22 ноември, 2005

Државните органи велат: „Ние не сме одовде!“

Во врска со обвинувањата од ЕУ дека Владата ја спречува либерализацијата на пазарот за електронски комуникации, стигна демант од Министерството за транспорт и врски. Демантот воопшто не негира дека либерализацијата е закочена, туку вината за тоа ја префрла на Агенцијата за електронски комуникации! Агенцијата била независно тело и одговaрала пред Собранието, а не пред Владата. Комедија! Јас го прашувам Министерството: Пред кого одговараат четворицата претставници на Владата во Одборот на директори на Телеком, меѓу кои се и неговиот претседател и потпретседател? Дали овие лица изгинаа во борбата за либерализација на пазарот, па сега ги нема ни глас да им се чуе?

Владата безуспешно се вади од нешто во што е до гуша заглавена, на што посочува и отсуството на реакција од Државниот пазарен инспекторат, орган во склоп на Министерството за економија. За потсетување, Организацијата на потрошувачи на Македонија пред скоро месец и половина поднесе претставка до Инспекторатот со која бара да се истражи незаконитоста и нечесноста на договорите за АДСЛ услуга. Министерството за економија пак, се обврза дека Бирото за метрологија, кое е во склоп на Министерството, ќе испита дали мерачот на интернет сообраќај на МТ ги исполнува условите предвидени со Законот за метрологија. После повеќе од еден месец, нема никаков одговор. Овие работи не се директно поврзани со либерализацијата на пазарот, но јасно укажуваат на привилегираниот третман кој му го дава Владата на доминантниот играч на пазарот.

Отсуствува реакција од уште еден „независен“ државен орган - Комисијата за заштита на конкуренцијата - и покрај фактот што неговиот претходник (Монополска управа) утврдил дека Телеком ја злоупотребува доминантната позиција на интернет пазарот. Одлуката од 15.3.2004, наложува Телеком да им дозволи на другите провајдери да нудат АДСЛ услуга преку неговата мрежа, а во меѓувреме забранува МТ да ја рекламираат и продаваат истата. Ваквата одлука е потврдена и од Министерот за економија, кој ја одбил жалбата на Телеком. МТ, и после дваесет месеци, продолжуваат да ги условуваат другите оператори дека ако сакаат да ја користат нивната мрежа мораат во пакет да платат и за интернет пристап. Ваквите услови не може да ги прифати ниеден провајдер, зошто со нив малопродажните цени би биле и до 20% повисоки од оние на Телеком.

Е сега, ако и Агенцијата за електронски комуникации и Комисијата за заштита на конкуренцијата не се одовде, се поставува прашање од каде е Собранието на РМ кое ја контролира нивната работа (or lack thereof, разбира се)? Не заборавете ова прашање да му го поставите на вашиот пратеник, кога ќе дојде да држи митинг за реизбор.

17 коментари:

Zarko рече...

Kocnicar na promenite, kako i sekade e ministerstvoto za finansii i nikoj drug. Se drugo e farsa. Tie ne sakaat da se otkazat od dividendata koja sega je dobivaat. Za zal od drvata ne ja gledaat sumata. Samo niz DDV od koristenje na uslugite od drugite operatori ke soberea povece pari od ona sto telekom im go dava kako dividenda. I povtorno ke zemat dividenda i pogolema od ova samo sto ke treba sekoja godina da vrsat revizija na zavrsnata smetka na telekom i da gledaat kade i kako se gi pere parite telekom, za na krajot da im dade nekoja crkavica od dividenda (i samite ja procitavte izjavata na Sraub deka vo Makedonija rabotat so 55% dobivka). Samo pritisok na drzavnite organi (zatoa i sum pristalica na NVO) moze da dovede do sproveduvanje na zakonite vo Makedonija. Pravilnik za interkonekcija postoi, zakon postoi sto znaci usoglaseni ni se
propisite so propisite na EU po
Direktiva 2002/21/ES (Frame Directive)
Direktiva 2002/20/ES (Authorisation Directive)
Direktiva 2002/19/ES (Access Directive)
Direktiva 2002/22/ES (Universal service Directive)
Direktiva 2002/58/ES (Directive on privacy in electronic communications)


No za zal nikoj ne gi sproveduva. Zatoa nasata borba ne treba da e koncentrirana kon Telekom tuku kon drzavata i EU. Samo na toj nacin ke moze da se podobrat uslovite.
Zatoa povik do site da se priklucat na NVO-to vo formiranje koe kako legalen subject ke moze da vrsi pogolem pritisok na vladinite institutcii i legalno da praca dopisi do EU komisiite nadlezni za ova. EU ne moze da go kazni telekom iako sopstvenikot e od teritorijata na EU no zatoa ke pravi golemi problemi na vladata vo naporite za vlez vo EU. Mislam deka pritisok od dvete strani od vnatre i odnadvor ne e na odmet

Анонимен рече...

finansii najverojatno ja kocat rabotata i na drugi institucii koi se zadolzeni ama nemaat formalna kontrola zaradi kocnicite

Zarko рече...

Pa na nas e preku NVO-to da dokazeme na ministerstvo za finansii deka so osloboduvanje na monopolot na ADSL uslugata planot na Telekom od 70000 korisnici ke se postigne mesto za 3 godini so derenje na korisnicite za edna godina so razumna cena. A tie neka presmetuvaat kolku DDV ke soberat. Vo sprotivno so organizirana antikapanja na ADSL-ot mozeme brojkite debelo da im gi pomrsime

Анонимен рече...

538 milioni evra se prihodite na Matav od Maktel. Ako profitot e 55% znaci 296 milioni kako toa nasata vlada da ima samo 45 milioni dividenda????

Zarko рече...

A ova stoi vo nivniot izvestaj f-20 za amerikansksta berza

In Macedonia, Maktel’s exclusive rights to provide fixed line telecommunications services expired at
the end of 2004, as a result of the market liberalization. Competition posed by new entrants may result in
downward pressure on Maktel’s pricing, sales volume and profitability, which would have an adverse effect
on our financial condition and results of operations.
Our ability to sustain revenue growth will depend in part on our ability to increase traffic and offer
value added and data services to our customers.
We expect the number of fixed access lines and tariffs for telephony services to decrease as
competition in fixed and mobile telephony increases. Our ability to sustain revenue growth will therefore
depend on our ability to increase the amount of traffic over existing fixed lines and to increase revenues
from value added and data services. We also plan to grow our mobile subscriber base and our related lines
of business, such as Internet and cable television, and expand our coverage area. We may not be able to
sustain revenue growth, if we are not able to offer attractive and affordable value added services in the
future or if our customers do not purchase our services.


Zamiali oni ke ni dale atraktivni ceni ?????

Kako bese onaa Dal da placam il da se smeam

Volan рече...

@ Zarko

Ne se zamaraj so dezurniov anonimus koj samo lici na provokator, ubao mu objasni pa sea ako nejce da sfati, do nego e...

Nego sto pramie so Aleksandrija red, koga nema podobro i toa e super a i nase e.....

Zarko рече...

ke bide samo da okrljaam usi od gripot.

Ne me ni interesira anonimusot. Sakam samo na site blogeri da im objasnam sto e mozno poslikovito kade lezi nasiot problem. Da ne bide samo po telekom. I nas da ni dadat monopol isto ke napravime mozebi.
Znaes denes merilo za siromastija na edna zemja e cenata na telefonskiot impuls. Kolku e povisoka tolku e zemjata posiromasna. Pricinata e monopolot potpomognat od drzavata koja vo nemoc da go sobira ddv-to vo drzavata go kompenzira toj del so bilo koja dividenda koja telekomot ke mu ja dade. za zal po nasite ceni sme medju najsiromasnite zemji. Nikako ne mozeme da svatime deka liberalizacijata na telekomot na pristapnite patista go koci razvojot na zemjata. Pa ako denes svetot preku internetot e edno globalno selo kade sme togas nie? I koj odredil deka tamu ni e mestoto? Makedonija ima kapital koj treba da go unovci mladite umovi za koi garantiram deka se edni od najbistrite vo evropa. za zal so dial-up internet ni medju sebe ne mozat da se slusnat.
Blagodaram na blogot sto mi dozvoluva da go zloupotrebuvam zaradi ideata na podobar internet

Zarko рече...

ima greska vo tekstot:
Nikako ne mozeme da svatime deka liberalizacijata na telekomot na pristapnite patista go koci razvojot na zemjata
trebe

Nikako ne mozeme da svatime deka blokiranjeto na liberalizacijata na telekomot na pristapnite patista go koci razvojot na zemjata

Sorry

Volan рече...

@ Zarko

Prvo mislev deka se salis za gipot, ama izgleda mnogu se otkrivas noce -

Lekot ne ti go kaza dezurniot psihoanaliticar.
Go snema.

Лек за грипот:
-Многу течности минимум 5l на ден(чаеви и сокови)
-Витамин Ц и комплекс на витамини Б
-Упсарин
-Парацетамол, андол, аспирин(против болки во мускуклите и температура)
-Земање на антибиотска терапија(збогатена со последните дефиниции на вируси од предходната сезона) во комбинација со прополис или мед.
-Проспан сируп, карамел(против кашлица)
-При високи температури природно ладење на телото со туширање.

ova bese post na Bulgrar za lekouvanje na grip

a pravilo e sedum dena so lecenje ili edna nedela sam ce pomine.

тино097 рече...

нели требаше Агенцијата за електронски комуникции нешто да превземи со нашиот случај? Еве сега јано се прозвани дека не си ја бркаат работата како шо треба. Мислам дека е време да излезат по медиумите и да актуелизираат проблемот. Ова испаѓа баш во полза на МТЊетарите, полека полека сите ни го вртат грбот

Bojan рече...

тино, неколку владино-независни-регулаторни-правни клетки/ткива/органи/тела требаше да преземат многу работи до сега. Проблемот е што тие не знаат дека постои нешто како интернет. Не знаат дека постојат компјутери! Не па ли интернет.

Погледни го само сајтот на Агенцијата за електронски комуникации. Беден, штур, лошо испрограмиран сајт, кој користи и промовира софтвер кој просечниот жител на Македонија ни на сон не може да си го дозволи (барем не во оригинална верзија).

Покрај тоа што 70% од сајтот е во изработка, многу интересен момент е „јавната расправа“ по „нацрт предлогот“. Го има на линкот на првата страница, MS Word документ е, симнете го и прочитајте ги првите 4 страници и ќе ви стане јасно за кого и чии интереси работи Агенцијата за електронски комуникации, вклучително со Метаморфозис (Бардил Јашари, член на комисијата на Агенцијата за електронски комуникации е и ДИРЕКТОР на „Фондацијата“ Метаморфозис).

bezvrska рече...

Да не излезе дека ја бранам Агенцијата, но мислам дека таа одлично си ја извршува својата функција. Вака недоволно буџетирана, кадровски непополнета и пригодно „независна“ има битна улога во одложувањето на неизбежните промени. Не би бил толку строг кон Јашари или било кој лик од комисијата, кој добил споредна улога во лоша комедија.

Анонимен рече...

европската комисија позитивно го оценува формирањето на агенцијата. критиката е врз другите институции - ама онака во ракавици. оние кои ја кочат.

Бардил Јашари рече...

Се слагам со голем дел од вашите констатации. Доколку имате конкретен предлог и план за делување би бил спремен да помогнам и да се вклучам во вашите активности...и како член на НВО преку Фондацијата Метаморфозис и како член на Комисијата за електронски комуникации. Можеме да договориме состанок кај нас во Метаморфозис? Поздрав.

Bojan рече...

Може да договориме состанок. Утре или петок? 10:00?

Бардил рече...

Петок во 10.00 во Метаморфозис. договорено?

Bojan рече...

Договорено.