03 ноември, 2005

Разгледување на идеите

Во вжештената дискусија што се разви во коментарите на претходниот пост паднаа, барем за мене, тешки обвиненија. Дозволете да објаснам зошто некои работи не се како што изгледаат на прв поглед и да го образложам мојот став по толку спомнуваниот „долг коментар“.

Vaka dirigirano gi terame ludjeto da raskinuvaat dogovori, Zosto i koja e alternativata koja im ja nudime na tie ludje????? Ili toa ne si se zaprasal. Pa ova go svedovme samo na toa da bide protiv telekom na sekoe nivo, a ne kako bitka za podobar internet.

Никој не ги тера луѓето да раскинуваат договори, туку оние што сакаат да ги раскинат. Зарем некој може да те натера да направиш нешто што не сакаш? А, како што кажа bezvrska, никој од нас не е провајдер за да им понуди алтернатива. Борбата никогаш не била за наоѓање алтернатива туку за опстанок на оној флет-рејт што го имавме до скоро.

Сепак, да. Ова прерасна во борба против Телеком. Јас бев прописно изваден од такт од ставот и постапките на Телекомци:
  • „Пушти ги децата, нека си играат“
  • „Ние го имаме најточниот мерач во државава“
  • „Доколку е злоупотребена некоја лозинка тоа е затоа што корисникот ја дал на некој друг“
  • „Целава ситуација беше поттикната од некои конкуренти“
  • „Проблемот е во вас, не нас“
Една работа да разјасниме, повлекувањето на одлуката за наплата по симнат килобајт не беше затоа што од еднаш се сетиле АД „Македонски телекомуникации“ дека направиле грешка, туку само и САМО поради револтот на корисниците и подготвеноста да се раскинат договорите. Новата промена не е ништо поарна од претходната, но многу луѓе „се помирија со судбината“ и веќе не ги засега понатаму состојбата.

Bitka koja oni ja dobivaat i na kraj ke ja dobijat. Nastapuvame neorganizirano, na uraaaa, dolu telekom itn itn. Realnata sostojba e sosema druga i ti toa go znaes, kakva ke bide nikoj ne znae. Ne znam zosto se pritiskaat ludjeto da gi raskinuvaat dogovorite sega. Sega i nemame nikakvo baranje do niv. Ke gi raskineme dogovorite i ke go izgubime najsilnoto oruzje so koe do sega gi dobivme dvete bitki, otkazuvanjeto na dogovorite.

Не е точно дека МТ ќе ја добијат битката на суд.

За неорганизираноста до некаде се сложувам. Но обидете се да сфатите дека првите два пати кога имаше најава за некаков протест се појавија 30-тина (горе-долу истите) луѓе. Ако имате идеја како да се анимираат и активираат СИТЕ (или барем 30%) корисници, слободно кажете.

Проблемот со раскинувањето на договорите е едноставен (барем според мене): Ние сите го гледаме она Македонски во АД „Македонски телекомуникации“, заборавајќи дека тие одговараат на „виша сила“ (во овој случај Дојче телеком преку Унгарскиот телеком). Ако се повеќе корисници се откажуваат од услугата за која Мактел (т.е. Дојче телеком) има монопол, тоа ќе активира аларм некаде во Германија (бидејќи тука, очигледно, тоа не успева). Точно е дека раскинувањето на договорите е најмоќното оружје што го имаме, но ако не го употребиме ќе останеме поразени со парче хартија во рацете.

Hipoteticki ke gi raskineme so telekom dogovorite ke si potpiseme site so nekoj drug i toj ke ne ebe kako i telekomot, telekomot ke si najde novi korisnici vaka ili onaka, zosto na site ni trebe internet i sto napravivme so REVOLUCIJATA. Pa so toa sto sega ke se raskinat dogovorite nema da dobieme podobri uslovi.

Друг провајдер нема да може да не стриже. Еднаш истрижана овца не може да се стриже повторно истиот ден.

Подобри услови од АД „Македонски телекомуникации“ нема да добиеме. Да, тоа е мое мислење, но сепак тврдам дека е издржано: Нив им требаат (вкупно) 10.000 корисници до крајот на оваа година. Целта им е да ги намамат со Старт пакетот, чија цена (но не и услови) се создадени да ги намамат неупатените сопственици на компјутери. Условите на Старт пакетот некој во МТ ги видел како одлична идеја како да се исцицаат повеќе пари од останатите корисници. Да, си ја повлекоа таа одлука, но намалувањето на брзината е (до некаде) и полошо од проста причина што никој од нас нема потпишано договор за dial up врска. Во случај да сакаме да си ја искористиме брзината загарантирана со договорот, ќе мора да ДОПЛАЌАМЕ за секој симнат килобајт. Верувам дека ќе има и такви корисници (како што кажа некој во коментарите на претходниот пост, со опцијата за наплаќање по симнат килобајт, Телеком ќе создаде нова група корисници која ќе наплаќа за нијанса повеќе од нивната цена за оние 512 мегабајти).

Trebase da se soberat site onie koi sakaat da go raskinat dogovorot pa so eden pismen ultimatum potpisan od site, da se otide do telekom i da se bara podobar internet, do definicija sto nie smetame deka e dobar internet i sto smetame deka e fer ponuda. Samo togas ke gi nateravme da razmislat i mozebi samo mozebi ke uspeevme da dobieme podobra ponuda.

Проблемот е двоен тука: не може да се соберат од еднаш сите што сакаат да го раскинат договорот, а писмениот ултиматум ништо немаше да смени. Впрочем, приговорите што беа поставени на блогот и беа ултиматуми. Тие размислија и ете што излезе. Ставот на Телеком е дека флет-рејт пакет не може да има затоа што би бил „едноставно прескап“. Што е апсолутно неточно, посебно имајќи предвид дека во последните 2 години имавме токму флет-рејт ADSL. Сепак, ставот на Телеком е таков каков што е.

Vaka ke gi raskineme dogovorite i sto ke im ponudime na site tie sto gi raskinale, 1000 den za sekoj mega kaj Onnet ili p2p ogranicuvanje kaj kabelskite ili ne znam sto drugo, koe i ne e podobro od ova sto sega go imame a realno i neznaeme dali posle prvite 4gb ke prekine ili ke ostane.

Единствен некој што може нешто да им понуди на корисниците се интернет провајдерите. А за прекинување по тие 4GB, ќе го има. Како што спомнав во еден претходен пост, предвидувано било и дополнително ограничување од +2GB, по кои ќе се намали брзината на „технички неупотреблива брзина“.

Dogovorite bea za zal naseto oruzje

Ќе повторам: Тоа е апсолутно точно. Но на „улиците“ постои правило кое вели „Ако носиш оружје, треба да бидеш подготвен да го употребиш“


Како и да е. Се надевам дека ќе се продолжи со придонес на идеи, како и дека некој ќе оспори и побие некој од овие мои ставови.

17 коментари:

Анонимен рече...

Mozam da recam samo - steta.Steta sto edinstvenata ponuda od Telekom koja bese vo evropski stil ( iako palku preskapa za obicen Makedonec)morase taka brzo da umre, tolku mlad i neizzivean- nasiot sakan ADSL. Steta sto mladite i ponatamu ke ni begaat vo stranstvo, steta sto ne mozeme tuka da im stvorime uslovi za normalen zivot , steta sto imame vakva Vlada, steta sto imame vakvi pratenici, steta sto nikoj od odgovornite(po komisii i inspekcii) ne dava javna podrska da se zadrzi ponudata na ADSL kakva sto imavme so potpisanite dogovori. Steta sto Telekom e seuste bez solidna konkurencija.
Steta sto politicarite se uste gi interesira sopstveniot dzep a ne drzavata, narodot, mladite.Toa e toa .Bog da go prosti ADSL-ot.No kako sto e normalno eden umira drug se ragja.
Telekom da si dobie debela tuzba za toa sto ne izlaza i da si izgubi na sud!
Ili uste ednas da ponudi nova varijanta!(Toa so doplakanje nad sekoj 512 ne drzi voda toa ne e ADSL.) ADSL e internet so fiksna cena , eftin i neogranicen pristap - ova e objasnuvanjeto sto se uste go ima na nivniot sajt.
Borbata da prodolzi!Mislete kako da dobieme toa sto sakame!(Dosega bevte dobri, postignavte nesto sto dosega vo Makedonija ne se slucilo.)Pozdrav do site, ne se otkazuvajte! Site znaeme sto sakame ,da ne se povtoruvam!

Перо Шванц рече...

Ударите кон телеком треба да се сведат на места каде што токму телеком е најтенок. И константно да се работи на тоа.

1. На сите познати и непознати да се обајснува дека Старт АДСЛ е наменет само да им се исцицаат парите на лугето, привлекувајки со ниска цена, да добиеш ништо од интернет.

2. Намалување или некористење на телефонски разговори. Вклучувајки и од оние од работа. Користењето на телефонот да се сведе на прека потреба. Еве дури и баба ми научила дека со другарките треба да се види а не да тафта на телефон.

3. Ако вртите у прва зона (околните земји) побарајте на лугето фиксен телефон, не им вртете на мобилен, бидејки цената е дупла (16 фиксен 29 мобилен)

4. Доколку не зависите од бројот во Мобимак (за работа или слично) префрлете се на космофон, и така сите таму се посрекни, и ниту еден досеа не се пожалил. Повекето викаат дека ем се поефтини, не се педери.Од доверливи извори знам дека линијата на нови корисници таму кои зборат е на нагорна линија. Џабе се фали Мобимак за толку корисници кои зборат на мобилен само ако им се јави некој друг.

5. Тие што делат интернет, обидите се да тегнете работи што навистина ви требаат. Ако ви се тегне порно, подобро идете и купете на пазарче.

6. Сите што имаат ИСДН (не мешајте со АДСЛ) веднаш нека го откажат. Оние дополнители услуги и во обичните линии нека ги откачат. Тие и така не се потребни а тегнат по 50-100 денари на сметка.

7. Најважно. Памет у глава за наредните избори. Ако не се појави некој салам чоек идите на избори и напрајте неважечко ливче. Ем да не ви го злоупотребат, ем нек си вадат очи тие кои ке треба да склапаат влада. Досега гласавме против некого, сега не гласаме за никого. Све сами кретени. Единствено ми се допадна оној Ѓорѓе Марјановиќ, како ги пегла сите кретени у собрание на град Скопје.

8. Објаснувајте ја ВОИП технологијата на лугето, како телеком и останатите провајдери ве пеглаат со ефтин ВОИП, а ви наплаќаат стандардно за повици надвор. Во Германија на пример имаш да бираш. Овде немаш, мораш.

9. Кога вртите во странство (вие или блиските) треба да добиете чист тон на звонеење. Ако не добиете, тогаш спуштете и бирајте повторно пред да ви се јави соговорникот. Само така ке знаете дека нема да идете преку ВОИП, и ке се разбирате како со воки токи .

10.Испратете писмо до европска комисија, (не групно) за состојбата на интернетот во МК. Па они нека ги почешлаат овие талентиве наши зошто се чека на 2 фиксен.

И секогаш знајте дека тиха вода брег рони, и се што сте направиле вреди, и ве исполнило тоа. Дури ако тоа е и укажување на комшијата да не фрла ѓубре низ прозор.

Извинете што не се потпишувам, веке им направив доволно зло на Телеком, па ме знаат.

Гоки рече...

Браво Перо, ова ти е тотално на место! Готово, го печатам и го носам во новчаник, до сликата на девојка ми, да го гледам нон-стоп.
Внатре имаш одлични идеи за пасивен отпор и напад од втор план.
Само така братче, пополека дури не ни се погоди музиката...

Znaev рече...

Posledniot poste na revolucija bese izlisen. Jasno e ko bel den, deka ako ne bese revolucijata , sega za nekoj den ke stanevme sopstvenici na astronoski smetki.
Jasno e, deka borbata e za podobar, odnosno za vrakanje na adsl ot kako so bese. Posledna bitka sto ni ostana e limitot. Vrakanje na dial up nema da pomini, dali kompromisot ke bidi 1/2 od 384 = 192 ili poveke, ili totalno novi paketi (cena, protok , kolicina) so koi ke ni dozvolat slobodno da floktuirame , ke vidime. Sitoacijata e takva sto ako ni vovedat bilo kakov lmit(ne pomal od 128), spored moe mislenje , ke mora da ni kompenziraat so 10mb vo makedonija. So toa ke se napravat 2 pozitivni raboti , mt-eb ke se oslobodi od 98 % od p2p kon nadvor, a nie ke si gi dobieme 98% od p2p so 10mb. I uste nesto , najnovata cena na mteb e ona za doplakanje na limitot (208 so ddv za 512) ili 0.4 den/MB, zosto togas start adsl ne kostase 208 + doplata za sekoi 512, nego kosta 1800 + doplata za 512 naredni ? Imam custvo deka samo 0.4den/MB (ili poniska) dobija kako cena od svabite, a se ova drugoto so go napraja za strizenje e maslo na briljantnite mozoci nasi od eb.

Анонимен рече...

dali nekoj go nadmina limitot.i shto se slucuvaaaaaa!!!!!

Анонимен рече...

Да ви кажам едно. Ускурац ми е се. Капак на се во оваа наша ебана држава е ова со интернетов. Абе уште малку ќе ми пукне филмот и се што ќе видам што зема пари од буџетот ќе стрелам. Таквите гомна ни ја изедоа државата.

Анонимен рече...

Пак го чепкаат бројачот. Изгледа сега малку им пишува.

Анонимен рече...

Jasno e, deka borbata e za podobar, odnosno za vrakanje na adsl ot kako so bese

Pa procitaj go pred tvojot post postot na pero svanc. Toa e povik za bojkot na telekom na site nivoa. Dali mislis deka so vakvi povici ke gi naterame da ni dadat flat rate internet?????

Bojan рече...

Коментарот на Перо Шванц е бојкот на МТ на повеќе нивоа, иако не е оној најрадикалниот (па, на крајот на краиштата, и најпродуктивниот (според МЕНЕ)): комлетно откажување на сите услуги на Телеком.

Како што некој веќе спомна, некој (дали во Мактел, дали во Дојче Телеком) треба да се запраша „Како тоа во држава во која го држиме монополот на фиксната телефонија и ADSL интернет пристап имаме се помалку, наместо се повеќе корисници?!“

Сепак, имајте на ум дека сите овие работи се предлози. Па дури и да се „наредби“, никој не може да ве натера да направите нешто што не сакате. Иако, треба да се разгледаат и размислат сите опции.

snoopy рече...

borbata mora da prodolzi, samo organizirano, dosega imase rezultati i toa e dobro.......

Васко Дебелиот рече...

Леле луѓе веќе неколку дена немам прочитено олку убави постови, олку убави практични совети. Само така, а добар е и овој ГОКИ (печатетеги постовите и давајтему на сите да ги читаат), јас тоа го правам уште од првиот ден само ете не сум го кажал.ЛУЃЕТО НА КОИ МУ ГИ ДАВАМ ПОСТОВИТЕ ДА ГИ ЧИТААТ СЕ ВООДУШЕВЕНИ ОД ТИВКАТА РЕВОЛУЦИЈА. СЕ РАДУВААТ НАШИТЕ РОДИТЕЛИ ШТО НИВНИТЕ ШТИПИКУРЦИ УСПЕВААТ СО КУЛТУРНА РЕВОЛУЦИЈА ДА СЕ ИЗБОРАТ ЗА СВОИТЕ ПРАВА. Верувајте ако вака продожиме ТИВКА ВОДА БРЕГ РОНИ ке ја промениме и државата на подобро.ВОЗОТ ТРГНА И СРЕЌНИ КЕ БИДАТ ТИЕ ШТО СЕ КАЧИЛЕ.Јас ја давам целата моја подршка, и цврсто верувам дека ќе успееме.

Анонимен рече...

Bojan, nasata koncentracija treba da bide kako do podobar internet, bas od toj telekom. Sakame da dobieme 384K flat rate i tolku. Vaka kako sto ste pocnale samo ke napravime averzija i kaj onie koj mozebi i mislele deka e mozen nekakov kompromis. Pa na krajot na godinata vo zavrsnata smetka nema ni da se primetat 300-400 pomalku telefona vo 1000000. Mora da razbereme edno Mobimak e edno, telekom e drugo Mtnet e treto. Toa sto nas ne boli i ni e bitmo e Mtnet. Firma so svoj direktor, svoj biznis plan, svoja politika. Nema nisto zaednicko so drugite. Stetata koja eventualno bi ja napravile kaj drugite koj se mnogu pogolemi od Mtnet ke bide neznacitelna i vo vkupniot broj nema ni da se primeti. Vsusnost tuka moze Volan da pomogne so negovite analizi na zavrsnite smetki. Kako reper neka zeme deka site 8000 korisnici na adls ke gi otkazat i fiksnite i mobilnite telefoni. Kolkava ke bide stetata vo vkupniot prosecen prihod na Mobimak i Telekom???. Od druga strana stetata koja duri i 300 korisnici na ADSL mozat da ja napravat na Mtnet ke bide primetliva i od avion. Zatoa i koncentracija kako da se animiraat ludjeto, kako i kade se da se objasnuva stetata od ADSL start paketot. Toa e ona sto Mtnet ni go dade na poklon. Mesto kade sto mozeme da go udirame i da go boli. Treba da se zapocne opsta kampanja protiv ADSL start paketot, nesto za sto sum siguren deka Mtnet ke mora da reagira. Ne se lutam na tvoite komentari za mojot dolg post. Ne sakav so nego nikogo da navredam, nitu da omalovazem, samo kako sto ti si isprovociran od postapkite na telekom jas sum isprovociran od postovite koi gi citam i koj se sveduvaat na ona staroto, makednosko od vremeto poznato. Vsusnost prikaznata za kuburata sam ja raskaza. I ponataka stojam zad toa deka teorijata vo dolgiot post e ispravna. Ne e bitno iako rekov nema da pisuvam povece eve i ova se pretvori vo dolg post, a ocigledno deka momcite gi nerviraat dolgi postovi. Oni mnogu lesno vo tri zbora i nekoja pcovka gi izrazuvaat svoite idei. Za zal toa ne e moj stil. Jas sakam da gi poglednam rabotite od site strani i da ja izberam najpovolnata po nas. Obicno imam glavoboli koga so glava udiram vo zid. Zatoa i nema da odgovaram na obvinuvanjata za ovoj post, a onie koj posle toa go iskoristia postoto za odredeni napadi i provokacii, gi molam ovoj da ne go koristat za ista namena

|BURGLAR| рече...

ФАНТАСТИЧЕН ПОСТ НА БОЈАН БРАОС!
ЗА СИТЕ ОНИЕ КОЈ БАРААТ АЛТЕРНАТИВА ЗА ИНТЕРНЕТ ЌЕ ИМ ПРЕДОЛОЖАМ: СВРТЕТЕ СЕ ОКОЛУ СЕБА И ВАШАТА ОКОЛИНА(ВО МАКЕДОНИЈА ИМА ПОЛНО ПАМЕТНИ ЛУЃЕ)!ЗДРУЖЕТЕ СЕ И ТАКА ДЕЈСТВУВАЈТЕ! ИМА ПОЛНО АЛТЕРНАТИВИ НО САМО СО ЗДРУЖЕНИ СИЛИ Е МОЖНО! Каде што можете да имате ЛОКАЛНА LAN мрежа пробајте да ги организирате луѓето да ви се приклучат во неа во што е поголем број. Тогаш сите алтернатви ќе ви бидат на ДОФАТ(
Сателитски интернет, линк од некој друго провајдер,...)!

П.С. БЛОГОТ НЕМА НАМЕРА ДА ГИ КРИТИКУВА ЕДНИТЕ ПРОВАЈДЕРИ А ДА ГИ ФАЛИ ДРУГИТЕ. НА НЕГО ЌЕ НАЈДЕТЕ ИЗЛЕЗ ОД ОВАА НАМЕТНАТА СИТУАЦИЈА!

Владимир рече...

Ете и тоа бидна. Сега само што се вратив од салонот во Алмако и поднесов барање за РАСКИНУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ.
И како што и очекував, наидов на не многу љубезна теткица, која што кога и реков дека сум дојден за раскинување на договорот, со дрзок и насилнички тон ми кажа :
-Ама ќе ПЛАЌАТЕ ПЕНАЛИ!
Јас и викам, добро де, ќе видиме тоа, важно да сме живи и здрави и пријатно.
Сега, понатака како иде процедурата околу деинсталација на модемот? За колку време би требало да дојдат?
Нема везе, ќе ги чекам, и со РАДОСТ ќе им ја предадам скапоцената опрема.

Анонимен рече...

Не знам колку од вас на каков начин го имаат склучено договорот, но во барањето што јас го имам потпишано си стои ставката „МтНет го задржува правото да ја намали брзината по остварен сообраќај од 4ГБ...“.
Низ коментарите цело време се сретнува раскинување на договорот, ама не ми е јасно на која основа сега кога се вратија на старо. Колку и да не го сакам лимитот, јас се имам потпишано на тоа барање. Можеби сум пропуштил нешто, па ако има правна основа на која можам да барам раскинување ве молам потенцирајте ја уште еднаш.

Jovan рече...

Volan i Jovan se dogovorija da rabotat na idejata za formiranje Zdruzenie na Gragjani. Se moli Zarko da gi dostavi svoite podatoci preku bezvrska.

Site onie koi se dovolno zainteresirani da ucestvuvaat vo formiranjeto i rabotata na ova ZG neka ostavat svoi kontakti i kratok komentar na internetnvo@hotmail.com

Александар З рече...

Низ коментарите цело време се сретнува раскинување на договорот, ама не ми е јасно на која основа сега кога се вратија на старо.

Види го вториот приговор, има три основи за раскинување на договорот за оние што имаат потпишано барање.