05 јануари, 2006

Е-Влада

Од вчерашните вести на А1:
По бројните празни изборни ветувања на скоро сите владеачки гарнитури, денеска профункционираа првите три канцеларии во Скопје, Битола и во Штип, каде бизнисмените за прв пат наместо во судовите, доставија барање за регистрација на фирма во Централниот регистар. (повеќе)
Последново не е сосема точно. Вчера на вратата на Централниот регистар имаше обезбедување кое ги враќаше луѓето кои имаа работа.
Внатре има свеченост за едношалтерскиот систем. Дојдете за саат-два.
Привилегија да влезат и први да го испробаат системот имаа само „избрани гости“ од типот на Гркот што го купил Сувенир од Самоков. Јасна симболика, со уште појасна порака: со самиот старт на едношалтерскиот систем се олеснети странските инвестиции. Граѓаните кои беа вратени од влезот баш ги болеше за странските инвестиции, избраните гости и говорот на Премиерот. За нив едношалтерскиот систем значеше еден изгубен ден.

И јас бев меѓу вратените. Требаше да извадам даночен број за Интернет Македонија. Ме изненадија во УЈП кога на шалтерот за нови даночни броеви ми рекоа дека тоа сега се прави во Централниот регистар. Посебно што во Законот (PDF, 235 KB) стои дека регистрите на други правни лица Централниот регистар ќе ги преземе до 30.9.2006, а започнатите регистрации ќе се завршат по старите прописи.
Да, ама сега ние по електронски пат ќе ги препраќаме сите даночни броеви на Централниот регистар, а тие ќе ги издаваат.
Супер. Како и да е, денес пак отидов во Централниот регистар и... пак не свршив работа. Од „едниот шалтер“ ме препратија на друг на кој ми рекоа дека не фатил расчекор - т.е. дека регистрацијата ни била почната по стариот систем, а завршетокот требало да се направи по новиот. WTF?
Допрва ќе држиме состаноци дали субјектите што се регистрирани во судовите пред Нова Година ќе треба да платат уште еднаш за регистрацијата - сега и во Централниот регистар - или можеби ќе се реши дека нема да треба платат или ќе треба да платат некоја пониска сума.
Ете, а јас имав илузии дека едношалтерскиот систем треба да донесе поголема брзина и помали трошоци. Разбирам дека при секоја реформа може да има непредвидени ситуации и компликации, ама оваа не беше спремана за два дена, туку беше планирана и спроведувана со години. Како во сето тоа планирање било превидено дека ќе има субјекти „фатени во расчекор“ стварно не ми е јасно.

Покрај вакви случаи, луѓе се жалеа и на други проблеми: неутврдени приходни шифри за уплата на тарифите на Регистарот, нејасни формулари за шифри на дејноста, итн. Во Централниот регистар се навистина љубезни, ама тоа не им помага на оние што имаат проблеми со регистрацијата, а единствен одговор што го добиваат е:
За тоа накнадно ќе треба да решиме.
Ќе чекам во понеделник да ми кажат од Централниот регистар што решиле, а во меѓувреме кратенката Е-Влада ќе ја читам како - ебате Влада.

16 коментари:

volan рече...

Ебати влада е точен назив, со за зал со килавата администрација заедно.

Каква нелогичност кажуваш. За ваков превид нечија чиновничка глава треба да падне (за жал на неговата фамилија)....

Пробав на сајтот на централниот регистар да прочитам нешто, но за жал нема ништо за тоа...

Нека ни е господ на помош со ваква ебате влада и ебате администрација....

Со ваква неукост Европа за нас ке биде уште долго време само сон....

volan рече...

БАНТУ МАКЕДОНЦИ

Судбина ни е да се споредуваме со Зимбабве.

После надписот на Дневник за тоа дека користиме интернет колку Зимбабве:

http://www.dnevnik.com.mk/default.aspx?pBroj=2947&stID=70028

Еве на усте едно место сме рамо до рамо со Зимбабве, со процентот или стапката на корупција.

http://www.nationmaster.com/graph-T/gov_cor

Зимбабве додуше тука ни водди за едно место се пред нас. Они на 23, ние на 24.
По нас следи Судан.
Нема да ме чуди да изникне некој надпис за ова како на пример БАНТУ МАКЕДОНЦИ.....

Па сега гос. Председателе за да свршиш работа кај нашата администрација ке треба да подмачкаш. Затоа земи си троа Лубриканти од предпредхониот пост, вањда ти останаа малку во џебот, за да ја подмитиш администрацијата ни....

Анонимен рече...

valjda ne ocekuvate preku nova godina so eden reset se da proraboti po eu standardi??? Pa ja imam 2 firmi registrirano, mi baraa agenti po 300 eur za registracija za 2 dena vo site institucii. Odbiv i me cinese 150 evra i 3 meseci od mojot zivot! Ova so e napisano ako proraboti (pa neka e i 9.2006) e miljon pati poarno otkolku so bilo.

bezvrska рече...

Постот се однесуваше на реформи што се воведуваат без (добар) план, како последица на што се случуваат вакви глупости. Ова не се спремаше од Нова Година, туку повеќе години и затоа нема оправдување за вакви утки. Јас немам ништо против реформи ама ако значат подобрување, а не маткање по нови шалтери, дополнителни трошоци и одлагања.

За да нема забуна, според законот новиот начин на регистрирање веќе важи за трговските друштва. Рокот до 30.9.2006 се однесува за останатите правни лица, меѓу кои и здруженијата на граѓани.

Анонимен рече...

vie ste celosno politicki nastroeni : ccc mislev deka site sme isti

Анонимен рече...

Celosno politicki rastroeni potocno kazano. I protiv vlada i protiv VMRO-ovci(go prodadoa telekom pod vakvi uslovi, pa sega barale pogolem rejting). Protiv sve politicar i politicarce i priuceno politicarce.

Анонимен рече...

Mrazam politicari.
- Strumf lutko

koledar рече...

"...Kolede, lede padnalo grede utepalo dede dede se machi Atila go kvaci za eden meba bit, bez limit KOLEDEEE..."

Im peev na MT i na Atila ali Djabe. Madjar si e Madjar Cicija

bezvrska рече...

@anonymous што импутира политичка настроеност:
Точно е дека сме политички растроени од разни сдсм-овци, вмро-овци и други овци поради кои сите сме во трло. Смешно е кога барањата до државните органи да си ја вршат работата за која се платени, се доживуваат како атак или поддршка на оваа или онаа опција.

@koledar:
Овие не со песна, со стап треба да се обработат.

Janica K. рече...

http://groups.google.com/group/hr.comp.adsl/browse_thread/thread/5910543830c50d23/2e89fa1f1bd51943?lnk=st&q=Internet+Makedonija&rnum=10#2e89fa1f1bd51943

volan рече...

Најпрвин честитка

РИСТОС СЕ РОДИ

Нека ни е честито, пред малку бројачот ја помина бројката на 70.000 читања.

77.000 / 99 дена = 777 пости / 3 = 257 просечно посетители дневно. Од тоа една цетвртина по мене се посети од стални посетители, а другата, се посети од повремени посетители.

Колкава е вистинската бројката на посетители на блогов? И колкава е посетеноста на Блогов во однос на другите блогови во Македонија?

Заради горните две прашања, предложив на админите на блогот да стават соодветен Сајт метар кој би ја споредувал посетеноста со другите блогови во Македонија.

Воколку сме навистина доволно бројно посетени, тежината на тоа што го пишуваме ке биде многу поголема.

Во една друга анализа, кажав дека оние сто постираат со Име се некаде околу 250 луѓе, останатите се анонимуси и ако ги поделиме со некој просек це дојдеме до приближна бројка од цирка 1000 луѓе кои се обраќаат на блогот.

Тоа значи дека само од тука секој седми корисник на АДСЛ услуга е директно информиран за проблемите.

А индиректно преку другите печатени медиуми и телевизии, бројката за информираност за проблемите на интернетот во Македонија е сигурно преку високи 70 проценти. Последнава бјорка е шпекулација.

За вистинска бројка ќе треба да ангажираме некоја агенција за ......

Анонимен рече...

UAAA site ovci.

Анонимен рече...

па добро не мора да сте сдсмовци и вмровци, може да сте лилјановци, титовци, тупурковци, ѕинговци...

во секој случај немате поима како да организирате независна акција. ебате револција

Анонимен рече...

kazi mu kako be batka ako znajs ti.

Анонимен рече...

se sobrale trojca ononimusi i tretiot im rekol na prvite dvajca "Ej, vie ste anonimusi"

Mrs more u PM.

Akal dva grama da imavte ke kazevte nesto

Анонимен рече...

http://www.a1.com.mk/vesti/
default.asp?VestID=56636