28 ноември, 2005

Зошто е телефонот скап?

О: За да не го користите без врска. Разорните последиците од имањето бесплатен телефон се согледуваат по постапките на Боргите од МТ. Тие не го плаќаат телефонот, па времето си го пополнуваат со правење глупи повици.

Во последните неколку дена, некои од оние што поднесоа известување за раскинување на АДСЛ договорот добија ултимативен повик од Телеком, да изберат еден од пакетите: со доплата или со намалување на брзина. Наместо „You will be assimilated“, овие извикувале: „Морате да одите до салон за да склучите нов договор.“ Делот со „Resistance is futile“ се подразбира.

Следниот пат кога ќе ве репнат со астрономска сметка за телефон, место да пцуете, веднаш да му се заблагодарите на Телеком. Ви мислат добро. Не сакаат да се бламирате со непотребни повици.

6 коментари:

Анонимен рече...

Sto znaci ova? Deka ni go napikaa?

bezvrska рече...

:)
Не напишав такво нешто.

Анонимен рече...

Do koga MT ke si igra so nas kako sto saka? Site okolu nas imaat poveftin impuls , poeftin Internet i poveke izbor.( Borgot sepak na kraj go pobeduvaat.)

bezvrska рече...

За да триумфира Jean-Luc и компанија треба работа, треба мислење, треба активно да се вклучат повеќе луѓе...нема работите да се случат сами од себе.

daywalker рече...

со еден збор, потребен ни е DATA

Владимир рече...

Исто така ни фали и Lt.Troy. :)