05 декември, 2005

Разбудете ги од Агенцијата

Жалба до АЕК за сите што го поднесоа приговорот за намалувањето на брзината. Пожелно е да го поднесат и оние што раскинаа како дополнителна заштита од пенали. Може да се достави денес и утре. Во претходниот пост се дадени приговори на „одговорот“ на МТ.
  1. Прва верзија е за оние што имаат потпишано Барање за користење АДСЛ услуга (тоа е оној документот кој се потпишува пред потпишување на договорот).
  2. Втора верзија е за оние што не потпишале Барање за користење АДСЛ услуга (т.е. оние што поднеле барање по телефон, и не им подметнале да потпишат Барање кога го потпишале договорот).

4 коментари:

Анонимен рече...

Kade ste Makedonchinja? Kaj se izgubivte? Otkako pocnaa ovie gluposti so MT , znaete koi, ama aj da povtoram-potpishavme dogovor za ADSL pristap na Internet,posle site reklami na MT /radosni ke imame i nie ADSL neogranicen pristap, so relativno dobra brzina, za fiksna cena itn.itn.Arno ama ne bilo taka.MT si gi pokaza "kvalitetite" i ja izmesa celata rabota so voveduvanje novi uslovi, koi uspeavme so R-evolucijata da gi vratime na staro. Arno ama pak ne e taka.Sega MT ni ja namaluva brzinata do dial-up i pak go prekrsuva dogovorot.E sega me interesira edno.Otkako pocna seto ova pocnav da gi citam makedonskite blogovi i makedonskite zabavni veb-strani i gledam deka odreden broj na lugje aktivno se na Internet.Se cudam: Kade ste drugarchinja da se prikluchite na borbata za poevtin Internet pristap , borbata protiv monopolot na MT? Zarem vam ne vi odgovara toa?Pa kolku poveke korisnici ke imaat moznost da odat na internet tolku poveke posetiteli ke imate na blogovite i veb-stranite , poveke ke ve citaat.Pretpostavuvam toa vi e celta da bidete citani i poseteni! Na mnogu malku blogovi vidov link do r-evolucija blogot. Podobar i poeftin pristap na Internet mislam deka na site ni odgovara. Pisuvajte za toa, davajte idei , pridruzete se na zdruzenieto "Internet makedonija". Uspeh moze da se postigne ako samite nie site "zavisnici" na Internet doprineseme za negova "penetracija" / sho vika bez_vrska/ vo nasata ni Makedonija. Kako shto i bese spomnato vo mnogu prethodni postovi od Volan i Zarko i dr. idninata na mladite k vo Makedonija e i vo koristenjeto na Internet(za vrabotuvanje itn.itn.) Aktivirajte se , mora da bideme bucni i uporni za da tie shto gi birame na sekoi chetiri godini napravat nesto za nas( go unishtat monopolot na MT , ovozmozat poeftin Internet pristap itn.itn.)Kolku pobrzo tolku podobro za nas.

Перо Шванц рече...

1. Агенцијата за Електронски Комуникации нема да се разбуди од општопозната причина, за личен интерес на поединци од таму. Впрочем од истата причина во Македонија нема и втор фиксен оператор. Дури и се изнасмеав на постот што го има на нивниот веб:

САМО ТЕРМИНИРАЊЕ на дојдовен меѓународен сообраќај кон претплатниците на постојните оператори на јавни електронски комуникациски мрежи во Република Македонија не е чин на либерализација на пазарот на електронските комуникации бидејќи фактички крајните корисници немаат никаква придобивка со ваквата активност. Либерализацијата значи воведување можност крајните корисници на јавните електронски комуникации во Република Македонија да имаат можност при реализирањето на своите повици (национални или меѓународни) да избираат повеќе понуди на повеќе оператори согласно квалитетот и цените на понудените услуги.

Кај нас немаш реален начин да го одбереш истото. Фатиле 3 фирми како пенетрираат ВОИП и фестивал. Па мене 3 години од Германија неможат факс да ми пратат поради неквалитетен ВОИП, а да не Ви кажувам дека на идентификаторот ми се појавуваат бројки од некои безвезни телефони (нормално во Телеком тие броеви НЕ ПОСТОЈАТ) од Скопје и Тетово.

Од ова можам да заклучам дека Агенцијата за Е. Комуникации нема ич да трзне да направи билошто против Телеком. Агенцијата и така постои само за да се вработат одредени луге кои во моментот се блиски на власта која владее во моментот. Баталете ја вратата на АЕК. Никад (у оваква состојба) нема да се отвори.

2. Од свои извори дознав за понудата на Самсунг да преку ЕСМ нуди све живо у пакет. 4 ЕУР цена по домакинство за Интернет (512), Кабловска ТВ, Кабловско Радио и Телефонија (во мрежата). Нормално, бил кај Бучко на разговор, и нормално нели бил одбиен. Типот спакуел куферите и си отишол у Хрватска, каде за 2 секунди му рекле бујрум ајде.




3. Телеком незнае како да се измкне од хаосот што си го создаде со лимитирањето. Еден ден порано ја дигна рампата на лимитот, и (тие што го минале лимитот) ги остаи уште извесно време плус.(Околу 24 саата). Грешка гарант не е. Сеа место пред нова година да изнатапацираат нови корисници, приливот на нови им е очигледно намален. Според една интерна информација во четвртокот имале 4 барања во Скопје. Еееееј! Цели 4.
За тоа време мафијашиве од кабловска трљаат раце, и се молат Телеком што повеке да биде будала. Знаат дека 1.500 МКД месечно им се супер цифра, а башка се спремаат модемите да ги даваат бесплатно.
Телекомци по наредба на погорните се утепуваат од нудење на разно разни пакети од 5ки, 3ки разговори вакви или онакви, бесплатно незнам што, наместо да си ја тресне главата и реално согледа каде може да има ќар.
Според изјавата на телеком дека имало повеке приклучени јузери на еден АДСЛ, па тоа било причината за намалување на брзината, неможам да се изначудам на идиотизмот за тоа. Сите другарчиња врзани во мрежа за да поделат трошоции си останаа другарчиња, а Телеком доби негативна реакција.
Веројатно трафикот им је ист, поради фактот дека инсајдерите у телеком сеуште тегнат милијарда филмови, кои после 2 дена ги гледате на Ауто Пазар, во форма на 50 денари ЦД. Се изнасмеав и на базата на Мобимак која таму се продаваше.
Драги пријатели револуционери, оставете го телеком нека си се врти во сопствените го*на. Реалниот притисок поради немање конкуренција нема, меѓутоа факт е дека бројките не одат нагоре.

Извините за подолгиов пост.

bezvrska рече...

За малиот број блогови со линк до р-еволуција... и ние сме виновни за тоа поради тоа што сосема малку е работено на промоција на блогов. На пример, не сме разменувале линкови. Едноставо од немање време.

bezvrska рече...

@перо шванц
Јас немам илузии во врска со АЕК. Во моментов и немаат некоја сила да преземат нешто, а уште поважно - немаат ни волја. Но тоа не ги амнестира од одговорност и сите треба да знаат кои се виновниците. Ако има доволен јавен притисок некој од АЕК можеби ќе мрдне со малото прсте и ќе ги замоли газдите во МТ да олабават малку со адсл-от, бидејќи и онака тоа е минорен дел од приходите.

Веројатно поради последниов факт МТ реагира бавно и безвезно иако и на најголемиот идиот од менаџер до сега ќе му станеше јасно што треба да направи со адсл-от. Според она што го прочитав од нивни интерни документи, адсл-от и поврзаните услуги кои планираат да ги нудат преку него се еден од главните начини како ќе се справуваат со конкуренцијата на полето на телефонијата - што тропа на вратата. Несфатливо ми е некој да загрозува стратешки планови на фирмата само поради профитерство на ситно и тврдоглавост.