19 декември, 2005

Хрватска Vs. Deutsche Telekom

Хрватското искуство е интересно за нас. Таму либерализацијата на локалната мрежа на хрватскиот телеком (ХТ) законски требаше да почне со почетокот на годинава. Нивната агенција за телекомуникации малку се заборави, па го донесе правилникот за пристап кон локалната јамка во април 2005. После тегавење од дополнителни 6 месеци на 20 октомври Aгенцијата за телекомуникации донесе одлука да ја корегира референтната понуда на ХТ. Со тоа ги намали за 32% месечните цени кои новите оператори ќе мора да ги плаќат за пристап до телефонските приклучоци (од 10 евра колку што барал ХТ, на околу 7 евра по приклучок).

Еден од нивните провајдери со многу инвентивно име - Х1 - дури најави и АДСЛ2+:
Odluka Agencije omogućava i da H1 na hrvatsko tržište uvede najsuvremeniju telekomunikacijsku uslugu – Triple play. Koristeći ADSL2 + tehnologiju građani će polovicom iduće godine, kroz jedinstveni priključak, po jedinstvenoj cijeni dobiju – telefonske usluge, 40ak TV programa i pristup Internetu, čija je brzina nekoliko puta veća od trenutno prisutnih na tržištu i doseže i do 24 Mbit-a u sekundi", kažu u H1.
Ова е планирано во соработка со Самсунг, кој имаше и еден предлог за broadband, VoIP и ТВ преку мрежата на ЕСМ, ама нашата Влада го одби пошто и е поедноставно да го шитне ЕСМ одошто да инвестира во него.

Препродажбата на Телекомски АДСЛ од страна на други оператори и bit-stream услугите не носат пониски цени, па затоа не ги гледам како алтернатива за либерализацијата на локалната мрежа (LLU). Во Хрватска и порано имаше препродавачи на АДСЛ-от, но тоа го правеа како привремено решение само колку да стекнат корисници се додека не се разврзе локалната јамка, што фактички се случи во ноември 2005.

Значи, на Хрватите им требаа 10 месеци за ефективно LLU. Кај нас сите документи за LLU требаше да се донесат до 5-ти септември, но тоа не е направено. Дежурно алиби на Владата е дека АЕК е независно тело. Бреееј! Ја се си мислев дека функционери се назначуваат по партиска директива врз основа на коалициски договор што се оверува во Собранието. А тоа - АЕК независна, Собранието независно, само ние зависни од интернет. Од АЕК се уште поинвентивни, па стално се вадат со тоа дека се во „процес на формирање“. Како да не сумњам дека ваквото развлекување не е во договор со МТ, за уште малку да си го продолжат времето на непречено музење?

18 коментари:

Перо Шванц рече...

Од овој и од претходниот пост се гледа она што јас од почеток го сугерирав. Телеком не е адресата за притисок, туку владата односно нејзините тн независни тела, во случајов АЕК. Е сеа, пошто АЕК ниту нешто прави нити во блиска иднина ке се разбуди, останува елегантно да си чекаме избори, па памет у глава за кого ке гласате ( и дали воопшто). Дотогаш, пуш пуш ин д буш.

Анонимен рече...

а денес нешто слушав дека МТЊет давале помош на неколку невладини организации за проектот е-Македонија. нешто за нашево...или е контра удар ?

bezvrska рече...

перо шванц, адресите за притисок се АЕК, Владата и МТ. Не е фер МТ да се испушти, пошто они си имаат деловен план колку АДСЛ корисници треба да привлечат до крајот на оваа, а потоа и следната година. Ако тоа не се оствари некој може да летне, а они да почнат да мењаат нешто на подобро.

Иначе, кого ќе чекаш на избори? Третиот пат? :)
И кога било неискачање на избори некакво решение? Еј, па нашиве само тоа чекаат за да прогласат одзив од 103%. Мислам дека од први конечно ќе стапи на сила и законот против пушење, па време е да мењаме навики.

bezvrska рече...

е-Македонија...Фондација на Телеком од 100 000 евра за поддршка на развојот на информатичкото општество. Максимално цинично.

Анонимен рече...

Ovie od e-makedonija veke davaat grantovi, pomos, oprema i sl. na raznorazni zdruzenija na gragjani. Proveri tuka!

Ama bidejki Telekom ne e taa organizacija sto moze da go namali jazot, a i posto "revolucionernata" NVO im gi pomatuva smetkite na Telekomot vo vrska so ADSL-ot, nikogas nema da ima nikakov grant ili pomos od nivna strana za ovaa NVO...

snoopy рече...

Ovie od e-makedonija veke davaat grantovi, pomos, oprema i sl. na raznorazni zdruzenija na gragjani


toa e samo perenje pari...

Перо Шванц рече...

Безврска,
Во секој поглед се сложувам со тебе, меѓутоа, Ако јас сум МТ, и 51% сум газда, а со тоа никој не ми може ништо, јас сум монопол и ке си цепам како сакам. На некој од Владата или АЕК, веројатно приватно им одговара да си бутаат у џепче она што им го брои Атила, и така на таа релација сите сити и сите овци на број. Тука единствена е*ена страна се корисниците. Значи МТ ке си цепи така додека може, а ке може додека владата (или факинг АЕК) дозволува. И каде е адресата? 90 % е владата. Телеком нема сам да му текне да менува нешто каде што ќарува (или барем оние глупине папучари околу Атила што го лажат дека ќаруе)
Јас нема да чекам никого за избори, и прв пат овие избори ке излезам на гласање и ке напраам неважечко ливче. Така ке знам дека не сум гласал ни за еден кретен, а и знам дека барем во мојата општина, ливчето нема да биде злоупотребено. Сакам наредната влада да биде со што повеке партии, и они да си вадат очи меѓусебе, коа веке видовме дека ни едни ни други а ни трети не ги бива осем да збрцаат у џеб.

Сакав само да не губиме реално време. Адресата за притисок сепак е владата и не треба да се губи време со мороните од Телеком.

Volan рече...

СОЈУЗ НА СТОПАНСКИ КОМОРИ
Телекомот ја попречува информатиката

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2942&stID=69703

Александар рече...

Перо да знаеш дека си тотално во право, и имаш целосна подршка од мене, а на морониве од мт не дека не им можеме ништо, туку најпаметно е да се делова на начин на кој ти упатуваш.... пошо можеме да ги тужиме, да ги истепаме итн... али до подобри услуги сепак нема да дојдеме.... Ние сме во еден лавиринт во кој на почетокот има многу патеки, а сепак една не води надвор, а во овој случај Перо мислам дека не уатува на вистинскиот пат кој води кон излез.... едонствен излез од кој ќе добиеме ПОДОБАР ИНТЕРНЕТ, со подобри цени итн... мт нет не е Мајка Тереза, па не вреди ниту да се тужат ниту да се тепаат, ниту да се молат... Ова е пазарно општество, а знаесте добро сите што е монопол, и што е пазар во денешни услови, и секој кој продава сака максимална заработувашка, а секој што купува сака минимално да плати, итн си се формира цена чија големина зависи од големината на понудата и побарувачката на односната стока или услуга... но тоа е само пазар а додека монопол ни е она што го прави мт нет, т.е. сам си прави цени по свои убедувања, пошо е едниствен што нуди таква услуга, и ќе си прави што сака, бидејќи знае дека има голема побарувачка....итн да не одолговлекувам многу, единствен механизам што може да влијае тука ни е државата и нејзините органи, т.е. треба да ја спречи монополизацијата ба пазарот, (во овој случај на мт нет) и не само за АДСЛ туку за сите услуги што ги нуди ...
И значи по се, се доаѓа до закличок дека Владата ни и АЕК можат и треба да дејствуваат со цел на крај да имаме корист ние потрошувачите.... дали тие ке воведат конкуренција, или некои други закони и прописи со што ќе ги оневозможат мт нет да одлучуваат самоволно и по свои убедувања, тоа останува на нив.... а пошо ние граѓаните на оваа ни наша напатена земја им го даваме мандатот, тие треба да го слушаат нашиот глас и да делуваат во наш ни интерес (мислам тоа ти е демократија) а доколку тие не го прават тоа тогаш ја губат довербата и бла бла бла ..... мислам ова сите си го знаете но го пишувам за да се дојде до заклучок....
1. Ако ги раскинеме договорите - ќе останеме без интернет, пошо уште поглупо ќе биде да се закачиме преку модем, знаете зш, и тој иде преку мт нет....
2. Ако ги тужиме, најверојатно ќе добиеме во спорот и ќе се отарасиме од мт нет... но дали пота ќе добиеме нешто, во смисла дали ќе се уназадуваме повеќе и повеќе...
3. Ако им правиме антикампањи, ке спасиме некои корисници од дерење до коска, итн... и многу други работи можат да се прават со цел уништување на мт нет али на крајот само ќе се уништиме.... се што се прави е без иднина, неможеме да бидеме без интернет, а со потезите што ги наведов погоре .......!

Значи ова што го направила АЕК во Хрватска е најдоброто нешто, треба да дејствуваме во насока кон подобар и поефтин интернет, а не кон уништување на мт нет (може да го уништи само кокуренцијата и нашата ни влада) ... тоа ни е единствено решение....

Volan рече...

Владата ќе продаде 31% од акциите во Телеком

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=55786

zerik рече...

sto se sluci kaj eden prijatel...

denes, za instalacija na maxadsl, pokraj voobicaenite spliter+modem instaliraat i wireless router. na prasanje zosto e toa, mu rekle deka ako saka da si prikluci dodatni kompjuteri. demek bil vo probna faza nekoj nivni plan.

bezvrska рече...

перо, александар: јас не оспорувам дека МТ се приватна компанија и дека ќе си го бркаат профитот... но искуствата од Хрватска и од другите земји велат дека бројот на корисници и профитот растат откога ќе дозволат и други да нудат услуги преку нивната мрежа. Овие 8 и кусур илјади корисници што ги имаат сега на АДСЛ носат смешен приход кој е капка во море. Затоа мислам дека и МТ губат од ситуацијава, посебно што зголемувањето на бројот на АДСЛ приклучоци и нудењето на поврзани услуги (video on demand) им е основен концепт како да спречат да дојде до одлив на муштерии кон новите телефонски оператори.

Се согласуваме дека АЕК и Владата се главните виновници за калта во која сме заглавени и дека таму треба да има најголем притисок...но антикампањата против МТ јас ќе си ја терам од ќеф. Едноставно многу ми е мерак :)

bezvrska рече...

@zerik
МТ веќе неколку месеци набавуваат поголеми количини од безжичните стварчици... не ми беше јасно што ќе им се и пак не ми е јасно. Не ќе да е само custumer satisfaction. Мислам... МТ и грижа за муштерии некако не ми се римува :)

Анонимен рече...

Ха ха давале wireless router, за да може и цел комсилук да сурва се разбира на твоја сметка, или да ти го посисаат интернетот лимитот за 1 ден.
Од нив не очекувајте ништо добро или демек бесплатно ќе си го наплатат они тоа многукратно.
А за притисокот кој треба да се врши, ја мислам да примениме некоја од методите која се применува во Европската унија еве на пример во Франција.
Земес едно стаклено шише, го наполниш со некаква запалива течност на пример бензин на врвот ставиш малку платно потпалиш и го врлиш на најблискиот објект на телеком или некоја владина институција.
Па еве од кога влеговме во Европа да се однесуваме Европски, НЕЛИ.
Еден фин културен европски начин на вршење притисок, ми текнуваат и други работи но ова ми изгледа наједноставно и најбрзо.

П.С.
Слободно дадете свои предлози
Поздрав.

Перо Шванц рече...

Безврска,

“...но антикампањата против МТ јас ќе си ја терам од ќеф. Едноставно многу ми е мерак :) „

Зарем ова не покажува извесна неозбилност? Ми мириса дека р-еволуцијата ке си остане запаметена како една добра идеја, а за жал само времето ке ги реши работите. (Или евентуалното освестување на телеком коа вистинските луге таму ке утврдат дека на овој начин губат.)
Александар убаво објасни, она што реално се гледа. Ние може да се фирфламе со Телеком до сто и едно, од кеиф, али така нема да решиме ништо. Можеме само да ги мрзиме, и од кеиф да си пишуваме прикаски на блогов. Јас го мрзев комшијата што фрла ѓубре од балкон, ама престана, коа му го истуриф пред врата, иако можев од кеиф да им кажувам на другите комшии колку овој е го*но.

koskar рече...

@bezvrska,

mozebi ke praat ponuda kao u hrvatska? tamu delea besplatni wireless stvarcici (ruteri). imam dvajca prijateli tamu i dvajcata zemaa vakvi ruteri. ne znam pod koi uslovi... skoro sum siguren deka gi zemaa besplatno i toa otposle. (vernost li, mernost, ne znam)

bezvrska рече...

@перо шванц (реплика на реплика на реплика...)

Ај да не се јадеме за ситници. Објаснив зошто е потребен извесен притисок и врз МТ... и самиот спомнуваш „евентуалното освестување на телеком коа вистинските луге таму ке утврдат дека на овој начин губат.“
Инаку не се занесувам дека ќе го уништиме телеком, ниту пак нешто би добиле со тоа.

Жалопојки дека ништо нема да се направи баш не помагаат. Ај малку практична дискусија... Како да се притисне Владата и АЕК? Медимуите досега ни беа најсилно оружје, но „органиве“ играат по ној-тактика: забоди глава у песок и прај се дека ништо не гледаш.

bezvrska рече...

уште нешто... притисокот до телеком е само за да престане да го сакати адсл-от. борбата за подобар интернет е поширока. тоа ќе го има само со вистинска либерализација и нова конкуренција. услови за тоа може да создаде само државата.