14 декември, 2005

Има ли пилот во авионот?

Пенали за раскин на прекршен договор, прекумерни пенали, лудо мерење на сообраќајот, сместување во пакет со доплата без барање од корисникот, наплата за период во кој е демонтирана услугата... 1001 прича. Може ваквите исповеди на среќни АДСЛ корисници да ги штампаме и да ги делиме пред салоните на МТ. Поголема антикампања - здравје. Ова беше насловено „Така ми треба!“

Здраво,

Во кратки црти сакам да ви ја раскажам мојата тажна, но сепак вистинита приказна. Корисник на АДСЛ сум од 03.06.2005 со договор на две години. На ден 03.10.2005 поради добро познатото известување во весниците поднесов приговор и барање за раскинување на договорот. Исклучувањето беше спроведено уште истиот ден со исклучување на АДСЛ конекцијата, а веќе наредниот ден вработено лице во АД „Македонски Телекомуникации“ изврши демонтирање на АДСЛ опремата (АДСЛ модем и сплитер). По изминати две седмици операторот донесе решение со можност на враќање на претходните услови (намалување на брзината по изминати 4ГБ сообраќај). Преку телефонски повик ми беше понудено од страна на вработени во АД „Македонски Телекомуникации“ повторно инсталирање на АДСЛ приклучок без надомест за повторно инсталирање на опрема. На 21.10.2005 како уредно учениче поднесов писмено барање за повторно приклучување и инсталирање на АДСЛ приклучок бидејќи немав другo решение освен Dial Up, а верувајте ги пробав сите ама на ниедно неможев да се приклучам (OnNet WiFi,CABLE ZORA итн.) Службени лица од АД „Македонски Телекомуникации“ на 23.10.2005 повторно ми го приклучија фамозниот АДСЛ приклучок. Со ова јас немав АДСЛ интернет од 03.10 до 23.10.

Во сметката за месец октомври многу добро ме изненадија со следнава ставка:
  • Макс АДСЛ период 01.10.2005-03.10.2005 со единечна цена од 193,00 денари без 18%ДДВ (ова е ОК)
  • Макс АДСЛ период *04.10.2005-16.10.2005* со единечна цена од 835,00 денари без 18%ДДВ (воопшто не е ОК)
  • Макс АДСЛ период *20*.10.2005-31.10.2005 со единечна цена од 770,00 денари без 18%ДДВ (не е ОК)
Ги свртев добро познатите бројчиња и којзнае по кој факинг пат им објаснив што се деси и нормално добив одговор дека треба да напишам приговор.Повторно како добро, примерно и уредно учениче засукав ракави и скроив уште еден приговор. Се смирив и продолжив да користам супер брз интернет. И тоа не е се. Цел ноември се стискав и пазев што симнувам за да не се нервирам повторно со Dial Up и имав некои си 3ГБ. Последните денови од ноември решив да се почастам со некој филм,некој албум и апдејт на неколку програми. Брзината не ми падна и ми рекоа дека не било автоматски намалувањето на брзината т.е. да не се секирам. Со резерва бев но воглавно не се секирав... аха да
Денес ми стигна сметката за Ноември. ШОК!!! Да повторно! Татко ми(екс вработен во МТ) по обичај ми се истури мене...
Еве ја факинг екстра ставката овој месец:
  • Вкупно реализ. ADSL сообр. 5.615,89MB
  • Реализ. ADSL сообр. со доплата 1.519,89МБ
  • Пресмет. единици 3 512,00МB
  • Единечна цена (без 18%ДДВ) 175,00
  • Вкупно 525,00
Тоа е тоа! Сега го пишувам мојот 5 приговор за АДСЛ и оваа тажна приказна. За момент ќе ги заборавев моите среќни мигови со мерачот кој си работеше експоненцијално иако мојот компјутер, лозинка итн. не работеа и пријатните разговори за спомнатото со пријателите од тех. подршка (да ми го задржат малце) упс ми излета...
...немам веќе зборови и нерви за нормално, културно и разбирливо да пишувам...

ПОЗДРАВ
Никола Ѓорѓиевски

15 коментари:

Анонимен рече...

И јас истото го вкусив , но отидов во Алмако , стиснав на нивниот нов систем за муштерии со броче , па малку им викав на теткиците , таа го зема целото туце документи и сметка , по 5 минути дојде и ми рече ова не е валидно , па пиша барање до првостепената комисија плус и мој текст во него и ме пратиј во Камени мост таму да има казам да го убрзаат барањето

ВО Камени од комисијата ми скратија 8.000 на 4000 ден да платам на жиро сметка

Анонимен рече...

Toa e brat sto da se pravi. Kopilinja se ke napraat samo pari da zemat. Picka ima mater. Krvopijci. Ova nema da se resi se dodeka ne vlezi uste eden fiksen operator ili se dodeka ne se prefrlime site na satelistki ili kabelski internet.

Анонимен рече...

Predviduvawe za kapacitetot na opsegot vo 2 Mbit/s edinici za sekoja
Geografska Lokacija Na Interkonekciska To~ka

Partner:

Odobruvawe na Predviduvawe od MT:



MATERIO-Dodatok_ I.A v.1.1.xls

http://www.mt.com.mk/novosti/vest1.asp

mt рече...

Sto saka da kaze anonimusot so delot sto go kopiral od Materio. Ako ne se lazam materio se bavi so interkonekcijata, uslovi i dogovori za istata. Za nas koj se interesirame za internetot ne gledam kakva vrska ima interkonekcijata. Taa e bitna za vtor fiksen ili bilo koj fiksen operator koj i ne mora da nudi internet

Анонимен рече...

Ete vo deneshen "DNEVNIK" imate ushte edna nezadovolna "dusha" t.e.korisnik od uslugite na MT. Veruvam deka gi ima mnogu samo treba da im se dade shansa toa javno da go kazat. NVO-to sigurno ke pomogne vo toj pogled.

kupe рече...

prvpat tolku dolgo da nema komentari na blogot. da ne go cekate ishodot na pregovorite za EU budzetot?

mt рече...

I za anonimousoy i za kupe


kazete vie nesto. blogot e napraven za sloboda na izrazuvanjeto. nemojte samo da go plukate mtnet toa e vece videno

mt рече...

Jas mislam deka kako zaednica treba da razmisluvame za besplten internet, dajte idei kako toa da go ostvarime. Ne zaboravajte deka ne sne soros pa telekom da ni dade besplaten link. Nie ke treba da go placame. Davajte idei

Анонимен рече...

Za vasiot sajt doznav od blogot:

http://evropa.blog.com

Odlicno ste!!!

Анонимен рече...

Ne be kakov pilot. Kade se ovcite tamu e i ovcarot, molzacot i sisacot. Za vakvi ovci kako nas i ova ni e malku. Znaete site sto se pravi vo "demokratska Evropa" ako nekoj ti zgazne na interesot. E togas site tie kulturni i fini gospoda evropejci zbesnuvaat i demonstriraat, frlaat krsat, diveat i sto ne drugo. Epa gospoda, i nie kako kandidat za vo Evropa, redno e da gi prifakame evropskite standardi.

zvonko рече...

na nekolku mesta niz blogot i niz forumot se najavuvase nekakva akcija kon sredinata na mesecot. dali seuste se drzi vo tajnost i koga da ocekuvame novi momenti okolu toa?

Volan рече...

Еве што се треба да се наптави за Македонија да биде успесна Европска приказна. Подолу погледнете го:

АНАЛИТИЧКИ ИЗВЕШТАЈ
за Мислењето за барањето на Република Македонија
за членство во Европската унија
{КОМ (2005) 562 крајна верзија}

Составен од:

Брисел, 9 ноември 2005 година
СЕК (2005) 1425

http://mk.oneworld.net/article/view/123678/1/4475

Мене тука нема да ме засегаат другите области каде што Владата ни сегашната и идните треба да се направи.

Мене ме интересира нашата област.

Поглавје 10 : Информативното општество и медиумите-каде се вели

... Acquis(го изложува прашањето за капацитетот на земјата да ги прифати обврските за членство, односно acquis на Унијата како што е дадено во Договорот,
секундарното законодавство и политиките на Унијата) вклучува специфични правила за електронски комуникации, за услуги од информатичкото општество, особено електронска трговија и услуги со условен пристап, и за аудиовизуелни услуги. Во областа на електронски комуникации, acquis се стреми кон елиминирање на пречките во ефективното работење на внатрешниот пазар во телекомуникациските услуги и мрежи, кон поттикнување конкурентност и да ги заштити интересите на потрошувачите во тој сектор, вклучувајќи универзална достапност на модерни услуги.....

... Во поглед на електронските комуникации и информатичките технологии, ССА(Спогодбата за стабилизација и асоцијација)
налага обврска за укинување на доделените ексклузивните права особено за фиксна
телефонија и услуги за изнајмување на линии, до јуни 2004 година. Дополнително,
Република Македонија требало да го има постигнато “крајното усогласување со
acquis” во април 2005 година, што значи дека сите основни почетни услови за
либерализација и усогласување морало да бидат поставени дотогаш, како што се
пресметувањето на трошоци и/или транспарентност во тарифирањето, референтна
понуда за меѓусебно поврзување - интерконекција (интерконекцијата да биде
комплетно овозможена врз основа на недискриминаторни услови), избор на
носители и предизбор, како и преносливост на фиксни броеви. Ова се однесува
особено на преодните обврски на оператори со значителна пазарна моќ (ЗПМ).....


......Разврзувањето на локалните јамки, кое се покажува како сè повеќе важно за развојот на конкурентноста и распространувањето на широкопојасните услуги, исто така требаше да биде спроведено.
Сепак, отворањето на пазарот беше попречено од недостаток на заложби на политичко ниво, кое заедно со лошо проектираните регулаторни институции доведе до одложување на усвојувањето на овие важни мерки за либерализација. Република Македонија мора да обезбеди дека нема да се појават понатамошни прекршувања на своите обврски од ССА.....

Новиот Закон за електронски комуникации, кој стапи во сила во март 2005 година
го замени Законот за телекомуникации од 1996 година како главна законска рамка.
Новиот закон е добро приближување кон acquis од 2002 година и обезбедува
преодни обврски во поглед на конкурентните заштитни мерки за оператори со
ЗПМ. Правилната имплементација на Законот треба да создаде доволно услови за
понатамошна либерализација. Некои важни рокови поставени во Законот за
усвојување на неопходните подзаконски акти за спроведување треба да се
потврдат. Дополнително, новиот Закон наложува сите постоечки концесии за
електронски комуникации да се усогласат u1089 со неговите одредби.
Законот за електронски комуникации ја воспоставува Агенцијата за електронски
комуникации како нов посебен управен орган. Агенцијата започна да функционира
во јуни 2005 година. За да се транспонира и спроведе acquis, таа ќе мора да покаже дека е способна да работи како целосно независен регулаторен орган кој има овластувања и ресурси да ја спроведува политиката на либерализација. Треба да постојат ефективни постапки за спроведување на одлуките на регулаторот, а исто така и ефикасни жалбени постапки. Особено, постапките не треба да создадат можности за злоупотребување на жалбениот систем за одлагање на спроведувањето на одлуките на регулаторот. Покрај тоа, треба да се воспостави јасен работен план и соодветна организација за донесување на подзаконските акти. Ќе биде потребна и координација меѓу Агенцијата и другите релевантни институции, како што се Министерството за транспорт и врски и Комисијата за заштита на конкуренцијата.
Во полето на услугите на информатичкото општество, Република Македонија ја ратификуваше Конвенцијата за интернет криминал на Советот на Европа, но сè уште нема донесено домашно законодавство за електронска трговија или услуги со условен пристап.


1. Под хитно да се доврши фактичкото демонополизирање на пазарот на Интернетот.

2. Да го подржи тој процес со Буџетски средства.

3. Да и наложи на Агенцијата за електронски комуникации да се постави како вистински орган кој нема пристрасно да ги решава споровите, и да ја спроведува политиката на либерализација, како сто бара ЕУ.

Има и ред други точки кои треба Владата оваа и идната под хитно да ги направи. Помогнете во набројувањето

Перо Шванц рече...

И би!
Веке подолго време помина од воведениот лимит. Многумина се откажаа, многу не ни ставија а планираа, исто така извесен број и остана, со ваквиот осакатен АДСЛ. Кабелците почнаа да трљаат раце, па си мислам можно ли је они да ги подмитујат големиве телекомци за да овие ја дупат работата? Како и да е, сите изгубија, и ние како легендарни ќуто трпливи Македончиња си тераме и понатаму. И така се додека некому у Телеком не му светне дека губи со лимитот што го воведе. Џабе НВО-а, џабе све.
У меѓувреме ке си отидеме на плоштад, да ја прославиме “големата“ кандидатура на МК за ЕУ, ке ни го донесат Феруз и ке му ја заиграме на студот. Ете тоа сме си ние. Колку сме ние смотана нација. Овци? Ма овци за нас се еволуција, ние сме тотални примитивци. Свртете се околу себе, погледнете ги основните цивилизациски норми. Лесно е на оваа и билокоја влада да си праи што сака, а не Телеком.
Се додека фрламе ѓубре од балкон, нема да не биде. Можеби на некого му одговара да си останеме вакви топуци.
Јас отидов да чистам снег пред зграда. Тоа го праат сите ЕУ граѓани кога ке падне снег. Нека ми се смеат комшиите.

bezvrska рече...

Митот за ќути-трпи Македончињата го правиме ние. Ако не дозволуваме да не третираат како овци тој мит ќе падне многу брзо.

Затоа, секој поднесен приговор, или пријава до државните органи е чекор напред. Секој пробив на проблемот во медиумите и во странство е плус за нас, а минус за Телеком и „органите“ што го толерираат. Секој што ќе го убедиме да не склучи договор за АДСЛ е доказ дека ни досадиле некои стари филмови.

Лопатите во раце и фрлајте ги тоа митовите во ѓубре :)

bezvrska рече...

mt, одличен ти е предлогот! Ако се најде начин да се донесе бесплатен интернет, барем за период од една година, ќе падне ароганцијата на нашиве провајдери, заедно со нивните цени. Кога ќе им гори под нозете може ќе се потрудат околу понудата и поддршката, наместо да чекаат рибите да им рипнат во тавче.

Значи - ни треба издржан план за „бесплатен“ интернет. Бесплатен е во наводници сошто сепак некој ќе треба да плати...држава, фирми, странски влади и организации.