10 јануари, 2006

Брат за брат, интернет за сирење

Здружението на земјоделски производители „Виножито“ од Кичево од вчера за секоја купена канта сирење дава и месечна картичка за интернет од 200 до 400 денари, во зависност од купената стока.

- Ова е интересен обид да се обезбеди пласман на квалитетно сирење од падините на Бистра - велат во здружението, јави МИА.

Фармерите истакнуваат дека на ваков начин сакаат да освојат нови потрошувачи од помладата популација. Покрај сирење, тие нудат и мед и компир под истите услови...
(преземено од Дневник)

2 коментари:

Анонимен рече...

Biznis si e biznis.

малиот рече...

Најискрени честитки и почит кон здружението Виножито.

Очигледно дека напатените земјоделци во оваа држава имаат визија за иднината на Македонија и нејзината младина, за разлика од оние самобендисани морони кои седат во влада и јадат гомна за европа, е-влада, интернет и сл работи кои ни ги разбираат ниту интересираат.

RESPECT