27 декември, 2005

ОнНет објави цени за wi-fi интернет!

Мислев дека ова нема до го доживеам.

Пакет Wi-Fi: 512 kbps, 2GB, 990 МКД (со ДДВ)
Пакет WADSL: 768 kbps, 8GB, 2350 MKД (со ДДВ)
Пакет Wi-Fi Box: 512 kbps, 24GB, опрема, 9995 МКД (со ДДВ)

За повеќе, трк овде.
Ако кликнете овде ќе видите „АДСЛ - наскоро“. Шо збориш бе Блажо?

Првично мислам дека ми се потврди дека „дуопол“ не е многу поразлична состојба од „монопол“. Сепак, почетниот пакет им е далеку подобар по цена, брзина и по сообраќај во споредба со старт АДСЛ каде за 1500 денари се нудат „фантастични“ пола гига.

Средниот е ист по цена со макс АДСЛ (абе да бевте поинвентивни па да смислевте нова бројка), ама нуди дупло поголема брзина, дупло повеќе сообраќај.... и да, прекин на услугата по 8 гига. :( Е не, ќе ми симињате филмови. Со максот на МТ Њет сепак може да се истераат 20 гига, под услов да имате сајли место живци.

Последниот пакет од 10 000 денари е за побезболно да се стигне до опремата - има вклучено безжичен уред и USB кабел. Прашањето е: за колку време ќе направиш 24 гига? Пола месец, месец, или година?

Е сега фали уште некој да биде така добар да проба, па ако не се изгори... :)

Прашање до Телеком: ќе има уште една новогодишна понуда? Ама стварно понуда, а не од оние шарени балочиња што се дишат штом се надуваат? И да... на колку ќе биде намалувањето на брзината? На 64/64 kbps? :)

ДОПОЛНА: Од другата страна... линк 1, линк 2, линк 3, линк 4.
ИЗМЕНА: Променет е коментарот за Wi-Fi Box.

32 коментари:

Анонимен рече...

направи мала рекалкулација бидејќи си го превидел ова за wi-fi box тарифата:

# Годишен трансфер на податоци до 24GB
# Бесплатен WiFi уред и 5м USB кабел

што ќе рече, 8000 денари за цела година интернет... т.е. 650 денари месечно. со вклучен ддв

Анонимен рече...

toa sto vikaat adsl naskoro e adsl-ot na telekom ,samo sto oni ke go preprodavaat.
ne ocekuvajte razlika vo cena, moze minimalna ali epten minimalna razlika da bide

Анонимен рече...

DIGRESIJA


BOJAN NI TREBAS

bezvrska рече...

Нема рекалкулација и немаше превид, намерно не го ставив тоа за бесплатниот уред. Сега ќе го додадам... сосе кабелот :)

Инаку баш не може да се каже дека пакетот е за една година, пошто 24 гига некој може да ги потроши и за еден месец.

Ај и ја да викнам:
Бојан, јави се! Ни требаш :)

Анонимен рече...

Demek Onnet reklama si pravi anonimous. Pa dobro be dali ednas nesto ke platite. Se GAGA ako moze. Abe cincari za vas se raspikuci

bezvrska рече...

Интересна работа: како дистрибутер го имаат најавено Германос.

Анонимен рече...

E toa e vece nesto. Germanos se dzabe pravi i se ke bide eftino. Pa se gleda podelbata na pazarot Grekohungaro ring. Tuka i Sumaher nema sansi. Drugari vo borba, slecete go pantolonite, gakite i ne mora i taka ke ni go svirnat. E moja vlado bar gaki da imase

Анонимен рече...

Alek,

Bojan bese vo pravo. Masovno uriniranje, inaku krlezi ke ne napadnat.

Бојан рече...

Шо сте се развикале, бе.

Немам интернет, па сум веб-дед.

А 24 гига се крцкаат за 10 дена со таков бендвит(х)

Анонимен рече...

I nadezta za posvetlo utre umre vo mene, a taa umirase posledna :(

bezvrska рече...

Бојане ти ли си?
Да не е ова некој сон? :)

Чекај... Кај ти е блогер пасот? ;)

netphreak рече...

E vaka.. Da se znae deka sum na dial up, a ne na adsl up dodeka ne mi isklucat telefon ili me daat na sud za neplaten ednokraten nadomest od 20 000 den.

|BURGLAR| рече...

Опаа ова ми се чини како да е тази и одговор на денешниот состанок во АЕК. Ке го папа некој пак, пошто ги тераат да потпишат договори на 1 година и тоа нешто слични како на овие на МТ со ADSL-от. Како и да е очајно од нивна страна најавуваа БУМ со интернет цените а добија ТРЕС!

memphis рече...

Којзнае колку лапнал новинарот од BBC за предвеста: "На нероден петко капа му коиме"

pijan рече...

jas mislam deka ova sepak e golem udar vrz mtnet zatoa sto e mnogu podobro otkolku toa sto oni go forsiraat vo momentot. StartADSL sega izgleda uste posmesno. Ako ne drugo barem ke razmislat malku za ona sto go goorime nie ovde so meseci. Atoa kolku onnet go pravi ova legalno e druga prikazna. se nadevam deka InternetMakedonija ke se zainteresira i za ova i ke napravi nesto i vo toj pravec.
Jas gledam deka sega duri se razdvizuvaat rabotite. Ne moze se naednas. Vo drugite gradovi se javuvaat edno cudo kablovski operatori koi veke pocnuvaat da instaliraat novi infrastrukturi so koi ke nudad i internet. Ako ako... najgolemiot udar treba da bide protiv mtnet, posto tie se daleku najgolem igrac. tie mozat da diktiraat se.
zamislete eden kablovski operator koj vlozuva 50-10000 evra za da nudi internet i otkako se napravi kako sto treba, pak zavisi od 'milosta' na mtnet. Tie mozat da unistat mnogu proviajderi samo ako ja namalat cenata, posto si koristat besplatna(!!!) infrastruktura koja nie ja plakavme i gradevme.

vo sekoj slucaj revolucijata napravi mnogu spored mene

Спектатор рече...

Абе „револуционери“ сите задоволства во животот чинат пари. Никакво задовослтво неможе да добиете гага. Што сакате да добиете 20гига месечно за 15денари? Џабе ви е здружение и се кога немате никаков концепт за тоа што всушост сакате, се ќе ви заврши во дупката на миљарда организации и здруженија кои само прават стратегија за остварување на некоја друга стратегија. Можам да заклучам дека најголем бенефит од целово ова мтнет-хулење ќе го имаат неколку души кои кога ќе си ги задоволат своите неисполнети желби и потоа ќе прекинат со било какви расправи и дигање џева (ќе си ја свиткаат опашката и ќе ќутат).
Он-нет ќе треба да си го преиспитаат капацитетот и јачината на сигналот кој го зрачат у етеров затоа што ги надмина сите можни европски норми и мерки. Чим пријатели не нудите кабел, ништо, целата работа ќе се претвори во маалска мрежна играчница.
Револуција од столица не се прави. МТ-НЕТ ги заболе стапот дали вие имате интернет и колку сакате да платите. Бидејќи ја имаат инфрастируктурата можеме само да се сликаме и јас и вие и да пишуваме уште милјон постови на блогов и џабе е. Господата мирно ќе ги прочитаат со утринското кафе и ќе си прават вицеви на наша сметка.

bezvrska рече...

„Никакво задовослтво неможе да добиете гага.“
Е ова веројатно не го чуле во google.

„немате никаков концепт за тоа што всушост сакате“
Вака: подобар квалитет; цени како во соседството, ако не може како во европа; фер третман; повеќе корисници

„Револуција од столица не се прави.“
Епа, ај мрдни се од столицата и оди на улица. Не го троши времето со пишување џабе постови по џабе блогови. Ти си револуционер. А не, сега видов. Ти си спектатор.

„МТ-НЕТ ги заболе стапот дали вие имате интернет и колку сакате да платите.“
Еден од основните параметри при подготовката на маркетинг концептот за било кој производ е проценка колку потрошувачите ќе сакаат да платат. За стапот не сум прочитал каков параметар е.

За „бенефитот“...јас имам многу желби и не верувам дека било кој може да ги исполни. Поздрав.

neo-geo рече...

po diskusijata so bratot-revolucioner od tel-aviv koj dolgo jas sledel nasata revolucija imase nekoi zabeleski deka nasevo dvizenje bilo premnogu miroljubivo
otkako razmisliv poubavo i da vi kazam u pravo e
mozeme malce da ja smenime rabotava
da ideme so dzihad kako sto kaza one ili lastegarka revolucija( copyrights Volan)
heap ajde da gi mrdneme gzovite kako sto vika spektator
site po eden pojas dinamit i pravac vo onnet
grrrr......

Владимир рече...

Епа ајде аирлија раѓањето на ДУОПОЛОТ, таман се спремавме да го закопаме МОНОПОЛОТ и тогаш одеднаш, од пепелта како феникс се издигна - ДУОПОЛОТ.
Инаку јас друго од Он-Нет не ни очекував, така да морам да признаам дека успееја дури и за дел од секундата, ПОЗИТИВНО да ме изненадат - првата понуда (512 kbps, 2GB, 990 МКД (со ДДВ)), но одма после идеше страшниот REALITY CHECK!
А што после 2 гб? Никаде не прочитав намалување на брзина, што може само едно да значи - после 2 гб, врската, Meinen dammen und herren ist KAPUT!!!
Тако да другови и другарице, идемо опет на радну акцију!!!

Zarko рече...

Pa ne treba da sme iznenadeni. Na prezentacijata za novinari go najavivme duopolot. Ostanuva samo da se borime. Vo stolici nema da sedime.

Озрачен од On.net рече...

Послем 2GB Access Point-тот под перница и трк на кроф на On.net да се зрачиме малце. Дежа ву! Не ми е јасно послем толку малверзации протнување не пријавувања на даноци(декларирање на опремата како донации) и толку голема цена. Овие со сила се прават мутави. Ќе организираме граѓанска иницијатива Џитни антена од зграда

Martin рече...

Ова на он.нет им е како еден вид на при-пејд интернет.Кога ќе го пречекориш лимитот од 4, или 8ГБ или во зависно од кој пакет си, тогаш немаш Интернет и одиш фино лепо во Германос (како што пишува на нивната web страна, каде може да се купи сето тоа), па си даваш така уште 990 денари за 2ГБ трансфер и си тераш.:)) СУпер нели? Ептен супер...ц ц ц ц

neo-geo рече...

razmisliv za ponudava i povtorno ispagja deka adslot e bolji
zamislete!
edna racunica
maxadsl 1990 mesecno posle 4gb na 64/64
onnet wifi 2xpaketa od 2gb 1980 den posle 4gb 0/0 bandwith
ne deka nesto go falam adslov, daleku od toa(zaglaven sum uste edna godina) ama isto govno vo razlicno pakovanje
duri i beter se ova paketive od onnet

Анонимен рече...

ШТО СМЕ НИЕ ПРИПРЕЈД ДРЖАВА ???

малиот рече...

Епа ај аирлија, нов бежичен монопол, исто гомно друго пакување.

Значи се покажа точно дека во Македонија саглам интернет уште доооооооооооооооооооооооооооолго нема да видиме.

Го гледав Трендо на Јади Бурек и човекот рече врти сучи тоа ти е есапот поевтино неможело. Значи многу фино како да кажам визионерски овие од МтШит ги прдвидеа оние 2 години во договорите.
Ние уште најмалку толку ќе си чекаме подобоар интернет, а се нешто ме плаши дека ќе биде и подолго.

Башка и етерот комплетно го загадија така да и од таа страна сме оневозможени да шириме наши отворени непрофитни мрежи. Милина.

А плус и сите Скопјани ќе бидат фино озрачени како стока, така да во иднина очекувајте да почнат да ви растат рогови и опашки. Сега очекувам министерот за здравсто да излезе со прпорак да носиме оловни штитници на препони и глава, а под маица фино да се облозиме со алуминиумска фолија.
Сега ги уште повеќе ги жалам луѓево низ центар ај што ги зрачат од Мобимак и Космофон сега и Оннет им се приклучи.

Јас неможам да видам некое културно и цивилизиранао решение на проблемов , барем не во некое догледно време па затоа предлагам да се премине на некои порадикални методи. Ако можеа да палат во Париз зошто да не можеме и ние во Скопје.

Па нели се стреми кон Европа :)

howitzer рече...

ДА ИМ УМРЕ СВЕ !!! СО`СЕ МТ.НЕТ ЗАЕДНО !!!

aleksandar рече...

малиот кажа...
во иднина очекувајте да почнат да ви растат рогови и опашки
ха ха....
можеби и волна, па да бидеме лика и прилика на оФци!?
мамата!

Владимир рече...

Пак се се сведува на истото - за да тргне работата кај "Македончето", по не знам кој пат во нашата историја се покажува дека мора прво СТАПОТ ДА ЗАИГРА!!!
Се додека не заигра стапот, таму некој горе (власта) или доле (масата народ) нема да мрдне со прст. Така да за секое "наше" ментално активирање, прво треба да дојде до физичко активирање на ребрата и грбот. Само како една историска паралела (од пред 65 години), случајот со Хитлеровото дивеење по Чешка и Полска беше немо посматрано, се додека тоа не не стигна нас, па германскиот СТАП (читај БОМБИ) не заигра по нашите ребра. Мудар народ е оној кој учи од историјата.
Допрва ќе видиме што ќе следи кај нас.

drink-er рече...

mtnet=onnet=lopovi=SRANJE

Toa e mojata anti mtonnet kampanja:)

Анонимен рече...

Abe nemam verba vo onie od ONNet. Dambeter se od MtNet. Moooore sve ti se to isti lajna, ... ne im cue za nas.

Анонимен рече...

Drugarcinja aj nekoj da mi kaze ako e zapoznat: Sto znaci toa do. Primer brzina do 768Kbps. Sto toa znaci? Deka x luge delat edno grlo i taa brzina se deli 768:x ako surfaat ednovremeno. E ako se deli, na kolku se deli? Dali nekoj znae?

Горан рече...

додека на нашиот народ му е финта да се заебава со оФца, видоФ и слични такви финти, никаде нема да стигнеме.

Стварно не ве разбирам. Глупости!!!