27 декември, 2005

Там-там комуникација

Денешен Дневник повторно се бави со интернетот во Македонија. Бидејќи некои се посомневаа дека на обуката сме им ги переле мозоците на новинарите, уште еднаш ќе повторам: човекот не беше на обуката.
...На сите им е јасно дека главната причина за слабото користење на Интернетот е цената за оваа услуга, која е највисока во регионот...

Каква корист од тоа што Националната стратегија за развој на информатичкото општество може да се најде на владината веб-страница, кога него можат да го отворат само ограничен број граѓани. Досега ништо не е исполнето од тој документ, со кој се предвидува да се обезбеди евтин интернет-пристап за сите граѓани, да се либерализира пазарот и да се спречи ограничувањето на конкуренцијата.

Огромен дел од младата популација е информатички образована, но поради скапата цена не може да ги искористи сите предности на Интернетот.

Но, за Владата е важна дивидендата од телекомот за да пополни некоја буџетски дупка. И сега ајде сурфајте со "там-там" тапаните...
Целиот текст е овде.

2 коментари:

mijalce рече...

Сосема се согласувам со тебе. Тоа се причините заради кои нема доволен број на корисници на Македонија. Точно. Јас имам проблем со бројот на корисници во Македонија и како е дојден до тој број. Е сега да не го тегнавам тука, одговор на сите напади на мене (оти јас сум тој што вика дека перете мозоци) имате на следниов линк http://blog.ebiznis.info/?p=137#comment-265
И не не го ставам линкот за да си ја зголемам посетеноста туку да си го кажам моето мислење.

bezvrska рече...

Немам јас ништо против тоа што си го кажуваш своето мислење, но објави неточни работи за обуката на која не присуствуваше. Понатаму, кој има проблем со Кулен интернешнл нека го префли фронтот кон ЕК.

Идејата за истражување кое ќе ги затвори сите овие дилеми околу борјот на интернет корисници ти е супер и јас сум спремен да се нафатам. Сепак не сфаќам зошто постои Статистика, ако ние треба да ја вршиме нејзината работа. АЕК не ја ни спомнувам – имаат многу други проблеми за решавање пред да почнат да се бават со вака „безначајни“ работи.