16 ноември, 2005

Breaking news на CNNN!

Во ноември нагло пораснале расправиите во македонските домови, а богами и влезови. Се фаќале за гуша брат со брат, мајка со ќерка, први комшии и функционери во куќните совети. Репортажата на Кристијан АМАНпараспур открива дека главен фактор за ваквиот братогушечки феномен било прашањето за правичната застапеност во размената на битови и бајти двонасочни нежности во склоп на АДСЛ врската.

Од Монополски телекомуникации ltd. категорично негираат дека оваа мода се должи на новододадената кратенка - со значење limited - во нивното име. Портпаролот на компанијата, Небулоза ЊЕТкова, изјави дека се работи за инсинуации од една мала група мазохисти кои секој месец им донираат по 40 евра, чисто за да си го овозможат задоволството после да ги оговараат. Соочен со остриот поглед и бушавиот микрофон на АМАНпараспур, портпаролот призна дека слични работи се случувале и после порастот на цената на телефонските импулси за над 300%, но додаде дека и тогаш ситацијата набрзо се нормализирала. Портпаролот не знаеше да појасни дали нормализацијата била некако поврзанa со наглиот подем на побарувачката за голуби писмоносци.

Во потрага по вистината и малку кафе, АМАНпараспур храбро потрча кон Владата на малата Патлиџан република, но таму и кажаа дека сите релеватно нерелевантни фактори се отидени во Адис Абеба на рибање. Имено, Комисијата на Афричката Унија, каде Република Патлиџан аплицира за членство, била незадоволна од тоа што Владата не ги послушала советите да го продолжи монополот на Монополски телекомуникации ltd. до 2205 година и наместо тоа го продолжила само до 2105. Афричката унија смета дека ваквото однесување на Владата е пречка за забрзаното приближување на земјата кон црниот континент. Препорака на Комисијата е Владата итно да докупи уште акции во Монополски телекомуникации ltd. Унијата утврдила дека сегашните 47% се недоволен поттик за поактивно вклучување на државните органи во сузбивањето на слободниот пазар - оценет како најголем непријател на забрзаното зацрнување на локалната економија.

Следната дестинација на АМАНпараспур е Агенцијата за монополски комуникации, која ги благословила АДСЛ врските по што престанала да контактира со младенците. Таму изјавија дека се зафатени со подготовка на Правилникот за бесконечно развлекување на примената на законите и ја замолија да не им го нарушува кафето. После мала пауза за поправање на шминката, АМАНпараспур бескомпромисно поита кон Државниот инспекторат за борба против слободниот пазар, но сите ненадлежни фактори ги затекна во дремка. Тоа не ја спречи во неврзан муабет со дежурниот записничар, чистачката Цвета Трачева, да дознае дека тоа е само генерална проба пред стапувањето во зимска хибернација. Комшиите, израдувани од неочекуваната можност за фаќање сеир, ја советуваа да проба повторно напролет.

Обидите да контактира со некој од групата задавени АДСЛ корисници се покажаа безуспешни. Според врвни експерти консултирани од CNNN, обидот за комуникација со лица со dial-up брзини, дури и да е теоретски возможен, е непотребно губење време и може да нанесе тешки последици по менталното здравје. Други, помалку врвни експерти, блесаво констатираа дека со тоа што АДСЛ корисниците меѓусебно се задавиле - проблемот се решил сам од себе. Критичкото око на АМАНпараспур тука ја позна уникатната способност на Владата и Монополски телекомуникации ltd. за креативно менаџирање на кризите преку кревање на рамениците и правење на Тошо. Непогрешливиот АМАНпараспур заклучок е дека малата Република Патлиџан ги помина најголемите искушенија и благодарение на неодоговорноста и некомпе- тентноста е повторно лидер во регионалната салата и успешна приказна во афроинтегративните процеси. (Преземено од CNNN)

12 коментари:

Анонимен рече...

од револуција се сведовте на културно-забавен блог? ој читајте го букаро и офчаро!

Александар З рече...

А ти си, нели, првоборец од октомвриската револуција и имаш орден заслуги за АДСЛ со златен гајтан, што ти дава целосно право да не се насмееш на маката, туку храбро да поведеш нова офанзива. Против предавниците, се разбира.

Анонимен рече...

Situacijata ne e smesna, tuku toa sto na cel svet im se smeete, a nie, demek, sme najpametnite. Vie ste smesnite, a ne situacijata.

bezvrska рече...

За да видиш колку е смешна ситуацијата, и кај нас и во светот, почитај го прилогот на BBC Click Online за безжичната мрежа на ОнНет. Да не ти раскажувам, прочитај сам на:
http://www.bbcworld.com/content/template_clickonline.asp?pageid=666&co_pageid=2
или преведено на македонски на:
http://on.net.mk/statija.asp?id=12034

После сите изјави таму, ако не ти дојде да се изнасмееш сигурно ќе посакаш да скршиш нечија фаца.

Volan рече...

Ob mene samo bravo za bez_vrska.

Me iznasmeja do koska.
Taka treba, samo taka, lucidno i na svoj nacin.
Oa ne moze da bide revolucija kakva do sega sme ja znaele so krv...

Ova e revolucija na Intelegencijata ni....

Анонимен рече...

a toa za kompijuterite od kina toa si e tocna pred dve godini gi namestija, alal im vera na toa kinezine tolku kompijuteri ni dadoa kako donacija, sto sega stalno ke treba da im pustame u fudbal, a isto taka sega i u skoro site sredni i osnovni skoli ima adsl.

prasane dali nekoj znae dali u skoli go limitiraat?

daywalker рече...

hehehe смешно и реално

Ici рече...

Site sredni i osnovni ucilista nemaat ADSL, tuku gajtanless internet od On.Net koj ne se limitira posto e donacija od USAID, kako i celata oprema na On.Net koja sega ke ja iskoristat za dobro da zarabotat

александар рече...

Алал вера, мајсторе.
Симнувам капа.
Пружам рака.

Анонимен рече...

Без навреда ама звучи ко нешто што би излегло од Хихириху гомненицине. Сосем непотребно и максимално несмешно.

hihiriku Rulez рече...

Е, кој да ве задоволи сите? Сега и Хихирику не чини.

Ц ц ц - шо мракои живееле у Република Патлиџан.

CNN рече...

Што ја вреѓате бе Кристијана Аманпур