31 декември, 2006

Платен dial-up

Брејкинг њуз овие денови е бесплатниот dial-up од вчера па до крајот на 2-ри јануари на бесплатниот телефон 055-200-200, со username: vladanarm и password: ostvaruvame.

„Интернетот“ Владата го купи од оннет. Изборот на „најдобар понудувач“ е направен како набавка од мал обем, што значи дека новогодишниот поклон не вреди ни 3000 евра. Овие буџетски пари ќе ги земе оннет, и после дел ќе ги префрли на МТ - како надомест за телефон. Братска делба, нема што :)

Со мала математика и со најниските цени за големопродажен dial-up со телeфонски трошок, испаѓа дека интернетов ќе може да го користат илјада луѓе дневно, по саат време. Со други зборови, ќе биде мнооогу кнап. Што знам, ваљда рачунаат дека од прежурканост, прејаденост и мамурлак најголем дел од луѓето ќе заборават да се конектираат.

Пошто домашниот есап ретко испаѓа точен на пазар, ми доаѓа едно прашање. Ако не успееш да се поврзеш, на кого ќе се јавиш за „техничка поддршка“? На МТ?
probav so username-ot sto go dadoa, no ne uspeav. se javiv vo mtnet i mi rekoa deka toa bilo dogovor megu onnet i vladata.
Следен чекор? Да се јавиш на оннет? Или на Владата? Или да напишеш претставка до народен правобранител? Секоја чест за потегот, ама уште не излегле со дологорочно решение.

25 декември, 2006

Мала дигресија

The device is not ready.
The parameter is incorrect.

http://www.mt.com.mk/

Merry Christmas

14 декември, 2006

BUG: АДСЛ во земјите на екс-ЈУ

Kada s nekim prestanemo živjeti u zajednici...neka prokleta simbioza znatiželje i (ne)sportskog duha tjera nas da saznamo kako im je danas i koliko smo bolji od njih. Istražili smo stoga kako u usporedbi s državama bivše SFRJ stojimo u jednoj od najprestižnijih natjecateljskih disciplina – cijenama ADSL-a
Od Vardara pa do Triglava

Кога би можеле да избираме држава од бившата СФРЈ во која би било најубаво да се живее кога најважна работа во животот би ни бил квалитетот, можноста за избор и цената за пристап на интернет преку АДСЛ - без никакво двоумење би се одлучиле за Словенија. Веднаш зад неа би дошла Хрватска, а зад неа Србија, додека Црна Гора, Босна и Херцеговина и Македонија би пробале да ги избегнеме по секоја цена.
СЛОВЕНИЈА - ВИСТИНСКА ЕВРОПА

8 АДСЛ провајдери задоволуваат 200 000 среќни корисници:
Единствен начин на наплата на остварениот сообраќај преку АДСЛ, кој го познаваат Словенците, е флет рејт... Интересно е дека скоро сите про- вајдери заедно со АДСЛ-от истовремено нудат и можност за кабелски приклучок, понекогаш и во соработка со кабелските оператори.
Скоро сите понудувачи на АДСЛ им нудат на своите корисници и ВоИП телефонија, по значително пониски цени од вообичаените за фиксната те- лефонија. Во Словенија веќе постојат и 3 ИСП-а кои нудат IPTV. Еден од нив, Т-2, има сопствена инфраструктура и:
... веќе година дена буквално го бомбардира словенечкиот пазар на бродбенд со „дампинг“ цени и широк спектар на брзини на АДСЛ прик- лучоци... дури и до 40 мегабити во даунлинк.
Се работи за VDSL...За 940 денари месечно се добива брзина од 1024/256 Kb/s, а за 2010 денари брзина од 10/1 Mb/s. Развиваат и FTTH мрежа (оптика до краен корисник) со максимална брзина од 1/1 гигабит.

Телеком на Словенија, сопственик на no.net, намерно бавно ги реализира ба- рањата на другите ИСП за разврзан пристап кон локалната јамка.

ХРВАТСКА - МОЖЕ МНОГУ ПОДОБРО

Повторно 200 000 корисници. Шест фирми нудат АДСЛ, главно преку из- најмување на телефонските парици од T-HT, по цена која е незначително пониска од онаа на T-Com. T-Com нуди и IPTV, вклучително и 200 филмови по нарачка.

Според Bug, вистински конкуренти на T-Com, што ќе донесат пониски цени на пазарот, можат да бидат само оние кои ќе развијат своја мрежа. Такви ги има само два: Оптима телеком (мрежа само во одделни делови на Осјек) и Х-1 (во ЕДНА (!) зграда во Сплит :D) Од алтернативите:
Vipnet е единствен во Хрватска кој колку-толку успешно делува во овој правец, нудејќи пристап на интернет преку UMTS и HSDPA, како и преку Homebox-от на Водафон.... Вреди да се спомнат Vodatel... кој нуди непрактичен сателитски пристап и скоро нигде достапен triple play (телефон+нет+ТВ), операторите на кабелска ТВ чија што достапност е нешто поголема, но услугата често поспора од АДСЛ...како и малите ИСП-а кои делуваат локално преку WiMAX или Wi-Fi мрежи.
Многумина се надеваат на Метронет, фирма која ја изгради најголемата телекомуникациска мрежа независна од инфраструктурата на Т-HТ и со радост го чекаат денот кога и тој провајдер ќе ги понуди своите услуги на резиденцијалните, а не само на деловните корисници....
СРБИЈА - СОЛИДЕН НАПРЕДОК

Две години од воведувањето, веќе има 130 000 корисници на АДСЛ. Осум фирми нудат АДСЛ преку закупена инфраструктура од државниот Телеком, кој само пред два месеца почна да им конкурира и со сопствена малопродажна понуда на АДСЛ. До сега се концентрираше на осовременување на инфраструктурата.

Како и во Словенија, ваквата стратегија даде одлични резултати во развојот на бродбенд пристапот. Брзините не се многу високи, но цените се ниски. Нај- евтиниот почетен пакет од 256/64 Kb/s e 680 денари. Со 1140 денари месечно се добива флет со иста брзина.

БОСНА - СПОР РАЗВОЈ

Во секој ентитет на Босна постои посебен провајдер што нуди АДСЛ. Отсуството на меѓусебна конкуренција и различната регулатива што важи во секој ентитет резултира со само 6 500 корисници и високи цени - сепак пониски одошто во МК. Најтазе - 2 месеца - и најевтин АДСЛ има Телеком Српске, а покрај него и BH Telekom нуди флет пакети, иако по мнооогу посолени цени.

ЦРНА ГОРА - ДРУГА ВСЕЛЕНА

Тазе ребрендиран и инкриминиран, црногорскиот T-Com е единствен кој нуди АДСЛ. Во име на Германците, 5 000 корисници ги дере Magyar Telekom според мотото: Štitim bogate, a otimam sirotinji! На тоа би се свел коментарот за црногорската понуда:
Ете, гледате дека Дојче Телеком кон нас Хрватите е, всушност, милостив! Како Суперхик од култниот стрип, ми се чини, на колку посиромашен клиент ќе наиде, толку повеќе ќе му земе, па да не се изненадиме ако ДТ најави скорешно отворање на филијала и во Сиера Леоне.
Високите цени во Црна Гора пробуваат да ги оправдаат со големиот број на земји низ кои поминуваат линковите, а на кои мора да им се плати услуга за изнајмување на пропусност, како и големите инвестиции кои обезбедуваат висок квалитет и покриеност (78% од претплатниците можат да добијат АДСЛ). Омразен поради изгор цените и сумњивите трансакции, Т-Com реши да обезбеди бесплатен АДСЛ за сите средни и основни школи, за период од 5 години. Грижа на совест или страв од нов проект УСАИД connects?

МАКЕДОНИЈА - ОТСУСТВО НА КОНКУРЕНЦИЈА

Македонија е слична на Црна Гора по тоа што АДСЛ нуди само една фирма, по луди цени и без флет пакет.
Во областа на телекомуникациите, Македонците стојат најлошо во делот на пристапот на интернет преку АДСЛ, а причината за тоа е што го нуди само една фирма. Законот во МК овозможува секој ИСП да понуди АДСЛ услуга, но... понудената провизија што од Македонски телекомуникации би ја добила секоја фирма која би ја нудела таа услуга е толку ниска што давањето на АДСЛ услуга ЕДНОСТАВНО на никого не му се исплатува.

Македонскиот Телеком...прв пат понуди АДСЛ на своите корисници пред три години и до сега привлече само околу 20 000 корисници. Причината за тоа се високите цени...
Благодарност до maelstrоm што пак ме спои со BUG. Сите цени се со ДДВ - закон си е закон :)

13 декември, 2006

Атила е следен?

Едвај десетина дена откако на главниот на Дојче телеком му удрија клоца, сега „поднел оставка“ и главниот на Маџар Телеком. Дaли ова значи дека и на Атила му дошол крај? Не дека новиот шупак што ќе дојде ќе направи нешто за Интернетот во Македонија. Изгледа Атила и Рубинчо ќе си одат во пакет ЕДНОСТАВНО ЗАЕДНО. (by anоnymous)


Цацко во улога на бизнисмен би рекол:
Непријавување на сите приходи и пумпање на трошоците е проверен рецепт за да платиш помалку данок на државата.
Е сега, кога ќе почнеш да лажеш - што ќе застануваш? У право си Цацко. Следни од кои треба да се забошоти некоја паричка се акционерите. Убав бизнис се телекомуникациите. Неограничени можности! Акционерите сигурно нема да те пријават на полиција - ќе кажеш колку данок се затаило. И да те открие некоја будала - што те боли кога си истурал шаком и капом и лево и десно. А богами и во центарот.

Малку подалеку... Елек Штрауб си отиде од челното место во Magyar Telekom со разгледувањето на нефиналните финасиски извештаи за 2005 година. Им- плицитно, на душа му се ставаат два договора вредни над 4 милиони евра, „склучени надвор од процедура и за кои не е добиена соодветна про- тиввредност“. Увиено до бесвест. Експлицитно, колегите не смеат ништо лошо да кажат против него. Фино лепо човекот ќе си се пeнзионира и ќе го троши „сработеното“. Business as usual.

Малку поблиску... Нешто побучни беа во разрешувањето на црно- горско-унгарскиот управен одбор на Телеком на Црна Гора, одговорен за двата спомнати договори (иако вкупно се дури 4 со вредност од 7,5 милиони евра) и неговото заменување со скоро целосно германска постава. Беа отпуштени и неколку фаци таму, кои „иницирале уништување податоци за да ја попречат истрагата“. Стока балканска. Елек сигурно срце го заболело кога чул што гадости му се правеле зад грб.

Ептен далеку... Пред еден месец отиде и славниот Каи Уве Рицке од челното место во Дојче Телеком, што на времето го држел татко му. 6% пад на приходот од бродбенд и фиксна телефонија е лош резултат за акционерите - гермаската влада и американската Blackstone Group. Уште полошо од тоа што му избувнал пожар дома, е што не знаел што се случува во Magyar Telekom, Телеком на Црна Гора...и на други забаталени, но високопрофитабилни места. Татко му не стигнал да му ги каже сите финти. И тој, кутриот, ќе си го троши „сработеното“.

Он д фејс оф д плејс... Скапи договори за мистериозни консултантски услуги? Хмм, имавме ние такво нешто? Интересно, во нашиот случај се крена само локална прашина.

Поддршка за ОМО Илинден - Пирин

Ова го добив на мејл. Датата е од пред 6 дена... Малку каснам, не?


За демократска Европа

Драги сограѓани,
Ве замолуваме да издвоите две минути за да им дадете поддршка на Македонците од ОМО Илинден – Пирин за да се спречат притисоците врз нив и да им се овозможи регистрација на ОМО Илинден – Пирин како демократска партија. Кликнете овде, изберете адреса на некој од пред- ложените заменици на европските парламентарци и испратете свој текст на протест против однесувањето на бугарската држава кон македон- ското малцинство и партијата на Македонците или изберете еден од предложените текстови овде.
Предложените текстови не се целосно во „духот“ на англискиот јазик... ама тоа дава можности да ја покажете вашата креативност. Ајде, знам дека овде има расположени за масовно мејлирање :)

03 декември, 2006

Јадете си бурек со кајгана...

Додека конкурентите работат. Почна во ноември, сега еве и официјално: брзините кај Телекабел се дуплирани. ДО 1024/256, што по неколку гига се намалува на брзина ДО 512/128, што подоцна се намалува на брзина ДО 256/128.

Вклучениот сообраќај во почетниот пакет од 500 денари е зголемен на 600 мегабајти, а „неограничениот“ пакет останува 1500 денари. Најбитно, дого- ворот може да се раскине во било кое време, без пенали. Засега не- надминато... Се разбира, по ова очекувам да станат MAXимално арогантни, да воведат намалување на брзината на 64 килобита, да се мандрачат со пенали за раскин, и да тргнат да ги решаваат „техничките проблеми“ по разни форуми и блогови :)

Кога сме кај форумите, unlike others, не се сељачат настрана, туку си имаат сопствен форум преку кој корисниците може да ги кажат проблемите, да ги опцујат, и да дадат некој предлог.

АДСЛ форумот на МТ го скинаа откако еден слаткоречив господин Ристевски успеа да прелаже многу луѓе дека они се саглам оператор. Форумот на nonet пак, уште од почетокот беше наменет само за лечење на комплексите на админите.

Непријателите меѓу нас

Поздрав до сите редовни посетители, вработени во МТ и nonet... Уствари... абе немате нешто друга работа? Што знам... На пример, смислување подобри па- кети? Или евентуално решавање на технички проблеми?

Или за проблемите изворно се информирате по блогосферата? Ако е последново, тогаш, само напред! Ако не е... тогаш... баш го жалам тој што ве плаќа.

Него, кога сте веќе тука, еве два едноставни предлога за вашите колеги:
  1. Кога некој корисник ќе се јави, или ќе ви пише, најкултурно би било прво да се претставите... И тоа не со надимак што ви го дала баба ви, туку со цело име и презиме. Пошто, тој што ви се јавува или ви пишува најве- ројатно не берел крушки со вас. А може и ќе треба да ве пофали пред шефовите ако брзо го решите...проблемот.
  2. Дај воведете временско ограничување за одговарање/решавање на проб- лемите. Па ако некој пријави проблем, ќе му кажете: проблемот ќе биде решен за 24 часа (или некој друг разумен рок). Така луѓето помалку ќе збеснуваат, отколку ако ги убедите да потрошат неколку саати со ске- нирања за тројанци, или не дај боже, преинсталирање на оперативниот систем, за на крај пак да утврдат дека интернетот им е тапа. Ако не се реши во рокот кој сте го кажале, проблемот може да биде проследен до повисоки инстанци, а оној кој не го решил да добие негативни поени. Се разбира, ако вината е кај него/неа, а не кај премудрите шефови.
Ај сеа, трк на работа! Мењајте линкови, гледате дека ви се жалат претплат- ниците.

01 декември, 2006

Сецнете ги „кратките сецки“ кај WADSL

WADSL-от имаше фин старт, многу луѓе се навлекоа со двогодишен договор и... Звучи познато? Се јави купче проблеми. Посебно во Аеродром, Лисиче, Кисела Вода и кај сите кои се поврзани преку линкот на зградата на МТВ. Има редовен пад на брзините во шпицовите, паѓање на врската на секои 15 минути, сечење на p2p и други, многу некул работи.
Ако си имаш мака, никако немој да ќутиш! Договорот во рака... член 2, точка 1:
Давателот на услугата се обврзува:... Да обезбеди квалитетна врска во 98% од времето.
После, или на први во месецот, вртиш во оннет, магично се трансформираш во питон и не престануваш да ги давиш дур не ти кажат колку проценти од времето си имал достапност на услугата во последните 30 дена. Ако е помалку од 98%:
  1. бараш намалување на претплата;
  2. бараш префрлање на порастоварен линк - на пример, Водно или Музеј на современа уметност.
Првото најчесто го прифаќаат, ама фините линкови... Е тие си ги чуваат за свои деца (слично и Телекомците имаат неограничен АДСЛ за третина пониска цена од редовната), а луѓето ги муваат:
Има мали технички проблеми... За 2-3 дена ќе се среди... Еве баш дур збориме го менуваат линкот...
А во член 6, точка 2 од договорот фино си стои:
Корисникот на услугата може да го раскине договорот доколку: Давателот на услугата не е во состојба да обезбеди квалитетен интернет пристап во 98% од времето во календарскиот месец.
Значи треба да се тропне на маса и да се биде упорен: Или вие мене 98% достапност, или јас го раскинувам договорот и ви ја оставам опремата пред фирма. (Пожелни се закани за преоѓање кај Телекабел :)

30 ноември, 2006

Кога ти треба интернет...


Courtesy of Princ of Кајгана, среќен корисник на WADSL.

Т-mobile: Едноставно притвор

Рубинчо Заревски, втор извршен директор на Ти Мобајл, од вчера е во притвор. Наводно за пљачка на народот... Не преку Мобимак/Ти Мобајл, туку преку Фондот за здравство во времето кога таму беше директор.

После смената на владините ќутачи во бордот на директори на МТ и назначувањето нови (ќутачи?), и веста дека Телеком сепак ќе и даде на Владата (дивиденда де), ова отвора нови неограничени можности некој да си легне на брашното. Во само три чекори.

Имено, мобилниот брат на Телекомот важи за најбитниот златен рудник за луѓето на привремена работа во телекомуникациите. Останува да видиме дали некој друг политички определен граѓанин ќе биде кооптиран да ја заземе речиси испразнетата фотеља. Ако тоа се случи, ќе дочекаме ефективна либерализација... можеби веќе во 2010 година. Во меѓувреме ќе гледаме, нели, храбри битки со видливиот дел од сантите мраз колективно крстени корупција. Се надевам дека нема.

ДОПОЛНУВАЊЕ: Заревски го распрашале и пуштиле. Ме интересира дали после:
а) отишол на работа со такси;
б) отишол на работа со полициски Крајслер;
в) не отишол на работа и му закинале 10% од платата.

29 ноември, 2006

Ново од МТ - „Едноставно глупо“

Р-еволуционерна понуда од МТ:
Прашуваа колку сме заинтересирани за услуга да си ја следиме телефонската сметка на интернет за 80+ддв месечна претплата. И реков, не, фала :). (анонимен)
Лани пред да го ограничат АДСЛ-от ми се јавија од МТ со слична анкета. Тогаш бевме во фини односи па ги удостоив со одговор:
- Што е најважно за вас кај АДСЛ-от?
- Паааа... Брзината?
Од ваква анкета е извлечен брилијантниот заклучок дека за АДСЛ корисниците е битна само брзината, а фиксната цена и неограничениот сообраќај се непотребен додаток. The rest is history.

Кога пред неколку месеци Министерот за финансии конечно се смилости да го уреди издавањето на дигитални сертификати очекував дека МТ веднаш ќе влезат во бизнисот со платформа за електронски плаќања. Чисто колку да не ги рекламираат интернет пакетите со „разменувајте рецепти“. Наместо тоа, со каснење од еден месец не станаа прв издавач на дигитални сертификати. И еве сега, како логичен чекор во развојот на понудата, бараат 100 денари за да гледаш како ти расте сметката. Таргет група: домаќини, гурмани и мазохисти.
таман и ја се возбудив пошто муабетот типката го почна со нешто у стилот “како интернет корисник сакам да ви поставам едно прашање“ и таман викам сеа ќе праша за мислење за флет пакет цена ова она колку би доплатил дали сум заинтересиран и сл. и она ми почиња некој бош муабет за телефонска сметка.
Видете... јас би сакал да нагласам еден момент... тоа е едноставно... навистина... глупо.

16 ноември, 2006

??? Kb/s

„Тинке, катинке“ не ја бивало преку WADSL... Барем според една интересна „расправија“ на кајгана. Жалбите се дека пристапот кон он.нет е со задоволителна брзина, а кон странство од пред десетина дена брзината паѓа на 60-70% од 512 Kb/s. Како и кај АДСЛ-от, не се работи за загарантирана брзина, иако МТ ја рекламира како таква. Од он.нет дури биле и пофини од драгите им колеги од МТ, па на сајтот си напишале „брзина до 512“. Нема проблем?

Сепак има:
Зашто мислам дека и MT.net i On.net од пред 2 години го немаат зголемено конекциските линкови(или пак не го прикажуваат) а за тие 2 години бројот на корисници го зголемија неколку пати.
Ова значи дека расте агрегацијата, т.е. на една иста цевка приклучуваш нови и нови луѓе. Притисокот малку паѓа, ама шо те боле - профитот расте без дополнителен трошок. Со малку креативност може и да си направиш реклама. Ја дуплираш агрегацијата, а истовремено ја дуплираш и рекламираната брзината. Збирниот ефект е околу нулата, ама шо те боле - ти расте стадото.

Аф корс, ова сè е шпекулација. Шпекулација е, затоа што ниеден провајдер во Македонија не објавува со колкава агрегација работи. Што си купил, ќе дознаеш отпосле. АЕК има законска обврска да собира податоци од провајдерите за квалитетот на услугите, значи и за агрегацијата, и да ги објавува на сајтот. Ова, во теорија. Во пракса, мислам дека нема да има разлика ако АЕК утре се укине. Дали некој има информација за агрегацијата кај својот омилен провајдер?

Дополнување: Според tmr, во Аеродром и Лисиче има постојани прекини, кои оннет ги „лечи“ со елиминирање на p2p сообраќајот.

Е-општество 2.5

Имав само саат време за да ѕирнам дел од денешните дискусии. „Амбасадорот“ на УНДП ги направи излишни нашите пребројувања на интернет корисниците кога поентираше дека клучна е потребата од достапни и евтини бродбенд врски. Ми текна како му се смееа на еден друг блогер кога кажа дека за интернет пристап признава само бродбенд врска.

Претходно, Марјан Ристески, главен инспектор за компјутерски криминал, објаснуваше дека провајдерите се обврзани да чуваат логови за интернет активностите на корисниците. „Сакате во ЕУ, тоа се правилата“, веројатно алудираше на обврската операторите во ЕУ да чуваат едно чудо податоци, наводно за антитерористички цели. Дефинитивно ја најдоа најпаметната работа од ЕУ.

После следеше исчудување како еден скопски провајдер одбил да им ги предаде податоците што ги барале со судски налог. Ме збуни затоа што Законот за електронски комуникации изричито забранува чување на податоци за комуникациите и налага нивно бришење или анонимизирање. Со судски налог може да започне следење на нечии комуникации, но не знам за закон што бара провајдерите по дифолт да чуваат логови.

Пробував да не влечам паралели со случајот на Гугл Vs. Департманот за правда, кога инспекторот сам рипна натака, па се пофали дека соработувале со американската тајна служба. Грејт. Не сконтав што мајка бараат Џејмс Бонд мандрачења и тајни служби во склоп на дебата за „е-трговија, компјутерски криминал и законска рамка за сигурност“. Спијте мирно, вашите пари ги чува ЦИА? ДИА? НСА? Што ли му беше поентата?

Уште кога ова ќе го поврзам со веста дека наводно пред изборите меверето прислушкувало 160 000 телефони, па им рикнал системот од преоптовареност... Само вие спијте мирно. Сè е под контрола.

Во овој контекст малку иронично ми прозвучеа завршните излагањa од странските мисии кои ставија претеран акцент на „прекрасните можности од новите технологии“. Ми дојде како да слушам sales pitch од трговец со скапа роба.

15 ноември, 2006

Е-општество 2.0


Во организација на Метаморфозис... е-општество.мк... Втора клапа. Лани ова време, на истата конференцијата се прослави Јани Макрадули:
„во МК не е проблем да се купи компјутер“
„цените за интернет не се проблем, проблемот е немањето локални содржини“.
Оваа година, местото му го зема Миле Јанакиески, министер за транспорт и врски. Кажа дека владата ќе ја менувала состојбата во која „само 5% имаат редовен интернет пристап, а 60% никогаш не пристапиле на интернет“.

После продолжи шефицата на ОБСЕ во Скопје за „host of other things“, и за тоа дека и' кажале дека Македонија е првата безжична земја на светот. Дур гледав во земја еден дечко зад мене се кикотеше: „Шо збори оваа бе?“

Беше најавено дека и натаму ќе се турка создавањето на Минис- терство/Агенција за „информатички“ технологии и ќе се носи Закон за „информатичко“ општество. Волан е сведок дека лани ова време истите, ама баш истите работи ни ги кажуваше функционер од претходната влада. Единствена разлика е што сега улогата ја имаше човек од Министерството за финансии и беше помалку убедлив. „Од Министерот слушнав дека ќе се формира Министерство за ,информатички‘ технологии...“ „Министерот кажа 5%, има и бројка од 27%...“

За наводниците во претходниот пасус... Цело време македонските говорници го користеа изразот „информатичко“ општество. Информационо општество е она што се темели на информации. Што е „информатичко“ општество сè уште не успеав да дознаам. Oвој наш новоговор на англиски би го превел како informatics society. Мислам дека прв јавно за ова реагираше Сашко Насев во колумна за Утрински. Не за да ситничари за јазичната чистота, туку за да предвиди дека многу далеку ќе стигнеме во остварување на концептот кога челните луѓе ги утнуваат и основните поими.

:) Да не црнам... Супер излагања имаа Игор Стаматовски за слободниот софтвер и отворените стандарди и Александар Угриноски за сајтот за пријавување за државни работни места. Коментар има и на Комуникации.

27 октомври, 2006

23 октомври, 2006

Швајцарско ноже со wi-fi

Малку е глупа веста... Од 2008 секој жител на Швајцарија ќе може да користи бродбенд... Гревчиња, ко да не користеле до сега. Акцентот е на зборот секој, без оглед дали живее во Женева или во некоја пустелија и по цени што за тамошен стандард се сметаат за „разумни“.

Цената ќе се одреди преку конкурс објавен од швајцарската АЕК, но нема да биде повисока од 2600 денари. За ова се добива минимум 600/100 kb/s интернет пристап, говорен канал и телефонски број.

Стандард за универзална услуга за интернет пристап во ЕУ е дај'л-ап. Пред некое време ги отфрлиja предлозите бродбендот да стане универзална услуга. Кога ќе видат што прават комшиите сигурно ќе го сменат мислењето.

Универзална услуга е бирократски израз за комуникациска услуга која денес е неопходна и која мора да биде достапна по прифатлива цена и квалитет за сите жители. Македонскиот закон за електронски комуникации не го вклучува интернет пристапот, брз или спор, во групата универзални услуги.

Како се Т-рошат Т-воите пари

Светските финансиски текови имаат просто правило: тоа што ќе се ушиќари по светските вукојебини се сели на некои не-толку-егзотични места.

Неделава што помина, Т-Онлајн во Германија почна да нуди пакети со интернет пристап, VoIP, и телевизија (IPTV). Најевтиниот пакет, ако добро пресметав од раскупусениот ценовник, е 50 евра за флет 6000 Kb/s пристап. Цената само за флет интернет пристап (без претплатата за телефонот) е 35 евра. За 70 евра брзината е 25 Mb/s со 60 ТВ канали, а за 80 ојра се добиваат платени канали и два меча неделно од Бундес лигата. Со уште 10 евра се добива и флет фиксна телефонија (локална).

Има и други џиџи-миџи: снимање на хард диск од 80 гига, HDTV, одложено емитување...

Трипл плеј услугата оди преку DSL и VDSL линии, а во последниве Дојче Телеком наводно инвестираше скоро милијарда евра од крајот на 2005.

Малку подалеку, T-Mobile USA, откако исплука 4 милијарди долари за лиценци за мобилна телефонија, ќе вложи дополнителни 3 милијарди за изградба на 3G мрежа.

Походот на американско копно Германците го почнаа во 2001 по цена од 35 милијарди. Таму се најавуваат интересни работи откако покојната Ма Бел воскресна како Ма Сел.

Македонија, во сите овие инвестиции и планови, има улога на великодушен спонзор на нечии мега амбиции. Кој што дробел...

Атила за ајатолах

Веќе пет дена сум наплашен. Откако се објави дека Иран ги ограничува интернет врските на 128 кб/с си мислам да се затвори блогов. За овие од Техеран викаат дека мачат луѓе, им сечат раце, прават нуклеарни бомби. Ама сега испаѓа дека ни Баба Рога не спушта под 128 кб/с. И ги викаат екстремисти. Не ги виделе нашите екстра-екстремисти и нивните 64 кб/с.
Iran's Islamic government has opened a new front in its drive to stifle domestic political dissent and combat the influence of western culture - by banning high-speed internet links.

In a blow to the country's estimated 5 million internet users, service providers have been told to restrict online speeds to 128 kilobytes a second. (The Guardian)

19 октомври, 2006

ITU: Дарфур во наше маало

ianfl ме потсети дека одамна не сме се мавале со бројки...

Според Меѓународната унија за телекомуникации, Македонија со 7,9% корисници на интернет е на претпоследно место во Европа во 2005. Честа ни ја спаси Албанија, откако Молдавија одби да ни прави друштво. Србија има околу 19%, а Бугарија околу 21%.

Интересно е што МК со 22 компјутери на 100 жители е пред комшиите, па дури и пред Хрватска. Според ова, само третина од корисниците на компјутери користат и нет. Слабата PC пенетрација дефинитивно не е главна причина за малиот број корисници.

Уште малку тривијалности... Зимбабве, со кој се споредувавме лани, сега е пред нас. Но нема гајле, друштво ни прави Судан со 7,7%.

17 октомври, 2006

Измени на АДСЛ пакетите

АДСЛ понудата се подели на „пакети“ со купување модем и пакети со изнајмување модем. Пониските цени кои се вртеа ќе важат само за нови корисници, а старите продолжуваат... по старо. Нема промени кај брзините.

Ептен макс (Макс АДСЛ Макс :) со купување модем и самоинсталација чини околу 1960 денари месечно (со ДДВ of course) за договор на две години.

Претплатата за истиот двогодишен пакет, но со модем даден на користење и инсталација од МТ е повисока за 150 денари. И до тука сè е логично. Разликата во претплатата може да се сфати како рентање на модем од МТ...додуше по солена цена.

Инвентивноста е во тоа што при рентање, покрај повисока претплата бараат и 2250 денари еднократен надомест за инсталација. Таков надомест не наплаќаат за купување модем, а истиот го продаваат за 2100 денари, но со самоинсталација.

Прашањето е колку реално чини инсталација на модем од „стручни лица од МТ“. Од око, би рекол едно 400 денари за потрошениот бензин, време и евентуално кабли. Со остатокот до 2250 денари им даваш модем на МТ, они ти викаат фала и после ти го рентаат за 150 денари од месец. Не примаш дивиденда затоа што си инвестирал во нив, ама неа и онака не ја делат.

Ако па место 2250 денари, платиш 2100 денари еднократно и сам го инсталираш модемот ти следи пониска претплата. Плус ќе го поседуваш модемот. Не стварно, има смисла!

Она за што нема логика е што еднократниот надомест за инсталирање изнајмен модем кај договор на неопределено време е повторно повисок - дури 3400. Ова е нерегуларно, да не речам незаконски, да не речам идиотски. Претплатата може да биде повисока поради отсуството на едно или двогодишна договорна обврска, но трошокот за инсталација мора да биде ист. Тоа што имаат две цени за една иста услуга (инсталација) укажува на ценовна дискриминација - што е забрането.

Поделба на понудата е направена и кај старт АДСЛ. Таму претплатите се 1030 и 1180 денари месечно за две години, а модемот, т.е. инсталацијата и рентањето чинат исто.

Уф, што да речам повеќе. Навали народе?

е-УСАИД - Македонија сурфа

Промовирана како прва земја со безжичен интернет во светот, [во] Македонија... [некои од] граѓаните... немаат компјутери, други плаќаат скап интернет кој пак го нема во доволна покриеност низ земјата...

„Македонија сурфа“ треба да ги приближи компјутерската технологија и он-лајн услугите на е-Влада до сите делови на земјата и да ги поттикне Македонците да ги користат почесто. (Канал 5)

„Он.нет" ќе обезбеди бесплатна Интернет-конекција со цел за успешно одржување на серијалот настани „Македонија сурфа", организирани од страна на Проектот за е-Влада на УСАИД. (Утрински весник)

Патувачко шоу на Македонија сурфа од Скопје се сели и во Битола, Охрид, Штип, Струмица, Велес, Куманово, Кавадарци, Ресен и во Кочани. (Канал 5)
Досега најголем дел од активностите за градење информационо општество дојдоа од УСАИД. Владата продолжува да спие, да се занимава со декларативни е-заложби, и да сече ленти на туѓи проекти.
Премиерот Груевски кој денеска го означи почетокот на карванот за бесплатно сурфање низ земјата, вети дека оваа влада континуирано ќе вложува Македонија да влезе во глобалното село.
УСАИД има точно дефиниран интерес за да го прави сето ова, но сепак... Некогаш ми доаѓа прашањето што ќе ни е Влада, кога имаме донатори за да ни ги мислат проблемите.

Зависен текст 2

После хистеријата околу независноста на АЕК, империјата во последниве три недели почна да го возвраќа ударот.
Претседателот на Сојузот на стопански комори, Венко Глигоров...обвинува...
Претседателката на Комисијата [за електронски комуникации] е и директорка на една дирекција во Стопанската комора, во која потпретседател е главниот извршен директор на „Македонски телекомуникации“, Атила Сендреи. Очигледно е чии интереси штити претседателката на Комисијата, бидејќи имаме најскапи телефонски и телекомуникациски услуги во регионот.
Тој ги повикува претседателката Софче ЈОВАНовска и дел од членовите на Комисијата да поднесат оставки или да бидат разрешени. (Вечер)
„Претседателката“ инаку е член и на КИТ-Независна. Дури и Канал 5, откако изгина во одбрана на „независните тела“, уфрли во рикверц:
Потенцијалните оператори во фиксната телефонија... немаат храброст и официјално да се пријават во агенцијата за електронски комуникации и да ја почнат процедурата. Високата цена за поврзување на мрежата на монополот ги одвраќа од намерата да му конкурираат. Главната кочница им е регулаторот за кој велат дека е пасивен во донесувањето одлука за да им создаде фер услови на пазарот.
Страшно ме бунат кога вака нагло мењаат уредувачка политика. Прво АЕК беше независен регулатор кој што не смее да се чачка, кога оп, ете ти го следната недела стана кочница за либерализација на телефонијата. Ај фати им го крајот. Ваљда и тоа може да се крсти како врамнотежено известување - неделава ќе „одработуваме“ за оваа група, следната за онаа, па после пак ќе им учиниме на првиве, итн. Или може па во меѓувреме откриле „нови моменти за случајот“?

После обвинувањата од новата Влада дека АЕК спречува доаѓање на трет мобилен оператор, контра PR кампања поведе џедајот Трпковски оф АЕК:
Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) објави повик за доделување радиофреквенција во мобилната телефонија во „Фајненшл тајмс“ за да привлече светски мобилни оператори. (Дневник)
Звучи фино, ама тешко дека некој ќе инвестира во МК со вакви цени за интерконекција одобрени од АЕК-Независна. Ќе биде во загуба секогаш кога корисникот ќе сврти кон број на Телеком. Затоа и Космофон одбива да склучи нов договор за интерконекција со МТ. За да го добие првичниот интерконекциски договор мораше да чека една година. Покрај ова, уште едно искуство на Космофон треба да се вметне во огласот во Фајненшл тајмс.
GoM [Government of Macedonia], in a back-room deal in november 2001, offered OTE [Cosmofon] the right to build its own high-speed backbone network in violation of MT's exclusivity guaranteed by the Telecommunications Act of 1996... Stonebridge [MT] then enlisted the help of the U.S., German, and Hungarian ambassadors to convince the GoM to uphold MT's rights... The GoM returned to its original position in mid-june, 2002, and forced OTE to buy leased-line services from MT...Once the GoM apparently reversed its alleged back-room deal with OTE, MT began to behave like a true monopolist. It priced the leased-line services, which OTE was now obliged to buy from it, at almost four times the european standard. (повеќе)
Ова е од извештај кој го има на канадски и на амерички државен сајт наменет за бизнисмени. Има и други, исто не многу розеви. Немало заинтересирани за трет мобилен? Не знам како не се тепаат инвеститори при вака поволна „клима“.

14 октомври, 2006

Што ќе ви е интернет во сабота?!

Почитувани корисници на АДСЛ, како што сигурно приметивте, имаше мал пад на мрежата сабајлето и добар дел од попладнево. За подетални информации свртете 0800 12345. Повикот е бесплатен.

Дежа ву - Алиса во земјата на илузионизмот

Традицијата продолжува:
Комисијата за заштита на конкуренцијата одлучи да поднесе прекршочна пријава против Македонски телекомуникации бидејќи и покрај забраната, на сметките за телефонски разговори наплаќа надомест за манипулативни трошоци. (Дневник)
Дежа ву? Фасцинантно. Една иста вест се најавува како „вест“ по втор пат. Првата е од 23 август. Втората е од 7 октомври.

Очекувам негде околу Нова Година да го чуеме истото: Комисијата сепак реши да не ги казни МТ, туку ќе им поднесе пријава...еве, не денес, ама задутре, т.е. после празниците. Новиот шеф на Комисијата го оправда нејзиното ново име - Комисија за спречување на конкуренцијата.

Ретровизор

Лани во октомври Бојан го напиша првиот текст на блогов. Уште е актуелен.
Genug ist genug.

Време е за промени, по ѓаволите. Толку работи отидоа во „3 лепе пизде материне“ што едноставно мора нешто да се смени за да може (барем) да се толерира живеењето во оваа држава. На страна потребата да се организира насилна револуција во која, враќајќи се на „варварските“ дејности во француската револуција, со гијотина на плоштад ќе се декапитализира државниот ни врв . . .
Поводот беше огласот објавен на 29 септември 2005 со кој МТ најавија уште еден грабеж, од кој подоцна се пишманија:
Ве известуваме дека АД Македонски телекомуникации почнувајќи од 01.11.2005 година, по надминувањето на остварениот месечен сообраќај, повеќе нема да ја намалува брзината на пристап на услугата, туку за корисниците што ќе го надминат вкупниот месечен сообраќај карактеристичен за определен АДСЛ пакет, услугата ќе се наплатува во износ од 175,00 денари + ДДВ за секои наредни 512МБ почнат сообраќај.

22 септември, 2006

Сите наши деца

Додека се замараме со битни теми од типот дали АЕК е независна или нејзиниот шеф, Коста Трпковски, е роднина на Црвенковски, некако незабележано помина веста за смената во уште еден блуден орган обвинет за непотизам и други видови коруптивни дејанија.

Станува збор за Комисијата за заштита на конкуренцијата, едно од оние независни тела кои постојат за да трошат туѓи пари дур создаваат привид дека нешто работат. Бившата Монополска управа на времето се прослави со решението со кое му забрани на Телеком да продава АДСЛ се додека не овозможи услугата да ја нудат по пазарни услови и другите провајдери. Забраната никогаш не се спроведе, а двајца вработени во Управата среќно се вдомија во семејството на Телеком.

„Шеф сале“ на „органот“ беше Панче Бардаров се додека не го смени новата Влада. И за него има анегдота дека имал син кој ептен го бивало па го вработил во Мобимак. Остана запамтен и по тоа што му пречеше Уставот и неефикасното судство за да се пресмета со „монополите“. За да му помогнат, лани во декември се смени Уставот и со амандманот 20 им се овозможи и на несудските државни органи да изрекуваат казни.

Место да почне одма да дели казни, на Панче тогаш му засмета Законот за прекршоци кој ги ограничувал казните на само 5 000 евра. Нели, срамота е да пише вака бедна казна за МТ. Така, во мај годинава го исправија и тоа - се донесе нов закон за прекршоци кој не поставува вакво ограничување. Панче веќе ништо не го спречување да казнува, па дојде и следниов наслов: Поради незаконската наплата на манипулативен трошок - Казна за Телеком до 17 милиони евра?!

Спротивно на насловот, во веста стоеше само дека Комисијата ќе „достави барање до надлежниот суд за поведување на прекршочна постапка против компанијата и одговорното лице“. Во превод: џабе се мења уставот и законот кога Панче е решен да не казнува и да се вади на неефикасното судство.

Сега на местото на Панче треба да седне Чедомир Краљевски - ептен стручен кадар, ем проверен во времето на Георгиевски и Далаверци. Дневник направи фројдовска грешка кога објави дека е стокмен за прв човек на Комисијата за СПРЕЧУВАЊЕ на конкуренцијата. Имам филинг дека ќе испаднат во право.

Продолжение: Дежа ву - Алиса во земјата на илузионизмот

16 септември, 2006

Зависен текст

Кога бевме само до појас заглибени во „реформи“, најмодерна работа беше да отвориш радио - по можност телевизија. На една од првите, ми текнува дека во одјавата на емисиите и филмовите гордо стоеше - независна телевизија. Многу брзо придавката мистериозно се изгуби, веројатно како доказ дека зависникот успешно ја минал првата фаза, т.н. фаза на порекнување.

Епизодава ми се вртеше последниве години кога зборов пак влезе во мода. Прво се залепи за судството, а после револуционерно се тргна со масовно прогласување независност. Старата максима се прилагоди: тие се преправаат дека се независни, а ние се преправаме дека им веруваме.

Претставата отиде дотаму што Јани излезе како првоборец за останувањето на Трпко-Независен во АЕК-Независна. После се јавија луѓе од Правниот факултет Јустинијан Први-Независен:
Експертите реагираат дека се прави упад и партизација во независните комисии. (Канал 5-Независен)
Експертите традиционално слабо поминаа, па напомош се викна и коњицата:
Брисел загрижен од обидите на новата влада за менување на законите со што ќе се направи упад во независните институции... Постои голема опасност примерот со Агенцијата за електронски комуникации да се примени и кај останатите државни независни тела, како Регулаторната комисија за енергетика и Комисијата за хартии од вредност. Доколку таквите тела се партизираат, тоа ќе биде голем чекор назад во демократијата и функционирањето на системот, толкуваат експертите. (Канал 5-Вистински Независен)
Не успеав да се сетам макар на еден пример кога овие „носители на системот и демократијата“ не делувале на далечинско управување. Вревата не е затоа што ќе падне Трпко, туку зошто со него ќе паднат и неколку подобни директори на привремена работа во Мобимак и Телеком. Кои, нормално, ќе бидат заменети со наши деца.

Порано, кога ќе поскапеше струјата или парното или кога ќе ни стигнеа грандиозни сметки за телефон и интернет ќе си ја испцуевме власта. И автоматски ќе ни беше полесно. Сега, човек не може ни вербално да се пресмета со некој политичар, без да се јави некој паметен за мудро да посочи на тоа и тоа независно тело. Сите групно пак, се тотално независни само од „јавниот интерес“.

13 септември, 2006

Пружи... веш?

Граѓанската акција "Пружи отпор-Кажи не!" најави... тужба против државава... пред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур... затоа што нејзините институции не презедоа ништо во изминатите две години за да го спречат криминалното дивеење на Телекомот.

..."Пружи отпор-Кажи не!" ќе упати писмо до Владата, Собранието, Уставниот и Врховниот суд, Јавниот обвинител и Јавниот правобранител во кое... ќе бара укинување на монополот на Телекомот и целосна либерализација на фиксната и мобилната телефонија и одземање на концесиите на Матав.

Граѓанската акција со писмото бара прогласување на директорот на Телеком Атила Сендреи за непожелна личност во Македонија во наредните 50 години, поведување постапка за обештетување на граѓаните, смена на јавниот обвинител и на судиите во Врховниот и Уставниот суд.

Екс’лн’т! Малку е чудно да се упати писмо во кое ќе бараш смена на адресатот, ама освен тоа - само напред. Е, да. Уште неколку ситници. Историски, секогаш било погубно кога Македонецот ќе почнел да бара петоколонаши, ама автоматски ми доаѓаат неколку прашања.

Зошто сега? Дали има врска меѓу смената на власта и воскликот еурека, проследен со изненадното сознание дека може да се тужи државата за кршење на законите и оштетување на граѓаните? Има и друга страна. Ако се јавеја пред изборите одма ќе им залепеа етикета ВМРО и ќе ги испратеа со УАААА. Мишн импосиб’л?
Од "Пружи отпор-Кажи не!" бараат и објавување и раскинување на договорот за продажба на ЕСМ дистрибуција со ЕВН... и укинување на Регулаторната комисија за енергетика...
Може грешам, ама не се сеќавам дека многу се заложија против продажбата на ЕСМ на времето. Нели, тогаш се бунеа Глас на светлината, Сојузот на стопанските комори, по некој пензионер - и толку. Дали и оваа промена може - што знам, некако - да е поврзана со промената на власта? Мразам вакви опсервации, баш поради тоа што убиваат и атомизираат било каква граѓанска инцијатива... ама ете.

Трпко лета, Јани се нервира, Атила го боли

Овие два месеца дур се мењаше власта фалеа типчиња со кои изминативе години се журкавме до попиздување. Ги снема, се скрија во дупка. Таман се уплашив дека животот ќе ни стане досаден и празен без дневната доза гафови што великодушно ни ја обезбедуваа... Кога, ете го царот. Јани. Макрадули. Фраерот што го сокрши од развивање „информатичкото“ општество само за да го скрие зад него својот прогресивно растечки г’з.

Ќе го бранел Трпко. Тој па, е подеднакво забавна фаца. Хонорарно зема плата како директор на АЕК за да се жали дека му фали моќ за да го сардиса монополот. Трпи ли трпи човекот шетајќи по семинари и конференции. Бато Јани чул дека клетите ВМРО-овци ќе го мењаат неговото другарче и одма свикал прес.
Според него, власта изготвила законски измени на Законот за електронски комуникации, со вметнување одредба за можност за промена на Управниот одбор поради незадоволително работење. Управниот одбор пак го избира директорот, со што, како што вели Макрадули власта си отвора можност да постави свој кадар.
Хм, надежно, ќе добиеме уште еден кловн. „Забава до бесвест.“

10 септември, 2006

Телекабел, фризиран WADSL... и то

Правев муабет со едно другарче со масивни потреби за нет (АДСЛ-от со 4 гига не му стига ни за аплоуд) на кое договорот со МТ му истекува месецов. Се мислеше што после, а јас баш не знаев што да му речам. За МТ не сака да чуе после заебанцииве од последнава година и доплаќањето скоро три илјадарки за „селење“ на АДСЛ модем (последново е сложена техничка операција за која е неопходно ангажирање на најмалку два доктора од ЕТФ)

Факт е дека нема некој избор. Единствена пристојна понуда е Телекабел - 512 kb/s со ограничување на 256. За оние што живеат во место каде нема мрежа на ТК или неговите клонови, останува WADSL од ОнНет. Добра страна: подолго време се шушка дека од есенва ќе го зголемат сообраќајот на 20 гига. Лоша: 2 години се доооолг период за брак со МК провајдер.

03 септември, 2006

maxADSL = максимално ДО 512 kb/s

Имаше повеќе жалби за пад на брзината кај АДСЛ-от. Се случуваат вакви срања - со МТ доста често - ама или не се признават или се сведуваат под мистериозни „проблеми со мрежата“.

Настрана од последниве случки, неколку работи треба да се имаат на ум. Прво, брзините на АДСЛ-от не се загарантирани. Рекламираниот капацитет од 512 kb/s е поделен на повеќе души и во зависност од тоа колку од нив се онлајн во моментот варира брзината (иако на неа влијаат и други работи). Така, ако на капацитет од 512 kb/s се приклучат 16 корисници на АДСЛ и сите повлечат во исто време брзината за секој од нив теоретски би била 32 kb/s. Ваквото делење, т.е. агрегација, се прави затоа што најчесто само дел од корисниците се онлајн во исто време и со тоа им се овозможува да користат брзина која не би можеле да ја платат како загарантирана (изнајмените водови се бајаги солени во МК).

Второ, независно од агрегацијата, поради самата АДСЛ технологија и начинот на кој ја имаат применето МТ во најголем дел од времето може да се очекува брзината да биде ДО околу 85% (430) од теоретскиот максимум (512).

Поради овие две работи постои разлика меѓу теоретскиот максимум и брзината која се постигнува во пракса. Затоа повеќето АДСЛ провајдери (т.е. оние понормалните) се рекламираат со ДО, т.е. до 512, до 1 Mb/s, до 8 Mb/s итн. или користат фрази како „максимална брзина од 2 Mb/s“ и сл. Телеком и овде прави фушерај па рекламира брзина од 512 kb/s без да стави „до“ или да наведе дека тоа е само максимумот, па не ме чуди што многу луѓе очекуваат тоа да биде константна брзина. Прашањето е што со ова. Некако ми се чини дека ретко кој ќе отиде да се жали до МТ, уште помалку до АЕК, инспекција или суд. Едино останува надеж дека луѓето во иднина подобро ќе знаат со кого си имаат работа (мислам на МТ) и што може да очекуваат за своите пари.

31 август, 2006

Од Дивиот Запад: МТ против кабелските

Телеком тргна да ги сече каблите кои 26 кабелски ТВ ги поставиле на нивните бандери. За да не ги сецне им бара кирија од евро и пол.

Сосема пазарно - плати па клати. Мала фалинка е што самиот Телеком не плаќа никому наемнина за земјата на која се поставени бандерите и низ која минуваат нивните кабли.

И тоа не е сè. Би било фино да им текне на некои од газдите на овие „дививе“ кабелски да прашаат дали МТ имаат извршено технички прием на бандерите согласно Законот за градење... и дали имаат одобрение за нивна употреба. Ако немаат (како што тврдат од АЕК) бандерите воопшто не смее да ги користи ни Телеком. Бидејќи ги користи се квалификува за „див“ фиксен оператор.

Оф топик: Ќе ми беше глупо после толку јадење бурек да не оставам запис за август во архивата, па малку интервенирав во датумот на постов.

14 јули, 2006

MaxADSL Hit... or Мiss?

Нова понуда од МТ... До 384/128 Kbps, 512 MB месечен сообраќај и цена од 825 денари со ДДВ за договор на две години (што за жал стана стандард).

Еден од предлозите изнесени од Интернет Македонија на средбата во МТ е попристапен старт АДСЛ и нов пакет за почетници. Последниов, крстен како „пакет за ученици и студенти“, треба да има три елементи: ниска и фиксна цена (до 10 евра со ДДВ), 24 часовна поврзаност и брзина на пристап која може да биде и мала. Логиката е дека има многу луѓе кои не би издвоиле повеќе од 10 евра за постојан интернет пристап кој го користат претежно за сурфање и проверка на мејл. На средбата се предложени брзини од 128 или дури и 64 Kbps, но со битен елемент: неограничен сообраќај. Нешто слично има Кадис со 590 денари за неограничен сообраќај од 128/128 Kbps, иако квалитетот е многу, многу варијабилен.

Во споредба со предложеното, MaksADSL Hit е нешто поскап, побрз и со лимит од легендарните пола гига. Додадените три евра во цената ги сфаќам како заштита на сурфер пакетот кој чини 700 денари со ДДВ. За жал, МТ се уште прават милиони евра продавајќи dial-up.

Она што ми се допаѓа е што доплатата после 512 MB се врши по мегабајт, а не во блокови од пола гига како кај старт АДСЛ. Цената е околу 0.9 денари (со ДДВ) за MB. Лошо: се бројат мегабајтите. Добро: се бројат на ситно. За споредба цената кај Телекабел за 1MB e 1 денар. Разбира се, кај нив за пола гига сообраќај би се платило 612 денари.

За оние што го читаат и текстот со малите букви (главно корисници на АДСЛ), уште една промена:
Претплатникот треба да ја купи потребната ADSL опрема (модем и сплитер) и да си ја инсталира. Опремата се продава во продажните салони на АД Македонски Телекомуникации по цена од 1.799 денари или на 12 рати по 160 денари.
Нема попуст за договор за една или две години. Од друга страна ова значи дека опремата конечно ќе биде во сопственост на корисникот, а не на МТ.

Демант од happy WADSL user

Имаше многу контрадикторни информации за стабилноста и затворањето на портови кај WADSL. Еве детален демат од happy user... се надевам дека не е abuser:
Наместив ОНЕТ и го имам еден ден состојбата е ваква:
  1. Има П2П пробав торрент и оди со 52-58 kb/s down и 11-14kb/s up.
  2. UnrealTournament2004 demo 290mb се симна со просечна брзина од 60,5 kb/s.
  3. Pingot во Unreal Tournament беше од 75 - 100. Најдов повеќе UT2004demo сервери со пинг под 100 на Онет отколку на МТнет отприлика 3:1 однос.
  4. Нема каснење при отварање на страни како кај МТнет. На МТнет имам околу 1 sec при request на страна или пак нема да ја добијам, па мора refresh. Тоа го нема на Онет.
  5. Има динамичка ИП адреса
  6. При тежок download на пример торрент сеуште интернетот добро работи. Кај МТнет се влечи ако имам торрент што симнува со 55 kb/s и праќа со 11 ks/s.
Ете тоа е. Се надевам му разјаснив некому. А, и ќе заборавев инсталацијата траеше околу 1 час.
Фала. Keep us informed.

03 јули, 2006

Лудило

Во пресрет на парламентарните избори 2006 година, здружението Интернет Македонија испрати прашалник до 13 политички партии со цел да го образложат начинот на кој ќе го искористат огромниот потенцијал на модерните информациони технологии за да го подобрат животот на луѓето и да го спречат натамошното заостанување на Македонија на ова поле. Партиските определби на полето на интернетот и електронските комуникации ги прецизираа само ЛДП и НСДП. Одговор не испратија ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, ДПА, ВМРО-Народна партија, ДОМ, Земјоделска народна партија, ЛП, СПМ, ДА, Лига за демократија...
(повеќе)

Во целосните одговори има интересни „моменти“.

Независно од тоа, неколку коментари за сите партии...Интересно е што ВМРО-ДПМНЕ се нема експлицитно изјаснето дека е за повлекување на државата од сопственоста во Телеком. Тука нешто смрди... Уште поинтересно е што партиите што оправдуваат вакво повлекување сметаат дека единствен начин тоа да се направи е продажба на берза.

Хелоооу! Ги продаваа? Се продадоа? Не? Што е поентата сега пак да се продаваат? Ова баш се вклопува во дефиницијата за лудило на Ајнштајн: постојано да ја повторуваш истата работа и секојпат да очекуваш различен резултат.

Најбрз и наједноставен начин да се заврши работата е ако акциите се поделат бесплатно на сите граѓани. Сè останато е само купување време и продавање муда за бубрези.

Второ, сите пропагираат нова и нова бирократија во услови кога постојната не функционира. Така, СДСМ се залага за Агенција за ИНФОРМАТИЧКО општество, ВМРО-ДПМНЕ за Министерство за интернет и ИНФОРМАТИЧКА технологија, а НСДП за Министерство за информациско-комуникациски технологии. Грејт. Има смисла. Бирократијата не функционира. Чаре? Ќе испратиме некои фаци зад решетки? Не. Ќе ја укинеме? Не. Ќе воведеме мониторинг на резултатите? Никако. Ќе ја дуплираме. И ќе извикаме: That's what this country needs!

Трето, никој нема јасен концепт како ќе го измени концесискиот договор на Телеком кој има важност до 2018 година. До тогаш ќе се журкаме со флоскули за либерализиран пазар, конкуренција, интернет за сите и сл. лигавења.

Четврто, буџетот и државата постојат за граѓаните, а не обратно. Ако може државата да купува јабуки за да бидат здрави децата, може да купува интернет и компјутери за поттикнување на нешто што го определила како приоритет. Кога државата ќе створи услови цените да бидат на ниво со европските, најголем дел од населението да може да си ги дозволи, а пазарот да биде пазар наместо Скопски пазар, тогаш политичарите ќе имаат право да продаваат неолиберална економија како догма и да се колнат во моќта на пазарната конкуренција.

29 јуни, 2006

ЕУ супер-бабичка: Ќе ги сечам телекомите

Дојче Телеком си најде (не)згоден противник во Вивиен Рединг, комесар за информационо општество на Европската комисија. Женава прво предложи цените за роаминг да бидат еднакви со оние за национални повици. Криците за линч што следеа од мобилните оператори не ја уплашија многу, па побара од германските власти да го срушат монополот на Дојче Телеком во фиксната телефонија и се закани со санкции ако не спречат исклучување на конкурентите од неговата нова VDSL мрежа. За да си обезбеди плакета „непријател број 1 на златните кокошки“, вчера...завчера предложи да се распарчат телекомите како лек за утуцаните монополисти.

Последново е под импресија од САД каде AT&T ("Ma Bell") во 1984 беше распарчен на седум дела во антитрустовски процес. Нагалено наречени Baby bells, овие делови успеаа да се обединат последниве две години. Во меѓувреме кабелските компании ги потиснаа телекомите и станаа доминантни со околу 55% од американскиот пазар на бродбенд.
Consumers therefore have a true choice in the US. In Europe, DSL is still the technology used by more than 80% of subscribers, which shows that we still have some way to go until the process of market opening is completed.
Колку и да звучи фино, вакви радикални мерки сигурно нема да поминат. Во најдобар случај може да се очекува модел сличен на британскиот. Таму, под иста закана за распарчување, British Telecom ја одвои големо од малопродажбата и отвори посебен субјект кој е обврзан на сите оператори да им нуди пристап до телеком мрежата по еднакви цени.

Интересно е што дури и самото спомнување на можноста за принудно расцепкување предизвикува алергиска реакција кај нив по што одма стануваат кооперативни. Телекомот на Нов Зеланд побрза доброволно да го воведе британскиот модел само еден месец откога владата - притисната од жестоки критики дека земјата дебело заостанува во поглед на бродбенд линиите - најави можност за принудна поделба.

Да ја викнеме женава на гости?

23 јуни, 2006

Лидери во регионот - најскапи и нелиберализирани

Кулен интернeшн'л истрча со вториот извештај за телекомуникациите во Југоисточна Европа (PDF; 2,9 MB). Нарачан е од Европската комисија, која беше фина да го објави минатиот петок за да може и ние да го прошпиунираме.

Меѓу 10 земји од регионот, само за Македонија и Романија нема бројка за продорот на интернет (пенетрирано од сер Ханибал Лектор). Во фуснота стои дека Агенцијата за електронски комуникации допрва ќе собира податоци од провајдерите. Не може да си ги мериме ни по основ на бродбенд претплатници затоа што во извештајот не се опфатени корисниците на кабелски интернет во Бугарија и Србија.

Документот е сепак корисен за споредба на цените и „напредокот“ во либерализација на пазарот. Македонија и во 2005-та имала убедливо најскап dial-up во „нормална“ тарифа - за четвртина поскап од хрватскиот и повеќе од три пати поскап од српскиот.
Во „евтина“ тарифа (ненормална ?!) dial-up-от во периодот од 6 попладне до полноќ ни е втор по скапотија во регионот, а од полноќ до 6 сабајле сме претпоследни (ова е добро - посебно за оние што тешко ги фаќа сон).

Штета што не направиле споредба на цени за бродбенд - убедливо сме први. Разврзувањето на локалната јамка, со коe други оператори ќе можат да ги користат жиците на телекомите за да нудат услуги, е започнато само во Романија, Босна и Хрватска. Во Македонија не може да се склучат ни договори за интерконекција, па целата либерализација останува на хартија.

Кај изнајмените линии - опишани како „the building blocks for alternative networks that compete, directly or indirectly, with the networks of incumbent operators“ - сликата е иста:
The former Yugoslav Republic of Macedonia has particularly high rates both for short and long lines.
Ако кај 64 Kb/s линии сме на второ место после Албанија, за 2 и 34 мегабитните линии сме лидери. Цената од 12 717 евра без ДДВ за 2 km изнајмена линија од 2 Mb/s е околу 75% над просекот во ЕУ.За 34 Mb/s џепчето на Атила и компанија се полни со 173 илјади евра, или повеќе од трипати поскапо во однос на просекот во ЕУ. Ситуацијата е полоша кај 200 километарските изнајмени линии и исто лоша кај меѓународните изнајмени линии.
За да не испаднат само Хуните клети, мал извадок од Законот за електронските комуникации (PDF; 665 KB):
Агенцијата може да му наметне на оператор со значителна пазарна моќ на релевантен пазар обврска висината на цените на услугите да бидат базирани на реалните трошоците...
Агенцијата ќе ги воведе обврските од став 1 на овој член доколку смета дека врз основа на анализата на пазарот постои недостаток од ефикасна конкуренција, во услови кога операторот претходно вовел многу високи цени или се впуштил во експлоатирачко воведување на цени на штета на крајните корисници.

19 јуни, 2006

Предизборна анкета...

... на Интернет Македонија до политичките партии. („интегрално“)

14 јуни, 2006

37% инцест

Работите се менуваат, за да останат исти. Владата шитна една петтина од своите 47% телекомски акции и остана во кревет со Magyar Telekom.

Два „момента“ се интересни.

Пакетот од 9,9%, кој се продаде, го откупи Телеком, а не Magyar Telekom. Значи Телеком, со одлука на Собранието на акционери, во кое учествува и Владата, купи сопствени акции. 60-те милиони евра кои беа употребени за ова соодветно ќе го намалат износот на добивката и евентуалната дивиденда која би се делела на акционерите на МакТел. Кај и да е, очекувам да се објави дека Владата нема да добие дивиденда за оваа или минатата година, затоа што се употребила за купување акции. Државата сега ќе добие отприлика иста сума пари како да била исплатена дивиденда, единствена разлика ќе биде што ќе и' се намали учеството во сопственоста. Антикорупциската ќе се потресе, а обвинителот ќе испита.

Друго, со преостанатите акции власта ќе продолжи да ја спроведува Националната стратегија за е-дерење. Новата Влада по изборите ќе бара милион и едно алиби за да ги задржи останатите 37%. Уште сега фрчат „аргументи“ од сите страни:
Борче Давитковски, ружа: „Нешто што ви носи фиксна дивиденда 30, 40, 50 милиони годишно ...кое што може и во наредните 50 години да ви носи пари...[не може] да го продадете за 250 милиони.“

Зоран Трајчевски, арслан: „Ние не сме против продажбата на акциите но во услови и време кои ќе понудат највисока цена на акциите и согласно законот, на берза да се продаваат“.

Спире Мавровски, арслан популус: „Апсолутно е некоректно, ова е најуспешна фирма, државата има добивка од „Телеком“.“
На сите им течат лиги за делба на ланската дивиденда и за пополнување на фотељите резервирани за владините претставници во МТ. Неуспешната продажба потврди дека инвеститорите не сакаат да станат малцински акционери во Телеком и немо да гледаат како некој друг одлучува дали и колкава дивиденда ќе добиваат. Владата добиваше дивиденда, но по пат на преговори и уценувања и само затоа што беше главниот јатак на ајдукот. Бидејќи продажбата е невозможна, кој и да победи на изборите мора да се притисне акциите бесплатно да ги подели на граѓаните. Сè додека има државна сопственост во Телеком, ќе имаме либерализација на хартија и „информатичко“ општество по полиците.

03 јуни, 2006

ОнНет пред МТ и ВМРО-ИСП

Конечно. ОнНет го смени WADSL пакетот: 10 GB сообраќај со брзина до 512/128 Kbps, после тоа намалување на околу 32 Kbps. ЗА 1300 денари (со ДДВ) и најважно - БЕЗ ДЕПОЗИТ. Ми се допаѓа концептот "нешто поспоро, ама повеќе и поевтино“. Илјадници нови канопија чекаат на идните корисници.

Е да, во базенот има вода до глуждови, но и тоа е грејт степ во споредба со претходната понуда на WADSL. Во трката на полжави меѓу националните провајдери го имаме ВМРО-ИСП на второ место со бесплатен дајал-ап денес и утре. Трето место за crazy „макс“ АДСЛ и скандалозните (© А1) 4 GB за фантастични (© А1) 2100 денари, а тука е и гордоста на менаџментот на МТ - bad старт АДСЛ и пола гига за 1200 денари.

30 мај, 2006

Рокчиња

ВМРО-ДПМНЕ и Народна се против продажба на државните акции во МТ (А1). Немало сега да има имаат максимална цена. Добар индикатор колку сè ќе се смени за да остане исто. На нив им дошло до ќарот од МакТел. Ќарот е резултат на дерење на граѓаните со амин на Владата. Заклучок: дерењето ќе продолжи.

Продажбата на акциите ќе трае од 5 до 9 јуни. Може да се очекува голем дел да остане непродаден. Да е Владата паметна, сите акции што нема да ги продаде би ги поделила беспари на вработените и државните службеници. Според еден стар академски концепт „администрацијата“ била исклучена од инсајдерските поволности на првиот и вториот приватизациoнен бран, па како компензација за тоа што не добила соодветен дел од општествениот капитал треба беспари да добие некој м'сен акционерски пакет. Прост начин да се купат гласови и во исто време да се отстрани ризикот опозицијата, при евентуална победа, да добие позначаен пристап до телекомската цицка. Патем (за власта), но најважно за „нас“, ќе се отвори патот за вистинска либерализација на телекомуникациите. Да беше Владата паметна и да немаше опозицијата рокчиња. Чисто хипотетички.

28 мај, 2006

20 cm

Зошто жените не знаат да паркираат? Зошто цел живот ги учат дека 20 сантиметри се олку. (раскажувачот покажува со прстите должина од околу 10 сантиметри)
Ми текна на вицов дур ја читав следнава вест од А1:
Расте бројот на интернет корисници, покажува последната анкета на „Стратеџи“, за само шест месеци за дури четири пати. Во септември лани имало 120.000 регистрирани интернет корисници, сега во април тој број е повеќе од 550.000.
Машала. Ваквиот нагол подем веројатно се должи на проектот Macedonia Connects кој од Македонија, и без море, направи рај за сурферите. Толку беа успешни што сега веќе и баба ми ги бара најновите плетки по нет.
Експертите се скептици, велат ланските податоци, и овие сега не може да се споредуваат, применети се различни методи.
Ама нарачателот е ист? УСАИД? Истата УСАИД што го почна проектот „Македонија се поврзува“? Лани, баш во септември. Они мора да ги квантифицираат „резултатите“ за да може после да не фалат за уште една „успешна приказна“. Патем и да се испромовираат себеси и да ги оправдаат буџетските пари што ги потрошиле. Пардон, оплодиле, пошто Он.Нет го шитнаа.
Бизнисмените од компјутерскиот сектор проблемот го лоцираат во се уште малиот бројот корисници на интернетот од дома. „Половината од нив во интернет кафе користат.“, рече Предраг Чемерикиќ, Он Нет.
Бизнисменов признава дека бизнисот му е неуспешен?
Во Франција и Грција директно власта го стимулирала користењето интернет од дома, така што цела една година сите граѓани имале бесплатен интернет.
Јаниииии! Јани, бе, дај одлучно демантирај вакви левичарски инсинуации. Не дозволувај народот да помисли дека треба да види некој аир од буџетот. Ако почнат вака, може и лирџетот да отиде.
Бизнисмените велат, многу предуслови се создадени. Недостасуваат поевтини цени на интернет услугите и конкуренција во фиксната телефонија.
Јани Макрадули. Јави се да им објасниш на ова шупациве дека не се битни цените. Битен е квалитетот, нали овај. After all, не е до должината, до техниката е!

Irrepressible

Chat rooms monitored. Blogs deleted. Websites blocked. Search engines restricted. People imprisoned for simply posting and sharing information.

Изгледа познато? Irrepressible.info е одговор на Amnesty International и Observer на задушувањето на слободата на изразување онлајн. Сите што ја поддржуваат кампањата може да стават мало банерче што линка кон цензурирани содржини и да ја потпишат петицијата за интернет слободата што во ноември ќе биде доставена до Internet Governance Forum на ОН.

Иако сум за овие права, и против воспитните мерки врз македонските блогери, нема да ставам стално банерче од две причини.

Прво, иницијативата е многу прозападно ориентирана... да не речам проамерикански. Ете реков. Од целиот ебан свет, нашле примери за интернет репресија само во Кина, Иран, Мијанмар (Бурма), Тунис, Узбекистан, Сирија и Виетнам. Од to-do листата на Буш & Cо. ги испуштиле Северна Кореја, Белорусија и Русија, а ја додале Саудиска Арабија - веројатно ради мачкање очи. Не го ни спомнуваат злобниот гугл, неговите планови за светска доминација и гревчето што го шутнаа поради блогирање.

Второ, кампањата не спомнува битен елемент на слободата на изразување - право да се задржи сопственото мислење... за себеси. Ми текнува на многу ликови што треба почесто да го применуваат ова право. Посебно сега во предизборна кампања кога многу гмизавци искачаат на сонцето за појасно да им се види гадотилакот.

24 мај, 2006

Нов македонски провајдер

ВМРО-ДПМНЕ стана интернет провајдер. Според Груевски, на 3 и 4 јуни ќе обезбедат бесплатен интернет. Демек да покажат дека програмата им е остварлива.

Живо заинтригиран ја симнав програмата (PDF, 2.6 МB). Претходно најавија дека интернетот ќе им биде една од ударните теми, па ме шокира колку им е слабо обработен тој дел. Таму нигде не стои бесплатен интернет. Во неколку реда се нафрлени ветувања за некакви безжични мрежи, стимулирање на кабелските и субвенции за зголемување на интернет пенетрацијата. Сиромашно и нејасно до бесвест, божем се плашеле дека ќе треба да исполнат нешто од тоа. Како што ни осеќаат новчаниците, изминативе 4 години ружите го сокапаа пазарот од либерализација, а лавчињата се колнат дека ќе го направат либерте на квадрат. Се згрцнав од бисерот дека ќе распишат тендер за трет мобилен оператор (?!). Стандардно ветување за бесплатно сурфање има и за студентаријата по домовите, која од слични колнења се изнасурфа по креветите.

Овие штури најави малку ги објасни Антонио Милошоски во Утрински. Во интервјуто најави отварање на министерство што ќе организирало обука од областа на ИКТ. Идејава ме потсети на Агенцијата за млади и спорт, како место за згрижување заслужни партиски младинци и местење телевизиски анкети. За зголемување на употребата на компјутери планирале увоз на евтини компјутери кои ќе се продаваат на 12 рати и намалување на давачките за увоз. На крај и тој се истопори со бесплатен безжичен интернет низ цела МК. Нит спомна како, ни со колкава брзина, ниту дали ќе биде лимитиран. Единствен детаљ е дека проектот ќе траел една, пази сега, ИЛИ пола година. Ај што е смешно непрецизно, туку не ми е јасно што би се сменило за тие 6 месеци.

13 мај, 2006

Во редовите на непријателот: ИМ - МТ

На 29.3.2006 на иницијатива на ИНТЕРНЕТ МАКЕДОНИЈА се одржа средба со претставници на МТ во врска со понудата на услуги за интернет пристап. Огнен Фирфов (извршен директор за продажба), Коте Ланговски (извршен директор за маркетинг) и Борислав Несторовски (менаџер на производи) разменија мислења... (повеќе)
Ова одма треба да се испита од страна на антикорупциска. Прчески да ги истражи оправданите сомнежи на коментаторите на блогов, а А1 да дознае:
Скандал - на средбата фрчеле флет рејт пакети!
Има нешто и околу предлози за зголемување на обемот на сообраќај, поголема брзина по надминување на лимитот, фер плеј и по некое лижавче за младите. Веста изгледа бајато и исплакнато. Jеби га. Real-time информациите и мрсните детаљи се резервирани за членовите.

Следната недела ќе ја видиме новата понуда... а јас во улога на јасновидец ќе прогнозирам и промени кај WADSL.

11 мај, 2006

МАТЕРУО

Агенцијата за електронски комуникации ја одобри Референтната понуда за разврзан пристап на локална јамка (МАТЕРУО) верзија 1.2 од 20.04.2006 на А.Д. “Македонски Телекомуникации” со измени и дополнувања кои стануваат нејзин составен дел.

Со разврзан пристап на локална јамка А.Д. “Македонски Телекомуникации” kako оператор со значителна пазарна моќ е обврзан да изнајмува (во целост или само дел), локален сегмент од својата електронска комуникациска мрежа на новите оператори во давањето на електронските комуникациски услуги...

Агенцијата за електронски комуникации ги утврди: месечниот надоместок за целосно разврзан пристап на локална јамка, надоместокот за поделен пристап на локална јамка, како и надоместоците за физичка и оддалечена колокација.

Агенцијата за електронски комуникации смета дека... алтернативните оператори ќе најдат економски интерес за влез на пазарот на електронски комуникации и нудење на услуги до крајните корисници. Со ова, Агенцијата оценува дека ќе се овозможи влез на конкуренција на пазарот на говорни услуги и услугите со широк опсег (broadband). (целосното соопштение)

Црнила 006

Ова го типкам од Gerbеaud. По wifi, зошто си ја штедам флет 2-мегабитна врска courtesy of Magyar Telekom. Конечно здумав кај ќе ги трошам парите што Атила ми ги депонира на Кајмански острови. А какво кафе вари, невиѓено!

Иначе, ако не сте виделе, мај е, пече сонце, летаат бумбари, шетаат голи девојки, луѓе се смеат, социјализираат и сл. зарзавати.

Не знам зошто ми доаѓа да се правдам. Не би требало. Ај уште некоја верзија...Хм... Чекав да се насоберат пристоен број на коментари пред да свиткам прсти и сите на купче да ги решам. Ма да. Онака волонтерски. Со лезет и комплетно незадолжително.

Омилен ми е овој:
разочаран said...
Овој блог стана се само не револуција. Ако некој има доволно време нека покрене нов блог СЕРИОЗНА ИНТЕРНЕТ РЕВОЛУЦИЈА. Јас ќе можан да се приклучам од Август натаму...
разочаран, да си ибеш векот, у право си! ја ќе бидам слободен од јуни...2007. Па може да се договориме следното лето и да дигнеме револуција 2.0. Вистинска, шо би се рекло. Ама да не трае поише од 10 дена пошто ќе сакам да тркнам и до море. ОК?

28 април, 2006

Пссст! Тишина.

Таман се намножија македонски блогови и одма почна да базди. Прво, уредникот на Долу влада се пофали дека од МеВеРе-то ептен го читале неговиот блог, а во знак на „мала пажња“ сакале да му ја дознаат лозинката и расплачат мајката.

Следно, Трендо се занимавал со бришење на текст на блогот на Букаро на Блогерај.

Трето, сите кои го фалеа објавувањето на анти-муслиманските карикатури со силни реторики за слободата на говорот ја продолжуваат крстоносната војна и за случувања на домашен терен... Уствари, последново најверојатно нема да го видиме. „Нашите“ „интелектуалци“ рипаат само пред своите господари, пред нивните непријатели и пред било што поврзано со едните или другите. Останатото е невидливо за нивниот радар.

Трајче, Трпе и Мирко продолжуваат да се возат за Европа. Тресењето на возот ја засилува нивната дремка.

20 април, 2006

Е-трговија со сонценце

Интернет шопинг во обид. Од Македонија обично завршува со вакви thank you and fuck you писменца. Околу 25% од он-лајн трансакциите од земјава се поврзани со измама или некој друг вид злоупотреба. За да се минимизира ризикот, најлесно е сите во земјава да не прогласат за платежни терористи.

Некои он-лајн продавници одат дотаму што блокираат по IP адреса. Ако е од некоја од „сумњививе“ земји, одма предупредуваат да не губиш време. Тоа лесно може да се заобиколи со употреба на прокси, ама на следната кривина ќе те начекаат со идентификација на земјата каде што е издадена платежната картичка.

MK Connects покрена иницијатива за соработка меѓу поважните провајдери за да се симне Македонија од црните листи. Не сум сигурен дека тоа е доволно. Рејтингот за е-трговја на една земја зависи и од интегритетот на банките кои ги издаваат картичките, а нашиве баш не котират високо. Посебна приказна е испораката. Не еднаш ми се случило да налетам на наш шпедитер со рекетарски манири, или од Пошта да добивам отворени пратки. Јеби га, ќе си купувам македонски производи... или уште поарно - ќе штедам.

19 април, 2006

Wi-Fi интернет на скопскиот аеродром

Првиот објект за многу странци што пристигнуваат во земјава, врз основа на кој го градат почетниот впечаток, е во катастрофална состојба. Тажно е и да се гледа терминалот.

Новина е што по примерот на светските аеродороми, ќе може да се закачите на интернет. Он.Нет ќе ја покрие терминалната зграда, вклучително и чекалните, кафетеријата и бизнис салонот. Покрај тоа ќе биде покриена и административната зграда до терминалот. За возврат ќе добие можност да се рекламира на атрактивна локација. Ај нека се множат вакви примери.