11 јануари, 2006

Слепило

Админиот на блогот „На денешен ден“ објави информација за продажбата на МТ од пред пет години. Линк до постот остави и во свој коментар на р-Еволуција. Тоа не беше доволно па уште три пати го копираше подолгиот напис во коментар на блогов. Кога еден од админите му ги избриша повторените коментари, но не и првичниот линк, талентов револуционерно извика:
Оваа вест се обидов да ја објавам како коментар на блогот р-еволуција кој требало да се бори за правата на интернет корисниците. Тие брутално ја избришаа. Толку борба за демократија, грижа за корисниците. Всушност грижа за брз заборав и партиски војници! НЕ ИМ ВЕРУВАЈТЕ НА ПАРТИСКИТЕ ВОЈНИЦИ ОД Р-ЕВОЛУЦИЈА!!!
Браво, бе момак. Твојов светол пример покажува дека уште долго ќе си патиме... од паметот. Еве, специјално за овој и останатите што гледаат само две бои на светов: ВМРО го шитна МТ под идиотски услови и за смешни пари. Веројатно со причина која им се материјализирала на некои вистински партиски војници.

Она што не го сфаќам е како ваквото епохално „откритие“ ни помага да добиеме подобар и поевтин интернет?

Добронамерен совет до админот на „На денешен ден“: пред да се истрчаш со безвезни обвинувања научи се прво на бон-тон. Повеќекратни идентични постови „брутално“ ќе ти ги избришат на секој добар форум или блог. Уште поважно: фрли ги тегет-црвените цвикери. Може ќе прогледаш.

56 коментари:

Анонимен рече...

Najverojatno videl kako porasna posetata kaj mijalce i jovan, koga objavija poraki koi ne zasegaa, pa pomislil deka i rejtingot na negoviot blog ke se pokaci ako ne vkluci so nekoj tema kaj nego.

Ne e bitno, covekot sakal da pokaze sto pravi i neka mu e so sreca.

Steta e samo sto dobri i konstruktivni diskusii od koi mnogu ludju mozat da naucat se prekinuvaat na ovoj nacin

bezvrska рече...

Пред да бидеме вака „брутално“ прекинати си муабетевме за интерконекција, референтни цени, АЕК...

Во случајот со Кософон АЕК беше брза да преземе законски мерки против неколку ситни фирми. Образложението беше дека ќе може да работат кога ќе склучат договор за интерконекција со МТ/Мобимак. Да имаше верификувани цени и услови за интерконекција тоа ќе беше ОК. Но такво нешто немаше и се уште нема. Што да прават овие фирми? Да чекаат со месеци, може и со години за АЕК да утврди она што веќе требаше да биде утврдено?

Анонимен рече...

НИШТО НЕ ПРАВИ МЕ ВАКА


САМИ РАБОТИТЕ КЕ СИ ДОЈДАТ НА МЕСТО .
КАЈ ДА Е 2 ГОДИНИ КЕ ИМАМЕ 512/256 20 ГБ ЛИМИТ

Анонимен рече...

Prvo na anonimusot.

Ne go citaat blogot samo ludje koi ja znaat nesto za problematikava, pa taka sekoja diskusija e korisna vo toj pravec. Pa celta na blogovite e da se ramenat mislenja i od niv nesto da se nauci. Ne e prepukuvanje ni dokazuvanje.
A toa ne mozam da vi kazam itn ili sega ne mozam, ni e poznato uste od mikei.

Bezvrska,

verifikuvani ceni ne mora da ima, ako razbrav telekom ima ceni i ke gi naplaca tie ceni, a ako AEK gi namali ke se kompenzira razlikata, sto u princip za firmi koi sakaat posteno e fer.

Sega ke ti dadam eden primer, zosto firmive so IP ne sakaat da prifatat "nikakva" cena od telekom.

http://inside.com.mk/

najniska cena e .03$ ili okolu 1.5 denari.
Samo da go rutira ovoj poziv i da odi preku skype , prema skype ke plati 1 denar ili zarabotuvacka od 50%.
(da ne spominjam sto skype dava rabat za routiranje preku niv)

E sega ovie se partneri na net2phone i tamu za 40$ imas unlimited so cela evropa, sad i canada. E sega izracunaj koja zarabotuvacka e tuka???

Ako treba da plati za interkonekcija nema sansa da ponudi za taa cena.

Zatoa sto i da ponudi telekom nema da se prifati.

Steta sto nasiov narod e neuk pa internet kafinjata da si zemat account kaj net2phone, ili trafikite ili bilo koj i da si ja nudat taa usluga vo obraten smer. Za toa nemoze telekom nisto da im napravi posto preku IP phone i internet (znaci ne preku lokalen telefon) ke si imaat niska cena.

Problem kaj firmive e sto vrzuvanje so svetska firma za ip iziskuva i lokalno terminiranje na uslugite koi gi nudat prema Makedonija, e tuka gi krsat pravilata.

No, mene licno toa ne me zasega. Me zagrizuva sto AEK ne reagira na ova, ne reagira na 1W od onnet, utre moze i ultra so wifito nivno da pusti povisoka snaga, i se stvara haos a AEK si kuti.

Toa e problem

Анонимен рече...

Регионалниот пат до АЕК масовно од цел град

Анонимен рече...

Do bezvrska.
Veruvaj mi 40$ unlimited e marketinski trik,plati i ke vidis
Vo vrska so AEK ke te prasam dali se imas zaleno protiv zracenjeto na ONNET vo AEK? Ako ne togas ke ti kazam nesto vo druga prilika

Анонимен рече...

se sobravte se utesivte i si rekovte mnogu sme jaki

Анонимен рече...

http://web.net2phone.com/consumer/voiceline

vo sto e trikot???

Анонимен рече...

Trikot e sto ima maksimalen ogranicen broj na minuti.
ke objasnam se so fakti drug pat
pisuvanjeto od mobilen me ubiva.

Анонимен рече...

Plan Description: Europe Unlimited -

Outbound Minutes: Unlimited minutes to certain European countries
Inbound Minutes: Unlimited inbound minutes

In-plan destinations: Austria, Belgium, Czech Republic, Denmark, France, Germany, Ireland, Italy, Netherlands, Norway, Portugal, Russia (Moscow, St. Petersburg), Spain, Sweden, Switzerland, United Kingdom and Vatican City. Cellular locations are not in plan.

Calls to U.S. and Canada are included in the plan (including cellular destinations).

Calls to Puerto Rico and U.S. Virgin Islands are also included in the plan.

volan рече...

Ingenioznosta na Telekom - gragjanski protest!

http://on.net.mk/statija.asp?id=12726

Алек еве усте една намачена душичка, во борба со Ветерниците....

Пример за писмото до АЕК...

volan рече...

http://forum.idividi.com.mk/forum_posts.asp?TID=2516&PN=1

Оva e link od eden post na forumot Idividi-post od Francija kako sto razbrav.

Плаќам само 29,99 € за неограничена фиксна телефонија (буквално можам да отечам на телефон), имам 400 телевизиски канали во нумерички квалитет и неограничен интернет чиишто карактеристики се следните :

Со вклучен сервис телевизија :

Downstream 7506 Kbps (938.3 KB/sec) 8106 Kbps (inc. overheads)
Upstream 876 Kbps (109.5 KB/sec) 946 Kbps (inc. overheads)

Без сервисот телевизија :

Downstream 7538 Kbps (942.3 KB/sec) 8141 Kbps (inc. overheads)
Upstream 880 Kbps (110.0 KB/sec) 950 Kbps (inc. overheads)

Во Македонија овие цени ги нема. Зошто е тоа така и како е можно во земја како оваа во којашто живеам со 10 пати повисок стандард од Македонскиот да плаќам помалку одошто таму?

Ај повелете искажете се : знаеме дека оваа тема е многу чувствителна.

П.С. Знам дека форумот е продолжена рака на МтНет и дека некои од членовите ќе се обидат да ми противречат ама факт си е факт.

Заради ваква слична понуда ли МТ денеска најави дека ке ја покрива цела Македонија со Кабел за сателитска ТВ?

Анонимен рече...

За францускиот пакет:
Ако се сеќавате, имаше на блогот сторија за Самсунг, кој си отиде од МК во Хрватска......
Во случајот со Самсунг се користеше електричната мрежа.
Не е чудо наскоро Хрватска да ги понуди пакетите преку нивното неприватизирано ЕСМ.

volan рече...

МТ Нет дефинитивно ја прекинаа, комуникацијата со своите корисници преку интернет - Зошто?

Па до пред некоја недела на форумот на Идивиди имаше куп топици за искуствата и проблемите на корисниците на Интернетот.

Веројатно поради тоа сто МТ Нет не трпи критики од никого, топиците и постовите се избришани. Погоре успеав да најдам само еден единствен пост со критика.

http://www.mt.net.mk/Produkti/InternetPristap/ADSL/diskusii.asp

Итука можете да видите дека последните дискусии со корисниците ги имале во април 2004.

Сега прашувам каде може да се изрази незадоволство од улугите на МТ Нет. Осатанаа само усте неколку салона, каде од викање и пцуење по теткиците не ти се оди или на телефонот 0800 12345 . Каде што и да ги прашаш - као не се сигурни кога ке биде и како ке биде.

Како мисли МТ Нет да ја гради довербата со нас , со тоа сто секојпат кога ке зборува за нас ке не омаловажува и навредува???

МТ отиде предалеку во покажување на своето право (монополско) лице.

Тие иако се најуспешна компанија по остварениот профит во МТ (читај дерикожи), во неколку последователни години одпустија скоро 30 проценти од своите вработени.

Во постот што му го бришевме на анонумусот тогашниот одговорен на Маѓар телеком ветуваше дека ке нема одпуштања-НИЕДНО.

“...Се предвидува вкупните капитални трошоци да изнесуваат повеќе од 630 милиони евра за 7 години...(велееа тогаш)“

Знае ли некој колку од овие ветувања на Матав се исполнија?

Анонимен рече...

telekom+AEK=unistuvanje na MK so konecen rezultat povlekuvanje na zemja kandidat za clenstvo vo EU i voveduvanje na sankcii

Анонимен рече...

Za Volan,

koga imas pazar kako Francija, 60 milioni so 42% internet penetracija, ne mozes da ocekuvas deka nekoj ke se pali na brzina i cena. Tamo igraat drugi igri, kabelska televizija, telefonski razgovori, video on demand itn itn. Togas i da zemes 3 posto od pazarot toa ti e kako cela Makedonija sto imaziteli. Pa pomnozi go toa so 30 evrejcinja doadjas do cifricka od 54 milioncinja mesecno ili okolu 600 godisno. Kako sto gledas nekoj igrac kako Deutche telekom ima interes tamu da bide no1 a vo selo kako nasevo kade ima samo kikiriki sekako e prv. Zatoa i tolkav e interesot na Germancite za vakvi pazari, ama strateski prisastvoto im se broi kako zemja, koga se davaat podatoci na berza kade sobiraat mnogu povece pari.

Zatoa i ne pravete vakvi sporedbi. Nase merilo treba da e tuka, bosna, moldavija, albanija, malta i samo nekoj africki zemji (ne zaboravaj deka vo oblasta na telekomunikacii mnogu africki zemji se daleku od nas). Ne vredi ni pazarot vo srbija i bugarija da gi sporeduvas tie se 4 do 5 pati pogolemi od nas. Hrvatska nese sporeduva zatoa sto e blisku do site magistralni patista pa sekoj moze da donese backbone tamu eftino i togas mora da si konkurenten i cenite da se niski [samo za potsetuvanje Hrvatska e edinstvena zemja na Balkanot koja pored Bugarija (ne e celosen) ima peering].

Makedonija e supakot na svetot. Daleku sme (sem grckiot) od bilo koj asalen bacbone i mt gi drzi site konci vo igra.
Neotel sega ima ne povece od 10Mbit posto so radio link tolku moze da donese a tolku i site drugi mozat da donesat so radio link.

Da se pustat nekolku fiber linka da vidis kako cenite ke padnat i tuka.

Zatoa i mislam deka ne treba da se zanosime deka bilo koj ke ponudi poniski ceni (dirigentot e MT). Nasa borba e da izvleceme maksimum sto moze od ovaa situacija i da ne marime kako e vamu ili tamu.

Se ima pricina, zasto e taka.

E za da uspeeme treba malku nivoto da ni se pokaci. Da go napustime mentalitetot abe nisto ne praime, nisto ne praite ili nema nisto da napraite.

NVO-to se napravi, ama do sega ne vidov kaj clenovive na blogot kako da se zaclenat, sto da napravat.

SITE CEKAAT NEKOJ DRUG DA IM GO RESI PROBLEMOT.

Za zal na toj drugiot mu se dupnale gumite na vozot pa ne moze da stigne.

ZDUZUVANJE e lekot a ne kukanje kako e vamu ili tamu.

Dodeka nie kukame nekoj ne muze.

Sega posle ova prviot odgovor ke bide "makedoncinja....".
Sekogas bilo i ke bide, makedonskite revolucii traat kratko i se uspesni samo po toa sto se slucile inaku nemale nikakvi rezultati. Mislev deka ovaa ke bide poinakva, sobrani arslani, mladi, intelektualci ama za zal virusot na neuspehot seuste vladee vo Makedonskiot vozduh

Анонимен рече...

Francija ke go iskoristi ovoj argument zosto bese protiv soglasnost MK da stane zemja kandidat.

MITO KORUPCIJA I UNISTUVANJE NA EKONOMIJA=kandidat za stavanje vo izolacija od svetot

Анонимен рече...

Ej so internet ili bez nego, Makedonija ke vleze vo EU, onoj moment koga ke treba nekoj da se potkusuri. Zatoa ne mesajte babi i zabi. Ostavete ja politikata ponataka od ovoj blog

Анонимен рече...

uste ednas masoven pritisok do site medjudnarodni organizacii i pretstavnistva.
ke ima efekt veruvajte, ali obavezno i do ungarskite pretstavnistva

Анонимен рече...

So sto ke gi pritisneme. Sega dogovorot im e ispraven, a cenata ako ne ti se dopadja odi kaj drug (bezvrska sega ke uleta: dogovorot im e neispraven), ama so sto ke gi pritisneme a niv da im bide realno???.

Koga vikas ke ima efekt kazi i kakov i od sto

Анонимен рече...

telekom pak ke go poskapuva lokalniot impuls

bas ubavo epten kejf mi napravi

taka mu treba na ovoj narod

Анонимен рече...

argumenti ima vo 90% od zakonot za ek.
copy na clen po clen od zakon so fakti na realnosta momentalno posle sekoj clen pa neka dokazat deka e sprotivno (inace oni ne go priznavaat noviot zakon)
djabe im e veke i koncesija sto ja imaa

Анонимен рече...

me interesira dali nekoj znae trafikive kade sto moze da se iskoristi najobicna telefonska usluga dali imaat nekoj poseben dogovor, jas dosega sekade naidov deka tie imaat obicen pretplatnicki dogovor

volan рече...

Јас само ке казам дека правдата е спора ама е достижна.....

Е сега за калимеровци ова не се однесува.

Постапката за докажување на правдата, т.е. каде се МТ Нет го крши законот за НВО-то само што почна, и нема никојпат да предстане.....

Заштитата на интересите на Интернет корисниците е една од најважните цели на НВО-то....

Анонимен рече...

LUDJE
gorenavedeniot post ako ispadne deka stvarno poseduvaat obicen pretplatnicki dogovor, AEK ima da se cudi kakva greska napravila

Анонимен рече...

i jas ke eve izjavuvam deka denes GOLEMA pravda pocna da se tera, pocnuvajki od narodniot pravobranitel kade sto veke se podgotvuva celiot predmet, samo treba sto poveke pritisoci do instituciite

Анонимен рече...

jas ve podrzuvam moralno kako organizacija ali nema da se zaclenam od edinstvena pricina sto podobar efek ke se postigne ako se dejstvuva od poveke mesta a ne samo od edna organizacija.
znaete ona koga vo maalo eden komsija e skaran so site drugi komsii, koj e krivecot?

Анонимен рече...

vnimavajte koga pracate mejlovi, i tie se "prisluskuvaat"

volan рече...

Директно влијание на цените не можеме да имаме.
Ние сме земја со устроено пазарно стопанисување. Само пазарот е тој што ги регулира цените.
му
Пазарот на интернет кој нас не интересира, го регулира по Законот за ЕК - АЕК.

За сите недоследности на пазарот на Интернет одсега натаму ке се обракаме прво директно до конкретната ИСП-компанија па понатака кај АЕК и останатите инспекторати...

За АЕК од сега па натака ке бидеме ноќна мора.....

Александар З рече...

Заради ваква слична понуда ли МТ денеска најави дека ке ја покрива цела Македонија со Кабел за сателитска ТВ?

Ова првпат го слушам. И ми отвори едно прашање...

Вака, во К.Вода, за да си ставиш кабелска (на која може да има и интернет, нели) треба да платиш 3000 за инсталација. Не знам како е во другите општини/пашалаци. Месечна претплата е 600 ден.? Може е и 300, не е важно. Добиваш канали какви што ти пушта операторот. Е, добро.

Во Соње стариот купи сателитска со мотор плус приемник (рисивер) за 15000 денари (еднократен трошок). Имаме најмалку 1000 бесплатни канали на 7 сателити (за два ни пречат нашите елки, за еден ни пречи тополата на комшиите. Не мислиме да ги сечеме, ниту да монтираме повисока бандера, и 1 сателит е премногу).

Прашањето ми е - зошто би му плаќал на кој било оператор (односно, зошто би се врзувал со договор) кога ми е мнооогу поевтино да се врзам сам? (сателитска без мотор плус приемник е 12000 денари). Не ми е јасна логиката на кабелските што само пренесуваат сателитска програма. Каква дополнителна услуга нудат? Имаат преводи на странските програми? Имаат специјални емисии? Каква „додадена вредност“ ќе понуди МТ на својата кабелска?

Се извинувам ако коментарот не е за тука, ми дојде :)

Анонимен рече...

direktorot na AEK veke e bolen,
covecki e covekot da ozdravi pa da se "udri" po AEK i sobranie koe e direktno nadlezno za nejzinata rabota iako e nezavisno telo

Анонимен рече...

JAVEN POVIK DO KOMISIJATA NA AEK
Itno da se preispita rabotata na AEK i da gi prevzeme site zakonski prava i obvrski

volan рече...

За Александар З

Види, веројатно предноста кај кабловските во однос на само поставување на сателитска е во:
-дава програми кои се скрамбловани или шифрирани.
-ги дава локалните телевизии кои не одат на сателит.
-Се очекува дека телевизијата це се дигитализира 100 %
-Интернет, веројатно интернет е сепак многу побрзу преку кабел во однос на бакарните жици.

Заборавив да казам МТ изрази интерес, т.е. најави дека ке се уклучи и на безжичниот пазар на Интернет, и тоа сериозно...

Анонимен рече...

agencija itno ke treba da vrabotuva nov kadar po toa sto ke ja snajde.

YEEEEEEEEEEESSSSS

kakov dokument najdov, samo koga ke im kazam, mu posakuvam na direktorot sto poskoro oporavuvanje

Анонимен рече...

da zivee utresniot den petok 13-ti

Анонимен рече...

Sekoj eden ITNO da si go zeme dogovorot za telefon vo raka i vnimatelno da go procita (ova se odnesuva na postarite dogovori) ima stavka kade telekom se obvrzuva da vi vrati uplata za linija odnosno onie 1000 DM na vremeto sto se uplatuvaa kako kreditiranje na telekomot.
Moze da mu se nanese ogroma materijalna steta na gospodinot Telekom.

Анонимен рече...

Pri kupuvanje na telekomot, toj bese iscisten od dolgovi, taka da so toa mozebi samo mozes da ja tuzis drzavata koja togas bese sopstvenik na telekomot, no so site transformacii mnoooooooogu tesko

Анонимен рече...

jasno ali reketarskata kompanija gi prevzemala tie dolgovi i veke na nekoi im se vrateni sredstvata
ne e bitno koj ke gi vrati, dolg si e dolg, dogovor si e dogovor i tamu stoi mnogu jasno objasneto.
Na sekoj eden denes ubavo ke mu dojde baksis 500 EUR plus opredelena kamatna stapka po istekot na pet godini.
Dali od telekom dali od drzavata ili nekoj tret ne e bitno.
Site tie se vinovni za slucuvanjata vo ovoj sektor, pa sega neka mu ja mislat

Анонимен рече...

"jasno ali reketarskata kompanija gi prevzemala tie dolgovi i veke na nekoi im se vrateni sredstvata
ne e bitno koj ke gi vrati"

e ova ne sum go slusnal, znam deka oni sobiraat pari a deka oni vracaat toa prv pat slusam, i iskreno mi zvuci neverojatno

Анонимен рече...

"znaete ona koga vo maalo eden komsija e skaran so site drugi komsii, koj e krivecot?"

Ima edna stara prikazna za tatkoto sto gi sobral skaranite sinovi. Sekomu dal po edna debela pracka i im rekol da ja skrsat, sto i go napravile, potoa zemal tri debeli pracki, gi vrzal zaedno i im dal da gi skrsat. No i pokraj site napori i sila nitu eden ne uspeal da gi skrsi.

Naravoucenie: Zaedno sme pojaki

Анонимен рече...

i mene taki mi zvuci ali taka imam nacueno

Александар З рече...

Волан,

уб`о тоа што го викаш, ама сиромавиот секогаш плаќа двапати (најмалку).

Анонимрз,

дај кажи процедура да им ги соберам тие 3000 „милијарди“ динари на телкоси?

volan рече...

ТЕЛЕКОМУНИКАЦИИ
"Неоком" се подготвува за фиксна телефонија

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2959&stID=70988

Ова веќе го расправавме, несто ни каснат новинариве?

Анонимен рече...

Da ve potsetam deka internetot e interaktiven pa taka dava moznosti koi kabelskite moze da gi sanjaat. Dali ste slusnale za Tivo, izvonreden servis koj sljaka vo Amerika, pa video on demand , si naracas film i si go gledas ti koga sakas itn itn. Site operatori nadvor vece pustaat tv, a za nas toa znaci pobrz prenos, zasto na 64K tesko tv ke gledame.

Ne e bitno, i pokraj nekoj nebulozi, im cestitam na ludjeto. Za razlika od lesinarite okolu niv, koj samo cicaat pari od svoite korisnici i ne investiraat vo nisto, pocnuvajki od prviot provajder Unet, pa MOL pa Onnet, Mtnet barem investira vo oprema probuva novi raboti. Toa sto biznisot im go vodat kako i sekade priuceni toa e druga rabota (kaj ovie e problemot i toa sto mislat deka znaat nesto). Sepak so instalacijata na Neotel ke dobijat dogovorna konkurencija, ke gi sjebat site okolu niv i potoa ke si go podelat pazarot so isti ceni. Vo Mikei bil Popov so Atilceto ni, sto bi rekol Volan, ako ne se lazam

Анонимен рече...

Volan, ne se krstete mnogu na taa vest. Vo Neokom i vozduhot sto go dises e skap

Анонимен рече...

procedurata za baranja na onie uplatenite pari ke se obidam detalno da ja doznaam pa ke ja objavam

Анонимен рече...

momentalnata cena na ovoj internet kakov sto e znaete kolkava e pa ne vredi voopsto da se diskutira kolku ke bide so site tie uslugi a posebno cena na eden film

Анонимен рече...

Nema seuste nikakva dobra internet ponuda. Mozebi dogodina da se nadevame.

Анонимен рече...

Ako samo sedite i cekate, mozebi ni togas. Priklucete se na NVO-to i borete se za sebe i za drugite.

Анонимен рече...

priklucete se na mvoto i ke dobiete specijalen paket - nvo kniska i partiska kniska za bezpari

bezvrska рече...

Јок. За партиски мајмуни имаме ептен специјален пакет: секој ден по 24 часа им пуштаме говори од нивните омилени дилери...пардон лидери. После едно недела дена, шокот, од неспиење и од бисерите што ги чуле, им го елиминира условниот рефлекс својот мозок да го заменуваат со туѓ.

Анонимен рече...

Za tipicno Makedonskiot anonimec seirdzija. Eve ti eden link kade ke uzivas:

http://www.macedonians.co.uk/forum/index.php

So ovie mozes da se karas kolku sakas, posto niv nisto ne im cini (cest na izuzetci) i postojano se karaat, koj komu makedonstinata mu ja povredil.

IDI IDI SRECO MOJA ....

i uzivaj

PS jas sum po srpskite Seseljovec sto ke prais

Анонимен рече...

Ej abe vie struja ste bile (brz internet vrska) me razbirate. Em partiski majmuncinja za zaebancija ke si soberite em rabota ke si brkate. Toa se vika dvoen kef.

Александар З рече...

Ехо

http://www.macedonians.co.uk/forum/index.php

Аномирз, фала ти на линков, одамна не сум се смеел така.

Дечки,препорачувам - особено темата „македонштина“. :)

Владимир рече...

Александар З. , форумот е боли глава, па држава со ваква ДИЈАСПОРА, не треба да се плаши за својата иднина.
Еве веќе повеќе од два саата читам и не можам да прекинам да се чудам и да се смеам. Овие не се нормални.
Инаку проверета ја и оваа тема на форумов :
http://www.macedonians.co.uk/forum/index.php?act=vtopic&tid=375

Тука нашите домаќинки од дијаспората си раскажуваат СЕСКУАЛНИ искуства, дури и си даваат совети како повеќе да го возбудиш инертниот АНГЛИСКИ сопруг.
Ете што е маката на македонската жена од дијаспората:)

Анонимен рече...

Da znaev deka i vie ke uzivate porano ke vi go dadev linkot. Inaku ako gi citavte temite na koi se karaat okolu nova godina, taa me inspirirase na anonimecot koj non stop bese vulgaren da mu go dadam linkot pa da im se prikluci.

Forumot e eden od poiteresnite, bidejki cesto posetuvam forumi kaj sto postiraat makedonci, ako ste zainteresirani ke vi postiram stom ke naidam na pointeresen.