03 јануари, 2006

Пенетрација без лубрикација

Македонија е информатички лидер во светот, универзумот и пошироко. 100 мегабитните врски се досадно секојдневие, а цените за интернет пристап се безобразно ниски.

Констатацииве не се последица на празничното пијанчење, туку ми се наметнаа од интервју на телекомец за Вечер.

Коте Ланговски, извршен директор за маркетинг во МТ, ни тврди дека животот е прекрасен, а протестите поради чудното чувство во г'зот наскоро ќе ги замениме со екстатично стенкање.
"Услугите што денес им ги нудиме на нашите корисници, се идентични со оние што се користат во високоразвиените земји"
Пази, не слични, не приближни, туку идентични! Јован ова го поткрепи и со конкретни бројки.
„МТ уште на крајот на 2003 го воведе [АДСЛ-от]... со цел да им понуди на корисниците во Македонија најмодерен пристап до интернет со највисок квалитет.“
Ги слушам извиците на странците кои, вџашени од неверојатните 384/128 kbps за фантастични 40-60 евра, монтипајтоновски извикуваат „You lucky bastards!“
"Според Еуростат, пенетрацијата на интернетот во РМ е речиси 20%, а пенетрацијата на АДСЛ – широкопојасен интернет во однос постојната корисничка база е иста како во Хрватска."
Ете, неколку дена не пратев вести и не приметив дека Еуростат почнал да води статистики и за Македонија. Хрватски телеком пред некое време славеше 100 000 корисници на АДСЛ (околу 2%), а телекомецов со розе цвикери самиот изброја скромни 9 000 АДСЛ корисници во МК (0,45%). Ама нели, типов е од маркетинг, па мора да биде пристрасен кон својот производ.
„Не е точно дека нашите цени се највисоки. Има примери, и тоа во непосредно соседство, каде цените на интернет услугите се многу повисоки како што е случајот со Грција, Романија, Словенија и др.“
Е со ова имаме проблеми, пошто на сајтот на ЕК има истражување што покажува дека имаме убедливо најскап dial-up во Југоисточна Европа. Red guy на својот блог има обемна споредба на цените во регионот, според кој имаме најмногу волна по глава на жител.

Малку прочепкав и јас и морам да признаам дека сме пред Словенија, ама само со цените. Кај нив ги има следниве понуди за АДСЛ: 512/128 kbps од 1250 денари, 1024/256 kbps од 1550 денари, 2048/384 kbps од 2200 денари и 4096/512 kbps од 2500 денари. (линк 1, линк 2, линк 3, линк 4, линк 5)

Талентов, опериран од реалноста, утврдил дека за непречено пентрирање не биле проблем цените, туку немањето компјутери:
„Нашите напори веќе неколку години во континуитет се насочени кон креирање на понуди кои вклучуваат интернет конекција во пакет со ПЦ и тоа по најповолни услови за корисниците кои се покажаа како многу успешни.“
Дали мисли на онаа идиотска понуда за компјутер на 24 рати преку телефонски сметки??? Ако беше толку добра и успешна - зошто веќе не се „напнуваат“ да ја нудат?

Во Словенија приметив дека АДСЛ нудат 8 фирми. Кај нас нуди само една, ама Коте тука не гледа злоупотребата на пазарната позиција:
„Правилата на игра се строго дефинирани и во согласност со регулативата на земјите членки на ЕУ, со строга контрола да не се дозволи повластена положба на ниту еден субјект.“
Ајде бе. Како тогаш МТ се фалат со 75% од пазарот на интернет пристап, и немаат објавено референтни цени за користење на мрежата?
„При креирањето на секоја понуда, сериозно се анализира... и економската моќ на корисниците, што е еден од главните детерминирачки фактори за цената на секоја понуда.“
Мала компарација: Хрватска има 80% повисок стандард од Македонија, ама затоа Македонија има 80% поскап АДСЛ од Хрватска. Ипак сме лидери во нешто!
„МТ креираше и обезбеди АДСЛ конекција, персонални компјутери и можност за изработка на веб-страницата за сите 85 општини.“
Браво МТ! Додуше, некои злобници мислат дека тоа е ситен трошок за да се купат општините.

Црешата за крај:
„Ќе се сложите дека МТ со своите реализирани активности ја докажува својата стратешка определба за развој на интернетот и информатичкото општество во Македонија.“

10 коментари:

driveNOT рече...

На почетокот на текстот стои:

100 мегабитните врски се досадно секојдневие, а цените за интернет пристап се безобразно ниски.

Да не треба наместо тоа „ниски“ да стои „високи“?

Анонимен рече...

барем да дадат флат пакети , лоповишта(МТНЕТ) алчни за млада крв !

bezvrska рече...

Хм... Ипак ниски. Одувек ми било проблем да им пренесам на луѓето кога сум ироничен/саркастичен/циничен.

bezvrska рече...

Копирајтот на насловот му го препишувам на познатиот еболог аНТИ:
„ако те бива само ќе иде ко подмачкано, те. само ќе се подмачкува. Ако не те бива, научи како да те бива, а не како да подмачкуваш.“

По ова, МТ ич не ги бива. Ем не подмачкуваат, ем не иде само ко подмачкано. :)

Volan рече...

Blagodaram, za novinarkata na vecer, za Intervjuto.

Da ne bese intervjuto ce ziveev vo zabluda, deka imame los i skap internet....

E sega neznam kako da postapime, da napadjame ili ne. Voobicaeno e da denovite okolu bozic i nova godina, koga ima vojna da se proglasuvaat za denovi na mirot.....

No bidejci se izneseni koup nevistini (a znaeto po onaa na Gebels, ako nevistinata ja povtoruvas mnogu pati taa ti izgleda kako da e vistina....), sepak ce morame da gi kazeme sprotivnite podatoci i gledanja, pa zatoa pukajte, no se razbira so zborovi, podatoci ,argumenti i stavovi.....

Toa vece odlicno go stori bezvrska vo uvodniot post no........

Vo vrska so besplatniot ADSL za oopstinite, vo paket so oprema. Toa e golema laga.

Opstinite se ucenuvani deka donacijata ce ja dobijat, samo koga neznam kolku dogovori treba da ima za ADSL, pa posle donacija.

Ne sum siguren no naciv deka opremata i ADSL ot ja davaat p Opstinite kako kompenzacija za toa sto bi trebalo da go placaat, kako nadomestok za lociranjeto na opremata za baznite stanici za mobilnata...

Eve konkreten primer.
Opstina Staro Nagoricane nema dobieno takva donacija, ne deka ne barale, no naprotiv bile uslovuvani da vo nivnata opstina prvo se sklucat 10 (deset) dogovori za ADSL.

Opstinata nema ni meil adresa. Koristat nekoja adresa so Yahoo nastavka.
A na internet odat samo so dial up pristap. Za web da ne praime muabet.

Ne velam deka za ova e kriv MT. Naprotiv samata opstina si e kriva za toa. No samo naveduvam primer za toa kolku lagi se istreseni vo intervjuto.

чпион рече...

Малку шлагче под црешата...

Мислам дека го видов тој истиот ококорен Коте на презентација на „феноменалните“ услуги што ги нуди МТ пред амерските тендерџии за новата ЈуЕсЕмбаси. Откако ја ислушаа презентацијата (со една цена да те заболи глава за некоја смешна пропусност) тендерџиите имаа само едно прашање. „Ќе има ли законски проблеми да ставиме директен сателитски линк?“ :))

Анонимен рече...

Moronce, moronce, i da ne e zlatno ke si go nosime....
Blazesi ni so vakvi kotevci i drugi raznorazni pedercinja, znaci blaze si ni.

Анонимен рече...

Ne ostavam mnogu komentari vo posledno vreme, no moram da predlozam nesto. Odnapred se izvinuvam sto ke pisuvam so Caps Lock on, no toa e so cel da ne bide propusten komentarot.

PREDLAGAM ZDRUZENIEVO NASE DA REAGIRA SOODVETNO NA SEKOE SLICNO INTERVJU. dA SE SVIKA PRES KONFERENCIJA, PA MAKAR I VO NEKOJA DUPKA I DA SE REAGIRA... NESTO SLICNO KAKO STO E OVOJ KOMENTAR, NO PRED NOVINARI.

Анонимен рече...

Ako moze zdruzenieto "Pruzi otpor, kazi ne" da bide mediumski pokrieno (a site znaeme kolku neuspesna e nivnata rabota i pokraj solidnata aktivnost), zosto da nemozeme nie da zememe po nekoja kolona vo vesnicive?

Pa neli veke pokazavme po nekoj rezultat, i toa koga seuste ne bevme oficijalno zdruzenie?

Znaci, vreme e da zakazete Press, za da se kaze sto se misli. Imame fakti, imame javnost (vo koja spagaat barem del od novinarite) koja e kompletno raspolozena anti-telekom. Bi bile moroni ako ne go iskoristime toa.
Pozdrav,
Igor

Znaev рече...

:) odlicen post , se iznasmeav!