24 јануари, 2006

Почитувани корисници...апстинирајте!

Повторно драматични најави од интернет провајдерите. Не паѓаат цените, не се подобруват услугите, туку на сцена пак се вратија мрачните сили со разно-разни напади. Внат- решниот и надворешниот непријател сакаат да го кутнат митот за безжичната земја каде наголемо фрчат донации на АДСЛ. Лани се прославија МТ со неколкуте денови никаков интернет, а сега и ОнНет насекаде се жали на слични маки. Ваквите дешавки завршуваат само со алузии за „злонамерниците“ и кри- вичните пријави што ќе следат. Најдебелиот крај традиционално го извлекуваат корисниците. Тие ќе бидат „малку“ отсечени од светот, а на крајот на месецот ќе им дојде сметка како ништо да не било.

Е сега, има една работа која се вика Закон за електронските комуникации. Во него има одредба со која во ваквите случаи се пропишува враќање на претплатата и исплата на обештетување на претплатниците. Пред некој да се залета да сонува милионски суми, вреди да се каже дека одредбата не се применува. Агенцијата за електронските комуникации има дежурно алиби: Правилникот за тоа е во изработка.

Во идниот правилник ќе стои дека корисниците имаат право на обештетување само ако има 48 часа континуиран прекин на услугата. Што се два дена без интернет? И онака служи само за мкнење порки. Вежбај малку апстиненција.

26 коментари:

volan рече...

Овцава ти е типично Македонска, неквалитетна со многу малку вуна....

Тоа ке да е разлогот зошто е скап интернетот. Нема вуна од една овца па треба често стрижење.... :)

А да се потруди овцава малце повеќе да пасе по голите ридови наши (ова ќе го предложеше еден наш познат блогер, а не туку да се жали како скапо и било сеното купено кај монополот)- па така понапасена ке биде поарна и тогаш интернетот ке ни блеска....

Некако и погледов на овцава е дезорјентиран и изгледа изгубена во свемирот, или мозеби мисли за кого да гласа ? ......

Сеа кој е крив за ова овцава или овчарот....

Анонимен рече...

11 casot pomina, mene uste ne mi e jasno. Onnet javi se, Onnet javi se, Onnet javi se.


Abe se im e vaka, usta carapa a zine smrdea izlaga od nea

bezvrska рече...

Еве се јавија од ОнНет со малку шминка, побрзо отворање и можност за даунлоуд од странство... плус трендо добил другарче.

Анонимен рече...

типично зајадливо, одвратно назадно и досадно.

ile рече...

Вака ке биде барем уште 5 месеци минимум без промени , па после тоа ке види ме што ке се биде

Анонимен рече...

E pa ima i zeni za Volan, za wifi ako saka. I paketot e super 8GB so 768Kbits za 2350den. Isto kako mojot ADSL samo pobrz i so dvojno pogolem cap.
Arno ama jas vo mesecot siminjam po 20GB (4gb so 368K a drugite kako ke mi dadat ama pod 20 uste ne sum bil) e za toa kaj mojot prijatel Onnet (moram da priznaam vcera prv pat im ja vidov stranata a denes vtor pat, znaci novata i najverojatno posleden pat) toa ke me cini mnogu mnogu povece.

MDS, Onnet sto li ke bide slednata prevara

Анонимен рече...

Ej zeni mi se u pamet, Volan izvini ceni ima posto ti se zalese deka nema ceni, zeni ima ama Moldavki

Анонимен рече...

Tipicno za Trendo, ulicarski, nisko, pokvareno i uvredlivo. Deckoto e uber alles. Samo sto vo negoviot slucaj alles e dnoto na nasevo opstestvo. Me cudi firma koja sebe si se smeta za nekoja vodecka vo nekoja oblast go dozvoluva ova na svojata web prezentacija.

Jadna zemja, jaden biznis.

volan рече...

“Anonymous said...

E pa ima i zeni za Volan, za wifi ako saka....“

Таман ме израдува, по старост да омрсам брк, кога веднаш потоа ме олади со цените....

Анонимен рече...

***paketot e super 8GB so 768Kbits za 2350den. Isto kako mojot ADSL samo pobrz i so dvojno pogolem cap.***

Да, само што после тие 8 гига ти го гасат нетот... А вака после 4 си тераш, али поспоро. Ај израчунај сега со таа брзина, за колку време ќе ги поебеш тие 8 гига.

Анонимен рече...

Pa istoto i jas go napisav samo malku drugacie. 4GB ispolnuvam za eden den sto znaci so dvojno pogolema brzina i dvojno povece cap isto eden den. Toa znaci dneven internet od 2340 denari.

Kolku da ne bide dzabe.

volan рече...

На прво гледање:
Понудата од ОнНет представува чекор напред.

На второ гледање има доста нејаснотии:

-не кажуваат експлицитно што по надминување на лимитот...

-WiFi
http://biz.on.net.mk/wi-fi_plus.html
ова е демек со двојно подобра цена од АДСЛ-от. Мани му се што не кажува што после 2 ГБ?
-за оваа цене има многу подобра понуда од кабелските оператори - некаде до 4 ГБ и потоа намалена брзина, со одлични интранет понуди

-WADSL
http://biz.on.net.mk/wadsl.html
Ова е демек со иста цена како АДСЛ-от на МТ.А повеќе ГБ 8.
Мана му е што не кажува што после лимитот?


Првичен заклучок од двете гледања.

Представува новина во понудата на МК интернет понудата. Но дали е доволно добра ќе покаже времето.

Кога ке се прерацунаш ако малку повнимателно ги споредиш понудите ова е многу слично со цените на МТ.
Со голема нејаснотија што после лимитот. Ако после лимитот следува “нула“ интернет, сеусте е подобра понудата на МТ-нет.

Секако таму каде има кабелски провајдери на интернет нивните понуди се далеку поприфатливи од оваа понуда на ОнНет.

Не приметив некои технички детаљи.

Како на пример на која фрекфенција зрачат и со која јачина на сигналот?

Ова е едно од клучните прашања за да не се доведат во заблуда потенцијалните конзументи на оваа безжична Интернет конекција.

Анонимен рече...

Volan

voopsto ne treba da stavaat so koja jacina zracat. Wifi so zakonski 100mW pokriva nekoj krug od 300m. Ako na sekoj 500m gledas antena na Onnet togas e OK. Ako ne togas si ozracen.

Анонимен рече...

BBC ke go zamolime da napravi reportaza "Makedonija celosno ozracena zemja". Togas da vidime dali nasite vajni politicari ke se falat

volan рече...

Имам осеќај дека МТ-нет ја чекаше новата понуда на ОнНет за да дадат своја нова понуда, која ке ја стави во вода оваа понуда на ОнНет.

Дали ми е добар осетот ке покажат наредните дваесетина дена.

Во проценти изразено МТ-нет ке даде за 30 проценти подобра понуда од сегашната понуда.

Така да ОнНет брзо ке мора да менува нешто во својата понуда.

Понатака предвидувам дека до средината на оваа година ке се појави уште дваица јаки играчи на интернет просторот....
(Космофон и Неотел пред сите а можеби и некое изненадување).....

За жал под притисок на малиот капитал Унет и МОЛ стагнираат....

АЕК под притисок на домашната и светската јавност ЕУ - а секако и на нашето НВО, конечно ке почне да го регулира Интернетот во МК....

До крајот на годината повеќето постојни и нови ТВ-кабелски оператори ке почнат да нудат и интернет...
Ова ке биде најголемо освежување на интернет понудата....

До крајот на годината МТ ке пушти поради економски цели потполно бесплатен диалап интернет - наплатување само на телефонските импулси...

До крајот на годината ке стартува уште еден значаен проект кој го подготвува НВО-то, кој дефинитивно ке го раздрма интернетот во Македонија...

Морам да признам дека сум непоправлив умерен оптимиста.....

volan рече...

“ Anonymous said...

Volan

voopsto ne treba da stavaat so koja jacina zracat. Wifi so zakonski 100mW pokriva nekoj krug od 300m....“

Сепак јас барам јавно да се изјасни ОнНет на која фрекфенција зрачат и со која јачина....

Во спротивно сметам дека се работи за некоја ујдујрма и нека не ве зачуди ако НВО-то брзо гласно ке реагира...

volan рече...

“ЕК ќе ја казни Грција ако не го отвори пазарот на телекомуникации
МИА
24.01.2006

Европската комисија и се закани на Грција со парична казна доколку не покаже дека ги применува правилата на ЕУ за отворање на пазарот на телекомуникации....“

http://a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=57358

Што да коментирам, осем да се надевам на поговорката, кога игра мечката во комшии ќе дојде и кај нас....

Веќе неколку пати нагласувам дека ЕУ испраќа оштри ноти до нашата влада и АЕК и ја наведува (сеуште монополската позиција на монополот на МТ)како една од причините за неисполнување на критериумите за влез на Македонија во ЕУ, т.е. старт на преговорите за членство....

Анонимен рече...

Не е на темата но вреди да се одбележи:

“КАМЕРИ НА ПОВЕЌЕ МЕСТА
Охрид наскоро во живо на Интернет

Сите заинтересирани корисници на Интернет наскоро ќе можат во живо да гледаат панорами од Охрид, езерото и од позначајните историски споменици, преку камерите што ќе бидат поставени на повеќе локации....“

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2969&stID=71891

volan рече...

“Одобрени цените за поврзување со мрежата на фиксниот оператор, но либерализацијата и натаму спорна
Концесискиот договор на „Телеком“ пречка за влез на конкуренција?
Очигледно некому во Македонија, покрај на „Телеком“ му одговара одолжувањето на конкуренцијата во телекомуникациите

ВЕРЧЕ ГЕОРГИЕВСКА...“

http://www.utrinskivesnik.com.mk/


Јас во добриот надпис на Верче Г. би додал уште игри без граница или дворски игри....

“... Агенцијата за електронски комуникации вчера ја одобри цената за интерконекција, која "Телеком" ќе ги наплаќа од идните оператори што треба да се приклучат на нивната мрежа....“

Што сега ги одобри цените ама не ги објави на сајтот на АЕК - што е законска обврска на АЕК....

“...Иако сў уште не го добиле решението од Агенцијата за електронски комуникации, неофицијално од "Телеком" дека најавуваат дека ќе поднесат жалба до ова регулаторно тело, бидејќи не се согласуваат со одобрениот ценовник. ...“

Како МТ ке се жали на нешто што уште не го добил не ми е јасно, осем ако однапред не знаат што ќе добијат, па сега изиграваат дека се изненадени од ниските ЕУ цени за интерконекција, демек.....

“...Сега на виделина излегува дека "Телеком" не може да добие конкурент сў додека прво, согласно со Законот за електронски комуникации, не се усогласат концесиските договори на фиксниот оператор, а со тоа и на мобилните оператори. Првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Коста Трпковски, вели дека треба што е можно поскоро Договорите за концесија да се усогласат согласно со Законот, бидејќи во основа, цените и многу други односи и релации на идните оператори со "Македонски телекомуникации" се регулирани токму со тој документ, кој законски треба да претрпи измени. ...“

Оваа обврска требаше да биде исполента од АЕК до крајот на декември минатата година - согласно законот за ЕК.

“...Сега на виделина излегува дека "Телеком" не може да добие конкурент сў додека прво, согласно со Законот за електронски комуникации, не се усогласат концесиските договори на фиксниот оператор, а со тоа и на мобилните оператори. Првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Коста Трпковски, вели дека треба што е можно поскоро Договорите за концесија да се усогласат согласно со Законот, бидејќи во основа, цените и многу други односи и релации на идните оператори со "Македонски телекомуникации" се регулирани токму со тој документ, кој законски треба да претрпи измени. ...“

Зошто АЕК го вели ова кога веќе ги одобрил цените за интерконекција ....

“... За главен виновник зошто "Телеком" нема конкуренција, неодамна министерот за транспорт и врски индиректно ја посочи Агенцијата за електронски комуникации, бидејќи таа доцни со одобрувањето на документот за интерконекција. Но, сега произлегува и дека Министерството за транспорт и врски е кочничар на либерализацијата на телекомуникацискиот пазар, бидејќи усогласувањето на договорите за концесија на "Телеком", "Мобимак" и "Космофон", е негова обврска. ...“

Е ова е дел кај што јас велам дека се игри без граница, и се додека не дојде шумарот (ЕУ)ќе биде вака....

“... не е исклучено вистинската либералазација да се случи дури идната година, со што можат да се остварат и неофицијалните информации дека постои договор меѓу Владата и "Телеком" за пролонгирање на либерализацијата до почетокот на 2007 година....“

Ако навистина се случи ова дефинативно шумарот ке изрече казни, а партијата на власт ќе изгуби од очекуваниот број на гласови на парламентарните избори во значитерлна бројка....

Анонимен рече...

“ОДОБРЕНИ ЦЕНИТЕ ЗА ПОВРЗУВАЊЕ НА ДРУГИ ОПЕРАТОРИ СО МРЕЖАТА НА "ТЕЛЕКОМ"

За "Телеком" цените се прениски и најавуваат жалба ...“

http://www.vecer.com.mk/tekst.asp?tid=22876

И вечер пишува на горната тема....

малиот рече...

Волан што да ти казам за интернет најавиве за оваа година, освен уста ти се позлатила и секоја да ти даде :)
Но, (колку ова НО е употребувано во држава просто се нажувам) ако не пушти МТШит прв јадачка ништо од тоа. Сите се бре во некоја топла, сигурна летаргија. Јебига зима :)

А за ЕУ и нивните закани кон нашиот јужен сосед (кој јас го нарекувам БОП-БОМ-ИМТ бивша отоманска покраина бивша Македонска територија и идна Македонска територија), не му се надевај на тоа многу многу, и за други работи као демек ги караа ама ништо, така да и кај нас тоа нема во скоро време (2-3 год) да се случи.

volan рече...

“ малиот said...

Волан што да ти казам за интернет најавиве за оваа година, освен уста ти се позлатила и секоја да ти даде :)...“

На Македонија ужасо и е потребен умерен оптимизам, рече некој од странските фактори и јас му се приклучувам....

Ако ние не почнеме барем малку да веруваме во самите себе, што очекуваме од потенцијалните инвеститори....

Потришувачкото општество, е општество на непоправливи оптимисти...

Анонимен рече...

“22 јануари 2006
Кабелските телевизии стануваат самостојни интернет-провајдери
Примерот од блогот е-Бизнис, за тоа како Телекабел ја раскинал соработката со Он.нет и решил „сите корисници да ги префрли кај себе“ не е осамен....“

http://razvigormk.blogspot.com/

Анонимен рече...

momentalno na A1 idese najava za prilog MONOPOLOT NA TELEKOM :)

volan рече...

“Back Online: The Internet Saga

Се започна на еден во буквална смисла есенски ден....“

http://redguy.blogspot.com/2006/01/back-online-internet-saga.html

Најпрвин добродојде повторно за REDGUY...

Долго се мислев што е причината наеднаш да снема еден од подобрите интернет аналитичари во МК интернет простор....

Сега читајки ја неговата сага која топло ја препорачувам и на другите да ја прочитаат, како да ги гледам и сагите на другите веројатно млади луѓе, кои бараат подобрување на Интернет пристапот во Македонија...

Посебно ми е драга последната мисла од сагата:

“Но сепак, се надевам на подобри денови. Денови каде ќе има поголема конкуренција меѓу интернет провајдерите и нивните услуги ќе бидат достапни за сите, не како привилегија туку како дел од секојдневието.“

Умерениот оптимизам и после така тажната сага не го има напуштено....

Јавно го поканувам Redguy
да ни се приклучи во “Интернет Македонија“...

The RED GUY рече...

Фала многу за поканата и иако сум скептичен во врска со „невладини непрофитни“ организации, во овој случај знам какви луѓе се таму (по досегашните дела и заедничките цели) и целосно ве подржувам.

Затоа ако има некој начин на кој можам да помогнам, слободно пишете.