24 јануари, 2006

Тошо

Референтната понуда за интерконекција досега се оценуваше како клучна пречка за влез на конкуренцијата на "Телеком". Но, се чини дека на повидок е друга сопка, која дополнително ќе ја пролонгира конкуренцијата. Сега на виделина излегува дека "Телеком" не може да добие конкурент се додека прво, согласно со Законот за електронски комуникации, не се усогласат концесиските договори на фиксниот оператор, а со тоа и на мобилните оператори. (Утрински)
Веројатно најголем дел од јавноста ќе го купи овој фол дека на „надлежните“ сега им текнало дека концесискиот договор е пречка за либерализација на пазарот. Мене овој скеч ми е бајаги комичен. Сите во АЕК и во Министерство за транспорт и врски добро знаат веќе неколку години дека нов закон за електронски комуникации ќе значи и ревизија на Договорот за концесија склучен со МТ. Дури и во самиот Договор е предвидено негово ревидирање при промена на законите. Зошто оваа процедура не започна пред една година, кога се донесе законот?
Очигледно некому во Македонија, покрај на „Телеком“ му одговара одолжувањето на конкуренцијата во телекомуникациите.
По моја прогноза нема да видиме ни л од либерализација или LLU уште најмалку година и пол. Сега неколку месеци ќе се надмудруваат АЕК и Министерството дали прво треба да се ревидира концесијата или прво треба да се донесат правилниците. После до максимум ќе се развлекува тендерот за избор на консултантска куќа која ќе го води процесот на ревизија. Па после, најмалку пола година као нешто ќе преговараат Владата и МТ. Па ќе фатат избори, кадровски смени, па новите фаци дур добро се подмачкаат за да им тргне работата... Па после решенија, жалби, тужби и контратужби - кога ете поминала и 2006 и добар дел од 2007. Наградно прашање: Колку милиони евра ќе исцедат од нас до тогаш?

96 коментари:

Анонимен рече...

sto i kako i da bide od onnet ne ocekuvam nisto pametno a uste pomalku fer

najavuvaat prva konkurentna fiksna telefonija pod ime ozon isto kako sto gi imaa najaveno i kartickite za pripejd pa gi povlekoa

mt gi upotrebuva site sili za da ostane sam

Анонимен рече...

Do den denes nikoj ne dal podobra ponuda od MT. Toa znaci deka vo ovaa drzava site sakaat da se omrsat pokraj MT. Znaci od postoeckive tolku. Zar Onnet misli so IP da ni dava fiksna telefonija. Pa ako sme mutavi i toa ke se sluci. I vaka i onaka trendo vika sme bile picajzli i sme trebale kako bese kick my ass ili taka nesto da mu napravime.

Od Onnet i dzabe da e beeeeeeeeeeeeeeegaj

ile рече...

Барем да дадат подобри пакети па нека си ги решаваат проблемите со законот, Аек и државата

А не поради нив народот да пати со нивните превисоки цени кој повек да лапне

Анонимен рече...

Мт си купува време, а владата продолжување на мито.
А Пепи, кај влегол таму усрал. А1, па онда квази сат телевизија, Он нет...

иле рече...

До Anonymous-те некако многу ми го фалите МТ

Можеби имаат добра понуда , но усраа се со нивниот 64 Kb и доплатата.

Место нешто ново да понудат

Анонимен рече...

Ile

ne go falime MT, gi kritikuvame "konkurentite". Namesto da bidat konkurencija oni se slepaat so isti ili povisoki ceni od MT. Pa ako MT se stranci i ne derat, sto se togas ovie "nasive". Samo za primer, znaes li kolkavi se platite vo MT, kolkavi vo Onnet a za Unet i da ne zboruvam. Pa mnogu pogolemi cicaci se site od MT (ne deka e ovoj dobar, ama toa e vistinata). Pa Pepi i na popot od raka ke mu zeme, I lice i kelaica DJON od bivolja koza.

С.М.-Трендо рече...

Драги мои мрчачи и за нијасна послатки мрачки, On.net е сериозен претендент за втор фиксен оператор, па затоа припремете си ја волната иде новиот стрижач.
Т.Б. Траери:"Овца на телефон"

MRCAC рече...

Pazete samo da ne se nafiksate

Nestrizen рече...

Se primetuet

Pepi ste ga istrizale. A mene da mi go izbricite mozit

Анонимен рече...

Ke ponudat novi ceni za lokalen razgovor

Анонимен рече...

a tredno da go stavime vo milioner?
ne veruvam deka ke stigne ni do 5-to prasanje


btw. trendo slusam nov gazda ke imas?

Анонимен рече...

одговор на наградното прашање (не дека очекувам нагарда) Екстра профитот (не е вклучен нормалниот профит што би го оствариле да има нормален пазар и конкуренција) , значи оној во наш каобајаги либерализан пазар, на целата МТ (вклучува и Мобимак) е од 3 до 4 милиони евра МЕСЕЧНО. Со такви пари Атила може и да си дозволи да подмачка (хм, во овој случај да закочи) некои тркалца во државава зар не?

Владимир рече...

Јас одамна го истакнав, она што безврска го потенцираше во текстот, дека ќе треба 1,5 година за да трхне работата.
Јас мислам дека и тоа е малце, дека не проаѓаме без две години. Примерот со Хрватска на која и беа потребни четири години за појавување на конкуренција во тел. пазар, е доволно јасна опомена и за нас.
Таму исто така имаше политички и бизнис пречки, поради што се одолговлекуваше целата работа,а да не заборавиме дека тоа одолговлекување се одвивало напоредно со притисоците од ЕУ ( затоа што, нали, Хрватска е посериозен кандидат за членство од нас).
Епа сега, направето го вие есапот кога кај нас јасно ќе светне сонцето.
А до тогаш, ништо друго не ни останува освен да ги благословуваме релативно ОК понудите на Телекабел и Кадис.

умерен оптимиста рече...

Иако се работи за млади луѓе предпоставувам - преголеми песимисти сте. На Македонија и е потребен умерен оптимизам во сите сфери за да ни тргне.

Или вака покушавате да се правдате дека не може ништо да се направи и да седиме и трпиме. По рецептот на МИРЧЕ, ТРПЧЕ И ТРАЈЧЕ.

Па нели сме р-Еволуционери....

А и ич да не работиме ништо ни ние ни НВО-то, пазарот на Телекомуникации и Интернет пазарот е многу динамичен и не трпи такви спори движења.
Работите ке се случуваат многу побрзу.
Сетете се колку нови играчи се наговестуваат, што крупни што ситни.

Секако највеќе очекувам од ТВ-кабелските оператори, кои многу лесно ке се претворат во Интернет-ИСП, па зошто да не и телефонски оператори. Запамтете и тие пуштаат кабел по нашите домови и тоа не бакарна жица како сто ја има МТ, туку многу поквалитетна.....

А кај и да е и законот за ЕК ке профункционира ....

Законот е супер, проблем е што не се спроведува, како впрочем и сите наши закони.....

Владимир рече...

А, зошто не би биле умерени оптимисти?
Впрочем, тоа и сме. Не реков дека никогаш нема да тргне работата (песимизам), само реков дека ќе треба уште две години (умерен оптимизам).
И уште нешто, во оваа држава, младите и те како имаат право да бидат песимисти.
Од 10 години сум опкружен со војни, масакри, колежи, бомбардирања, колони бегалци, санкции, блокади на граници, криминал, организиран криминал, 15 години исти серковци кои што не крадат и лажат, транзиција која што е се само не транзиција (преоден период од една во друга состојба) и ние очигледно сме заглавени во истата , никаква граѓанска култура и свест и др.
И после сево ова да бидам (бидеме) оптимисти?
Ах да, и не верувам дека "Сонцето е ѕвезда исто така".

умерен оптимиста рече...

Се слагам дека беше и сеуште е тежок период за нашата државичка.

Вашава генерација доживеа навистина трауми да во 21 век живее во гетоизирана држава - ТОА Е СРАМ ЗА ЕВРОПА.

Но од “Калимеро нема правда“ нема многу полза. Затоа земајте си ја полека работата во свои раце, по принципот на “Уздај се у се и у своје кљусе“ и “Волкот е дебел бо вратот, затоа сто сам лови“. Затоа напред со р-Еволуцијата....

Повторувам, за да биде подобро, треба работата да си ја земете во свои раце, никој на никого не дава за џабе. Ни мама на тато...

Ако работите се гледаат со песимистички наочари дека што и да праиме нема да има резултат, тоа јас го викам песимизам.
И е последица е на нашиот познат синдром на МИРЧЕ ТРПЧЕ и ТРАЈЧЕ....

ОнНет - Про и Контра рече...

“ОДБЕЛЕЖАН ПЕТГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ
"Он.нет" прв конкурент на телекомот

Он.нет во рок од три месеци ќе им понуди на граѓаните услуги во фиксната телефонија по цени пониски од тие на телекомот, најави вчера директорот Предраг Чемерикиќ на свеченоста по повод петгодишнината од постоењето на интернет-провајдерот....“

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2970&stID=71970

Овакви оптимистички ветувања госопдинот Чемерикиќ - досега има дадено многу и во повеќе случаи, ветувањата знаеме како ги исполнуваше.

Би сакал ова ветување да го исполни...

“...- Во 2005 година изградивме мрежа низ целава земја, така што на сите граѓани ќе им даваме услуги со ист квалитет и со иста цена....“

Господинот Чемер. вели “изградивме мрежа“ но никако не кажува со чиви пари и не кажува дека мрежата не е негова туку на Министерството за образование т.е. школството наше.....

“..Очекуваме да понудиме конкурентни цени, зашто сигурно нема да бидат повисоки од тие на постојниот оператор...“

Вака понатаму продолжува самоуверено, а ако приметувате воопсто не ги есапи другите ИСП компании кои веќе постојат или се во најава. Тој по примерот на СДС и ВМРО сака да направи ДУОПОЛ.

Тука гадно ке се прелаже. Ова е пазар, а на пазарот поради интерес ке дојдат многу покрупни играчи и од него.
Пред се во најава се веќе КОСМОФОН и НЕОТЕЛ....

Иначе дај боже да му се цените конкурентни во однос на, МТ но не се. Погоре по постовите покажано е дека уствари е поскап од МТ.....

“...Очекуваме да понудиме конкурентни цени, зашто сигурно нема да бидат повисоки од тие на постојниот оператор...“

Со ова веќе еднаш го прелажа народот - се сеќавате на Озон картичките.....

“- Се очекува во септември да стартува вториот дел од планот, исто така значаен за либерализација на пазарот. Тогаш телекомот ќе мора да ги стави на располагање бакарните телефонски водови за другите оператори...“

Еве Чемер вели дека ЛЛУ це се либерализира до Септември.

Паѓаат во вода предвидувањата за уште година две?.

Пошто е близок со АЕК кој изгледа дека го штити поради јашината на зрачењето на ВиФи-то- веројатно е добро информиран за Либерализацијата на ЛЛУ.

“Добро е што конечно по една година Агенцијата за електронски комуникации ги создаде сите законски документи и подзаконски акти и мислам дека сега веќе е оставено на играчите на пазарот - смета тој....“

Еве потврда дека АЕК и ОнНет дуваат во ист правец...

Анонимен рече...

Ako LLU e vo septemvri. Kako Mr. Cemerlazovko za tri meseci ke pusti fiksna telefonija. By air, ili ne naucil uste sto e fiksna a sto IP telefonija?

Анонимен рече...

Za da ne se napadjaat USAID eve koja bila ideata na amerite:

Macedonia Connects moved ahead with the tender process and received four high quality
responses to the RFP. After an extensive review by an independent panel, Macedonia Connects
selected On.net on April 27. Since April, On.net has finalized connectivity for 20 schools,
visited every primary and secondary school on the Macedonia Connects list, and has assured
the project that connectivity for all sites will be completed by August 15, 2005.
Macedonia Connects is so much more than just a school connectivity project. At the end of the
project, the following achievements will have been realized:
l The entire country will be covered with some form of wireless connectivity;
l The cost for consumer connectivity will be as low as 9-15 Euro (~$11-18) and
commercial accounts will cost as little as 50 Euro (~$60)
l Each point of presence established under this project will enable additional connectivity
other than the schools and we expect to see an exponential increase in the use of the
Internet throughout the Republic of Macedonia.
What’s the Technology Behind it?
In support of the Macedonia Connects project, On.net is deploying the Motorola Canopy
solution as the backbone to distribute broadband connectivity throughout the country. In
addition, they will deploy a MESH Wireless solution in the six most populated cities in
Macedonia. This MESH solution is WIFI compliant and will provide nearly 100% WIFI coverage
in these six cities. This means that people with WIFI enabled laptops and desktops will be able
to access the Internet wirelessly. In addition, a WIFI repeater will be installed at each of the
531 locations that includes primary, secondary, university and local government offices as part
of the main delivery of services within the Macedonia Connects project.
Sustainability Strategies
Working with a broad range of constituencies
By the start of the school year 2005 Internet access will be live but that is only the beginning
of our work at Macedonia Connects as the project is also responsible for establishing an Eliteracy
campaign that will target various constituencies such as local governments, NGOs,
schools and consumers. The project will also work with the ISP to make certain that the needs
of these users are understood well and to establish a marketing plan to ensure that those
groups have increased access to Internet resources.


Znaci ludjeto dale pari so nadez deka cenata za krajni korisnici ke bide pomedju 9 i 15 evra (ne se spomnuva cap zatoa sto za niv toa e nepoznat poim, ludjeto si znaat za FLAT)

I sega krivecot za cenite na Onnet se vika .... ? Nagradno prasanje.

Ako pogodite vo rok od 3 secundi moze i slobodno da se ispovracate, bidejci do tamu vi e dojdeno.

мт про и контра рече...

“ФИКСНА ТЕЛЕФОНИЈА
Телекомот незадоволен од цените за интерконекција..“

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2970&stID=71976

“..Агенцијата за електронски комуникации со неколкумесечно задоцнување вчера ја одобри цената за поврзување на мрежите на "Македонски телекомуникации" со идните фиксни телефонски оператори...“

АЕК конечно се смилува? Но АЕК зошто јавно не ги објавуваш, па тоа е твоја законска обврска по законота за ЕК...

“...Од телекомот веднаш реагираа најавувајќи дека ќе ја обжалат одлуката бидејќи сметаат оти цените за интерконекција се прениски. ...„

Плачковци - ненаситни - цицачи на Македонската крв....

“..Во Агенцијата велат дека телекомот има право да се жали, но тоа не го одлага извршувањето...„

Што, АЕК и МТ се скар, скар.... Дајбоже....

“..Телекомот е должен во рок од 5 дена да ги објави цените за интерконекција...„

Не знаев дека по закон е вака, мислев дека АЕК е тој што е долшен да ги објави цените на својот сајт....

“..Засега неколку фирми се заинтересирани да градат мрежа или даваат услуги во фиксната телефонија. Меѓу нив се: "Некстел", "Дасто", "Он нет", "Неотел", "Зоринс- нет" и "Илирија"....„

Се намножиле, дај боже усте толку да дојдат, а веројатно ако градат веќе мрежи и Интернет ке пуштат....

“.. Агенцијата кога го одредувала тарифникот не направила пресметка врз анализа на трошоците за работа. За споредба се земени цените за интерконекција во сите земји од Европската Унија, што не соодветствува на нашите услови....„

Еве ги пак ненаситните плачковци и крвопии од МТ...

Море за нив радикално треба......
ОД НАШАТА ПОТ Е ИЗГРАДЕН МТ....

“... За локалните и за националните разговори, чии цени се под европскиот просек, ќе нема заинтересирани оператори - вели Дејан Силјановски, извршен директор за регулатива во телекомот...„

Абе плачковци и крвопии, целиот профит ви е од локални разговори...

Ги испотепавме нашите деца - заради телефонските сметки а и голем број на разводи се десија заради вас - последица на кавги со жените кои се непопраавливи телефонисти...

Споредете ги цените и платите во ЕУ и ке видите дека сте најголеми кољачи и само благодарение на Монополот не цицате - крвопии едни....

“.. Либерализацијата на телекомуникациската дејност е будно набљудувана и од ЕУ...„

За жал само на ова се надевам....

Нашиве партии кои до сега беа на власт истотака се понашаа како крвопии према сопствениот народ и редно е да бидат казнети НА ИЗБОРИ.....

ДОСТА НИ Е ОД “ДУОПОЛОТ“ НА СДС И ВМРО....

ОнНет - Про и Контра рече...

Пет години на познатиот Интернет - провајдер
„Он нет“ од април ќе стане фиксен оператор...

http://www.utrinskivesnik.com.mk/

Анонимен рече...

MTPRO and contra iliti Volan ak ne se lazam.

TELEKOM NE SAKA LIBERALIZACIJA ZARADI PRETPLATATA.

600000 TELEFONI POMNOZI SO PRETPLATATA I KE VIDIS KOJA PARA E, A ZA NEA NE TI DAVA AMA BAS NISTO, DURI I NIKOJ NE ZNAE ZOSTO SE NAPLACA PRETPLATA

Анонимен рече...

Ako se nafiksaat moze i utre da stanat

Анонимен рече...

operatori ne, ama narkomani sigurno i toa fiksni narkomani

ОнНет - Про и Контра рече...

“Експерти од Интерпол ќе ги бркаат хакерите

Владимир Николоски

Експерти од Интерпол биле вклучени во потрагата по хакерите што во изминатиов период континуирано ја напаѓаат мрежата на интернет- провајдерот „Он нет“....

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=6&tabid=1&EditionID=633&ArticleID=38872

“...Во „Он нет“ информираа дека подолг период хакери ги напаѓаат линковите на интернет-корисниците на тој начин што испраќаат огромен број барања и податоци и со тоа го задушуваат нормалниот протек на Интернет....„

Јас мислам дека ОнНет и МТ за оваа работа само се вадат за својата неспособност и некомпетентност....

И ја правдаат слабата услуга како ИСП....

“..Едноставно решение за оваа појава нема и поради тоа ќе инсталираме техничка поддршка со која во иднина треба да се заштитиме од слични напади....„

Прикаски за мали деца, ако вака лесно се напаѓаат компаните по светот ке има хаос....

“... и им најавивме дека ќе ја коригираме цената на услугата доколку квалитетот на интернет-врската во иднина не ги задоволува договорените стандарди - вели Чемерикиќ. ..“

Зошто во иднина госп. Чемер. Па по законот за ЕК тоа сте должни да го правите редовно и до сега. Ама народот наш не си ги знае правата ....

“... Оттаму додаваат дека е во тек поставување на приемниците за вај-фај пристап до Интернет во уште три скопски населби, по што за околу еден месец ќе се пушти во комерцијална употреба и оваа интернет-врска....„

Пак ветување. Абе Чемер. печен си за политичар. Само таму се верува на ветување тука треба дела....

“Овој провајдер најавува и дајл ап-пристап до Интернет, кој ќе биде за најмалку 30 отсто поевтин од понудите на конкурентите...“

Дај божда биде така

“Пристап до безжичен Интернет на целата територија на Македонија, бесплатен пристап до Интернет за околу 200.000 ученици..“

Абе ако вака си ја мериме пенетрацијата ке бидеме меду поразвиените а не на последните места :)

Флоскула....

“ Реализиравме неколку проекти за зголемување на бројот на корисниците на Интернет, така што преку телекомуникациската мрежа на „Он.нет“ сега пристап до Интернет има и во селото Зрзе....“

Абе кандидирај се на избори сите од зрзе и сите 200000 родители на децата ќе гласаат за тебе. Толку гласачи нема ни СДС ни ВМРО....

Иначе фала од името на Зрзе ....

АНТИТРУЛ-КАПИТАЛИЗАМ рече...

Продаден најпопуларниот веб-сајт за сексот

Веб-сајтот sex.com е продаден за 12 милиони долари, а новиот сопственик сега е американската компанија „Еском“, која се занимава со продажба на антиспам-програми....

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=5&tabid=1&EditionID=633&ArticleID=38850

Еве сто нуди трулиот капитализам .

СЕКС, ПАРИ, КОНТОЛИРАН ХАОС И ВОЈНИ...

ОнНет - Про и Контра рече...

ОН-НЕТ НАЈАВУВА ДЕКА ЌЕ БИДЕ ВТОР ТЕЛЕФОНСКИ ФИКСЕН ОПЕРАТОР
Чемерикиќ: Треба време да се урне монополот на Телеком....

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=111040&idg=6&idb=1675&rubrika=Makedonija

Чемер. Бајаги си се потрошил, си ги нагостил сите можни новинари од ТВ и Весниците ни...

Секаде те има....Браво...

Но изгледа овој новинар од Вест, најмалкуси го нахранил, некако тнко пишуел.... :):):)

Dobronameren рече...

Volan

so prepiskite od vesnici gi pokrivas site drugi postovi pa covek mora da se vraca od pocetok ako saka da vidi dali nekoj kazal nesto novo. Neli e podobro samo link da stavas pa koj ne procital vo vesnik da pojde tamu. Vaka treba da se brka po site postovi za da se vidi sto sme procitale a sto ne

pijan рече...

ste ste mu se zapnale na volan.
spored mene on e najaktiven vo analizata na segasnata sostojba na rabotite. se trudi covekot da prenese se sto e rlevantno

samo taka volan, te poddrzuvam

Анонимен рече...

Ne deka ne se trudi,no se gusi prostorot za postovi kako sto kaza dobronameren.No mislam deka nasite molbi ne stigaat do volan.

volan рече...

@pijan said...

Благодарам на подршката.
Незнам зошто се буни високопочитуваниот анонимус.

Барем денеска ништо не сум напишал, да видам дали ке ви фалам.

Dobronameren рече...

Ne ve razbiram,

pa ne rekov zosto tolku postira, tuku copy paste od vesnici gi pokriva drugite pomali postovi a vo niv nekogas moze nesto da se procita. Dovolno e link da se stavi i da se prokomentira toa, a ne celiot tekst ili pogolemiot copy paste da se pravi.

Go dadov ova kako solucija ne so namera da uvredam nekogo. Ja podrzuvam tvojata rabota ama mislam deka i na ovoj nacin ke bide isto tolku vidliva i korisna

Анонимен рече...

Дали приметивте дека портпаролот на владата на Р.Македонија во својата изјава како да го брани On.net во случајот на договор за ОПТИЧКИОТ КАБЕЛ меѓу МЖ и НЕОТЕЛ, и како да форсира да токму On.net го има екслузивното право на втор фиксен оператор. Зар тоа не е создавање на би монопол.

Анонимен рече...

ako ako

Статистичар рече...

“Македонија: 32% од граѓаните користат интернет Испечати Е-пошта
25.01.2006.

Центарот за развој на медиуми стави на располагање на јавноста дел од резултатите од истражувањето „Технички услови и потенцијал во радиодифузната дејност во Р. Македонија“....

http://metamorphosis.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=612&Itemid=4&lang=mk

ПАК ПЕНЕТРАЦИЈА.....

Погледните ги бројките
Страна пет од истражувањето-
-Приклучок на сателитска антена 14 %. Тоа ке му дојде дека од сто стана или куќи во цела Македонија заедно со сите села, по јадната ни македонија 14 имаат сателитски приклучок за ТВ.
Ова го сметате за релевантно????
-Приклучок на кабелска телевизија 50 %. И на ова треба да му веруваме. Па луѓе не не правите будали. Статистичкиот примерок ви е катастрофален ова не одговара на вистината ни таму каде има Кабелска телевизија а не за цела МК, пак повторувам со сите јадни наши села и градови....
-Пристап кон Интернет 32%
За ова ич да не збориме. За ваков процент би ни позавиделе и високо развиените земји.

Демек истражувањето е лице во лице. Сто би значело видено од анкетарот.

А у кое село биле не казуваат.

Ова истражување го прогласувам за НАРАЧАНО и НЕВАЛИДНО.

Страна девет - бре , бре дури и големината на екранот ја мереле.

Страна 46 е супер:
Вика Користење на интернет па набројува:
-Не користам Инт. 68 %
-Интернет кафе 14 %
-Дома 11 %
-На работа 9 %
-Кај пријатели 4 %
-Друго 1 %

И сите кога ке ги собереш ке добиеш високи 32 %.

Па ова е типичен пример на собирање на баби и жаби. Башка што стратусот не е релевантно избран.

47 страна Пристап на интернет од дома.
-АДСЛ пристап 17 %.
Каква лага . Што би кажале децата со опашка.

Према некои порано дадени бројки за интернет пенетрација по насе само скромни 7,4 %. Сега помножени со бројот на населението во МК. 2.100.000 = 155.000 интернет корисници.
Овие помножени со 17% даваат. 26.350 корисници на АДСЛ.

Цела јавност знае дека немаме повече од 8000 корисници на АДСЛ и тоа заедно со бизнис корисниците кои се по некои сознанија пола од вкупните АДСЛ корисници.

Ако пак одиме со бројакта на пенетрација, што тука се спомнува це дојдеме до фрапантен податок дека во МК има 114.000 корисници на АДСЛ.

Каде му бил паметот на тој што требало да направи вкстена анализа на бројките сто се даваат - како што се предлага во секој учебник за статистика?

Ова истражување е правено- реализирано за Институт Отворено Општество Скопје
од СММРИ.

Не ме ни чуди некој лапнал само донација за истражување.

Ме чуди сто на ова се лепат докажани поборници на Високата стапка на интернет пенетрацијата во МК. како сто се.

Јован-Јовансблог.
http://jovansblog.dobroutro.com/?p=644
Високо почитуван господин Јован.
Земи дигитрон и направи прво анализа на бројките, па потоа подржувај резултати од истражување...

http://blog.ebiznis.info/?p=153#more-153

За Јован не ме чуди, према моите сознанија е техничко едуциран кадар и со статистика само на кратко се бавтал.

Ама Јованче е Асистент на економски факултет и за него многу ми е чудно што ги подржува овие бројки.

Изгледа на часовите по Статистика спиел....

http://razvigormk.blogspot.com/

И развигор е техницко образовано лице и него му простувам...

http://antipunkt.blogspot.com/2006/01/blog-post_113819914696370070.html

.анти е супер он најдобро за пенетрација кажуе погоре а и подоле

http://antipunkt.blogspot.com/2006_01_01_antipunkt_archive.html

топик пишуен на 02 јануари 2006
Пенетрација

-

Анонимен рече...

Страна 46 е супер:
Вика Користење на интернет па набројува:
-Не користам Инт. 68 %
-Интернет кафе 14 %
-Дома 11 %
-На работа 9 %
-Кај пријатели 4 %
-Друго 1 %


Ako ne se lazam koga ke gi soberes procentive ne se 100%.

Tuka ti e greskata vo analizata. Ti smetas so 100% gradjani/familii. Toa ne se pravi taka. Se smeta so melku pomalku gradjani i familii, zemi deka Makedonija ima 1200000 ziteli i da vidis deka 8000 ADSL korisnici se mnogu

Statistcar ckembar рече...

Denes pravev anketa. Na corba otidov za dorucek i gi prasuvav tie sto srkaat, koristis li ti internet i dobiv frapanten rezultat od 23 srkaci na corba nitu eden ne koristi internet.

E sega zaklucok moze da bide internet penetracija 0% ili onie sto srkaat corba ic ne gi boli za internet.

Statistika!

статистичар рече...

@Anonymous said...

Страна 46 е супер:

На кого му реплицираш - на мене или на тој што го правел истражувањето или пак на оние сто ги прифаќаат овие бројки..

Анонимен рече...

Samo ti ukazuvam kaj ti e greskata. kaj niv 5-10% gore dole ne igra uloga. Vazno ima brojki. Ako gi soberes od strana 46 procentot vkupen e 107% a ne 100%. Ili si zgresil vo pisuvanje ili niv im seedno 100 ili 107 kako i 32 ili 3,2

Анонимен рече...

Veruvam deka Jovan i Mijalce ke objasnat kako toa koga edno celo ke go podelis na delovi i ke gi soberes ke dobies celo i ostatok od 7%. Jas nemam pojma ni od matematika a kamo li od statistika. Ama ne mi odi vo glava nekako. Eve jas bi im dal 100000 evra krupno a oni da mi gi rasitnat vo 107000 evra pa makar i vo metalni

статистичар рече...

@Anonymous said...

Страна 46 е супер:
Вика Користење на интернет па набројува:
-Не користам Инт. 68 %
-Интернет кафе 14 %
-Дома 11 %
-На работа 9 %
-Кај пријатели 4 %
-Друго 1 %

Ова воопсто не се мои бројки само ги преземав од изворот.
И порано ти го дадов линкот ама не си приметил
http://www.metamorphosis.org.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=612&Itemid=4&lang=mk
кога ке го отворис голрниот линк кликни на
„Технички услови и потенцијал во радиодифузната дејност во Р. Македонија“
и изворно ке видиш за што се работи.

А искрајно јас одпосле видов дека оваа статистика ја правел Амди Бајрам... :)

Само кај него има несто сто е 103,2 % од цело.

Владимир рече...

Добро е, имаме Statistic Unit на блогов:)))
Keep it movin!:)

Владимир рече...

Секоја нарачана анкета/статистика испаѓа >/= 103,2% .
Така да тзи анкета, не е анкета.

Анонимен рече...

E pa toa sakav da go kazam. Imase edna polemika so Jovan i Mijalce za statistikava i togas ne mi bese jasno i mislev site tie sto diskutiraa tamu bar eden pameten ke se najde da objasni ama i denes ne mi e jasno. Ocigledno deka vo statistika nema logika ili matematika, pisues brojki kako ke ti kazat i ic uvo ne te boli.

Na vladata i trebalo nezavisna anketa i ja dobile. I veruvam deka sega vo Brisel nekoj se srami da prasa kako toa vo Makedonija celo ne e 100%. Uste povece e zbunet sto ne znae ni 32% kolku (ne znam ni ja, nekoj vikaa 6 nekoj 20).

Abe se sto ke fatime mora da e zbunuvacko.

Владимир рече...

Инаку, мојот професор по Економика во прва година на факс еднаш изјави :
-Постојат мали лаги, големи лаги и статистика.
Испадна во право човекот.

Анонимен рече...

Abe koga 64K e ADSL veruvam i deka 107=100

Анонимен рече...

Garantiram deka Jovan i Mijalce imaat preku 4Gb soobracaj, ama brzinata ne im e namalena.

Znaete zost?

Statisticki nivniot soobracaj e pomalku od toj na brojacot.

I ja bi sakal taka da penetriram

статистичар рече...

Види госп.Владимир Мијановиќ.

Да е тука мијалче ке ти одржи лекција дека статистика е наука. Ама за жал и неа ја пишуваат луѓе по нарачка.

Ама не се смешни тука тие сто ја пишуваат по нарачка - тие се ок си лапнале пари...

Смешни се тие, како Јован на пример, кои им веруваат на ваквите бројки и упорно тврдат дека е тоа вистината.....

Иначе кај нас е познато дека а некој Директор на нашиот заводот за статистика моча у страна одма го мењаваат. За последните 3 години 3 или четири ги сменија....

Па ти сега оди веруј у статистика и тука дефинитивно се слагам со тебе и твојот професор....

Анонимен рече...

Sto ve cudi Jovan, pa na sajtot na Metamorfosis stoi:

Foundation Metamorphosis: Board
(in alphabetical order by surname)

Zoran Andonovski


Blagoja Gjorgjijovski


Marjan Gushev


Fani Karanfilova-Panovska

Jovan Petrov


I neli e normalno da "veruva"????

статистичар рече...

Јован подолу
http://antipunkt.blogspot.com/2006/01/blog-post_113819914696370070.html

и Мијалче подолу
http://blog.ebiznis.info/?p=153#more-153

Велат дека се плашат да поминат по улица.....

Што е финтата нека ми објасни некој....

Анонимен рече...

Eve malku statistica.

Makedonija ima okolu 2045000 ziteli. Od toa vo granicata od 14-64 godini se 68.7% ili 1404915. Vo urbana sredina ziveat 58.1% ili 816255 ziteli. I tuka treba da se baraat korisnicite na internet. Znaci 32% bi bilo 261 201 ili toa e brojot na ziteli koj koristele internet.

Ako se sekavate istata brojka koja ja isfrli statistika pred nekoe vreme.

Vladimir kolku ke mi dadat Jovan i profesorot tvoj.

Анонимен рече...

Edinstveno sto ne mi odi vo glava e toa sto samo 20% koristat internet doma ili na rabota (znaci pretplatnici vamu ili tamu). Eve ke ja zemam celata brojka 20% (da potsetam tie na rabota imaat eden account i X useri, ama ovoj fakt ke go zaboravam) i dobivam brojka od 52240 pretplatnici (pak ke potsetam onie na rabota!). E pa sega MT vo svojot septemvriski izvestaj ima napisano deka ima vkupno 86050 pretplatnici.

Sto znaci ova:

33810 pretplatici na MT kako i site korisnici na drugite ISP-a i kabelski operatori, samo kupile account, si placaat ama odat vo Internet cafe i tamu surfaat.

Jebi ga ne mi odi statistikava, Mijalce Jovan aman pomagajte.
Vladimir cekaj ne mu kazuvaj na profesorot moze ke go resam ova.

Анонимен рече...

Владата и Матав во битка за ќарот од Телеком
Александар Момировски


Владата и Матав влегуваат во битка за делба на минатогодишниот ќар од Телеком. Се подготвуваат преговарачките позиции.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.asp?VestID=57399

Анонимен рече...

Jovan i Mijalce se plasat da ne gi zgazi nekoj od ovie sto moraat da odat da surfaat vo internet kafe. Znaes kako e ludjeto se nervozni i vozat nevnimatelno, se nerviraat, imaat doma internet ama zaradi statistika mora vo internet kafe da idat.

загрижен рече...

“@Anonymous said...

Eve malku statistica.

Makedonija ima okolu 2045000 ziteli. Od toa vo granicata od 14-64 godini se 68.7% ili 1404915...„

Иако нејќу да се кладам ама овој пост како да го пишуел Мијалле иако немал храброст да го подпише.

“... Vo urbana sredina ziveat 58.1% ili 816255 ziteli. I tuka treba da se baraat korisnicite na internet.....“

Што е ова господин Анонимус, оние што не живеат во урбана средина ги прогласуеш за мртви или....или тие по тебе не се граѓани на нашата државичка....

Анонимен рече...

Ne e Mijalce.

Faktite se od internet zemeni CIA & co. Zemav samo urbana zatoa sto kaj nas vo ruralnata sredina ni struja nemaat. I gledas se se slaga ama ako go procitas vtoriot post toj me buni.

Kako li odreduvaat koj ke odi vo internet kafe i koga. Pa jas na znam koga sum jas na raspored da odam tamu.

Da prasam kaj Jovan i Mijalce ili nekoj od vas znae

Анонимен рече...

па пишува убаво на развигор дека збирот е поголем од 100% бидејќи има луѓе кои користат интернет на повеќе од едно место. или треба со логички плочки да го нацртаме тоа?

Анонимен рече...

Ne mi crtaj so plocki ziti boga. Ako pod penetracija se razbira ist covek se uklucil na povece mesta i zatoa e povece od 100%, togas kazi mi kolku ziteli ima drzavata ni, bidejki site se pojavuvame na povece mesta. Sekade ne popisuvaat ili samo ednas.

Vidis ke naucime nesto.

Za tvoja informacija, mene pisi me kako 10 korisnika. Kaj i da odam se uklucuvam na internet. Vaka ako broite Korea e pickin dim za nas.

Анонимен рече...

Koj znae dali ke mi dadat deset plati, deset penzii ??? Ili samo za internet me brojat 10 ???

Анонимен рече...

Prijatelce

"па пишува убаво на развигор дека збирот е поголем од 100% бидејќи има луѓе кои користат интернет на повеќе од едно место. или треба со логички плочки да го нацртаме тоа? "

Ova znaci deka internet penetracijata e mnogu pomala bidejki istite ludje gi broite na povece mesta.

амди бајрам рече...

А да ме прашате мене јас со логички плочки да ви објаснам за проценти сум стручњак..?!

мајтап рече...

http://jovansblog.dobroutro.com/?p=647

Па господин Јован ти сам си го бараш, мајтапот. Зарем сеусте веруваш во статистиката што ја цитираш.

Зарем до сега не ти се разјасни-расветли....

Да ти запалиме неколку сијалици ....

Анонимен рече...

Vladimir

go resiv problemot. 20% od 32% ili 62.5% se pretplatnici. Toa e 163 250 se pretplatnici na internet ili MT drzi 50% od vkupniot broj na pretplatnici.

Ete vidis, se si doadja na mesto.

Ama sega me buni sto vo istiot izvestaj MT vika deka ima 81% od kolacot a ne 50%.

Aj ke go resam i ova.
Pretpostavuvam deka drugite 31% imaat po nekolku accounta i plus odat vo internet cafe ama ke proveram. Bogata nacija sme nie nema sto

сериозен рече...

http://antipunkt.blogspot.com/2006/01/blog-post_113819914696370070.html

Јован said...

Мерењето е академска дебата, реалноста е сурова. За тоа се сложувам со тебе. Но битно е да се има егзактен систем на мерење и таму е целата забелешка.

А и плус забавно е оти има гуд фајт :)
среда, јануари 25, 2006 9:27:59 AM

Јас мислев дека е ова сериозна дебата за сериозно прашање, а ова на Јован и компанија им било досадно....

Анонимен рече...

A be Jovan, sto ne kaza deka ti e dosadno. Se ubiv od presmetki pravenje. J... ga mene koga ke mi bide dosadno ke ti pisam tema.

приклучок рече...

Фиксна телефонија или Интернет?

http://blog.ebiznis.info/?p=154#more-154

Како тргнало Мијалче ке ги доближи мислењата со нашите.

Изгледа вика ај кога не можам да ги победам да им се приклучам...

Анонимен рече...

za internet neznam, ali telefon ke ima sigurno evtino bukvalno djabe.
neko firmi ke ponudat lokalen razgovor po 0 denari so vklucen ddv :)
za onnet neznam

P.S. Otkazuvajte gi telefonite preku MT ne vi trebaat, samo taka ke mu stane jasno na MT i definitivno ke gi namali cenite a ne kako sto planira naskoro lokalniot razgovor pak da poskapi

Анонимен рече...

Abe im padnal rejtingot na blogovite i odma internet penetracija za da im se zgolemi rejtingot.

Aaaaaaa ljisici

Анонимен рече...

Pa nekoj da go educira narodot, so 500 den na kabelski i so slusalica so mikrofon preku skype badijal ke si zborat vo odredeni krugovi kolku sakaat

Анонимен рече...

Statisticki ti si 5 korisnika

среќен рече...

"..P.S. Otkazuvajte gi telefonite preku MT ne vi trebaat, samo taka ke mu stane jasno na MT i definitivno ke gi namali cenite a ne kako sto planira naskoro lokalniot razgovor pak da poskapi..."

Си ми ги прочитал мислите и делата, во целост те подржувам...

До сега го:
-откачив АДСЛ-от
(имав среќа се приклучив на кабелски)
-откачив ИСДН линија
(заради жената ке ме оставеше иначе оставив една фиксна телефонска линија-која ја направив уствари припејд-фиксен)
-Откачив две мобилни линии
(се пребацив на космофон)

Ова бе е смо заради инает.

Сега секој месец ми остануваат резерва по 4.000 денари кои екстра ги трошев кај МТ-њет.

Анонимен рече...

nateraj gi vozrasnite (nad 40-50g) da koristat internet i skype za muabet

tnko

Анонимен рече...

za среќен

od mene prva prilika imas besplatna linija zaradi spisokot sto go objavi

samo trpenie teska e bitkata so telekomot

Анонимен рече...

E taka ti mislis. Stavi kaj tetka ti i kaj majkati i ke vidis kako ke naucat. Jas na toj nacin odrzuvam vrska so holandija, svedska germanija so rodnini koi imaat skoro 60 godini, ne se nasite ludje glupavi samo treba nekoj da im pokaze.

идеја рече...

Не е само скупе во акција, има уште најмалку пет начини како да се разговара беспари компјутер-компјутер.

Е супер идеја НВО-то да заполне кампања за Компјутер телефонија.

Ајде НВО покази се, еве ти паметна идеја.

Анонимен рече...

Ne mora ni komjuter da ima samo kablovski internet i dobar IP telefon i gotovo. Nema ni da imaat pojma deka se odi preku internet a nema impulsi nisto samo 500 den +ddv

Анонимен рече...

sto i da e ako e gaga sekoj ke prifati

идеја рече...

Доволно е и само младите да го прифатат ова - тие и така се најголемите корисници на телефонија...

А ако им се објасни и на старите дека е вака гага богами и тие се прагматични па ке прифатат, а и сиромаштијата ке ги натера..

среќен рече...

“ .. od mene prva prilika imas besplatna linija zaradi spisokot sto go objavi..„

Ако мислиш дека те лажам - не те лажам, а зошто и би те лажел?

Поради сталниот кусок на пари си направив економија. Нејќу више никој да ме шиша, и кратко потстижуе...

Математика - есап е у прашање...

А уствари како тоа мислиш да ми дадеш, бесплатна линија, ме частиш, ме подмитујеш или....

Анонимен рече...

ne mislev deka lazes,
zaradi kejfot sto mi go napravi ne te castam bidejki sega toa nemozam ali ke te castam

podmituenje NEMA SANSI od ovaa adresa

ne kazuvam detali, go znaes nasiov mentalitet odma seirdjii ke ripnat

samo seriozno planirame kampanja site tie sto ke prilozat dokazi za otkazani telefoni, internet itn od telekom vo ovoj i nareden period ke dobijat specijalni uslovi ili nagradi stom ke pustime oficijalno nesto.

P.S. jas veke zastediv vo prosek okolu 10,000 den. mesecno

среќен рече...

Аха, сум те погодил у бубрег :)

А што не ја кажа порано понудава да ги утешиме, нашите јадни казнети со пенали р-Еволуционери - кои храбро се откажаа..

Анонимен рече...

i za niv ke ima

ke ima za site sto se pokazaa na bilo kakov nacin vo borbata protiv monopolot

р-Еволуционер рече...

Те држиме за зборот поштен госп. Анонимус

А ако не лажеш ке го ангажираме Јован да те пронајде.

Он еднашка кажа дека кога сака може било кој Анонимус да пронајде...
:):):)

Анонимен рече...

nema greska

Анонимен рече...

samo rekov stom ke pustime ne utre da ne se fatime zdravo za gotovo.

њу дил рече...

Учејќи се на туѓите грешки, до нашиот ЊУ ДИЛ!

http://jovansblog.dobroutro.com/?p=648

Јован тука богами добро се потрудил да го пише овој топик...

Владимир рече...

Хм, кој спомна нешто за оние што раскинаа и што им наплатија пенали?
Како да прочитав некои гага конекции:)
Епа ајде побрзајте, мене психички ме убива ова dial-up, иако доста добро се држам (држев), скоро цели 3 месеци како да сум на junky therapy:(.
Но има светла точка во тунелот, еве веќе три недели се бркам и мољакам со Телекабел, така да ќе да е на арно.
(Оние КУРНАЗИТЕ Кадис, нешто се препичаваат, и кога ги прашав дали се стигнати до кај мене, девојката одма рече НЕ,а после 15 секунди ме праша: -А тоа за правно или физичко лице прашувате?.
И мене се ми стана јасно.)

Анонимен рече...

vo vrska so gaga konekcii mislev na telefonski razgovori, dodeka za internet ako ima nesto gaga toa da nema da bide so nekoj dobra brzina za zal.

statisticus octimultiplus рече...

На мт-њет имам 4 акаунти. 1 АДСЛ (да, домашен предавник, уште виси на АДСЛ :) ) и три за дајал-ап (ги користам кога сум на село - каде има подобри и струја и телефон од Скопје).

На Он-њет имам 2 акаунти (за кога ќе падне Мт-њет) - што е сигурно сигурно е.

Кога одам во Битола, не само што имам Интернет на работа, туку и дремам во интернет-кафеа (човек си прошета по широк сокак, па си провери мејл, па пак си се прошета - а не само да дреме во канцеларија ;)

Значи, статистички јас сум 8-ка!

Имав еден акаунт и на Мол - со него ќе барам социјално ;)

океан рече...

НОВИНА
Сателитскиот канал на МТВ достапен и преку Интернет

http://www.utrinskivesnik.com.mk/

Интерсно и добро за нашите сограѓани преку океаните...

писмо рече...

НОВИТЕ ОПЕРАТОРИ БАРААТ ПОМОШ ОД СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ И МЕЃУНАРОДНИ ИНСТИТУЦИИ
"Нексттел": Државата го штити монополот Телеком

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=111111&idg=6&idb=1676&rubrika=Makedonija

“..Агенцијата за електронски комуникации изминативе 11 месеци го опструира работењето на конкуренцијата за да ги заштити интересите на монополот Македонски телекомуникации. ..„

За ова упорно трубиме веце три месеци...

“..доставено и до Европската комисија и до нејзината канцеларија во Скопје, Светската банка, ММФ, ЕБРД, Европската агенција за развој, НАТО, како и до "Унгарски телеком" и неговиот газда "Дојче телеком". ..“

Ова се адресите до кои упорно пишуевме....

animus anonimus рече...

www.kabelnet.com.mk

2 nedeli veke sum na pogolemiot paket super e zasega

скар рече...

„Неоком“ им го дрпна бизнисот на „Он нет“ и на „МОЛ“

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=4&tabid=1&EditionID=634&ArticleID=38982

Ајде ајде, нови играчи ајде.....

Телекабел е скар со ОнНет , так нормално па конкуренција се за последната миља...

Анонимен рече...

Samo da vi kazam kako i sto samite znaete deka od pritisoci sekogas ima efekt.

Eve po novite pritisoci po izminati 24 casa od istite efektot veke se postignuva.

Nekoi drzavi veke najavija konkretni cekori i napravija kontakti direktno so firmata sto gi informirase.

некстел рече...

КОНКУРЕНЦИЈАТА СЕ ЖАЛИ ДО СТРАНСКИТЕ АМБАСАДИ
Владата го штити монополот на телекомот.....

http://www.dnevnik.com.mk/?pBroj=2971&stID=72066

Владимир рече...

animus anonimus said...

www.kabelnet.com.mk

Кој се, што се? Бев на сајтот и не им функционира баш како што треба. Освен понудата на пакетот, ниеден друг линк не им работи.
А мене ме интересира, телефон и каде се распространети.