02 октомври, 2005

Договорот II дел

Што се однесува до договорот склучен со мт.нет, утре треба да добијам толкување од правник (во комбинација со законот за телекомуникации), па што ќе дознаам ќе биде напишано тука. Меѓутоа, колку што јас се разбирам во такви работи, воопшто немаат основа да ни земаат пари ако се откажеме од договорот. Како што некој кажа на некој форум, договорот е склучен под едни услови и за еден вид услуга, кои тие сега ја менуваат (речиси од корен).

Што би се рекло: Јас немам никаков проблем (добро, лажам, имам, ама и онака се навикнав) да плаќам 2000 денари месечно за врска што надвор од Македонија ја даваат без пари, на питачите на улица да може да се поврзат на нет. Немаше да имам проблем тоа да го правам во следните 2 години. Па и понатаму. Меѓутоа некој да ми наплаќа за симнат килобајт е:

  1. Бизарно
  2. Неоправдано
  3. Gay (во најлошиот смисол на зборот)

Решенија има неколку, но првото и основно е раскинување на договорот. Да не се лажеме, во самиот договор стои дека корисникот има право во рок од 15 дена по објавувањето на новиот начин на тарифирање во јавните гласила да поднесе писмено барање за раскинување на договорот. Она што на нивниот сајт вели дека новото тарифирање почнува од први ноември значи само дека тие се држат до постоечкиот закон за телекомуникации кој вели дека оној што пружа услуга ако ги смени условите за корисникот, должен е да го извести НАЈМАЛКУ 30 дена пред имплементацијата на промените. Што значи дека тие си се држат до законот (колку-толку).

Во случај да има основа за раскинување на договорот без да се плаќа ништо, ќе составам едно про-форма барање (со помош на гореспоменатиот правник) и ќе го постирам како нов текст на блогов.

И уште нешто: Клишето „Заедно сме посилни“ важи и тоа како.

7 коментари:

bezvrska рече...

Мал совет за оние што склучиле договори во последниве 6 месеци: пред да го раскинете договорот поднесете писмен приговор до МТ согласно член 102 од Законот за електронски комуникации (13/2005). Со тоа започнувате правна процедура со која може да го спречите МТ да ви наплати пенали, а може и да му направите поголеми проблеми. Доколку МТ не одговори или не сте задоволни од одговорот по приговорот решава агенцијата за електронски комуникации, а оваа рачка може многу да ви помогне и на суд.

Приговорот треба да се темели на тоа дека со промена на условите МТ го менува начинот на обезбедување на адсл услугата преку замена на ограничувањето на брзината со дополнителна наплата. Оттука, трошоците за раскинувањето на договорот треба да паднат на нивен товар. Тука наведете го член 96, став 3 од законот според кој во рок од 30 дена од измените на договорот претплатникот има право без известување и последици истиот да го раскине.

Претплатничкиот договор со МТ мислам дека не го усполнува условот од член 96, став 1, точка ж, за што е предвидена казна според член 140, став 1, точка 5 од законот, како и член 143. Во приговорот напишете го ова и наведете дека МТ со тоа ги прекршило општите услови за склучување на претплатнички договори.

Понатаму, сите што имаат адсл имаат и мејл сандаче од мт.нет и гарант добиле некоја понуда од нив. Ако на info@mt.net.mk пратите мејл со барање веќе да не ви ја користат адресата за директен маркетинг и се случи после да добиете уште некоја таква понуда, може да опнете уште еден приговор, а МТ може да биде казнето согласно член 139, став 1, точка 40, како и член 143.

Еве толку од моето лаичко толкување на Законот и... не се предавајте!

Анонимен рече...

Како треба да изгледа тој приговор? Нешто во стил „П Р И Г О В О Р - (во нов ред) Според законот тој и тој член тој и тој поднесувам приговор за тоа и тоа“. Вака нешто? Не би било лошо да се напраи некој драфт за да можат луѓето само да попунат што треба, да се потпишат и да бркаат работа.

Bojan рече...

Анонимус, како што кажав во еден од постовите, тој приговор ќе се напише како пост на блогов ако не попладнево, тогаш вечерва.

Анонимен рече...

А како би било да се направи една заедничка тужба до телеком (или до агенцијата за телекомуникации) од сите корисници на АДСЛ?

Bojan рече...

Анонимус, со тоа, сега за сега, не би сакал да се расправам бидејќи немам ни пари ни логистика да го истуркам до крај (имам претчувство дека ќе останам сам во целата работа, дури и ако се започне со 30 луѓе). Меѓутоа, ако некој од нас, кој и да е, е тужен од мт.нет за глупост или му се бараат пари и покрај тоа што ќе го поднесе барањето во дадениот рок од 15 дена, тогаш ќе застанам зад, пред и лево и десно од него.

Бобо Николов рече...

Бојан, верувај ми! Нема да останеш сам!

POWER TO THE PEOPLE!

Gorco рече...

Decko veruvaj, nitu si sam, nitu ke ostanes sam (kako i da e). Jas do tuka te podrzuvam. Daj da se sobereme pogolema grupa na lugje, da organizirame javen protest (znaci da vrtime telefoni, do nasi drugari, poznajnici, site onie koi imaat AD-fuckin'-SL) za nedela dena (velam 7 dena, da ostavam prostor toa da bide vozmozno da se izvede). Treba da postavime 10-20 dusi, kako pretstavnici na site (koi bi vlegle da pregovaraat vo Mt.net, a ostanatite vo ogromni broevi (zboram za povelke od 1000-2000 lugje) da ostanat nadvor da ja blokiraat ulicata pred Mt.net. Sepak MT imaat nekoi 5 iljadi korisinici po familija, a sekoja familija ima vo prosek po dvajca clena minimum koi istata usluga ja koristat. Velam zasto da ne se obideme. pozdrav