30 ноември, 2005

Бидна!

Денес во Занзибар...пицеријата де, се одржа основачко собрание на Интернет Македонија. Имаше млади, повозрасни, другари и луѓе што првпат се гледаат во животот. Она што не зближува е интернетот и желбата да се подобрат работите на ова поле кај нас. Целта не ни е да јадеме бурек, туку:
  • создавање услови за подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија;
  • поддршка во решавањето на проблемите и заштита на правата на интернет корисниците;
  • создавање услови за поголема интернет пенетрација во Македонија, и
  • промовирање на можности за продуктивна употреба на интернет.
Со мали измени беше усвоен статутот, програмата за дејствување и беа избрани органите на здружението. Јас бев укорен дека многу често сум го користел зборот пенетрација. Од утре ја започнуваме и постапката за регистрација, а првите активности ќе следат кон средината на декември. Здружението ќе може да отвори некои врати кои потешко се отвораат пред поединци и ќе даде поголем публицитет на нашата борба. Ако имаш идеи и волја за нешто да направиш - добредојден си да се приклучиш. Ќе сркаме тоа што ќе надробиме.

16 коментари:

SpankyHam рече...

Aj да го сефтосам првото честито :) Па да почнеме да пенетрираме >:) Не сум ја крив, така пишува во програмата :)

Анонимен рече...

Ajde , airlija neka jet !!!
:)

Vasko рече...

Ај честито нека е и со тие намери што ви се напишани да си ја користите!


Да е живо и здраво детето!

Анонимен рече...

Ај аирлија нека е.

со среќа работата и многу успеси

Zarko рече...

Neka ni e so sreca,

midlam deka treba da mu odademe posebna blagodarnost na prviot pretsedatel na zdruzenieto za negoviot ogromen angazman i uspeh vo privlekuvanje na tolkav broj na korisnici vo borbata za podobar internet. Siguren sum deka i NVO-to ke vo vodi kako sto gi predvodese site dosegasni akcii,

Aleksandar bez_vrska TI BLAGODARAM


p.s. BOJAN specijalen poziv za tebe, ni nedostasuvas

K рече...

Ајде со среќа нека е новото здружение!
Пишете повеќе како ќе оди со проширување во повеќе градови во МК.
Поздрав

Владимир рече...

Само една забелешка, која се однесува до половата структура. Некако е премногу хомогена (во овој случај : машка), па затоа би ја искористил оваа прилика да ги поканам и ЗАИНТЕРЕСИРАНИТЕ припаднички на понежниот,поубавиот (како милувате) пол да ни се придружа, затоа што цврсто сум убеден и искрено верувам дека и ТИЕ можат да допринесат кон остварувањето на ЗАЕДНИЧКИТЕ ни цели.
Не е ваљда дека НИКОЈА не е заинтересирана, и НЕ САКАМ ДА ВЕРУВАМ дека ова е само "машка работа", и дека ЖЕНСКАТА ПОПУЛАЦИЈА нема што да понуди (знаење,идеи, различни пристапи и можни решенија).
Така да ова нека биде еден АПЕЛ, или едно ОХРАБРУВАЊЕ,за нивно пристапување, со идејата дека нали, ЦЕЛО Е КОГА СЕ ИМА СЕ ! :)

|BURGLAR| рече...

Се сложувам со Владимири, мораме да имаме и полова правична застапеност! Нека ни е со среќа!

Volan рече...

@ zarko

Posle tvoite postovi covek tesko naodja svoi zborovi i zato i sega napolno go podrzuvam tvojot post za cestitkite do Predsedatelot.

Voedno uste ednas vetuvam deka ke mu pomogneme vo ostvaruvanje na nasite celi - so site svoi sili i so seta svoja dusa i srce -
Svetot sekogas ostanuva na pomladite.

Nema potreba da povtoruvam deka ni nedostasuva Bojan. Ni nedostasuva. No toj sepak e tuka. Veruvam deka ce sorabotuva so NVO - to vo taa smisla sto ce bide najostar kriticar koga nekoj od tamu ce zastrani.
Pa ok e i nekogo da pofali.

Ni nedostasuvaat i drugite ostri pera od blogot i forumot. I za niv vazi. Vo prvata moznost udrite so kritiki. Davajte predlozi. Sugestii.

A akciite sto javno ce gi vodime ne se samo za clenovite na NVO-to tuku se za site, taka site bez razlika dali se clenovi ili ne na NVO - to mozat i se pokaneti da ucestvuvaat.

Zaradi omasovuvanje na clenstvoto na NVO -to ce se sprovede procedura na Internet zaclenuvanje. Nabrgu ce bide objaveno kako.
Toa bese ideja na Zlocko i e prifatena od site.

Poraka do anonimusite, citajte za nasite akcii na forumot

http://revolucija.10.forumer.com/viewforum.php?f=10&sid=04f3fbf1eda0d1e0bfbca0037c67ecf4

a tuka kritikuvajte ne. Dobrodojdeni se vasite kritiki i predlozi. Sekojpat ce bidat uvazuvani i zimani vo predvid. Pa vokolku gledate deka ima nekoj benefit od ova. Pridruzete se.

Otvoreni sme za site, osobeno vo ovoj moment sme otvoreni za polova pa i ako sakate nacionalna zastapenost.

Internetot e podednakvo vazen za site.
Zaedno da se izborime za naseto pravo na podobar i poeftin Internet.

Toa najbrgu ce go napravime ako imame masovnost.

volan рече...

Cestitki i do ostanatite osnivaci na ova Gradjansko zdruzenie, koi so ova sakaat da pokazat, deka ima nacin kako da se dojde do podobar i poeftin Internet vo Makedonija

volan рече...

Pred malku dobiv eden licen meil koj dlaboko me trogna od edna strana - a od druga strana me tera da uste povece se napregnuvam vo dokazuvanjeto deka NVO-to e dobar pat za resavanje na problemot so Internetot vo Makedonija.

Lice so posebna potreba mi pisa licen meil vo koj se izvini sto od opravdani pricini nemozese da dojde na Osnivackoto sobranie, istovremeno go pozdravi nastanot, i ni pozela mnogu sreca vo rabotata.

Istovremeno prasa kako moze da pomogne.....

Anonimusimus рече...

A nekoj da napisese koj e izbran za preCednik, upraven odbor i sl.?

Анонимен рече...

Pogore pisuva

"mislam deka treba da mu odademe posebna blagodarnost na prviot pretsedatel na zdruzenieto za negoviot ogromen angazman i uspeh vo privlekuvanje na tolkav broj na korisnici vo borbata za podobar internet. Siguren sum deka i NVO-to ke vo vodi kako sto gi predvodese site dosegasni akcii,

Aleksandar bez_vrska TI BLAGODARAM"


Vo prevod bi znacelo Aleksandar bez_vrska e ptretsedatel na zdruzenieto. Ostanatite clenovi se ludje od blogot, mislam deka na forumot i gi pisuva

Анонимен рече...

Vo prevod bi znacelo Aleksandar bez_vrska e ptretsedatel na zdruzenieto.

Vaka. Jas ne gi znam lugjevo od blogov, nitu pak admin-ite. Zatoa, ne ke e loso da se napisat iminjata.

Od kaj da znam koj e Aleksandar bez_vrska? Covekot nema ime i prezime? Koi se vo UO?

Se nadevam deka rabotava ne e tajna...

P.S. Forumot ne go citam, oti se gubam. Tuka posuvajte koj za sto e izbran.

Анонимен рече...

З А П И С Н И К
Од одржаното Основачко собрание на здружението ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА, на 30.11.2005 во Скопје, со почеток во 17 ч.


На Основачкото собрание беше предложен и усвоен следниот дневен ред:
1. Избор на претседавач на Собранието (по правило најстариот член од присутните) (Александар Димитријевиќ)
2. Избор на двајца записничари на Собранието (Ристо Топалов, Филип Зафировски)
3. Констатирање на бројот на присутни кои имаат право на одлучување (13)
4. Избор на Претседател на Собранието на Здружението (Жарко Ангеловски) - едногласно
5. Донесување Одлука за основање на Здружението - едногласно
6. Донесување Статут на Здружението - едногласно
7. Донесување Програма за дејствување на Здружението - едногласно
8. Избор на органи на Здружението
8.1. Избор на Извршниот одбор на Здружението
Претседател на Здружението (Александар Николов) - едногласно
Потпредседател на Здружението (Александар Димитријевиќ) - едногласно
Секретар на Здружението (Јован Јоновски) - едногласно
Член (Ристо Топалов) - едногласно
Член (Ѓоко) - едногласно
8.3. Избор на Надзорен одбор на Здружението
Претседател (Филип Зафировски) - едногласно
Член (Владислав) - едногласно
Член (Владимир Мијановиќ) - едногласно


На основачкото собрание на Здружението “ ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА” како основачи на Здружението се:

Име и презиме Адреса ЕМБГ
1. Александар Богоевски
2. Александар Димитријевиќ
3. Александар Николов
4. Бојан Шипинкаревски
5. Владимир Мијановиќ
6. Владислав
7. Ѓоко
8. Жарко Ангеловски
9. Јован Јоновски
10. Јовица Насковиќ
11. Милош Кецоевиќ
12. Ристо Топалов
13. Филип Зафировски

На основачкото собрание основачите донесоа Одлука за основање на Здружението “ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА”. Одлуката е составен дел на овој Записник.

Основачите го донесоа Статутот на Здружението “ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА”.

Основачите како членови на Собранието на Здружението “ ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА” ги избраа следните лица:

Име и презиме Адреса ЕМБГ
1. Александар Богоевски
2. Александар Димитријевиќ
3. Александар Николов
4. Бојан Шипинкаревски
5. Владимир Мијановиќ
6. Владислав
7. Ѓоко
8. Жарко Ангеловски
9. Јован Јоновски
10. Јовица Насковиќ
11. Милош Кецоевиќ
12. Ристо Топалов
13. Филип Зафировски

Собранието за претседател на Собранието го избра Жарко Ангеловски, со адреса
Собранието за претседател и членови на извршниот одбор ги избра следните лица:
1. Претседател на Здружението
Александар Николов
2. Потпретседател на Здружението
Александар Димитријевиќ
3. Секретар на Здружението
Јован Јоновски
4. Член
Ѓоко
5. Член
Ристо Топалов

Собранието за претседател и членови на Надзорниот одбор ги избра следните лица:
1. Председател
Филип Зафировски
2. Член
Владислав
3. Члан
Владимир Мијановиќ

Конститутивната седница на Основачкото собрание на Здружението “ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА” заврши во 20 часот.

Анонимен рече...

E ovaa informacija e veke nesto konkretno...

CESTITO neka im e na site koi se izbrani, a posebno na pretsedatelot (oti toj ke ima najmnogu rabota)!