15 ноември, 2005

Ноемвриско резиме

После сите „проверени информации“ дека МТ нема опрема да ја намалува брзината, овој месец ни ги донесе долгонајавуваните dial-up брзини. Месецот не тргна многу добро ни за МТ, каде што најавите за нови отпуштања доведоа до протест на оние што добија шут карта и забрана за штрајк. Малите отстапки од МТ како да стануваат традиционални, па сега стигнаа во вид на писма со кои ги известија дел од корисниците дека им е одобрено раскинување на договорите без плаќање пенали. Следеа нови приговори, жалби и известувања за раскинување на договорите и нормално - нови закани со пенали.

Во овој момент, раскинувањата на АДСЛ договорите и приговорите се споредна работа за менаџментот на МТ, но сепак ги принудија повнимателно да не чујат. Дел од забелешките, кои незадоволните АДСЛ корисници ги изнесуваа минатите месец и пол, се споделени со врвниот менаџмент на МТ. Останува да видиме колку тие ќе умеат да ги искористат овие сознанија - за нивно и наше добро. Доминантната позиција на Телеком на интернет пазарот е неспорна. Неспорни се и високите цени, незадоволството од нивните постапки, како и фактот дека Македонија е на дното во Европа по стапката на интернет пенетрација. Во наредниов период, Македонски телекомуникации треба да решат дали ќе ја поведат Македонија кон Европа, или ќе продолжат да бидат најголем кочничар за нашето поврзување со светот.

Нашиот проблем не беше толку присутен во јавноста во последно време, но се работи ова да го смениме во наредните недела-две и да актуелизираме некои теми за кои МТ не сака да се зборува. Паралелно со тоа ќе продолжи и анимирањето на странските фактори - овојпат на друго ниво.

На друго поле, се разработи Форумот р-Еволуција, како место каде АДСЛ корисниците ќе може да разменуваат предлози и мислења за натамошните активности. Бидејќи постапките на конкуренцијата не влеваат надеж дека учат од грешките на МТ, форумот има за цел и да ги прибере информациите и искуствата за понудите на широкопојасен интернет пристап, како и да собере идеи за можностите за подобрување и дополнување на постојната понуда.

Оние што не се чувствуваат удобно на форумот, или што не веруваат дека е обрнато внимание на нивните идеи (оставени преку коментарите), можат истите да ги пратат на predlozi@gmail.com. Линк до мејлот е ставен на менито десно (ПРАТЕТЕ СВОЈ ПРЕДЛОГ!). На овој начин и ние ќе имаме подобар преглед на различните предлози, за да не се случи некој да го запоставиме. Aдмините на р-Еволуција ќе ја поддржат секоја идеја и активност која може да даде резултати.

Сосема е демократски да имаме различни мислења, ставови и начини на реагирање, но не смееме да зборавиме дека имаме една заедничка цел: подобар интернет пристап. Секој се бори за тоа на свој начин и со средствата што му се на располагање. Телеком игра на картата дека ќе се замориме и ќе се искараме меѓу себе. Дали ќе успее оваа византиска тактика, зависи само од нас.

Edit: А1 објави вест што индиректно е поврзана со нашиот проблем. Бидејќи Телеком има монопол во фиксната телефонија, должен е својата инфраструктура да ја понуди по пазарни цени на други компании кои сакаат да нудат услуги преку истата. Сте се запрашале зошто ниту еден друг провајдер во Македонија не нуди АДСЛ? Токму поради одбивањето на Телеком да ја исполни оваа своја законска обврска. Државата мудро си молчи. Толку мудро што најавен е и жолт картон од Европската комисија.

9 коментари:

jovan рече...

Vo cetvrtok ke se odrzi i sredba na inicijativniot odbor za formiranje na NVO

Анонимен рече...

ok

jovan рече...

a koj moze da ucestvuva na taa sredba?

ili pokonkretno koj moze da bide clen na toj inicijativen odbor?

Анонимен рече...

Sekoj sto e zainteresiran za podobar internet valjda

Анонимен рече...

каде и кога


ilefx.com

Анонимен рече...

sajtov ni propadvit po 100-200 poseti dnevno ima i toa ne se unikatni sho znacit imame mnogu mala popularnost

Александар З рече...

sajtov ni propadvit po 100-200 poseti dnevno ima i toa ne se unikatni sho znacit imame mnogu mala popularnost

Епа, беше жестоко еден месец, и МТ-њет се затвори во бункер. Сакаш гледаш фудбалски, сакаш гледаш стратешки - кога правиш опсада, тоа трае. Ај, ќе спомнам и класична литература - Што се се случувало под ѕидините на Троја - 10 години дремеле таму.

Како се бориш кога опсадуваш? Влечеш катапулти (топови), дигаш кули (на кои качуваш катапулти/топови) и тепаш. И тоа е монотоно.

Арно ама, некогаш доаѓа помош и од неочекувани места. Само вчера А1 и Вест објавија три вести за Телеком: не пуштиле Словенци да им ја користат мрежата, а тие ги тужеле кај ЕвроКомисијата во исто време кога ние ги праќавме масовните мејлови - што значи дека пола од нас работат за Словенците, така ли е, Телекомци? :), и уште Телеком сака да ја лапне оптичката мрежа на МЕПСО (ЕСМ, де) и како капак - препорака Владата да се повлече од Управата на Мактел затоа што телекомот има многу лош имиџ во јавноста (е, ама кој да се откаже од 50 милиони евра исцицани од народот годишно :)

Ко што прочита - во четврток ќе се соберат ди еН-Џи-Оу гајз и ќе се отвори нов фронт. Форумот веќе го дава костурот на сајтот - сепак сме интернетџии и револуционери што не функционираат без парно греење и монитор :) Некој ќе каже - кучињата лаат, карванот си врви - ама треба да има кучиња што лаат, иначе кој ќе го мрдне задникот да види што карван врви?

Анонимен рече...

од Александар

Абре луѓе, незнам што се случува, али еве јас симинјам ствари и имам околу 20 ГБ симнато и брзината ми е топ, ни траг ни ништо од намалување...стварно незнам што се случува, а истото му се случува на еден мој другар кој живее во иста населба како и јас, и тој го помина лимитот од 4 гб, и мислам дека има сеа 6 а брзината му е иста... Јавно прашувам има ли други случаеви, бидејќи сите знаеме дека ако сакас брзина од 384 по надминуванјето на лимитот се доплаќа, али тоа мора да се нарача дополнително, па затоа не ми е јасно што е целава работа, или не заборавили нас, доколку сме едниствени, или пак ке не изненадат со следната сметка, па потоа ке се бркаме по судови... стварно незнам, а планирам да им го казам ова на 0800 али чекам барем до 20-25 за да у случај ми ја намалат брзина, да имам искористено нешто....поздрав па чекам одговори...

mkd_Stefan рече...

Од јавна говорница јави се на 0800 12345 или подобро на 171 (тој е замена за бројот 971) и прашај ги дали мора да се јавиш за да кажеш која варијанта од пакетот ја сакаш. Т.е. нели дали со доплата или намалување на брзината. Во никој случај не им кажувај име, презиме, username итн итн. Само онака чисто информативно. Дури не им кажувај и дали си го надминал лимитот или не. Така нема да можат по телефонскиот број да те лоцираат.