04 јануари, 2006

Црнила

Првин, извинување што ме нема(ше) толку долго време. Имав проблеми со домашната мрежа, па (се уште нерешени) проблеми со матичната плоча на мојот компјутер, па повторно проблеми со мрежата.

Зошто таков наслов? Таква е мојата прогноза за Македонија воопшто, а потоа и за целиов интернет-шминтернет муабет.

Ајде да направиме една мала хронологија на настани...
  • 30.09.2005 - Говедата од АД „Македонски телекомуникации“ го објавуваат огласот во Дневник. Ми се јавува еден пријател и ми ја соопштува „добрата вест“.
  • 01.10.2005 - Цел ден се нервирам, пцујам и плукам. Приквечер се смирив, па со Бобо и Ѓорѓи решивме да го направиме блогот. Целта на блогот беше искажување револт, не централизирање и НИКАКО раководење со „движењето на отпорот“.
  • Најголем проблем беше клаузулата во договорот (поточно анексот) во која се спомнува плаќањето „пенали“. Никој не се сомневаше околу откажувањето, ама „пеналите“ болеа. Информациите што ги делеше тогаш Непријателот беа, во најмала рака, хаотични и речиси сосема различни за секој корисник.
  • За кратко време се рашири муабетот за блогот и IRC каналот #anti-mtnet (идеја на пријателчиња од IRC). Луѓе имаше најразлични, највеќе револтирани, имаше провокатори, мрчатори, а најмалку луѓе со идеи како да се реши проблемот. Рицка, Филип и Ѓорѓи Ј. организираа протест пред салонот на МТ во центар за кој пишуваше на блогот, багра и рекламиран кај Трендо на сајтот на он.нет.
  • 04.10.2005 - Се појавија околу 15-20 луѓе пред салонот (најчестите изговори беа: Доцна дознав и Имав други обврски (работа, школо, факултет, итн.)). Влеговме внатре и Алек (bezvrska) се расправаше со теткицата. Ни кажа дека нема плаќање пенали. Утредента повторно никој не беше сигурен дали ќе се плаќаат пенали или не. Бевме и до ОПМ (Организација на Потрошувачи на Македонија) каде Алек им објасни за што станува збор.
  • 05.10.2005 - Доцна вечерта Бидиков добива „непристоен предлог“ на IRC (кој, од нему познати причини, беше сватен сериозно) за него и сопственикот на блогов: 24 месеци бесплатен ADSL за да се укине блогот. Требаше следниот ден да му се јави човекот на Бидиков за да го договори состанокот (кој беше во план да се сними и да се објави тука), но поради нападот (денот кога речиси цел ден немаше интернет МТ), не се одржа никаков состанок.
  • Почна и подготовката на приговорите. Готови беа на 10.11.2005, кога и се собравме пак пред салонот на МТ. Присуството повторно беше тапа. Во тој период се формираше и т.н. „ЦеКа“, затоа што се виде дека е потребна малку поголема организираност. Имаше неколку средби на кои се нафрлија неколку идеи од кои некои се реализираа, повеќето не.
  • Се организираа неколку масовни мејлирања до телекомот и нивните газди, а потоа и македонски и странски институции. Колку беше тоа масовно знаеме - колку што може што и да е во Македонија масовно. Ако добро се сеќавам, немаше повеќе од 30-40 мејлови пратени од уникатни адреси. На страна што писмата што требаше да се испратат беа однапред подготвени.
  • Кога бидна поменот на плоштад, повторно никој не се појави. Добро, признавам, можеби вината за тоа беше наша/моја затоа што не беше недела дена однапред најавувано. Сепак.
Работата тргна по институциите на државава (која држава?). Се виде што можат тие да направат кога нешто не е во нивна корист (т.е. кога немаат корист од нешто). Метаморфозис не поканија на соработка откако ги поплукав троа во некој од коментарите. АЕК ја поканила НВО на соработка откако ги поплукале на обуката. ОПМ и Пазарниот инспекторат си цупкаат во место. Министерството за економија си ги врти палците и чека да им падне во скут нешто. Правобранителот, хелсиншки комитет, државниот обвинител, сите тие си ги чешаат хемороидите стекнати од годините чучење во фотељи.

Најголемата грешка беше „Обуката за новинари“. Колку од обучените направија прилог или напишаа текст за проблематиката? Немојте да ми кажете дека некој од вас смета дека постои такво нешто како независно или истражувачко новинарство во светов (посебно кај нас). Од она што разбрав, единствено фајде од тоа е препирката со АЕК и поканата за соработка (а и тоа не е којзнае колкаво фајде, имајќи предвид на кој начин функционираат институциите во Македонија - декларативно). Како беше? Имале само 5 инспектори? А што, само со инспектори може да гледаат што се случува во нивниот домен? Што направиле тие петорица до сега? Или се уште се навикнуваат на новата клима?

Чукнете со главата. Ма удрете ја убаво од ѕид, нека здоболи. Никој нема никогаш да направи нешто за вас. Па дури и господ (ако верувате во него) им помага (само) на оние што сакаат да си помогнат. Волкот зошто е дебел во вратот? [Алузија на некоја слична народна поговорка]?

Не можам да разберам. Од досегашното искуство, тука има 3 вида на луѓе: оние што сакаат да бидат водени, а не дозволуваат некој да ги води; оние што не сакаат да бидат водени, мрсат муда и немаат апсолутно никаков конструктивен придонес во што и да е; и оние што навистина сакаат да сменат нешто на подобро, но немаат идеја како (или имаат погрешни идеи).

Не ме сфаќајте погрешно. Ова треба да биде конструктивно плукање по вашите навики.

36 коментари:

Bojan рече...

Една мала исправка: Треба на крајот да стои „нашите“, на место „вашите“.

МИРА рече...

Кај си бе, Боки. :)

Шо молитва имаше овој Волан, те воскресна и тебе и матичната.

Енивејз, не моем да се најдам во категориите - ај уведи уште една, нумеро кватро - нит влегуваат (пенетрираат), нит пуштат другите да влезат (мегазлоч).

Конструктивизам - НВО-то нешто као стана фаца, нека тера работа. Од пронајдоците на Нобел и уништувањето инфраструктура - `ногу ми е Ал Каеда (да не кажам Шип - упс, кажав, ич не сум рамковен ;), не ми лежи (иако прадедо ми извадил кубура, не ја чувал за зорт заман, а ја сеа нешо го брукам). Тужакање по органи и тела и судови - функционира, колку и да звучи блесаво.

Од друга страна, ако најдеш невести да извезат 20-метарско знаме на кое ќе пишува „Арамии“ жуто на црвено, се јавувам доброволец да го закачам на зградата на МТ-њет (нема само он-њет спајдермени ;)

Анонимен рече...

Најголемата грешка беше „Обуката за новинари“. Колку од обучените направија прилог или напишаа текст за проблематиката

Welcome to the club.

Na ova mislev koga pred nekoe vreme vi "zabelezav" deka i vie ke stanete "nvo koja samo se sostancuva". Togas me napadnavte. Veruvajte, tolku godini sum vo NVO sektorot, no sekogas vaka bilo, kako sto vie duri sega sfativte deka se' funkcionira vo drzavata. Pokraj debili, ima prekrasni lugje vo NVO sektorot koi navistina sakaat nesto da promenav vo drzavava kon podobro, no sekogas nesto se zaglavuva (kako "vasite" novinari), pa nikako da ima rezultati. Na kraj, ispagja deka samo ima sostancenja i sl.

Sega ke recete, zosto ne se vkluci vo nasata NVO. Mnogu sakav, no po destruktivnite komentari na mojot komentar, se otkazav. A znaev deka i vie ke ste na isto i deka i vam ke vi zalepat etiketa kako sto nam ni' lepea, deka sme ovakvi ili onakvi.

Ova, veruvajte, najdobronamerno go pisuvam. Ve molam da ne me sfatite pogresno i da ne me napadnete. Navistina sakam da uspeete, oti i jas sum na ADSL i, sekako, imam problemi.

Iskren pozdrav...

Анонимен рече...

I sega rekovme, koj mrsi muda?

volan рече...

ЛАТЕНТНА МАСА

Ете тоа сме ние по моја дефиниција.
За оние кои не знаат сто знаци поимот, тоа е поим кој се употребува за група на лудје кои немаат никакви идеи, коако да си ги ресат проблемите.

Не за џабе Македонски имиња се Мирче, Трпче, Трајче и сл....

Нашиот проблем со интернетот, во споредба со другите проблеми на Државата ни е капка во морето....

Тоа што Бојан тебе те доболе дека се наплатуваат пенали на одредени корисници на МТ, сепак е одраз на твојата одговорност, према лудјето, кои веруваа во она што се писуваше по блогот.
Но одлуката да се постапи вака или онака е секојпат лична. Секој за себе и пред себе е најодговорен, за тоа што го прави или не го прави....

Незнам зошто другите прифатија да се замараат со решавање на туѓите проблеми без никаков надомест за тоа и без никаква потреба. Јас можам да кажам за себе.

Од ИНАЕТ.....
Од ЛУТИНА....
Од СИМПАТИИ ПРЕМА ЕДНА МЛАДА ГРУПА НА ЛУЃЕ......

Плукањето по блогови и симпатични и луцидни акции по градот, донесоа некои резултати но не го решија проблемот......

Дали НВО-то ке помогне, колку ке помогне и кога це помогне, немам одговор. Сеуште е прекратко времето за видливи резултати.

Малодушноста не е добра за револуцијата.

Еве пример. Кастро едини презивеан и сеусте жив револуционер, едно време во екот на револуцијата останал само со десетина слабо воорузани и деморализирани борци. Но само заради тоа сто неговиот противник не ја знаел вистинската ситуација ја добил револуцијата.....

Обуката за новинари е само увод во една поголема Акција. Веројатно не си го читал Блогот долго време. Ако имаш време врати се назад, ако не кога ке се видиме це ти објаснам...

Резултати....

Новинарката на Вечер Светлана Блажевска, беше присатна на обуката и предходиот топик на блогот е управо реакција на незиното долго интервју со човек од Маркетинг на МТ.

Околу тоа тема имасе неколку надписи и по други весници, да не ги цитирам сега.

Дали е тоа доволно, се разбира не е.....

НВО-то е регистрирано само недела дена пред нова година.
Во него влегоа ВОЛОНТЕРИ, кои се свесни дека ке бидат плукани од двете страни.

Но за жал друг пат нема, осем патот на АПАТИЈАТА и САМОСОЖАЛУВАЊЕТО....

Со ова не те обесхрабрувам да продолжиш, да плукаш по сите па и по НВО-то.

Продолзи.....

Анонимен рече...

ОД кога го направија ова МТНЕТ (се надевем дека ке прочитаат ова МТНЕТ) се тргна наопаку иако никој не реагира ни од власта ни од еу ниту од агенцијата (се им е рамно)
ТУКА НА ГОЛЕМО СЕ КРАДЕ И ПРАК МТНЕТ СЕ ВО ПРАВО (ЛОПОВИШТА) ПА ДУРИ ГИ НАСКАА И ДРУГИТЕ ОПЕРАТОРИ ПО НИВНИОТ КРИВ ПАТ. КАРАНИЦИ ПО ШАЛЕРИТЕ НА МТНЕТ И ПАК НИШТО.

ГЛЕДАМ СМЕНИЛЕ И СЛИКА НА НИВНИОТ САЈТ СЕГА Е ДЕВОЈКА СО ЛАПТОП ПАК НЕКОИ ПЛАНОВИ ЗА НИВНИТЕ ЛОПОВСКИ АКЦИИ.

СЕ НАДЕВАМ КЕ ПРОЧИТА НЕКОЈ ЛОПОВ ОД МТНЕТ

Анонимен рече...

Znaete vo Prilep ima edna izreka Strizena - Bricena. Toj izraz se upotrebuva koga nekoj isto pak isto i samo isto zboruva. Ostavete gi istite muabeti bre luge. Koj ne saka da ucestvuva vo ova ne mora. Ne mora ni blogovi da cita nitu da pisuva. A za tie koj sakaat da ucestvuvaat i sakaat da doprinesat, blogot e dobro i pocetno mesto za akcija. Go poddrzuvam blogot, NVO-to i se drugo sto ke dade rezultat. A dali ke dade toa rezultat zavisi samo od nas, nitu od drzavata, nitu od Evropa nitu od Afrika. E toa ti e.

volan рече...

@ МИРА said...

“...Шо молитва имаше овој Волан, те воскресна и тебе и матичната...“

Некои ме сметаат за видовит :)


@ Anonymous said...

“...Na ova mislev koga pred nekoe vreme vi "zabelezav" deka i vie ke stanete "nvo koja samo se sostancuva"...“

Од почетокот на работата на НВО-то немало ниеден состанок на НВО-то, осем ако имало состаноци на кои не сум бил. Од состаноци немаме потреба во време на Интернет....
Да секојдневно се слушаме и разменуваме информации и идеи ама не состанчиме.....

Искрајно жалам за сите добронамерници кои сакале да се вклучат во НВО-то, ама поради било која причина не го сториле тоа.

Но тоа не значи дека вратите на НВО-то се затворени. Напротив. Повелете. Приклучете се сто би рекол Жарко, па и Бојан ако сакате.
Никој нема да го реши вашиот проблем ако сами не си помогнете.

Го знаете оној виц-вистина, кога “играч“
на лото, вика аман бе господе нека ми падне седмица на ЛОТО.
А господ му вели - да но мораш најпрвин да подполниш ливце и да уплатиш......

Анонимен рече...

Ги подржувам сите од револуција и нво , ама сепак сакам да кажам дека МТНЕТ пак си тераат по старо со нивните ЛОПОВСКИ АКЦИИ.


СЕ НАДЕВАМ КЕ ПРОЧИТА НЕКОЈ ЛОПОВ ОД МТНЕТ

Bojan рече...

volan, треба да ти објаснувам колку интервјуто е во полза на МТ? Мислам, Алек да не го прави толку пуздер и да не сум и самиот свесен за реалната состојба, дури може и ќе му поверував. Како што сигурно Joe Average може да (и ЌЕ) му поверува.

А каде рече дека се твоите деца? И оние што не се, каде планираш да ги испратиш?

И повторно немаше ништо конструктивно. Освен муабетот на М.И.Р.А. Ама пак, треба да се најде некој да го извезе.

volan рече...

ПТИЦА

Бојан,

Од моментот кога птицата ќе добие крила, таа сама одлучува каде ќе лета.
Па така и моите деца.

Друго е прашањето што еден родител посакува за своите деца. Во поширока смисла на зборот јас лично ве имам прифатено сите Вас за мои деца и тоа е една од причините за мојот ангажман....

Јас никаде не реков дека интервјуто е во наша полза. Но велам ако погледнеш кои прашања се поставени од новинарката, це видиш дека ОБУКАТА била од корист....

http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=15126
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=15185
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=14371
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=14112
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=12944
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=12330
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=12085
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=11777
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=11009
http://vecer.com.mk/tekst.asp?tid=4509

Погледни што пишувала истата новинарка до сега, во својот вескик и со која терминологија се служела. А погледни ги само прашањата па ке видиш и ке сватиш за што зборувам.....

Со овој надпис ни е дадена директна мозност да во една дебата, докажеме кој ја зборува вистината....

Анонимен рече...

66.98.244.52

66.98.244.57

66.98.244.82

66.98.244.25

66.98.244.53

66.98.244.58

66.98.244.99

ИМА УШТЕ

ВЕ МОЛАМ КОРИСТЕТЕ Remote Desktop Connection


СЕ НАДЕВАМ КЕ ПРОЧИТА НЕКОЈ ЛОПОВ ОД МТНЕТ

Zarko рече...

Ej Bojan Srecna Nova, zdravje i .... se sto ke posakas. Jebi ga tolku znaevme. Ne mislevme novinarite da napisat nesto, da isplukaat nekogo. Sakavme ednostavno ludjeto da naucat za sto pisuvaat. I me raduva sto posle toa nisto ne napisaa, I ne trebase ne bese celta toa. Sepak se pokazaa kako intelegentni deca i svatija deka namerata ni e da im pomogneme a ne da ocrnime nekogo.

Za plukanje e lesno, so plukanje i do premier se stiga (Ljubce e primer, jedini i unikaten ama primer, zero intelegence aber multo pljuc pluc),

On stalno vika rekov i ke recam (pa i jas ke recam), za zal, blogot e za plukanje, uriniranje, proseruvanje, i za zarcinja, i za jovancinja, i za bojancinja i alekasndricinja i jovancinja arno ama results=0 or 0+. I se toa e simpaticno, ama nam ni treba NVO (za zal na iskusniot NVO-vec) koe znae sto saka i ima cel. Internet Makedonija ne e fashion NVO (vo kakvi sto anonimousot ni ucestvuval, instant NVO-a). Se secavas li na nasiot prv sostanok, DVE godini e rokot koj go predvidov togas za resavanje na problemite. Bez NVO ke bea dve godini i eden den mozebi ama ete i toj eden den za mene e uspeh. Preku k.. mi e od ludje koj go znaat klucot za revolucii od 30 sekundi.

Bojan WELCOME BACK nedostasuvase tvojot duh, vidis odma se najdoa K.... koj kako pecurki niknuvaat. Welcome na site, veruvam deka ste site dobronamrni stom ste tuka. Nemojte da pisuvate postovi vo stilot jas ne sum so ovie jas sum so vas. Site sme nie za PODOBRO a naseto podobro i ne mora da e najdobro, zrtvuvajte se i dajte go vaseto mislenje makar i da ve isplukame. Pa zar mislite deka malku mene sega me pcujat i vikaat KOMU OVOJ SOLI PAMET. E pa vidis jas imam ime i tri cisti i kazuvam sto mislam, iako Bojan me jade ama nema veze ke go preziveam.

Bojan рече...

volan, Првиот линк нема врска со интернет (сигурен сум дека обуката не се состоеше од „Наоѓајте ја секоја можна прилика за плукање по МТ“)

И вториот нема врска со интернет (иако има врска со наплатата на пеналите)

Телефонија, ај... И така и така. Иако, има ли follow up г-ца Блажевска за одговорот на МТ по повод прашањето од АЕК?

Всушност ниту еден од линковите нема врска со интернет. Тие само покажуваат дека Блажевска е задолжена за следење на сите случувања во и со телекомот. И ги прочитав прашањата. Уште два пати. Знаеш какви се тие прашања? Тоа се прашања што ги составува кабинет на еден претседател и ги доставува до медиумите што имаат закажано „интервју“ со претседателот. Не видов ниту најмала провокација или желба за изведување на вистина на виделина. Не ме терај да ти објаснувам вакви работи, сигурен сум дека и самиот ги знаеш.

zarko, муабетите „Резултати за Х години“ ги прават и политичарите. Резултати нема.

Моето е се, ама не е апатија. Во најмала рака станува збор за резигнираност, ама сепак сакам да го терам малку накај гнев.

Конструктивност, не коментирање.

volan рече...

Бојан

Па во тоа е штосот, новинарката до последниот надпис кој е всусност интервју, никогас и не писувала за интернетот иако го следела МТ.

Се надевам дека ми ја разбра поентата.....

Zarko рече...

Bojan,

koga ke sakam da bidam politicar ke bidam. Vidis mene toa mi e lesno. Jas sum samo realen. Vo igrata na nemi i gluvi vlegoa i tie sto znaat dazboruvaat. Problem e kolku vreme ke ni treba gluvite da gi naucime da ne razberat.

Koga bev dete mislev deka ke go smenam svetot, ama vidis patot ne e taka lesen. Zemi vozduh, otvori oci, plukni me uste ednas i POKAZI MI GO PATOT. Domanovic so godini ni ukazuvase ama bevme samo ucenici koi na pamet gi ucea i prepisuvaa lektirite. Sega koga se obiduvame da progledame, ti mi kazuvas deka sum ko politicar. Moeto vreme pomina, vaseto e tuka, nemojte da go koristite samo na pljuc pljuc. Treba idea i vreme da se rascisti talogot na dnoto na koe se naodjame. Nema magicno stapce, X godini e i optimizam. Samo World War za cetiri godini menuvase sistemi, se ostalo e varka. A nie sme mali za WW.

Iskreno umoren sum, ke se obidam da procitam sto si napisal drug den, no te molam, iskoristi go toa sto go imas i povedi gi decava vo revolucija, ne kako '41, vo edna kulturna dolga internet revolucija

By

volan рече...

Бојан,

“...има ли follow up г-ца Блажевска за одговорот на МТ по повод прашањето од АЕК?...“

На обуката истата новинарка упатувасе остри прашања и критики до Председателот на АЕК и одговорниот од Министерството....

Немој никој да помисли дека нашиве новинари незнаат.....

На нашите новинари им се врзани рацете да пишуваат за МТ, во негативна конотација. МТ е најголем спонзор и највеќе троши пари за реклама, а од тоа весниците и другите медии живеат.....

Затоа една од најважните задаци на НВО-то е да зборува во медиумите и врси притисок, да плука но со малку попристојна нијанса и со факти....

А на крај пред вистината и фактите и боговите молчат....

Се надевам дека другите оваа преписка не ја сваќаат погрешно.....

Анонимен рече...

Бојан да не те познавав добро ќе речев да бе у право е дечкото, но познавајќи дека си личност која е доста паметна ќе речам дека е грев да не се види пеколот бидејќи нема да знаеш што е тоа пекол и дали комунистите биле у право. Во секој случај потегот твој го оценувам како двојно дипломатски и подобро би било да пишеш нешто попаметно. Сите момци во НВО-то не се малоумни ниту малце, не добиле ниту денар а ако очекуваат имаме место добро во старечки дом да им резервирам.
Развојот на интернетот не запира овде со ЗДРАВА конкуренција се резвива ретардираното дете кое неможе да прооде. Вклучи се малце и ти во работа, анализи, истражување и сл. или пак седи си мадро :)

Zarko рече...

Za mene ako moze nekoe mesto, vo senka. So dostap do broadband 64mm internet. Inaku i vaka ideite ni se zastareni. Vreme e za sveza krv. Pa ajde momci povelete, nie samo mislevme da pomogneme. Ama ete komunisti prokleti tolku ni dale

Анонимен рече...

Ziveo STALIN i SVETKA REVOLUCIJA, ZIVEO INFOBIRO I NJEGOVA REZOLUCIJA

Tovarish Stalin рече...

"Time will tell soon or later, Time will tell"

Mira & Max рече...

"Учити, Учити и само Учити"
"Кради, Лажи, зимај што е муфте, Гази се пред себе да стигнеш на целта, купи си се со пари и сите ќе те сакаат"

Zarko рече...

I ako moze bez ovaa galama. Premnogu mi e glasna revolucijava

Bojan рече...

Whoa, camel! Никој никого не нарече малоумен. Да не си ставаме зборови во тастатури. Ако има малоумни тоа се новинарите (секоја чест на исклучоците (во кои Блажевска не спаѓа)).

volan, муабетот мислам дека го имаме правено... Не постои такво нешто како „немање избор“. Секогаш постои, иако понекогаш е помеѓу куршум во чело или продолжено егзистирање како овца.

Сите изгледа ја заборавивме старата метода за тортура: капка по капка врз глава. Може да биде многу поефикасна од корнење нокти, а дефинитивно е многу поефикасна од перничињата и удобната фотеља на Шпанската инквизиција.

Поентата ми е: нема кој да ја врши тортурата.

галамџија рече...

За многу добар профил на еден просечен револуционер, препорачувам да ја прочитате "Tinder Box" (оупен сорс - се наоѓа меѓу првите три погодоци на Гугл) од Ханс Кристијан Андерсен (напишано негде пред 1850 год.) Обратете внимание на делот за пријателите.

Zarko рече...

Ovaa revolucija, ne gi jade svoite deca, gi zvaka i gi pluka.

Анонимен рече...

Bojan za mnogu raboti si vo pravo! Ama ja pochnavte revolucijata i sega nema predavanje. Da ne bevte vie – grupava shto najmnogu “krekavte” ke si pomineshe fintata na MT.
- otkrivte deka MT gi prekrshuva dogovorite i za toa gi informiravte site shto mozevte i se pratija prigovori do MT so koi se dobi prvata bitka.
- penali nekoj ne plati, nekoj plati , koj moze ke si tuzi
- e sega tie shto ostanaa na ADSL dobija namaluvanje do dial – up. Toa beshe sledna bitka shto nekako ne moze da se izdejstvuva . Konstatiravme deka i toa e prekrshok na dogovorite dadovme prigovori i do MT i do AEK. Treba da insistirame MT da si stoi na dovorite i da dava ADSL usluga a ne dial-up. Se shto moze da se postigne e vo ramkite na pravoto. Imashe i inicijativa da se tuzi MT ama ne znam do kaj dojde toa.
Znachi prvobitnata cel na revolucijata beshe da se bori protiv promenata na uslovite od dogovorite za ADSL paketite od MT.
Jas barem mislam deka od site “muabeti” - komentari se izrodi NVO od grupa dobrovolci kako shto bese kazano koja si zede obvrska da se bori za podobruvanje na opshtite sostojbi na Internetot vo Makedonija ( da ne proshiruvam celite i programata bea dadeni i na blogot i na forumot).
Site chitateli na ovoj blog i site shto ne se zadovolni od cenite i ponudata na Internetot vo Makedonija treba da go podrzite zdruzenieto Internet Makedonija. Davajte idei , mislenja, predlozi , Isto taka zdruzenieto treba finansiski da se poddrzi za da moze da raboti – bez pari nishto.
Okolu masovnosta : teshko deka Internet korisnici koi se naucheni da si sedat na stolche i “buljat” vo kompjuter ke gi naterash da izlezat na ulica i da protestiraat!!!!!.
Treba mnogu presovi za novinari od strana na zdruzenieto MK za sekoj poteg na MT i informacija za narodot shto znachi toa; za sekoja aktivnost i neaktivnost na AEK , ITK , i sl. institucii pak informacii i “krekanje” ; za sekoja ponuda na prvajderi ( zichni, bezzichni , satelitaski itn) informacii i analizi za korisnicite na Internet . Treba zdruzenieto IM da gi sledi site situacii povrzani so Internetot vo MK i da nedozvoli nishto da pomine nezabelezano i nezakonsko , i za se da ima svoj stav, predlog , mislenje. Se so edinstvena cel za poeftin i porashiren Internet ( da ne recham penetriran).
Da se analizira na koj mu odgovara ovaa sostojba ? Do koja najniska cena moze da odat provajderite a pak da im se isplati uslugata ?
I vladata be , vladata , G-ca Shekerinska i dr. da se isprovociraat da si ja izvrshat zadachata dadena od EU .
Imam uste, ama nemam veke vreme! JS

bezvrska рече...

Ау Бојане шо напраи, не можам да ги дочитам коментариве :)

Welcome back и одма неколку забелешки.

Обуката за новинари даде барем 12 поинформирани новинари за интернетот. Пресот на кој беше најавена обуката даде прилози на две телевизии и два најчитани весници. За мене тоа е more then enough.

Прашањата кои ги поставила Блажевска беа наметнати на обуката. Во врска со одговорите на Коте следи демант од НВО-то и по можност уште едно интервју со Блажевска на кој ќе биде претставена другата страна. Тоа е поентата на здружението - да ја застапува другата страна. МТ без проблеми ќе стигне и до институциите и до медиумите. Мирче или Трајче многу потешко, за разлика од НВО-то.

Погрешно е да се жалиш дека новинарите или институциите не презеле ништо, а да не направиш се за да ги натераш да ги согледаат проблемите и да видиш нешто. Друг пат нема. Не очекувај некој од пазарен инспекторат, АЕК или Мин. за економија да прати блогови за да види што проблеми имаат граѓаните, па како добрата вила да им ги реши. Ако нема некој што по сите официјани и јавни канали ќе труби за ова џабе ќе бидат пцовките што си кажуваме на седенки со другарите.

Anyway, супер што се врати во нашиве интернет-шминкернет дискусии :)

Vasko Kapital рече...

Капитал
"...Трите места на листата најпрофитабилни компании ги држат Македонски Телекомуникации и двете компании во негова мнозинска сопственост, Мобимак и Камени мост. На врвот на листата најпрофитабилни е мобилниот оператор Мобимак, фирма ќерка на Македонски телекомуникации. Мобимак лани оствари профит од околу 34,1 милиони евра. Втора најпрофитабилна компанија е Македонски телекомуникации, со профит од околу 26,3 милиони евра. Огромниот профит на Телекомот доаѓа пред се од монополската позиција на пазарот на фискан телефонија. Најголем акционер во Телекомот е унгарскиот Матав, а втор најголем акционер со 47% од акциите е државата. Трета најпрофитабилна компанија е Камени мост комуникации. Станува збор за компанија која е формирана од Македонски телекомуникации и преку која одат сите консулатантски и ревизорски услуги. Камени мост лани остварил профит од околу 21 милион евра...."

bezvrska рече...

Немојте да го поистоветувате блогов и Интернет Македонија. Од админите на блогов само јас сум член на Здружението на граѓани. Тоа што повремено пуштам постови поврзани со здружението не значи дека ова е официјален блог на Интернет Македонија.

Анонимен рече...

Trgnete se ne me gibajte

ja sum poveke od NVO, ja sum poveke od institucija, pazi sega - ja sum Bojan sankurceto!

Ebati pederot gnasen nihilisticki ides tuka da prais guzvi ko MTShit da te platil ebati defetistot ebati

volan рече...

Одделни различни гледања за ист проблем е сосема нормална појава во Демоткаратските опстества.

Но кога различните гледишта водат кон подобрување на нештата,е супер за остварување на заедничките цели.

Анонимен рече...

VCHERA SI PLATIV 5200 DEN. PENALI - INAKU KE MI GO ISKLUCHEA TELEFONOT, DA NAPOMENAM DEKA POSTAPUVAV PO SITE VASHI NAPATSTVIJA I GI ZAPAZIV SITE ROKOVI ZA PRIGOVORI I RASKINUVANJE, NO SEPAK NE DOBIV NIKAKOV ODGOVOR NITU OD MTNET (OHRID), NITU NA PISHANITE E-MAILI DO VAS. DALI KE IMA GRUPNA TUZHBA ILI NESHTO SL. I DALI IMA NADEZH DA SI GI POVRATAM PARITE ZA PENALITE - VERUVAM DEKA NE SUM EDINSTVEN SO VAKOV PROBLEM
DOMINO2004@MT.NET.MK

Александар З рече...

На насловната страна на блогот, во крајната десна колона (столпче) има линк до адресата за тужбите. Пробај да се обратиш на таа адреса.

bezvrska рече...

Знаеме колку е лесно за МТ да ги кршат законите и знаеме во каква „правна држава“ живееме. Затоа никогаш не било гарантирано дека пенали нема да стигнат. Политиката на МТ е раздели па владеј, па на некои корисници одобрува раскин без пенали, а на други им ги засметува во сметките.

Секој случај е посебна приказна и затоа не може да се одговори на мејл (мејлови) во кои нема подетални информации околу склучениот договор, поднесените приговори, и постапките на МТ.

Анонимен рече...

Само протести ке ги решат МТНЕТ