21 ноември, 2005

„АДСЛ или како не пљачкаат?“

Голем дел од АДСЛ корисниците имаат по некоја хорор приказна за мерачот на АДСЛ сообраќај. Де брои наназад, де покажува сообраќај кој е физички невозможно да се направи во одреден период, де воопшто не брои... Неограничени можности - абе, the sky is the limit!

Најзасегнати од ваквите „испади“ на мерачот, се ретките корисници кои се префрлија на пакетот со доплата за задржување на брзината. Очекував, следниот месец, заедно со сметките да стигнат лелекања и пцовки од нив - упатени на позната адреса. Не ми падна на памет дека реакциите може да дојдат и порано и да бидат поврзани со други, побазични проблеми.

Во денешен Дневник е објавено писмо од Николче Милошев, корисник на АДСЛ услуга:
...Сакајќи да придобијат што поголем број на корисници МТ-нет делеа пакети ветуваа брзини и триста чуда. Се си беше фино додека не им "светна сијаличето" дека како монопол може да не дере. Малку им беа тие 2.900 денари за договор на неопределено време, воведоа и доплата за надминатата сума од 4ГБ. Немаше друго чаре ајде и тоа го проголтавме (сакаш иста брзина над 4ГБ ќе си доплаќаш). Е арно, ама и тука имало глупости и "недоразбирања". Склучив договор за задржување на брзината бидејќи знаев дека каде и да е до половина месец ќе го надминам лимитот. И така договорот склучен на 1.11.2005 година господата од МТ-нет не успеале да го прочитаат до 14.11.2005 кога така "пријатно" ме изненадија со враќање на брзината како при Dial-Up врска. Кога се јавив знаете што ми рекоа?

"Господине, па вие сте склучиле договор напишан на рака, ние немавме отпечатено таков договор навреме." Јас сум бил виновен што така совесно и навреме сум сакал да го остварам тоа за што сум потпишал договор.

Кога им реков да ми ја вратат брзината тие фино ме информираа дека најдоцна за еден ден (15.11.2005) ќе ја вратат брзината и дека МНОГУ ИМ Е ЖАЛ АКО СУМ БИЛ ОШТЕТЕН НА НЕКОЈ НАЧИН. Она што најмногу ме иритира во сето ова е текстот на договорот кој е склучен и според кој КОРИСНИКОТ т.е. јас (и сите обични смртници како мене) МОРА да плаќаат ПЕНАЛИ како тие си ги нарекуваат доколку не се придржуваме кон договорот. Е па сега дали МТ-нет е подготвен да плаќа пенали затоа што не се придржува кон договорот. За крај само да кажам дека искрено се надевам оти некој од одговорните во МТ-нет е доволно писмен и ќе успее, ако не договорот, барем ова писмо да го прочита и да се замисли малку дали им одговара ваква слава.

19 коментари:

Анонимен рече...

Sto e ova be luge. Povtorno se zalat nekoi ADSL korisnici deka vcera ne mozale da se logiraat, denes internet tapa, prekini eden kup, brzina mnogu mala. Abe covek prosto da se cudi so nasite Telekomunikacii.

Александар З рече...

Му снемало струја на портирот (тоа човечето што дреме во централата, во тоа кутичето за АДСЛ и праќа и прима пакетчиња за интернет :))

Перо Шванц рече...

Ме чуди каде се дечките кои го нукира малце МТ нет, сеа и така коа сите одамна го надминаа лимитот, па така да маа едно 3-4 дена?:) И така да маа, и да маа едно ден два.

Volan рече...

1. Od seto do sega sto go pratam vo vrska so MT i negoviot satelit (ne mu go spominjam imeto), mislam (spekuliram) deka MT go raketiraaat so napadjanje na DNS serverite mafijaski krugovi od Ruska i Americka proviniencija povrzani so svoi hakeri.
Kako sto izjavija MT deka gi napadjaat nekoi nasi hakeri ne stoi , bidejki ne slusnav deka nekoj kaj nas e uapsen.

Zosto go napadjaat i reketiraat. Pa retko koj ima tolkav procent nas profit vo svetot - a mafijasite se pratat.

2. Javno go prasuvam MT i On Net, zosto jas ne mozam da gi otvaram vladinite sajtovi i drugi sajtovi koi se hostirani kompletno na On Net i na del od serverite na MT.

Dali se raboti za vnatresen problem ili kako monopol cukaat po glava nekoi novi igraci koi se pojavuvaat na Internet neboto na Makedonija, pa taka da kazam iako ne e soodvetno , ne im davaat Interkonekcija.

Bi sakal da slusnam nekoja informacija vo vrska so ova, ili komentar

Шефкет Рамадани рече...

Потребно е почесто да има притисоци и протести.Иако знам дека бројот на присутни беше слаб подобро е да има притисоци и протести. Не треба само 4 души да работат а другите да спијат. Треба систематски да се пристапи! Да се отвори уште една online жалбена петиција која сите ќе им праќаат на одговорните во: Влада, Министерство, Собрание, Невладин сектор петиции и информации!

Еве јас се приклучувам кон редовно спамирачките волонтери!

Volan рече...

@ Шефкет Рамадани

Go pokanuvam Шефкет Рамадани da zeme aktivno ucestov vo Internet NVO-to vo osnivanje.

Post message: internetnvo@yahoogroups.com
Subscribe: internetnvo-subscribe@yahoogroups.com
Unsubscribe: internetnvo-unsubscribe@yahoogroups.com
List owner: internetnvo-owner@yahoogroups.com

Tuka barame takvi dobrovolci

Шефкет Рамадани рече...

Од искуство со македонски НВО-а, секогаш има некој во почетокот што се искористува како работна сила за послем да се шутне како копиле на улица. Затоа НЕ ФАЛА!

Volan рече...

@ Шефкет Рамадани

Dovolno iskrajno i posteno kazano, samo neznam kogo mislis deka nie ce sutneme, nie site sme volonteri.

I barem za postarite od nas zboruvam po etabliranjeto na ova NVO ce se povleceme i ce pustime pomladite sili da prodolzat - na koi i sega ne im precime da isplivaat na povrsina,za da go nosat bajrakot, ako imaat takvi ambicii - a medju niv ima dosta kvalitetni mladi ludje.

Анонимен рече...

sefket ramadani mi bese asistent po matematika na PMF pred 10 godini? Toa e toj so isto imer i prezime?

Анонимен рече...

Се ми изгледа дека ние во Македониај нема да видиме пристоен интернет уште најмаку година-две.
МТ воопшто не ги боли дали корисниците се задоволни или не.
Најверојатно треба да се премине на порадикални мерки.

Да почнеме со масовно сечење на кабли, палење и демолирање на било што на кое има ознака МТ и сл.

Очигледно дека овие говеда не се разбираат со убаво.
Штом можат во Европа да палат автомобили поради тоа што биле незадоволни поради нешто зошто да и ние не го правиме истото.
Малку анархија би требало да ги разбуди нашиве високопозиционирани волови.

drink-er рече...

eee porano koga siminjav nesto i koga idese so 3kb/s se nervirav,sega koga ide so 5 kb/s se raduvam,si vikam: vidi ja linijava leta :)
Toa ti e,nova tehnologija:)

Анонимен рече...

Abe nikoj ne se otkazuva od ubava pozicija bez stap. Znaci se znae sto e lekot za ovie Huni.

abhor-breed рече...

Да, анонимус. Иако у брутално симплифицирана и да не речам крајно глупава форма, сепак конечно го доволи значењето на зборот револуција. Која исто така може да биде и еволуција нормално. Зависно од многу фактори и предфактори.

А ова за кое што се залагаат типциве од блогот "р-еволуција" колку и да е со добра намера и силна ориентација кон позитивна идеја сепак е крајно конфузно и аматерски осмислено и на никаде водено. Абсурд.

Анонимен рече...

@abhor-breed

Politikata na Heavy metalcite ni e poznata. Za zal na blogov, koj nikade ne vodi se koristi racionalna politika.
Vsusnost heavy metalci malku i ima voopsto vo svetot pa ne gledam sto nivmata politika bi ni donela tuka

bezvrska рече...

Кои металци, каква политика?

@abhor-breed
Крајна конфузност е нешто што се очекува од ликови со никови од типот bezvrska. Аматеризмот произлегува од тоа што никој не не плаќа за ова, туку го правиме во слободно време и powered само од ентузијазам. Можеби сето тоа некаде би водело доколку повеќе ликови со безврска никови би престанале да мрчат и хрчат и би направиле нешто поконструктивно.

abhor-breed рече...

:) Конечно почнавме да се разбираме. До некаде.

Сепак, имаме тешки разлики у перцепцијава на нештата реални биле тие или не. Матрицава на идеите не ни е ни у ист универзум а тоа пак не води никаде.

И не, не е битно само да се направи нешто. Многу побитно е да се знае што треба да се направи. Залудноста за вас очигледно не е луксуз кој не може да си го дозволите. Бујрум.

bezvrska рече...

Уникатноста во перцепцијата на реалноста е вистинско богатство и затоа има објавено адреса predlozi@gmail.com на менито со линкови.

Бидејќи не предлагаш ништо, претенциозен е твојот настап како врховен судија за нашата или било чија залудност. Ако залудноста е луксуз, безидејноста е грев.

Bojan рече...

abhor-breed, ако си оној што го знам, и самиот знаеш дека некои работи не успеваат без масивност. А не можеш да очекуваш масивност од „матрица“ од типот на „Абе ја до вчера пиев со него пиво у парк, па сеа ќе му идам на концерт...“ или „И онака ќе ме пуштат на концерт без пари, поарно да си ги потрошам париве на алкохол...“

Муабетот ни е многу добро познат и на двајцата.

Што се однесува до оној предлог кој го „наѕирам“ во твоите коментари (пак, мразам кога мора да нагаѓам, но што е - тука е), нешто поекстремно е размислувано и разгледувано како идеја, но не се сомневам во експедитивноста на Органите во разрешување на каков и да е случај поврзано со нивната Гуска што несе златни дивиденди. Затоа и не ми се допаѓа нападот на нивните DNS сервери (ако го прави некој тоа тука од кај нас, во што се сомневам).

Нејсе, имаш мој телефон, и онака се немаме видено одамна, ајд на по едно пиво/сокче :-)

Bojan рече...

@последниот Анонимус

А каква „политика“ треба да се води? Ирационална? Биди појасен.

И што имаат врска металците со целиот муабет?