас ќе потврдам дека е тачно (немам брат во он нет) али информацијата е од истиот тој врв во МТ - и таму немам брат:)

Само не го бранам он нет али некои работи му се наметнати и тој за пари на се е спремен.

Александар З рече...

kade e bagra.org da objavi deka se prakaat mejlovi do mediumi, atila i tn? i ne samo na bagra, na site forumi ( kajgana, dnb, 4fun ) mora da im se dade do znaenje na site tocno koj den ke se isprakaat emailovive.

Dear анонимус,

Ова ти е одличен предлог, ама јас морам да ти контрирам со контра-предлог (на контрата, нели). Ако си забележал, главниот принцип овде е дека секој учествува со она што го може (на пр. без предлозите на некои коментатори и активности за копање мејлови немаше ништо да има од масовното мејлирање (немој спамирање - тоа се прави за профит, ние немаме такви намери)). Затоа ќе дадеш голем придонес за „каузата“ ако преземеш нешто во врска со префрлањето на повикот до гореспомнатите портали (слободно упати ги на http://cudo.blogspot.com и кажи им да постапат според упатството - никој нема да се налути - напротив). Со нагласок дека е пожелно да се праќа од сандачиња на мт.нет - тоа е доказ дека сме корисници на услугите.

И секој што ќе добие добра идеја што може веднаш да се спроведе (и не е потребен некој консензус) нека ја направи и нека извести тука (никој не ви брани поединечно да им пишете на сите мејлови што досега ги откривме на блогот - и тоа има дејство - не мора да бидат писмата писмени - важно е да се врши притисок).

Благодарност до сите што пратија мејлови досега - одлично - само притисокот може да биде уште поголем. Пуштајте мејлови, буцкајте комшии, пријатели, другари да го прават тоа - нема да има штета, напротив.

И да - што се однесува до времето на праќањето на мејловите - сепак се користи герилска тактика (засега). Ова се кратки предупредувања за да знаат со кого си имаат работа.

Првиот пат ги известивме управите на газдите на МТ.
Вториот пат се информираа медиумите и политичарите и институциите во МК.
Сега се оди на управата на МТ.

Странските медиуми (има и такво пакетче) ни се љута резерва и нема да го користиме тоа средство доколку МТ покаже разбирање за нашето незадоволство. Има уште начини за дејствување во Македонија (така знаеме, така правиме - и секоја добра идеја се спроведува во најкраток можен рок) и, како што рече Волан вчера - откако ќе ги исцрпиме тие начини, одиме на поширок меѓународен план.

А целава оваа битка ќе се најде на страниците на поважните новодопски медиуми многу брзо (тука мислам на мојата статија за Wired за која имаме и тоа колку добар материјал - Internet Warfare In Tiny Macedonia - Democracy, not Terrorism at work - тоа е насловот што би можел да се појави (се надеваме, со хепиенд за нас :)

Ајде, уште има време за мејлови, не престанувајте.

МТ-Чаушеску рече...

Ke objavam segde kade sto ke mozam. Sepak mislam deka adminite na bagra, posto gledam deka se aktivni tuka, treba da stavat link na glavnata strana, taka polesno poveke luge ke se informiraat.

Анонимен рече...

Zdravo gospoda
djoko pp
Bi ve zamolil ako sakate da mi ja kazete formulata za presmetka na penalite sto treba da gi platime bidejci se vide deka se nema sloga i edinstvo medju nas.
prv pat se javuvam no ve sledev od pocetok i bevte eden vid link za koordinacija vo prilep i toa dade rezultat bidejci povejceto informacii gi crpevme od tuka.
Toa dade rezultat i sekako toa e za pozdrav no ova poslednovo ne me raduva
bi apeliral da sto pobrzo se najde pravno resenie za penalite inaku djabe bese seto ova dosega

Volan рече...

za bojan

ako go gledas blogov ti prativ meil so analizata sto ti ja obecaf

Анонимен рече...

Za sloga ima, za prv pat ( i pokraj toa sto ima nekoj poedinec ali bez toa ne moze ). Ne bi ti preporacal da mislis na plakanje penali, nego da zemes aktivno ucestvo so nas, i ne samo ti nego site sto gi poznavas sto koristat ADSL.

Dali prakase emaili ti i tvoite prijateli?

Владимир рече...

Формулата за пенали е многу јасна.
Прво се претпоставува дека си имал склучено договор на 1 или 2 години. Претплатите за ове договри беа поевтини од претплатата за договор на неодредено време. За договор на недредено време месечната претплата беше 2990 ден. + 18% ДДВ.
Е сега во мојот случај, јас имам догвор на 2 години, претплатата е поевтина за 1000 ден. (1990 + 18% ДДВ).
За крај, значи корисник сум веќе 12 месеци, помножено по попустот од 1000 ден., кај мене тоа би му дошло минимум 12.000 ден.
НАПОМЕНА! Се плаќаат пенали за изминатите месеци, не за преостанатите.

Volan рече...

Zarko said...

Pa ocigledno e deka nemaat namera da popustat. Od organite se vide fajde. Imam podneseno baranje pred nivnot vtoro soopstenie deka se povlekuvaat i ke insistiram da mi se raskine dogovorot. Ako na smetkata mi stavat penali ke si gi platam i potoa ke tuzam


Isto se odnesuva i so mene vece go raskinav dogovorot , koga go raskinuvav dogovorot ne mi naplatija penali
sega edvaj cekam da vidam sto se desava poataka pa da tuzam ako treba i da carime nekoj denar

cavka рече...

nemojte da se otkazuvate i da im plakate penali be ejjjjj. najdobro e site oddednas da se otkazeme i nikoj da ne im plati penali pa posle oni neka ne gonat krivicno ako imaat argumenti!!!

Анонимен рече...

Ме интересира најискрено... Ако си одам од МТ (а веќе пишав барање) каде ќе отидам? Не ми излгеда баш најсјана конкуренцијава - сите успоруваат по неколку гигабајти или наплаќаат... Хмм... ????

Анонимен рече...

Dobro be bezvrska, okolu temava so sostanokot. Neoficijalno ta neoficijalno, neoficijalno ta neoficijalno, daj kazete nesto sto e OFICIJALNO??? Pa neli tamu imase i NASI PRETSTAVNICI??? Kade se TIE da pisat na blogov kako bese se od A do Ш ??? Ili sobrani mozocinja kako Alez i drugite i ke mi se praat organizatori i koordinatori??? Sakame tocni informacii od sostanokot pa makar bil i neformalen! I dosta so neoficijalno!

Анонимен рече...

od NNN
sega go citam dogovorot, i EUREKA
koj saka moze da go raskine dogovorot bez da plati penali.
Iako dogovorot e ponov, sigurno ne e podobar ili polos od vasiot.

Clen 4
... Dokolku dojde do menuvanje na cenite na uslugite... Operatorot prethodno na soodvetemn nacin ke go izvesti Korisnikot vo rok ne pokratok od 30 dena pred voveduvanjeto na izmenite. Izvestuvanjeto moze da bide ... (licno ili preku mediumi). Se smeta deka korisnikot se soglasil so novite ceni ako vo rok od 15 dena od priemot na izvestuvanjeto ne go izvesti Operatorot za RASKINUVANJE NA DOGOVOROT.

Clen 5.
...
Na korisnikot da mu obezbedi kavlitetna i redovna ADSL usluga....
Clen 6.
... da gi promeni tehnickite karakteristiki na mrezata i uslugata so CEL OBEZBEDUVANJE PODOBAR KVALITET NA USLUGATA I MOZNOST ZA KORISTENJE NOVI USLUGI.

ANEKS za (1 ili dve godini)
Clen 1
Korisnikot se obvrzuva da koristi ADSL ... godini

Clen 2
...
>>Vo period od .. godini da plaka ... denari + DDV.. <<<

Clen 3 i 5 se mnogu bitni za tie sto sakaat da go raskinat dogovorot bez PENALI.

3.
Dokolku korisnikot vo periodot na zadolzitelno koristenje na ovoj aneks go raskine dogovorot ili Ovoj aneks ili ako PO VINA NA KORISNIKOT dojde do raskinuvanje na dogovorot ili Ovoj ANeks pred istekuvanje na periodot...
Korisnikot se obvrzuva...
1.
2. DA GI PLATI PENALITE so kratki zborovi.

Clen 5.
Vo slucaj na nepostapuvanje soglasno odredbite od ovoj aneks kon Dogovorot, Operatorot go zadrzuva pravoto da izvrsi naplata na paricnite pobaruvanja po SUDSKI PAT.

ZNACI.
Podnesete prigovor na novite ceni i pobarajte da vi ovozmozat koristenje na ADSL uslugata vo ostanatiot period soglasno clen 13 kade site sporovi .. ke se resavaar spogodbeno, a vo sprotivno.. na SUD.

Znaci probuvate spogodbeno da dobiete nesto.
Ne dobivate. I barate raskinuvanje na dogovorot vo koj ke naglasite deka iako ste probale da go resite spogodbeno,... soglasno novite uslovi, cenata drasticno se zgolemuva, i avtomatski dogovorot ne e istoit od sklucuvanjeto. Kade se obvrzuva MT da naplaka odredena cena za odreden period.

I tuka gubite. ARNO ama nisto ne Vi mozat bidejki parite mozat edinstveno da gi naplatat po sudski pat.
VIE ne plakate, i mora da ve dadat na SUD. E tuka e sansata da dobiete.
Nikade vo dogovorite nemate limit na soobrakajot nitu namaluvanje na brzinata. Soglasno novite uslovi cenite drasticno se zgolemuvaat i na sud ova nema da pomine, a da ne zborime i za drugite losi dogovorni prava i obvrski,
Stojam na raspolaganje za na sud....

bozint рече...

Ej mi se javi pak taa glupacata ot mt, vika kazi decko sto kje pravis vo vrska so adslot, ja i vikam da razmislam uste nekoj den a ovaa mi vika ama zasto nejkes mene da mi kazes, zasto sakas na druga koleska (me iznasmea glupacata).

I rekov deka ne sum zadovolen so uslovite i deka planiram da raskinam i kao nakurcena mi vika epa idi u salon da si raskines, kje si platis penali.

Mailot go prativ do atila i kompanija, a od vas cekam da kazete sto kje se desava.

Vo vrska so toa sostanokot neli imase lugje tamu, nekoj barem neka kaze sto se desi.

Ajde pozdrav

Анонимен рече...

toa so limitot koga nad 6 GB(so paket od 4 GB) brzinata se sveduva na 0 kako informacija e dobieno od vraboten vo MTNet koj najdobronamerno mi kaza kakva dubara ni podgotvuvaat MTNet i stvarno pogolem del od korisnicite koi ke ostanat pri dogovorite ne se ni svesni kakov sok gi ocekuva-monopolot ceka da se spusti prasinata okolu frkava i posle na site kolektivno ke ni go nacuka u g.. RAZMISLETE!!!!!!!!

Анонимен рече...

< Браво за ова организирање време беше.
Но јас мислам дека на погрешна адреса се обвинувањата.Не е проблемот во тој што не дере како сака туку во тој што му го дозволил тоа.Уште сме единствена земја во светот која има само еден фиксен оператор.Па луѓе свестете се кој не дере како сака и каде одат дел од парите на телекомот и тоа добар дел.Абе помина социјализмот,каков договор ова она.Сега постои само профит и конкуренција.Конкуренција нема има профит.
Сакам да кажам до квалитетен АДСЛ можеме да дојдеме само ако владата веќе дозволи влез на други компании во фиксната телефонија и тоа не еден или два туку колку сакаат како сегде во светот.Значи мораме да се организираме ова да го добиеме па после мт нет нека ја тепа главата да не задржи.Е дури тогаш ќе почне да расте брзината а не да паѓа драги мои.Не стрижи владата заедно со мт нет, и оваа и предходната и следната.>,