26 декември, 2005

Лицемерие

Десно е писмо од Телеком како одговор на состанокот во врска со АДСЛ во Министерството за економија, одржан на 18.10.2005. Таму беа утврдени повеќе заклучоци, меѓу кои:
  • МТ да не наплаќа пенали од оние што раскинаа во периодот додека важеше огласот за новите цени;
  • да се дефинира брзината на која ќе се намалува брзината и тоа да не биде под нивото на broadband;
  • да се провери дали мерачот на сообраќај ги исполнува условите пропишани со законот за метрологија.
Едно делче ме изненади:
„...АД Македонски телекомуникации како компанија стратешки ориентирана на исполнување и задоволување на комуникациските потреби и можностите на своите корисници [?!] ...уште еднаш покажа дека ги прифаќа и имплементира препораките од своите корисници и институциите надлежни за заштита на нивните права.“
Аууу, кој би рекол!

Лево е одговорот. Тоа се добро познатите работи за кршење на договорите, неправилно мерење на сообраќајот, непочитување на законите...сега дополнети и со мистериозното префлање на корисниците на пакетите со доплата. Бидејќи МТ „ги прифаќа и имплементира препораките од корисниците и институциите за заштита на нивните права“ очекувам уште утре да реагираат. Да бе, не знаете што срцки се овие!

2 коментари:

Анонимен рече...

I sega sto? Sto znaci toa? Demek treba da poveruvame deka MtNet ke gi prifati baranjata na zdruzenieto?

bezvrska рече...

Немој да поверуваш ништо такво. ОПМ треба да го препрати дописот до Министерство за економија, Пазарен инспекторат, Комисија за заштита на конкуренцијата, АЕК... Дали они ќе преземат нешто зависи од тоа колку ќе биде силен јавниот притисок.