08 јануари, 2006

Лаги, проклети лаги и статистика

Популарен придонес за академската дебата: 70% од македонците никогаш не користеле интернет (А1)

Бројките кои ги наведуваат се главно од истражувањето на Метаморфозис. Благодарение на Филип го добив и фамозното истражување од Статистика, според кое некои странски сајтови имаат наведено 19,2% корисници на интернет во Македонија. Бројката во која не верував, навистина не била за верување - во неа се вклучени и луѓе што пристапиле на интернет и пред една година. Што се овие? Occasiоnal lurkers?

Еуростат е јасен: редовни корисници на интернет се сите меѓу 16 и 74 години, кои користеле интернет, во просек барем еднаш неделно, во последните 3 месеци пред истражувањето. Ако се земе оваа дефиниција, наместо 19,2% ќе се добијат 10,6% корисници. Друга работа е што Статистика долната старосна граница ја симнала на 15 години, па наведената бројка треба уште повеќе да се намали за и статистиката да ни потврди дека реалноста ни е тапа.

Уште еден индикатор што го користи Еуростат се однесува на оние што имаат интернет пристап од дома. Според Статистика, во 2004 таква среќа имале околу пет и пол проценти Македонци.

Интересна работа од истражувањето е една табела за причините за немање пристап на интернет: околу 55% навеле висока цена на опремата, а скоро половина висока цена на пристапот. Ај сега Коте од Телеком да понуди интернет пристап и опрема по ниски цени, пошто развојот на интернетот во МК им била „стратешка определба“.

21 коментар:

Јован рече...

Сепак испадна по мое, „пенетрацијата“ е двоцифрена? :)

(коментарот е наменет на сите учесници на истоштувачката дебата последниве месеци и не е злонамерен).

bezvrska рече...

Зависи колку 15-годишници испенетрирале од статистика :)
И зошто не ја кажуваш и другата бројка од „скоро 6%“?
Има и други зафрканции околу методологијата ама ај да не испадне дека имам криви очи :)

srebre рече...

Двоцифрена е,ама во сантиметри,затоа толку добро ја чувствуваме...ај имаме ние добри простати...

mkd_Stefan рече...

Не е ни важно дали е 10 или 6%. Јасно ни е на сите дека ситуацијата ни е ТАПА и дека сите треба да го направат своето за да стигнеме барем до 25% во наредниве 2-3 години инаку се повеќе и повеќе ќе заостануваме.

Jovan рече...

и?

Анонимен рече...

и ништо, пак го дрвите...
Не боли к** за статистички податоци, ама баш ништо не ни мења ако го знаеме ова... Нели нешто флаери, кампањи ќе се правеа поорганизирано, одкоа ќе почнеше легално НВО-то да работи?
Тапа. Ова ко Монти Пајтон, ај ќе седиме ќе рачунаме проценти, а јован и компанија ќе се расправаат во километарски постови за разликата од неколку % у наредните месеци, може така?

drvi ku* рече...

Не ми е јасно како можете да се залажувате дека има доволен број на корисници на интернет и дека тој процент е пресуден во сета оваа работра. Ако некој треба да се праша и види тоа е граѓанинот кој плака и користи. Тој вели дека тоа не го прави воопшто или пак го прави од работа. Дома нема интрнет има компјутре има услови, скап му е, не им верува на ниту еден ебам интернет оператор и сака стабилен, ефтин, брз и неограничен интернет- како во бајките. Бајки во македонија, во сите останати земи од третиот свет реалност. Па ајде малце да дрвиме како до поголем број на корисници!!!

drvi ku* рече...

Не ми е јасно како можете да се залажувате дека има доволен број на корисници на интернет и дека тој процент е пресуден во сета оваа работра. Ако некој треба да се праша и види тоа е граѓанинот кој плака и користи. Тој вели дека тоа не го прави воопшто или пак го прави од работа. Дома нема интрнет има компјутре има услови, скап му е, не им верува на ниту еден ебам интернет оператор и сака стабилен, ефтин, брз и неограничен интернет- како во бајките. Бајки во македонија, во сите останати земи од третиот свет реалност. Па ајде малце да дрвиме како до поголем број на корисници!!!

volan рече...

@ drvi ku* said...

Констатацијата ти е веројатно и точна, но немаш предлог за решавање, само прашање.....

Само за себе поставено прашање и констатација не е доволно, ако нема предлог како до целта.....

volan рече...

Безврска,

За мене тоа “Истражување“ што го правела МК-статистика, пошто не даваш линк од “Истражувањето“ е сеуште фантомско и не постои....

Jovan рече...

како што забележуваш, километарските постови ги заменив со суштинско и ултракратко „и?“.

А и Волан убаво рече - само прашања се поставуваат, тоа „и?“ беше наменето да се понуди решение. Конструктивно.

Инаку јас мислам дека има страшно малку интернет корисници. Расправата околу процентите беше академска ама се разгори заради лични страсти :)

Анонимен рече...

Za Jovan


http://www.yutrend.com/rubrike/praksa/

Анонимен рече...

i ova

http://slashdot.org/article.pl?sid=05/12/05/191205&tid=131&tid=146

Анонимен рече...

Jovan

moljate prasaj ga Gruevski od kaj mu podatoci:

The degree of progress of the nation, in terms of education but also in other areas, can in a way be grasped by the number of Internet users. The average Internet penetration (number of users) in Member States of the EU for the year 2005 amounts to 49.9%, while in all of Europe (including the non-member states of the EU) amounts to 35.5%. Countries with the greatest number of Internet users in Europe are: Sweden (73.6%), Germany (56%) …, while in the Republic of Macedonia the percent of Internet penetration is only 4.9%. Only two countries in Europe are behind Macedonia: Albania with 1% and Bosnia and Herzegovina with 2.2%. All other neighboring countries are far ahead of us: Bulgaria with 20.5%, Croatia with a very high 52%, Greece with 33.9%, Serbia and Montenegro with 7.9%. The average growth of internet users for the period between the years 2000 and 2005 amounts to 131.6% in Member States of the EU, while in all of Europe it amounts to 151.9%. The most drastic example of growth of the number of users of internet services is Croatia, where the number of users in the period 2000-2005 increased for 1059%.

http://www.vmro-dpmne.org.mk/english/vesti/vest.asp?id=137

Mozda cevek znae nesto.

Анонимен рече...

Za onie koj ne slusnale:

http://www.totaltele.com/View.aspx?ID=2269&t=1

Јован рече...

Ај да не се враќаме на процентите беспотребно, мислам дека „издашно“ ги разгледавме сите работи и донесовме заеднички заклучоци.

Но овој линкот од Тотал Телеком е интересен, ќе го ставам на мојот блог. Благодарам. Иако не знам кој е ќеифот на пишување на анонимни коментари...

Анонимен рече...

koga gi pcujat anonimusite ne ima mnogu pa ne znaes kogo pcujat. A se pocesto na blogovite citam pcovki, ama toa ni e nam Makedoncite vo krv. Zatoa sum vaka pomiren nikoj ne me pcue

Анонимен рече...

OFF TOPIC:

Mesecov (Januari) iam napraveno nesto preku 7 GB soobrakjaj, megjutoa brzinata si ostana t.e ne me namalija ekspresno na 64 posle pominatite 4 GB (kako sto bese toa prethodnite dva meseca). Dali i kaj nekoi drugi se ima deseno ova?

(Se izvinuvam za off topicot)

Анонимен рече...

Аман веќе со тие буквално преведени американски изрази. Многу киснете на web.

Анонимен рече...

јас исто не сум намален на 64 дали нешто се случува или ?

Некој да потврди

Анонимен рече...

дали мтнет пуштиле душа во новат година или