13 декември, 2005

ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА на суд

:) Нит нè тужат, нит тужиме, само стигна решението за регистрација. За да нема забуни - здружението нема да се занимава само со МТ или само со АДСЛ. Цели на Здружението се:
  • поддршка во решавањето на проблемите и заш- тита на правата на интернет корисниците;
  • создавање услови за подобар, попристапен интернет за сите граѓани на Македонија;
  • создавање услови за поголема интернет пенет- рација во Македонија, и
  • промовирање на можности за продуктивна упо- треба на интернет.
Кој сака да се придружи нека прати мејл. Прва активност на здружението ќе биде подготовка на обука за новинари за интернет пристапот и интернет пенетрацијата во Македонија. Обуката ќе се изведува во соработка со Метаморфозис и ќе има за цел да ги запознае новинарите со можностите и проблемите на ова поле, за да може подобро да ја информираат јавноста. Медиумите и до сега ни беа едно од најсилните оружја, а се надевам дека во иднина ќе бидат уште повеќе. Повели ако имаш предлог.

18 коментари:

Volan рече...

Pa aj neka e so sreca.

Анонимен рече...

ke ima obuka za penetracija? :)))
se shalam , se shalam... cestito :>

bezvrska рече...

Ти да не си Spanky Ham? :)
Инаку честитките чувајте ги за моментот кога ќе има резултати.

Анонимен рече...

Фала за печатот :))

Анонимен рече...

Нека е со среќа за подобар интернет доста од ова диалпов

Анонимен рече...

Voopsto ne mislam deka problemot e kaj novinarite, pa sega ke gi obucuvame, za da podobro izvestuvaat. Problemot e sto site imaat reklami od Telekom. Na site na nekoj nacin ili im e sponzor ili dava pari za reklami.

Dzabe ti da go educiras novinarot, koga nadredeniot nema da mu dozvoli da go objavi toa sto go napisal, oti so toa ke gubat pari. A neli mediumite i taka imaat nedovolno pari.

Treba da se smisli nesto drugo, a ne obuka za novinari. Nekako obratno se postaveni rabotite.

bezvrska рече...

Од искуство знам дека дел од редакциите имаат рекет манири. Во стилот: малце ќе ги оставиме да се печат, па наскоро ќе ни рипнат приходите од реклами. Од друга страна, изминатиов период имавме супер соработка со неколку новинари и немавме никакви проблеми и покрај тоа што МТ беше спонзор на нивните медиуми.

Инаку ова е само прв чекор и ако ништо друго ќе ни овозможи да се легитимираме пред медиумите за кога ќе биде потребно да ни биде лесна комуникацијата.

Darko156 рече...

Сакам да се приклуцам, во делот за едукација.

Ќе исконтактирам и со Филип од Метаморфозис по ова прашање. Ама не е лошо и тука да изразам желба.

ПОЗДРАВ за трудот кој сте го вложиле момци

kristofer рече...

Сакаам интернет!

Анонимен рече...

Pak li obuki, bezdelnicenja, sostancenja i sl.? Pak li sorosovsko NVO?

bezvrska рече...

Остај, се се плашам да не се здебелам од олку безделничење.

Како што оддамна утврдиле Германците и Американците, пропагандата е мошне битна ствар. Да не се појавуваше нашиот проблем во класични медиуми може уште ќе беше на сила огласот од 30 октомври 2005. Ако новинарите знаат кој е крив за состојбата и кои одговори што им се нудат се само алиби мислам дека ќе можат да туркаат во права насока.

Околу состанчењата...Да и мене ме нервира тупење без резултати, ама да бидеме реални - револуцијава не се одвиваше на улици и барикади. Кога беа договарани собири пред МТ не се појавуваа баш многу луѓе. Да се собереа 1000-2000 луѓе пред зградата на МТ после првиот оглас па да продолжеа пред Влада, веројатно состојбата ќе беше драстично поинаква. Тоа ќе беше побрзо и поедноставно решение. Ама реалноста е поинаква.

Она што се направи досега беше со помош на четири работи: познавање на законите, реакции до МТ, медиумски притисоци, и обраќање до сите надлежни институции. Одлуката на МТ дека нема да наплаќа пенали за оние што раскинале до 15 октомври дојде после состанокот во министерството за економија кога сите државни органи ова им го препорачаа на МТ. Да немаше некој на тој состанок што ќе ја застапуваше страната на корисниците, МТ ќе тврдеше дека сите проблеми се решени. Јас сум спремен состаноците да ги сфатам како нужно зло - се додека даваат резулатати. Ако нема резултати, ќе бидам прв што ќе се откаже. Не за друго - наплашен сум да не се се здебелам. :)

Анонимен рече...

I so rekovte kade ili kogo vo MtNet ke go penetrirame?

bezvrska рече...

Сите по ред :)

Анонимен рече...

Na koj emil da se priklucime...

bezvrska рече...

Бирај:
интернет_македонија@yahoo.com
без_врска@hotmail.com

Нормално, кирилцата ќе ја смениш со латиница.

Анонимен рече...

Very cool design! Useful information. Go on! bally refrigerators Parts heaven porsche Side affects protonix http://www.lamictal-6.info/pda_terminal_emulation.html

Анонимен рече...

Enjoyed a lot! »

Анонимен рече...

Very cool design! Useful information. Go on! web site design subaru outback slush mats Mcse szkolenia cheap phone calls Leather b2 bomber jacket Hair ultra vitamin Buy cialis nextel ringtones Volkswagen manuals Tween cosmetics company hosting maryland web Japan tamiflu&aposs stockpile